КАФЕ ПАУЗА

Tag: решенија

  • Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан

    Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан

    Малите станови се проблематични од аспект на простор, но со посветеност и убаво планирање, можете да ги направите фини местенца за живеење. Сѐ што треба да направите е убаво да го обмислите секое ќоше во вашиот дом и да го искористите до максимум.Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал станНа овие фотографии ќе можете да погледнете креативни решенија, како да се справите со недостатокот на простор и повеќе да уживате во вашиот дом.Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан Креативни решенија за заштеда на простор во вашиот мал стан
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Што може да ви се случи доколку по цел ден седите на столче?

    Што може да ви се случи доколку по цел ден седите на столче?

    Без оглед од која причина денот ви поминува претежно во седење, треба да бидете свесни за последиците по вашето здравје и изглед. Ова се најчестите проблеми кои ги предизвикува предолгото седење на столче и предлог-решенија како да се справите со нив.rnrnШто може да ви се случи доколку по цел ден седите на столче?rn

    Ризик од дијабетис

    rnСтресното опкружување на работното место, кај жените го зголемува ризикот за срцев удар и заболување од дијабетис. Затоа на секој саат прошетајте малку низ работното место или барем до кујната или до апаратот за вода.rn

    Болни колкови

    rnСо седењето се зголемува притисокот на колковите, колената и кичмата, што може да предизвика разни заболувања. Затоа најдобро е да ја прилагодите столицата, аголот помеѓу грбот и нозете да ви биде 90 степени.rn

    Синдромот на карпален тунел

    rnСиндромот на карпален тунел е притисок на нервот медијанус, кој поминува низ истоимениот тунел во рачниот зглоб. Симптомите се јавуваат поради компресија на овој нерв, а најчест е вкочанетост на прстите. Затоа задолжително користете ергономски тастатури, а на секои 15 минути истегнете ги зглобовите. Кога ќе дојдете дома, правете кружни вежби со дланките.rn

    Дебелеење

    rnБидејќи ве притискаат работните обврски, немате време дури ни да појдете на нормален ручек, па често консумирате брза храна или некои грицки. Затоа, дома задолжително пригответе здрав оброк, кој ќе го понесете на работа.rn

    Суви очи

    rnПоголемиот број луѓе ги напрегаат своите очи, целодневно гледајќи во компјутерските екрани. Во просек човекот трепка од 12 до 15 пати во минута, а додека гледа во екран максимум 7 пати. Затоа во текот на денот гледајте да направите пауза во природа, за да се одморат вашите очи.rn

    Проширени вени

    rnСедејќи подолго време во иста положба ги зголемувате шансите за настанување на проширени вени, кои мачат повеќе од 50% од жените. Задолжително носете хулахопки од ликра, кои ќе ви ги стегнат нозете и ќе ја стимулираат циркулацијата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За што може да ви се најде алуминиумската фолија?

    За што може да ви се најде алуминиумската фолија?

    Во ова видео ќе можете да погледнете неколку трикови со алуминиумска фолија кои можете да ги искористите за секојдневните проблеми.

    rn

    За што може да ви се најде алуминиумската фолија?

    rn

    Фолијата ќе ви се најде за пеглање, поместување мебел, чистење скара и во уште неколку други ситуации.

    rnrn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни, но докажани здравствени трикови

