КАФЕ ПАУЗА

Tag: славни личности

  • Сличностите во однесувањето на мажите и мачките

    Сличностите во однесувањето на мажите и мачките

    Кој би рекол дека постои толку голема сличност помеѓу мажите и мачките? 🙂 „Des Hommes et des Chatons“ е страница на платформата за микроблогирање Tumblr, која ги презентира овие премногу смешни „табли“, на кои се прикажани згодни момци и мачки кои прават слични фацијални експресии и пози. И како самото тоа да не е доволно смешно, во ваквите комбинации се вклучени познати личности како Џони Деп, Рајан Гослинг, Џозев Гордон Левит, Бредли Купер, Рајан Филип…rnrn(1) slichnoto odnesuvanje kaj mazhite i machkite-www.kafepauza.mk (2) slichnoto odnesuvanje kaj mazhite i machkite-www.kafepauza.mk (3) slichnoto odnesuvanje kaj mazhite i machkite-www.kafepauza.mk (4) slichnoto odnesuvanje kaj mazhite i machkite-www.kafepauza.mk (5) slichnoto odnesuvanje kaj mazhite i machkite-www.kafepauza.mk (6) slichnoto odnesuvanje kaj mazhite i machkite-www.kafepauza.mk (7) slichnoto odnesuvanje kaj mazhite i machkite-www.kafepauza.mk (8)slichnoto odnesuvanje kaj mazhite i machkite-www.kafepauza.mk (9) slichnoto odnesuvanje kaj mazhite i machkite-www.kafepauza.mk (10) (11) (12) (13) (14) (15) (16) (17) (18) (19) (20) (21) (22) (23) (24) (25) (26) slichnoto odnesuvanje kaj mazhite i machkite-www.kafepauza.mk (27) slichnoto odnesuvanje kaj mazhite i machkite-www.kafepauza.mk (28) slichnoto odnesuvanje kaj mazhite i machkite-www.kafepauza.mk (29) slichnoto odnesuvanje kaj mazhite i machkite-www.kafepauza.mk (30) slichnoto odnesuvanje kaj mazhite i machkite-www.kafepauza.mk
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудните имиња на децата на славните

