КАФЕ ПАУЗА

Tag: решенија

  • Како да се ослободите од мравките на природен начин?

    Како да се ослободите од мравките на природен начин?

    Убавото време го навестува пристигнувањето на летото, а со тоа и појавата на голем број инсекти, особено мравки. Ако не сакате да користите пестициди или имате мали деца или миленичиња во домот, овие природни решенија ќе ви помогнат да се ослободите од мравките. Но, неопходно е да ја одржувате куќата чиста и да не ги оставате остатоците храна на отворено.rnrnКако да се ослободите од мравките на природен начин?rn

    Сок од лимон

    rnСтавете свежо исцеден сок од лимон на критичните места. Лимонската киселина им пречи на мравките и веднаш штом ќе ја почувствуваат, се оддалечуваат од неа. Можете исто така да ставите парчиња лимон во аглите на вашата кујна.rn

    Кора од краставица

    rnОставете кора од краставица на местата каде што се појавуваат мравките. Кората е отровна за мравките.rn

    Оцет

    rnОцетот можете да го користите на неколку начини. Можете да го истурите директно на местото од каде што излегуваат мравките ако успеете да го најдете. На тој начин ќе се уништат сите мравки и ќе го спречите нивно повторно појавување.rnrnИсто така, можете да ги испрскате аглите и малите дупки со средство направено од комбинација на оцет и детергент за садови.rnrnОсвен тоа, бришете го подот со вода во која ќе ставите оцет. Вашата куќа ќе свети и ќе биде дезинфицира, а мравките ќе исчезнат целосно.rn

    Цимет

    rnНанесете есенцијално масло од цимет на сите места каде што се појавуваат мравки, а тоа можете да го направите со чепкалки за уши.rnrnИсто така, можете да направите мешавина од половина литар вода и две лажици цимет и испрскајте ги местата каде што се појавуваат мравки.rnrnОсвен тоа, можете да користите цимет во прав бидејќи мравките не го поднесуваат интензивниот мирис на циметот и брзо ќе исчезнат од вашиот дом во колони.rn

    Бебешка пудра

    rnБебешката пудра е уште еден добар начин да се ослободите од мравките. Посипете на сите места каде што се појавуваат мравки.rnrnПогледнете ги овие 8 трикови за средување на домот за коишто ви е потребен само сапун.

  • Дали имате несоница? Овие природни решенија ќе ви помогнат да заспиете полесно

    Дали имате несоница? Овие природни решенија ќе ви помогнат да заспиете полесно

    Иако во моментов имате многу повеќе време за квалитетен сон, стресот и вознемиреноста станаа главните причини за несоница кај многу луѓе. Во текот на денот сте уморни, а кога треба да заспиете, тоа е исклучително тешко. Некои страдаат од напади на паника кога одат во кревет и слушаат само тишина, а некои не можат да заспијат заради многуте мисли и грижи. Лековите можеби не се најдобриот избор затоа што тие може да предизвикаат халуцинации, а некои може да ви ја нарушат моториката во текот на следниот ден. Новите душеци и перници може да бидат едно од решенијата, но прво пробајте ги овие природни методи пред да заминете на шопинг од кој ќе ве боли главата.rnrnДали имате несоница? Овие природни решенија ќе ви помогнат да заспиете полесноrn

    Смирувачки звуци

    rnСо помош на апликацијата Sleepa можете да направите ваша сопствена комбинација на звуци (бранови, штурци, капки вода и сл.) и да ја поставите да се исклучи по одреден временски период.rn

    Стол за нишање

    rnИако нишањето е типично за заспивање на бебињата, истражувањата покажуваат дека тоа им помага и на возрасните, па можеби сега е време да инвестирате во додаток за вашиот дом што ќе ви помогне полесно да заспиете.rn

    Јога

    rnПостојат многубројни вежби за истегнување или лесни јога вежби за релаксација пред спиење кои за само 15 минути ќе успеат да го опуштат вашето тело доволно за да заспиете порано.rn

    Утрински тренинг

    rnКолку порано ќе се разбудите и ќе вежбате, толку подобро ќе спиењето во текот на ноќта. Истражувањата покажаа дека луѓето поминуваат 75% повеќе време во длабок сон кога прават утрински вежби.rn

    Природен сок од цреша

    rnМелатонинот е совршен хормон кој помага во регулирање на циклусот на спиење, а црешата содржи високо ниво на мелатонин, така што редовното консумирање на овој сок има големи придобивки за вашето тело.rn

