КАФЕ ПАУЗА

Tag: симбол

  • Тест: Изберете симбол и откријте на кој начин можете да ја подобрите вашата иднина!

    Тест: Изберете симбол и откријте на кој начин можете да ја подобрите вашата иднина!

    Погледнете ги овие 4 симболи и одберете го оној кој најмногу ви се допаѓа. Тој ќе ви открие како можете да ја подобрите вашата иднина.rnrnТест: Изберете симбол и откријте на кој начин можете да ја подобрите вашата иднина!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 1″ active=”false”]Време е да се активирате и со позитивна енергија да го започнете вашиот нов потфат. Обидете се да не се грижите за финансиската страна и да не дозволите тоа да ве ограничи. Ова е добро време и да размислите за промена на кариерата или работата. Време е да ги видите сите можности околу вас. Универзумот веќе ви покажа некои можности, но сè уште не сте ги забележале сите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 2″ active=”false”]Доколку не ризикувате, нема да успеете. Верувајте во непознатото и следете ги идеите што ги имате. Сега е време да барате други начини за остварување на вашите соништа. Отворете го вашиот ум за нови идеи и можности и следете ја таа интуиција. Ова е стабилна фаза во вашиот живот, па затоа уживајте во неа, но не се откажувајте од новите можности. Ве очекува позитивен период.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 3″ active=”false”]Ова е вашето време со оглед на тоа дека претставува почеток на една успешна приказна. Она што го правите сега е важно бидејќи создава почеток на нова иднина. Време е да ги зграпчите сите можности и да ги претворите вашите желби во реалност. Подготвени сте да го покажете вашиот целосен потенцијал. Размислете за нови курсеви, студирајте, едуцирајте се на сите начини, а ова ќе ви помогне што побргу да дојдете до посакуваната цел.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 4″ active=”false”]Во наредниот период ќе бидат донесени тешки одлуки. Ќе се најдете на крстосница кога ќе треба да одлучите дали ќе го продолжите започнатото, кое веќе добро функционира или ќе ризикувате и ќе пробате нешто ново. Не заборавајте дека можностите се насекаде, а понекогаш одговорот е токму пред вас. Затоа, обидете се да ги погледнете работите од поинакво светло. Ќе ја достигнете целта, но имате уште работа. Продолжете да се фокусирате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со нашиот тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да ги откриете вашите скриени карактерни особини.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Изберете симбол за да откриете кој е вашиот најголем животен предизвик!

    Тест: Изберете симбол за да откриете кој е вашиот најголем животен предизвик!