    Чудните имиња на децата на славните

    Некои од славните личности сметаат дека сè им е дозволено, па дури и да ги „казнат“ своите деца од раѓање да носат некои навистина уникатни и чудни имиња. A, некои навистина претерале.Чудните имиња на децата на славнитеЏејсон Ли, ѕвездата од серијата „Моето име е Ерл“ (My Name Is Earl) го крстил својот син Пилот Инспектор (Pilot Inspektor). Наводно причината за тоа бил еден стих на бендот Грандеди: „Тој е прост, тој е глупав, тој е пилот“. Не објаснил зошто го додал и она „Инспектор“.rnrnКај нас, ако детето се роди на Свети Никола, родителите може да го крстат Никола, или ако се роди на Илинден да биде Илија. Ќерката на Брајан Адамс дошла на свет на Велики Петок, пред Велигден, па тој се решил да ја крсти Мирабела Зајаче (Mirabella Bunny), според симболиката која зајачињата ја имаат за католичката црква. Подалеку не отишол ниту режисерот Роберт Родригез, кој во стилот на својот филм „Деца шпиони“ на синот му го дал името Ракета (Rocket).Чудните имиња на децата на славнитеЌерката на Крис Мартин од Колдплеј и актерката Гвинет Палтроу се одѕива кога ќе речете Јаболко (Apple). Славната мајка на детето кај Опра објаснила дека јаболката се слатки и здрави, а се спомнуваат и во Библијата. Тамам за име на дете.rnrnИмето на детето на Дејвид Духовни на англиски се пишува Kyd, но кога ќе го довикува тоа ќе звучи како да вика по кое било дете, затоа што неговото дете всушност се вика Дете. Сепак, тоа име не е толку чудно како Зума Неста Рок, кое го носи ќерката на Гвен Стефани.Чудните имиња на децата на славнитеСега веќе починатиот син на Силвестер Сталоне е крстен Sage Moonblood, што кога буквално ќе се преведе на македонски значи Жалфија Месечева Крв. Месечева Крв неизбежно асоцира на улогите на неговиот татко, но со таквите асоцијации себеси се надминал само Мајкл Џексон. Имињата на неговите деца се: Принц Мајкл и Принц Мајкл Втори.rnrnСличен потег направил и Боно, фронтменот на U2, кој на својата ќерка ѝ го дал името Мемфис Ив (Memphis Eve), што значи Квечерина во Мемфис. Таа денес е актерка и го користи само името Ив. И Еџ, гитаристот на бендот, го следел неговиот пример. Неговата ќерка се вика Тажен Ангел (Blue Angel), според песна на Рој Орбисон. Слично име носи и ќерката на Бијонсе и Џеј-Зи. Таа е крстена Блу Ајви (Blue Ivy), што преведено на наш јазик е Син Бршлен.Чудните имиња на децата на славнитеСепак, тие не можат да се носат со синот на малку познатата актерка Шанин Сосамон, чие име е Аудио Наука (Audio Science), и оние на откачениот рокер Френк Запа, Месечева Единица (Moon Unit) и Дива Тенок Мафин (Diva Thin Muffin).rnrnНим може да им конкурираат само Мокси Борецот Против Криминал (Moxie Crimefighter) на илузионистот комичар Пен Џилет, и Џермаџести (Jermajesty – Џермејновото Височество) на Џермејн Џексон, пејач и брат на Мајкл Џексон.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 4 причини зошто славните даваат лош пример

    4 причини зошто славните даваат лош пример

    За да биде некој „селебрити“ во денешно време, не треба да поседува кој знае какви квалитети. Основен предуслов е да биде подобен за медиумите да прават пари од него. Многумина во нив гледаат идоли, иако има многу причини зошто не треба да се земе пример од поголем дел од нив.rnrn4 причини зошто славните даваат лош примерrn

    Имаат лош однос кон парите

    rnНие живееме во свет во кој парите се еден од главните проблеми, а кај нив тоа не е случај. Ким Кардашијан, која прелесно заработува пари дозволувајќи да ѝ го снимаат животот додека не прави ништо, си дозволува излегување во ноќен клуб во кој ќе потроши десетици илјади долари, сума која некои луѓе кај нас може да ја заработат за неколку десетици години. Кому му е потребно да потроши толкаво богатство за да си помине убаво?rnrn

    Плаќаат друг да им ги врши најосновните работи

    rnСлавните ѕвезди си ангажираат лични асистенти кои ги ослободуваат од некои секојдневни предизвикувачи на стрес. Имаат доволно пари за да платат некој да им ги прибере децата од училиште, да ги вози, да им закажува и откажува состаноци, да им резервира летови, да им купува намирници за да ја одржуваат линијата итн. Имаат многу време за забава, но се откажуваат од некои ситници кои на животот му даваат содржина и го прават поинтересен.rnrn

    Знаат како да излезат паметни

    rnИако постојат неколку исклучоци кои одвреме-навреме знаат да нè насмеат со своите „мудри“ мисли, добар дел од славните знаат што треба да кажат за да го убедат просечниот гледач дека се паметни. Затоа постојат пејачки кои упорно тврдат дека ги афирмираат правата на жените и се трудат да ја издигнат нивната свест на повисоко ниво, додека нивните музички спотови се исполнети со голотија за да можат подобро да го продадат звукот кој ги следи во позадина.rnrn