    Неверојатни, но докажани здравствени трикови

    Постојат некои неверојатни, но медицински докажани трикови со кои можете да го измамите мозокот и да се решите од секојдневните непријатности, кои ги чувствувате во телото.rnrnНеверојатни, но докажани здравствени триковиrnrn1. Иако може да ви изгледа како смешна идеја, следен пат кога ќе ве чеша грлото, почешајте си го увото. Стимулацијата на нервите во увото предизвикува рефлекс во грлото кој го смирува чешањето.rnrn2. Левото уво, подобро ги „фаќа“ музичките тонови, па затоа не засилувајте го тонот на музиката, туку свртете се кон звучникот со левото уво. Меѓутоа, доколку сте на журка или разговарате на телефон и не го слушате соговорникот, тогаш свртете се со десното уво, бидејќи тоа подобро „фаќа“ брз говор.rnrn3. Доколку имате проблем со слаба бешика, почнете да размислувате за вашата врска или за партнерот, бидејќи научно е докажано дека со таквото размислување го оттргнувате вниманието на мозокот од бешиката.rnrn4. Следниот пат кога ќе ви се затне носот или кога ќе чувствувате болка во синусите, притиснете го јазикот на горното непце, додека во исто време со прст притискате на просторот помеѓу веѓите. Лекарите тврдат дека после 20 секунди поминува затнатоста и се чисти носот.rnrn5. Истиот притисок од претходната точка може да ви помогне и при „смрзнување на мозокот“ кој се случува кога јадете сладолед. „Смрзнувањето на мозокот“ се случува бидејќи нервите на горното непце премногу ќе станат ладни, па мозокот мисли дека на целото тело му е ладно. Тогаш доаѓа до прегревање на организмот поради што не заболува глава.rnrn6. Доколку ви тече крв од нос, тоа можете да го спречите така што ќе ставите парче памук над горното непце, веднаш под носот и ќе го притиснете со прсти. Поголемиот дел од крвта при крвавењето од нос доаѓа од ѕидот на ’рскавицата кој го дели носот, па притисокот на тоа место го запира крвавењето.rnrn7. Кога ве боли заб, земете лед и со него тријте ја дланката, точно на делот помеѓу палецот и показалецот, бидејќи во тој дел постојат нерви кои го стимулираат мозокот да ја блокира болката во устата.rnrn8. Доколку сте се прејале пред легнување и ве мачи стомакот, лекарите советуваат да легнете на левата страна, бидејќи во таа положба стомакот се наоѓа пониско од хранопроводот што оневозможува стомачната киселина да дојде до грлото.rnrn9. Следен пат кога раката ќе почне да ви трне, почнете да мрдате со главата лево-десно и трнењето ќе престане. Оваа состојба настанува поради стегање на нервите во вратот, па размрдувањето на тие нерви ќе помогне таа состојба побрзо да помине. Доколку истото ви се случи со нозете, најдобро е да станете и да пробате да се движите.rnrn10. Доколку претерате со консумирање на алкохол и собата почне да ви се врти, ставете ја раката на нешто стабилно. Алкохолот ја разредува крвта во делот на увото кој е задолжен за одржување на рамнотежата, па така кога ќе ја ставите раката на нешто стабилно му давате на мозокот друга референтна точка, што ќе ви помогне да ја „застанете собата“.rnrn11. Сите оние кои сакаат подолго да нуркаат, задржувајќи го дишењето, неопходно е претходно добро да се припремат. Наместо едно длабоко вдишување, подобро е да направите повеќе кратки . Така ќе можете да издржите барем уште 10 секунди повеќе.rnrn12. Доколку сакате да не чувствувате болка при примањето инјекција, сè што треба да направите е да се закашлате. Научниците велат дека кашлањето го подигнува нивото на притисок во вашиот ’рбетен канал, што го ограничува чувството на болка до вашиот мозок.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Три моќни решенија за спречување на потењето

    Три моќни решенија за спречување на потењето

    Со пролетните и летните горештини кои веќе ни дојдоа, невозможно е да не се потите повеќе од вообичаено, бидејќи на тој начин телото се ослободува од вишокот топлина. Потењето е нормална појава, но понекогаш знае да ни создаде проблеми и да нè доведе во непријатна ситуација. Во борбата против претераното потење ви ги претставуваме овие 3 природни решенија кои можат да бидат поефикасни од скапите козметички препарати.rnrnТри моќни решенија за спречување на потењетоrn

    Масло од црн ким

    rnМаслото добиено од ладно цеден индиски црн ким, делотворно делува против бактериите и габичните заболувања, но помага и при претераното потење.rnrnПо туширањето намачкајте се по целите раце, од прстите до рамената и нормално под пазувите.rn

    Чај од жалфија

    rnОд лековитите материи со кои изобилува жалфијата, во борбата против потењето многу силно влијание имаат нејзините жолто-зелени етерични масла, смолата и танинот.rnrnЗатоа редовно консумирајте чај од жалфија. Овој чај делува како природно средство против претераното потење, а најдобро делува против ноќното потење. За да имате видливи резултати треба да пиете по еден литар чај дневно барем две недели.rn

    Јаболков оцет

    rnЈаболковиот оцет делува како природен деодоранс кој ги уништува бактериите. Затоа можете еднаш дневно да ги пребришувате бактериите со него. На сува крпа нанесете јаболков оцет и пребришете се по деловите од телото кои најмногу ви се потат.rnrnЗа да го спречите потењето на стапалата, два до три пати неделно направете купка со две литра вода и 75 милилитри јаболков оцет и 15 минути квасете ги нозете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршено уреден стан од 22 метри квадратни