    Температура на собата

    rnНемојте премногу да ја затоплувате просторијата во којашто спиете и не заборавајте да ја проветрите пред спиење. Оптималната собна температура треба да биде 16-20 степени.rn

    Етерични масла

    rnАко имате проблеми со дишењето или со ‘рчењето ноќе, испрскајте етерично масло од еукалиптус на перницата за подобар сон.rnrnЕтеричнотот масло од лаванда се користи за опуштање на мускулите, за смирување, но од него имаат корист и луѓето со алергии.rnrnЕтеричното масло од камилица се користи за справување со несоница и депресија.rnrnЕтеричните масла од сандалово дрво, од мандарини и од ореви се најдобри во борбата против стресот, вознемиреноста и депресијата.rnrnПрочитајте која перница е идеална за вас во зависност од начинот на којшто спиете.

  • 3 квалитети што откриваат дека имате уникатен талент

    3 квалитети што откриваат дека имате уникатен талент

    Понекогаш е тешко да препознаете дека сте подобри од останатите, а многумина не се ни свесни за сите таленти што ги поседуваат. Штом ќе го сфатите тоа, ќе ви биде уште поголем предизвик да најдете начини како да го искористите талентот. Ако се препознаете во овие три примери, веројатно нема за што да се грижите и само е прашање на време кога некои од идеите што ги имате ќе се претворат во нешто конкретно и одржливо.rnrn3 квалитети што откриваат дека имате уникатен талентrn

    1. Секогаш барате нови предизвици

    rnДали мислите дека тоа што го правите во моментов е премногу едноставно? Иако брзото извршување на задачите може да ви помогне да се чувствувате попродуктивно, премногу лесната работа ретко доведува до долгорочно задоволство.rnrnКлучот за успехот е никогаш да не бидете целосно задоволни од она што го правите затоа што оние што успеваат не се задоволни со „статус кво“, туку постојано бараат нови предизвици и вештини што можат да ги совладаат за да ја зголемат својата вредност.rn

    2. Другите луѓе често доаѓаат кај вас за совет

    rnЗнак дека сте надарени за нешто е тоа што сте личност од која другите бараат помош. Тоа може да бидат вашите соработници, соседи, пријатели или членови на семејството, а советите можат да бидат поврзани со работата, со некое ваши хоби и со некој ваш талент.rnrnОбрнете внимание на тоа зошто другите ви се обраќаат и искористете ги своите вештини, а ако често ги користите своите вештини и знаења за да им помогнете на другите, размислете како да ги претворите во одржлива деловна можност.rn

    3. Често наоѓате подобри и поедноставни решенија

    rnТалентираните луѓе секогаш бараат нови начини како да ја извршат задачата, а самиот успех произлегува од таа потрага и од подготвеноста да пробаат нешто поразлично.rnrnАко сте вешти во одредена област, веројатно размислувате како би можеле да се подобрите – без разлика дали станува збор за полесно извршување на задачите или за создавање ново програмско решение за поголема ефикасност на фирмата.rnrnКога конечно ќе добиете добра идеја, важно е да сте подготвени и за неуспех, затоа што дури и најталентираните луѓе доживуваат и успеси и неуспеси, но тие ги користат за сопствениот раст и развој.rnrnПрочитајте кои карактеристики се поважни од талентот кога станува збор за успехот во животот.

  • 7-те најчести проблеми во врските и како да се справите со нив

    7-те најчести проблеми во врските и како да се справите со нив

    Во која било врска, почетните еуфорија и привлечност избледуваат со текот на времето. Ако минувате доволно време со некого, постепено ќе почнете да сфаќате дека не се согласувате во сè, ниту пак дека имате исти приоритети и избори.rnrn7-те најчести проблеми во врските и како да се справите со нивrnrnТокму во овој момент ќе се соочите со реалноста и ќе можете да одлучите дали навистина ја сакате таа личност. За вистинската љубов се потребни труд и волја да ја покажете дури и кога не се чувствувате постојано така.rnrnУспешните парови го знаат фактот дека за врската е потребна напорна работа, и настојуваат да го прават токму тоа. Сите парови минуваат низ некои чести проблеми, а кога ќе научите како да се справите со нив на здрав начин, ќе уживате во среќна и долга врска што ќе ве исполнува.rnrnПогледнете кои се најчестите проблеми со кои се соочуваат паровите, и некои едноставни решенија за нив.rn