    Погледнете ги овие симболи и изберете еден од нив. Тој ќе ви открие одредени карактеристики на вашата личност.rnrnТест: Изберете симбол за да откриете кој е вашиот најголем животен предизвик!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 1″ active=”false”]Вие сте личност која не се плаши да донесе големи одлуки. Кога сакате нешто, секогаш ќе најдете начин да го добиете и нема ништо и никој што може да ве спречи во вашата мисија. Сепак, вашиот главен предизвик е да најдете моменти на тишина за да се одморите и да се анализирате себеси. Иако не е во ваша природа да седите и медитирате, би ви било корисно бидејќи на тој начин ќе го намалите стресот и ќе бидете посмирени.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 2″ active=”false”]Вие сте активна, креативна и немирна личност која е склона кон истражување. Секогаш се трудите да одржите добар став, страстни сте и возбудени за новите работи во животот, без разлика дали се работи за патување, нова работа или станување дел од нова група. Од друга страна, трошите многу време размислувајќи за иднината, па одвреме-навреме сте малку загрижени и вознемирени. Вашиот главен предизвик е да го контролирате интензитетот на вашиот живот и вашите мисли. Помирен живот поврзан со она што се случува овде во моментов е несомнено поисполнет и посреќен живот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 3″ active=”false”]Вие сте личност со високо развиена чувствителност која ви овозможува да ги набљудувате особеностите на околината, а исто така лесно се прилагодувате во општеството и одлично ги разбирате луѓето. Сепак, вашата чувствителност и вашата искреност понекогаш може да ве измамат и да направат да се чувствувате како луѓето да не ве ценат доволно. Вашиот главен предизвик е да научите да се прифаќате и цените себеси такви какви што сте бидејќи сте прекрасна личност. Кога ќе го направите ова, ќе го подобрите односот со себе и со другите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 4″ active=”false”]Вие сте уредна, внимателна личност, која е посветена да ги прави работите веднаш од првиот обид. Мислите дека ако сакате работите да напредуваат, подобро е да го направите тоа сами, отколку да очекувате другите да вложат подеднаков труд. Чувствувате потреба да го промените она што мислите дека не е добро и правилно и што ве прави незадоволни. Вашиот главен предизвик е да бидете свесни за вашата тенденција да работите надвор од вашите граници. Јасно е дека вашите проекти се важни, но не можете да продолжите да бидете продуктивни ако не се одморите или не ја обновите и надополнувате вашата енергија.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 5″ active=”false”]Вие сте мирна, љубезна и топла личност која има голема љубов кон вашето семејство и најблиските луѓе. Сметате дека светот е небезбедно место и сакате да избегате од него создавајќи простор на мир и тишина за вас и вашите најблиски. Можете да бидете многу толерантни и да го прифатите она што другите го бараат од вас. Затоа, вашиот главен предизвик е да ја научите вредноста на зборот „не“. Нормално е да не сакате да ги разочарате другите, но кога ќе предложат нешто што не ви се допаѓа, подобро е веднаш да го објасните вашето гледиште наместо да го прифатите и подоцна да се каете.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да го направите и овој  тест за да откриете кое е вашето духовно животно и која е неговата лекција за вашиот живот.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Изберете симбол и откријте што е тоа што ве спречува да ги остварите вашите цели!

    Тест: Изберете симбол и откријте што е тоа што ве спречува да ги остварите вашите цели!

    Ако сакате да дознаете што ве спречува да ги постигнете вашите цели, направете го овој едноставен тест и изберете еден од овие симболи. Следете го вашето срце, а симболот што ќе го изберете ќе ви го открие одговорот!rnrnТест: Изберете симбол и откријте што е тоа ве спречува да ги остварите вашите цели!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 1″ active=”false”]Патот до вашата цел е целосно отворен и без пречки. Останува само да направите мал чекор кон вашиот сон и затоа не дозволувајте малите сомнежи да ве обесхрабрат! Имајте на ум дека можете да успеете само доколку не се плашите да се обидете. Само напред и не плашете се.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 2″ active=”false”]Во последно време ве мачи некаква грижа која дури и ви предизвикува чувство на депресија. Ова ве спречува да ги реализирате вашите вистински цели. Веројатно многу пати сте тропнале на затворена врата, а таа сè уште не се отворила. Сепак, обидете се да одново да ја воспоставите внатрешната хармонија и насочете се кон позитивното размислување. Изберете една главна цел на која ќе се посветувате секој ден.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 3″ active=”false”]Вие сте амбициозна личност со јасно поставени цели. Имате многу енергија и креативност, што секако помага во постигнување високи резултати. Единственото нешто што може да ве спречи да го добиете она што го сакате е вашиот темперамент. Размислете двапати пред да донесете важна одлука. Почекајте додека не се смират емоциите, а потоа одлучете.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што е тоа што ве спречува да се збогатите.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Изберете симбол и добијте порака што веднаш ќе ви помогне

