КАФЕ ПАУЗА

Tag: симбол

  • Одберете симбол и дознајте што ве очекува во иднина

    Одберете симбол и дознајте што ве очекува во иднина

    Морате да се согласите дека дури и негативните случувања се добри искуства за животот во иднина. Па, доколку сакате да дознаете нешто повеќе за вашата иднина, сè што треба да направите е да ја погледнете добро оваа слика и да го изберете симболот кој најмногу ве привлекува.rnrnrn

    Симбол број 1

    rnВо последно време, будно ја набљудувате вашата ситуација и можеби веќе сте забележале дека привлекувате различен вид луѓе и можности. Можете да прославите бидејќи ви следи период исполнет со радост, љубов, поддршка и успех во различни аспекти во животот. Ќе постигнете победа за некоја работа, за која многу сте се труделе.rnrn(1) odberete-simbol-i-doznajte-shto-ve-ochekuva-vo-idninarn

    Симбол број 2

    rnЌе сфатите дека нема потреба да учествувате во секој конфликт и ќе научите како да се повлечете. Повеќе нема да дозволувате да ви биде одземена енергијата од страна на негативни личности. Нормално, ќе наидете на ситуации во кои ќе ја изгубите трпеливоста, но сепак, во повеќето од нив ќе постапите мудро.rnrn(2) odberete-simbol-i-doznajte-shto-ve-ochekuva-vo-idninarn

    Симбол број 3

    rnИако сте имале тешки и напорни врски, сепак не престанувате да верувате во љубов која со сигурност ќе ја пронајдете во иднина. Фокусот од негативните личности ќе го префрлите на оние кои ви носат радост и ви ја хранат душата. Овие здрави врски од вас ќе направат подобра и исполнета личност, што ќе се манифестира позитивно на вашиот целокупен живот.rnrn(3) odberete-simbol-i-doznajte-shto-ve-ochekuva-vo-idninarnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Ви се допадна овој тест? Одберете и еден алхемиски симбол, кликнете на него и дознајте дали наскоро ќе ви се насмевне среќата.rnrn[/message_box]rnrn 

  • Изберете еден симбол и дознајте го вашиот најголем скриен страв

    Изберете еден симбол и дознајте го вашиот најголем скриен страв

    Сите имаме стравови, некои поголеми, а некои помали… но тие без сомнение играат огромна улога во нашиот живот. Токму затоа и сигурно сте свесни за вашите најголеми стравови, но дали некогаш сте се запрашале дали можеби имате и некои скриени, што ви влијаат на несвесно нив? Погледнете ги следниве слики и издвојте го симболот што најмногу ви „паѓа“ во очи! Следете го првото чувство, без многу размислување и дознајте еден од вашите стравови за кои можеби никогаш досега не сте биле свесни…rnrnrn

    Око

    rnНачинот на кој другите ве гледаат зависи на тоа како го живеете животот. Иако имате способност за да се поврзете со луѓето, вас најмногу ве загрижува идејата дека другите ве судат. Се плашите дека луѓето постојано зборуваат за тоа што го правите во животот, па затоа и ве спречуваат да живеете во целост.rnrnНајдоброто нешто што можете да го направите за себе е да работите на својата самодоверба.rn

    Тркало

    rnВие се плашите од стагнација. За вас животот не е само да постоите и да ги повторувате истите работи, но сепак не знаете како во целост да го живеете. Сакате секој ден да ви е како одмор, наместо да работите до длабока старост и само двапати во годината да прошетате некаде.rnrnНајдоброто нешто што можете да го направите за себе е да се обидете да дознаете што најмногу сакате во животот и што ве прави среќни.rn

    Цвет

    rnВашиот најголем страв е неуспехот. Вие се плашите дека нема да успеете да ги остварите своите цели, но колку и да ја мразите оваа ваша карактеристика, таа сепак многу ве кочи. Не заборавајте дека ризиците што ви се појавуваат во животот најчесто вредат за да бидат искористени и можат да ви помогнат да откриете нешто што инаку не би можеле никогаш ни да го забележите.rnrnНајдоброто нешто што можете да го направите за себе е да почнете да влегувате низ вратите што ви се отвораат пред вас.rn

    Гранки

    rnАко вашиот прв избор биле гранките, тоа значи дека сте преплашени од стареењето. За вас староста е друг збор за смрт. Не сакате да живеете вечно, но дефинитивно сакате да останете што е подолго млади. Исто така сакате и сите ваши најблиски постојано да се покрај вас, млади и здрави.rnrnНајдоброто нешто што можете да го направите за себе е да се помирите со текот на животот и конечно да тргнете кон напред.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Изберете и еден од овие антички симбол и откријте ги скриените особини на вашата личност…rnrn[/message_box]