    1. Недостаток од отвореност и искрена комуникација

    rnОтвореноста и искрената комуникација се столбот на секоја здрава врска. Понекогаш претпоставувате дека вашиот партнер ќе ги разбере вашите потреби и желби без да ги кажете. Но, вашиот партнер не може да чита мисли.rnrnРешение: Потребно е да комуницирате искрено и отворено со партнерот без да бидете агресивни. Кога ќе развиете пријателство со вашиот партнер, ќе можете да зборувате слободно, автентично и без какви било маски.rn

    2. Постојано критикување и напаѓање

    rnСите сме луѓе и не сме совршени. Имаме недостатоци и понекогаш правиме грешки. Важно е да ги прифатите и да му просите на партнерот за неговите недостатоци или грешки. Понекогаш претерано бараме совршеност, па постојано бараме ситни недостатоци кај другите и ги критикуваме. Додека конструктивното критикување е добро за созревање, постојаното напаѓање на партнерот ќе ве раздели.rnrnРешение: Кога ќе ја промените вашата перспектива и ќе се фокусирате на сите убави нешта што ги прави вашиот партнер, ќе почнете да го цените поради личноста којашто е и ќе му помогнете да созрее заедно со вашата врска.rn

    3. Завршување обврски

    rnВо повеќето врски, завршувањето обврски може да води до многу несогласувања, особено кога речиси сите сме премногу зафатени. Кога едниот партнер ја презема целата одговорност, а другиот воопшто не се вклучува, партнерот кој работи сè, кога-тогаш ќе се измори и ќе почне да ја саботира врската.rnrnРешение: Можете да создадете календар за соработка со кој еднакво ќе ги поделите обврските.rn

    4. Рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот

    rnРамнотежата помеѓу личниот и професионалниот живот е од особена важност, но понекогаш сте премногу зафатени и ги запоставувате вашите врски. Кога-тогаш ќе се оддалечите од вашиот партнер бидејќи немате да имате доволно време за него.rnrnРешение: Важно е да поминувате квалитетно време со партнерот. Не е важно колку, туку како го поминувате заедничкото време. Дури и ако сте заедно само половина час, ако го слушате внимателно и му го посветите целото внимание, ќе се чувствувате многу подобро отколку да поминете часови заедно без да си обрнувате внимание.rn

    5. Родителство

    rnМногу често паровите не се согласуваат за нивните одлуки како родители. Едниот партнер сака деца, другиот не. Или пак можеби и двајцата сакаат, но во различно време.rnrnРешение: Важно е отворено да разговарате со партнерот за вашите избори во врска со родителството. Кажете ги вашите причини за донесената одлука за подобро да се разберете.rn

    6. Верност

    rnИ од верноста можат да настанат многу проблеми во врската. Секој има различна дефиниција за верноста и за тоа како изгледа довербата во врската. Важно е да разговарате со партнерот на оваа тема за да знаете што навистина претставуваат врските за него.rnrnРешение: Најдобриот начин да избегнете неверство е да имате отворена и искрена комуникација со партнерот. Често се смета дека луѓето не изневеруваат затоа што сакаат, туку затоа што се чувствуваат запоставено, игнорирано или неисполнето во врската. Обрнете внимание на партнерот, покажете му ги вашите чувства и внимание и разговарајте отворено за сите проблеми.rn

    7. Пари

    rnПарите се уште еден дел што може да предизвика несогласувања. Можно е двајцата партнери да имаат различно мислење за парите и да имаат различни навики на трошење. Исто така можно е значително да се разликуваат нивните животни стилови, а ова води до постојани караници за трошоците.rnrnРешение: Престанете да се расправате и да се обвинувате еден со друг, бидејќи со ова само ќе ја зголемите напнатоста во врската. Наместо тоа, однесувајте се како зрели и одговорни возрасни и направете буџет за покривање на трошоците. Купувајте го само она за коешто заедно ќе се договорите и немојте да трошите на непотребни работи. Кога ќе се вратите на нозе ќе можете да се почестите со некој подарок или одмор, но немојте повторно да се задолжите за моментална среќа.rnrnПогледнете и кои се најголемите проблеми во модерните љубовни врски.

