КАФЕ ПАУЗА

Tag: славни личности

  • Кој ги прогонува богатите и славните?

    Кој ги прогонува богатите и славните?

    Не им е лесно ниту на познатите. Парите и огромното обезбедување околу нив, понекогаш не се доволни да ги заштитат од опседнатите фанови…Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    1. Марк Дејвид Чепмен

    rnToj е на врвот меѓу прогонувачите на познатите личности. Со убиството на популарниот „битлс“ Џон Ленон, до ден денес никој не може да го симне од неславниот врв. На 8 декември 1980 година, тој испукал четири куршуми во грбот на Ленон, пред влезот од неговиот стан во Њујорк, во кој живеел со сопругата, Јоко Оно. Тогаш 25-годишниот Марк, еден од милионите фанови на славниот „битлс“, одлучил на ваков начин да го привлече вниманието на јавноста кон себе. Чепмен е осуден на доживотен затвор. Барањето за условна слобода, судот му го одбил шест пати досега.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    2. Роберт Џон Бардо

    rnБардо е прогонувачот и убиецот на младата холивудска ѕвезда Ребека Шефер, која е позната по телевизиската серија „Мојата сестра Сем“. Ја прогонувал со години, а во 1989 година, конечно ја дознал нејзината адреса. Заѕвонил на вратата од апартманот во кој живеела и ја застрелал во моментот кога се појавила пред него. Адресата ја нашол преку нејзиното возачко досие во Одделот за моторни возила. Холивуд бил шокиран од начинот на кој била убиена. Ова било аларм и за властите. Тие во 1994 година, донеле Закон за заштита на возачите, во кој се забранува институциите да ги даваат домашните адреси и останатите информации за граѓаните.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    3. Ентони Гери Силвестри

    rn21-годишната Силвестри била опседната со телевизиската репортерка, Кетрин Детман. По неколку месечно следење, таа успеала да провали во нејзината куќа. Детман во тој момент се туширала, со што на Силвестри ù оставила доволно простор да го исценира нападот. Ја чекала во спалната соба, каде ù нанела 15 смртоносни убоди со нож и мртвото тело го оставила да лежи на подот. Силвестри во моментот издржува 40-годишна казна затвор за убиство.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    4. Џон Хинкли Џуниор

    rnТој станал опседнат со актерката Џоди Фостер, по нејзината улога во филмот „Таксист“. Одлучил да студира на престижниот универзитет „Јеил“ истата година кога и Фостер. Се преселил во нејзина близина и за кусо време почнал да ја прогонува, да ù пишува љубовни пораки и поеми, кои ги оставал под нејзината врата.rnrnНо, откако не успеал на овој начин да го привлече нејзиното внимание, тој одлучил да преземе драстично порадикален чекор. Започнал да крои планови за атентат на претседателот Џими Картер. Ова го споделил со Фостер. Актерката веднаш ја алармирала полицијата и Џон бил уапсен. Но, не се откажал од намерата и во 1981 година, повторно иснпириран од филмот „Таксист“, испукал 6 куршуми кон новоизбраниот претседател, Роналд Реган. За среќа, ниту еден од куршумите не завршил во Реган. Претседателот го преживеал обидот за атентат, исто како и останатите потенцијални жртви во моментот. Џон воопшто не се обидел да избега од местото на настанот и веднаш бил уапсен. За време на судењето во 1982 година, тој бил прогласен за луд. Сè уште се лекува во душевната болница „Сент Елизабет“ во Вашингтон.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    5. Маргарет Мери Реј

    rnТаа долго време го прогонувала Дејвид Летерман, домаќинот на познатото ноќно шоу. Мери Реј страдала од шизофренија. Летерман во неговите емисии знаел често да се пошегува на сметка на неговата обожавателка, но очигледно неговите шеги не ù биле смешни на Реј. Нејзината опседнатот и фантазии отишле дотаму што таа неколку пати провалила во неговата куќа, а најмалку еднаш му го украла и поршето. Таа исто така го прогонувала и пензионираниот астронаут Стори Мајгрејв. Во 1998 година, извршила самоубиство, фрлајќи се под воз.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    6. Џек Џордан

    rnЏордан е долгогодишен прогонувач на холивудската актерка Ума Турман. Тој ù испраќал картички со заканувачки пораки и цртежи. На една од нив нацртал отворен гроб, надгробна плоча и човек со жилет во рацете како стои над неа. По сведочењето на актерката дека ја прогонува и дека е исплашена за безбедноста на нејзиното семејство, тој бил осуден на три години условна казна.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    7. Кристин Келер

    rnУште еден прогонуван „битлс“. Кристин Келер го демнела поранешниот гитарист на „Битлси“, Џорџ Харисон. Таа на јавноста ù стана позната по провалувањето во неговата куќа во Мауи, во 1999 година. Ова не било единствениот пат, Харисон да биде предмет на нејзините мечти и копнежи. По провалувањето во куќата на рок ѕвездата, Келер четири месеци поминала во затвор. Таа во вестите повторно се појавува во 2006 година, но како жртва на убиец од Калифорнија, кој потоа се самоубил.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    8. Донет Најт

