КАФЕ ПАУЗА

Tag: шарм

  • 8 работи кои мора да ги знаете за жените Ваги

    8 работи кои мора да ги знаете за жените Ваги

    Добро е познато дека машките и женските хороскопски знаци се разликуваат во некои работи, па затоа ние денес решивме да ви откриеме 8 најкарактеристични особини на жените Ваги.rnrn1-8-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-za-zhenite-vagi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Можат да ве шармираат кога и како сакаат

    rnЖените Ваги се познати како неверојатно шармантни личности, бидејќи се многу досетливи и имаат одлична смисла за хумор. Нив ги сакаат сите луѓе, бидејќи тие знаат да го прилагодат својот шарм на секоја личност и во секоја ситуација. Тие едноставно сакаат другите луѓе да ги сакаат, па затоа се одлични во „читањето“ на луѓето и прилагодувањето на нивниот карактер.rn

    2. Неодлучни се

    rnВагите нема да се она што се ако не се неодлучни и ако постојано не мислат дали нешто да направат или пак да кажат не. Иако оваа особина може да им помогне при решавањето на некои конфликти, од друга страна пак, може да претставува вистинско мачење кога треба да се донесе одлука. Нив никогаш не треба да ги прашувате да изберат помеѓу две работи, туку е неопходно да ги ставите пред совршен чин.rn

    3. Тие се вистински дипломати

    rnАко сакате да смирите некои ваши блиски луѓе, во тоа задолжително ангажирајте ги жените Ваги. Тие се неверојатно мирни, па со самото тоа идеални личности за решавање на сите можни конфликти. Тие секогаш ќе пронајдат заеднички јазик со другата страна и нема да дозволат ниту најмала ситница да прерасне во конфликт, а конфликтот во голема расправија.rnrn2-8-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-za-zhenite-vagi-www.kafepauza.mk_rn

    4. Ги почитуваат правичните и праведните личности

    rnНикој не ги сака повеќе правичните и праведните личности, ниту пак ги цени повеќе од жените Ваги. Едноставно, тие се тип на личност кои секогаш настојуваат да одржуваат фер и коректни односи со другите луѓе, кои не ја сакаат неправдата, а уште помалку луѓето кои се неправедни. Доколку сакате да се дружите или забавувате со жена Вага, овие две особини мора да ги поседувате.rn

    5. Премногу се интелигентни

    rnЖените Ваги, па и самите Ваги, важат за премногу интелигентни личности кои многу читаат, информирани се за сè и упатени во сè што се случува околу нив. Ќе ве изненади начинот на кој зборуваат, со своите интелигентни шеги, но и со досетливоста и мудроста.rn

    6. Тие се големи естетичари

    rnВагите, а особено жените Ваги се големи естетичари и имаат око и за најситните детали. Па затоа, тие најчесто се занимаваат со некој вид уметност, а доколку тоа не им е работа, тогаш како по правило им е хоби.rnrn3-8-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-za-zhenite-vagi-www.kafepauza.mk_rn

    7. Обожаваат да флертуваат

    rnАко може да се каже за некој хороскопски знак дека сака да флертува и многу дека ужива во тоа, тогаш тоа дефинитивно се Вагите. Било да се врзани или пак не, Вагите секогаш ќе флертуваат, бидејќи едноставно тоа е појако од нив. Меѓутоа, во поголемиот дел од случаите Вагите не се ниту свесни дека флертуваат, туку тоа го забележуваат откако другата страна ќе им даде повратна реакција.rn

    8. Секогаш се смирени

    rnВагите не се ниту малку импулсивни, па никогаш нема да ги видите како „полудуваат“ или да се толку нервозни за да не можат да го скријат тоа. Едноставно, тие пронаоѓаат излез во секоја ситуација и се обидуваат да не прават голема драма околу тоа. Меѓутоа, и тие имаат свои луди минути и тогаш би било најдобро да стоите подалеку од нив.rnrn4-8-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-za-zhenite-vagi-www.kafepauza.mk_