  • Овие 20 родители можат да најдат решение на буквално секој проблем

    Овие 20 родители можат да најдат решение на буквално секој проблем

    Околу 386.000 бебиња се раѓаат секој ден. Овие деца им носат огромна радост на нивните родители, но истовремено ги соочуваат со застрашувачки обврски кои доаѓаат со родителството. За среќа, постојат голем број креативни родители коишто ќе ви докажат дека сите предизвици со кои ќе се соочите додека ги чувате вашите деца, можат да се решат на едноставен и забавен начин.rnrnПогледнете ја листата со овие 20 досетливи родители, коишто знаат како лесно да се справат со тешките секојдневни обврски околу децата.rn

    1. Ова е најиновативниот татко на денот

    rnОвие 20 родители можат да најдат решение на буквално секој проблемrn

    2. Кој рече дека само мајките знаат што е мултитаскинг

    rnОвие 20 родители можат да најдат решение на буквално секој проблемrn

    3. Креативноста на мајките не познава граници

    rnОвие 20 родители можат да најдат решение на буквално секој проблемrn

    4. Да, постои начин да се разликуваат идентичните близнаци

    rnОвие 20 родители можат да најдат решение на буквално секој проблемrn

    5. Постојат и други начини…

    rnОвие 20 родители можат да најдат решение на буквално секој проблемrn

    6. Бебешки бришачи – најгенијалниот начин да го исчистите вашиот под

    rnОвие 20 родители можат да најдат решение на буквално секој проблемrn

    7. Кога вашето дете е истовремено атлетичар и уметник

    rnОвие 20 родители можат да најдат решение на буквално секој проблемrn

    8. Кога вашето дете ќе ви заспие во раце, а вие морате да јадете…

    rnОвие 20 родители можат да најдат решение на буквално секој проблемrn

    9. Да се биде татко на една Супердевојка, си има свои предности

    rnОвие 20 родители можат да најдат решение на буквално секој проблемrn

    10. Еве како да остане вашето дете мирно во текот на една фотосесија

    rnОвие 20 родители можат да најдат решение на буквално секој проблемrnФотографиите продолжуваат на следната страница…rn

  • Решенија за 8-те најчести проблеми во лето

    Решенија за 8-те најчести проблеми во лето

    Летото е навистина убава сезона, но и тоа си има свои недостатоци. Овие трикови ќе ви помогнат да се справите со 8-те најчести проблеми со кои се соочуваат речиси сите во текот на летото.rn

    1. Потење и миризба

    rnРешенија за 8-те најчести проблеми во летоrnrnПотењето и непријатната миризба на стапалата и пазувите можат целосно да го уништат вашиот летен имиџ. Најдобро е да носите облека и чорапи направени од природни материјали, како памук или кожа. Секојдневно менувајте ја облеката и редовно туширајте се. Друг начин да го спречите потењето е да го замените кафето со зелен чај. Исто така внимателно одберете го дезодорансот што најмногу ви одговара.rn

    2. Осип од брич

    rnРешенија за 8-те најчести проблеми во летоrnrnОсипот од бричењето може да се појави ако ретко го бричите телото во текот на зимата, особено на чувствителните места како пазувите и бикини зоната. За да ги намалите црвенилото, отоците и чешањето, измешајте неколку капки масло од лаванда во вашиот лосион и нанесете го на проблематичните места. Исто така можете да употребите и неколку пасирани јагоди и да ги измешате со лосион. Нанесете на проблематичните места и исплакнете со топла вода.rn

    3. Иритација на кожата на внатрешната страна на бутовите

    rnРешенија за 8-те најчести проблеми во летоrnrnАко сакате кратки панталони или мини здолништа, пешачењето во топлите денови може да ја иритира кожата на вашите бутови. За да се ослободите од овој проблем, редовно навлажнувајте ј кожата. Користете лосиони кои содржат природни витамини Ц и Е, или екстракт од краставица. Туширајте се секојдневно и осигурете се дека добро сте го исплакнале шампонот. Туширајте се со млака вода за да ја намалите иритацијата. Немојте да нанесувате мраз на проблематичните места бидејќи можете да предизвикате смрзнатини.rn

    4. Комарци

    rnРешенија за 8-те најчести проблеми во летоrnrnКомарците и другите инсекти може да ве каснат, да влезат во вашите храна и пијалаци или само да ви додеваат со нивното зуење. За да ги држите настрана можете да пробате неколку трикови. Можете да користите силиконски конец или мрежа за да ги покриете вратите и прозорците. Купете природни средства против инсекти коишто содржат масло од чајно дрво или масло од еукалиптус и лимон. Маслата од цимет и цитронела се познати по тоа што ги држат комарците подалеку од вас. Ако имате базен, редовно чистете го за да го спречите множењето на комарците во водата.rn

