КАФЕ ПАУЗА

Tag: рум

  • Домашен ликер од рум и банани

    Домашен ликер од рум и банани

    Ликер со егзотичен вкус кој е многу лесен за подготвување

    rn Домашен ликер од рум и банани rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 созреани банани, излупени и исечени на крукчиња
    • rn011

    • 500 мл рум
    • rn011

    • 130 мл вода
    • rn011

    • 100 грама кафеав шеќер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Исечените банани ставете ги во тегла, а потоа додадете им го румот. Затворете ја убаво теглата и оставете ја три дена на темно место на собна температура. Кога ќе помине тој период процедете ја течноста, ако е потребно и повеќе пати сè додека не ги отстраните целосно бананите.rnrn2. Ставете ги шеќерот и водата на среден оган и мешајте додека добиете сируп. Кога ќе биде готов оставете го десетина минути да се излади.rnrn3. Додајте го сирупот во смесата од рум и банани, добро промешајте и оставете ја теглата да отстои затворена уште еден ден. Потоа ликерот е спремен за консумирање. Така може да се чува до два месеци во фрижидер.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вуду чај

    Вуду чај

    Чај со магични состојки

    rnrnВуду чајrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 150 мл црн чај
    • rn011

    • 50 мл бел рум
    • rn011

    • 25 мл ликер Блу курасао
    • rn011

    • шеќер по желба
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnrnПрво сварете го црниот чај и засладете го по желба. Потоа во чаша ставете ги румот и ликерот, врз нив сипете го и чајот и сервирајте.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дневник на румот (The Rum Diary)­

    Дневник на румот (The Rum Diary)­

    Автор: Петар ЏајковскиrnrnЕдна доза бес. Една доза правда. Три дози рум. Промешај добро!rnrnДневник на румот (The Rum Diary)­Автор: Хантер С. ТомсонrnrnАдаптација и режија: Брус РобинсонrnrnГлавни улоги: Џони Деп, Амбер Херд, Мајкл Рисполи, Џовани Рибиси, Арон ЕкхартrnrnЖанр: комедија, драма, биографијаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 28 октомври 2011 (САД)rnrnВреметраење: 120 минутиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    rnПо излегувањето на големото платно, „Страв и параноја во Лас Вегас(Fear and Loathing in L.A., 1998) премина од критички омразен до „неочекувано“ популарен хит. Како резултат на овој филм публиката остана со сува уста, жедна за уште од алкохолот, дрогата, лудилото и генијалноста на Хантер С. Томсон да биде пресликана на големото платно. Па изгледаше дека пријателот на Хантер и главниот јунак во претходниот филм Џони Деп скоро и да нема друг избор освен да му овозможи на стариот доктор по новинарство, повторно да оживее преку филмската лента.


    rnrnДневник на румот е интересен филм во кој на прилично точен и реалистичен начин се прикажани новинарските почетоци на Хантер во Пуерто Рико потопени во многу рум. Но, овој филм не е она што го очекуваше публиката. Ова е повеќе една меланхолична приказна измешана со (бес)краен алкохолизам и социјална нееднаквост (како критика, но и протест кон општествената криминална политика) за разлика од лудото халуциногено патување во потрага по Американскиот сон кое го гледавме во „Страв и параноја…“rnrnХантеровиот хумор и глас нè следат низ целиот филм, но идеалот кој е врежан во сите дела на Томсон тука е за нота потивок и повнимателен што може да биде разочарувачки фактор за сите оние кои очекуваа динамична забава во стилот на „Fear and Loathing“. Сепак овој филм дефинитивно го заслужува вниманието на сите следбеници на д-р Гонзо, како и на фановите на Џони Деп и недоволно почитуваниот британски режисер Брус Робинсон.rn

