Изберете една од овие слики, а таа ќе ви помогне да одредите колку сте романтични кога се во прашање врските!rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Срце бр. 1″ active=”false”]Кога љубите, љубите безусловно! Копнеете по некој кој ќе биде блиску до вашиот идеал, сакате да имате врска слична на односите прикажани во романтичните приказни. Ноќ исполнета со цвеќиња, свеќи и гледање во очи… Давате сè од себе, но очекувате и да ви биде возвратено во иста мера.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Срце бр. 2″ active=”false”]Вие сте мистериозни во љубовната врска! Огнени сте и привлечни, но ретко ја откривате вашата вистинска природа и никогаш не давате премногу. На овој начин секогаш се заштитувате од повреда, а на луѓето никогаш не им е доста од вашиот мистериозен шарм![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Срце бр. 3″ active=”false”]Вие имате смирувачки ефект врз партнерот! Довербата и лојалноста ви се особено важни, а потребно ви е малку време да се зближите, особено доколку станува збор за нова врска. Но, штом ќе го дадете своето срце некому, вие сте лојални докрај.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Срце бр. 4″ active=”false”]Вие сте страстен љубовник! Живеете сексуално богат живот и секогаш сте личноста која ја загрева врската. Зрачите со силна енергија и секогаш имате контрола, а партнерите го сакаат тоа кај вас![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува на љубовен план во февруари.rnrnИзвор: atma.hr
Tag: романтични
-

Направете го овој тест за да откриете колку сте романтични во љубовната врска!
-

5 романтични филмови кои ја прикажуваат љубовта каква што е навистина
Љубовните врски понекогаш се комплицирани. Сите парови наидуваат на различни пречки и не постојат врски без проблеми. Доколку сакате вистински љубовни приказни што ги прикажуваат љубовните врски со сите компликации и тешкотии, погледнете ги следниве 5 филмови.rn
1. „Како луд“ („Like Crazy“)
rnhttps://youtu.be/RSemWtNXYT8rnrnСе прашувате со какви проблеми се соочуваат паровите што имаат врска на далечина? Овој филм ќе ви одговори на тоа прашање. Приказната започнува со романтично вљубување на прв поглед, кое многу брзо се претвора во страдање и исчекување што нема крај. Што се случува кога Англичанка и Американец ќе се вљубат лудо еден во друг и одлучуваат да ги прекршат барањата за виза? Различни временски зони, пропуштени повици, оддалеченост и одвоени животи кои е многу тешко да се поврзат.rn
2. „Сината е најтопла боја“ („Blue is the Warmest Color“)
rnhttps://youtu.be/EO0abB6gJEwrnrnДали некогаш ви се случило да се оддалечите од блиска личност затоа што едноставно започнавте да се развивате со различно темпо и во различни насоки? Иако тоа е сосема нормална животна појава, разделбата е ужасно болна кога се случува помеѓу луѓе што се сакаат. Овој филм е приказна за првата љубов, за истражувањето на сексуалноста, за хомофобијата, за стравот од осуда, за разликите и за созревањето.rn
3. „Вечното сонце на беспрекорен ум“ („Eternal Sunshine of the Spotless Mind“)
rnhttps://youtu.be/GBEke6JixyErnrnНе постои личност која не сакала да ги избрише спомените што ја потсетуваат на поранешната љубов за време на болното раскинување. Во овој филм е можно тоа и ќе откриете што се случува кога некој ќе одлучи да го избрише споменот на големата љубов. Оваа надреалистична бајка на многу реален начин го покажува страдањето низ коешто секој поминал по раскинувањето.rn
4. „Само ти“ („Only You“)
rnhttps://youtu.be/D6R_HGs4qgwrnrnПриказната започнува идилично, маж и жена се обидуваат да влезат во истото такси и одеднаш се вљубуваат. Наскоро одлучуваат да живеат под ист покрив и да го прошират семејството, а потоа почнуваат да се појавуваат проблемите. Овој филм совршено покажува колку тешките периоди од животот може да влијаат и да предизвикаат сомнеж дури и врз најголемата љубов.rn
5. „Тажна врска“ („Blue Valentine“)
rnhttps://youtu.be/aILx69WrRhQrnrnОвој филм е еден од најтешките и најтажните филмови што некогаш ќе ги гледате. Преплетувањата на сцени од среќни денови со сцени од тешки периоди ќе ви го скршат срцето. Оваа љубовна приказна ќе ве потсети колку се кревки врски ако не се трудите доволно.rnrnПогледнете ги овие романтични комедии што ќе ве натераат повторно да верувате во љубовта.
