Носењето црвен конец околу раката против уроци е стара традиција меѓу словенските народи, а денес е најпопуларна во Бугарија, источните земји и следбениците на Кабала, како и помеѓу народите кои го прифаќаат паганизмот.rnrn
rnrnОвој обичај во извесна мера се задржал и кај нас, а најчесто се практикува ставање црвен конец околу раката на новородените деца.rnrnНо, дали христијаните, особено оние кои се крстени треба да носат црвен конец околу раката?rnrnЦрвениот конец симболизира страст, успех и среќа. Се врзува на зглобот на левата рака, бидејќи, наводно, со оваа рака личноста се поврзува со други сили. Формираниот круг од црвен конец, се верува дека дава заштита од негативност, недуховност, како и од лоши намери и зли духови.rnrn
rnrnСепак, во христијанството ваквата практика не е одобрена. Христијанската религија ги смета за идолопоклонство постапките со кои луѓето ја менуваат религијата. Црвениот конец не е дозволен и заради тоа што всушност претставува ритуал, потекнува од магија и се смета за амајлија.rnrnХристијанството како единствен симбол на заштита ги прифаќа крстот и молитвата, додека црвениот конец се смета за паганство и симбол кој всушност ја разнишува вашата вера.rnrnПравославните и католичките свештеници советуваат дека доколку се чувствувате дека ви е потребна дополнителна заштита, подобро да поработите на својата духовна состојба, наместо да практикувате вакви ритуали.rnrnСуеверијата сепак имаат ефект врз вас? Тогаш еве едно народно верување кое мора да го знаете: Како да се облекувате за да привлечете среќа?
Tag: религија
-

Што значи кога крстените христијани носат црвен конец околу раката?
-

8 причини зошто луѓето ја прифаќаат религијата
Се проценува дека речиси 90% од луѓето во светот ѝ припаѓаат на некоја религија. Дури ако не ги броите децата од религиозни семејства, јасно е дека огромен дел од популацијата верува во некоја религија. Прашањето е зошто. Зошто луѓето имаат потреба да веруваат во нешто што изгледа невозможно? Краткиот одговор е дека никој не знае сигурно, но постојат делови од нашето однесување кои можеби ќе ни понудат интересни одговори.rn
1. Луѓето се суеверни
rn
rnrnОна што е интересно е тоа што сувереноста не е одлика само на луѓето. Психологот Б. Ф. Скинер демонстрирал дека и гулабите можат да бидат суеверни. Тој ставил гладни гулаби во кутија и им давал храна во неодредено време. Гулабите почнале да го повторуваат однесувањето од периодите кога биле хранети за да ја „натераат“ храната повторно да се појави. Навистина е тешко да се направи разлика помеѓу суеверност и религиско верување.rn2. Луѓето не можат да се ослободат од антропоморфизмот
rn
rnrnДали разговарате со вашиот компјутер? Луѓето разговараат, или им викаат на нивните компјутери, автомобили, алати и речиси сè што ќе им дојде во рака. Постојат некои докази дека ова однесување е корисно. На пример, ако барате нешто што сте изгубиле, и ако гласно го кажувате името на предметот ќе ви биде полесно да го најдете. Изгледа дека луѓето се концентрираат на нешто кога му „зборуваат“. Исто така луѓето се свесни дека автомобилот или компјутерот не можат да ги слушнат, но сепак не можат да престанат со ова однесување. Религијата често е опишувана како „Обид да разговарате со времето“, а разговарањето со автомобилот е исто.rn3. Потреба за цел
rn
rnrnИзгледа имаме природна способност да бараме цел во нештата. Не ни изгледа правилно доколку речеме дека некои нешта немаат цел, туку едноставно постојат. Кога бараме цел во сè, се поставува и прашањето која е целта на животот, на смртта, или пак на злото. Многу филозофи сметаат дека овие прашања не се разумни бидејќи се засноваат на претпоставката дека тие нешта имаат цел. Религијата може да биде одговор на овие прашања.rn4. Верба во правда
rn
rnrnЛуѓето како да имаат внатрешна верба во правдата. Ова најмногу е изразено кога на мало дете ќе му се нанесе неправда. Иако одговорот на родителите во овие случаи е дека животот не е фер, чувството дека животот треба да биде фер е навистина силно. Изгледа дека и оваа особина не им се припишува само на луѓето. Професор Марк Бекоф верува дека чувството за морал е вградено во мозоците на сите цицачи. Разликата е тоа што на луѓето им смета да гледаат неказнета неправда. Чест фактор во религиите се бројните казни. Навистина е тешко да се помисли дека најпривлечното нешто кај религиите е надежта дека „злобните“ луѓе ќе бидат казнети.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Како да најдете смисла во духовноста без религија?
Ако соберете 1.000 луѓе во една просторија и ги прашате што за нив претставува духовноста, најверојатно ќе добиете 1.000 различни одговори. Кога се гледа надвор од контекстот на религијата, духовноста нè поврзува со димензија од животот што е поголема од нас. На крајот на денот, секој од нас сака да го пронајде својот пат низ животот, а духовноста може ни да помогне во тоа. Погледнете како да живеете подуховно, без разлика на вашите религиски верувања.rnrn
rn1. Одвојте 10 минути за да го исчистите умот кога ќе се разбудите
rnВие ја имате моќта да ги насочите вашите мисли во позитивна насока, позитивна за вас, за другите и за светот. Одвојувањето само 10 минути секојдневно за да бидете мирни и да се поврзете со нешто поголемо од вас е одличен начин да го направите тоа. Обидете се и почнете со вежбање медитација или јога, прочитајте некој инспиративен текст или прошетајте во природа.rn
2. Бидете им корисни на другите
rnОпсесијата со вашите лични желби и потреби не создава среќа, туку изолација. Научете како да бидете корисни и почнете едноставно. Понудете го вашето место во јавен превоз, насмејте ѝ се на личноста којашто ви го подготвува кафето, навистина слушајте ги другите без да им судите.rn
3. Не ви е потребно егзотично патување за да најдете смисла
rnАко не можете да си дозволите патување до џунглата, не значи дека не можете да ја пронајдете вашата духовност. Најважното нешто кај духовноста е тоа што се случува тука и сега. Нема врска со нештата што ги правите, туку со личноста којашто сте. Вашиот живот е токму онаков каков што треба да биде за вашиот духовен развој.rn
4. Истражете што значи духовноста без религија за вас
rnЧитајте книги, гледајте видеа, одете на конференции и работилници. Најдете идол кој ја претставува духовноста според вашата замисла и изучувајте ги неговите техники, но притоа секогаш останете свои.rn
5. Нека биде едноставно
rnДуховниот успех не е поврзан со слава, моќ или пари. Тој е да знаете дека сè е совршено и дека сите сме едно. Има моќ која држи сè на своето место. Од оваа точка на верување и внатрешен мир можат да излезат значајни дела.rnrnПогледнете и која е важноста на духовноста во животот на човекот.
-