  • Одберете симбол и добијте спиритуален совет што ќе ви го промени животот

    Одберете симбол и добијте спиритуален совет што ќе ви го промени животот

    Овие древни симболи го претставуваат исцелувањето и ќе ви помогнат да пронајдете мир во себе. Тие ќе ви ги пробудат чувствата на љубов и мир, ќе ви ја подигнат енергијата и ќе направат да се чувствувате подобро. Внимателно погледнете ги и изберете еден за да го добиете советот што во моментов ви е потребен и што целосно ќе го промени вашиот живот!rnrnodberete-simbol-i-dobijte-spiritualen-sovet-shto-kje-vi-go-promeni-zhivotot-www.kafepauza.mkrn

    1. Спирално сонце

    rnНеколку шамански традиционални верувања посочуваат дека Сонцето е првиот шаман, односно првиот исцелител на луѓето. Токму затоа и тоа се смета за симбол на исцелување.rnrnЗатворете ги очите и замислете балон пред себе што ќе го претставува вашиот простор и односот со луѓето. Обидете се и да го дефинирате подобро балонот. Обојте го во боите што ве радуваат. А сега почнете да размислувате на вашиот контакт со луѓето околу себе. Можеби сакате да направите некаква промена во комуникацијата со шефот, партнерот, пријателите или непријателите? Замислете дека балонот е поврзан со природата преку водопад. Пуштете ја целата енергија што ви пречи низ од балонот, од вашиот безбеден простор, низ овој водопад. Ослободете се од сè што ве спречува да градите здрави врски и фокусирајте се на убавите работи во вашиот живот.rn

    2. Чо ку реи

    rnОдбравте навистина моќен симбол. Енергијата реики постојано се движи низ вас и ако научите како да ја користите, и вашата енергија значително ќе се подобри. Тоа е исто како кога ќе замените сијалица од 50 вати со онаа од 500 вати.rnrnИскористете го овој симбол како знак за почеток на исцелување секојпат кога ќе ви биде потребна дополнителна енергија. Нурнете во убавината на денот. Нека таа ги исполни сите ваши празнини, со цел да носите мир во себе. Откако ова ќе ви премине во навика, ќе сфатите дека самите си создавате рај. Но, како да го постигнете тоа? Едноставно затворете ги очите и фокусирајте се на мислите што ви предизвикуваат убави чувства. Дозволете им на овие емоции да го преплават вашето тело и обидете се да ги задржите што е можно подолго во вас. На овој начин брзо ќе забележите дека сè ќе ви оди од рака.rn

    3. Сеи хе ки

    rnСтанува збор за симбол што се користи при ментално и емотивно лечење, при заштита, прочистување и балансирање. Овој симбол влегува во сржта на болеста што се крие во потсвеста (емотивниот дел од телото) и во свесноста (физичкиот дел од телото).rnrnКога човечкото тело манифестира болест, често се обидува да пренесе порака дека има потреба од грижа и внимание. Токму тогаш и треба да се искористи овој симбол што ја балансира левата и десната половина на мозокот. Повеќето од нас, ако не и сите, носиме емотивни лузни – трауми што негативно влијаат на нашето здравје и на квалитетот на нашиот живот. Со помош на техниките од енергетската психологија вие можете да ги подобрите сите области од вас што ви предизвикуваат хронична емотивна болка. Станува збор за психолошка акупресура заснована на истите енергетски меридијани што биле користени во традиционалната акупунктура за лечење физички и емотивни болести пред 5.000 години, но без игли. Наместо нив се користеле прстите со кои нежно се удира областа со цел да се пренесе кинетичка енергија на одредени меридијани во главата и градите додека вие размислувате за конкретниот проблем – без разлика дали се работи за трауматични настани, болести, болка, анксиозност… Ова е проследено со позитивна афирмација што гласно ја повторувате.rn

    4. Хорово око

    rnОва е древен египетски симбол што се поврзува со окултното, но се користи и во модерните магии за мудрост, просперитет, духовна заштита, добро здравје како и зголемена видовитост со цел да се заштитите од крадци и завидливи очи.rnrnРазвојот на Третото око е вовед во натприродното – телепатија, видовитост, луцидно сонување и астрална проекција. Тоа се сите оние тивки места во кои можеме да допреме до нашата срж. Токму тоа и ви е потребно во овој момент, бидејќи ако сте го одбрале, сигурно се чувствувате многу „одвоено“ од себеси. Учењето да го балансирате влијанието на Третото око не е едноставно, и најчесто не може да се случи само од себе. Ќе ви биде потребно многу вежбање и тренирање, бидејќи тоа се отвора намерно и внимателно. Но, ако сте истрајни, животот ќе ви се промени на начини на кои не сте ни можеле да ги замислите досега.rnrnОдберете и еден алхемиски симбол, кликнете на него и дознајте дали наскоро ќе ви се насмевне среќата!rnrn

  • Одберете еден небесен симбол и прочитајте ја вашата инспиративна ангелска порака