-

Најдобрите романтични филмови ако сакате да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера
Можеби романтичните филмови не ви се омилениот жанр, но тие се совршен избор за Денот на вљубените. Без разлика дали сакате романтични комедии, тинејџерски љубовни афери или инспиративни животни приказни, Денот на вљубените е совршена можност да имате романтична филмска вечер, а во продолжение погледнете кои се најдобрите филмови за таа вечер.rn
1. „50 први состаноци“ (50 First Dates)
rnhttps://youtu.be/Y-9wSAd0dMMrnrnПо првото успешно запознавање, Хенри (Адам Сендлер) сфаќа дека ако сака да биде во врска со Луси (Дру Баримор), мора да ја шармира и да го освојува нејзиното срце секој ден до крајот на животот.rn
2. „Раскинување“ (The Break-Up)
rnhttps://youtu.be/ljnEUL-fdt0rnrnШто се случува кога љубовта не е доволна? Иако ја прекинале врската, Гери (Винс Вон) и Брук (Џенифер Анистон) одбиваат да го напуштат заедничкиот стан, а тоа ќе доведе до уште поболно раскинување и засилени чувства.rn
3. „Љубовта нема правила“ (Something’s Gotta Give)
rnhttps://youtu.be/0YyEQosnwaIrnrnПо состанокот со млада девојка, еден постар музички магнат се заљубува во нејзината мајка. Филмот е во режија на Ненси Меерс, а во главните улоги се Џек Николсон и Дајан Китон.rn
4. „Господин Дидс“ (Mr. Deeds)
rnhttps://youtu.be/5aB1aJrxfvwrnrnДидс има пицерија и живее скромно во гратчето каде што сите го обожаваат. Но, тој наследува 40 милиони долари од својот вујко и се сели во метрополата каде што ќе биде опкружен со преваранти.rn
5. Тоа што жените го сакаат (What women want)
rnhttps://youtu.be/VFwHs7fEUNsrnrnЕкспертот за рекламирање Ник (Мел Гибсон) се обидува да креира реклами за типични женски производи, а при обидот да влезе во женската психа, доживува несреќа, по што станува способен да слушне сè што мислат и што сакаат жените.rn
6. „Свадбата на мојот најдобар пријател“ (My Best Friend’s Wedding)
rnhttps://youtu.be/cvnJeQi3eQ8rnrnЏулијан (Џулија Робертс), за време на студирањето, ја прекинала својата врска со Мајкл согласувајќи се да се венчаат ако сè уште се слободни на 28 години. Кога Мајкл (Дермот Мулрони) ја бара Џулијан непосредно пред нејзиниот 28-ми роденден, тој ѝ соопштува дека за три дена ќе се ожени со Кимберли (Камерон Дијаз).rn
7. „На патување во Америка“ (Coming to America)
rnhttps://youtu.be/KFroCRDXw5ErnrnМладиот принц Аким (Еди Марфи) од измислената африканска држава Зимунда наполнил 21 година и сака уште малку да го прошета светот пред да се смири. Така, тој доаѓа во САД преправајќи се дека е сиромашен студент.rn
8. „Романса во Сиетл“ (Sleepless In Seattle)
rnhttps://youtu.be/-Lj2U-cmyekrnrnПопуларната романтична комедија од 90-тите е во режија на Нора Ефрон, а во главните улоги играат Том Хенкс и Мег Рајан. Том го глуми Сем, чиј осумгодишен син смета дека е време да си најде нова сопруга, а Мег е Ени која ја слуша целата приказна преку радио и смета дека Сем можеби е мажот на нејзиниот живот.rn
9. „Во добро и зло“ (Silver Linings Playbook)
rnhttps://youtu.be/Lj5_FhLaaQQrnrnПат Солатано (Бредли Купер) изгубил сè, својата куќа, сопругата и својата работа. Тој завршил во психијатриска клиника и по осум месеци се враќа да живее со своите родители (Роберт Де Ниро и Џеки Вејвер), но незадоволен од тоа, тој одлучува да стори нешто за да си го врати претходниот начин на живот, па се среќава со Тифани (Џенифер Лоренс).rn
10. „Подобро не може да биде“ (As Good As It Gets)
rnhttps://youtu.be/rrRl2QQKkI8rnrnМелвин Удал (Џек Николсон) е вреден њурошки писател кој има опсесивно-компулсивно нарушување. Неговиот живот се менува откако неговиот сосед што е геј ќе биде претепан и мора да оди во болница.rnrnПогледнете кои филмови може да ве прошетаат низ светот овој викенд.