    Тест: Изберете симбол и добијте порака што веднаш ќе ви помогне

    За миг обидете се да не размислувате на ништо, вдишете длабоко и одберете го симболот кој најмногу ве привлекува. Симболот ќе ви донесе порака која ќе ви помогне во блиска иднина.rnrnТест: Изберете симбол и добијте порака што веднаш ќе ви помогнеrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 1″ active=”false”]Знајте дека не сте сами. Дури и ако нема некој околу вас кој ќе ви каже дека е покрај вас и дека е ве сака, сепак така е. Целиот универзум е покрај вас. Ако се чувствувате сами или погрешно разбрани, нема потреба да очајувате. Ширете ја љубовта за таа да ви се врати. Радувајте му се на животот за и тој да ви возврати со убава енергија. На тој начин и ќе го привлечете успехот во сите области од вашиот живот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 2″ active=”false”]Животот може да биде позитивен и негативен, светол и мрачен, среќен и тажен. Кога ќе научите да извлечете поука од секое искуство, тогаш вашиот живот ќе стане побогат. Покрај тоа, чинот на давање и споделување со другите е исклучително важен за вашиот личен развој. Време е активно да поработите на вашето емоционално заздравување. Тоа и ќе ве одведе на патот кон слободата и самоспознавањето.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 3″ active=”false”]Време е да ги надминете стравовите и да продолжите понатаму. Без разлика за што и да се двоумите, знајте дека секогаш можете да му пристапите на позитивен начин. Престанете да гледате кон земјата и држете ја главата исправена. Вие сте силна личност, само треба да верувате во тоа за да продолжите напред. Престанете да се грижите за непотребни работи бидејќи таквите мисли ви ја исцрпуваат креативноста. Што и да правите, не заборавајте дека тука е универзумот да ве поддржи.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 4″ active=”false”]Време е да почнете да го слушате срцето. На тој начин вашиот дух ќе стане посилен, а и вие ќе се чувствувате сè поблизу до светот околу вас. Не занемарувајте ја интуицијата. Сите нешта што ве опкружуваат се сведуваат на енергија па затоа и сè е поврзано. Знаците се насекаде околу вас, доволно е да ги прочитате. Не заборавајте дека ако не ги послушате срцето и интуицијата, секогаш ќе се движите во погрешна насока.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 5″ active=”false”]Морате да престанете да мислите на работите кои ви ја трошат енергијата и не ви дозволуваат да спиете. Фокусирајте се на она што навистина сакате да го правите и што ве прави исполнети. За вас е важно да постигнете рамнотежа. Затоа чувството дека сте растргнати со обврски на сите страни може лошо да ви влијае. Доколку ви е потребна нечија помош, не двоумете се да ја побарате. Никогаш не знаете што може да се случи.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 6″ active=”false”]Време е да почнете да работите на својот развој и да го живеете животот најубаво досега! Имате моќ да направите сè што ќе посакате, доволно е да се обидете. Размислете дали сакате да се почувствувате сакани, богати или успешни Кога нешто навистина ќе почувствувате, тоа и ќе биде ваше бидејќи со тоа ќе испратите порака до вселената. Доколку бидете доволно упорни и истрајни во вашите намери, тие ќе се манифестираат на некаков начин. Доволно е да не се откажувате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг каде вашето омилено пауново перо ќе ви открие на што треба веднаш да обратите внимание.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Изберете симбол и откријте каква судбина ве очекува!

    Тест: Изберете симбол и откријте каква судбина ве очекува!

    Сакате да дознаете што ве очекува во наредниот период? Погледнете ја внимателно сликата и одберете еден симбол. Бидете внимателни при изборот!rnrnТест: Изберете симбол и откријте каква судбина ве очекува!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 1″ active=”false”]Промените се неизбежни во вашиот живот. Вие сте горда личност по природа и секогаш сакате да бидете во право. За сметка на тоа пак, не сакате да ги слушате советите на оние околу вас, но животот ќе пронајде начин да ви покаже дека понекогаш подобро е да ѝ погледнете на реалноста во очи. Промената не секогаш значи крај на светот, туку може да претставува и нова можност за среќа и успех. Не бидете тврдоглави и обидете се да сфатите дека способноста за приспособување игра важна улога во животот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 2″ active=”false”]Отсекогаш сте биле горди, супериорни и себични, но знаете дека можноста да бидете опкружени со некој кој вистински ве сака и е подготвен да го дели животот со вас, е многу подобра опција од онаа постојано да бидете сами. Наскоро ќе најдете некој кој ќе ве натера да размислите за тоа дали и понатаму би сакале да останете сами. Фактот дека сте во друштво на таа личност ќе ве прави среќни и набрзо нема да можете да си го замислите животот без нејзиното присуство. Не се обвинувајте себеси за тоа, оваа љубов ќе ви донесе позитивна промена.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 3″ active=”false”]Деновите што доаѓаат ќе ви бидат исполнети со мир и радост каква што досега не сте доживеале. Подготвени сте да влезете во најдобрата фаза од вашиот живот што ќе направи да се чувствувате безбедно како никогаш досега. За тоа ќе придонесе вашата желба за самоспознавање и зацврстување на врската со самите себе. Искористете ја оваа фаза за да ги остварите вашите соништа и цели и борете се за себе докрај. Не грижете се, ви претстојат убави денови![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте, ви препорачуваме и да откриете нешто повеќе за вашиот карактер преку овој тест.rnrnИзвор: classlifestyle.com

