КАФЕ ПАУЗА

Tag: романтични

  • Жената е како цвет, потребни ѝ се само сончеви зборови: Романтични цитати од Ерих Марија Ремарк

    Жената е како цвет, потребни ѝ се само сончеви зборови: Романтични цитати од Ерих Марија Ремарк

    Книгите кои овој познат германски писател ги оставил зад себе се засновани на живи емоции и ликови кои поминувале пред неговите очи и живееле во неговото срце. Страсната љубов го обземала во текот на целиот живот, додека страшната војна ја разбивала волјата, верата и судбината на човекот. Тој пишувал за изгубена генерација во која немало место за луѓето кои не ги искусиле стравовите од војната. Погледнете дел од неговите најмоќни цитати.rnrnЖената е како цвет, потребни ѝ се само сончеви зборови: Романтични цитати од Ерих Марија Ремаркrn

    „Ниту еден човек не може да стане толку голем странец, како оној кој си го љубел во минатото.“

    rn

    „Љубовта не трпи објаснување, неа ѝ се потребни дела.“

    rn

    „Секоја љубов сака да биде вечна. Во тоа е нејзината најголема мака.“

    rn

    „Само ако конечно се разделиш со човек, почнуваш вистински да се интересираш за сè што го интересира. Тоа е еден од најголемите парадокси на љубовта.“

    rn

    „Само несреќниот знае што е среќа. Среќникот ја чувствува радоста на животот не повеќе од кукла – тој само ја покажува таа радост, но таа не е неговиот ден. Светлото не свети кога е ден. Тоа свети во темнината.“

    rn

    „За среќата може да се зборува 5 минути, не повеќе. Нема што повеќе да се каже од тоа дека си среќен. А за несреќата, луѓето зборуваат со денови и ноќи. Всушност, човекот е среќен само тогаш кога најмалку обрнува внимание на времето и кога не го брка страв. Но, ако те брка страв, ти сепак можеш да се насмееш. Што друго би правел?“

    rn

    „Среќата е најнеопходното и најскапото нешто на светот.“

    rn

    „Додека човекот не се предаде, тој е појак од својата судбина.“

    rn

    „Колку е човекот попримитивен, толку поголемо мислење има за себеси.“

    rn

    „Не постои ништо подосадно од тоа да се биде присутен тогаш кога човек го демонстрира својот ум. Особено ако умот е отсутен.“

    rn

    „Најсилниот карактер е кај циниците, а најнеподносливиот кај идеалистите. Зарем не мислите дека тоа е чудно?“

    rn

    „Ако сакате луѓето ништо да не забележат, немојте да бидете внимателни.“

    rn

    „Дечко, запомни само едно нешто: никогаш, никогаш и уште едно никогаш, нема да бидеш смешен во очите на жена освен ако не направиш нешто поради неа.“

    rn

    „Мислам дека жената не треба да му кажува на мажот дека го љуби. За тоа нека говорат нејзините среќни очи. Тие се поречити од нејзините зборови.“

    rn

    „Жените треба или да се благословуваат и обожаваат, или да се остават. Сè останато е лага.“

    rn

    „Ако жената припаѓа на друг човек, таа е пет пати попожелна од онаа која можете да ја имате. Старо правило. “

    rn

    „На жените не треба ништо да им објаснувате, со нив треба само да делувате.“

    rn

    „Жена – таа не е предмет, туку цвет. На неа ѝ се потребни сончеви, нежни зборови. Подобро секој ден да ѝ говорите нешто убаво, отколку цел живот со лутина и без да работите за неа.“

    rn

    „Стоев пред неа, ја слушав, ѝ се смеев и мислев колку е страшно да се љуби жена и притоа да се биде сиромашен.“

    rn

    „Тоа што не можеш да го имаш, секогаш изгледа поубаво од тоа што го имаш. Во тоа е суштината на романтиката и идиотизмот на човечкиот живот.“

    rn

    „Каење – најнепотребното нешто на светот. Не можете да вратите. Не можете да поправите. Во спротивно сите би биле светци. Животот не планирал за нас да биде совршен. Оној кој е совршен, припаѓа во музеј.“

    rn

    „Понекогаш треба да се газат принципите, инаку нема никаква радост од нив.“

    rn

    „Подобро е да умрете кога живеете, отколку да живеете до оној момент кога ќе посакате да умрете.“

    rn

    „Што и да ви се случи, не си земајте при срце. Малку нешта на овој свет можат долго време да бидат важни.“