-

12 момци ги откриваат најромантичните љубовни состаноци што некогаш ги испланирале
Најчесто, љубовните состаноци почнуваат со следниов разговор: „Што сакаш да правиме?“, „Не знам, тебе што ти се прави?“. После ова, целата магија на моментот се губи поради неодлучноста и непријатната тишина. Па, како размислуваат мажите кога станува збор за романтичните љубовни состаноци? Следниве 12 момци откриваат како ги изненадиле нивните сакани на тој начин што им приредиле волшебна и незаборавна ноќ…rnrn
rn1. Бакнеж во музеј
rn
„Нашиот прв бакнеж беше многу романтичен иако не започна така. Сакав да ја бакнам додека разгледувавме облека во еден бутик, но таа ми кажа дека сака да се случи тоа на некое поромантично место. Потоа, поминавме неколку часа разговарајќи на секоја можна тема. Се возевме наоколу и откако го згрешивме патот, завршивме пред еден музеј за Берлинскиот ѕид и излеговме надвор. Повторно се обидов да ја бакнам и ми успеа! Откако се бакнувавме неколку секунди, го привлековме вниманието на чуварите кои нѐ избркаа. Нашиот прв бакнеж се случи покрај Берлинскиот ѕид заедно со чуварите кои нѐ осветлуваа со нивните батерии и ни велеа да си одиме.“
rn
2. Поглед кон зајдисонце
rn
„Отидовме на дегустација на вино, се поднапивме, ѝ го купив нејзиното омилено шише вино, вечеравме во нејзиното омилено место и го гледавме зајдисонцето на ридот. Потоа се шетавме на полна месечина и отидовме кај неа дома за да го допиеме сето тоа што го купивме.“
rn
3. Расипан автомобил
rn
„Нашиот прв љубовен состанок немаше крај и можеше да заврши многу лошо, но истовремено беше и многу романтичен. Сакав да ја однесам во ресторан, но не резервирав. По долгото пешачење во трговски центар, дознавме дека бил затворен поради празнична прослава. Ја однесов во виетнамски ресторан и толку многу се занесовме што не забележавме дека ресторанот беше празен, а ние бевме опкружени со уморни Виетнамци кои чекаа да ја платам сметката и да си одиме. Потоа, се вративме во мојот автомобил кој не сакаше да запали, па трчавме до автобуската станица за да го фатиме последниот автобус до местото каде што нејзиниот автомобил беше паркиран. За среќа, стигнавме, таа ме однесе до дома и потоа имав изговор да ѝ се јавам наредното утро за да ми го поправи автомобилот.“
rn
4. Роденденско запросување
rn
„На девојка ми ѝ беше роденден и планирав да ја однесам на опуштен пикник. Знаев дека ќе ја запросам, но не сакав тоа да биде обично. Нарачав огромна торта на два ката во форма на срце, на којашто наместо „Среќен роденден“, пишуваше „Ќе се омажиш ли за мене?“. Скришум ја однесов тортата во собата, го наместив приватниот пикник и запалив свеќи. Јадевме, пиевме и се смеевме со часови. Потоа, ја прашав дали сака да ги дувне свеќите од роденденската торта, но таа ми кажа да почекам бидејќи била прејадена. Никогаш не сум прашувал некого толку многу дали сака торта! По неколку часа, таа конечно се согласи, ги запалив свеќичките на тортата и ги изгаснав светлата. Мораше да застане на прсти за да види што пишува на тортата, но кога конечно виде, ме најде, а јас целиот треперев и плачев, клечејќи на колено со прстен во рака. Секако дека кажа ’Да’!“
rn
rn5. Колиба во шума
rn
„Изнајмив колиба од 1950-та година, скриена длабоко во шума, во близина на река, со разгорен камин и топла бања, додека надвор снегот полека паѓаше.“
rn
6. Запросување пред пирамиди
rn
„Организирав запросување пред големите пирамиди во Гиза. Ова го планирав повеќе од една година. На Нова година ѝ ветив дека тоа ќе ѝ биде најубавата година. Испланиравме патување од нашите соништа во Египет. Се разбудивме во Каиро првиот ден откако пристигнавме по патувањето што траеше цела недела. Изнајмив црн автомобил што нѐ однесе точно до пирамидите во Гиза. Ја разгледавме Големата пирамида и застанавме за да му се восхитуваме на пејзажот. Надвор од третата пирамида ѝ кажав колку ја сакам и дека планирам засекогаш да патувам околу светот со неа. Тогаш клекнав на колено. Останатите денови истражувавме наоколу и имавме прекрасна вечера со шампањ за да прославиме.“