  • 7 растенија што имаат скриено значење

    7 растенија што имаат скриено значење

    Собните растенија се украс во многу домови. Покрај тоа што изгледаат убаво и носат со себе здравствени придобивки, многу домашни растенија имаат и своја симболика. Можеби оваа симболика ќе биде причина да купите повеќе растенија. Погледнете ја листата на растенија за кои се вели дека се симбол на љубов, здравје, богатство, среќа и можете да ја земете предвид нивната симболика кога ќе ги купите како подарок.rn

    1. Сансеверија – здравје

    rn7 растенија што имаат скриено значењеrnrnОва растение од триаголни исправени лисја го прочистува воздухот од бензен, формалдехид и трихлороетилен. Не бара многу внимание, добро ги поднесува и сонцето и сенката, а можете да го ставите во близина на радијаторот затоа што овој цвет не сака многу влага.rn

    2. Бамбус – среќа

    rn7 растенија што имаат скриено значењеrnrnОва растение се нарекува и среќен бамбус. Сепак, кога станува збор за симболиката, бројот на стебла игра клучна улога. Две се за љубов, три за долг и среќен живот, пет за богатство, седум за здравје, осум за раст, девет за среќа, а десет за совршенство. Ако најдете бамбус со 21 стебло, не заборавајте да го купите затоа што се вели дека носи најмногу среќа и ќе му обезбеди благосостојба на сопственикот во сите области.rn

    3. Алое вера – среќа

    rn7 растенија што имаат скриено значењеrnrnАлое вера ги „јаде“ штетните соединенија од воздухот, вклучувајќи го и зрачењето од ТВ-екраните и од компјутерските монитори. Покрај тоа, може да се користи за лекување изгореници и за правење препарати за нега на кожа. Освен тоа, не бара многу грижа и внимание. Поради верувањето дека носи среќа, во Јужна Африка ова растение е обесено над влезната врата.rn

    4. Лаванда – љубов

    rn7 растенија што имаат скриено значењеrnrnВо еден универзитет во Јапонија е спроведено истражување кое покажало дека мирисот на лаванда дејствува релаксирачки на нашето тело. Ако ви треба дополнителна причина да набавите лаванда за вашиот дом, тука е и фактот дека тоа е симбол на посветеност и љубов.rn

    5. Папрат – среќа

    rn7 растенија што имаат скриено значењеrnrnОва украсно домашно растение плени со својот егзотичен изглед и со тенките светлозелени лисја што паѓаат како водопади и создаваат атмосфера на вечна пролет во домот. Покрај тоа, тој го прочистува воздухот, но исто така го подобрува расположението, бидејќи фактот што му помагаме на некое живо суштество да напредува создава чувство дека сме корисни.rn

    6. Кинески долар – богатство

    rn7 растенија што имаат скриено значењеrnrnСпоред античките верувања, Pilea peperomioides, зимзелено растение со потекло од Јужна Кина, може да донесе финансиска среќа, поради што едно од имињата му е кинески долар. Иако изгледа нежно, ова растение е многу отпорно и лесно за одгледување. За време на студените месеци, задолжително чувајте го во вашиот дом, а најмногу ќе успее на полуосветлено место. Добро е да биде на светлина, но не директно на сонце.rn

    7. Рузмарин – сеќавање

    rn7 растенија што имаат скриено значењеrnrnНа рузмаринот му треба многу сонце, затоа чувајте го покрај прозорецот. Не наводнувајте го премногу затоа што веројатно ќе овене од премногу вода. Откако ќе ја совладате грижата за рузмаринот, во вашиот дом ќе имате растение со прекрасен мирис што можете да го користите и како зачин при готвење, а ако барате начин да му оддадете почит на некој што сте го изгубиле, рузмаринот е добар избор.rnrnПрочитајте кои 10 домашни растенија имаат позитивно влијание врз здравјето.

