Близначињата се двоен дар од Господ за родителите. Секое бебе е слатко, па замислете колку можат да ве растопат од радости и нежности две или повеќе одеднаш. Направивме селекција на најслатките бебиња-близначиња кои можат да се најдат на интернет и ги споделуваме со вас. Ќе се сложите ли дека ова е сладост на квадрат?rnrn rnrnПродолжете на наредната страница…rnrn
Летото е период кога се прават многу свадби и период на убаво облекување. Па за такви специјални прилики како што се свадбите, поинаку и не треба да биде. Направивме селекција од 14 модели на фустани зад кои стојат некои од поголемите дизајнерски имиња, кои се надеваме ќе ви послужат како инспирација за следната свадба за која се спремате ова лето.rnrn
Убавиот пар фармерки ви избледи, омилената кошулата ја искапавте со црвено вино, а чевлите кои ги купивте пред неколку месеци веќе изгледаат старо? За да не ги посетувате бутиците почесто од потребно и за да не ја испразните вашата кредитна картичка, научете ги овие неколку трикови, со кои можете да ѝ го продолжите векот на вашата гардероба.rnrnrn
Спречете го избелувањето на фармерките
rnКолку пати ви се случило да си купите одличен пар фармерки и после само неколку перења, да им избледи бојата? Наместо да се разочарувате, употребете еден трик при перењето кој ќе направи вашите фармерки да траат со години.rnrnrnrnПред првото перење на фармерките, потопете ги во леген со иста количина на студена вода и бел оцет, за да ја фиксирате бојата. Пред второто перење, повторно потопете ги фармерките во послаб раствор од вода и бел оцет, половина час пред да ги перете во машина, за да ја одржите свежината на бојата. Во 3 литри ладна вода, ставете 3 децилитри бел оцет или повеќе доколку забележите дека водата сè уште се обојува. Најважно од сè, е никогаш да не заборавате да го превртувате џинсот наопаку пред да го перете во машина. Овој едноставен чекор, може да значи одржување на квалитетот на бојата, во наредните неколку години.rn
Зачувајте ја облеката која има интензивна боја
rnЗачувајте ја облеката со силна боја, така што ќе ја перете во студена вода и ќе додадете 80 мл бел оцет во последното плакнење. Не грижете се дека облеката ќе ви мириса на оцет. Додека да се исуши, нема воопшто да се чувствува мирисот, а боите ќе заблескаат.rnrnrn
Отстранете ги тврдокорните дамки
rnРечиси секоја дамка може да биде отстранета доколку реагирате веднаш. Употребете газирана вода или микс од сапун и топла вода, веднаш кога ќе се потурите со нешто. Освен ако не станува збор за некоја ептен лоша дамка, со овие трикови би требало веднаш да ја исчистите. Неколку капки шпирт врз тврдокорна дамка од мастило или трева, ќе направат чудо. За дамки од џус од портокал или црвено вино, пробајте со микс од неколку супени лажици сода бикарбона и малку вода, за да се формира паста. Тријте ја дамката со пастата и почекајте да се исуши на ткаенината пред да ја перете.rnrnrnrnДоколку дамката е веќе фиксирана, сепак не фрлајте ја облеката во контејнер. Наместо тоа, купете боја за бојадисување и следејќи ги упатствата на пакувањето, бојадисајте го вашето оштетено парче облека во потемна боја. Тоа ќе изгледа како ново и би требало да ја покрие непослушната дамка.rn
Освежете ја црната облека со кафе или чај
rnЗабележувате како вашиот убав црн фустан почнува да избелува? Додадете една шолја со силно кафе или темен чај во плакнењето. Можеби звучи необично, но делува.rnrnrn
Продолжете им го векот на градниците
rnГрадниците е најубаво да се перат на рака во легенче со ладна вода и течен прашок за алишта, бидејќи се нежни. Доколку сепак се одлучите да ги перете во машина, купете специјална мрежа за перење градници или едноставно ставете ги во навлака за перница. Со овој начин на перење, тантелата на градниците нема да стане како корка и нема да се искине, ниту прерамките ќе се растегнат. За да не ги оштетите градниците, избегнувајте да ги сушите во сушилница во која поради брзото вртење и топлината ќе се оштети нежниот материјал.rnrnrn
Одржете го изгледот на вашите чевли