rnПродолжува на следната страница…rnrn
-

8 љубовни песни од Џони Кеш што ќе го стопат срцето на вашиот сакан
Тешко е да се пронајде вистинската љубовна песна. Сите луѓе имаат различен вкус кога станува збор за баладите. Можеби вам ви се допаѓаат едноставни, поетски и искрени песни, но тоа не значи дека и вашиот партнер треба да го сака истиот вид музика. Поголемиот дел од мажите не се големи љубители на баладите. Ретко кој од нив би признал дека понекогаш си ја потпевнува „My Heart Will Go On“ под туш или дека пуштил солза на „I Will Always Love You“. Според тоа, наоѓањето љубовна песна што би им се допаднала се чини како невозможна мисија.rnrn
rnrnЗа среќа, постои решение за леденото срце на вашиот партнер, а тоа е извонредниот музичар Џони Кеш. Џони Кеш е најмажествениот романтичар на Земјата! Тој застанува на сцена со неговата гитара целиот облечен во црно и зборува за љубовта. Неговиот длабок глас ретко кого може да го остави рамнодушен. Доколку вашиот сакан ги чува емоциите во себе, обидете се да му пуштите некоја од следниве 8 љубовни песни, бидејќи ако некој може да го сруши неговиот непробоен ѕид, тоа несомнено е Џони Кеш…rn1. „Darlin’ Companion“
rnrnПесна која зборува за меѓусебното разбирање и поддршка што треба да постојат кај партнерите. „Сѐ додека имам нозе на кои можам да застанам, ќе бидам тука до тебе“ е ветувањето што го дава Џони Кеш, а истото можете да му го ветите и вие на вашиот сакан преку оваа прекрасна балада.rn
2. „I Love You Because“
rnrnДали некогаш сте се запрашале зошто вашиот партнер ве одбрал токму вас? Зошто токму вие сте љубовта на неговиот живот? Џони Кеш има илјадници причини зошто ја љуби неговата сакана, но најголемата е таа самата.rn
3. „’Cause I Love You“
rnrnКако се однесувате кога сте разделени со партнерот? Дали вашите чувства заладуваат или пак врската меѓу вас станува уште поцврста? Уверете го партнерот дека никогаш нема да дозволите да се раскине врската меѓу вас преку оваа прекрасна песна на Џони Кеш.rn
4. „Happiness Is You“
rnrnКога сте вљубени, ниту еден проблем на светот не ви се чини толку голем, бидејќи знаете дека постои некој кој ве сака. Месечевата светлина на Џони избледела, песочните замоци се срушиле, но сето тоа било безначајно затоа што неговата среќа зависела единствено од неговата сакана. Доколку и вие се чувствувате така за вашиот партнер, не двоумете се дали да му ја пуштите оваа песна.rn
5. „I Walk the Line“
rnrnВљубените луѓе имаат сила да ги пребродат сите пречки на патот и да ги претворат чудата во реалност. Вистинската љубов не може да се скрие. Таа зрачи со посебна енергија и е видлива за сите! Оваа песна говори токму за тоа и е совршен избор за романтична вечер со партнерот во домашна атмосфера.rn
6. „You’re the Nearest Thing to Heaven“
rnrnЉубовта заслепува и прави да го идеализирате партнерот. „Мојата потрага по љубовта заврши дента кога те најдов тебе, затоа што ти си најблиското нешто до рајот“ се зборовите на Џони Кеш. Како би го опишале вие вашиот партнер? Кажете му го тоа со оваа моќна љубовна балада!rn
7. „Ring of Fire“
rnrnЉубовта не може да опстои без страста. Љубовта е пламен кој постојано треба да се разгорува за да не згасне. Покажете му на партнерот колку копнеете по него со тоа што ќе ја пуштите оваа песна додека водите љубов.rn
8. „First Time Ever I Saw Your Face“
rnrnДали уште веднаш кога го здогледавте вашиот партнер знаевте дека тој е вистинскиот? „Прв пат кога го видов твоето лице помислив дека сонцето изгрева во твоите очи и месечината и ѕвездите беа даровите што му ги даваше на темното и бесконечно небо, љубов моја“. Имате ли слушнато поромантични зборови од овие?! Ако и вие се чувствувате така за вашиот партнер, но не знаете како да го пренесете тоа преку зборови, оваа песна дефинитивно ќе ви помогне да ја искажете вашата љубов!rnrnВо продолжение слушнете ги и овие песни за романтична атмосфера.
