КАФЕ ПАУЗА

Tag: сива

  • 10 фотографии што докажуваат дека виолетовата и сивата боја се совршен спој во уредувањето на домот

    10 фотографии што докажуваат дека виолетовата и сивата боја се совршен спој во уредувањето на домот

    Безвременска, чиста и издржлива – сивата е една од боите што луѓето најчесто ја избираат за уредување на ентериерот, а ако сакате да внесете друга посилна боја во вашиот дом, виолетовата би можела да биде совршен избор. Замислете сив ѕид и виолетов тросед – изгледа како одлична комбинација.rnrn10 фотографии што докажуваат дека виолетовата и сивата боја се совршен спој во уредувањето на домотrnrnСивата боја симболизира сигурност, софистицираност, мудрост, зрелост и женска сила. Оваа боја е одлична за комбинирање со светли бои во ентериерот бидејќи ги истакнува, но ја омекнува нивната цврстина и ги неутрализира. Сивата боја што преминува во сребрена е идеална за уредување на сите простории.rnrnВиолетовата боја ги симболизира правдата и достоинството, а со текот на годините стана симбол и за родовата еднаквост и за силата на жените. Исто така, таа се поврзува со борбата за право на глас на жените во Велика Британија на почетокот на 20-тиот век. Нејзините потемни нијанси се многу впечатливи и енергични, а посветлите смируваат.rnrnВо продолжение можете да погледнете колку добро изгледа комбинацијата на виолетова и сива боја кога станува збор за дизајнот на ентериерот. Една од идеите може да биде виолетов тросед со сиви завеси или со сив ѕид, а ако не сте подготвени за поголеми парчиња мебел во виолетова боја, прво поиграјте си со деталите и комбинирајте, како на пример, сиво ќебе и виолетови перници.rnrn10 фотографии што докажуваат дека виолетовата и сивата боја се совршен спој во уредувањето на домотrnrn10 фотографии што докажуваат дека виолетовата и сивата боја се совршен спој во уредувањето на домотrnrn10 фотографии што докажуваат дека виолетовата и сивата боја се совршен спој во уредувањето на домотrnrn10 фотографии што докажуваат дека виолетовата и сивата боја се совршен спој во уредувањето на домотrnrn10 фотографии што докажуваат дека виолетовата и сивата боја се совршен спој во уредувањето на домотrnrn10 фотографии што докажуваат дека виолетовата и сивата боја се совршен спој во уредувањето на домотrnrn10 фотографии што докажуваат дека виолетовата и сивата боја се совршен спој во уредувањето на домотrnrn10 фотографии што докажуваат дека виолетовата и сивата боја се совршен спој во уредувањето на домотrnrn10 фотографии што докажуваат дека виолетовата и сивата боја се совршен спој во уредувањето на домотrnrnПрочитајте како да го освежите ентериерот со декоративни перници.

  • За сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 година

    За сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 година

    Институтот за бои „Pantone“ ги претстави боите што ќе ја одбележат 2021 година: сива (Ultimate Gray 17-5104) и светложолта (Illuminating 13-0647) – две независни бои кои совршено се поддржуваат една со друга.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by PANTONE (@pantone)

    rnrn

    rnrnrnСивата боја е симбол на цврсти и стабилни елементи во природата, како камчиња на плажа кои траат засекогаш. Оваа боја поттикнува чувство на смиреност, издржливост и стабилност.rnrnСветложолтата е боја на надеж и дава сила со својата енергија, јасност и желба да се надмине постојаната неизвесност во овие непостојани времиња, а особено на почетокот на новата година. Проткаена е со радост и повикувачки емоции.rnrnОд една страна, сивата е практична боја, додека светложолтата носи топлина и оптимизам. Оваа моќна комбинација на сила и позитивност ќе ве освои на прв поглед и пренесува порака за среќа, промисленост и пријателства во 2021 година.rnrnИнститутот за бои „Pantone“ ги објавува во декември своите предвидувања за годината што претстои врз основа на анализа на постојните модни трендови, технологии и економски услови. Според нив, 2020 година беше одбележана со класична сина боја (Classic Blue 19-4052), а претходната година со корална боја (Living Coral 16-1546).rnrnКомбинацијата на сива и светложолта боја е одличен избор во модните комбинации, но и во дизајнот на ентериерот. Погледнете ги фотографиите за да откриете како да ги вклопите боите на 2021 година во вашиот дом.rnrnЗа сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 годинаrnrnЗа сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 годинаrnrnЗа сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 годинаrnrnЗа сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 годинаrnrnЗа сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 годинаrnrnЗа сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 годинаrnrnЗа сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 годинаrnrnПогледнете како да ја декорирате спалната соба во жолти нијанси.