    5. Прашина

    rnРешенија за 8-те најчести проблеми во летоrnrnПрашината што влегува во домот преку отворените прозорци може да биде главна причина за појава на алергии и астма. За да ја одржите куќата чиста, а вашето тело здраво, чистете со правосмукалка барем еднаш неделно, менувајте ја постелнината секоја недела и користете прекривачи отпорни на прашина. Исто така ослободете се од непотребните предмети во домот за да си го олесните чистењето. Редовно чистете ги миленичињата и подовите. Ако имате деца со алергии, чувајте ги кадифените играчки во замрзнувач 48 часа пред да им ги дадете на децата. Ова ќе ги убие прашинските грини.rn

    6. Труење од храна

    rnРешенија за 8-те најчести проблеми во летоrnrnДијарејата, гадењето и повраќањето се најчести симптоми на труење со храна, а јадењето на нешто погрешно е навистина често во текот на летото. Луѓето често се собираат на гозби каде што храната што ја консумираат може да се расипе од топлината. Ако труењето е поблаго, доволно е да пиете многу вода и да се одморите. Но, ако ги чувствувате симптомите повеќе денови и забележите крв во вашата столица, најдобро е да се консултирате со лекар. За поблаго труење можат да ви помогнат сокот од домати, лубеницата и маслинките. Овие производи се богати со антиоксиданси и ќе ги отстранат токсините од телото. За да го спречите труењето, внимателно чистете ги овошјето и зеленчукот, консумирајте свежа храна и проверувајте го изгледот и мирисот на секоја храна што ја внесувате.rn

    7. Сува кожа

    rnРешенија за 8-те најчести проблеми во летоrnrnСувата кожа под влијание на жешкиот сув воздух може да предизвика чешање, пукнатини, брчки и промена на бојата. Работењето со хемикалии и на високи температури може само да ја влоши состојбата. За да го избегнете ова, туширајте се со гелови за навлажнување наместо со сапун. Нанесувајте навлажнувачки креми соодветни за вашата возраст. Редовно чистете ја кожата и користете лосион со салицилна киселина. Не заборавајте да нанесете заштитна крема за сончање, да носите очила и доколку можете да се откажете од пушењето бидејќи ја спречува нормалната циркулација на крвта во кожата. Исто така можете да набавите навлажнувач на воздух за вашиот дом и да носите облека од природни материјали.rn

    8. Изгореници од сонце

    rnРешенија за 8-те најчести проблеми во летоrnrnИзгорениците од сонце најчесто се појавуваат на незаштитена кожа. За да ги избегнете покријте го телото со облека, а главата со шапка. Нанесувајте заштитна крема на секои 2 часа, или почесто ако пливате и пијте многу вода. Ако веќе сте добиле изгореница, нанесете крема со алое вера или ментол и ставете ладни облоги. Ако изгорениците се многу болни, консултирајте се со вашиот лекар.rnrnДознајте и како да се грижите за вашата кожа после сончање.

  • 7 примери за решавање глобални проблеми што сите треба да ги следиме

    7 примери за решавање глобални проблеми што сите треба да ги следиме

    Замислете си свет каде што нема ѓубре, загадување на воздухот, глад и бездомни животни. Дали мислите дека ова е само недостижен сон? За среќа, овој совршен свет може да стане реалност. Некои држави веќе имаат најдено решенија за некои глобални проблеми и сега ќе дознаете како. Следејќи го нивниот пример и вие можете да направите разлика.rn

    1. Грижа за бездомни животни

    rn7 примери за решавање на глобални проблеми што сите треба да ги следимеrnrnСè повеќе и повеќе луѓе се сочувствуваат со бездомните животни. Државите како Австрија, Германија и Чешка го решиле овој проблем. Тие создале добро организиран систем за заштита на животните. Секое животно има свои права и прекршувањето на овие права може да води до казни, па дури и затвор.rnrnИсто така, големо внимание се обрнува на засолништата за животните. На пример во Чешка оваа задача е на полицијата, додека финансирањето е од страна на буџетот на градовите. Убивањето животни е забрането со закон. Во оваа држава посвојувањето животни е навистина популарно.rnrnПонекогаш е тешко да им се најде дом на бездомните животни. Во Турција се инсталирани автомати кои ги хранат животните. За да добиете 20 грама храна, потребно е да ставите пластично шише во машината.rn

