КАФЕ ПАУЗА

Tag: шарм

  • Кои 3 хороскопски знаци поседуваат најголем шарм?

    Кои 3 хороскопски знаци поседуваат најголем шарм?

    Да се поседува шарм е особина која не секој ја поседува. Шармантните луѓе се лесно препознатливи поради нивната моќ преку која ги освојуваат туѓите срца. Така, тие вечно се паметат. Во продолжение прочитајте кои се најшармантните хороскопски знаци според астролозите.rnrnКои 3 хороскопски знаци поседуваат најголем шарм?rn

    Близнаци

    rnЗа луѓето родени во знакот Близнаци најважни се пријателите и комуникацијата со нив. Тие се среќни кога се во центарот на вниманието. Освен тоа, тие се и добри актери и раскажувачи, па така со задоволство ќе ви раскажат интересни приказни од нивниот живот. Станува збор за луѓе кои можат да ги маѓепсаат сите околу себе. Имаат шармантен пристап, автентична насмевка и тешко се забораваат.rn

    Скорпија

    rnШармот на претставниците на овој хороскопски знак се јавува како резултат на нивната природна, силна енергија. Кога Шкорпијата ќе ве погледне, станувате свесни за нејзините очи вперени во вас. Покрај тоа, овие луѓе се секогаш во добро расположение. Се служат со разноразни шеги и анегдоти и секогаш се главни во друштвото. Со помош на својот шарм, тие го постигнуваат она што им треба од другите луѓе. Меѓу другото, тие се добри лидери и менаџери и се успешни на секое поле.rn

    Водолија

    rnЛуѓето родени во овој знак се исклучително шармантни, особено кога станува збор за шармирање на вистинските луѓе. Така, ним не им е тешко да ја придобијат довербата на деловниот партнер или да шармираат непозната личност која им се допаѓа. Освен тоа, тие самите се свесни за сопствените таленти и честопати ги користат. Имајќи ја на ум својата посебна енергија, тие речиси никогаш не креваат врева и се обидуваат мирно да ги решат проблемите и недоразбирањата.rnrnОткако прочитавте кои 3 знаци поседуваат најголем шарм, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци се најдобрите браќа или сестри.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Доживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрации

    Доживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрации

    Уметницата Angela Hao ја доловува магијата и разновидноста на јапонските излози преку нејзините илустрации. Иако живее и работи во САД, таа „патува виртуелно“ низ улиците на Токио и Осака преку Google Street View, а многубројните згради покрај кои поминува ѝ служат како инспирација.rnrnДоживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрацииrn

    „Мојата уметност најмногу се фокусира на архитектурата. Обожавам да ги сликам излозите на продавниците. За мене најинтересниот дел од создавањето уметност е кога додавам замислени елементи во навидум обичната реалност како дрвја, лоза, саксии, животни – сите овие нешта му даваат живот на цртежот“, вели уметницата.

    rnЌе се согласите дека нејзините илустрации кои ја спојуваат природата со урбаниот пејзаж, содржат естетски елементи слични со оние на анимираните филмови на Студио Гибли.rnrnДоживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрацииrnrnДоживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрацииrnrnДоживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрацииrnrnДоживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрацииrnrnДоживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрацииrnrnДоживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрацииrnrnДоживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрацииrnrnДоживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрацииrnrnДоживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрацииrnrnДоживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрацииrnrnДоживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрацииrnrnДоживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрацииrnrnДоживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрацииrnrnДоколку ви се допаднаа овие илустрации, можеби ќе сакате да ги погледнете и неверојатни илустрации што ја доловуваат магијата на покривите во Париз.rnrnИзвор: mymodernmet.com

  • Ги освојуваат жените на секој чекор: Најпосакуваните мажи се раѓаат во овие 3 знаци

    Ги освојуваат жените на секој чекор: Најпосакуваните мажи се раѓаат во овие 3 знаци

    Астролозите истакнуваат дека во овие хороскопски знаци се раѓаат момци коишто го имаат „она нешто“ што ги прави целосно неодоливи за жените. Ако сакате да знаете за кои знаци станува збор, продолжете со читање…rnrnrn