    Одберете еден небесен симбол и прочитајте ја вашата инспиративна ангелска порака

    Нашите ангели се секогаш околу нас, нѐ насочуваат и ни даваат заштита. Понекогаш, не сме потполно свесни за нивната присутност, но тоа не значи дека не можеме да ја добиеме нивната порака. На фотографијата подолу можете да видите 4 небесни симболи што се користат за одредена цел во ангелското кралство. Погледнете ги внимателно и одберете го оној кој најмногу ве привлекува. Потоа, прочитајте ја вашата ангелска порака…rnrnОдберете еден небесен симбол и прочитајте ја вашата инспиративна ангелска поракаrn

    Ѕвоно

    rnАко одбравте ѕвоно, тоа значи дека минувате низ „будење“. Ѕвоната се користеле за време на верските служби и прослави. Звукот на ѕвоното на прочистува застоената енергија и го убрзува доаѓањето на нови можности, луѓе, интереси, идеи и добро здравје.rnrnДоколку сонувате ѕвоно, вашиот ангел бара од вас да направите „пролетно чистење“ на онаа животна област каде што имате потешкотии. Кога ќе го направите тоа, вратата за комуникација со ангелите ќе ви биде сосема отворена, бидејќи блокадата ќе биде отстранета.rn

    Круна

    rnАко сте одбрале круна, тоа значи дека вашиот ангел ви става круна на главата како знак на честитање. Можеби сте биле доволно мудри за да ги искористите вашите вештини и покрај сите предизвици. Доколку сте успеале да го сторите тоа, најверојатно сте станале подуховни.rnrnНе е случајно тоа што круната се поставува на врвот на главата, на местото каде што се наоѓа крунската чакра. Овој енергетски центар е многу важен за сите духовни врски. Ако сонувате круна, бидете многу задоволни! Тоа значи дека сте на пат кон спектакуларен духовен развој.rn

    Харфа

    rnХарфата произведува музика која резонира на посебна фреквенција и има смирувачко дејство. Вашиот ангел сака да ви порача дека ве очекува период полн со мир, прифаќање и среќа. Ако сте се чувствувале малку тажни или разочарани од животот, вашиот ангел ви вели да се опуштите и да уживате во иднина. Чувствувајте ги сончевите зраци на лицето, уживајте во животот. Треба само да го прифатите мирот што доаѓа кон вас.rnrnСѐ ќе биде добро, просветлувањето што го барате наскоро ќе пристигне. Ако сонувате харфа, вашиот ангел ве потсетува дека треба само да го одберете вистинскиот момент. Верувајте дека постои небесен ред на кој треба да му се покорите.rn

    Меч

    rnМечот е симбол на архангелот Михаел. Ако го одбравте овој симбол, тоа значи дека свесно или несвесно го повикувате овој архангел за помош и заштита. Тој може да ви помогне да ги победите внатрешните демони, нездравите навики, стравот, негативноста и сомнежот во себе. Можеби се прашувате дали сте доволно посебни за да добиете ангелска порака. Одговорот е, да! Ако можете да бидете добри барем кон една личност или животно, тогаш го заслужувате ангелското внимание.rnrnГлавната работа на ангелите на Земјата е да го промовираат ефектот на брановите. Секој мал бран што ќе го создадете кога ќе покажете љубезност, покренува друг мал бран, сѐ додека не се создаде голем бран. Земјата и човештвото поминуваат низ кризен период и им требаат повеќе такви бранови за да преживеат. Токму затоа, вашата љубезност е од големо значење за ангелите!rnrnРасположени сте да ја прочитате и вашата судбинска порака? Изберете го симболот што најмногу ве привлекува и кликнете на сликата за да ги прочитате резултатите.rnrn

  • Одберете еден африкански духовен симбол и откријте ја вашата животна цел

    Одберете еден африкански духовен симбол и откријте ја вашата животна цел

    Африканските симболи, познати како „адинкра“, се најприсутни во прекрасната западноафриканска земја Гана. Овие симболи можат да се најдат секаде: На платно, на ѕидови, на керамичките садови и слично. Симболите имаат декоративна функција, но исто така содржат и евокациски пораки кои пренесуваат традиционална мудрост и животни лекции. Нивното име „адинкра“ во превод значи разделување, заминување, збогување.rnrnОдберете еден африкански духовен симбол и откријте ја вашата животна целrnrnВнимателно погледнете ја сликата и без многу размислување одберете го симболот што најмногу ве привлекува. Африканскиот симбол што ќе го одберете ќе ви открие која е вашата животна цел. Продолжете со читање за да дознаете…rn