-

Покажете ја љубовта кон саканата личност со некој од овие прекрасни романтични цитати
Заљубувањето се случува ненадејно и неочекувано. Станува збор за неописливо чувство на топлина и сигурност кое ги разигрува пеперутките во стомакот и предизвикува некоја необјаснива еуфорија при самата помисла на саканата личност. Иако не постојат зборови што можат да го опишат интензитетот на овие емоции, следниве неколку романтични цитати барем малку успеваат да го доловат чувството на заљубеност…rnrn
rn„Поради тебе се чувствувам целосно. Поради тебе знам дека сѐ е возможно. Те сакам поради тоа што си и поради тоа што покрај тебе чувствувам дека можам да постигнам сѐ што ќе посакам во животот.“ – Тајлер Нот Грегсон
rn
„Попрво би живеел еднаш со тебе, отколку да треба да се соочам со сите животни доби сам.“ – „Господар на прстените“ (Lord of the Rings)
rn
„Ти си моето денес и сите мои наредни утра.“ – Непознат автор
rn
„Кога ќе го сретнете човекот што може да го смени начинот на кој чука вашето срце, танцувајте со него на срцевиот ритам сѐ додека песната трае.“ – Кирк Дидрих
rn
„Сѐ ме носи кон тебе. Сѐ што постои, сите миризби, светла и метали се како мали бротчиња што пловат кон твоите острови кои ме чекаат само мене.“ – Пабло Неруда
rn
„Средбата со тебе беше како да сум чул песна за прв пат и веднаш сум знаел дека таа ќе биде мојата омилена.“ – Непознат автор
rn
„Кога ќе сфатите дека сакате да го поминете остатокот од вашиот живот со некоја личност, посакувате остатокот од животот да започне што е можно побрзо.“ – „Кога Хари ја запозна Сали“ (When Harry Met Sally)
rn
„Се колнам дека кога нашите усни ќе се допрат, можам да ги вкусам наредните 60 години од мојот живот.“ – Р. Ф.
rn
„Од сите работи што имале можност да ги допрат моите раце, ти си најдоброто нешто досега.“ – Непознат автор
rn
rn„Тебе би те одбрала во стотици животи, во стотици светови, во секоја верзија на реалноста, би те пронашла и би те одбрала тебе.“ – Кирстен Вајт
rn
„Никогаш не би можела да го опишам со зборови чувството кога сум склопчен/а во твоите раце, а нашите прсти се испреплетени и твојот нежен здив ми го гали вратот. Но, она што можам да ти го кажам е дека таму припаѓам, твојата прегратка е моето засолниште и вечен дом.“ – Б. Р. К.