    Совршено уреден стан од 22 метри квадратни

    Иако многу луѓе својот дом од соништата го замислуваат како голема и пространа резиденција, во која има голем број соби и дизајниран мебел, има и онакви кои преферираат скромна, многу помала и едноставна верзија од овој сон.rnrnСовршено уреден стан од 22 метри квадратниrnrnТим Сегермен од Бруклин, го уредил ова мало станче во Менхетен изработувајќи го целиот мебел рачно. Во овој стан од 22 квадрата можете да видите многу генијални и специфични решенија. При изработката Тим употребувал полно дрво и успеал и покрај малата квадратура да не го задуши просторот, а домот делува топло и удобно.rnrnСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на прошетката

    Моќта на прошетката

    Понекогаш, она што навистина ви е потребно за да ги решите вашите проблеми е кратка и мирна прошетка. Дали некогаш сте забележале дека додека вашиот мозок се бори со нешто вие чувствувате само зголемување на стресот? Но, кога ќе одлучите да излезете на чист воздух, на 20-минутна прошетка во парк, на плажа или околу градот и кога ќе се вратите назад кај изворот на проблемот се чувствувате необјасниво смирено?rnrnМоќта на прошеткатаrnrnТоа е моќта на прошетката, на едноставното одење и сè повеќе и повеќе истражувања ни покажуваат дека токму овој едноставен „третман“ има безброј придобивки за нашето физичко и ментално здравје.rnrnВо неодамнешна студија која била објавена во „The Proceedings of the National Academy of Science“, истражувачите ги поделиле испитаниците во 2 групи. Едната група требало да оди на прошетки на однапред договорена патека 3 пати неделно, додека на испитаниците од другата им било кажано да намалат со аеробик вежбите. Тоа што било откриено е дека во периодот на истражувањето, периодичните прошетки покажале 2% зголемување на активноста во хипокампусот, делот од мозокот кој е одговорен за учење и помнење. Кај другата група не биле забележани никакви промени.rnrnОва истражување се поврзува и со други студии кои покажуваат дека прошетките всушност ги подобруваат перформансите на задачите поврзани со помнењето, како и на општото функционирање на мозокот. Одењето е едноставна и корисна вежба за која ретко кој од нас има време. Но, кога ќе ја применувате има значајно влијание врз нашето здравје и психологијата.rnrnДругата позитивна работа поврзана со прошетките е дека таа поттикнува мечтаење и фантазирање, кои се екстремно корисни начини за зголемување на креативноста и решавање на проблемите. Понекогаш најдоброто нешто што можеме да го направиме за да решиме проблем од нашиот живот е физички да се оддалечиме од него. На тој начин му овозможуваме на нашиот мозок малку да „скита“ и преку мечтаењето дозволуваме сосема нови одговори и сознанија да излезат од нашата несвесност без никаков труд.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на поставувањето прашања на самите себе

    Моќта на поставувањето прашања на самите себе

    Луѓето имаат неверојатна способност за насочување на своите мисли, емоции, навики и врски кон себе. Токму оваа самосвест нè прави интелигентни и ни овозможува успешно да се адаптираме на нашата околина. Една од најкорисните „алатки“ кои ги поседуваме е моќта да си поставиме прашања сами на себе.Моќта на поставувањето прашања на самите себеМожеби ви изгледа логично дека би требало да ги знаете одговорите на сите прашања за себе, па тогаш која е целта за нивното поставување? Вистината е дека овие прашања можат да ни помогнат да размислуваме на нови начини, кои ќе нè насочат кон одговори кои не се веднаш видливи и очигледни. Поголемиот дел од нашето размислување се случува несвесно. Но, со поставувањето на прашањата ги донесуваме овие внатрешни мисловни процеси во „центарот на настаните“.rnrnНа пример, одберете некое ваше цврсто верување и пробајте да го анализирате преку наредниве неколку прашања:rn

      rn011

    • Зошто го имам ова верување?
    • rn011

    • Со какви докази можам да го поддржам ова верување?
    • rn011

    • Како ова верување влијае на начинот на кој размислувам?
    • rn011

    • Како ова верување влијае на начинот на кој се чувствувам?
    • rn011

    • Како ова верување влијае на начинот на кој дејствувам?
    • rn011

    • Како би можело ова верување да е погрешно или бескорисно?
    • rn011

    • Кои други верувања би можеле да бидат вистинити?
    • rn011

    • Каков вид докази би можеле да го променат ова верување?
    • rn011

    • Како би можела промената на перспективата кон ситуацијата да го промени моето верување?
    • rn011