  • Мистичен есенски тренд: Бои на лакови кои ќе бидат хит за оваа есен

    Мистичен есенски тренд: Бои на лакови кои ќе бидат хит за оваа есен

    Златна, црвена, сива или бордо се боите кои се задолжителни за оваа есен за сите дами со стил. Новите колекции на лакови се богати со топли есенски нијанси кои со задоволство ги носиме токму поради нивната грациозност. Оваа сезона може да уживате во лаковите со боја на вино, смарагд или пак сива. Ова се мистичните бои со кои ќе ги украсувате вашите нокти оваа есен.rnrn01-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    1. Златна

    rnВистинска асоцијација за есента е токму златната боја. Во комбинација со некој златен аксесоар украсете ги своите нокти со оваа прекрасна нијанса. Доколку не сакате да ги лакирате сите нокти во златна боја, слободно може да одберете некој нокт на левата и десна рака кој ќе го излакирате во златна боја, а останатите да ги лакирате во друга боја.rnrn2-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    2. Величествена сива

    rnСивата и беж нијансата секогаш одговараат на која било комбинација што ќе ја изберете. Матираната сива боја најдобро ќе ги истакне есенските бои на вашата гардероба.rnrn3-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    3. Смарагдна

    rnВо оваа сезона апсолутен хит е смарагдната боја, но и сите зелени нијанси на лакови за нокти. Немојте да се плашите и испробајте неколку нијанси на темнозелена боја, сепак тие најдобро ќе се вклопат во есенските дождови и есенската идила.rnrn4-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    4. Бакарна

    rnЛакот за нокти во бакарна боја може да ве потсети на 90-тите, а доколку имате потемен тен оваа нијанса совршено ќе ви одговара.rnrn5-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    5. Кралско сина

    rnТиркизните бои од летото сега се заменуваат со темносини нијанси на лакови за нокти. Нијансите потсетуваат на боите на самракот или на темните есенски ноќи кои сите ги обожаваме. Иако оваа нијанса бара повеќе внимание и трпение додека се нанесува, трудот ќе се исплати, бидејќи во секоја дневна комбинација ќе изгледа многу интересно.rnrn6-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    6. Боја на црвено вино

    rnОваа сезона преовладува бојата на црвено вино и бордото. Топли бои која совршено се вклопува со зелената, црната или кафеавата боја на есента.rnrn7-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    7. Земјени тонови

    rnТоплите земјени тонови се хит за секоја сезона поради едноставноста и убавината на боите, кои се прелеваат во разни нијанси на зелена, кафеава, беж и сива боја.rnrn8-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

  • Нежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива боја

    Нежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива боја

    Пастелните бои се секогаш во тренд и секогаш придонесуваат за нежен изглед. Црвеникаво-розовата и сивата боја одат одлично заедно. Ова се 4 идеи како да ги искомбинирате овие бои за разни пригоди.rn

    Секојдневно и слатко

    rnСекојдневен и удобен изглед за на училиште, факултет, читална или кафе со пријателите. Искомбинирајте светли фармерки и удобен џемпер. Како аксесоари одберете сива марама со интересен принт и нежни обетки. Завршете го изгледот со ниски балетанки и мала чанта за преку рамо. Секако, не заборавајте го нежно розовиот сјај за усни.rnrnНежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива бојаrn

    Женска вечер

    rnЗа забавна и незаборавна женска забава искомбинирајте едноставен сив џемпер, пласирано здолниште и чизми до глужд. Како аксесоар за коса, искористете лента во црна, сива или црвеникаво-розова боја и завршете го изгледот со розов лак за нокти.rnrnНежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива бојаrn

    Шик и софистицирано

    rnОваа комбинација е совршена за на работа или кога имате важна презентација на факултет. Искомбинирајте тесни бели панталони, сиво-бела маичка на риги и црвеникаво розова наметка или сако. Завршете го изгледот со каиш во металик боја и нежно ланче со цветови во светли бои.rnrnНежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива бојаrn

    За незаборавен љубовен состанок

    rnНежното розово фустанче со чипка во комбинација со популарните оксвордки и елегантен сив мантил се совршена комбинација кога одите на состанок или пак доколку го прославувате денот на вљубените со вашиот партнер. Едноставно парче накит и плик чанта се задолжителни аксесоари, додека пак совршена фризура за ваква пригода е пунџа на страна.rnrnНежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива боја
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што кажуваат за вас боите во вашиот плакар?