    Понекогаш нема кој да им каже „не“

    rnЛичниот асистент на Чарли Шин му набавувал дрога, а Мадона и сестрата на сопругата на идниот англиски крал дури стигнаа да издадат и книги. Постојано се опкружени со асистенти кои не сакаат да ја загубат работата или од луѓе кои сакаат да заработат на нивните имиња, па нема кој да им каже дека не ги бива за некои работи. Ако некој им ласка кажувајќи им дека во нив лежи идниот бестселер, тие ќе веруваат во тоа додека не се соочат со читателите и критиката. Во таков склоп на околности можат да бидат многу лош пример.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каприциозни третмани за убавина на славните личности

    Каприциозни третмани за убавина на славните личности

    Од Серена Вилијамс која обожава да се бања во „Евијан“ вода, до педикирот со риби на Џесика Симпсон, ова се најчудните третмани за убавина на кои славните личности подлегнуваат од каприц.rn

    Серена Вилијамс

    rnКога топлата вода од чешма едноставно не е доволна, Серена Вилијамс без проблем одвојува 5.000 долари за едно „Евијан“ искуство во хотелот „Виктор“ во Мајами. Луксузниот апартман кој чини 6.000 долари за една вечер е опремен со 1.000 литри изворска вода „Евијан“ и шарени гербери. Познатата тенисерка тврди дека може да ја почувствува разликата во водата уште при самото влегување во кадата.rnrnКаприциозни третмани за убавина на славните личностиrn

    Гвинет Палтроу

    rnНе е тајна дека Гвинет Полтроу употребува козметика за лицето на база на змиски отров. За само едно ултралуксузно шишенце на Силвија Дакар кое содржи синтетички змиски отров чиј ефект е сличен на ефектот на ботоксот, актерката е подготвена да издвои 185 долари.rn

    Кејт Мидлтон

    rnЗмискиот отров не е единствениот отров кој делува благотворно на лицето. Отровот од пчела е уште поделотворен од змискиот, но за сметка на тоа тој треба да се разреди за неговото нанесување да биде што е можно побезболно. За жал, се користи само 1% од шишенцето кое чини неверојатни 55.200 долари. Се разбира, оваа цена може да си ја дозволи војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.rnrnКаприциозни третмани за убавина на славните личностиrn

    Викторија Бекам

    rnСледниот пат кога некоја птица ќе ве „почести“ со нејзиниот измет, не лутете се веднаш. Наместо да го исчистите птичјиот измет, земете лажичка и намачкајте го на лицето. Така барем прави Викторија Бекам. Таа користи крем за лице на база на измет од славеј. Но, оваа практика не е нова. Уште во древните времиња, гејшите во Јапонија на сличен начин го чистеле лицето и верувале дека птичјиот измет е одличен ексфолијант за лице.rn

    Деми Мур

    rnПред модерната медицина да стане популарна, вообичаено било да се користат пијавици за цицање на „лошата крв“ за која се сметало дека е причина за многу болести. Денес оваа практика ја користи Деми Мур како метод за разубавување. Пијавиците кои се користат во нејзините третмани за убавина се медицински тренирани за да го прочистат телото од отрови и да ја подобрат кожата.rnrnКаприциозни третмани за убавина на славните личностиrn

    Анџелина Џоли и Кетрин Зета Џонс

    rnДодека некои може да си дозволат да јадат кавијар, Анџелина Џоли може да си дозволи да го мачка кавијарот на лице. Таа користи луксузен крем за лице на база на кавијар. За 100 милилитри од овој крем Џоли издвојува 710 долари. Кремот е богат со состојки кои ја навлажнуваат и ја затегнуваат кожата. За разлика од Џоли, актерката Кетрин Зета Џонс го користи кавијарот во своите луксузни третмани за коса.rn

    Џесика Симпсон

    rnВо една од епизодите на нејзиното шоу „Цената на убавината“, Џесика Симпсон пред јавноста го испроба контроверзниот педикир со помош на риби. Постапката вклучуваше потопување на стапалата во вода во која малечки пирани ја грицкаат мртвата кожа.rnrnКаприциозни третмани за убавина на славните личностиrn