  • Преслатки романтични предмети кои одлично одат заедно

    Преслатки романтични предмети кои одлично одат заедно

    Доколку сте романтични и сакате да го/ја изненадите вашиот/ата партнер/ка, овие предмети со слатки романтични натписи можат да ви послужат како инспирација. Од шолји до чаши за вино и перници со натпис г. и г-ѓа, еве што сè може да направите за вашиот дом да стане вистинско љубовно гнездо. Не заборавајте дека ова не важи само за „новопечените“ парови, разгорете ја романтичната искра и доколку долго време сте заедно.rnrnПреслатки романтични предмети кои одлично одат заедно Преслатки романтични предмети кои одлично одат заедноrnrn

  • 10 знаци дека сте апсолутен Лав во хороскоп

    10 знаци дека сте апсолутен Лав во хороскоп

    Ако сте родени помеѓу 23 јули и 22 август, вие сте Лав во хороскоп, а тоа значи дека многу е можно да се пронајдете во сите 10 точки подолу.rnrn10-znaci-deka-ste-apsoluten-lav-vo-horoskop-kafepauza.mkrn

    1. Сакате да бидете центар на внимание

    rnЛавовите сакаат секаде да пристигнат со стил. Оставањето добар прв впечаток за нив е многу важно.rn

    2. Вашата дружељубива природа понекогаш ве прави драматични

    rnМногу Лавови, чувствувајќи се удобно таму каде што се – во центарот, стануваат актери или музичари или пронаоѓаат други начини да се најдат „под рефлекторите“. Вие сте драматични, но на забавен начин.rn

    3. Вие НЕ сте добри во поминувањето време сами со себе

    rnБидејќи обожаваат да имаат своја публика, Лавовите мразат да поминуваат време сами, повеќе од сите останати знаци. Како резултат на тоа знаат да станат пребирливи и постојано да бараат нешто.rn

    4. Вие сте работливи и мотивирани

    rnМногу луѓе обожаваат да работат со Лавови бидејќи тие обично го завршуваат секој проект што ќе го започнат и не почнуваат нешто што не можат да го завршат. Вие сте амбициозни и посветени и најдобро работите во група.rn

    5. Вашата дарба за лидерство понекогаш може да ви удри во глава

    rnПриродно е Лавовите брзо да стигнуваат до лидерски позиции, но вашиот понекогаш наметлив став и постојаното преземање на контролата може да ве доведе во конфликти со колегите, доколку не сте внимателни.rn

    6. Вие сте супер за себеси

    rnЛавовите се среќни што се живи и се сигурни дека се тука со причина. Вашата самодоверба е одлична, сѐ додека таа не премине во егоцентричност.rn

    7. Многу сте романтични

    rnЛавовите се огнени знаци и како такви тие се многу страсни. Вие сте шармантни и спонтани и лесно се заљубувате.rn

    8. Веројатно имате многу обожаватели

    rnМожеби не сте знаеле, но Лавовите се прилично атрактивни. Може да имате одредени периоди кога ќе имате премногу додворувачи за да би можеле да изберете еден.rn

    9. Сакате спорт и обожавате да сте активни

    rnВие сте сосема природни во спортската сала, најчесто учествувате во тимски спортови. Обожавате да сте активни и да учествувате во здраво натпреварување со други луѓе.rn

    10. Имате вистински вкус за луксуз

    rnАко имаат можност да избираат помеѓу бренд или нешто небрендирано, Лавот секогаш ќе го избере брендот. Сакате да бидете опкружени со што повеќе убави работи.

  • 7 интересни романтични традиции низ светот

    7 интересни романтични традиции низ светот

    Има стотици романтични традиции низ светот за кои веројатно никогаш не сте ни слушнале. За вас ги издвојуваме седумте најинтересни, кои се надеваме дека ќе ви се допаднат.rn

    1. Љубовни катанци

    rn7 интересни романтични традиции низ светотrnrnНиз Европа има безброј места каде се негува традицијата на љубовни катанци. Паровите купуваат катанче, на него ги пишуваат иницијалите и потоа го заклучуваат на мост. Со ова на светот му ја покажувате вашата љубов, која се смета дека ќе остане вечна, исто како и заклучениот катанец.rn