    2. Селектирање на отпадот

    rn7 примери за решавање на глобални проблеми што сите треба да ги следимеrnrnКолку повеќе луѓе има во светот, толку повеќе отпад се произведува. Повеќето од нас не ни помислуваме што се случува со ѓубрето откако ќе го фрлиме.rnrnВо Камикацу, Јапонија, има неверојатен систем за ослободување од отпадот. Секој граѓанин добил прирачник од 27 страници за тоа како да го селектира отпадот. Според прирачникот, ѓубрето треба да се сортира во 37 разни корпи. Ако инструкциите не кажуваат што да правите со одреден вид отпад, тој завршува во јавниот склад за рециклирање. Овој систем покажал неверојатни резултати – 80% од отпадот е искористен, а останатите 20% се користат како ѓубриво. Замислете, град без ѓубре!rnrnОвие вести го шокираа светот и од Сан Диего изјавиле дека сакаат да го намалат отпадот за 75% до 2030-та година, а целосно да се ослободат од него до 2040-та. И Њујорк има големи планови. Градот се надева дека ќе ги постигне резултатите на Камикацу за 15 години.rn

    3. Чист воздух

    rn7 примери за решавање на глобални проблеми што сите треба да ги следимеrnrnЗагадувањето на воздухот е еден од најголемите проблеми во големите градови, а многумина сметаат дека нема решение. Но, уметникот Даан Русегаарде од Холандија во соработка со инженери ја конструирал Кулата против смог.rnrnОваа кула може да исчисти 30.000 метри квадратни воздух на час, а троши енергија колку обичен бојлер. Во процесот на прочистување тврдите нечистотии се компресираат и потоа се употребуваат за изработка на накит. Кулата е веќе тестирана во Кина и се користи во неколку европски градови.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 помалку познати решенија за најчестите проблеми поврзани со убавината

    10 помалку познати решенија за најчестите проблеми поврзани со убавината

    Денес речиси секој посетил блог за убавина или следел совети од Јутјуб. Со достапноста на толку многу информации, изгледа веќе ништо не може да нè изненади. Но, советите во продолжение најверојатно ги немате слушнато, а ќе ви помогнат да решите многу проблеми поврзани со убавината.rn

    1. Паста од јагоди за иритација од бричење

    rn10 помалку познати решенија за најчестите проблеми поврзани со убавинатаrnrnБричот може да ја иритира вашата кожа, а едноставен начин да ги намалите болката и црвенилото е паста од јагоди и кисела павлака. Нанесете ја мешавината директно на проблематичното место и оставете да делува 10-15 минути.rn

    2. Сода бикарбона и лимон за отстранување дамки од ноктите

    rn10 помалку познати решенија за најчестите проблеми поврзани со убавинатаrnrnНоктите пожолтуваат од многу причини – лак, пушење, болести, лоши животни навики, па дури и габични инфекции. Иако е потребно да посетите лекар во случај да станува збор за нешто сериозно, постојат некои третмани што ќе ви помогнат да им ја вратите природната боја. Направете паста од 1 лажица сода бикарбона, половина лажица маслиново масло и една лажица лимонов сок. Со мека четка за заби нанесете ја мешавината на вашите нокти и оставете ја да делува 5 минути. Повторувајте ја процедурата секои 2 недели за најдобри резултати.rn

    3. Активен јаглен за бели заби

    rn10 помалку познати решенија за најчестите проблеми поврзани со убавинатаrnrnСè што треба да направите е да искршите таблета активен јаглен, да додадете малку вода и да направите паста. Нежно четкајте ги забите со пастата околу 3 минути. Немојте премногу често да го правите ова бидејќи јагленот може да биде груб за вашите заби.rn

    4. Леќа за испукани врвови на косата

    rn10 помалку познати решенија за најчестите проблеми поврзани со убавинатаrnrnОваа маска за коса ќе ви помогне да се справите со испуканите врвови. Сомелете 70 грама леќа, додајте една лажица грчко сено и малку јогурт. Нанесете ја маската, оставете ја да делува 1 час и исплакнете со топла вода.rn

    5. Аспирин за отстранување калуси

    rn10 помалку познати решенија за најчестите проблеми поврзани со убавинатаrnrnКалусите можат да предизвикаат болка, воспаление и лош мирис. Аспиринот е одличен за нивно третирање, како и за габичните инфекции. Сомелете 4 таблети аспирин и измешајте ги со вода и лимонов сок. Нанесете ја пастата на проблематичните места, покријте ги со крпа и оставете да делува 20 минути. Повторувајте 2 пати неделно.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Креативни идеи што визуелно ги зголемуваат малите бањи

    Креативни идеи што визуелно ги зголемуваат малите бањи

    Лесно е да уредувате ако веќе имате мебел и голема соба, но кога станува збор за малите простории, тоа и не е толку едноставно. Тие се многу потешки за уредување и опремување, особено кога станува збор за бањата. Машината за алишта, лавабото и мијалникот се само дел од фиксните предмети кои треба да ги наместите во неколку квадрати. Но, со помош на овие неколку корисни совети, вашиот простор може да биде модерен, убав и функционален.rnrn0-kreativni-idei-koi-dodavaat-kvadrati-na-malite-banji-www.kafepauza,mk_rn