rn
„Се вљубив во начинот на кој заспиваш бавно и одеднаш истовремено.“ – Џон Грин
rn
„Кога сум покрај тебе како да пијам од вечноста, од сонцето, од ѕвездите, од небото. Никогаш не сум вкусила нешто подобро.“ – Кристи Ен Мартин
rn
„Кога сакате некого, можете да ја видите целата нивна магија и ги потсетувате на неа секогаш кога тие ќе ја заборават.“ – Непознат автор
rn
„Во бракот двајца поединци стануваат тим. Ќе го поминете целиот ваш живот учејќи еден за друг и одвреме-навреме нештата ќе тргнат наопаку. Но, убавината на бракот е тоа што доколку сте ја одбрале вистинската личност која ја сакате и ве сака, секогаш ќе најдете начин да ги пребродите потешкотиите.“ – Николас Спаркс
rn
„Те сакам повеќе одошто можам да го изразам тоа со зборови.“ – Бен Фолдс
rn
„Неверојатно е тоа кога некој ќе се појави во вашиот живот и вие не можете да се сетите како сте живееле претходно без таа личност.“ – Непознат автор
rn
„Знаеше дека го сака кога зборот ’дом’ не беше повеќе поим за место, туку за личност.“ – Е. Левентал
-

Цитати од класичната литература кои ќе ви помогнат да ги освоите сите љубители на книги
Тешко е да освоите некој што сака да чита книги. Секојдневните начини на додворување нема да пројдат кај нив. Тие веќе имаат прочитано секакви бесмислени романтични глупости и нивните очекувања во љубовта се големи. Но, не грижете се. Овие неколку цитати украдени директно од најголемите класици со сигурност ќе ја импресионираат вашата симпатија која никогаш не ја испушта книгата од раце…rnrn
rn„Единствениот начин да се ослободите од искушението е да му се препуштите.“ – Оскар Вајлд, „Сликата на Доријан Греј“
rn
„Сакам да ти го направам она што пролетта им го прави на црешовите дрвја.“ – Пабло Неруда, „Дванаесет љубовни поеми и песна за очајот“
rn
„Залудно се мачев. Нема повеќе. Моите чувства нема да бидат потиснати. Мораш да ми дозволиш да ти кажам колку страсно те љубам и те обожавам.“ – Џејн Остин, „Гордост и предрасуди“
rn
„За момче кое не е толку пријатно за очи, имаш инстинкт на шампион.“ – Салман Ружди, „Маѓесничката од Фиренца“
rn
„Ја чекав оваа шанса повеќе од половина век, да ти го повторам уште еднаш мојот завет за вечна верност и бесконечна љубов.“ – Габриел Гарсија Маркез „Љубов во време на колера“
rn
„Бидете мирни кога немате што да кажете. Кога ќе ве обземе вистинска страст, кажете го она што имате да го кажете и кажете го тоа заводливо.“ – Д. Х. Лоренс, „Збирка на песни“
rn
„Она што ги држи луѓето во светот заедно, колку што имам научено од моето горчливо искуство, е сексуалниот однос.“ – Хенри Милер, „Раков повратник“
rn
„Ми продираш во душата. Јас сум половина агонија, половина надеж.“ – Џејн Остин, „Убедување“
rn
rn„Вие мадам, сте неодолива. Ги проучувам вашите стапала со микроскоп и вашата душа со телескоп.“ – Виктор Иго, „Клетници“
rn
„Ти и јас, чиниш нѐ учеле во рајот како да се бакнуваме и потоа нѐ пратиле заедно на Земјата за да видат дали сме го запаметиле она што сме го научиле.“ – Борис Пастернак, „Доктор Живаго“
rn
„Дали те сакам? Ох, Боже! Да беше љубовта зрно песок, мојата ќе беше цел универзум од плажи.“ – Вилијам Голдман, „Принцезата невеста“
rn
„Твоето име е како златно ѕвонче закачено во моето срце. Ќе си го скршам телото на парчиња само еднаш да можам да те наречам по име.“ – Питер С. Бигл, „Последниот еднорог“
rn
„Мислам дека си добар, надарен, прекрасен. Во моето срце зачната е искрена страст. Таа оди по тебе, те повлекува во центарот и калемот на мојот живот, го обвива моето постоење околу тебе и со распламтена, чиста и моќна искра нѐ соединува мене и тебе и нѐ претвора во едно.“ – Шарлот Бронте, „Џејн Ејр“
rn
„Ништо друго на светот не сакам толку многу колку што те сакам тебе, зар не е тоа чудно?“ – Вилијам Шекспир, „Многу врева за ништо“
rn
„Бакни ме и ќе видиш колку ти значам.“ – Силвија Плат, „Нескратени дневници“
-

7 прекрасни идеи за свадбени торти