rnПосле секое носење на чевлите, поминете ги со влажна крпа. Можеби ова звучи премногу познато, но редовното отстранување на прашината од чевлите е основен чекор, за спречување на појава на бори и пукнатини, кои потоа не можат да се поправат. За да го одржите правилниот облик на патиките и потпетиците, отстапете им доволно простор на полицата за чевли за да не се гмечат и вметнете стуткан весник внатре. Кожните чевли се склони кон сушење, поради тоа редовно чистете ги со влажна крпа, полирајте ги со боја за чевли и често премачкувајте ги со бебешко млеко за тело, за да ја одржите влажноста. Со добра грижа, вашите чевли секогаш ќе изгледаат како нови.rnrnrn
Селектирајте ја облеката и според типот на материјалот
rnСигурно ги селектирате вашите прачиња облека пред перење на бели, темни и шарени. Но, имајте на ум дека повеќе ќе ѝ го зголемите векот на вашата гардероба, доколку ја селектирате и според материјали. Парчињата облека кои сте ги ставиле во машината за перење многупати меѓусебно се преплетуваат и тркалаат заедно, па најверојатно не сакате вашата нежна и тенка кошула за на работа да се искине од патентот на дебелиот џемпер или да поприми влакна од некој материјал којшто испушта. Селектирајте ја гардеробата на нежна облека за на работа и излегување, памучни маици, панталони и чаршави и дебела облека како дуксери и фармерки. Не заборавајте да ги закопчате копчињата и патентите пред да ја ставите облета во машина, за да спречите тие да искинат некое друго парче, при вртењето.rnrnrn
Чувајте ја паметно облеката во плакарите
rnДоколку парчињата облека во вашиот гардеробер, честопати имаат тенденција да го губат својот облик, тоа значи дека не се чувани добро. За да го решите овој проблем, треба да знаете кои парчиња треба да се здиплат, а кои да се чуваат на закачалка. Џемперите, дуксерите и маиците повеќе го задржуваат природниот облик доколку се чуваат здиплени, бидејќи закачалките можат да го растегнат материјалот околу рамената. Закачете ги на закачалка фустаните, кошулите, пантолоните и свилените блузи, за да го спречите збрчкувањето и губењето на обликот.rnrnrnrnТешките одела и јакни чувајте ги на поцврсти закачалки, бидејќи тежината ќе ги искриви нежните закачалки, што може да доведе до губење на обликот околу рамената на оваа ваша скапа облека. Облеката за другите сезони, спакувајте ја во платнени торби со патент и во пластични кеси кои се вакуумираат, за да спречите навлегување прашина во внатрешноста на материјалот, појава на мувла и дупки од молци.rn
Други важни совети околу перењето и сушењето
rnМожете многу да им го продолжите животот на вашите парчиња облека, перејќи ги во ладна вода. Со тоа не само што ќе заштедите енергија, туку и ќе ја зачувате бојата, формата и големината на облеката.rnrnПреполнувањето на машината за перење може исто така да ја оштети облеката, така што поделете го големиот куп на два дела, на две машински перења. Секогаш кога можете, сушете ја облеката на природен начин, а не во сушилница, за да избегнете избелување на бојата, нагризување на материјалот и набирање и смалување на облеката.rnrnrnrnПоследно, но не и неважно, е дека секогаш треба да внимавате на количеството детергент и омекнувач кое го употребувате. Не ставајте повеќе од препорачаната доза, бидејќи тоа не само што нема подобро да ги исчисти вашите алишта, туку ќе направи да изгледаат млитаво и круто.rnrn rnrn
Автор: Даниела РаденлиеваrnrnТВ сериите ни прават друштво во слободното време и иако ретко кој има многу часови на располагање во денот за да ги помине пред телевизорот, сепак миговите додека се релаксираме на овој начин ни причинуваат големо задоволство. Затоа ви нудиме 6 нови серии чии премиери ќе бидат во 2012 година и кои ќе ви годат со шолја кафе во секој дел од денот.rn
1. Куќа на лаги (House of Lies)
rnЖанр: драма, комедијаrnЈазик:англискиrnПремиера: 8 јануари 2012 на ShowtimernГлавни улоги: Дон Чидл, Дон Оливиери и Кристен Бел, која веројатно ќе ви биде одлучувачки фактор за да почнете да ја гледате серијата, а ја знаете како озборувачката во најпопуларната тинејџерска серија „Gossip Girl“rnКратка содржина: Серијата следи група на менаџмент-консултанти кои ќе направат сè за да ја склучат бизнис зделката, без притоа да се двоумат дали и кого ќе искористат за да ја добијат информацијата која им е потребна на нивните клиенти.rnrnНаправена е според книгата на Мартин Кин: „Куќа на лаги: Како менаџмент-консултантите ќе ви го украдат часовникот, а потоа ќе ви кажат колку е часот”, па освен добра забава, ви нуди и можност да научите нешто во полето на бизнисот.rn