    Вивика Фокс и Адријан Броди

    rnЕкстензијата на трепки е исто така многу популарна кај славните личности. Вивика Фокс и Адријан Броди се подготвени да платат 350 долари за третман за продолжување на трепките чиј резултат трае три недели.rn

    Сајмон Ковел

    rnДодека сите ние шетаме и дишеме кислород, Сајмон Ковел има малку поинаков пристап спрема кислородот. Судијата на шоуто „Икс фактор“ вели дека вдишува кислород од лименки и на тој начин го прочистува телото и го разбиструва умот.rn

    Мила Кунис

    rnДоказ дека девојките ги сакаат дијамантите е и Мила Кунис. Таа го негува своето лице со крем кој содржи дијаманти и рубини.rnrnКаприциозни третмани за убавина на славните личностиrn

    Тери Хачер и Ева Лонгорија

    rnПовеќето од нас уживаат во вкусот на добро црвено вино. Ѕвездата на „Очајни домаќинки“, Тери Хачер, ужива да се бања во црвено вино. Нејзината колешка, Ева Лонгорија, знае колку се важни третманите за нега на кожата и заради тоа користи крем за лице на база на плацента.rn

    Канје Вест, Ким Кардашијан и Опра Винфри

    rnЛасерското отстранување на влакна веќе може да се смета како љубовен состанок за Канје Вест и неговата девојка Ким Кардашијан. И додека вљубениот пар ужива во овој третман, Опра Винфри ги надградува своите трепки со влакна од визон (животно кое се лови заради неговото скапоцено крзно).rnrnКаприциозни третмани за убавина на славните личностиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали би сакале да мирисате како славните личности?

    Дали би сакале да мирисате како славните личности?

    Кога во 1991 година се појави парфемот на Елизабет Тејлор, „Бели дијаманти“, тој брзо стана најпродаван парфем. Доколку и вие сакате да мирисате како славните личности, ова се најновите парфеми кои ѕвездите ги создадоа за вас.rn
    rn

    „Unplugged for Her“ од Џон Бон Џови

    rnПарфемот е наменет за: сензуални, харизматични и привлечни девојки.rnrnМирисни ноти: цветно-ориентален мирис на база на слива и георгина.rnrnПотсетува на: возбудата на гитарски риф, спонтаност и свежина. Дали би сакале да мирисате како славните личности?rn

    „Glam“ од Ким Кардашијан

    rnПарфемот е наменет за: трендсетерки кои обожаваат да се дотеруваат.rnrnМирисни ноти: овошно-цветен мирис кој претставува мешавина од капина, лубеница, египетска тубероза, масло од роза и мошус.rnrnПотсетува на: гламурозна девојка, богата и примамлива. Дали би сакале да мирисате како славните личности?rn

    „Midnight Heat“ од Бијонсе

    rnПарфемот е наменет за: девојки кои едвај чекаат да се ослободат од деловната облека и да облечат нешто позаводливо.rnrnМирисни ноти: овошно-цветен мирис создаден врз основа на питаја, ерменска слива, црно лале, амбер и пачули.rnrnПотсетува на: тропска летна ноќ и сензуална арома на зрели плодови. Дали би сакале да мирисате како славните личности?rn

    „Closer“ од Хали Бери

    rnПарфемот е наменет за: девојки кои обожаваат да ја носат облеката на своите момчиња заради препознатливиот мирис.rnrnМирисни ноти: основа од лаванда заокружена со ноти на дива малина, крин, мимоза, кедрово дрво, ванила и мошус.rnrnПотсетува на: модерна и нежна мешавина од него и неа. Дали би сакале да мирисате како славните личности?rn

    „Wonderstruck Enchanted“ од Тејлор Свифт

    rnПарфемот е наменет за: романтични девојки кои сонуваат за ѕвездена ноќ исполнета со многу љубов.rnrnМирисни ноти: ориентален спој на шумски плодови, маракуја, божур, бел мошус и ванила.rnrnПотсетува на: опојно вљубување. Дали би сакале да мирисате како славните личности?rn