    1. „Хармонија и рамнотежа“

    rnОдберете еден африкански духовен симбол и откријте ја вашата животна целrnrnОбожувате да претерувате, без разлика дали се работи за нешто добро или лошо. Понекогаш знаете да бидете премногу самосвесни. Дури и најмалите доживувања можат да ви предизвикуваат голем број емоции, но тоа не мора да биде така. Не ги потиснувајте емоциите, но научете и како да се смирите. Логично гледајте на работите. Емоциите се добри, но мора да постои рамнотежа. Ако го одбравте симболот на рамнотежа, тоа значи дека во блиска иднина ќе остварите нешто позитивни на кое сте работеле подолго време, но најпрво ќе морате да воспоставите баланс.rn

    2. „Пајакова мрежа“

    rnОдберете еден африкански духовен симбол и откријте ја вашата животна целrnrnБидете подготвени, бидејќи ве очекуваат сериозни промени. Вашиот живот ќе почне од почеток, во некоја смисла на зборот. Фокусирјате се на енергијата и силата за да можете да се фокусирате на себе. Ќе имате прилика да направите драстични промени. Мора да ги напуштите лошите навики и стереотипи. Имате тенденција да си бидете својот најголем непријател и време е да ставите крај на тоа. Бидете својот најдобар пријател. Единствената личност што ви стои на патот сте вие самите. Пајаковата мрежа треба да ве потсети дека сте способни да го создадете животот што го посакувате.rn

    3. „Заштита“

    rnОдберете еден африкански духовен симбол и откријте ја вашата животна целrnrnВе очекува голема љубов, без разлика дали се работи за вистински пријателство или романтична љубов, вашето срце е подготвено да запее. Многу пати досега сте биле скршени, осамено и напуштени, но на сето тоа наскоро ќе му дојде крајот. Среќата ќе ве пронајде. Во меѓувреме, подарете им насмевка, љубов и грижа на луѓето околу вас. Она што го давате, дупло ќе ви се врати. Многу е важно да знаете дека ве очекува нешто добро во животот. Заштитниот симбол нека ве потсети дека ќе ги решите сите ваши проблеми и маки.rnrnСега кога ја откривте вашата животна цел, можеби ќе сакате да ја дознаете и вашата судбинска порака со тоа што ќе го изберете симболот кој најмногу ве привлекува.rnrnИзберете го симболот што најмногу ве привлекува и откријте ја вашата судбинска порака

  • Изберете еден симбол и отклучете ги тајните на вашата потсвест

    Изберете еден симбол и отклучете ги тајните на вашата потсвест

    Никогаш нема целосно да знаеме што сѐ се крие во длабочините на нашата потсвест. Нешто можеме да откриеме анализирајќи ги соништата, интуицијата или брзите, спонтани реакции. Меѓутоа, никогаш нема да ги достигнеме сите тајни на нашата потсвест. Секако, тоа не значи дека не би требало да се обидеме подобро да се запознаеме. Грчкиот филозоф Аристотел еднаш рекол: „Самопознавањето е почеток на сите мудрости“. Ајде да ги послушаме овие мудри зборови и да дознаеме нешто ново за себе решавајќи го овој забавен психолошки тест. Изберете еден од симболите кој најмногу ви се допаѓа, а потоа прочитајте што тој открива за вас.rnrn1-izberete-eden-simbol-i-otkluchete-gi-tajnite-na-vashata-potsvest-www.kafepauza.mk_rn

    1. Срце

    rnВие сте симпатична личност, особено за спротивниот пол. Сакате да живеете во вашиот замислен свет и сонувате за совршена љубов. Симболот на срце, исто така вели дека имате проблем со искажување на чувствата. Наместо да ги признаете вашите вистински чувства, очекувате од другите да погодат што ви се крие во срцето. Ова создава бариери, заради кои се чувствувате осамено.rn

    2. Пехар

    rnВие сте амбициозни и моќни и вашите постигнати цели ви се најголемиот успех. Поседувате натпреварувачи дух и сакате да победувате. Неуспесите тешко ви паѓаат и обично ги обвинувате другите за нив. Чувствувате дека сте посебни и дека го заслужувате само најдоброто. Можеби дури мислите и дека сте најдобри. Пехарот е симбол на гордост, труд и големи достигнувања.rn

    3. Солза

    rnОвој симбол укажува на негативни емоции и трауми – тој е поврзан со тагата, анксиозноста и депресијата. Ако сте го избрале овој симбол, можеби имате потешкотии во односите со луѓето или со одредени чувства. Можеби се чувствувате осамено, а немате никој близок кој би ги сослушал вашите проблеми. Дали одвреме-навреме се чувствувате и несфатено?rn

    4. Птица

    rnПтицата претставува слобода и бегство од проблемите. Понекогаш посакувате едноставно да одлетате и да оставите сѐ зад себе. Сонувате за мирен, безгрижен живот, но знаете дека засега тоа е неостварливо. Ако сте избрале птица, пред вас се наоѓаат многу прилики и препреки кои успешно ќе ги совладате.rn