rn
2. Само си ги сакам назад моите панталони (I Just Want My Pants Back)
rnЖанр: комедија, драмаrnЈазик: англискиrnПремиера:2 февруари 2012 на MTVrnГлавни улоги:Питер Вeк, Елизабет Хауер, Џордан Карлос, Ким ШоrnКратка содржина: Растргнат помеѓу љубовта, пријателството, кариерата и сексот, дваесет и нешто годишниот Џексон трага низ животот, барајќи забава и само забава. Живее во Бруклин, а дружењето со пријателите, одењето по барови и фаќањето девојки ги става пред својата работа во кастинг-агенцијата во која има најниска функција. Сè се менува една ноќ, кога после секс-авантурата со една девојка, таа му ги краде омилените панталони, а притоа и срцето. Сега тој добива нова цел во животот, да ја пронајде неа.rn
rn
3. Алкатраз (Alcatraz)
rnЖанр: драма, научна фантастика, мистеријаrnЈазик: англискиrnПремиера: 16 јануари 2012 на Fox TVrnГлавни улоги: Сара Џоунс, Џефри Пирс, Сем НилrnКратка содржина: Неочекуваното исчезнување на неколкумина затвореници и чувари од Алкатраз и ненадејното и мистериозно враќање во сегашноста е главен предмет на истрага на FBI-агентите кои се во потрага по вистината за исчезнувањето, како и за лицата кои стојат зад сето тоа.rn
rn
4. Добрите христијанки (Good Christian Belles)
rnЖанр: драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: 4 март 2012 на ABCrnГлавни улоги: Лесли Биб, Кристин Ченовет, Ени Потс, Џенифер АспенrnКратка содржина: Серијата го следи животот на Аманда, која е неодамна разведена, мајка на две деца и сè уште позната по титулата „Кралица на кучките“ (Queen Bitch), која ù е дадена во средношколските денови. Таа се враќа во својата родна куќа, ги среќава соучениците кои ги задевала во средно училиште и се бори со однесувањето на својата мајка, која сè уште живее како во своите дваесетти години.rnrnНаправена е според книгата „Добрите христијански кучки” и ветува многу забава и многу драма.rn
rn
5. Измачување зад сцената (Smash)
rnЖанр:мјузикл, драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: 6 февруари 2012 на NBCrnГлавни улоги: Дебра Месинг, Брајан Дарси Џејмс, Кристијан БорлеrnКратка содржина: Драмата што ја гледаме на сцената не е ништо во споредба со онаа што се случува зад неа, додека траат подготовките за еден мјузикл. Група актери се собираат за да направат Бродвеј-мјузикл за животот на најпознатата блондинка Мерлин Монро, но тешкотиите, драмата како и личните проблеми им стојат на патот кон совршенството.rn
rn
6. Непишано право (Common Law)
rnЖанр: драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: за жал премиерата на оваа серија се одложи за во јуни оваа година, па ќе морате да почекате неколку месеци до нејзиното прикажување.rnГлавни улоги: Мајкл Ијали, Ворен Кол, Џек МекгиrnКратка содржина: Се работи за двајца партнери, детективи во одделот за убиства, кои буквално не можат да се поднесат меѓусебно. Заради постојаните расправии помеѓу нив, нивниот командир одлучува да ги прати кај терапевт за двојки, со надеж дека ќе си го подобрат односот. Серијата ветува комични ситуации исполнети со многу драма и акција.rn
rnrnСе надеваме дека нашите предлози ќе ви се допаднат. Се обидовме да најдеме серии за сечиј вкус. Па, уживајте во слободните мигови од новата година.rnrn
Ова е листа на извонредни фотографии од животни, сите сликани во текот на изминатава година. Некои од нив се тажни, други необични, трети радосни… Но, погледнете ги, сите се интересни :)rnrnМајмун во Индонезија кој му ја украл камерата на фотографот и направил автопортрет. Овој тип мајмун е загрозен вид со што ја прави оваа фотографија драгоцена. (кликнете за целосната приказна)rnrnМомче си игра со маче додека татко му гради засолниште во Лас Мајас, Каракас, Венецуела, 31 мајrnrnИстражувачи облечени во панда-костими како дел од програмата за повторно запознавање на животните со средината. Ова мало мече се пренесува