Пензиониран свештеник објаснува зошто црквата го измислила „Пеколот“
Свештеникот Џон Шелби Спонг смета дека пеколот не постои.rnrn
rn„Верувам во живот по смртта, но не мислам дека тоа е поврзано со наградување или казнување.“
rnЏон е пензиониран свештеник од Епископската црква, а од 1979 до 2000 бил епископ во Њу Џерси, САД. Тој смета дека пеколот е измислен од црквата со цел да ги контролира луѓето, а неговото мислење навистина се прославило.rnrnРелигијата измислува идеи и концепти, како и секое друго креативно претпријатие. Некои од овие идеи им помогнале на многу луѓе да најдат значење во својот живот. Сепак, многу од концептите смислени од религијата ги натерале луѓето да прифатат систем на однесување кој ќе им гарантира награда во задгробниот живот. Тој изјавил:rn
„Религијата секогаш го контролира бизнисот, а тоа е нешто што многу луѓе не го разбираат. Тоа е бизнис на создавање вина, па ако имате место, односно рај, каде што сте наградени за вашата добрина и место, односно пекол каде што ќе бидете казнувани, тогаш можете да го контролирате населението.“
rnЕфектот на заканување за казна поради лошото однесување ја потиснува љубопитноста на луѓето.rn
„Па тие го создаваат ова ужасно место кое плаши многумина низ историјата, а тоа е дел од контролирањето“.
rnТој смета дека пеколот е мит и дека потребно е луѓето да веруваат во него за да преживее самата црква. Многу луѓе стануваат религиозни барајќи водство во хаотичниот свет, што резултира со луѓе кои се помалку одговорни за своите постапки.rn
„Црквата не сака луѓе кои растат, бидејќи не може да контролира возрасни. Токму поради ова зборуваме за преродување. Кога одново ќе се родите, пак сте дете. Луѓето не треба да се раѓаат одново, потребно е да пораснат и да прифатат одговорност за себе и за светот.“
rnНевозможно е да се одреди каде оди човечката душа по смртта, но религијата сепак создава мотиви за пекол и рај. Ова ги плаши луѓето, па тие се вртат кон црквата барајќи спасител.rn
„Секоја црква што ја знам смета дека е вистинска и дека има целосен авторитет. Го имаме Папата, ја имаме Библијата. Идејата дека вистината на Бог може да се пронајде во секој човек, во секоја книга е како фантазија за мене. Бог не е христијанин. Бог не е евреин или муслиман или будист. Ова се човечки системи кои ги создале луѓето.“
rnШто мислите вие на оваа тема? Дали се согласувате со Џон Шелби Спонг?
-