    5. Песочен часовник

    rnПесочниот часовник симболизира страв од иднината и болни спомени од минатото. Не грижете се за минатите настани туку фокусирајте се на сегашноста. Песочниот часовник може да укажува на тоа дека сте заглавиле во одредени работи. Би било добро да ги пуштите, да започнете сѐ одново или едноставно да продолжете понатаму.rn

    6. Пеперутка

    rnВи се допаѓаат убави и скапоцени работи. Додека сонувате за луксузен живот, не работите многу на тоа да ја подобрите моменталната финансиска ситуација. Се надевате дека судбината ќе ви го донесе тоа што го сакате, наместо самите да се обидете да остварите успех. Од друга страна, пеперутката како симбол на метаморфоза, може да значи дека сте подготвени на промени во животот. Овој симбол значи и дека сте креативни, со голема фантазија, но ви недостига храброст за да ги остварите вашите идеи.rn

    7. Парче од сложувалка

    rnСакате да ги поправите работите во вашиот живот, но тоа не ви оди од рака. Можеби причината за тоа лежи во вас? Не сакате да решавате туѓи проблеми, бидејќи чувствувате дека имате доволно сопствени проблеми. Сакате уреден и мирен живот, како и совршен партнер – засега, сѐ ова ви е вон дофат. Одвреме-навреме сте фрустрирани и сонувате за подобар живот. Чувствувате дека сѐ уште нешто ви недостига, а можеби би требало да бидете задоволни со тоа што го имате.rn

    8. Клуч

    rnКлучот може да укажува дека затворате една фаза од животот и дека се вртите кон новите можности. Можеби ќе го решите проблемот кој долго сакате да го решите. Овој симбол исто така вели дека криете некои тајни во себе. Не му покажувате на светот целосно кои сте и што чувствувате.rnrnВи предлагаме и да одберете еден од овие симбол, да кликнете на него и да откриете што ве чека во блиска иднина.rnrn

  • Фантастична анализа: Симболот кој најмногу ве привлекува ќе ви открие што ви недостасува моментално

    Фантастична анализа: Симболот кој најмногу ве привлекува ќе ви открие што ви недостасува моментално

    Доктор Макс Лушер е швајцарски психолог кој стекнал светска популарност, благодарение на неговите тестови со бои. Тој докажал дека постои поврзаност помеѓу емотивната состојба на луѓето и нивната перцепција на боите. Овој тест и до ден денес ја има задржано својата популарност, бидејќи со помош на значењето на боите ќе може да ви открие што ви недостасува најмногу моментално. Треба само да го одберете симболот што најмногу ви се допаѓа и да ги прочитате резултатите…rnrnФантастична анализа: Симболот кој најмногу ве привлекува ќе ви открие што ви недостасува моменталноrn

    1. Симбол „Љубов“

    rnЦрвената боја претставува желба за внимание, успех и несовладлив стремеж кон сето она што ви буди емоции и ви го исполнува животот. Ви требаат силни впечатоци и личност која би можеле да ја задоволи оваа ваша потреба. Најверојатно токму затоа овој симбол ви го привлече вниманието.rn

    2. Симбол „Вера“

    rnЗамислени сте и сакате вашите мисли и желби по секоја цена да се остварат во реалноста. Сакате да совладате посебни вештини и да станете многу шармантни, за никој да не може да ви одолее. Моментално ви недостасува инспирација и извор од каде што би можеле да најдете нешто корисно за себе.rn

    3. Симбол „Вечност“

    rnЦрната боја е симбол на вашата желба да отфрлите сѐ што ве нервира. Сакате да го промените вашиот живот и да ги поправите и оние работи што не зависат од вас, но постојаното враќање во минатото ви создава впечаток дека се вртите во круг. Не се одморате доволно, не можете да се препуштите на моментот и да престанете да мислите на она што ве мачи, а токму тоа ви е неопходно во моментов.rn

    4. Симбол „Сила“

    rnЖолтата боја значи дека сакате да решите некаков проблем со којшто долго време не можете да излезете на крај. Се надевате и очекувате дека ќе имате среќа. Моментално сакате да добиете признание и почит, затоа што чувствувате дека само тоа може да ви даде сила за понатамошното функционирање.rn

    5. Симбол „Хармонија“

    rnСакате да бидете посамоуверени на сите можни начини, но и да го подобрите квалитетот на вашиот живот. Сакате да ги подучувате другите и да им се допаднете на луѓето околу вас. Токму во улогата на учител ја постигнувате вистинската внатрешна хармонија што ви треба.rn

    6. Симбол „Среќа“

    rnИмате силна потреба за одмор. Сакате да бидете во пријатна атмосфера и да уживате во емоционалниот мир. Сите конфликти ве истоштуваат и поради тоа честопати им прогледувате низ прсти на луѓето. Вашата главна потреба е да си посветите внимание себеси и да се одморите онака како што вам ви одговара.rn