Како и за сè во животот, така и за свадбените торти постојат одредени трендови кои се менуваат низ годините. Овие торти имаат големо значење, особено за невестите, кои со големо внимание го избираат нивниот вкус, но сепак, најголемо значење се дава на изгледот. Таа слатка магија, која со нетрпение ја чекаат гостите на свадбата, доаѓа како јаготка на шлагот. Свадбените торти се најчесто меѓу последните изненадувања на веселбите, па затоа треба да бидат совршени. Ние издвоивме неколку идеи од трендовите кои се актуелни.rn
1. Рустична торта
rn
rnrnОва може да биде прекрасна, романтична торта. На две или три нивоа, можете да ја изберете и во целосно бело издание. Може да биде украсена минималистички со ситни овошки, со зелени гранчиња или убави големи цветови во нежни бои.rn2. „Гола“ торта
rn
rnrnУбавината на овој стил на торти е во неговата транспарентност и отвореност. Се гледаат сите слоеви, а за да се добие поголема длабочина може да се покријат единствено горните страни од нивоата на тортата. Можностите за украсување се неограничени, но најдобро би било да се направат мали цветчиња кои ќе се распоредат на врвот и по страничните делови.rn3. Минималистичка торта со акцент на неколку бои
rn
rnrnОва е минималистички украсена торта. Вообичаено се избира бела основа, врз која слаткарите можат да нанесат неколку дискретни бои, по ваш избор, секако. Начинот на кој ќе се наслика тортата е неограничен – од лесно поминување со четка, до одредени нежни форми. Но, главната улога кај оваа торта ја имаат боите, без никакви дополнителни детали за украсување.rn4. Географска структура
rn
rnrnОвој тренд е исклучително актуелен. За да се постигнат одредени географски површини и структури се користи карамелот, кој се обликува во мали кристали и внимателно се распоредува по тортата. Тоа на слатките задоволства им дава прекрасен изглед и неверојатна длабочина. Формите од природата се преточуваат на тортата, па затоа и тие се вистински уметнички дела. Доколку изберете ваква торта, вашите гости ќе останат без зборови.rn5. Бар со десерти
rn
rnrnЗошто да изберете само торта, кога можете да направите целосен десерт бар. На овој начин не само што ќе го збогатите изборот на слатки задоволства, туку и ќе внесете дополнителна забава меѓу гостите на вашата свадба, затоа што ќе можат да пробаат најразлични вкусови. Секако, не мора да претерувате со изборот, но може во средина на масата да има една мала „гола“ или минималистичка торта, која ќе биде опкружена со мали крофни и колачиња во најразлични форми, вкусови и бои.rn6. Омбре
rn
rnrnГрадацијата на бои не е само за косите, туку таа сè повеќе се користи и при изборот на свадбени торти. Таа игра на бои може да биде постигната со едноставен шлаг или фондан. Изборот е ваш, а ефектот може лесно да се добие. Овие омбре декорации не бараат некои специјални детали. Доволно е некое ситно природно цвеќе или нежни зелени гранчиња.rn7. Торта од макаронси
rn
rnrnОва е еден тренд во кој се користи магијата на креативноста. Тоа значи дека може да го избегнете клишето и наместо торта од тесто и крем, да си нарачате торта од мали ситни макаронси. Тие можат да бидат еднобојни или во сите можни нијанси. Наредени едно до друго на неколку нивоа ќе внесат разиграност и радост меѓу гостите. -

8 романтични љубовни состаноци кои ќе ве стоплат за време на зимата
Ладно ви е? Не грижете се. Погледнете ги следниве романтични состаноци кои гарантирано ќе ве загреат за време на оваа зима. Сезоната на ниските температури и снежни денови веќе започна, па зошто да не би се стоплиле така што ќе се инспирирате од следниве неколку идеи за зимски љубовни состаноци?rnrn
rn1. Лизгање
rnМожеби ви делува како клише, но зарем има нешто подобро од лизгање по кое следува пиење топло чоколадо или греено вино? Доколку сте доволно среќни да бидете некаде надвор од градот, можеби дури би имале можност и да лизгате на замрзнато езеро и да имате пикник на снег.rn
2. Прошетка низ село
rnМожеби ви делува како лоша идеја да посетите село за време на зимата, но не постои ништо подобро од зацрвенувањето на вашите образи од студениот и чист селски воздух. Вие исто така би можеле да вечерате покрај камин или да посетите удобен мал ресторан или паб за автентично искуство.rn