во Центарот за заштита Хетаопинг, 20 февруари.rnrnКуче по име Леaо седи покрај гробот на својата сопственичка која починала при лизгање на земјиштето во Бразил.rnrnТранспорт на црн носорог во Јужна Африка. Ова е дел од програмата за релоцирање на црните носорози во средини што се помалку населени за да имаат поголеми шанси за опстанок.rnrnСпасување на овца на фарма во Вермонт по пустошот и поплавите на ураганот АјринrnrnАфриканска желка во Словачката зоолошка градина со 2 глави и 5 екстремитетиrnrnИрис си го лиже своето 7-неделно малечко во сибирската зоолошката градина во градот КраснојарскrnrnДевојка со своето куче, стои покрај својата поплавена куќа во ТајландrnrnПожарникар од Мисула, Монатана му дава кислород на маче по спасување од пожарrnrn12 малечки панди лежат во креветче во Истражувачкиот Центар Ченгду во Кинаrnrn4-месечно повредено куче брка мачка во дворот на засолништето на малтретирани животни во Полска. Чиучија била тепана од сопствениците и оставена на железничка пруга. Иако била прегазена неколку пати од воз, сепак за чудо успеала да преживее.rnrn„Френк и Луи“ се најстарите нераздвоени мачки во светот кои се преживеани. Имаат 12 години и поседуваат 2 усти и 2 носа, но 1 мозок.rnrnЛавот Тајсон за време на стоматолошки зафат во ветеринарна клиника во Меделин, Колумбијаrnrn2-годишниот шимпанзо Дуду го храни малото тигарче Аорн кое е старо 60 дена. (кликнете за целосната приказна)rnrnЧувар во зоолошка градина држи во рака 9 месечно сираче орангутан кое си игра со кукла.rnrnГорилата Урузи од Берлинската зоолошка градина јаде зелена салата.rnrnМало девојче спасува јагне на фарма во Исланд каде по ерупцијата на вулканот Гримсворт, целиот регион бил во пепел и прашина.rnrnМечето Медо си игра со кученце во селото Подврх во централна Словенија.rnrnБебе делфинче со сè уште приврзана папочна врвца било најдено во близина на градот Монтевидео во Уругвај. За среќа спасувачките организации успеале да го спасат.rnrnКуче ѕирка низ прозор како што жената се приближува кон вратата во древниот град Бахтапур во близина на главниот град на Непал.rnrnЛавицата Ариел со нејзината негувателка во животинско засолниште во Сао Паоло, Бразил. Ариел има болест од која веќе во последната година не може да ги употребува нозете.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
На крајот од секоја година, новинската агенција Ројтерс прави селекција на најдобрите фотографии кои ги направиле нејзините вработени. Така и оваа 2011, тие направиле селекција на 100 моќни фотографии. Секоја од нив е посебна на свој начин и се одделува од останатите. Иако на повеќето од нив се прикажани катастрофални несреќи, војни, глад, сиромаштија и слично, сепак овие слики навистина вредат по 1.000 зборови. Од целосната листа ние направивме една наша мала селекција.rnrnМаж се самозапалува пред банка во Солун, Грција, 16 септемвриrnrnЖена плаче на улица во градот Натори уништен од земјотресот и цунамито, Јапонија, 13 Март rnrnЧовек се држи за стап, додека поставува пумпа за извлекување кал во примитивен рудник за злато, Панама, 17 февруариrnrnВојници на САД во Авганистан, 12 јуниrnrnПретседателот на САД, Барак Обама (втор од лево) и потпретседателот Џо Бајден (лево), заедно со членовите од националниот безбедносен тим, добиваат информации за мисијата за апсење на Осама Бин Ладен, 1 мајrnrnЖена бунтовник пука во воздух со калашников AK-47 како реакција на веста за повлекувањето на силите на либискиот лидер Муамар Гадафи од градот Бенгхази, 19 мартrnrnМолњи околу облакот од вулканска пепел во близина на Интерлагос, Чиле, 5 јуни rnrnАвион лета низ светлина во Њујорк, 10 септемвриrnrnЗдравствен работник со Ајпад снима трупови од крави во близина на границата помеѓу Кенија и Сомалија, 23 јулиrnrnЕнтериерот во една зграда во напуштениот град Припјат во близина на нуклеарната централа Чернобил, Украина, 24 февруари rnrnРудар се качува по карпи, откако бушилицата го пробила и последниот сектор за тунелот под швајцарските Алпи, 23 мартrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