    7. Симбол „Тајна“

    rnСе наоѓате во состојба на хармонија, воопшто не сте напнати и чувствувате дека им требате на луѓето. Отворени сте за нови чувства и духовни мисли. Луѓето околу вас не ве сметаат за едноставна личност, бидејќи оставате впечаток на човек кој знае некоја тајна, но не сака да ја сподели со другите.rn

    8. Симбол „Правда“

    rnНе сакате да вложувате енергија и сакате да се оградите од сите влијанија, за да не паднете на провокации. Но, многу сте уморни и ви станува сѐ потешко да го контролирате тоа. Најверојатно моментално сте премногу оптоварени со работа или учење. Дајте си неколку дена одмор за да си ја вратите силата.rnrnДоколку се согласивте со резултатите, направете го и следниов тест на личноста така што ќе одберете една од овие фотографии.rnrnТест на личноста: Што ви недостасува моментално во животот?

  • Одберете симбол и дознајте што ве чека во иднина

    Одберете симбол и дознајте што ве чека во иднина

    Многу луѓе сакаат да откријат што ги чека во иднина. Постојат многу начини да го сторите тоа, но наједноставниот е да го направите овој тест каде изборот на симболот што најмногу ви се допаѓа ќе ви помогне да дознаете нешто повеќе за идните случувања во вашиот живот.rnrnОдберете симбол и дознајте што ве чека во иднинаrnrnПогледнете ја внимателно сликата, па затворете ги очите и замислете си го симболот што најмногу ви се допаѓа. Потоа, прочитајте го толкувањето на вашиот избор…rn

    1. Панделка

    rnАко одбравте панделка, тоа значи дека во блиска иднина ве очекува конфликт со членовите од вашето семејство или со пријателите. Најверојатно, караницата ќе настане од чиста мира и нема да имате силни аргументи. Ваша задача не е да бидете тврдоглави, туку да ја намалите тензијата. Обидете се да бидете смирени и да најдете рамнотежа. На тој начин, ќе ги решите несогласувањата во семејството.rn

    2. Вага

    rnИзборот на овој симбол значи дека можете да очекувате профит. Отворете ги очите и не пропуштајте ги знаците на среќа. Вагата исто така значи дека проблемите од минатото ќе се решат во ваша корист. Ако вложите труд и покажете храброст, ќе бидете наградени.rn

    3. Девојка

    rnЗа мажите: Младата девојка ви открива дека наскоро ќе ја сретнете вашата друга половина. Ако имате некого во план, внимателно обрнете внимание на сигналите и искористете го сиот ваш шарм. Но, немојте премногу да ѝ досадувате, за да не ја исплашите.rnrnЗа жените: Обрнете внимание на вашето однесување. Можеби треба да му ја препуштите контролата на вашиот партнер. Обидете се да бидете понежни и поженствени. Немојте да ја играте улогата на маж во фустан, бидејќи не ви треба такво нешто.rn

    4. Стебло

    rnВашиот избор симболизира мудрост и постои голема можност дека наскоро ќе бидете тестирани. Сепак, немојте да се разочарувате, бидејќи вашето знаење ќе ви помогне. Не треба да се предавате, бидејќи можете да истраете.rn

    5. Кочија

    rnОва значи дека наскоро ќе патувате. Можеби за прв пат ќе посетите некоја дестинација или ќе се запознаете себеси. Најверојатно ќе треба да одберете дали сакате да ја прекинете врската или ќе се обидете да ја сочувате.rn

    6. Клуч

    rnАко одбравте клуч, тоа значи дека наскоро ќе ја остварите целта што сте си ја замислувале. Во оваа фаза мора да бидете внимателни во соработките со различни луѓе, бидејќи постои можност да се соочите со непочитување или предавство.rn

    7. Прстени

    rnПрстените симболизираат вистинска љубов и доколку сѐ уште не сте во брак, наскоро ќе се венчате. Можете да очекувате нов член во семејството. Освен тоа, прстените се симбол на пријателство што се заснова на верност.rn

    8. Брод

    rnМожете да го почувствувате ветрот на промените? Очекувајте промени во сите области од вашиот живот. Само вие можете да одлучите дали тие ви се потребни или не.rnrn[message_box title=”Расположени за уште еден ваков тест? Во продолжение одберете симбол и откријте го неговото значење…” color=”yellow”]rnrnodberete-simbol-i-otkrijte-go-negovoto-znachenje-kafepauza.mk[/message_box]

  • Изберете го симболот што најмногу ве привлекува и откријте ја вашата судбинска порака

    Изберете го симболот што најмногу ве привлекува и откријте ја вашата судбинска порака

    Погледнете ја добро оваа слика и изберете го симболот што најмногу ве привлекува, а притоа е важно да го послушате својот прв инстинкт. Откако ќе го направите ова, според бројот на симболот што сте го избрале, во продолжение погледнете ја вашата порака.rnrnИзберете го симболот што најмногу ве привлекува и откријте ја вашата судбинска поракаrn