3. Љубовен состанок покрај свеќи
rnПостои нешто магично во прегратките на светлина од свеќи. Или пак, уште подобро, од камин. Откако ќе ги изгаснете сите останати светла, можете да се наместите удобно во дебело ќебе или пак, да играте некоја игра. Единственото правило е да не се користи струјата. Што се однесува до пијалаците, топол чај, топло чоколадо или греено вино се најдобар избор за оваа атмосфера.rn
4. Божиќни десерти
rnСо оглед на тоа што ни се приближуваат празниците, зошто да не се договорите за ден во кој би ги подготвиле заедно сите новогодишни или божиќни десерти? Направете колачиња или торта и бидете креативни во тоа што ќе решите да го подготвите. Инспирирајте се од тематски божиќни рецепти кои можат да се најдат лесно на Интернет и изненадете ги вашите најблиски.rn
5. Состанок во кој ќе направите нешто добро
rnЗошто да не одлучите заедно да му дадете подарок на светот така што ќе волонтирате за локална добротворна организација која организира новогодишен или божиќен настан за оние кои се помалку среќни?rn
6. Направете сами
rnДоколку сакате рачни изработки, тогаш вие можете заедно да направите празнични честитки или декорации за домот и елката. Постојат премногу идеи на Пинтерест кои можат да ви помогнат во оваа цел.rn
7. Декорирајте го домот заедно
rnЗошто да не му дозволите на вашиот партнер да ви помогне при декорирањето на вашиот дом? Вие можете да го комбинирате овој состанок со оној кога ќе подготвувате десерти за празниците со цел да го поминете целиот ден заедно.rn
8. Насочете се кон планините
rnВие едноставно немате изговор да не посетите некоја блиска планинска романтична локација на неколку денови и да избегате малку од гужвата во вашиот град. Не мора дури ни да плаќате многу за изнајмување скии или други зимски активности, доволно е само да прошетате на свежиот планински воздух и да ги наполните белите дробови со здравје.
-

7 романтични филмови кои мора да ги гледате за време на празниците
Без разлика дали сте ги гледале овие филмови или не, оваа зима дефинитивно треба да се најдат на вашиот празничен филмски репертоар. Има големи шанси некои од нив (или сите) да ги знаете напамет, но станува збор за приказни кои едноставно никогаш нема да можат да ви здодеат бидејќи се неверојатни.rn
1. Всушност љубов (Love Actually)
rn
rnrnОвој филм е апсолутна класика која истовремено нè смее, но и растажува додека ни раскажува 10 љубовни приказни за романтичната љубов, љубовта кон пријателите, љубовта кон семејството…rn2. Празникот (The Holiday)
rn
rnrnОткако и двајцата ќе бидат разочарани од љубовта, Аманда и Ирис одлучиле да ги заменат своите домови во Америка и Велика Британија за време на празниците. Токму тоа им отвора врата за сосема нов вид љубовни авантури.rn3. Дневникот на Бриџит Џоунс (Bridget Jones’s Diary)
rn
rnrn32-годишната Бриџит носи големи новогодишни одлуки. Таа планира да ја намали својата тежина, да најде соодветен партнер и целосно да го среди нејзиниот живот…rn4. Несоница во Сиетл (Sleepless in Seattle)
rn
rnrnОсамениот вдовец Сем решава да ја раскаже приказната за својата жена на радио, со што ќе привлече огромен број жени ширум светот, вклучувајќи ја и Ени од Балтимор која е во потрага по магична љубов.rn5. Додека спиеше (While You Were Sleeping)
rn
rnrnНа денот на Божиќ, Луси, која продава карти на железничка станица, го спасува својот колега Питер од паѓање под воз. Додека тој лежи во болница во кома, таа по сплет на околности станува негова свршеница и го воодушевува неговото семејство.rn6. Семеен човек (Family Man)
rn
rnrnЏек е успешен неоженет маж кој живее во Њујорк. По необична средба на божиќната вечер, тој се буди во предградие, оженет и татко на две деца. Неговата сопруга, Кејт, е девојката во која тој порано бил заљубен, но ја немал видено откако ја оставил на аеродром, пред 13 години.rn7. Случајни среќни околности (Serendipity)
rn
rnrnЏонатан и Сара прв пат ќе се сретнат за време на божиќен шопинг кога и двајцата случајно ќе се допрат во обид да ги земат истите ракавици. Нивната иднина од тогаш е препуштена на судбината…