    rnТаа била опседната со актерот Мајкл Даглас и се разбира нејзин непријател број еден станала неговата сопруга и колешка, Кетрин Зета Џонс. Во 2003 и 2004 година, испраќала заканувачки пораки до холивудската двојка. Се заканувала дека ќе ја искасапи Зета Џонс и со неа ќе ги нахрани кучињата. За кусо време била уапсена. По тужбата и сведочењето на актерите, Најт признала дека е виновна. Судот ù одредил три години затвор.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    9. Пречесниот Дејвид Аџамјан

    rnТој е срам за католичката црква. Свештеникот од бостонската архиепископија испраќал заканувачки писма и дивидија до водителот на полноќното ток-шоу, Конан О`Брајан. По некое време бил уапсен, а на судското рочиште во 2007 година, се изјаснил како виновен за недолично однесување. Судот му наредил да се држи понастрана од водителот, а подоцна архиепископијата му ги одзела ингеренциите како свештеник.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    10. Вилијам Лепеска

    rn40-годишниот бездомник Лепеска препливал преку „Biscayne Bay“ за да стигне до неговата љубов од соништата, тенисерката Ана Курникова. Сакал да влезе во нејзината куќа на плажа во Мајами, но бил уапсен во дворот на соседот на Курникова, каде упаднал практично гол. После ова, судот му наредил да се држи понастрана од целото соседство.Кој ги прогонува богатите и славните?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Забавни карикатури од славни ликови

    Забавни карикатури од славни ликови

    Марк Хамермејстер е илустратор и графички дизајнер, кој живее и работи во Детроит. Тој е специјалист во цртање карикатури и цртани филмови, а денеска ќе можете да погледнете голем дел од неговите подобри дела. На овие слики можат да се најдат карикатури на Кети Пери, Барак Обама, Џон Лок од серијата „Изгубени“, Џими Хендрикс, Индијана Џонс и други интересни ликови кои на некој начин се познати.

    rnrnrn

    Забавни карикатури од славни ликови
    Дeкстер
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Барак Обама
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Индијана Џонс
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Џејмс Бонд
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Џими Хендрикс
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Кети Пери
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Миранда Кер
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Господин Спок
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Ким Џонг Ил
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Дејвид Боуви
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Винсент Прајс
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Џим Морисон
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Еванџелин Лили, „Изгубени“
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Џокер
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Џон Лок, „Изгубени“
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Мила Кунис
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Морган Фримен
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Муамер Гадафи
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Доналд Трамп
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Ријана
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Натали Портман
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Елвис Присли
    rnrn
    Забавни карикатури од славни ликови
    Ким Кардашијан
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неизбежна грубост (Necessary Roughness)

    Неизбежна грубост (Necessary Roughness)

    ТВ серија за односите во едно семејство, професионалните кариери, менталните проблеми и решенијата…rnrnНеизбежна грубост (Necessary Roughness)Главни улоги: Кели Торн, Марк Блукас, Скот Коен, Хана Маркс, Патрик Џонсон…rnrn Жанр: драмаrnrnПремиера: 29 јуни 2011rnrnЈазик: англискиrnrnКреатори: Елизабет Кругер, Крег ШапироrnrnСезона: 1 (во тек)rnrn Наша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————————————————————–rn Голем дел од непријатностите во животот можеме да ги победиме доколку успееме да ја решиме нивната енигма во нашиот ум. Оваа серија обработува една мошне интересна тематика, а тоа е барањето професионална помош за отворање на умот и ослободување од грижите. Психијатарката Дени е многу талентирана и надарена жена, која успева преку специјална техника и психоза да им помогне дури и на најчудните случаи. Напорниот и брз начин на живот наложува неподносливо темпо на функционирање, па токму затоа анализата за пронаоѓањето на коренот на проблемот е првиот чекор за пребродување на проблемите.rn————————————————————————————————————————————————————————————————————————–rnrn rn

    rn rnrn Кратка содржина: Дени е психотерапевт од Лонг Ајленд, чиј персонален живот започнува да станува хаос, откако ќе открие дека нејзиниот маж ја изневерува. Сепак, некои работи во животот се случуваат во периодите кога најмалку се очекува, па така и во нејзиниот случај.Неизбежна грубост (Necessary Roughness) Неизбежна грубост (Necessary Roughness) Иако има проблеми со нејзината палава ќерка и води војна со нејзиниот маж околу разводот, сепак ненадејно и се отвора шанса да работи со познати спортисти, политичари, новинари и слично кои моментално се во центарот на вниманието, а токму таквиот начин на живот ù создава нерешливи проблеми, кои само таа може да им ги реши. Нејзиниот начин на работа брзо ја прославува, а односот со колегите и семејството од епизода во епизода станува сè поинтересен.Неизбежна грубост (Necessary Roughness)Неизбежна грубост (Necessary Roughness)Кога и како да ја гледате: Серијата е многу пријатна и интересна за гледање, па бидејќи низ нејзината приказна е проткаен и хумор, периодот на гледање е сосема неважен. Можете да ја гледате после работните обврски или пак да изгледате неколку епизоди пред спиење, откако тотално ќе се опуштите. Серијата е одлична за следење со партнерот, но со неа можете да се забавувате и доколку ја гледате сами.Неизбежна грубост (Necessary Roughness)Неизбежна грубост (Necessary Roughness)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

    ——————————————————————————————–