    „Vintage Bloom“ од Џесика Симпсон

    rnПарфемот е наменет за: девојки од соседството кои не се плашат да флертуваат.rnrnМирисни ноти: цитрусни ноти во комбинација со малина, божур и сандалово дрво.rnrnПотсетува на: свеж и сончев ден во градината. Дали би сакале да мирисате како славните личности?rn

    „FAME“ од Лејди Гага

    rnПарфемот е наменет за: дрски, но сепак женствени девојки.rnrnМирисни ноти: цветен мирис кој вклучува темјан, кајсија, шафран и мед.rnrnПотсетува на: деликатна орхидеја. Дали би сакале да мирисате како славните личности?rn

    „Nicole“ од Никол Ричи

    rnПарфемот е наменет за: девојки кои го обожаваат бохо стилот.rnrnМирисни ноти: мешавина од капина, портокал, мароканска роза, кашмир, пачули и ванила.rnrnПотсетува на: егзотично патување. Дали би сакале да мирисате како славните личности?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Омилените книги на славните личности

    Омилените книги на славните личности

    Дали знаете која е омилената книга на Мадона? Или можеби ве интересира што сака да чита актуелниот американски претседател Барак Обама? Омилените книги на славните личностиrn

    Лејди Гага

    rnПоп-иконата Лејди Гага тврди дека секој ден ги чита делата на поетот Рилке, што и не е изненадување ако се знае дека таа ги има истетовирано неговите стихови на раката.rnrnОмилена книга: „Писма до младиот поет“ од Рајнер Марија Рилкеrn
    rn

    Бил Клинтон

    rnПоранешниот американски претседател, Бил Клинтон, вели дека ги обожава популарните трилери и мистерии, но неговата омилена книга повеќе се поврзува со траумата и злоупотребата.rnrnОмилена книга: „Знам зошто пее птицата во кафез“ од Маја Ангелоуrn
    rn

    Бен Афлек

    rnПопуларниот актер Бен Афлек кој важи за човек од ренесансата на филмската индустрија, за себе вели дека обожава да чита книги, а доказ за тоа е и Оскарот кој го освои за најдобро оригинално сценарио.rnrnОмилена книга: „Шахот на шаховите“ од Ришарт КапушчинскиОмилените книги на славните личностиrn

    Барак Обама

    rnПретседателот на САД, Барак Обама, беше најпродаван автор пред да ја започне својата претседателска кариера. Иако тој и неговите ќерки напишале писмо до писателот Јан Мартел во кое ја изразиле нивната благодарност за книгата на Мартел, „Животот на Пи“, оваа книга сепак не е неговата омилена.rnrnОмилена книга: „Самоувереност: Мудроста на Ралф Валдо Емерсон како инспирација за секојдневниот живот“ од Ричард Веланrn
    rn

    Мишел Обама

    rnПрвата дама на САД, Мишел Обама, својата омилена книга ја опишува како книга која ја прочитала од првата до последната страна за само еден ден, не затоа што некој ја натерал, туку затоа што книгата била навистина добра.rnrnОмилена книга: „Песна над песните“ позната уште како „Песната на Соломон“ од Тони Морисонrn
    rn

    Кејт Мидлтон

    rnИако важи за голем обожавател на британската литература, Војвотката од Кембриџ ја фаворизира работата на една канадска писателка од почетокот на 20-от век.rnrnОмилена книга: „Ана од зелените покриви“ од Луси МонтгомериОмилените книги на славните личностиrn

    Гвинет Палтроу

    rnГвинет Палтроу, која е позната како страстен читател на книги, вели дека првата книга која ја има прочитано е всушност нејзината омилена книга. Ја читала заедно со нејзината мајка, кога имала само 10 години.rnrnОмилена книга: „Џејн Ер“ од Шарлот Бронтеrn
    rn

