Студентскиот живот не е лесен и повеќето од нас многу добро го знаат тоа. Студентите се познати по пронаоѓањето неконвенционални решенија на многу секојдневни проблеми и успешно соочувања со сите ситуации. Но, што и да сте правеле или правите на факултет, го правите за да преживеете и сега сте подобра личност поради тоа. Во продолжение погледнете дел од најсмешните решенија кои можат да ги разберат само студентите кои се шворц и чие животно мото е: „Снајди се, па живеј“.rnrnКога на каучот му фали место за седење, па го надополнувате со столица.rnrn
Многу од корисниците на смартфони и таблети истите ги користат погрешно, без притоа да го сфатат тоа. На овој начин не само што не се искористуваат голем дел од нивните можности, туку и се отежнува нивната употреба. Ви прикажуваме дел од најчестите грешки, како и правилниот начин на кој треба да ги употребувате.rnrnrn
Прва грешка: Селфи фотографирање со рака
rnКажете им збогум на човечките екстремитети коишто опфаќаат половина од вашата фотографија! Отворете ја апликацијата за камерата, ставете ги слушалките на смартфонот и поставете го некаде пред вас. Кликнете на копчето за зголемување на волуменот којшто се наоѓа на слушалките и направете ја вашата селфи фотографија, исто како со далечински управувач!rnrnrn
Втора грешка: Ги оставате вклучени интернетот и блутутот
rnАко интернетот и блутутот ви се вклучени постојано, дури и кога не ви се потребни, тие го забрзуваат слабеењето на вашата батерија, па затоа е добро да ги исклучувате секогаш кога сте во можност. Исто така, доколку сакате вашиот телефон да се полни побргу, вклучете ја опцијата за патување со авион.rnrnrn
Трета грешка: Снимате видео со телефон во вертикална положба
rnЗа да снимате видео, свртете го телефонот хоризонтално. На овој начин, кога ќе го прикачувате видеото на Јутјуб, видеото ќе биде многу подобро и попрегледно. Исто како да гледате филм.rnrnrn
Четврта грешка: Пишувате на вашиот таблет користејќи ја нормалната тастатура
rnДржењето на таблетот над вашата глава не само што е тешко, туку е и опасно! Кога не пишувате потпрени врз вашето биро, поделете ја тастатурата со цел да ви биде поедноставно. Поставете ги двата прста на средината од тастатурата, а потоа раширете ги. На овој начин ќе имате одвоена тастатура, па ќе можете да пишувате само со вашите палци.rnrn
Доколку спаѓате во оние 50% кои попрво би се откажале од сексот отколку од својот мобилен телефон, тогаш уште веднаш ви соопштуваме дека последиците врз вашата убавина и здравје од постојаната употреба на технологија се огромни.rnrnrnrnОвие уреди, во кои спаѓаат мобилните телефони, компјутерите, таблетите и сличните гаџети можат да ја нарушат вашата убавина, без да бидете свесни. Акни, недоволен сон, испукани нокти, сува коса… – ова се само неколку од проблемите кои ги предизвикува модерната технологија. Во продолжение ви претставуваме неколку решенија на овие лоши влијанија кои настануваат поради прекумерна употреба на модерна технологија.rn
1. Екранот како огледало
rnДоколку поминувате многу време пред екранот од компјутерот ви се чини дека тоа станало вашето второ „јас“ или пак ваше огледало. Всушност дури ни пред него не поминувате толку многу време колку што поминувате пред компјутер. Ова може да доведе до оштетување на видот и подгрбавеност.rnrnРешение:Задолжително прилагодете го екранот во висина на очите, така што кога ќе седите пред компјутер да бидете во исправена положба. Додека седите, правете мали вежби за истегнување на `рбетот и задолжително истегнувајте го вратот со кружни движења на главата. Правете го ова додека ви е убаво и пријатно.rn
2. „Гнасни разговори“
rnИстражувањата покажуваат дека 93% од тестираните мобилни телефони содржат бактерии на себе. Мобилните телефони ги држиме во близина на нашите образи и линијата на брадата – најзастапеното место каде се јавуваат акни, а ова дефинитивно ја влошува состојбата.rnrnРешение:За да ги спречите бактериите, секојдневно чистете го телефонот со алкохол или тоник.rn