    2. Клупа за бакнување

    rn7 интересни романтични традиции низ светотrnrnВо 1912-та година, во САД, еден студент од универзитетот Сиракузи, изградил камена клупа. Со текот на времето станала место каде паровите се бакнуваат. Се смета дека сите оние кои таму ќе се бакнат, некогаш ќе се земат. Затоа, луѓето одат таму, обезбедувајќи си среќен брак и убава врска.rn

    3. Новогодишен бакнеж

    rn7 интересни романтични традиции низ светотrnrnСе смета дека луѓето кои нема да се бакнат на полноќ ќе бидат осамени во текот на целата наредна година. Во Шкотска, на Нова година, која тие ја нарекуваат Хогманај, треба да се бакнете со сите присутни на забавата. Тоа е обичај кој трае со децении.rn

    4. Љубовна колиба

    rn7 интересни романтични традиции низ светотrnrnВо регион на Камбоџа родителите градат љубовни колиби за нивните ќерки-тинејџерки. Кога ќе дојде време за мажење, различни момчиња влегуваат во колибата. Девојките зборуваат со сите, сѐ додека не го најдат идниот сопатник. Потоа тие подобро се запознаваат, водат љубов и бракот се остварува.rn

    5. Група девојки

    rn7 интересни романтични традиции низ светотrnrnДаи луѓето од Кина ја имаат следнава традиција на додворување. Група девојки седат заедно во текот на вечерта. Од друга страна, група машки, замотани во црвени ќебиња, им приоѓаат и избираат една девојка на која ќе ѝ отпеат серенада. Ако и на неа ѝ се допаѓа момчето, таа ќе постави стол за тој да седне. Тој пак, ќе возврати на тој начин што ќе ја завитка со црвеното ќебе и така врската се смета за започната.rn

    6. Венчални прстени

    rn7 интересни романтични традиции низ светотrnrnВо Чиле, не е само жената таа што носи свршувачки прстен. И двајцата носат прстени на десната рака, а откога ќе се земат ги ставаат на левата.rn

    7. Завиткан ориз

    rn7 интересни романтични традиции низ светотrnrnВо Југозападна Кина, девојките готват ориз во различни бои. Мажите им приоѓаат, им пеат серенада, а тие на тоа одговараат со подавање на парче платно во кое има завиткано ориз. Она што е внатре заедно со оризот, го дава одговорот. Две стапчиња за јадење ориз значат дека ѝ се допаѓа, едно стапче дека љубезно го одбива, а чешне лук дека едвај чека да го откачи.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

    Многу работи во животот можат да нè поучат на нешто. Исклучок не се романтичните филмови. Можеби во многу од нив ќе препознаеме плиткости или клише сцени, сепак, од нив можеме и да извлечеме поуки и лекции. Еве на што нè учат некои од нив.rnrnЉубовни поуки од најпознатите романтични филмовиrn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Sex and The City: Научете да се сакате себеси

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Откако Кери беше оставена пред олтарот, таа доби време за себе. Си го реновираше станот, стекна нови пријателства, дури проба и нов имиџ. Не потценувајте го статусот сингл! Секоја девојка мора да научи да се сака себеси и да го цени времето кое го има за себе, а не да биде зависна од некој покрај себе. Понекогаш токму она што ни треба е да бидеме сами. Имаме време да размислиме за себе, за својот живот и за тоа што точно сакаме од него. Потоа зрело можеме да влеземе во врска со многу повеќе сигурност и самодоверба.
    rn

    What’s your Number?: Вистинскиот е во вашата иднина, не во вашето минато

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Али ја отвори својата „црна книга“ и почна да ги прелистува врските од минатото. Лекцијата од овој филм е да не го правите тоа! Преиспитувањето на грешките и случките од минатото не може да донесе добро за сегашноста или иднината. Дури и кога ќе пробате да обновите врска од минатото, по извесен период ќе ви стане јасно зошто еднаш таа врска завршила. Вистинскиот не е во минатото, него ќе го најдете во новите искуства и времето што допрва доаѓа.
    rn

    Crazy, Stupid, Love: Никогаш не дозволувајте искрата да згасне

    rn

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

    rn

    Кога бракот на Емили и Кал се распадна, Кал не се откажа. По времето поминато во жалење и напор да го преболи распаднатиот брак, тој се врати во игра откако сфати дека вреди да се бори. Најважно е да се оживее искрата која на некој начин згаснала со тек на време. Она што Кал го направи е повторно организирање на „прв“ состанок. Почувствувајте се како да сте на самиот почеток и „разработете ги“ пеперутките во стомакот. Повторно почувствувајте возбуда и желба еден за друг. Пробајте повторно да ги оживеете најубавите моменти од минатото.
    rn