    Џеј Зи

    rnВо врска со неговата омилена книга, Џеј Зи изјавил дека таа е една од двете книги според кои тој го живее својот живот. Како што тој растел, така сè повеќе се интересирал за религијата, а неговата омилена книга има најмногу смисла кога се работи за начинот на живеење.rnrnОмилена книга: „Местото на душата“ од Гери Зуковrn
    rn

    Роберт Патинсон

    rnАнглискиот срцекршач, Роберт Патинсон, минатата година ја сподели својата омилена книга во „Шоуто на Опра Винфри“. Неговиот неодамнешен избор на книжевни дела ја вклучува поезијата на Шарл Бодлер.rnrnОмилена книга: „Собрани поеми“ од Шарл БодлерОмилените книги на славните личностиrn

    Џоан Роулинг

    rnОткако ја објави сагата за Хари Потер, Џоан Роулинг си создаде армија обожаватели од сите возрасти. Но, кога се работи за нејзината омилена книга, таа им дава предност на комедијата и магијата.rnrnОмилена книга: „Ема“ од Џејн Остинrn
    rn

    Доналд Трамп

    rnМагнатот за недвижности и еден од најуспешните бизнисмени, Доналд Трамп, повеќе би сакал да чита практични водичи, отколку светски класици.rnrnОмилена книга: „Моќта на позитивното размислување“ од Норман Винсент Пилrn
    rn

    Мадона

    rnСознанието за омилената книга на Мадона било сосема случајно, кога еден нејзин пријател ги постирал насловот и авторот на книгата на нејзиниот блог.rnrnОмилена книга: „Сопругата на патникот низ времето“ од Одри Нифенгерrn
    rn

    Натали Портман

    rnСпоред Натали Портман, која ги заврши студиите по психологија на Универзитетот Харвард во 2003 година, најдобрата психологија е во литературата. За неа е полесно да го разбере ликот отколку теоријата.rnrnОмилена книга: „Министерство за посебни случаи“ од Артур МорејОмилените книги на славните личности
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Славните личности во улога на фотографи

    Славните личности во улога на фотографи

    Славните личности секојдневно се мета на неуморните папараци, кои секогаш на крај успеваат да ги фотографираат во интересни ситуации. Но, во ова издание улогите се сменети и познатите се тие кои што ја имаат контролата врз фотоапаратот. На вас оставаме да одлучите колку добро им прилега ваквата професија.rnrn

    Бред Пит
    rnrn
    Шон Конери
    rnrn
    Мик Џегер
    rnrn
    Џеки Кенеди
    rnrn
    Грејс Кели го фотографира Френк Синатра
    rnrn
    Мет Дејмон и Бен Афлек
    rnrn
    Едвард Нортон
    rnrn
    Џони Деп
    rnrn
    Хит Леџер
    rnrn
    Пол Макартни
    rnrn
    Мајкл Сера
    rnrn
    Џејмс Франко
    rnrn
    Мадона
    rnrn
    Анџелина Џоли
    rnrn
    Мајкл Џексон
    rnrn
    Дајен Кругер
    rnrn
    Кејт Мос
    rnrn
    Мерлин Монро

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовни цитати од славните личности

    Љубовни цитати од славните личности

    Кога станува збор за љубовта, секој има свое мислење. Прочитајте што велат славните личности на оваа тема.rnrnЉубовни цитати од славните личностиrnrn rn