3. Екран на допир
rnЕкраните на допир се многу практични за сурфање на Интернет, но дали некогаш сте помислиле колку пати дневно фаќате квака, притискате копче за лифт, а потоа го допирате својот уред….rnrnРешение: Фактички и немаме некое специфично решение освен да ве советуваме помалку да го допирате вашиот телефон или таблет и почесто да ги миете рацете.rn
4. Сурфање во кревет
rnСигурно пред да си легнете гледате што има на социјалните мрежи. Токму таа силна светлина која директно продира до вашето лице испраќа мозочни сигнали дека не мора да се создава мелатонин – хормонот кој го контролира сонот – затоа што тој вообичаено се активира во темнина. Недостатокот на сон води до прекумерно лачење адреналин што може да има негативно влијание на вашата кожа.rnrnРешение:Не носете никакви блескави уреди во спалната соба, но ако не можете да се контролирате, симнете мобилна апликација која автоматски ја намалува светлината на екранот кога е време за спиење.
Поради ужасните летни горештини многу повеќе се тушираме, пливаме и се поливаме со вода, па честопати се случува да ни се заглави вода во ушите. Освен што е непријатно, може да биде и опасно. За да не се мачите со овој ужасен проблем, смисливме 7 начини на кои можете да ја извадите водата од ушите, а ако ниеден од овие методи не ви успее и веќе почнувате да чувствувате болка, тогаш веднаш посетете лекар.rnrnrn
1. Направете капки од алкохол и оцет
rnОваа комбинација ќе го ослободи протокот на водата од ушите и ќе спречи инфекција. Постапката е многу едноставна. Наполнете едно шишенце до половина со алкохол, а од половина нагоре со бел оцет и со помош на пипета ставете неколку капки во едното па во другото уво. Исцедете ги ушите со наведнување на главата. Киселината ќе го разбие церуменот во увото и ќе го олесни истекувањето, а алкохолот помага во испарување на водата. Ако имате оштетено ушно тапанче не ја испробувајте оваа техника.rn
2. Создадете вакуум во увото
rnНавалете ја главата кон онаа страна на која увото ви е затнато, притиснете го со дланката, а потоа притискајте внатре-надвор. Така ќе направите благ вакуум за извлекување на водата од увото. Вакуумот може да се направи и со прст. Свртете го увото надолу, пикнете прст и брзо извадете го. Повторувајте ја постапката додека не почувствувате дека водата излегла од увото. Исто така, пробајте да го масирате увото во насока на стрелките на часовникот.rn
3. Исушете ја водата со топол воздух
rnУпотребете фен за сушење коса. Наместете го на најслаба температура и поставете го на растојание од 30 см од увото. Топлиот воздух ќе стимулира испарување на водата.rn
4. Скокајте на една нога
rnНаведнете ја главата на страната на која увото ви е полно со вода, застанете на една нога и скокајте. Во исто време повлечете ја ушната ресичка затоа што тоа може да го прошири ушниот канал. Ако не сакате да скокате, пробајте да ја наведнете главата и само да ја повлечете ушната ресичка.rn
5. Легнете и потпрете се на гравитацијата
rnЛегнете на стомак со затнатото уво надолу и неколку минути останете во таа позиција. Гравитацијата би можела да си го направи своето т.е. водата да истече од увото затоа што ќе ја пронајде дупката низ која треба да излезе.rn
6. Џвакајте гума за џвакање или преправајте се дека џвакате
rnКоската на вилицата се наоѓа во близина на увото, па нејзиното движење може да ви помогне во решавање на ваквиот проблем. Каснете нешто, џвакајте мастика или импровизирајте. Во исто време наведнете ја главата надолу на страната на увото кое не е затнато и потоа нагло свртете се на другата страна.rn
7. Пробајте да зевате
rnЗевањето исто како и џвакањето, помага затоа што коските околу увото се свиваат – вака ќе ја поместите водата и ќе го стимулирате нејзиното излегување.