    1. Бои

    rnБојата е една од поважните работи на кои мора да мислите кога сакате малиот простор да го направите визуелно поголем и поефективен. Избегнувајте ги темните и мрачни бои на големите површини, бидејќи тие го затвораат и намалуваат просторот. Потпрете се на белата, кремот или светлосивата боја. Можете да додадете само еден мал детаљ во некоја силна боја, како што е парчето ѕид зад огледалото, па дури и цеиот ѕид со најмала површина. Боите можете да ги ставите и во облик на детали, како што се фонографиите на ѕидот, вазните, завесите, пешкирте или садовите за сапун и четките за заби.rnrn2-kreativni-idei-koi-dodavaat-kvadrati-na-malite-banji-www.kafepauza,mk_rn

    2. Детали

    rnДеталите како шари, пруги, коцки ии цветни дезени што ги има во облик на декоративни плочки во малиот простор се вистинско освежување. Но, немојте да претерувате, бидејќи тенка е границата помеѓу убавината и кичот. За мала бања доволен е само еден ѕид или еден сегмент од него украсен со бордо или црвени плочки. Исто така, платнените детали како што се завесите можат да бидат доста ефективни во малата бања. Идеи за бања од соништата понекогаш можете да пронајдете и во бројните дизајнерски решенија кои се создадени за фантазирање и инспирација.rnrn3-kreativni-idei-koi-dodavaat-kvadrati-na-malite-banji-www.kafepauza,mk_rn

    3. Мебел

    rnНикогаш не е доволно од шкафчиња за козметика, пешкири и средства за чистење. Доколку сакате максимално да го искористите малиот простор, изберете ѕидни, висечки шкафчиња или пак, вградени кои се монтираат под мијалникот. Сличен ефект ќе постигнете и со помош на ѕидните или самостоечки полици кои се многу поевтини од шкафињата, а подеднакво интересни и корисни. Избирајте едноставни, мазни површини, а огледалата секогаш се добредојдени, бидејќи визулено го зголемуваат просторот.rnrn4-kreativni-idei-koi-dodavaat-kvadrati-na-malite-banji-www.kafepauza,mk_rn

    Санитарии

    rnИзбегнувајте ги масивните кади и големите мијалници, бидејќи тие за момент може да го заземат целиот простор. Кадите со полукружен облик или пак, туш кабините ќе ви овозможат дополнителен простор за шкафче тоалетна школка. Кога станува збор за мијалникот, со вграден модел кој се вклопува во шкафче или ѕиден носач ќе добиете дополнителен простор под него кој можете да го наполните со пешкири или средства за чистење.rnrn5-kreativni-idei-koi-dodavaat-kvadrati-na-malite-banji-www.kafepauza,mk_rnrnСекогаш можете да се обидете да ја зголемите просторијата и со мајсторите на илузијата, односно огледалата кои визуелно ќе го зголемат и разубават вашиот дом.

  • 8 причини зошто ништо во животот не ве прави среќни и решенија за да го подобрите тоа

    8 причини зошто ништо во животот не ве прави среќни и решенија за да го подобрите тоа

    Чувствувате ли дека треба да бидете посреќни? Можеби вашиот живот однадвор изгледа прилично добро, но однатре чувствувате некоја празнина. Погледнете ги овие причини зошто ништо не може да ве задоволи, а исто така и решенијата кои ќе ви помогнат да се насочите кон радоста во животот.rnrn8 причини зошто ништо во животот не ве прави среќни и решенија како да го подобрите тоаrn

    1. Имате нереално сфаќање за среќата

    rnАко имате голем автомобил, но постојано барате некој подобар или пак сте во љубовна врска, но се фокусирате на недостатоците на другата личност, тогаш можно е да имате прифатено нечие туѓо сфаќање за тоа како треба да изгледа среќата.rnrnРешение: Вашите идеи најверојатно доаѓаат од филмовите или од сопствената фантазија, кога замислувате како сте побогати или славни. Меѓутоа, не треба да се водите според ова и да размислувате само за пари, позиција или изглед, туку треба подетално да се запрашате себеси што е она што навистина би ве направило посреќни.rn