    1. Вага

    rnВо овој знак се раѓаат најголемите џентлемени во хороскопот, коишто ги освојуваат жените со својот неверојатен шарм. Вагите сакаат да даваат комплименти и многу се внимателни кон своите партнерки. Сепак, мажите во овој знак многу сакаат да флертуваат, понекогаш и надвор од својата врска, па тоа може да не им се допаѓа на позатворени жени. Но, добро е да знаете дека тие никогаш не се впуштаат во нешто повеќе од безопасен флерт.rn

    Некои од најпознатите машки ваги се Мет Дејмон, Бруно Марс и Хју Џекмен

    rn

    2. Скорпија

    rnСкорпиите ги бие глас за најдобрите љубовници во хороскопот, но тоа не е единствената тајна за нивната привлечност. Мажите во овој знак се доста таинствени и мистериозни, па понекогаш е тешко да ги прочитате – правејќи ги уште понеодоливи за жените. Во врските се верни, искрени и посветени на своите партнерки, а исто така се и многу вешти помеѓу чаршафите.rn

    Меѓу славните претставници на овој знак се издвојуваат Рајан Рејнолдс, Метју Меконахи и Леонардо Дикаприо

    rn

    3. Бик

    rnРомантични, внимателни и чувствителни, мажите во родени во овој знак се совршен материјал за врска и брак. Тие ги љубат своите партнерки и обожаваат да ги размазуваат со комплименти и подароци, а токму на тој начин и ги освојуваат жените. Навистина е тешко да одолеете на нивниот шарм, но не почнувајте да флертувате со нив ако не сте подготвени за сериозна врска.rn

    Некои најпознатите фраери родени во овој знак се Дејвид Бекам, Двејн Џонсон и Џорџ Клуни

    rnДознајте и кој е најзаводливиот и најшармантниот хороскопски знак.

  • Дознајте на кој хороскопски знак сѐ ќе му оди од рака оваа пролет

    Дознајте на кој хороскопски знак сѐ ќе му оди од рака оваа пролет

    Периодов е вистинско време за љубов, пари и среќа, а токму тоа и го очекува овој хороскопски знак веднаш штом се појават првите пролетни зраци. Топлите денови будат љубовна енергија во нас, но припадниците на овој знак ќе заблескаат со посебен шарм. Кога нѐ интересира љубовната магија на астрологијата, секогаш прво се прашуваме со кој знак владее Венера, симболот на убавината и романтиката. Оваа пролет 2017 година, Венера ќе ги оствари љубовните желби на темпераментниот Овен.rnrn(1) Дознајте на кој хороскопски знак сѐ ќе му оди од рака оваа пролетrnrnОд 25-ти февруари, овој период од животот на Овенот е „зачинет“ со романтичен прав кој ја засилува страста до максимум. За тоа е заслужна Венера која е во знакот Овен од 3-ти февруари до 2-ри април, а потоа и од 28-ми април до 6-ти јуни.rnrnНе е ни чудно тоа што Овенот се чувствува како да е на седмо небо. Сѐ се врти околу припадниците на овој знак, па затоа и самите се грижат за изгледот и начинот на однесување. Сепак, би требало да се опуштите бидејќи нема да ви треба многу за да привлечете внимание. Но, искористете ја оваа промена до максимум за да си ја зголемите самодовербата во оние животни области каде што малку се намалила.rnrnШто се однесува до шармот, тука не треба ништо да зголемувате. Сите ве сметаат за исклучително пријатно друштво и никој нема да може да остане рамнодушен на вашата неодоливост и привлечност. Сите љубовни сили на планетите работат во ваша корист, па така и Марс ќе ви ја зголемува страста до 9-ти март. Никој нема да може да ви одолее, а таа самоувереност во освојувањето ќе ве направи уште попривлечни.rnrnОвие прогнози не се однесуваат само на лицата родени во знакот Овен, туку и на оние кои се Овни во подзнак. Ако ги имате Венера и Овенот во вашиот натален хороскоп, тоа значи дека вас ве краси посебна аура од невин шарм, па затоа сите ја толерираат вашата нетрпеливост и детско однесување. Сакате врска која е полна со енергија и акција. Рутинското партнерство од навика не е за вас.rnrnОва е период кога не би требало да се вртите назад кон минатото, туку да му се радувате на секој нов ден. Време е за љубов, романтични освојувања, директен пристап, заведување, спонтаност и восхит кој ќе ви го отвори срцето.rnrnДоколку сте Овен во хороскоп, сигурно ќе ве интересираат 10-те вистини за најтврдоглавиот хороскопски знак.