rnУлицата Ломбард во Сан Франциско, Калифорнија, лоцирана во соседството Руски рид помеѓу улиците Хајд и Левенворт има осум остри кривини, поради кои таа ја заслужила придавката најкривата улица во светот. Ваквата необична изградба на патот била неопходна од безбедносни причини, поради големата стрмност на ридот, по кој повеќето возила не можеле да се искачат.rn.rn
rnАко вашиот сончев знак ја симболизира вашата душа, внатрешност, карактер и потенцијал, месечевиот знак – вашето срце и сржта на емоциите, тогаш може да се каже дека вашиот подзнак го претставува вашето надворешно лице кое го покажувате пред светот. На пример, ако вашиот хороскопски или сончев знак е бик, а во подзнак сте близнаци, и покрај тоа што вие можеби внатрешно се чувствувате смирено и опуштено, другите може да ве гледаат како нервозно, енергично човече, со интелигентна смисла за хумор. Понекогаш, вашиот подзнак може да има улога на заштитна маска, со која сакате да сокриете некој аспект од вашето „внатрешно јас“ кој не сакате другите да го видат. Каква е вашата маска? Како другите ве доживуваат?rn.rn
rnДодека една постара девојка се обидува да сними „забавна“ кореографија на песната „Smack That“ од Акон, нејзиниот брат во позадина го прави она што таа не успева. Маладото момче ќе ве изнасмее до солзи. Малиот е ѕвер, не само поради потезите и гримасите, туку и поради шармот кој го поседува.rn.rn
rnЗа уредување на домот, не се секогаш потребни многу пари. Со евтини материјали и малку креативност, можете да изработите кул предмети кои можат да имаат специфична функција и интересен дизајн.rnrnВо видеото во продолжение, Пјер Лота презентира 8 проекти кои можат да се направат за помалку од една минута, а за нивната изработка се користат рециклирани предмети. Идеите се одлични: вазна од шише и обична бела хартија, кафе-масичка од дрвена плоча и стаклени шишиња, картонска ламба…rn.rn
rnМодната куќа „Forever 21“ и компанијата „Sanrio“ заедно ја создадоа оваа ексклузивна линија, инспирирана од неодоливата анимирана мачка. Оваа колекција, која е направена во ограничена количина, вклучува секаков вид женска облека. Од блузи, кратки пантолончиња, долна облека, чорапи до чанти, чевли, накит и слично.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
rnНекои хороскопски знаци се индивидуални и одбиваат да прифаќаат компромисно решение за кого и да станува збор, додека други со задоволство го претопуваат нивниот идентитет во животниот стил на нивниот партнер. Дознајте дали вие умеете да бидете во цврста љубовна врска, а сепак да останете свои?rn.rn
rnДодека една постара девојка се обидува да сними „забавна“ кореографија на песната „Smack That“ од Акон, нејзиниот брат во позадина го прави она што таа не успева. Маладото момче ќе ве изнасмее до солзи. Малиот е ѕвер, не само поради потезите и гримасите, туку и поради шармот кој го поседува.rn.rn
rnТешко е да се живее животот според лекции, но животните совети од некои мудреци ни помагаат полесно да ги совладуваме тешките моменти и повеќе да уживаме во среќните. Овие 20 случајно собрани древни совети нè потсетуваат како да го постигнеме тоа.rn.rn
rnНе постои човек на планетава Земја кого буквално цел свет го сака. Дури и најкултурните, најталентираните и најубавите холивудски ѕвезди има некој што не ги сака. Зошто тогаш да си ја заморувате главата со луѓе кои некогаш биле, некој мал незначаен дел од вашиот живот? Не им се допаѓате? Во ред. И во вашиот живот сигурно имате некој кој не ви се допаѓа, но најбитно од сè е да ве сакаат оние луѓе, кои и вие ги сакате. А доколку ги сакате, треба и да им го давате тоа на знаење, и тоа не еднаш годишно, туку постојано. Применувајте што е можно повеќе од следниве совети и ќе бидете на вистинскиот пат да бидете личноста која сите ја сакаат и почитуваат.rn.rn
rnДали како деца сте копнееле да имате ваша лична куќичка на дрво, која би претставувала ваше скривалиште и интимен простор во кој никој нема да ве вознемирува? Во денешно време да се дојде до една таква е многу лесно, доколку тоа сè уште го сакате и имате доволно пари. Француската компанија „Canopée Construction“ е специјализирана токму за изградба на куќички на дрво. Оваа што можете да ја погледнете на сликите е изградена изминатава зима, а се наоѓа на 50 километри северно од градот Тулуз, Франција.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