    Ruby Sparks: Прифатете ги луѓето такви какви што се

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Младиот писател во овој филм има прекрасна девојка покрај себе. Но, кога работите ќе тргнат надолу тој пробува да го направи нејзиниот карактер по негова „мерка“. Наместо да пробуваме да ги промениме луѓето, треба да ги прифатиме како несовршени и да ги исправиме грешките во реалниот живот, наместо во нашата фантазија. Вистинскиот живот носи реални проблеми и луѓе кои се природни и несовршени. Со нив не можеме да манипулираме, само треба да пробаме да ги прифатиме такви какви што се необидувајќи се да ги промениме.
    rn

    Breakfast at Tiffany’s: Срушете ги ѕидовите и ќе ја најдете љубовта

    rn

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

    rn

    Секој бил повреден и разочаран. Тоа неретко ги поттикнува луѓето да изградат ѕид околу себе, пробувајќи да се заштитат од повторно кршење на срцето. Работата е во тоа што ако го изградите тој ѕид и го направите непробивлив, вистинската љубов никогаш нема да допре до вас. Во ред е некогаш да ги срушите ѕидовите и да се изложите себеси, макар биле и повредени на крај. Она што мора да го направите е да пробате и да знаете да се носите со што и да се случи во иднина.
    rn

    Hitch: Во ред е да побарате помош од страна

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Секако дека треба да се грижите за својата приватност и да не се изложувате себеси и својата интима. Но, на сите понекогаш ни е потребна помош. Постојат луѓе кои навистина би ви помогнале доколку се одлучите за професионална помош. Во овој случај, станува збор за докторот за љубов, Вил Смит. Филмот не само што ќе ве насмее, туку ќе ве научи дека некогаш е добро да се осврнете кон некој кој ја гледа ситуацијата однадвор и може да ви понуди јасна преспектива за работите.
    rn

    The Notebook: Само затоа што не е љубов на прв поглед, не значи дека не би било ништо во иднина

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Всушност, дали постои љубов на прв поглед? Нели љубовта настапува откако ќе ја запознаете личноста и ќе се осигурате дека може да се носите со нејзините маани? Али првиот пат го одби Ноа, без воопшто да помисли дека тој во иднина би бил нејзината голема љубов. Но, погодете што? Вреди да им се даде шанса на луѓето без предвреме да бидат осудувани. Којзнае што носи иднината?
    rn

    The Ugly Truth: Најдете некој кој ќе ве сака такви какви што сте

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Едно е да сакате да бидете средени и убави, но сосема друго е да се трудите да бидете нешто што не сте, сè со цел да исполните нечија фантазија. Извештачувањето на својот карактер може да биде навистина исцрпувачко, а и таа игра со маски кога-тогаш ќе заврши. Најудобен и најсреќен живот ќе живеете покрај некој кој ве прифатил такви какви што сте.
    rn

    Love Actually: Љубовта нема рок на траење

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Овој филм нагласува дека љубовта нема рок на траење и временски граници. Може да се случи секогаш, во секое време или место и на секоја возраст. Само треба да верувате и себеси да си дадете шанса за да ја искусите. Никогаш не знаете кога ќе ја сретнете вашата голема љубов.
    rn

    He’s Just Not That Into You: Љубовта може да ви биде пред нос и да не ја видите

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Со љубовта никогаш не се знае. Можеби тој кој цело време бил пред вашиот нос, можеби пријател со кого се дружите со години, е вистинскиот за вас. Едноставно никогаш не се знае.
    rn

    Bridesmaids: Цени се себеси

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Врската со лошо момче носи возбуда и адреналин. Но ако некој не ве цени доволно, зошто би дозволиле да бидете потценети? Крајно време е да ја завршите врската со некој кој ве  прави да се чувствувате лошо. Зошто би дозволиле да бидете искористувани? Зошто би преценувале некој кој воопшто не ве цени вас?
    rn