Летото е најдобриот период за маички и фустанчиња со гол грб, но ако грбот ви е полн со нечистотии, тоа баш и не изгледа најпривлечно. Еве како да ги решите проблемите со грбот.rnrnrn
1. Производите за нега кои ги користите ви ги затвораат порите
rnМлекото за тело, маслото за масажа и кремата за сончање можат да поттикнат настанување на митесери затоа што овие продукти ги затвараат порите. За заштита од сонцето користете крема која не е мрсна или која брзо се суши и лесно се впива во кожата. Исто така, за време на летните месеци, млекото за тело заменете го со лосион – тој содржи помалку масло, а подеднакво добро хидрира. Ако одите на масажа замолете ги да користат лосион или гел при третманот.rn
2. Материјалите од облеката ја иритираат кожата
rnОва особено важи за облеката во која вежбате, затоа што таа најчесто е од вештачки материјали како синтетиката. Ваквите материјали предизвикуваат иритација на кожата поради отежнатата регулација на телесната температура. Решението на овој проблем лежи во тоа што треба да одбирате облека од природни материјали, како памук и лен.rn
3. Генетски сте склони кон појава на акни
rnАко генетски сте склони кон создавање на акни, тогаш користете средство за туширање кое е воедно и млеко за тело, по можност со бензил пероксид. Средствата кои се плакнат помалку ја иритираат кожата од оние чии микрочестички се задржуваат на површината.rn
4. Не му посветувате доволно внимание на грбот
rnМожеби ви се чини дека доволно е само да се истуширате за да ги исчистите нечистотиите од грбот. Она што не сте го знаеле е дека нечистотиите можат со денови да останат на грбот затоа што потешко е да достигнете до оваа регија. На кожата на грбот ѝ е потребна истата нега како на кожата на лицето.rnrnЗатоа, два пати неделно правете пилинг на целиот грб, притоа користејќи природни препарати, по можност со морска сол. Исто така, водете сметка препаратите кои ги нанесувате да бидат прилагодени на вашиот тип кожа.rn
5. Јадете храна која ѝ штети на кожата
rnСпоред дерматолозите, она што е добро за срцето е добро и за кожата. Тоа значи како ака сакате мека и свиленкаста кожа треба да избегнувате слатка, брза и конзервирана храна која е полна со штетни адитиви. Барем на лето, трудете се да јадете што е можно поздрава храна. Јадете урамнотежени оброци – и по количина и по состав, и нека доминираат овошјето и зеленчукот.