    „Некои жени ги следат своите соништа. Други, пак, ги следат своите мажи. Ако се двоумите што да следите, запомнете дека вашата кариера нема никогаш да ви каже дека не ве сака повеќе.“ – Лејди Гага, американска пејачка и текстописец

    rn

    „Бидете доволно храбри да ѝ верувате на љубовта секој нареден пат.“ – Маја Анџелоу, американска писателка и поетеса

    rn

    „Ако сакате да кажете нешто подарувајќи цвеќе, само една единствена роза вели дека сте евтини.“ – Делта Бурк, американска актерка

    rn

    „Мажот го пронашол огнот, но жената научила како да си игра со него.“ – Кендис Бушнел, американска писателка и колумнистка

    rn

    „Сексот без љубов е безначајно, но проклето добро искуство.“ – Вуди Ален, американски режисер, сценарист, актер и драматург

    rnЉубовни цитати од славните личностиrnrn rn

    „Освен љубовта, ништо друго нема смисла.“ – Едвард Камингс, американски писател, сликар, есеист и драматург

    rn

    „Ти не ми шепна на увото, туку на срцето. Не ги бакна моите усни, туку моето срце.“ – Џуди Гарланд, американска актерка и пејачка

    rn

    „Да се биде целосно разбран и сакан е човечки придонес кој се граничи со чудесното.“ – Елизабет Гилберт, американска писателка

    rn

    „Најголемата среќа во животот е убедувањето дека сме сакани.“ – Виктор Иго, француски поет, новелист и драматург

    rn

    „Археологот е најдобар маж кој секоја жена посакува да го има. Колку е таа постара, толку повеќе тој се интересира за неа.“ – Агата Кристи, британска писателка

    rnЉубовни цитати од славните личностиrnrn rn

    „Љубовта не е чувство на приврзаност, туку постојана желба да му го дадеме сето добро на оној кого го сакаме.“ – Клајв Луис, британски писател, поет, критичар и теолог

    rn

    „Бескорисно е да очекувате пијаниот, заљубениот и оној што бара работа да ги исполнат своите ветувања.“ – Ширли Меклејн, американска пејачка, актерка, танчерка и активистка

    rn

    „Една љубов, едно срце, една судбина.“ – Боб Марли, јамајкански музичар

    rn

    „Јас сум себична, нетрпелива и по малку несигурна. Грешам, губам контрола и понекогаш е тешко да се справиш со мене. Но, ако не можеш да издржиш кога сум најлоша, тогаш сигурно не ме заслужуваш кога сум најдобра.“ – Мерлин Монро, американска актерка, пејачка и модел

    rn

    „Жените се мажат со надеж дека мажите ќе се променат. Мажите се женат надевајќи се дека тие ќе останат непроменети. На крај сите се разочарани.“ – Алберт Ајнштајн, германски физичар

    rnЉубовни цитати од славните личностиrnrn rn

    „Не е недостатокот на љубов она што го прави бракот несреќен, туку недостатокот на пријателство.“ – Фридрих Ниче, германски филозоф, поет, критичар и филолог

    rn

    „Губиме време барајќи го совршениот љубовник, наместо да ја создадеме совршената љубов.“ – Том Робинс, американски писател

    rn

    „Од сите форми на претпазливост, најфатална за вистинската среќа е претпазливоста во љубовта.“ – Бертранд Расел, британски филозоф, математичар, историчар и критичар

    rn

    „Љубовта не е гледање еден во друг, туку гледање заедно во иста насока.“ – Антоан де Сент-Егзипери, француски писател и авијатичар

    rn

    „Знаеш дека си вљубен кога не можеш да заспиеш затоа што реалноста е поубава од соништата.“ – Теодор Гајзел, американски писател за деца и илустратор

    rn

    „Ако ги осудувате луѓето, немате време да ги сакате.“ – Мајка Тереза, чесна сестра

    rnЉубовни цитати од славните личностиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога славните глумат историски личности

    Кога славните глумат историски личности

    Можете ли да ја замислите Линдзи Лохан во улогата на Елизабет Тејлор или Ештон Кучер во улогата на Стив Џобс? А дали знаевте дека ликот на Боб Дилан ќе го толкува актерката Кејт Бланшет?rnrn