    2. Сѐ уште „живеете во средношколските денови“

    rnАко имате навика да се натпреварувате со соседите или чувствувате потреба да поседувате некои работи само затоа што ги имаат вашите познаници, тогаш тоа е знак дека сѐ уште размислувате како средношколци. Природно е да сакате да се вклопите и да чувствувате дека припаѓате некаде, но ова исто така може да доведе до тоа да бидете заглавени во чувството дека сте одбиени или чувството на помала вредност, како што се случува во средношколските денови.rnrnРешение: Обидете се да се идентификувате себеси со различни луѓе кои се поврзани со вашите цели и вашиот возрасен живот – оние кои се грижат повеќе за создавање промени, отколку за материјалните работи. Тоа ќе ви помогне да пронајдете среќа.rn

    3. Недостаток на длабоки врски

    rnАко ги споделувате своите чувства и мисли со некој, на Фејсбук или на Твитер, но сепак се чувствувате некако осамено, вашата несреќа најверојатно произлегува од недостаток на вистински врски со другите. Многу луѓе се чувствуваат токму како вас, но чекаат некој друг да го направи првиот чекор.rnrnРешение: Излезете надвор и продлабочете ги врските! Поканете ги вашите познаници на ручек или кафе и запознајте ги подобро, поставувајте прашања за тоа што тие сакаат и што им е важно во животот. Исто така можете да излегувате во клубови или да се придружите на некои групи кои ги делат вашите интереси, како на пример посетување часови за изучување странски јазик.rnrn8 причини зошто ништо во животот не ве прави среќни и решенија како да го подобрите тоаrn

    4. Лоши спомени од минатото

    rnАко во минатото сте имале ниска самодоверба и секогаш чувствувате дека треба нешто да докажувате, тогаш тешко е да бидете среќни.rnrnРешение: Погледнете кон минатото и обидете се да сфатите од каде доаѓа потребата за успех, а потоа променете ги своите ограничени верувања. Откако ќе прифатите дека сте доволно добри, вашата способност за среќа веднаш ќе порасне.rn

    5. Емоционален затвор

    rnДоколку мислите дека слабост е да барате помош, тогаш лесно можете да завршите обземени од емоции. Во таква ситуација, ништо не ќе може да биде доволно за да ве усреќи, затоа што вашиот товар е премногу тежок.rnrnРешение: Прифатете го фактот дека кога одбивате помош, вие само го нарушувате своето ментално и физичко здравје. Побарајте терапевт или доверете ѝ се на некоја личност на која ѝ верувате. Кога ќе имате кој да ве поддржува, светот може да стане попријатно и побезбедно место за вас.rn

    6. Борба со зависноста

    rnАко практикувате нешто премногу, без разлика дали станува збор за работата, пиењето, вежбањето, храната или нешто друго, ризикувате да развиете зависност, која ќе ве спречи да бидете вистински среќни.rnrnРешение: Зависностите обично се заштитен механизам кој ви овозможува да го регулирате непријатното чувство, без соодветно да го третирате. Побарајте терапевт кој може да ви помогне да разберете како се појавува ова однесување и како можете да пронајдете поздрави алтернативи.rnrn8 причини зошто ништо во животот не ве прави среќни и решенија како да го подобрите тоаrn

    7. Трчате по среќата

    rnДали секогаш имате чувство дека ако направите само уште една работа, тогаш конечно ќе бидете среќни? Тоа би можело да бидат повеќе пари, друг дом, нов партнер, послабо тело… Но, без оглед што е тоа, се лажете ако мислите дека остварувањето на само уште една цел може да ви донесе мир. Подоброто расположение ќе биде само привремено.rnrnРешение: Дознајте кои настани од минатото ве држат заглавени во несреќата. Зошто ви се потребни надворешни фактори за да бидете среќни? Пронајдете начини и вложете напор за да научите како да уживате во едноставните задоволства.rn

    8. Не сте во можност да си пружите безусловна љубов

    rnНа крај, ако не можете да се погледнете во огледалото и да чувствувате љубов и прифаќање, тогаш не е ниту малку чудно што ништо не може да ве направи среќни. Начинот на кој се гледате себеси има голема улога во одредувањето на она што го привлекувате, а ако практикувате негативен говор (на пример „Не сум убав/а“ или „Никогаш нема да бидам паметен/на како другите“), тогаш едноставно не ќе можете да привлечете вистинска среќа.rnrnРешение: Најважното нешто што можете да го направите е да го откриете изворот на негативност. Дознајте кои се вашите внатрешни рани и работете на нивно лекување. Бидете внимателни кон себе, грижете се и потсетете се дека не морате да бидете совршени, туку само треба да бидете доволно добри!