Шаренилото кое блика од овие градови веднаш ќе ве примами да ги посетите, а несомнено и повторно да им се навратите за да го почувствувате нивниот шарм.rn
Риомаџоре, Италија
rnОва мало гратче сместено во делот на Италијанското крајбрежје, Чинкве Тере е популарна туристичка атракција. Она што му дава посебен шарм и убавина се прекрасните обоени куќи залепени еднa до другa. Освен доброто вино, Риомаџоре нуди незаборавна прошетка по Патеката на љубовта.rnrn
rn
Нихавен, Данска
rnНихавен е крајбрежен град кој датира од 17-от век. Ова место е познато по разновидниот забавен живот кој го нудат многубројните барови и ресторани. Дрвените историски бротчиња се посебна атракција кои дополнително го разубавуваат ова навистина интересно место.rnrn
rn
Гванахуато, Мексико
rnОва мексичко гратче познато по богатата шпанска архитектура е основано во 1554 година. Поради својата местоположба, улиците се тесни и многу од нив се забранети за автомобили. Прекрасните згради ја добиле својата боја од розовиот и зелениот песочен камен, кој се користел при нивната изградба.rnrn
rn
Џодпур, Индија
rnОвој град е познат и како „Синиот град“, поради сините куќи кои можат да се забележат оддалеку. Се верува дека куќите се фарбани сино како резултат на класниот систем во Индија. Друго верување е дека жителите на овој град, побожните Брахмини, ги обоиле нивните домови во сино за да се разликуваат од останатата популација.rnrn
rn
Валпараисо, Чиле
rnВо буквална смисла овој град значи Рајска Долина. Поседува богата архитектура, калдрмисани патишта и интересни палати. Поради својата уникатност, овој град е заштитен од УНЕСКО.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrn
rnrnСо 
Направен за оние кои сакаат да изгледаат деликатно и женствено, а истовремено моќно. Силвија Фенди сакала да создаде уникатен мирис кој ќе привлекува внимание, така што доколку некој го носи на себе, каде и да поминува, секој да се врти и да не може да му одолее. Неговата богата цветна миризба со сигурност ќе ве освои.rn
Креиран со идејата да биде најдобар на сите времиња кој тие некогаш го создале, овој прекрасен парфем дефинитивно го заслужува вашето внимание. Неговата цветно-овошна комбинација ќе ве натера да подзинете, ако не вие самите, машкиот пол со сигурност. Направен е од хаитска тијара, пачули и мед и е спакуван во елегантна стаклена амбалажа.rn
Исполнет со емоции, прекрасен и мистериозен. Вплотување на апсолутна женственост во еден цветен букет со миризба на рози и јасмин. Свеж парфем погоден за потопли денови, кој ќе успее да ве направи своја и единствена.rn
Ориентален мирис врз база на килибар, 4 вида на етерични масла (Индиска сандаловина, Индонезиски пачули, цитрус смола и бензоин) и ванила. Топол, сладок мирис кој би бил погоден за вечерни рандевуа и луксузни вечери.rn
Создаден во 2005 година, асоцијација за незаборавни и луди летни ноќи. Сплотеноста од рози, портокали, мандарини, лилјани, ванила, јасмин, сандаловина и многу други добро искомбинирани состојки, дава заводнички мирис кој нема да го остави рамнодушен машкиот пол.