    The Five-Year Engagement: Не откажувате се од нешто што навистина го сакате

    rn

    Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Вајолет и Том имаат прекрасна врска која се одлучуваат да ја крунисаат со брак. По нивната свршувачка, тие ја одложуваат свадбата пробувајќи да доведат некој ред и да си ги средат работите. Тогаш нештата се влошуваат и тие се разделуваат. Сепак, како што времето поминува, тие сфаќаат дека се еден за друг. Да, нештата можат да бидат прилично лоши понекогаш, но целата работа со љубовта е тоа што треба заедно да се пребродат лошите моменти.

    rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 работи кои девојките не ги знаат за момците

    7 работи кои девојките не ги знаат за момците

    Постојат мажи кои не ги знаат основните работи поврзани со нивните девојки, како големината на градникот кој го носи, омиленото цвеќе и сл. Но и девојките не се баш најдобро запознаени со некои работи поврзани со момците. Еве што потајно признаваат припадниците на „погрубиот“ пол.rnrn7 работи кои девојките не ги знаат за момцитеrn

    1. Не им зборува многу на пријателите за вас, но понекогаш зборува за бившите

    rnВо ред, да не збеснуваме веднаш, не е толку страшно. Како прво, ние сме многу полоши во врска со озборувањето со нашите пријателки. Во секој случај, тој нема да им зборува многу за вас на своите пријатели, сепак не би сакал тие да ве замислуваат гола. Но одвреме-навреме кога ќе посака да се пофали, би зборувал за некои поранешни искуства со други девојки. Ситуацијата не е алармантна. Покрај сè, мажите многу почесто зборуваат за спорт или автомобили, ние сме тие кои многу често развиваат полемики за љубовта, сегашните и бившите партнери.rn

    2. Тој мисли дека и други девојки се „жешки“

    rnНикој не е светец, впрочем и вие мислите за некој дечко дека е згоден или сладок. Да, тој може да мисли дека келнерката е слатка, или дека вашата другарка е згодна или дека некоја глумица е навистина секси. Но, тоа не значи дека тој би сакал да има нешто со нив или дека ги вреднува повеќе од вас. Мажите се визуелисти, многу често си создаваат слика во мозокот за многу девојки. На крајот на краиштата, природата такви ги создала.rn

    3. Некогаш ги користи вашите продукти за убавина

    rnОва може да значи дека неговиот шампон се потрошил па ќе посегне по вашиот, кој всушност ѝ дава волумен, сјај и цврстина на косата. Не дека му се важни карактеристиките на шампонот, нему му треба средство за да си ја измие косата. Но, не значи дека не би посегнал по вашиот крем за подочници или пудра за лице доколку во моментот не се чувствува убаво и привлечно.rn

    4. Постојат многу „машки работи“ кои не знае да ги направи

    rnСи замислуваме дека секој маж знае да ги прави т.н. „машки работи“, но постојат исклучоци. Упатствата за менување гума на автомобилот, менување сијалица, поправање некаков електронски уред, не доаѓаат со самиот факт што е машко. Како што и вие не ги знаете сите „женски работи“, така и тој не ги знае сите „машки“.rn

    5. И нему може да му фали самодоверба

    rnМногу често жените знаат да се жалат за својата тежина, изгледот, косата и сл. Но, не значи дека мажите секогаш се задоволни со својот изглед или дека не им е воопшто грижа. Напротив, и нему му смета неговиот голем стомак и ќе бара начин да го намали, или да си ја поправи фризурата. Разликата е во тоа што жените се многу поопседнати со тие работи и повеќе се жалат, но не значи дека мажите не се воопшто.rn

    6. Плаче на романтични филмови

    rnТој може да се жали дека е присилен од неговата девојка да ги гледа, но всушност многу романтични филмови и сам би пуштил да ги гледа доколку тоа би му го дозволувало егото. Можеби ние многу почесто би заплакале на романтичен филм или книга и многу повеќе ги сакаме, но некои од нив и мажите со задоволство би ги гледале/читале.rn

    7. Мастурбира многу повеќе отколку што мислите

    rnНе дека причината сте вие или дека нема доволно секс, тие едноставно така функционираат. Мажите признаваат дека мастурбираат редовно.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовни клишеа