  • Поглед што воодушевува: 6-те најубави мостови на светот

    Поглед што воодушевува: 6-те најубави мостови на светот

    Мостовите се симбол на обединување, но и симбол на градот. Од мостови со импресивни димензии, па сè до оние што ќе ве воодушевуваат со својот необичен изглед, ова се најубавите мостови на светот.rn

    Мостот Биксби, Калифорнија

    rnПоглед што воодушевува: 6-те најубави мостови на светотrnrnОвој мост е завршен во 1932 година и е еден од највисоките бетонски мостови во светот. Се поврзува на длабочина од 80 метри, а од него има совршен поглед на Тихиот Океан.rn

    Вијадукт де Мило, Франција

    rnПоглед што воодушевува: 6-те најубави мостови на светотrnrnОвој мост е висок 343 метри и го држи рекордот на највисок мост на планетата, а е повисок дури 19 метри од Ајфеловата кула. Многумина кои го преминале овој мост го споредуваат со прошетка над облаците, а минималистичкиот дизајн совршено се вклопува со зелената долина што ја поврзува.rn

    Ѓаволски мост, Германија

    rnПоглед што воодушевува: 6-те најубави мостови на светотrnrnИзграден е така што со својот одраз во водата формира круг. Името се должи на едно суеверие од минатото во кое се верува дека мостовите што изгледаат како да ѝ пркосат на гравитацијата може да бидат изградени само од демон.rnrnСпоред народните приказни, ваквите мостови можеле да бидат создадени како последица на сојуз на луѓе и натприродни суштества, кои за возврат ќе ја бараат душата или детето на лицето кое ја барало неговата изградба.rnrnИзграден е од камен донесен од далечни каменоломи во германските планини, а една од интересните работи е што не биле користени локални материјали. Тешко е да се најде нешто поромантично од прошетка по овој германски мост.rn

    Бруклински мост, САД

    rnПоглед што воодушевува: 6-те најубави мостови на светотrnrnПознатиот американски мост дава фантастичен поглед на Големото Јаболко и кој и да дојде во Њујорк сака да прошета низ овој мост што ги поврзува Бруклин и Менхетен.rn

    Карлов мост, Чешка

    rnПоглед што воодушевува: 6-те најубави мостови на светотrnrnОвој мост се наоѓа во главниот град на Чешка и е втор најстар мост во Чешка.rnrnОвој мост има богата историја со кој се поврзани некои легенди и иако е стар 700 години, сè уште е едно од најпопуларните места во Прага.rn

    Мостот Ријалто, Италија

    rnПоглед што воодушевува: 6-те најубави мостови на светотrnrnОвој мост ја краси Венеција, една од најромантичните дестинации во светот. Ријалто е најстариот мост во Венеција, изграден пред крајот на XVI век кога го заменил дрвениот мост што се урнал двапати.rnrnПогледнете го овој син рај што ги збунува научниците.

  • Ако сакате среќен брак, мора да го имате ова цвеќе во вашиот двор: Симбол на мирот, здравјето и благосостојбата

    Ако сакате среќен брак, мора да го имате ова цвеќе во вашиот двор: Симбол на мирот, здравјето и благосостојбата

    Според легендата, младите брачни парови треба да го засадат овој цвет во својот двор за да ги следи среќа. Опојниот сладок мирис и големите раскошните ливчиња во слоеви го прават божурот еден од најомилените цветови.rnrnАко сакате среќен брак, мора да го имате ова цвеќе во вашиот двор: Симбол на мирот, здравјето и благосостојбатаrnrnБез разлика дали е свежо набран или само мотив на садовите или на постелнината, божурот дава допир на софистицираност во секој ентериер.rnrnБожурот цвета во мај и во јуни, а во вазна може да трае околу 5 дена. Колку почесто цветовите имаат свежа вода, толку подолго ќе траат. Купете ги цветовите додека сè уште се во пупки, но кога веќе имаат боја.rnrnКога ќе ги ставите во вазна, дајте им средство што го продолжува животниот век на цвеќето, ставете ги во млака вода и потоа, по еден или два часа, преместете ги на поладно место.rnrnАко сакате среќен брак, мора да го имате ова цвеќе во вашиот двор: Симбол на мирот, здравјето и благосостојбатаrn