rnЧадорот е едно од оние нешта кои не сакаме да ги употребуваме многу. Сепак, кога ситуацијата наложува да носиме чадор поради лошите временски услови, сакале или не, мора да понесеме еден со нас. Па за да биде целата работа поинтересна, еве некои модели кои ги смислиле дизајнерите низ светот.rn. rn
rnПознатите личности, пред да станат познати, ги проживеале своите луди тинејџерски години, исто како и сите нас, со многу бурни емоции и варирања на карактерот, додека да ја пронајдат својата улога во светот. Приложени со слика од нивниот годишен алманах од средно или основно училиште, прочитајте кои од познатите фаци, кои се денес актери или пејачи, удирале на тапани, се откажале од школо, ги бивало за спорт, сакале да имаат мртовечница или отсекогаш биле она што се денес. :)rn.rn
rnИнтимноста може да претставува проблем за некои луѓе. Не е едноставно да им ги ставите на послужавник вашите емоции, на луѓето кои ви значат во животот и ако нешто тргне во лош правец, да се чувствувате ранливо и разочарано што сте дозволиле тоа да се случи. Обидувајќи се да се заштитат од таквите чувства, некои хороскопски знаци одлучуваат да стават бариера пред себе, на тој начин не дозволувајќи им на луѓето да им ги повредат чувствата. Но, тоа не е баш добра одлука, бидејќи во некоја точка од животот ќе сфатите дека тие бариери ве кочат вас, кон патот до успехот. Научете како да формирате искрени интимни врски со вашите блиски и партнерот, со помош на астрологијата.rn. rn
rnТрикот за носење патики на модерен начин, е тие да се искомбинираат со вообичаени парчиња облека. Така на пример, доколку ги носите со „цевка“ фармерки или куси летни фармерки, веќе имате две вообичаени парчиња на себе, кои можете да ги искомбинирате со некои интересни додатоци, како шалче, обетки, очила за сонце и сè што мислите дека добро ќе изгледа или пак да го задржите „кежуал“ изгледот со уште некое едноставно парче облека. Следуваат 4 едноставни начини да ги носите вашите патики, на тренди начин.rn. rn
rnИако дизајнирани и изградени за одбранбени цели, денес замоците изгледаат како остаток од некоја бајка. Од цврсти камени градби до ориентални тврдини со декоративен шмек, замоците претставуваат наша врска со минатото, места на испишување на историјата и раѓање на многу легенди.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
rnЗа една седмица есента ќе ни чукне на врата. Постепено температурите ќе почнат да опаѓаат, а тоа значи дека ви е потребна есенска обнова на вашиот гардеробер, доколку сакате да бидете во чекор со модните новости кои ги носи ова годишно време. За да бидете тренди и шик не морате да купувате облека од скапи, луксузни бутици. Сè што треба да знаете е кои бои се модерни оваа есен, какви дизајни се носат и најважно од сè, како сето тоа добро да го искомбинирате за да изгледате современо. Тука ќе ги пронајдете сите тие одговори и притоа ветуваме дека нема да ви создадеме вртоглавица.rn.rn
rnВилата „Chi“ се наоѓа на островот Пукет во Тајланд. Таа е сместена веднаш над прекрасниот океан, притоа нудејќи комплетна изолација и непречен бескраен хоризонт за своите посетители. Со неа управува хотелот „Cape Sienna“, а за љубителите на луксузот, ова прекрасно место има што да понуди.rn.rn
rnВеѓите се дел од лицето кој нема некоја значителна улога, но нивниот облик и тоа како значи за изгледот на секој човек. Дали некогаш ви се случило да се запрашате, како би изгледале без нив? Одговорот на тоа прашање го даваат тројца другари кои се кријат под псевдонимите Gusto, Mr. GIF и Rory Rockmore.rn.rn
rnСекој знае да се справи со успех и да ужива во него, но како се носиме со неуспесите и разочарувањата кои неминовно се случуваат во нашиот живот, зависи од карактерот. Проверете како вие, односно припадниците на вашиот хороскопски знак, се справуваат со проблемите.rn.rn
rnНатпреварот за најдобар национален костум е најшарениот дел од изборот за Мис Универзум. Меѓу другото, овој дел од настанот е и најинтересен за гледачите ширум светот.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.