Дали сте знаеле дека хулахопките можат да ве спасат од незгодната дамка од стикот која сте ја направиле на вашата блуза баш пред да излезете од дома? Без грижа, за ваквите модни инциденти постојат одлични и брзи решенија.rnrnrnrnМодата е убава работа, сè додека не се случи некоја незгодна ситуација заради која патиме (плускавци на нозете) или изгледаме смешно (сукња залепена за бутовите).rnrnСо овие 5 проблеми во некој момент се има соочено секоја жена, а ако знаете брзо да ги решите, повеќе нема да ви бидат извор на непријатност и фрустрација.rnrnПРОБЛЕМ: Шминката и фризурата се завршени, го облекувате секси црниот фустан за на состанок и сфаќате дека сте го извалкале со антиперспирантот кој оставил лоша бела дамка на него.rnrnРЕШЕНИЕ: За решение на овој проблем ќе ви се најдат хулахопките. Замотајте ги во форма на топче и со нив тријте на местото каде што е дамката. Набрзо ќе ја снема.rnrnПРОБЛЕМ: Сте облекле преубава долга сукња, но заради статичкиот електрицитет постојано ви се лепи за нозете.rnrnРЕШЕНИЕ: Намокрете ги рацете со вода и поминете по голите нозе. Ако носите хулахопки, испрскајте ги со малку лак за коса од 30 см оддалеченост и потоа поминете преку цели нозе со дланките.rnrnПРОБЛЕМ: Патентот на сукњата или фустанот е стар и никако не сака да се помести.rnrnРЕШЕНИЕ:Намачкајте го затворачот на патентот со малку балсам за уста во стик и обидете се повторно. Секако, при овој трик треба да внимавате случајно да не нанесете од балсамот и на облеката.rnrnПРОБЛЕМ:Чевлите ве убиваат на петите, но сакате да ги носите баш тие.rnrnРЕШЕНИЕ:Земете дезодоранс во стик и со него премачкајте го местото на петите каде што кожата се допира со остриот раб на чевлите.rnrnПРОБЛЕМ:Сте го изгубиле делот за затворање на вашите омилени обетки.rnrnРЕШЕНИЕ: Исечете парче гума за бришење или тапа и обидете се да ја прицврстите со него.rnrn rnrn
Ако сте од оние кои сакаат свадбата да им изгледа уникатно и ослободена од традиционалните адети, ви нудиме 8 оригинални решенија.rn
1. Светулки во воздухот
rnrnrnТие може да претставуваат замена за традиционалното држење свеќи. Палењето на ваквите светилки ќе ја задржи истата симболика како и пламенот на свеќата, само што овој пат ќе може сите поканети да бидат активно вклучени.rnrnОткако вие и вашиот иден сопруг ќе ја пуштите првата светилка да се издигне во воздухот, тогаш и гостите можат да ги пуштат своите светулки кои ќе бидат во различни бои од вашата. Тоа ќе биде симбол на нивната надеж за вашата љубов и меѓусебно разбирање.rnrnДруга идеја поврзана со светулките е секој од гостите да ви напише по една желба која посакува да ви се оствари и да ја пушти на небото задно со светулката. Така ќе добиете јато од пораки кои ќе бидат испратени до небото.rn
2. Порака во јајце
rnrnrnОва е идеја за сите оние парови кои сакаат меѓусебно да си подарат добро осмислен подарок. Она кое треба да го направат е и двајцата сопружници да земат по едно јајце. Јајцето ќе го прободете од горната и долната страна, за да истече целата течност од него и да остане само лушпата. Преку тесниот отвор ќе внесете едно ливче со ваша порака или желба до партнерот. Лушпата украсете ја онака како што вие сакате и на свадбата разменете си ги јајцата. Пораките кои се во нив прочитајте ги за време на некој ваш значаен момент: Раѓањето на вашето бебе, годишнина од брак итн. А до тогаш јајцето ќе претставува убава декорација и потсетник на вашата љубов.rn
3. Отпечатоци од прсти
rnrnrnАко сте од оние кои не сакаат да се расфрлаат со пари за скапи прстени и сметате дека подобро истите пари да ги дадете за ексклузивен меден месец, тогаш имаме идеја за вас.rnrnОд надворешната или внатрешната страна на вашиот златен или сребрен прстен отпечатете го отпечатокот од прстот на вашиот партнер.rnrnСимболиката е да имате отпечаток со кој вашиот партнер го закружува вашиот прст во симбол на единство.rn