    5 факти за божурот:

    rn1. Божурите се карактеризираат со женственост и нежност во секоја боја, а постојат розови, бели, жолти и во боја на вино. Во една пригода, Марко Поло ги опишал како рози со структура слична на зелка, што е прилично точен опис бидејќи ливчињата се отвораат на многу интересен начин.rnrn2. Овој фотогеничен цвет потекнува од Азија и е донесен во европските и во американските градини заедно со хризантемата, со магнолијата и со други цвеќиња.rnrn3. Кинезите ги опишуваат божурот како симбол на мирот, на стабилноста и на здравјето и се верува дека носи среќа.rnrnСликите со божур често се подаруваат и се користат во ентериерите како талисман за успех и среќа.rnrn4. Друго кинеско верување го опишува божурот како цвет што позитивно влијае на хармоничниот брачен живот. Белиот божур се сметаат за симбол на мислите на девојчињата, но и на нивната убавина.rnrn5. Покрај својот раскошен изглед, божурот има и лековити својства. Се смета дека има позитивен ефект врз нервниот систем, ја подобрува меморијата, го намалува холестеролот и има позитивен ефект врз работата на црниот дроб.rnrnПогледнете кој кралски цвет кој го смирува умот и треба да го засадите во дворот или во градината.

  • Изберете ангелски симбол за да ја откриете вашата порака

    Изберете ангелски симбол за да ја откриете вашата порака

    Изберете го ангелскиот симбол што најмногу ве привлекува и откријте ја вашата порака.rnrnИзберете ангелски симбол за да ја откриете вашата поракаrn

    1. Огнениот број 3

    rnБевте инспирирани да го изберете огнениот број 3, а тоа, како ангелски симбол, значи разбудете се и не пропуштајте ја можноста што стои пред вас. Ова може да се однесува на некоја ситуација или личност во вашиот живот.rnrnНајуспешните луѓе во животот не мора да бидат најпаметните, најубавите или најталентираните. Тоа се луѓето кои го гледаат искрениот потенцијал на одредена ситуација и вдахнуваат живот во него.rnrnНо, можеби веќе го правите тоа? Ако е така, ангелите велат дека сте на вистинскиот пат. Кога ќе видите 3:33 на часовникот, ангелите ви кажуваат дека трудот што го вложувате ќе вроди со плод.rn

    2. Змеј

    rnБевте инспирирани да изберете змеј. Тој, како ангелски симбол, ве охрабрува да се прифатите себеси. Можеби се чувствувате ранливо или не сте сигурни на кој начин да продолжите понатаму. Змејот ве потсетува да погледнете внатре во себе.rnrnВие сте уникатни како змејовите (кога последен пат сте виделе змеј?). На оваа планета има 7 милијарди луѓе, а само еден од нив сте вие.rnrnНе е важно од каде доаѓате или какви се вашите сегашни околности, вие сте уникатни. Вашиот глас е важен.rn

    3. Елен

    rnОвој ангелски симбол ви кажува дека духовниот свет е околу вас. Како водич, елените помагаат во комуникацијата помеѓу живата и духовната област.rnrnТој ве упатува и ве охрабрува да посетувате курсеви, да вежбате или да читате за комуникацијата со ангелите или со духовите.rnrnАко веќе го правите ова, ангелите нежно ве охрабруваат да продолжите така. Тие не сакаат да гледаат дека не ја користите дарбата.rn