  • Кој е најзаводливиот и најшармантниот хороскопски знак?

    Кој е најзаводливиот и најшармантниот хороскопски знак?

    Тие се едни од најдоминантните и најекстровертните хороскопски знаци. На посебен начин, држење и благороден карактер, личностите кои припаѓаат на овој знак се монарси помеѓу своите пријатели, семејства и познаници, исто како што лавовите се кралеви помеѓу животните.rnrnКој е најзаводливиот и најшармантниот хороскопски знак?rnrnСтанува збор за Лавовите. Тие се храбри, амбициозни, позитивни и независни личности кои имаат силна волја и голема самодоверба. Среќни се кога се во центарот на вниманието, но уште посреќни се кога имаат контрола врз ситуацијата во која се наоѓаат.rnrnТие се родени лидери, независно дали станува збор за мир или побуна против непроменетиот статус кво. Иако понекогаш можат да делуваат арогантно и по малку нарцисоидно, сепак тие се најефикасни кога се во командната позиција. Со нивниот личен магнетизам и вродена харизма, Лавовите го извлекуваат најдоброто од оние кои се наоѓаат во нивно присуство. Шармантни и заводливи, тие успеваат да го привлечат скоро сечие внимание.rnrnПонекогаш можат да делуваат нељубезни и нелојални, но всушност тоа се едни од квалитетите кои Лавовите најмногу ги ценат, и кај себе и кај другите. Кога се сигурни дека ќе ја исполнат целта, тогаш ја вложуваат сета своја енергија. Нивниот идеализам и практичната интелигенција ги прават способни да навлезат директно во сржта на проблемот и да го пронајдат најдоброто соодветно решение.

  • Духовити и шармантни: Кои се најдосетливите хороскопски знаци?

    Духовити и шармантни: Кои се најдосетливите хороскопски знаци?

    Тие се духовити, шармантни, занимливи и интересни личности кои секогаш знаат како да ја разведрат атмосферата и да стават насмевка на вашето лице. Тие се верни пријатели, страсни партнери и се секогаш спремни за акција, забава и авантура. Со нив никогаш нема да ви биде досадно, а ги сакаме поради следниве карактеристики.rnrnДуховити и шармантни: Кои се најдосетливите хороскопски знаци?rn

    Водолија

    rnВодолиите се оригинални сонувачи чија имагинација ги надминува сите граници на реалноста. Со нив е секогаш забавно, бидејќи живеат во еден фантастичен свет што ретко кој го познава. Сериозни се само во оние моменти кога треба да дадат пријателски совет и тогаш се многу објективни. Ја сакаат еднаквоста и правдата.rnrnНивниот интелект ги одушевува сите оние кои ќе се најдат во разговор со нив. Знаат да ги мотивираат другите бидејќи и самите се мотивирани и скоро секогаш се добро расположени. Ако сте успеале да го освоите срцето на Водолиите, бидете сигурни дека тие ќе направат сѐ за да бидете среќни.rn

    Лав

    rnАдреналинот и забавата се составен дел од животот на Лавовите. Тие никогаш нема да дозволат да паднете во рутината на досадното секојдневие. Тие го сакаат животот и луѓето, а се сакаат и себеси и своите потреби им се секогаш приоритет. Нивниот ентузијазам е заразен и доколку го сфатите нивното его на вистинскиот начин, тогаш нивните шеги и постапки ќе ви бидат слатки и симпатични.rnrnЛавовите се романтични и ги сакаат малите знаци на внимание. Умеат да ги шармираат и да ги заведат сите околу себе. Лавот е одговорен и ако му значите, тој секогаш ќе се грижи за вас. Секогаш ќе се труди да биде најдобар партнер, пријател, љубовник. Не сакаат да изневеруваат бидејќи немаат сила да се трудат околу секоја личност, туку само околу една – посебна.rn