4. Катанец и клуч
rnrnrnЗа оваа идеја ви се потребни два катанци и два клуча кои ќе ја симболизираат личноста на сопружниците. Можете да изберете какви било катанци и клучеви, раскошни или обични сеедно.rnrnИма повеќе варијанти на оваа идеја. Едната е доколку има вода во близина на церемонијата заклучените катанци со клучевите да ги фрлате во водата. Но, доколку не сте во близина на вода, тогаш повторно симболично ги заклучувате катанците, но клучевите ги чувате, за потоа да ги отклучите катанците во вашето ново живеалиште.rnrnУште една варијанта е, по церемонијата да ги поставите катанците на местото каде прв пат сте се сретнале. Идејата е засекогаш да останат заедно заклучени и да ја чуваат безбедноста во бракот.rn
5. Мапа за патувања
rnrnrnОваа идеја е поврзана со медениот месец и ги вклучува и вашите најблиски. Она што треба да го направите е да земете една голема карта на светот. Дајте им ја на вашите родини и пријатели тие да ви посочат места за меден месец кои сметаат дека вам ќе ви бидат најинтересни и да ги назначат со иглички на картата. За меден месец одберете го местото кое има најмногу забодени иглички. Потоа урамете ја и закачете ја картата на ѕид и отворете „штеден фонд“ за вашите следни патувања. Па, така во текот на вашиот заеднички живот, остварувајте ги сите патувања кои ви ги предложиле блиските.rn
6. Крофна торта
rnrnrnНаместо да давате вртоглави суми за свадбени торти и колачи, поедноставете ја работата со крофни. Поставете ги крофните во сад на катови, прекријте ги со шлаг или со шеќер во прав за да изгледаат поелегантно. За поспецифичен вкус додадете ванила или друг вид арома.rnrnНе само што ова е поевтина варијанта туку е и поедноставна и за децата затоа што се полесни за сервирање и за јадење.rn
7. Артистички букет
rnrnrnОва е супер идеја за сите оние девојки кои се љубители на читањето и некоја која почесто ќе можете да ја најдете во кафетерија отколку во ноќен клуб. Наместо цветови кои се скапи и кои ќе овенат за една недела направете уникатен букет од омилените книги и извадоци.rnrnСо фаќање на букетот не само што споделувате среќа, туку споделувате и книжевен вкус. Истава идеја може да се направи и со листови со петолиние за музичари или со цртежи за ликовни уметници.rn
8. Здравица
rnrnrnСмислете рецепт за коктел кој подоцна ќе го именувате по невестата и младоженецот. Кога ќе биде главната здравица сите да наздрават за среќа на брачниот пар со тематскиот коктел. Исто така можете да приложите мени каде што имињата на коктелите ќе бидат поврзани со некои ваши носталгични моменти и гостите ќе треба да погодат според името за кој коктел станува збор.
Доколку уште не знаете како да се справите со мрсната коса, време е за промена! Ви нудиме осум неверојатни совети и трикови што краткотрајно и долготрајно ќе ви помогнат да ја поправите состојбата на вашата коса.rnrnrn
Краткотрајни решенија:
rn
1. Сув шампон
rnДури и да немате мрсна коса, секогаш имајте сув шампон при рака. Многу е практичен и ефективен. Кога и да имате потреба, нанесете од сувиот шампон на корените, на далечина од 30-на сантиметри. Секако, не претерувајте бидејќи може да се добие спротивен ефект. Откога ќе го нанесете, убаво и внимателно исчешлајте ја косата и спремни сте!rn
2. Бебешка пудра
rnrnrnДоколку имате важен состанок, а косата ви е сѐ уште мрсна, не паничете, поправете ја со малку бебешка пудра. Бебешката пудра е одлична замена за сувиот шампон. Ова претставува краткотрајно и лесно решение за итни ситуации.rn
3. Тоалетна хартија
rnДоколку немате ниту сув шампон, ниту бебешка пудра, има уште едно решение – тоалетна хартија. Со помош на тоалетна хартија, впијте ја маснотијата од најкритичните делови. Доколку имате погуста коса, поделете ја на четири или шест дела и секој дел замотајте го во тоалетна хартија, како што тоа се прави при шатирање со фолија. Не е долготрајно решение, но секако ќе помогне кога немате друг избор!rn