    Кога славните глумат историски личности
    Џулијан Мур како Сара Пејлин
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Вал Килмер како Џим Морисон
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Леонардо ди Каприо како Едгар Хувер
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Ентони Хопкинс како Алфред Хичкок
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Линдзи Лохан како Елизабет Тејлор
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Мишел Вилијамс како Мерлин Монро
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Роберт Дауни Џуниор како Чарли Чаплин
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Гери Олдман како Сид Вишос
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Хилари Свонк како Амелија Ерхарт
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Виго Мортенсен како Зигмунд Фројд
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Мерил Стрип како Џулија Чајлд
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Даниел де Луис и Бенџамин Вокер како Абрахам Линколн
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Џаред Лето како Марк Дејвид Чепман
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Андре 3000 како Џими Хендрикс
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Мерил Стрип како Маргарет Тачер
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Ештон Кучер како Стив Џобс
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Филип Симор Хофман како Труман Капоте
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Чарлиз Терон како Ејлин Ворнос
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Дензел Вашингтон како Малколм Икс
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Кејт Бланшет како Боб Дилан
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Легендарни цитати на зрелите жени од шоу-бизнисот

    Легендарни цитати на зрелите жени од шоу-бизнисот

    Американската актерка и комичарка, Џоан Риверс, неодамна ја издаде книгата „Ги мразам сите… Почнувајќи од мене“, во која ги исмејува елитата и шоу-бизнисот. Нејзиниот пример го следеа и нејзините колешки кои имаат повеќе од 60 години и се доволно искусни да ги споделат своите „мудрости“.rn
    rn

    „Јас не вежбам. Ако Бог сакаше да се превиткувам, ќе расфрлаше дијаманти по подот.“ – Џоан Риверс, американска актерка и комичарка

    rn

    „Козметиката е благодет за секоја жена, но нејзин најдобар пријател сè уште е кратковидиот маж.“ – Јоко Оно, јапонски уметник и активистка за мир

    rn

    „Спијте осум часа за да бидете убави. Ако сте грди, спијте по девет часа.“ – Бети Вајт, американска актерка и пејачка

    rnЛегендарни цитати на зрелите жени од шоу-бизнисотrn
    rn

    „Длабокиот здив е од голема помош за плитката забава.“ – Барбара Волтерс, американска новинарка

    rnrn

    „Мажот треба да биде како тоалет-хартија: нежен, јак и за еднократна употреба.“ – Шер, американска пејачка, актерка и режисерка

    rnrn

    „Најдобар начин да го натераш мажот да направи нешто е да му кажеш дека е престар за тоа.“ – Ширли Меклејн, американска актерка, пејачка и активистка

    rnЛегендарни цитати на зрелите жени од шоу-бизнисотrn
    rn

    „За да не бидеш разгален(а), пеглај си ја облеката сам(а).“ – Мерил Стрип, американска актерка

    rnrn

    „Стани еден час порано, а легни си еден час подоцна.“ – Руби Ди, американска актерка, поетеса, новинарка и активистка

    rnrn

    „Не легнувајте си налутени. Останете будни и расправајте се.“ – Филис Дилер, американска актерка

    rnЛегендарни цитати на зрелите жени од шоу-бизнисотrn
    rn

    „Ако сакате брзо олеснување, пробајте да забавите малку.“ – Лили Томлин, американска актерка, писателка и продуцентка

    rnrn

    „Секогаш е така како што велам јас; можеби изгледам како да сум вештачка, но сосема сум природна таму каде што е важно.“ – Доли Партон, американска пејачка и актерка

    rnrn

    „Сексапилноста е составена 50% од она што го поседуваш и 50% од она што другите мислат дека го поседуваш.“ – Софија Лорен, италијанска актерка

    rnrn

    „Мачо-типовите обично не покажуваат многу.“ – За За Габор, унгарско-американска актерка

    rnЛегендарни цитати на зрелите жени од шоу-бизнисот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.