    Што кажуваат за вас боите во вашиот плакар?

    Дали кога ќе го отворите вашиот плакар гледате шаренило од секакви бои или сепак до некој степен преовладуваат нијанси на една боја? Бојата која ја носиме, не значи само дека сме ја одбрале бидејќи била привлечна за нашето око, туку и кажува многу за она што е под облеката. Што кажува за вас бојата која преовладува во вашиот плакар и каква перцепција имаат другите за вас?rnrnШто кажуваат за вас боите во вашиот плакар?rn

    Црна

    rnЦрната боја асоцира на авторитет и моќ, па затоа вие сте личност која не се плаши целосно да ја преземе ситуацијата под своја контрола и да ужива во функцијата која ја има. Црната боја често ја носат луѓе со високи функции и авторитет, како политичарите или оние со важни функции во фирмите. Станува збор за елегантна боја која ве прави повитки. Плус, одговара за секоја пригода, од погреб до венчавка.rn

    Бела

    rnБелата боја се поврзува со едноставноста. Вие сте весела и едноставна личност која не сака комплицирање на работите. Исто така, доколку оваа боја преовладува во вашиот плакар, значи дека сте педантна личност која ја сака чистотата. Баш затоа успевате толку често да носите бело без видливи дамки од кафе или некаков оброк.rnrnШто кажуваат за вас боите во вашиот плакар?rn

    Сива

    rnСивата боја значи софистицираност. Им дава до знаење на луѓето околу вас дека сте самоуверена личност која мисли и донесува одлуки самата за себе. Без страв ги презентирате вашите одлуки и ставови пред другите. Сивата е одлична боја за бизнис средби, романтични состаноци или интервјуа за работа, бидејќи покажува дека сте самоуверени и се чувствувате добро во вашата кожа.rn

    Кафена

    rnОваа боја е знак на стабилност, луѓето можат да се потпрат на вас. Покажува дека уживате во удобноста на животот, но не преферирате промени. Едноставно сакате да играте на сигурно.rn

    Сина

    rnВие сте опуштена, релаксирана и кул личност и не сте многу импулсивна. За посериозни настани, како интервју за работа, одбрете потемна нијанса, како морнарско сина. Но за порелаксираните моменти, одберете посветли нијанси како небесна сина.rn

    Розова

    rnДоколку сте љубител на розовите нијанси, вие сте чувствителна личност со големо срце која се чувствува убаво самата за себе. Кога луѓето носат розова боја изгледаат достапни и способни да ги сакаат луѓето околу себе.rnrnШто кажуваат за вас боите во вашиот плакар?rn

    Зелена

    rnЗелената ги поттикнува убавите чувства и доброто расположение кај вас, но и кај оние околу вас. Испраќате позитивни и смирувачки вибрации. Можеби тоа е така бидејќи зелената боја асоцира на топла пролет по ладната зима.rn

    Жолта

    rnОваа боја покажува дека сте забавна личност која сака убави моменти и секогаш е подготвена за забава. Вие ги асоцирате луѓето на топло сонце кое го разубавува денот. Секогаш имате одличен избор на облека за опуштена летна забава.rn

    Црвена

    rnВие сте страсна личност која умее да сака. Црвената боја се асоцира со љубов и романса. Ова е бојата која најмногу ги привлекува мажите. Кога се подготвувате за важен настан или романтичен состанок со личност која многу ви се допаѓа, нема да згрешите доколку се одлучите за вашата омилена боја – црвена.rn

    Виолетова

    rnБоја на креативноста. Им покажува на луѓето околу вас дека сте способни да размислувате „надвор од кутијата“. Не се плашите да ги правите работите поинаку од другите и често ја гледате убавината во места каде другите најчесто не ја гледаат. Па кога сакате да се инспирирате себеси или некој друг, носете виолетово!rn

    Портокалова

    rnПортокаловата е бојата на луѓето со богат социјален живот, кои лесно се впуштаат во разни разговори и познанаства. Им кажува на луѓето дека не сте затворени во себе, дека сте опуштени и дружељубиви.rnrnШто кажуваат за вас боите во вашиот плакар?