  • Моќта на жените Ваги: Откријте зошто секој маж копнее по нив

    Моќта на жените Ваги: Откријте зошто секој маж копнее по нив

    Вие лесно можете да ја препознаете жената Вага по својата елеганција која зрачи со секое нејзино движење. Таа е совршено природна и секогаш своја, па токму затоа и со својата грациозност го привлекува погледот на сите мажи околу неа. Доколку и вие сте жена Вага, тогаш треба да знаете нешто многу важно: мажите едноставно полудуваат кога ќе ве запознаат. Вашата женственост, шармантност и заразни насмевки се неодоливи мамки за припадниците на посилниот пол кои можат за само една секундa да ги заробат без тие да знаат што се случило.rnrnМоќта на жените Ваги: Откријте зошто секој маж копнее по нивrn

    Шармот на жените Ваги

    rnБидете искрени и признајте дека понекогаш го користите вашиот шарм со цел да постигнете некоја цел. Вам доволно ви е само еден поглед со цел да го омекнете секој соговорник. Исто така никогаш не би одговориле агресивно на напад, туку би ја искористиле својата прекрасна енергија за да го смирите разговорот и да се вратите во мирните води. Вие имате граница преку која не дозволувате да ве турнат, па токму затоа се случува и да ги избегнувате примитивните и гласни луѓе кои прават да се чувствуваат лошо во нивна близина.rnrnВие не сакате да ги наметнувате вашите ставови ниту пак се држите цврсто за нив. Во вас постои силна црта на емпатија и сакате искрено да го сфатите размислувањето на сите околу вас. Ако откриете дека некој размислува различно од вас, вие нема веднаш да ги прогласите за глупави и да се обидете да ги уверите во вашите ставови, туку едноставно ќе размислите дали тие можеби се во право. Да, жените Ваги не се срамат да признаат дека понекогаш грешат и токму оваа карактеристика ги сместува во малцинството.rn

    Љубовниот живот на жените Ваги

    rnВо љубовта тие играат отворени и без скриени карти во нивните ракави, па токму затоа и истото го бараат од својот љубен. Кога вистински сака, таа е спремна да го прави тоа без граници. Но, внимавајте бидејќи не сите луѓе се како вас. Некој лесно би можел да ја прогласи вашата искреност за наивност и да ве повреди.rnrnВагите најдобро се чувствуваат во долгите врски со цел, многу подобро отколку во минливи авантури кои не водат никаде. Сепак дури и во најцврстите врски имаат потреба од простор за себе. Поради силната смисла за правда, Вагата истата слобода ќе ја дава и на својот партнер. Вагата од партнерот бара тој да биде вистински маж, додека таа ќе биде неговата најголема поддршка. Откако ќе има свои деца, таа ќе биде одлична и грижлива мајка. Но, доколку случајно се појават проблеми, таа може да ја покаже и својата силна страна, бидејќи кога ќе дојдат тешки времиња таа влече од себе сила која дури ни самата не знаела дека ја поседува.

  • Шармирајте како француските дами

    Шармирајте како француските дами

    Француските дами отсекогаш имале некој посебен шарм. Нивната безгрижност и заводливост е можеби и причината зошто тие се толку познати и обожавани. Но што поточно ги прави француските дами толку уникатни и со беспрекорен стил?rnrnsarmirajte-kako-francuskite-dami-kafepauza.mkrn

    1. Квалитет vs. квантитет

    rnОдносно: купувајте помалку облека, но со поголем квалитет. Типичниот француски гардеробер можеби само еднаш годишно се обновува, но парчињата кои се купени вредат да бидат внатре. А таму сигурно нема да се најдат голем број сезонски парчиња.rnrnНачинот на кој е направенa облеката исто така е многу важен за француските муштерии како нивниот квалитет. Многу поголема е веројатноста да видите француска дама како носи исто сако на различни начини, отколку различни сакоа за секое излегување.rn

    2. Кројот е есенцијален

    rnУште една причина за средениот изглед на Французинките е тоа што тие внимаваат на тоа како облеката им стои. Широките пантолони, тесните фустани и облеката со дупки е гардероба која дефинитивно не припаѓа овде. Француски жени велат: „облекувај се за бројот кој го носиш, а не за оној што би сакала да го носиш“. Облеката која ви е точна го прави вашиот изглед да биде уште пософистициран и стилски совршен.rn