    • Какви други верувања би можеле да бидат покорисни?
    • rn

    rnВаков вид прашања можете да си поставувате на себеси за да откриете повеќе за начинот на кој вашиот ум функционира. Нема потреба да ги имате сите одговори, но добро е ако се потрудите најмногу што можете. Доколку сметате дека е потребно, составете свои прашања кои ќе ви помогнат да навлезете подлабоко во вашиот мисловен процес. Предизвикајте се себеси. Преземете ја улогата на „адвокатот на ѓаволот“. Испрашувајте се себеси исто како што би разговарале со непознат.Моќта на поставувањето прашања на самите себеГолем број од одговорите на најважните прашања во животот мораме да ги пронајдеме ние самите. Не можеме да очекуваме дека другите ќе можат да ги одговорат наместо нас. На пример, секој би требало сам да го знае одговорот на прашањата како:rn

      rn011

    • Кој/а сум јас?
    • rn011

    • Што е тоа што навистина го вреднувам во животот?
    • rn011

    • Што значи „среќата“ и „успехот“ за мене?
    • rn011

    • Што можам да направам за да се подобрам себеси?
    • rn011

    • Каде се замислувам себеси за 5, 10, 20 или 50 години од сега?
    • rn011

    • Што е добро, а што лошо?
    • rn011

    • Ако денес ми е последниот ден од животот, за што би се каел/а?
    • rn011

    • Што во мојот живот не би го продал/а за ниедна сума пари во светот?
    • rn

    rnОва се неколку одлични прашања кои можеме да го употребиме за подобро да се запознеме себеси. И тие се само почеток. Сè на сè, зависи од вас и вашиот ум за да одлучите што навистина вреди подетално да се истражи и анализира. Можеби имате проблем на факултет, на работа или дома за кој што е потребно да одвоите повеќе време…rnrnПсихолозите сметаат дека поставувањето на вистинските прашања е поважно од тоа да ги имате сите одговори. Како прво, затоа што никогаш никој не може да ги има сите одговори. И како второ, вистинските прашања имаат моќ да го натераат нашиот ум да размислува на нови и подобри начини кои ќе ни помогнат да сфатиме нешто што претходно можеби целосно сме го игнорирале…rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работа

    Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работа

    Бидејќи конкуренцијата за вработување е поголема од кога било, многу е важен впечатокот кој ќе го оставите кај потенцијалниот работодавец. Резимеата и интервјуата се само дел од можностите кои кандидатите за работа можат да ги употребат во своја корист. И покрај тоа што не ви гарантираме дека ќе ја добиете работата која ја посакувате, овие 10 клучни зборови со сигурност можат многу да ви помогнат доколку правилно ги употребите во вашето резиме или пак на интервјуто за работа.Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работаУпорност – Потенцијалните кандидати за работа би требало да нагласат дека упорноста им е една од најдобрите карактеристики. Најмувањето интелигентни личности е добра бизнис-практика, но интелигенција без упорност и доследност ретко води кон долготраен успех. Упорните вработени не се откажуваат така лесно и со време продуцираат подобри резултати.rnrnПризнание – Многу е важно во резимето да ги нагласите претходните достигнувања за кои имате добиено признанија. Запишете ги сите специјални награди од работа или од професионалните асоцијации во кои сте членувале. Работодавците сакаат да вработат некој кој претходно бил сметан за „ѕвезда.“rnrnРезултати – На крајот, работодавците сакаат да знаат дека нивните нови вработени ќе ја завршат работата како што треба и поради тоа многу е важно да се употреби зборот „резултати“ во секое интервју. За да ја добиете работата, мора да го убедите оној кој го одржува интервјуто дека со сигурност ќе завршите на време сè што се очекува од вас. За да ја поддржите ваквата изјава, бидете подготвени да покажете дека ги имате потребните способности и карактеристики врз база на вашето досегашно искуство.rnrnВлијание – За време на интервјуто, работодавците сакаат да слушнат каков вид позитивно влијание би можеле вие да имате во нивната компанија. Тие се заинтересирани за вредноста која може потенцијалниот кандидат да ја донесе во организацијата и начините на кои позитивно ќе влијае, посебно помеѓу вработените.rnrnКомпетентност – Овој збор е клучен, но малкумина од потенцијалните кандидати го употребуваат. Секој работодавец сака да слушне дека новиот вработен ќе може да ги исполнува задачите согласно работното место кое ќе му биде доделено.rnrnДиректност – Комуникацијата е критична за успешен бизнис и поради тоа работодавците сакаат да слушнат колку директни можат да бидат нивните потенцијални вработени. Во денешно време комуникацијата на работа е „бојно поле“ од емоции, правни работи и технологии. Способноста да се помине преку сите овие работи и при тоа да се завршат добро обврските е нешто што секој работодавец го посакува од своите вработени.rnrnСпособност за учење – Работодавците сакаат да се сигурни дека нивните вработени нема да ги прават истите грешки од минатото. Сите ние имаме неуспеси позади нас, но важно е да ги сфатиме како лекција и да не ги повториме во иднина.rnrnПосветеност – Повеќе од кога било, работодавците бараат од своите вработени да бидат посветени на нивната работа и на компанијата. Поради тоа многу е добро да ја нагласите таа ваша намера во интервјуто за работата. Размислете добро на што сте посветени и како таа посветеност ќе ù помогне на компанијата – тој одговор со сигурност ќе ви ги зголеми поените за работното место кое го посакувате.rnrnФлексибилност – Во денешната работна околина, каде што сè се одвива премногу брзо, многу е важно да ја нагласите својата флексибилност. Работната околина константно се менува и воопшто не е важно со какви способности ќе влезете во компанијата, туку потребно е да можете лесно да се адаптирате.rnrnРешенија – Работодавците сакаат да знаат дека нивните нови вработени ќе можат да бидат способни да ги решат сите проблеми на кои ќе налетаат. Тие честопати се привлечени од личности кои „зборуваат“ со јазикот на решавањето проблеми.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неизбежна грубост (Necessary Roughness)

