Со историја која се протега назад до колонијалните времиња во Америка, топлиот рум со путер е класичен пијалак за зимскиот период. Традиционално се прави со путер, шеќер, темен рум и зовриена вода, кои едноставно само се ставаат во шолја и се мешаат – иако на овој начин путерот често се одделува од останата смеса, оставајќи мрсен вкус.rnrn
rnrnЗа среќа, постојат неколку едноставни чекори кои можат да го трансформираат овој стандарден пијалак во извонредно алкохолно задоволство кое е совршено за ладното време. Со употреба на миксер за да се измешаат путерот и шеќерот заедно со зачините како морско оревче, цимет и каранфилче, пијалакот станува похомоген, без да се чувствува маснотијата од путерот. Исто така, бидејќи тој е направен од шеќер, путер и рум, не е нешто невообичаено, па може да одиме чекор напред со додавање јаболков сајдер наместо вода. Коктелот што се добива има повеќеслојна и попривлечна слаткост.rnrn
rn
Топол сајдер од јаболко со рум и путер
rn
Потребни состојки за една шолја:
rn
rn011
- 1 лажица ладна смеса со путер (рецептот е подолу)
rn011
- 45 милилитри темен рум
rn011
- 120 милилитри топол јаболков сајдер
rn011
- Стапче цимет за декорација
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете го путерот на дното од шолјата, па потоа додадете го румот. На крај сипете го топлиот јаболков сајдер и полека мешајте. Украсете со стапче цимет и послужете веднаш.rn
Смеса со путер
rn
Потребни состојки за 12 пијалаци:
rn
rn011
- 8 супени лажици путер, чуван на собна температура
rn011
- 200 грама кафеав шеќер
rn011
- 1 кафена лажичка цимет
rn011
- ½ кафена лажичка морско оревче
rn011
- ½ кафена лажичка каранфилче
rn011
- Прстофат морска сол
rn
rn
Начин на подготовка:
rnВо голем сад, со миксер изматете ги заедно путерот, кафеавиот шеќер, зачините и морската сол. Мешајте сè додека смесата не стане хомогена и мазна. Направете мали парчиња од смесата, завиткајте ги во пергамент хартија и оставете ги 1 час да се оладат.