    3. Внимателно со трендовите

    rnМногу е мала веројатноста да видите жена од Франција која ќе биде облечена според најнова мода. Не, тие не ги избегнуваат модните трендови, туку одбираат кои ќе го прифатат. Плус, Французинките се оние кои ги измислија модните трендови.rnrnКлучот е во миксот: мешајте класично со модерно, ново со старо и секојдневно со свечено. Важно е да имате личен стил, а тоа е нешто што дамите од Франција го имаат и премногу.rnrn2-sarmirajte-kako-francuskite-dami-kafepauza.mkrn

    4. Не претерувајте

    rnНемојте да се накитите како новогодишна елка. Никогаш нема да најдете дама која има премногу шминка, избелени заби, високи потпетици, гломазен накит и силен парфем во исто време. Класичната едноставност е токму она што плени. Дури Коко Шанел рекла дека пред жената да излезе од вратата, таа треба да се погледне во огледало и да го тргне првото парче накит кое ќе го здогледа за да избегне премногу нападен изглед.rn

    5. Опремете се со основните парчиња

    rnИако денеска модата влијае многу на облеката која ќе се најде во нашиот плакар, сепак постојат некои парчиња кои дефинитивно мора да ги имате. Квалитетна јакна во темносина или црна боја, балетанки, црн фустан, фармерки, блузи од свила, џемпери од кашмир и добар пар салонки се дефинитивно најважните парчиња кои мора да се најдат во нашиот плакар.

  • Mал апартман во Менхетн полн со топлина и женственост

    Mал апартман во Менхетн полн со топлина и женственост

    Дизајнерите Линдзи Босвел и Али Левин од LABLstudio при уредувањето на овој апартман, сместен во Менхетн, прават одличен спој меѓу земјените тонови и ненадејните изблици на јаки бои, произведувајќи дом кој е релаксирачки, топол и неверојатно женствен.rnrn(0) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mkrnrnrn

    Тие велат: „При уредувањето на апартманите особено важно е да создадете одделни делови за дневен простор, спиење, забава итн., дури и ако сите се дел од една соба. Секогаш кога имаме можност, се трудиме да го направиме тоа.“

    rn(1) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mkrnrnОсобено важно е тоа што парчињата мебел во овој животен простор може да се користат за повеќе намени, благодарејќи на идеите на дизајнерите. На пример, масичката поставена меѓу двата прозорци може да служи како место за вечерање, работно биро или за шминкање и средување, со оглед на поставеноста на огледалото. Полицата над креветот пак е уште еден паметен начин на максимално искористување на и онака малиот простор. Доколку трагате по идеи, погледнете ги сликите и инспирирајте се!rnrn(2) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (3) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (4) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (5) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (6) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (7) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (8) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (9) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk

  • Како да бидете шармантни?

    Како да бидете шармантни?

    Шармантните луѓе се свои, се сакаат себеси, а истовремено ги почитуваат другите и се секогаш пријателски настроени. Доколку мислите дека ви недостасува малку шарм во вашето однесување, погледнете како можете да го промените тоа.rnrnКако да бидете шармантни?rnrn

    Интересирајте се за другите

    rnБидете промислени кога покажувате вистински интерес за она што го прават другите. Доколку ви е тешко први да започнете разговор со некого, тогаш кога соговорникот ќе отвори некоја тема на разговор, не срамете се да поставувате прашања. Доколку пак, другите вам први ви приоѓаат, слушајте внимателно што имаат да ви кажат и бидете промислени во одговорите.rn

    Гледајте го соговорникот во очи

    rnОчите се огледало на душата. Многу е важно за време на разговорот да го гледате соговорникот во очи, бидејќи тоа суптилно покажува дека го/ја разбирате, почитувате и ви значи.rn

    Бидете точни

    rnКога имате закажано средба со некого, настојувајте да се појавувате навреме. Точноста е знак дека ги почитувате. Доколку пак некогаш ви се случи да задоцните, тогаш барем известете ги преку повик или порака.rn