    Скорпија

    rnЛојалноста на овој хороскопски знак ќе ве освои уште од самиот старт. Скорпиите се едноставно најдобри пријатели за цел живот. Никогаш нема да ги откријат вашите тајни и ќе ви бидат верни до самиот крај. Тие се идеални партнери за правење луди работи и со нив секогаш ќе се чувствувате како деца, бидејќи ја имаат истата енергија без разлика на нивните години.rnrnГо ценат сѐ она што го правите за нив и никогаш нема да го заборават тоа. Ќе ви дадат искрен совет – од кариерата до изгледот. Со нив ниедна тема не е табу. На овој знак можете да му ги откриете сите тајни, но и сите скриени фантазии. Скорпиите се спремни за сѐ да разговараат отворено и никогаш нема да ве осудуваат.

  • Астрологијата открива: Кој е најмистериозниот знак во хороскопот?

    Астрологијата открива: Кој е најмистериозниот знак во хороскопот?

    Мистериозни, шармантни, таинствени и интелигентни, припадниците на овој знак често пати знаат вешто да се сокријат зад маската на шегобијци, иако знаат да бидат доста сериозни кога станува збор за успехот и остварувањето на целите. Ја сакаат динамиката и затоа се најуспешни во маркетингот. Понекогаш знаат да бидат посесивни и импулсивни, но тоа е нивниот начин да ја покажат својата грижа. Станува збор за оние кои се родени во знакот на Скорпија.rnrnАстрологијата открива: Кој е најмистериозниот знак во хороскопот?rnrnСо нив никогаш нема да знаете што се случува, иако ќе мислите така. Кога се мили и љубезни, нема да ги откријат своите мисли, а кога се лути, тогаш се обидуваат да останат приземни и да ја вратат самоконтролата, па никогаш нема да бидете сигурни што точно чувствуваат. Да се биде моќен, ценет и успешен е нивното мото кога станува збор за професионалниот живот.rnrnТие се фантастични лидери бидејќи добро ја познаваат човечката психа. Нивната мотивација не е натпреварувањето, амбицијата и да се биде победник во сѐ, туку контролата врз секоја ситуација, за да се придонесе за општото добро – и за најблиските и за работата. Имаат достоинствен став и се подготвени да се жртвуваат за секоја личност која искрено ја сакаат и почитуваат.rnrnВо љубовта точно знаат што сакаат и се стремат тоа и да го добијат. Тие памтат и оставаат длабока трага во сечиј живот. Не го поднесуваат изневерувањето и сметаат дека е кукавичин потег, па затоа наместо да плачат тие брзо ќе ја преболат ситуацијата и гордо ќе продолжат, бидејќи ретко простуваат.rnrnМожеби во себе ќе бидат тажни, но тоа никогаш нема да го покажат и во секој момент ќе се борат за да се ослободат од минатото, а во тоа се и успешни. Со нивната фатална привлечност, сигурност, магнетизам и искрена љубов, Скорпиите знаат како да направат да се чувствувате како да не можете да живеете без нив и честопати тоа е навистина така.