    rnПриказна: Филмот, како што веќе споменав, зборува за почетоците на младиот, наивен и полн со ентузијазам новинар кој пишува под псевдонимот Пол Кемп како репортер за „Сан јуан стар“ – весник кој е на работ на пропаст. Пол е еден чуден млад човек кој е повеќе од среќен поминувајќи ги карипските ноќи пиејќи 470 (да, четиристотини и седумдесет!) процентен алкохол и тестирајќи непознати халуциногени супстанци.rnrnНо, овој млад писател сè уште не го пронашол својот авторски глас, својот стил на пишување кој подоцна ќе прерасне во едно цело движење и идеологија позната како „Gonzo Journalism“. Сепак, овој период од неговиот живот е пресуден за развој на омразата кон „копилињата“ кои го држат светот во своите раце претставени преку ликот на главниот антагонист Сандерсон. Оваа омраза и презир кон неправедните авторитети подоцна ќе прерасне во движечка сила и главен мотив кој ќе биде еден од основните елементи во сите неговите книжевни дела, како и во предизборната претседателска кампања од 1972 година која ја покривал пишувајќи за американскиот весник „The Rolling Stone“.Дневник на румот (The Rum Diary)­Дневник на румот (The Rum Diary)­Секако, во филмот има и многу забава. Сцените во кои се појавува хистерично загубениот репортер Моберг, кој генијално е одигран од Џовани Рибиси, се екстремно траги-комични и крајно непредвидливи. Самата атмосфера во Пуерто Рико е мистична и едноставна, но сепак полна со авантури и опасности кои постојано го демнат главниот лик и неговиот цимер и колега Сала. Не недостасува ни сексапил, напротив ликот на Амбер Херд изобилува со него и како митска нимфа го маѓепсува Пол Кемп, будејќи го либидото во него, но и страста кон автомобилската брзина.Дневник на румот (The Rum Diary)­Дневник на румот (The Rum Diary)­Како и кога да го гледате: За да го доловите елементот на овој филм и вистински да го осетите на своја кожа, високо пожелно е да соберете лудо друштво и да се снабдите со многу алкохол (+18), по можност рум. Тоа ќе создаде идеална атмосфера за да се претопите во филмското дејство и целосно да се соживеете со приказната.Дневник на румот (The Rum Diary)­
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Греана ракија на британски начин

    Греана ракија на британски начин

    Автор: Димитар ГошевскиrnrnТопол и добредојден, токму навреме за празниците, „Hot Toddy“ е класичен зимски пијалак. Слободно пробајте го со вашите омилени видови чаеви, а ако не сте некој обожавател на чај, може да го подготвите и без него. Најчесто, но не и задолжително, се употребува црн или зелен чај, разблажен со слаткиот вкус на медот и со лимон.rnrnГреана ракија на британски начинrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 300 мл бренди, виски или рум
    • rn011

    • 1 лажиче мед
    • rn011

    • ¼ лимон
    • rn011

    • 1 шолја топла вода
    • rn011

    • 1 кесичка чај
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    • Прекријте го со мед дното на чашата (се препорачува посебна чаша за ирско кафе).
    • rn011

    • Додадете го алкохолот и сокот од лимон.
    • rn011

    • Настрана подгответе го чајот (се препорачува едно до две лажичиња шеќер, доколку сакате да го засладите).
    • rn011

    • Турете го чајот во чашата со алкохолот и мешајте.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пијано капучино

    Пијано капучино

    Алкохолен топол напиток, одличен за пријатен муабет во добро друштво…

    rnrnПијано капучиноrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 100 мл инстант кафе
    • rn011

    • 70 мл пола-пола
    • rn011

    • 30 мл ликер од чоколадо
    • rn011

    • 25 мл рум
    • rn011

    • 25 мл коњак
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnrnСите состојки сипете ги во метален сад и ставете ги на загрена рингла. Измешајте ги убаво и оставете да се загреат. Откако ќе се соединат и загреат, сипете ги во широка шолја и декорирајте со малку цимет.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мохито од јагоди

    Мохито од јагоди

    Кога ќе ви здодее обичното мохито, еве што да направите. За љубителите на јагоди, ова е пијалакот од соништата…Мохито од јагодиПотребно (за едно мохито):rn

      rn011

    • 5 јагоди
    • rn011

    • 1 рака нане
    • rn011

    • 80 мл шербет
    • rn011

    • 60 мл рум
    • rn011

    • сок од половина лимон
    • rn011

    • минерална вода
    • rn011

    • кришки зелен лимон и јагоди за декорација
    • rn

    rnПодготовка: Во голема чаша ставете ги јагодите, нането и неколку коцки мраз. Со тап кујнски предмет исчукајте ги состојките. Мохито од јагодиМохито од јагодиПотоа, додадете ги румот, шербетот и лимоновиот сок. Течноста претурете ја во чаша и дополнете ја со минерална вода. Декорирајте со засечени парчиња јагоди.Мохито од јагодиrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашен ликер од кафе

    Домашен ликер од кафе

    Љубителите на кафето знаат дека ликерот од кафе е еден неверојатен алкохолен пијалак кој ги буди сите сетила. Ако имате малку слободно време, кое сакате да го потрошите продуктивно, ги сакате и кафето и алкохолот, ова ќе биде одличен проект за вас. Ќе го направите еднаш, а ќе ви трае подолго време. Плус, на рецептите со ликер од кафе им нема крај…Домашен ликер од кафеПотребно е:

    rnrn

      rn011

    • 800 мл вода
    • rn011

    • 400 г бел шеќер
    • rn011

    • 2 супени лажици и 2 лажички инстант кафе
    • rn011

    • 750 мл рум
    • rn011

    • 10 мл екстракт од ванила
    • rn

    rnПодготовка: Во тенџере ставете ги водата, шеќерот и кафето. На висока температура оставете да провријат сите состојки.Домашен ликер од кафеДомашен ликер од кафе Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се олади течноста 45 минути. Во оладената течност ставете ги румот и ванилата. Измешајте. Ликерот претурете го во стерилизирани шишиња. Убаво затворете ги капачињата и чувајте ги шишињата на темно место најмалку две недели пред да почнете да го употребувате.Домашен ликер од кафеКога ликерот ќе биде готов, еве неколку оригинални кафиња кои може да ги направите со него.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кафе Калипсо (Calypso Coffee)