    Љубовни клишеа

    Секојдневно сме опкружени со клишеа. Дури уште од школските клупи, и не само љубовни. „Наставничке, може да си одам, ме боли стомак/ме боли глава/женски проблеми/ми умре мачката?!“ Љубовни пораки, писма, песни, слатки зборови. Како и колку тие влијаат на нас? Некогаш ги кажуваме без воопшто да размислиме за нивното значење. Тие се како кратки и лесни верзии за без мака да се искаже она што (не) се мисли. Моето прашање е, колку жените „паѓаат“ на клише постапки и фрази кога станува збор за љубовта?rnrnЉубовни клишеаДечкото ѝ пишува пораки секоја вечер пред легнување и секое утро по станување. И така си докажуваат љубов. И што би значело тоа, ќе те сакам дури имам кредит или додека тато ми ја плаќа сметката? И најчесто тоа се веќе слушнати пораки, веќе видени фрази, сето тоа е само препишано или повторено од филм. Не секој е романтична душа, не секој знае да се изрази вистински романтично кога сака да искаже љубов, ама наместо да го цитираш Рајан Гослинг, смисли друг начин да ја покажеш љубовта.rnrnДруга клише постапка која ми оди на нерви, купување подарок секој месец. Си славите „месечнина“? Подарокот треба да биде израз на љубов и милост, онака ти текнало, од срце ти дошло да купиш некоја ситница. Да биде вистинско изненадување, а не да се глуми изненаденост кога се знае дека на тој и тој датум во месецот ќе си „размените“ подароци.rnrnИ во никој случај да не ја заборавиме најклише постапката од сите – јавното запросување. Колку појавно толку подобро. Ја сакаш девојка ти и сакаш да ја запросиш, ама само таа слушнала, а не цела Македонија, така што не ти се важи. Е сега, од друга страна, има клише постапки кои се и тоа како слатки. Кога од нигде никаде ќе ти отвори врата од автомобил или ќе го задржи столчето за да седнеш, е таквите клишеа држат вода, барем според мене.rnrnКлише изрази. Секој „експерт“ за љубов и за врски знае да ги цитира. Колку се вистинити? rnrnrnКлише израз број 1: Далечината ја разгорува вистинската љубов. Ма немој. Како прво, далечината не ја разгорува љубовта, туку ја гасне. Каква и да е, љубовта бара географска блискост. Скајп, интеренет, пораки, телефон… ништо ако ја немаш личноста во близина. Кога ќе престанеш да добваш бакнежи за добра ноќ, готово е, преку интернет нема хемија.rnrnrnКлише израз број 2: Љубовта ќе ја најдете кога најмалку ќе ја барате. Тоа е исто како некој да ви рече седи си и од небо пари ќе ти паднат. Ја паметите приказната со нашиот големец Колозов? Тој сакаше сам цар да се стори. Пиј си кафенце, азното само ќе си дојде. Да, ама во приказна. За да добиеш нешто во вистинскиот живот треба да го бараш, а не „да се правиш на Тошо“. Од небо паѓа дожд и снег, ама не љубов.rnrnrnКлише израз број 3: Спротивностите се привлекуваат. Да, баш затоа животните се парат со животни од друг вид, и металци се во врска со фолкери итн. Секој си бара некој спроти себе. Колку и да не изгледа така навидум, луѓето кои се заедно, паровите, друштвата, ужасно многу си се прикладни едни на други. Она што привлекува е сличноста. Заедничкото хоби или делење исти интереси. Спротивностите се надополнуваат ако ги има до одредена граница.rnrnИ колку повеќе навлегувам во темава, сè повеќе страв ме фаќа. А што ако и она „те сакам“ станало клише? Станува здодевно ако постојано се кажува, не ти се верува ако доаѓа од уста која лесно се расфрла со медни зборови, ама не е клише ако истовремено и се докажува.rnrnА ова моево, пиј си кафе, читај Кафе пауза, напиши некоја реченица од мерак, да не е клише ситуација? Со оглед на тоа што не се замислувам Кери од „Сексот и градот“, мислам дека не е. Сè што е ваше и ве исполнува максимално, да не ви е грижа дури и да изгледа по малку клише.rnrnДо следното читање,rnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

    rn

  • Како гик би ја илустрирал љубовта?

    Како гик би ја илустрирал љубовта?