    Давајте комплименти

    rnБидете искрени кога давате комплименти, инаку би наликувало на ласкање, што само ќе ги оттргне луѓето од вас. Исто така, не очекувајте ништо за возврат, бидејќи некои луѓе и не знаат што да кажат кога некој ќе ги пофали. Само бидете искрени и со сигурност ќе оставите добар впечаток.rn

    Сочувствувајте

    rnСочувствувате со некого кога можете да се ставите во нивната ситуација и да претпоставите како се чувствуваат, па според тоа, да ги сослушате и охрабрите. Ваквата особина е важна бидејќи создава чувство на несебичност, што ги прави другите да се чувствуваат сигурно и пријатно кога се со вас.rn

    Внимавајте на деталите

    rnСамо ако внимателно слушате ќе можете да ги запомните деталите за одредена личност. Ова е најлесниот начин да ја придобиете нивната почит и доверба.rnrn

    Смисла за хумор

    rnБидете свои и негувајте си ја уникатната смисла за хумор. Не бидете премногу саркастични бидејќи ако претерате може да ги повредите другите и да направите да се чувствуваат непријатно. Само опуштете се и бидете насмеани.rn

    Никогаш не престанувајте да учите

    rnШармантните луѓе се секогаш во тек со сè што се случува и лесно може да се вклопат во секој разговор. Затоа, бидете љубопитни, истражувајте и учете постојано. Ова ви ги шири видиците и ве прави поотворени кон луѓето од други култури истовремено, што пак е огромен плус каде и да одите.rn

    Покажете ранливост

    rnРанливоста покажува дека сте човек, дека имате чувства и дека не секогаш можете да бидете совршени. На овој начин, природно ќе се поврзете со другите и веднаш ќе ја стекнете нивната доверба.rn

    Забавувајте се

    rnЖивотот е краток, затоа забавувајте се. Ако имате можност да направите нешто ново и различно, не мислете се премногу и едноставно прифатете го предизвикот. Запомнете, личноста која ужива во слободата и знае да се забавува е секогаш привлечна и достапна за другите.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прошетка низ шармантниот Истанбул

    Прошетка низ шармантниот Истанбул

    Автор на текст и фотографија: Петар ПетковскиrnrnИстанбул е вториот најголем град во Европа и осмиот по големина во светот со 14 милиони жители. Ова е еден од најживописните градови на планетата, а многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“.rnrnПрошетка низ шармантниот ИстанбулrnrnОд утро до мрак градот пулсира во еден своевиден организиран хаос, а реките од луѓе и автомобили никогаш не запираат. Секој нареден миг се воодушевувате од секој нов откриен агол на градот, заборавајќи на уморот од километрите поминати во пешачење низ тесните улички, живописните чаршии и тезгите со дрангулии. Хоризонтот е исполнет до бесконечност со џамии и цркви, дворци и кули, кои векови наназад ја прераскажуваат историјата на оваа територија, судирите помеѓу христијанството и муслиманството, спојот на Европа и Азија.rnrnБез разлика дали сакате да се качите на траект и да „скокнете“ во Азија, да се восхитувате на најновата современа уметност во арт-музејот „Istanbul Modern“, да ги видете зашеметувачките византиски мозаици во црквата на Свети Спас, или пак да прошетате низ векови старата чаршија, Истанбул вреди да се посети, и е место каде што буквално, истокот се сретнува со западот.rnrnПрошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул

  • Уникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот дом

    Уникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот дом

    Тапетите може да бидат еден од најубавите украси во домот, кои му даваат шарм и топлина на просторот, создаваат препознатливост, а за сето тоа не ви се потребни многу средства. Истовремено тие се брз и едноставен начин за криење на несовршеностите на ѕидовите и создаваат илузија за совршеност. Тие се практични, можат да се менуваат и овозможуваат драматика и шарм што не може да се постигне со нанесување на бои. Тапетите се и лесни за одржување, можат да се чистат со влажна крпа, па дури и со употреба на детергенти.rnrnУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домrnrnНезависно дали сакате да го уредите својот дом, канцеларија, хотел или кафуле, компанијата „Ground Fashion“ нуди најразлични дизајни на квалитетни тапети, со класичен или модерен изглед, со широк спектар на бои и дезени, а може да се порачаат и уникатни тапети креирани од врвни европски дизајнери.rnrnУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домrnrnКомпанијата „Ground Fashion“ постои на македонскиот пазар од 2009 година, а од пред неколку месеци со нов продажен салон на улица 29 Ноември бр. 17, локал 8, спроти Универзална сала во Скопје. Ексклузивен застапник на македонскиот пазар е на реномираните производители „Elitis“, „Grandeco“, „BN“ и „Duralmond“ кои произведуваат високо квалитетни и декоративни тапети и панели. rnrnУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домrnrnПотрошувачите во салонот на „Ground Fashion“ имаат можност за избор на најразлични декоративни тапети за внатрешно уредување произведени од високо квалитетен, специјален винил материјал кој е лесен за одржување.rnrnУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домrnrnПокрај тапети потрошувачите можат да нарачаат и декоративни „Duralmond“ панели, кои покрај за внатрешно може да се користат и за надворешно уредување. Моделирани во повеќе форми или текстури, тие обезбедуваат единствен материјал за украсување на површини. Тие се изработени од биоразградлив материјал, кој може да се рециклира, водоотпорни се, и се карактеризираат со добра акустика и отпорност на оган.rnrnУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домrnrnВо салонот може да се пронајде и новата колекција на тапети од реномираниот француски производител Елитис. Колоритни и исклучително живописни тапети инспирирани од животот, уметноста, музиката и фотографијата. Станува збор за високо квалитетни тапети кои внесуваат страст и топлина во домот.rnrnУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот дом
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Флертувачи, додворувачи, шмекери…

    Флертувачи, додворувачи, шмекери…

    „Твојата коса е како стадо овци кои се спуштаат надолу по ливадата…“ Кога мојата професорка го прочита ова, искрено, прснав од смеење. Беше пред едно 7 години, ама оваа фраза никогаш нема да ја заборавам. Зошто сум се смеела? Човекот кој го напишал ова си бил вљубен, заслепен од убавината на девојката, од нејзината долга коса, и само да напоменам, бил многу поискрен од кое било момче што ќе ви пријде во ноќен клуб во денешно време.rnrnЗаводливост, кокетни насмевки, расфрлање со шарм? Нема ни флерт ни вистинско додворување, ни тие искри и жарчиња. Во денешно време сè се сведува на Сакаш да се муваме? Траги-комедија…Флертувачи, додворувачи, шмекери...Прв начин да ѝ се „пуштиш“ на некоја – искористи ги социјалните мрежи. Глумат манијаци, ти се чини некој ги плаќа будно да го следат твојот профил 24/7. Во ред, нови времиња и нови начини на ширење познанства, само собери храброст и покани ја девојката да се видите во живо и извежбај при таа средба да успееш да направиш макар пола од муабетот кој си го правел на ФБ. Друг начин е да „пуштиш јадица“ во ноќен клуб и да видиш која ќе се фати. Ама најчесто без праќање заводливи погледи или пијачки, туку манијачко ѕверење во женската, а дури да собере храброст заврши вечерта. Без ризик, игра на сигурност, не дај Боже да ѝ покажеш на женската дека стварно ти се свиѓа и би сакал подобро да ја запознаеш. Финти како од филмчињата, праќање порака на нејзината маса… ма не, подобро ќе пуштат стројници.rnrnЕ, стројниците во 21-ви век се една од најинтересните појави. Дури играш расипан телефон преку братучед ти до другарот негов кој ќе треба да ѝ каже на другарката на оваа што ти се свиѓа, пораката три пати ќе се измени или изгуби во превод, а додека стигне до девојката таа може и да се омажи. Биди маж – кажи ѝ во лице. Ха! Какви мажи, одамна изгуби тежина овој термин. Сега жените се поголеми „мажи“ за многу работи.rnrnА жените, нема да ги поштедам само затоа што сум една од нив. Ок, момците не знаат да флертуваат (поголемиот дел, големо извинување до ретките исклучоци), ама и жените не се цвеќиња за мирисање. Ако си застанала на шанк и глумиш ледена кралица не очекувај дека некој околу тебе вртоглаво ќе паѓа. Друга работа, ако си се облекла како за на кастинг за во јавна куќа (со извинение), не очекувај дека ќе флертува со тебе некој нормален.rnrnКако и да свртиш за сè си има две страни. А бидејќи нема начин да бидеме јасни кога станува збор за тоа дали си достапна за флерт (освен ако нејќеш да шеташ со натпис на челото), ќе мора да преземаме ризици.rnrnВо секој случај, вреди да се ризикува. Момци, пробајте најнормален пристап, без глупости и филозофии и видете што ќе бидне. И да добиеш корпа, никому-ништо, никој не умрел од тоа. Замислете таа да била жената на вашиот живот, онаа по која сте трагале толку долго време, а вие сте уништиле сè преправајќи се дека сте пијани (за да изгледате кул и опуштено), и пристапувајќи ѝ со некаква крајно глупава фраза. Нели е греота да си уништите таква шанса? На крајот на краиштата, флертувањето е едноставно и лесно, не ви треба докторат за да ви успее.rnrnДо следното читање,rnrnФлертувајте смело.rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Есенски лисја аранжирани во боите на виножитото