    Ако го одбравте симболот со број 1:

    rnВреме е само да се опуштите и да му верувате на универзумот. Наместо да се обидувате да се борите против она што ви се случува, едноставно повлечете се еден чекор назад и дозволете си да се движите со ритамот и текот на животот. Мора да престанете да се обидувате на сила да ги направите работите на својот замислен начин и да го прифатите сегашниот момент и она што се случува. Вашиот следен чекор ќе ви биде откриен кога ќе се смирите и ќе се фокусирате на своите вистински намери. За да избегнете донесување какви било избрзани одлуки, медитирајте и дозволете да ве води мирот.rn

    Ако го одбравте симболот со број 2:

    rnГраниците не се лоша работа ако се поставени свесно и со одредена намера. Време е и вие да поставите свои граници! Кога јасно ќе го направите тоа, животот ќе ви го добие обликот и насоките кои ви се потребни за да се фокусирате на сегашниот момент. Мора да се фокусирате на преземање одговорност за работи кои не се одвиваат според планот и да престанете да го губите своето време и енергија на луѓе и ситуации кои не им се во корист на вашите цели. Потребно е да погледнете што имате околу себе. Иако звучи застрашувачки, тоа засега ќе биде вашиот најголем сојузник. Исто така ова е идеално време и за расчистување на куќата и ослободување од нередот.rn

    Ако го одбравте симболот со број 3:

    rnВие сте на вистинскиот пат! Иако работите не може секогаш да бидат јасни, оваа порака ви зборува дека сѐ ќе биде во ред. Вие веќе го следите својот најдобриот пат и иако можеби имате многу прашања, универзумот ви дава до знаење дека сте водени и згрижени. Верувајте дека сѐ ќе биде совршено и во хармонија. Нема потреба да се грижите за иднината или минатото, туку едноставно останете присутни во секој момент и гледајте како се развива магијата на вашиот живот. Ако морате да донесете голема одлука и се двоумите, одговорот ќе ви биде доставен преку пораки.rn

    Ако го одбравте симболот со број 4:

    rnВреме е да се ослободите од минатото, затоа што премногу сте заглавени во она што поминало и не го забележувате она што се случува сега. И покрај тоа што е важно да тагувате и да си го дадете потребното време за заздравување, нема никаква корист од постојаното повторување на истите стари приказни. Оставете го минатото таму каде што е и радувајте се во сегашниот момент. Посветете се на сегашноста и направете го тоа што го можете. Ако сакате да ја промените иднината, единствен начин на кој тоа може да го направите е да ја промените свеста во сегашниот момент. За да се ослободите од минатото, обидете се сѐ да запишете на лист хартија или да му се доверите на некој близок пријател, дајте си последна шанса повторно да ги доживеете старите емоции, а потоа пуштете ги да си заминат. Сѐ додека не го направите ова, нема да бидете во можност да продолжите понатаму.rn

    Ако го одбравте симболот со број 5:

    rnРаботите се одвиваат брзо и време е да поставите нови цели и намери. Животот минува со голема брзина и се чини дека работите конечно добиваат сила, па сега е идеално време за поставување некои нови цели за нов дел од вашиот живот. Почнете така што ќе се насочите кон она за што копнее вашето срце. Запишете ги работите кои ве прават среќни и потоа предајте им се. Иако резултатите не можат да бидат веднаш видливи, гледајте на своите мисли како на бумеранг, праќајќи ги директно нагоре кон небото. Додека чекате да ви се вратат, продолжете со позитивните мисли и намери. Пораката од универзумот е јасна – поставете ги сега своите намери и ќе ви биде доставено она што го сакате!rn

    Ако го одбравте симболот со број 6:

    rnПремногу сте фокусирани на надворешноста, а не гледате што се случува внатре. Длабоко во вашето срце лежи одговорот на сите ваши прашања, но сѐ додека не го смирите вашиот ум, како би можеле да ги слушнете? Главата ви е полна со неред и вашиот ум е збунет, затоа, разбистрете ги мислите за момент и погледнете внатре. Медитирајте, одете на прошетка, смирете го својот ум. Духот бара од вас да ги побарате одговорите внатре, наместо да чекате на надворешни знаци. Време е да се усогласите со универзумот, а единствен начин на кој тоа можете да го направите е да се насочите кон внатрешноста. Следете ги вашите мисли, но обидете се да не ги осудувате, вратете се на своето јадро и бидете свесни за вашето его.rn