Долготрајни решенија:
rnrn
1. Не мијте ја косата многу често
rnНе мора да значи дека мрсната коса мора да ја миете секој ден. Верувале или не, честото миење на косата, всушност води кон зголемена маснотија, како компензација за природните масла кои вие ги измивате. Потрудете се да ја миете косата барем секој втор ден.rn
2. Не ставајте кондиционер на корените
rnМасен скалп, а суви врвови? Наредниот пат кондиционерот нанесете го на крајните 3/4 од косата. На овој начин, најсувите делови соодветно ќе се потхранат. Ова може да направи голема разлика во изгледот на косата.rnrnrn
3. Мијте ја косата темелно
rnПонекогаш, кога брзаме, не успеваме целосно да ги измиеме шампонот и кондиционерот. Доколку еден ден по миењето, еден дел од вашата коса, сѐ уште изгледа влажно, веројатно не сте биле темелни во миењето. Плакнете ја косата минимум 45 секунди. Кога е можно, правете го тоа со млака вода бидејќи жешката вода ги стимулира лојните жлезди и може да доведе до повеќе маснотија.rn
4. Шампон за длабински третман
rnИако поминувате долго време плакнејќи го шампонот, има продукти кои сепак оставаат траги на косата, со што доаѓа до таложење на дополнителни маснотии. Затоа, најмалку два пати во месецот, нанесувајте шампон за длабинско чистење, кој ќе ви помогне во нивното отстранување.rn
5. Рацете подалеку од косата
rnЗа крај, рацете подалеку од косата! Секако, сите сме навикнати да го правиме тоа, но колку повеќе ја фаќате со раце, толку повеќе маснотии и нечистотии се создаваат. Затоа, заборавете на таа навика и потрудете се да се занимавате со нешто друго.
Малиот простор е проблематичен од два аспекти – треба да изгледа добро уреден, додека истовремено треба да ви ја овозможува сета практичност и достапност која секому му е потребна во домот. Доколку имате мала квадратура, овие неколку генијални идеи ќе ви помогнат да дојдете до некои решенија за преуредување на просторот со кој располагате.rn
Разделник за соби со библиотека и основа за прикачување телевизор
rnrn
Кревет на спуштање кој го ослободува просторот во текот на денот
rnrn
Маса на собирање
rnrn
Функционално пополнување на просторот околу прозорец
rnrn
Кауч во форма на буквата L кој се трансформира во кревет за спиење
rnrn
Имитација на маса доцртана на ѕид околу лебдечка полица
rnrn
Цела кујна на отворање
rnrn
Подвижна кабина која служи за спиење
rnrn
Мал простор комплетно опремен со кревет на таван, кујна, дневна и тоалет
Колку пати ви се случило да сте зашеметени после попладневна дремка или да се чувствувате анксиозно без некоја особена причина и да не знаете како да си помогнете? Со овие неколку едноставни трикови, ќе решите дел до секојдневните глупави ситуации.rnrnrnrn„Замрзнување“ на мозокот. Со притискање на палецот од вашата рака на горниот дел од внатрешноста на вашата уста, ќе го стоплите непцето и ќе ја ублажите болката.rnrnГлупава песна не ви излегува од глава. Спречете ги досадните песни да го окупираат вашиот мозок, решавајќи некаква загатка.rnrnИтна потреба за мокрење. Отстранете ја тензијата така што ќе мислите на секс или чешајќи го листот од ногата. Овие работи ќе го окупираат вашиот мозок, додека конечно да отидете по мала нужда.rnrnНапнатост. Дувајте во јагодата од вашиот палец за ја да намалите тензијата. Палецот содржи нерви коишто го контролираат пулсот на вашето срце.rnrnЗабоболка. Протријте коцка мраз на надворешната страна од вашата дланка, како и на делот помеѓу палецот и показалецот. Овој дел од телото содржи нервни патишта кои ги блокираат знаците за болка во лицето и рацете.rnrnПапсаност после попладневна дремка.Напијте се кафе точно пред да си легнете да поспиете. Кофеинот ќе почне да делува веднаш штом се разбудите.rnrnКога сакате да направите „да пукне“ и си ги промашувате дланките. Сè што треба да сторите за да не ви се случува ова, е да гледате во лакотот на личноста спроти вас.rnrn