  • 10-те најдобри изјави на Џенифер Лоренс

    10-те најдобри изјави на Џенифер Лоренс

    Младата актерка која веќе ја одбележа својата кариера со бројните филмски награди отсекогаш знаела да фасцинира со својот шарм. Но, покрај нејзиниот очигледен талент, таа е позната и по својот интригантен карактер и по тоа што секогаш има одговор за сите прашања, успешно контролирајќи ја која и да било дадена ситуација. Понекогаш хумористична и смешна, а понекогаш сериозна, Џенифер Лоренс е како постар мудрец заглавен во телото на една млада жена. Во продолжение прочитајте ги нејзините најдобри изјави поради кои сите ние уште повеќе ја сакаме.rnrn10-те најдобри изјави на Џенифер Лоренсrn

    По повод фотографиите на кои актерката е гола и кои излегоа во јавноста во 2014-тата година, Џенифер изјавила: „Само затоа што сум јавна личност, само затоа што сум актерка, не значи дека барав ова да се случи. Не значи дека тоа доаѓа со славата. Тоа е моето тело и тоа би требало да биде мој избор. Факот дека тоа не е мој избор е апсолутно одвратен. Не можам ни да поверувам дека живееме во таков свет… Започнав да пишувам извинување, но немам за што да се извинувам.“

    rn

    „Не сакам да бидам непристојна, но актерството е глупаво. Сите ме прашуваат ‘Како успеваш да останеш скромна?’, а јас им одговорам ‘Зошто би била вообразена?’ Не спасувам ничиј живот. Тоа се докторите кои ги спасуваат животите и пожарникарите кои влегуваат во зградите кои се во пламен. Јас снимам филмови. Тоа е глупаво.’“

    rn

    „Можам да набројам многу работи кои даваат подобро чувство од тоа да се биде слаб: Компири. Леб. Сендвич со сирење, говедско и помфрит.“

    rn

    „Ми се допаѓа како изгледам. Навистина ми е смачено од оние актерки кои изгледаат како птици. Радо би изгледала пополна на камера и како личност во реалниот живот, отколку да изгледам одлично на екранот, а како страшило во реалноста.“

    rn

    За политичката поддршка изминатата година, Џенифер изјавила: „Воспитана сум како републиканка, но јас едноставно не можам да замислам дека некогаш би поддржала партија која не ги поддржува основните права на жените. Сега е 2015-та година и хомосексуалните парови не можат да се венчаат, а ние мислиме дека далеку сме дотуркале. Но, дали е тоа навистина така? Не сакам да молчам за тие работи.“

    rn

    „Никогаш не ми било јасно зошто луѓето мораат да станат разгалени детишта кога ќе станат успешни. Сметам дека би требало да правиш многу повеќе кога ќе станеш успешен, бидејќи луѓето очекуваат повеќе од тебе. Успехот не значи дека ти е дозволено да работиш помалку и да ги третираш луѓето како да се помалку вредни.“

    rn

    „Никогаш нема да се изгладнувам заради некоја улога. Не сакам малите девојчиња да мислат ‘Ох, сакам да изгледам како неа, па ќе ја прескокнам вечерата’.“

    rn

    „Пред две недели на работа, застанав зад себе и го кажав своето мислење на јасен и пристоен начин. Без агресии, само бев отворена. Човекот со кој работев (всушност, тој работеше за мене) ми рече: ‘Еј! Сите сме овде дел од истиот тим!’. Како да му се развикав.“

    rn

    „Изгледаш онака како што изгледаш. Чувствувај се добро во својата кожа. Што ќе направиш друго? Да гладуваш секој ден за да ги направиш луѓето среќни? Тоа е едноставно глупаво.“

    rn

    „Бидете силни. Немојте да бидете некој кој слепо ќе следи сѐ, секогаш правете ја правилната работа. Помеѓу добрите и лошите работи, добриот пат е секогаш помалку стресен.“