  • Црно-бело во боја

    Црно-бело во боја

    Еран Амир е човекот коj знае како да излезе од сивилото. Изработил интересно видео во кое сè во собата обоил во сиви нијанси, вклучително и себеси, притоа постепено враќајќи ги оригиналните бои…rn

    Црно-бело во боја

    rn
    rn

    „Видеото „Black & White (In Colour)“ е симено со камера во боја и нема никави дополнителни корекции, како би се променила бојата на снимките“, тврди Амир.

    rn
    rn

    rn

    rn

    Погледнете го и процесот на создавање на видеото:

    rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?

    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?

    Бојата може да влијае на нашите емоции, дела и на начинот на кој реагираме на одредени личности, работи и идеи. Дали сте знаеле дека секој пат кога носите различна боја на облека, му давате различни сигнали на светот? Голем број луѓе веруваат дека боите се моќни. Преку наредниве неколку слики ќе можете да ги дознаете значењето и карактеристиките на вашата омилена боја.rnrn

    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Црна – авторитет, прави да изгледате послабо, безвременско
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Сива – софистицираност, самодоверба, старовремско, неутрално
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Бело – светло, чистина, едноставност
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Црвена – агресивност, создава енергија, интензивно
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Жолта – доминантно, светло, концентрација, несериозност
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Зелена – пријател на околината, смирувачко, освежувачко, богато
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Сина – океан, мирно, свежо, лојалност
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Виолетова – луксузно, богато, софистицирано, романтично
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Кафена – цврсто, доверливо, искреност, стабилност
    rnrnАко не сте сигурни која боја на облека да ја изберете за денешниот ден, направете го овој краток тест кој ќе ви ја покаже бојата што одговара на вашето моментално расположение…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Боите на месечината

    Боите на месечината

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnСте се запрашале ни некогаш зошто кога изгрева месечината има различна боја, наспроти кога е високо на небото? Овој ефект најчесто е предизвикан од атмосферата на Земјата и патот на месечината околу ноќното небо. Еве неколку феномени поврзани со боите на месечината.rn
    rn

    Црвена месечина

    rnКога изгрева месечината често е со црвена боја. Кога е поблиску до хоризонтот, светлината од месечината мора да помине низ поголем дел од атмосферата, отколку кога е директно над нас. Додека пристигне светлината до нашите очи, молекулите на воздухот веќе ги имаат растурено сините, зелените и виолетовите парчиња од видливата светлина и поради тоа остануваат само нијансите на црвената боја. Добар пример за црвена месечина е и кога Земјата ќе застане помеѓу неа и Сонцето. Бидејќи нема директно осветлување, таа на неколку минути добива специфична црвена боја.Боите на месечинатаБоите на месечинатаrn

    Портокалова месечина

    rnЗа време на есента, месечината честопати има специфична големина и боја. Поради тоа е наречена „месечина на жетвата“. Скоро цел месец при изгревање е со портокалова боја и потоа така останува подолго време. Овој феномен се објаснува со многуте честички од прашина во воздухот кои се појавуваат за време на првиот период од есента. Тие ја искривуваат светлината на месечината и затоа нам ни изгледа малку поразлично.Боите на месечинатаБоите на месечинатаrn

    Темно жолта месечина

    rnМесечината може да има темно жолта боја, во кое било време од годината и во која било положба на небото. Неколку минути по изгревањето, додека сè уште е ниско на небото таа скоро секогаш преминува од портокалова во темно жолта. Но, кога има премногу прашина, чад или друг вид загадување во атмосферата, таа може да остане во оваа боја додека го поминува целиот свој пат околу небото.Боите на месечинатаБоите на месечинатаrn

    Сина месечина

    rnЕфектот на сина месечина е многу редок. Најчесто во оваа боја е забележувана после големи пожари, кога има премногу чад во атмосферата. Или пак за време на активни вулкани кои на сличен начин влијаат врз воздухот. Боите на месечинатаБоите на месечинатаrn