    4. Кристал

    rnБевте инспирирани да изберете моќен кварцен кристал. Овој кристал ја подобрува моќта на другите кристали со кои доаѓа во допир.rnrnСо избирање на овој симбол, ангелите ви кажуваат дека ќе ви ја испратат мотивацијата и енергијата што ја баравте. Побарајте од нив да го започнат процесот веднаш!rnrnЗа оние што се на духовно патување, ангелите советуваат дека вашиот духовен дар наскоро ќе биде унапреден.rnrn[message_box title=”Изберете една од овие слики кои ќе ве потсетат на една многу важна работа” color=”yellow”]Изберете ангелски симбол за да ја откриете вашата порака[/message_box]

  • Изберете љубовен симбол и дознајте ја вашата љубовна судбина

    Изберете љубовен симбол и дознајте ја вашата љубовна судбина

    Изберете го љубовниот симбол што најмногу ве привлекува, а тој ви ќе ви открие што да очекувате на љубовен план во блиска иднина.rnrnИзберете љубовен симбол и дознајте ја вашата љубовна судбинаrnrn1. Вие сте личност која бара нова љубов во новата година, односно барате личност која ќе ве направи среќни и ќе ви ги возврати чувствата. Таа желба ќе ви се оствари многу брзо. Наскоро ќе дојде нова љубов во вашиот живот, така што вашиот љубовен живот едноставно ќе цвета.rnrnОсвен тоа, важно е да се напомене дека оваа љубов ќе се развие со личност што многу добро ја познавате од вашиот приватен живот и дека ве очекува еден прекрасен период.rnrn2. Во оваа година дефинитивно ве чекаат среќни денови и оваа година ќе биде година за паметење. Ќе ви цветаат ружи на секое поле во животот, особено во љубовта.rnrnЌе сретнете една неверојатна личност која ќе го преврти вашиот свет наопаку и која ќе ви докаже дека навистина се исплатиле трпението и надежта дека ќе сретнете некој посебен.rnrnТреба да го искористите максимумот од секој момент и не размислувајте да ја испуштите оваа можност што се нуди само еднаш во животот. Уживајте во љубовта што ви доаѓа!rnrn3. За жал, овој период нема да донесе посебни љубовни моменти со вашата сакана личност. Напротив, овој период е идеален за да се посветите на себе и да заборавите на сите проблеми што ви создаваат вишок информации во вашиот мозок.rnrnВремето сега е само ваше и треба да го искористите на најдобар можен начин задоволувајќи се себеси без да се грижите дали ќе ги усреќите другите. Еднаш ќе мора да заборавите на другите и да мислите само на себе, а сега е вистинското време за тоа и треба максимално да го искористите.rnrn4. Овој период е исклучиво посветен на социјалниот сегмент од животот, а вие треба да му се посветите повеќе од кога и да било на тој сегмент затоа што на тој начин ќе запознаете луѓе кои ќе се покажат како навистина одлични личности што ќе бидат тука за вас во секое време.rnrnОсвен тоа, можно е за брзо време од едно блиско пријателство да се роди прекрасна љубов која ќе биде полна со разбирање, со внимание и со љубов и во која обострано ќе уживате.rnrn5. Среќата што ве чека е поголема од кога и да било досега. Во овој момент, вашата емоционална врска или бракот функционираат најдобро и имате можност да уживате во секој момент заедно со вашата сакана личност затоа што тоа и го заслужувате.rnrnВо овој период, вашиот партнер ќе се обиде да ви го направи секој момент подобар од претходниот и ќе се труди постојано да имате насмевка на вашето лице. Следува прекрасен период за вас.rnrn6. Животот ќе ви биде полн со успеси на сите полиња, но во љубовта ќе наидете на мали недоразбирања со саканата личност што ќе можете да ги решите само со разговор и со разбирање, така што остатокот од годината ќе може да ви помине во добро расположение и ќе можете да уживате во љубовта заедно со партнерот.rnrnЛичностите што се слободни во овој период ќе се посветат на тоа да пронајдат партнер што ќе ги почитува, ќе ги цени и ќе им понуди безусловна љубов. Сега е идеално време да започнете со таа потрага.rnrn[message_box title=”Изберете го кактусот што најмногу ви допаѓа и дознајте каква порака ви носи.” color=”yellow”]Изберете каков кактус најмногу ви се допаѓа и дознајте каква порака тој ви носи[/message_box]