    Неизбежна грубост (Necessary Roughness)

    ТВ серија за односите во едно семејство, професионалните кариери, менталните проблеми и решенијата…rnrnНеизбежна грубост (Necessary Roughness)Главни улоги: Кели Торн, Марк Блукас, Скот Коен, Хана Маркс, Патрик Џонсон…rnrn Жанр: драмаrnrnПремиера: 29 јуни 2011rnrnЈазик: англискиrnrnКреатори: Елизабет Кругер, Крег ШапироrnrnСезона: 1 (во тек)rnrn Наша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————————————————————–rn Голем дел од непријатностите во животот можеме да ги победиме доколку успееме да ја решиме нивната енигма во нашиот ум. Оваа серија обработува една мошне интересна тематика, а тоа е барањето професионална помош за отворање на умот и ослободување од грижите. Психијатарката Дени е многу талентирана и надарена жена, која успева преку специјална техника и психоза да им помогне дури и на најчудните случаи. Напорниот и брз начин на живот наложува неподносливо темпо на функционирање, па токму затоа анализата за пронаоѓањето на коренот на проблемот е првиот чекор за пребродување на проблемите.rn————————————————————————————————————————————————————————————————————————–rnrn rn

    rn rnrn Кратка содржина: Дени е психотерапевт од Лонг Ајленд, чиј персонален живот започнува да станува хаос, откако ќе открие дека нејзиниот маж ја изневерува. Сепак, некои работи во животот се случуваат во периодите кога најмалку се очекува, па така и во нејзиниот случај.Неизбежна грубост (Necessary Roughness) Неизбежна грубост (Necessary Roughness) Иако има проблеми со нејзината палава ќерка и води војна со нејзиниот маж околу разводот, сепак ненадејно и се отвора шанса да работи со познати спортисти, политичари, новинари и слично кои моментално се во центарот на вниманието, а токму таквиот начин на живот ù создава нерешливи проблеми, кои само таа може да им ги реши. Нејзиниот начин на работа брзо ја прославува, а односот со колегите и семејството од епизода во епизода станува сè поинтересен.Неизбежна грубост (Necessary Roughness)Неизбежна грубост (Necessary Roughness)Кога и како да ја гледате: Серијата е многу пријатна и интересна за гледање, па бидејќи низ нејзината приказна е проткаен и хумор, периодот на гледање е сосема неважен. Можете да ја гледате после работните обврски или пак да изгледате неколку епизоди пред спиење, откако тотално ќе се опуштите. Серијата е одлична за следење со партнерот, но со неа можете да се забавувате и доколку ја гледате сами.Неизбежна грубост (Necessary Roughness)Неизбежна грубост (Necessary Roughness)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

    ——————————————————————————————–