    Сива месечина

    rnКога ја гледаме месечината надвор од атмосферата таа има сива боја. Тоа понекогаш може да се забележи и од Земјата за време на многу ведра ноќ, ако сме подалеку од светлината на градовите и без никакво влијание на загаденоста и прашината.Боите на месечинатаБоите на месечината
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Апартман направен од 25.000 пинг-понг топчиња

    Апартман направен од 25.000 пинг-понг топчиња

    Апартманот на Даниел Аршам во Бруклин е малечко место во кое сите би посакале да живеат. Неговата површина изнесува само 8,5 метри квадратни, а декорот е елегантен и минималистички, принудувајќи ве да се заљубите во прекрасно смислениот простор.rnrnАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчињаrnrnСтанчето е всушност поткровје на објектот каде што се сместени канцелариите на Snarkitecture, архитектонската фирма во која Аршам е партнер. За него овој стан овозможува само две функции, а тоа се спиењето и пресоблекувањето. Ѕидовите на апартманот изгледаат како огромен пикселен екран, кој преминува од сиво кон бело, гледајќи од подот кон таванот. Таканаречените пиксели всушност се илјадници пинг-понг топчиња, или попрецизно 25.000.rnrnАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчињаАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчињаrnrnОстатокот од местото е уреден едноставно. Аршам во апартманот сместил еден кревет, поставил неколку вградени полици и плакар, каде што чува дел од својата гардероба. Најинтересно, а воедно и најсмешно, е тоа што за да влезе во својот стан, Аршам мора да се качи по скала која се наоѓа во тоалетот на една од канцелариите.rnrnАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчињаrnrnАпартманот, кој нормално е направен од неговата фирма, бил изграден за 2 месеци и чинел помалку од 100 долари по квадрат. Како и да е, очигледно дека некоја продавница за спортска опрема извлекла најголем профит од создавањето на овој интересен апартман.rnrnАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчиња
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Боите во домот го менуваат вашето расположение #3

    Боите во домот го менуваат вашето расположение #3

    Наместо да изберете боја на соба во согласност со вашиот вкус, размислете како таа ќе влијае на вашето расположение, пред да донесете конечна одлука. Имајте на ум дека бојата е моќна алатка, а вие сте способни да ги промените амбиентот и вашето расположение со изборот кој го правите кога ги селектирате боите во вашиот дом.rnrnДоколку сте љубители на неутрални бои…rnrnНеутралните бои испраќаат смирувачки пораки до вашиот мозок. Не е случајност тоа што повеќето ординации, кафетерии, спа центри и центри за ментално здравје  се дизајнирани во неутрални тонови.rnrnНаспроти верувањето дека црната боја ја прави собата мрачна и мистериозна, доколку се употребува умерено му дава посебен стил, елеганција и софистицираност на просторот. Имајте на ум дека црната боја апсорбира светлина. Затоа кога таа се користи за поголеми простории, ќе биде неопходна дополнителна светлина.Боите во домот го менуваат вашето расположение #3Белата боја симболизира чистота, го поткрева расположението и создава чувство на среќа. Како и сите други светли бои, белата го прави просторот да изгледа поголем  и му дава еден свеж изглед. Изберете ја белата боја за која било соба во вашиот дом. Оваа боја отвора многу можности за декорирање, кои можат да ја променат атмосферата во собата, со само неколку додатоци во друга боја.Боите во домот го менуваат вашето расположение #3Сивата боја делува смирувачки и е вистинско задоволство за очите. Таа е идеален избор за спална соба, дневна соба или канцеларија. Ако решите да ја одберете оваа боја, акцентирајте со црни и бели додатоци, за  уникатен дизајн.Боите во домот го менуваат вашето расположение #3Одберете ја беж бојата доколку сакате неутрална нијанса, која ќе ви дозволи да додавате елементи во други бои и прилично лесно да декорирате и да го менувате расположението во собата. Од естетски аспект, беж одговара со сите бои, но ако решите да ја употребите како боја за вашите ѕидови, земете предвид дека таа ќе ги истакне сите недостатоци во собата. Одберете ја, доколку сакате нијанса која ќе се прелева со вашиот ламинат, паркет или мебел. Исто како и белата, беж бојата е прилагодлива за лесно менување на атмосферата во собата.Боите во домот го менуваат вашето расположение #3