    Есенски лисја аранжирани во боите на виножитото

    Есента конечно зема полн замав, па во таа чест решивме да склопиме повеќе фотографии од различни артисти, кои прецизно ги уредиле есенските лисја, за да личат на виножита и да ни го приближат шармот кој го има ова годишно време. Се надеваме дека ќе уживате во нив.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Некои го сакаат тоа жешко

    Некои го сакаат тоа жешко

    Од каде излезе темата за слатки vs. жешки, стварно немам појма, ама според муабетот што го направив со некои момци, испаѓа дека машкиот мозок по автоматизам ги класифицира девојките на овој начин. Некои преферираат жешки девојки, некои слатки… некои ама баш секакви. Каква треба да биде девојката за да биде класифицирана во групата на слатки, а каква за да го заслужи епитетот „жешка“?Некои го сакаат тоа жешкоАко ние можеме да направиме груба поделба на момците на добри и лоши момци, во ред, им дозволуваме и тие да нè поделат на слатки и жешки. Станува збор за слатка, како карактеристика на една личност. Тоа се оние мирни девојки, внимателни и нежни. А од другата страна се оние кои шират, слободно да се изразам, сексуална енергија и едноставно се женствени. И нема врска дебелината, висината, убавината. Сè е до карактер. Ќе помислите дека ова е можеби најизлитената фраза, но вистина е. Карактерот, движењата, начинот на зборување, го формираат шармот кој го ширите околу вас, енергијата која ја пренесувате. Како ќе ве гледаат другите зависи од вас самите. Ви се случило да ви се допаѓа момче кое со својот физички изглед не е според вашите критериуми? Да, ама ќе речете дека го има она нешто… тоа НЕШТО е неговиот шарм.rnrnНо, дали во секоја од нас спие една скриена страна која не веднаш излегува на виделина? Еднаш слушнав дека човекот и самиот не е свесен на што сè е способен. Што сè може да направи со себе, и дека со одредени наши постапки можеме и самите себе да се изненадиме. Дали во онаа навидум слатка девојка се крие нешто жешко? Со сигурност ќе речам да. Само што постојат девојки кои остануваат во групата „слатко“ и други кои се форсираат да останат во она „жешко“. Но трети пак, знаат да бидат слатки или жешки во вистинско време и на вистинско место.rnrnНекои од момците рекоа дека помеѓу слатка и жешка секогаш би избрале слатка, други пак, многу нормално дека ќе тргнат по онаа жешката. Има такви кои сакаат жешка за забава, а слатка, доколку бараат девојка за сериозна врска.rnrnВсушност можеме да бидеме ама баш сè што ќе посакаме. Жешко или слатко, добра девојка или ладна кучка, ама сè си доаѓа по заслуга.rnrnОна што со сигурност јас го сакам жешко е моето утринско кафе.rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.