    Периодниот систем на хемиските елементи никогаш не изгледал толку неодоливо романтично! Nerdy Dirty е серија од цртежи дизајнирани од страна на Никол Мартинез кои ја изразуваат љубовта на сладок, но и на малку поинаков начин. Артистот употребува мудри и весели илустрации во кои ја комбинира науката на гиковите со топлиот јазик на љубовта, во серија од брилијантни игри со зборови. Погледнете ги наредниве неколку слики, одберете една која ви изгледа најинтересно и пратете му ја на вашиот партнер. Веруваме дека ќе биде пријатно изненаден од овие уникатни илустрации за љубовта.rnrnКако гик би ја илустрирал љубовта?Како гик би ја илустрирал љубовта?Како гик би ја илустрирал љубовта?Како гик би ја илустрирал љубовта?Како гик би ја илустрирал љубовта?Како гик би ја илустрирал љубовта?Како гик би ја илустрирал љубовта?Како гик би ја илустрирал љубовта?Како гик би ја илустрирал љубовта?Како гик би ја илустрирал љубовта?Како гик би ја илустрирал љубовта?Како гик би ја илустрирал љубовта?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Те сакам“ кажано на холивудски начин

    „Те сакам“ кажано на холивудски начин

    Љубовта била и ќе остане вечна инспирација за филмските режисери. „Те сакам“, „те сакам повеќе од мојот живот“, „те сакам зајченце мое, „ти си жената на мојот живот“, „не сум паметен човек, но знам што е љубов“, „ти си единствената жена за мене“, се само мал дел од слатките реплики на познатите холивудски филмови.rnrn„Те сакам“ кажано на холивудски начинrnrnВо ова видео се спакувани романтични изјави од дури 95 филмови. Можеби ќе го препознаете вашиот омилен филм и токму ова видео ќе биде причина за повторно да се препуштите и да уживате во романтична атмосфера.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите филмски бакнежи на сите времиња

    Најдобрите филмски бакнежи на сите времиња

    Најдобар начин да се стоплите во ладните зимски ноќи, е да си направете топло кафе, да се стуткате во вашето ќебенце и да си пуштите романтичен филм кој само ќе придонесе за потполно да се опуштите во прекрасната зимска идила. Потсетете се на филмските сцени со страсни бакнежи кои ќе ви го одземат здивот и ќе ве натераат да ги гледате по кој знае кој пат.rn

    Casablanca (1942) – Казабланка

    rnБакнежот помеѓу Ингрид Бергман и Хамфри Богарт, ќе ве потсети на романтичната филмска сцена која е една од најгледаните и најпознатите на сите времиња.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Breakfast at Tiffany’s (1961) – Појадок кај Тифани

    rnРомантичните сцени помеѓу преслатката Одри Хепберн и Џорџ Пепард, се класично четиво за сите љубители на романтичниот филм.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Pretty Woman (1990) – Убава жена

    rnКој може да им одолее на прекрасните Џулија Робертс и Ричард Гир во неповторливиот романтичен филм „Убава жена“?rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Four weddings and one funeral (1994) – Четири свадби и еден погреб

    rnРомантичната комедија кога Хју Грант ја открива својата љубов Енди Мекдауел, е задолжителен филмски избор кој истовремено ќе ве разнежни и насмее.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Romeo + Juliet (1996) – Ромео + Јулија

    rnГледањето на класичната Шекспирова драма преработена во модерни услови и истовремено зачинета со страсните бакнежи помеѓу Леонардо Дикаприо и Клер Денс, ни малку нема да ве остави рамнодушни.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Titanic (1997) – Титаник

    rnШармантниот убавец Леонардо Дикаприо и овој пат нè остава без здив во прекрасните романтични филмски сцени со неговата партнерка Кејт Винслет.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Moulin Rouge! (2001) – Мулен Руж!

    rnДоколку сте обожаватели на филмските мјузикли, а сакате тие да бидат и романтични, „Мулен Руж!“ е вистинскиот избор за вас, каде ќе ги видите страсните бакнежи помеѓу Никол Кидман и Иjан Мекгрегор.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Spiderman (2002) – Спајдермен

    rnСпајдермен е филм кој не спаѓа во категоријата на романтични филмови, но токму овде ќе го видите најкреативниот бакнеж на сите времиња.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    The Notebook (2004) – Бележникот

    rnИако овој филм завршува тажно, сепак големата љубов која ја откриваат главните актери и незаборавните споделени бакнежи, се доволни за да придонесат овој филм да биде ваш романтичен избор за викендов.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrn

    Twilight (2008) – Самрак

    rnЗа сите тинејџери кои се вљубеници во фантазијата и надреалното, „Самрак“ е одличен избор, кој воодушевува со филмските бакнежи помеѓу Кристен Стујард и вампирот Роберт Патинсон.rnrnНајдобрите филмски бакнежи на сите времињаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.