  • 12 психолошки трикови за поголема самодоверба

    12 психолошки трикови за поголема самодоверба

    Секојдневно се наоѓаме во ситуации кога сакаме да имаме поголема самодоверба или да бидеме помалку подложни на нервозата и стресот. Кога сакаме да ја победиме анксиозноста која како сенка нѐ следи во сите ситуации во кои треба да ја покажеме нашата храброст и да ги пребродиме сите предизвици кои ни стојат на патот. Во продолжение прочитајте ги 12-те психолошки трикови кои можат да ви послужат како прва помош во оние моменти кога би сакале малку повеќе да верувате во себе и своите способности.rnrn12 психолошки трикови за поголема самодовербаrnrn1. Истражувањата покажуваат дека честото смеење ги прави луѓето посреќни. Широката насмевка и гласното смеење го „лажат“ вашиот мозок да мисли дека се чувствувате среќно.rnrn2. Во оние ситуации кога се чувствувате нервозно, конкретно во ситуациите во кои правите повторливи дејства, џвакајте гума за џвакање. Така ќе го навикнете мозокот да мисли дека не може да биде „во опасност“, бидејќи ќе ја перципирате активноста на џвакање мастика како активност која се поврзува со смиреноста и релаксацијата.rnrn3. Дознајте кому му се допаѓа вашиот карактер: Кога сте во група со луѓе, поедини личности инстинктивно ќе го упатат погледот кон личноста кон која чувствуваат најголема поврзаност.rnrn4. Немојте да велите или пишувате „Мислам“ или „Верувам дека“. Тоа може да направи да изгледате како да имате ниска самодоверба. Обидете се да бидете што посигурни во своите одлуки и избори.rnrn5. Останете мирни кога некој ви е лут. Поради тоа, личноста која ви е лута ќе чувствува уште поголема лутина или бес, но затоа подоцна ќе се чувствува засрамено, а вие ќе можете да кажете дека успешно сте ја издржале ситуацијата.rnrn6. Ако некој ви даде незадоволителен одговор, одржувајте контакт со очите и молчете. Личноста која ви го дала одговорот ќе претпостави дека оригиналниот одговор не бил доволно добар и ќе продолжи да зборува.rnrn7. Ако се „натерате“ да бидете среќни и возбудени кога ќе ја видите некоја личност која можеби и не ви е толку драга, следниот пат кога ќе треба да се сретнете и двајцата ќе бидете навистина возбудени што повторно се гледате.rnrn8. Физичките ефекти на стресот се еднакви на ефектите на воодушевувањето (отежнато дишење, забрзан пулс). Со трансформирањето на стресните ситуации во ситуации со возбуда, можете да го измамите мозокот да помисли дека се соочува со нешто позитивно, при што полесно ќе можете да најдете решение на проблемот.rnrn9. Ако очекувате дека некој ќе сака да направи да се почувствувате лошо и безвредно на некој состанок, тогаш седнете до таа личност или застанете покрај неа. Поради близината, на таа личност ќе ѝ биде непријатно да го покаже своето агресивно однесување.rnrn10. Кога одите на прва средба со некого, изберете некое возбудливо место. Спротивната страна ќе ве поврзува со чувството на возбуда и авантура.rnrn11. Кога се запознавате со некого, обидете се да ја воочите бојата на очите на таа личност. Таа информација не ви е потребна, но е техника на помош со која се осигурувате дека сте направиле контакт со очите доволно долго, што другите го сметаат за пријателски гест и мислат дека личноста со која се запознаваат е полна со самодоверба.rnrn12. Доколку сакате другите да ве сметаат за љубезни, културни и шармантни, тогаш обидете да го запомнете името на личноста со која сте се запознале, барем за таа ситуација, и подоцна искористете го во разговор.

  • Со што заведувате? Најсексапилни особини на секој хороскопски знак!

    Со што заведувате? Најсексапилни особини на секој хороскопски знак!

    Дали шармот е навистина она што ги остава без здив другите луѓе или сепак има нешто повеќе од тоа? Секој е секси на свој начин, некој плени со изгледот, некој со говорот, а некој со своето однесување. Погледнете со која особина според хороскопскиот знак го шармирате до бесвест спротивниот пол.rnrn1-so-shto-zaveduvate-najseksapilni-osobini-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnВашиот знак го симболизира богот на војната, затоа не е чудно што сте јаки, сигурни и секогаш го добивате она што го сакате. На некои луѓе како афродизијак делува вашата самостојност и независност, но ништо помалку не е значајно тоа што сте вистински борец во душата, упорни, истрајни и спремни да ја остварите својата цел по секоја цена.rn