    Кафе Калипсо (Calypso Coffee)

    Кафе-вкус со елегантен шмек од рум, кој тешко се забораваКафе Калипсо (Calypso Coffee)

    rnВреме на подготовка: 3 минутиrnrnПотребни состојки: rn

      rn011

    • 30 мл рум
    • rn011

    • 30 мл чоколаден ликер
    • rn011

    • 200 мл црно кафе
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во широка чаша за вино ставете ги румот и чоколадниот ликер. Одозгора додадете го топлото кафе и наполнете скоро до врвот од чашата.rnrn

  • Што кажува за вас пијалакот кој го пиете?

    Што кажува за вас пијалакот кој го пиете?

    Сте помислиле ли некогаш дека пијалакот што го пиете можеби го покажува вашиот карактер? Погледнете како пијалакот го открива вашиот карактер и карактерот на луѓето околу вас.rn

    Црвено вино

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnВие сте личност која сака да се дружи, но преферирате да одите на забави каде ќе можете да зборувате со партнерот до вас. Избегнувате барови со премногу луѓе и хаотични домашни забави. Имате стил или барем сакате така другите да мислат за вас. Во виното уживате дури и ако го пиете од пластична чаша. Не сте претенциозни, но сонувате за денот кога ќе ги гледате луѓето од високо. Остроумност, организираност, професионалност и одличен стилски изглед се особини кои ве красат.rn

    Пиво

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnКреативни сте и сакате да експериментирате. Имате многу идеи и не се разочарувате ако не се земат веднаш предвид. Уживате во џезот, уметноста и во медиумите. Најчесто сакате да одите во пабови. Се дружите со различни луѓе и малку сте ексцентрични во однесувањето.rn

    Ликер

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnОбожавате домашни забави и најчесто сте веќе напиени пред да стигнете на забавата. Махери сте за опивање. Луѓето ве знаат, но никогаш не се сигурни за вашето име. Исто и вие. Не сте секогаш сигурни за имињата на луѓето кои се во вашето друштво. Добредојдени сте и пожелни на секоја забава. Вие сте од оние кои знаат добро да се забавуваат.rn

    Бело вино/Вотка

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnВие сте сестрана личност и пиете во зависност од вашето расположение. Имате претприемачки дух и сакате одговорни функции. Модата ви е важна и секогаш сакате да изгледате беспрекорно. Независни сте и сакате да оценувате. Џорџо Армани е еден од многуте кој ужива во овие пијалаци.rn

    Блади Мери

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnЕгзотични сте, а вотката ја обожавате. Имате хипи дух. Секогаш барате начин да го споите здравото со забавното.rn

    Космополитен

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnВие сте најголем фан на серијата „Сексот и градот“. Овој сладок коктел ве прави да се чувствувате најсофистицирано.rn

    Текила

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnКога пиете текила исто како да имате голем знак кој вели: „САКАМ ЗАБАВА!“ Вие сте диви, забавни, секси и сите очи се вперени во вас. Сакате долги, луди и незаборавни ноќи. Екстравертни сте и ослободени од секакви предрасуди.rn

    Маргарита

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnКога го пиете овој пијалак, единствено нешто за што размислувате се големи палми и песочни плажи. Сакате забави на плажа и сите коктели кои одат со неа.rn

    Виски

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnВие сте борец, но не во онаа лоша смисла на зборот. Едноставно, за секое прашање имате одговор. Темпераментни сте и избувливи. Луѓето не ве прашуваат што пиете, бидејќи и така ги гледаат проблемите на вашето лице.rn

    Џин

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnНе го сакате алкохолот, па затоа џинот ви е безбедна опција. Жедни сте за удобност и безбедност. Ја прифаќате реалноста, се фокусирате кон домот, семејството и пријателите. Сакате среќен крај на филмовите, сапунски серии. Модата вешто ве одминува.rn

    Рум

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnСе претпоставуваат две работи: или сте пират или сакате да се напиете од љубопитност.rn

    Шампањ

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnРомантични сте и не се грижите за тоа што мислат другите околу вас. Сакате да флертувате и сигурни сте дека со чаша шампањ, тоа одлично ви оди.rn

    Мартини

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnВие имате одличен вкус и доволно пари за да нарачате минимум уште две мартини. Можеби Џејмс Бонд ви е идол.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.