КАФЕ ПАУЗА

Tag: симбол

  • „Голден гејт“ низ 20 фотографии

    „Голден гејт“ низ 20 фотографии

    Автор: ВикиrnПоднесено преку „Предложи содржина“rn

    „Голден Гејт“ е висечки мост што во превод значи „Златна капија“.Мостот Голден Гејт бил најдолгиот висечки мост во светот кога завршила изградбата во 1937 година. Со тоа станал еден од најпознатите меѓународни признати симболи на Сан Франциско, Калифорнија, па и на САД.Ви ги претставуваме 20-те најубави фотографии од мостот „Голден Гејт“ во Калифорнија.

    rnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Уникатен накит за диџеи

    Уникатен накит за диџеи

    Инспирирани од урбаниот животен стил и хип хоп културата, Darkloud Silver извадиле уникатна линија на накит со диџејска тематика, која се состои од прстени и други модни додатоци со урбани музички симболи.Уникатен накит за диџеиКомпанијата е основана во 2005 година од Нејтан Томас од Сиднеј. Тие велат дека „создаваат накит за поединецот“. Уникатен накит за диџеиОвие производи се изработени од сребро, злато и платина и чинат од 300 до 750 американски долари.Уникатен накит за диџеиУникатен накит за диџеиУникатен накит за диџеиУникатен накит за диџеиУникатен накит за диџеиУникатен накит за диџеиУникатен накит за диџеиУникатен накит за диџеиУникатен накит за диџеиrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Што зборува вашата омилена боја за вас?

    Што зборува вашата омилена боја за вас?

    Повеќето од нас си имаат своја омилена боја. Без разлика дали причината е заради начинот на кој сината ви ги истакнува очите или како зелената ви влијае смирувачки, бојата што ја преферирате зборува за вашата личност. Истовремено, според преферираната боја на вашиот партнер, можете да одредите некои карактеристики за него.rnrnЦрвена: боја на страста, лутината и крвта. Таа е основна боја и ги претставува основните нагони како копнеж („Морам да го имам тоа сега!“) и бес (оттаму фразата: „поцрвене од бес“). Црвената е командна боја – застанувате на црвеното светло на семафорот и на знакот „стоп“.rnrnШто зборува вашата омилена боја за вас?rnrnОние коишто ја обожаваат оваа боја реагираат, понекогаш и без размислување, на своите итни желби. Тие се како деца кои сакаат итно задоволување.rnrnПортокалова: Оваа боја не е многу лесна за носење на себе и не често е некому омилена. Но, портокаловата е страсна. Таа е омекната црвена – на основните, јаки нагони им дава омекнати вибрации. Оваа боја е боја на почетните привлекувања, емоционалната одговорност и внатрешниот магнетизам. Портокаловата е исто така блиска и до златната, која пак е боја на успехот и богатството.rnrnНекој кој сака да носи портокалова боја е жива личност со чувства, способност за негување и интуиција за патот до успехот. Ако сте љубители на оваа боја знаете како да го исклучите прекинувачот кога е страста во прашање.rnrnЖолта: бојата на сонцето, на живоста, моќта и егото… но не е добар индикатор за романса. Пазете се од себичната, „јас“ енергија која доаѓа од луѓето кои преферираат жолта, наместо која било друга боја од виножитото.rnrnШто зборува вашата омилена боја за вас?rnrnАко ова е вашата омилена боја, ограничете ја употребата на зборот „јас“ кога сте заинтересирани за некој друг. Може да наидете на уште посебичен од вас. Ако наидете на некој кој ја сака оваа боја, почнете веднаш со споделување на вашите животни случки бидејќи оваа личност нема да ви остави многу простор за тоа.rnrnЗелена: Зелената е бојата на љубовта и не е случајно тоа што парите се во оваа боја. 🙂 Ова е боја на животот и изобилието – лисјата, тревата, растенијата – сè е поврзано со растење, развивање, живеење. Зошто тогаш не подаруваме папрати наместо букет со рози во знак на љубов? Ова е така бидејќи зелената е боја на распространувањето, хуманистичката љубов и прифаќањето, не на страсната романса. Исто така, ова е боја на фините луѓе со топло срце. Страста е сигурно присутна, но е закопана длабоко под интегритетот и честа на личноста.rnrnАко сакате зелена боја, го ставате општо добро, пред своите лични интереси, но не е лошо од време на време да бидете и по малку себични.rnrnСина: боја на јасното, комуникациите и шармот. Без разлика на нијансата, оваа боја јасно вели: „Сакам да ме разбираат“. Од друга страна пак, под стрес, личноста која ја преферира сината може да испрати погрешна порака преку давање нејасни сигнали на личноста која и се допаѓа, да има тешкотија со одлучувањето или едноставно да се изгуби во сред муабет.rnrnШто зборува вашата омилена боја за вас?rnrnАко сината е вашата омилена боја, никогаш не ви фали муабет, изразувањето е вашата јака страна. Додека, доколку сте во врска со „сина“ личност, треба секогаш да знаете каде е вашето место.rnrnВиолетова: Оваа боја е симбол на илузии, имагинација и фантазија. Таа ја поттикнува романсата, кокетирањето и предизвикувањето – создава чувство на исчекување со мала доза на разиграност. Негативната страна на оваа боја е што луѓето кои ја преферираат немаат реални очекувања. Лесно е да се живее во сопствениот свет изграден од фантазии, но сепак тука е и реалноста.rnrnАко сте љубител на оваа боја, веројатно сте замислен романтичар или преферирате романса во која ќе преовладува фантазијата, зависно од вашето расположение.rnrnБела: Белата е светла боја, комбинација од сите бои. Симболизира чистота (како традиционалниот венчален фустан). Луѓето кои ја сакаат се веројатно чисти и уредни. Ова не е најсексапилната боја, но е дефинитивно најздравата.rnrnЦрна: Како белата, и оваа е комбинација од сите бои, но наместо чистотата, го симболизира непознатото, невиденото, мистеријата… Црната всушност не ги открива сите информации, а неспорно е и нејзиното општо прифаќање како злобна и мрачна боја.rnrnШто зборува вашата омилена боја за вас?rnrnАко вашата омилена боја е црната, вие сте таинствени. Тишината која оваа боја ја создава им овозможува на другите да ги пополнуваат празнините. Црната вели: „Не ти кажувам ништо“. Луѓето кои ја сакаат може да се тешки за да се придобијат, но дефинитивно ова би вредело.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Петте нешта кои најчесто ги сонуваме