    Ако го одбравте симболот со број 7:

    rnСте работеле напорно, а сега е време за игра, одмор и релаксирање! Одвојте малку време во денот за себе, уживајте и повторно разбудете го детето во вас. Направете нешто спонтано, планирајте авантура или патување во странство. Имате толку многу да научите. Не чувствувајте вина! Наградете го своето тело со здрава органска храна, својот ум со забавни стимулации и своето срце со радосно дружење со вашите пријатели и семејството. Не заборавајте ја моќта на смеењето. Без оглед на вашата надворешна ситуација, не заборавајте да пронајдете радост во сѐ она што може да го направи светот подобро место за вас и за останатите.rn

    Ако го одбравте симболот со број 8:

    rnВреме е за поврзување со оние околу вас, со себе и со природата. Не сте сами, туку сте дел од голема мрежа во универзумот и морате да запаметите дека секоја работа, секое растение, животно или нешто друго, е поврзано со голема сила. Тоа можете да го почувствувате, а понекогаш дури и да го видите, но сега е време да го вклучите во вашата пракса. Отстранете ја маската што ја носите и дозволете си да остварите вистинска врска. Почнете со себе, а потоа истражувајте го надворешното. Поврзете се со растенијата, животните и тогаш конечно ќе бидете подготвени да остварите вистинска врска со другите. Ако имате проблеми во врската или на работа, можеби треба само подлабоко да се поврзете. Обидете се да погледнете на работите од нивна гледна точка. Излезете од своето его и запрашајте се: „Како може да се поврзам со оваа ситуација за да ми донесе најмногу добро?“rn

    Ако го одбравте симболот со број 9:

    rnОва е знак од универзумот дека е направено сѐ што сте требале да направите, па сега можете да се опуштите и да уживате во плодовите на вашиот труд. Универзумот сака да ви се заблагодари што сте биле она што сте и што сте ги ширеле пораките на свеста со другите. Вие сте вистински духовен учител кој има водено многумина, па сега е ваш ред да го примите подарокот. Секако, тоа не е нешто материјално, туку нешто многу подобро од тоа. Тоа е дар на знаењето дека животот е убав и дека сето ова постои за да ви овозможи раст, учење и љубов. Во последно време имате многу работено на својата свесност и раст, а сега е време да продолжите понатаму. Помогнете му на некој пријател на кој тоа му е потребно, засадете дрво, раскажете му ги своите лекции на светот, со цел да ја проширите будноста и свесноста.

  • Постојано гледате пеперутки? Очекувајте прекрасни промени во животот!

    Постојано гледате пеперутки? Очекувајте прекрасни промени во животот!

    Доколку во последно време забележувате необично голем број пеперутки, тоа е знак дека ве очекува период на промени и можност за развој. Пеперутката е симбол на растењето, самодовербата, упорноста и убавината. Ако сте опкружени од овие прекрасни суштества, ве чекаат убави работи. Постои голема веројатност дека ќе добиете одлични резултати од неодамнешните тешкотии и искушенија. Во продолжение прочитајте што симболизираат пеперутките…rnrnПостојано гледате пеперутки? Очекувајте прекрасни спомени во животот!rn

    Продуктивни и позитивни промени

    rnПеперутката е конечниот израз на својот вид. Од ларва до гасеница, за на крајот да настане пеперутката, нејзиниот живот претставува низа етапи и облици. Таа е природен пример на метаморфозата, еволуцијата и промената. Секој пат кога ова животинче се менува, расте и станува уште поубаво. Кога ќе ја видите во кој било нејзин облик, тоа укажува на некои скриени промени кои се случуваат во вашиот живот или на развојот кој наскоро ќе се случи. Во секој случај, продолжете по вашиот пат и верувајте во вашите способности.rn

    Слобода

    rnПеперутките се секако безгрижни и слободни. Тие летаат од цвет на цвет, се хранат, шират полен и даваат живот. Тие морале да поминат низ тешки вибрациски промени и да вложат голем труд за да ги негуваат и прифатат сите нивни облици. Со трпение и упорност, овој мал инсект прераснал во симбол на безгрижниот живот.rnrnПостојано гледате пеперутки? Очекувајте прекрасни спомени во животот!rn

    Убавина

    rnГолемите пеперутки се разликуваат по големина и боја, но обично имаат впечатливи бои, интересен дизајн и огромни крилја во споредба со нивното мало тело. Нивната убавина не служи само за да се распознаваат една од друга и да се соединат со цвеќето кое го опрашуваат. Некои видови ја користат нивната боја за одбрана од ловците кои ќе се исплашат од нив мислејќи дека се отровни.rnrnИ вие би можеле да развиете убави и впечатливи квалитети кои би ви помогнале при комуникацијата и односите со другите луѓе. Истражувањето на сопственото „јас“ може да делува страшно, бидејќи другите би можеле да се обидат да ја искористат таа информација против вас.rnrnВо секој случај вреди да поминете низ сите форми и облици на вашата личност, за на крајот да еволуирате во прекрасен човек кој ќе биде упорен, безгрижен и слободен исто како и пеперутките.