    Бик

    rnЗборливи и дружељубиви, не е возможно да останете незабележани. Секогаш сте во центарот на вниманието, без разлика дали поради вашите теми за разговор или пак, вашата суптилна природа. Секој кој ќе се најде во ваша близина посакува да има дел од вас само за себе, а вие за возврат на секој од нив му посветувате внимание за да се почувствува посебно.rn

    Близнаци

    rnРодените во овој знак умеат да бидат прилично срамежливи и резервирани, но баш поради тоа останатите не можат да им одолеат. Интригирате со вашата воздржаност, скромност и желбата да не им се отворите премногу на другите. Така постигате ефект луѓето да ве посакуваат уште повеќе. Сепак, понекогаш е многу повеќе интересно да откривате слој по слој отколку сè одеднаш.rn

    Рак

    rnКој може да ѝ одолее на личноста која зрачи со топлина и нежност? Вие напросто мамите со своите доблести, па затоа не е чудно што луѓето се туркаат за да бидат во ваша близина. Благата природа е додатен бонус на која не може да ѝ кажат „не“ ниту нечувствителните.rnrn2-so-shto-zaveduvate-najseksapilni-osobini-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Лав

    rnВашата моќ лежи во довербата и сигурноста со која зрачите. Во секоја ситуација преземате одговорност и оддавате впечаток на личност на која секој може да ѝ го довери својот живот во раце. И како тоа може да помине незабележано? Покрај тоа, вие секогаш доминирате, го преземате првиот чекор и со целокупната своја личност ја подигате температурата во просторијата каде што сте.rn

    Девица

    rnВашиот уметнички ум во комбинација со зборливоста е убиствен. Можете да бидете закопчани до грло, но кога ќе започнете да зборувате, вашите зборови на другите влијаат како хипноза. Мајстор сте да го одвлечете секого во кревет само врз основа на она што го зборувате и нема личност која може да ви каже „не“.rn

    Вага

    rnВашиот знак важи за најпосакуван во целиот Зодијак. Од вас просто блеска шарм, убавина и добрина, па не е чудно што обичните смртници би ја продале својата душа за да ви се приближат. Кога ќе се појавите, тие не знаат каде најпрво да ве погледнат, па ве скенираат од глава до пети, па потоа од почеток започнуваат да шараат со погледот по вас.rn

    Скорпија

    rnТолку сте храбри и страсни што апсолутно никој не може да се воздржи да не падне во вашиот вртлог. Енергијата која ја емитувате е фатална за секој кој ќе се најде во ваша близина, бидејќи се шири како зараза. Кога се користи изразот „секс на две нозе“, тогаш луѓето опишуваат некој припадник на вашиот знак.rnrn3-so-shto-zaveduvate-najseksapilni-osobini-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Стрелец

    rnИако важат за најсреќен хороскопски знак, далеку од тоа дека вие само седите и чекате да ви се посреќи. Вашата спонтаност е она што најмногу ги возбудува другите луѓе, бидејќи секогаш сте тука за да испробате нови работи, не се плашите да ризикувате и генерално сте бестрашни.rn

    Јарец

    rnВашата луцидност и изразена духовитост се она што ги тера другите да „одлепат“ по вас. Ако можеме да ја споредиме смеата со алкохол, можеме да кажеме дека една ваша шега е еднаква на два пијалака, а вие имате толку духовитост и шеги во себе, па не е чудно што луѓето се „пијани“ од вас штом се во ваше друштво подолго од 15 минути.rn

    Водолија

    rnПремногу сте корисни и знаете како да укажете внимание на секого. Припаѓате на оние личности за кои се вели дека се слатки, но не поради надворешниот изглед туку поради однесувањето и таа сладост е навистина секси. Знаете да ја кажете вистинската работа во секој момент и да ги притиснете вистинските копчиња во умот на другите за да ве посакаат.rn

    Риби

    rnМрачни сте и таинствени, па не е чудно зошто сте им толку привлечни на луѓето. Понекогаш вашата резервираност прави да изгледате како вистински осаменик и уште повеќе ги привлекува другите. Тоа е и логично, бидејќи темнината отсекогаш била повозбудлива од светлината.