    Петте нешта кои најчесто ги сонуваме

    1. Летање, пливање или весело танцување

    rnОпис: Повеќето од вас најверојатно сте искусиле како летате во сон и се чувствувате слободно. Летањето може да се појави како резултат на вашето успешно справување со некоја непријатна ситуација во сонот. Како алтернативна верзија на овој симбол, може да се случи да сонувате како безгрижно пливате во вода или релаксирано танцувате.Петте нешта кои најчесто ги сонуваме Значење: Овој сон, најчесто е одраз на вашата среќа, емотивна исполнетост, самоувереност и моќ. Верувате дека вашите можности за успех во некоја работа се неограничени и дека секаква евентуална препрека можете да ја надминете. Летање в сон исто така може да означува силна желба или стремеж кон некој или нешто. Пливањето може да означува дека ја запознавате длабочината на вашиот ум, а танцот ја искажува вашата сексапилност и задоволство од изгледот на сопственото тело.rn.rn

    2. Тотално голи или несоодветно облечени во јавност

    rnОпис: Сигурно вам или на некој ваш близок му се случило да искуси вакво срамно чувство на сон. Вие сте голи или полуголи и многу очи се вперени токму во вас. Алтернативна верзија на овој сон е да сте несоодветно облечени за пригодата, како на пример да носите пижами на работа. Чувствата кои се јавуваат како разлутат на ваквиот сон, се срам, индиферентност, а во некои случаи гордост и слобода.Петте нешта кои најчесто ги сонувамеЗначење: Ако сонувате ваков сон, тоа најверојатно значи дека во реалниот живот се чувствувате ранливо, несигурно, ви е непријатно во сопствената кожа или сметате дека некому сте му откриле премногу детали за себе. Пореткото значење на овој сон е дека во реалниот живот се чувствувате слободни и неоптоварени. Често, ваквите соништа се појавуваат кај оние кои во будниот живот се вклучени во свадбена прослава.rn. rn

    3. Паѓање од височина или давење во вода

    rn

    Опис: Во овој сон, вие паѓате надолу од височина и сте преплашени. Друга варијанта би била да сонувате како тонете во вода, при што постои голема опасност да се удавите.Петте нешта кои најчесто ги сонувамеЗначење: Овој сон ја изразува вашата несигурност или сметате дека не добивате поддршка од некоја личност во вашиот живот. Давењето пак најчесто го сонуваат оние кои се презафатени со некоја работа и се подготвени да се откажат од истата.rn.

    rnrn

    4. Бегање од некој или нешто

    rnОпис: Во ваквиот сон вие брзо трчате, бегајќи од некоја страшна особа, диво животно или чудовиште, кое се обидува да ве фати, повреди или убие.Петте нешта кои најчесто ги сонувамеЗначење: Ако сонувате како бегате од некој или нешто, тоа најверојатно значи дека во реалниот живот се чувствувате загрозени од некоја личност или дека ве мачи некое ваше чувство. Чувствувате страв и опасност, а во некои случаи овој сон може да биде и рефлексија на некој реален настан од животот.rn.rn

    5. Паѓање заби

    rnОпис: Често се случува да сонуваме како ни паѓа заб, или пак гледаме како на некој друг тоа му се случува. Чувството е многу непријатно и застрашувачко. Како алтернативна верзија на овој симбол, би биле соништа во кои гледаме блескави или расипани заби или пак, четкање на заби.Петте нешта кои најчесто ги сонувамеЗначење: Ако во сонот вие сте тие на кои им недостасува заб, значи дека нема да успеете да си ги остварите зацртаните цели и да ги задоволите вашите интереси, како резултат на некои лоши вести или болест. Ако на некој друг во сонот му паднале заби, значи дека некои ваши противници сакаат да ви го извалкаат името, но обидот ќе им биде безуспешен.rnrnАко сонувате дека ви се расипал заб, значи дека ќе доживеете неуспех во штотуку започната работа или ќе имате проблеми со здравјето.rnrnАко ги четкате забите значи дека сакате да се заштитите и одбраните од потенцијални опасности. Блескавата насмевка од друга страна, означува среќа и исполнување на вашите желби.rnrn