Интересна студија ни открива дека луѓето што почесто користат Интернет се помалку религиозни
На некој начин науката потврдила дека Интернетот е „безбожно“ место. Според едно ново истражување, луѓето кои користат Интернет поретко имаат влијание од религиите.rnrn
rnrnИстражувањето објавено во Journal for the Scientific Study of Religion било изведено од страна на истражувачи од еден приватен христијански универзитет во САД. Во истражувањето учествувале 1,714 испитаници кои кажувале за нивните религиски верувања и користењето на Интернет.rnrnРезултатите покажале дека зголеменото користење на Интернет резултира со помали шанси за религиозност. Сепак, почестото користење на Интернет немало влијание во вклучувањето во религиозни активности. Од друга страна, почестото гледање телевизија било поврзано со намалено вклучување во религиозни активности, но не и намалено верување. Авторот на истражувањето, Пол К. Меклур изјавил:rn„Едно од најважните откритија од ова истражување е дека зачестената употреба на Интернет може да се поврзи со изгубената верба во одредена религија. Исто така откривме дека луѓето кои поминуваат повеќе време онлајн поретко веруваат дека постои само една вистинска религија.“
rnОд веб-сајтот на МИТ, Technology Review, во 2014 разговарале со Ален Дауни, компјутерски научник на Универзитетот за инженерство во Масачусетс. Користејќи податоци од над 9.000 луѓе кои учествувале во една социјална анкета, Ален заклучил дека Интернетот предизвикал големо намалување на верниците во изминатите 2 децении. Од Technology Review изјавиле:rn
„Тој смета дека најголемото влијание на припадноста на некоја религија има воспитувањето – луѓето кои се религиски воспитани имаат поголеми шанси да припаѓаат на некоја религија. Но, бројот на религиски воспитани луѓе е значително намален од 1990-та година. Лесно е да се замисли како ова води до намален број на верници. Всушност, анализата на Дауни покажува дека ова е важен фактор. Сепак, овие податоци објаснуваат само околу 25% од намалувањето на бројот на верници.“
rnАлен Дауни изјавил:rn
„За луѓето кои живеат во хомогени заедници, Интернетот нуди можност да најдат информации за луѓе од други религии, или луѓе без религија, и лично да разговараат со нив. Потешко е, но не и невозможно да се најдат веродостојни причини за тоа зошто намалувањето на припадноста на религија предизвикува зголемено користење на Интернет.“
rnДали знаевте дека во некои држави постои можност религијата целосно да изумре?
-

Атеистите ќе ги надбројат верниците до 2038 година
Во текот на целата историја на човекот, луѓето постојано верувале во некаква виша сила. Религијата е важен дел од човештвото и неговото постоење, но најновите истражувања покажале дека атеизмот ќе ја надвладее религијата во иднина.rnrn
rnrnУште од самите почетоци, религијата владеела со светот и била главниот причинител на многу војни. Религијата отсекогаш заземала голем дел од животот на човекот, но бројот на верниците постепено се намалува со текот на времето. Многу луѓе почнуваат да „ѝ го вртат грбот“ на вишата сила и наместо тоа, почнуваат да вложуваат во себе и во својата повисока свест. Многумина медитираат, ја вежбаат својата свесност, а тоа произлегува од промовирањето на улогата на свеста. Освен тоа, сѐ повеќе луѓе се откажуваат од религијата.rnrnИстражувањата покажале дека атеизмот ќе ја порази религијата до 2038 година. Исто така, резултатите откриле дека во земјите со различни верски убедувања, како што се Канада и Франција, владеат моралот, вербата во општеството, економската еднаквост и имаат пониски криминални стапки за разлика од државите со многу религиозни луѓе.rnrnПостојат многу различни аргументи кои објаснуваат зошто луѓето стануваат помалку религиозни. Некои веруваат дека тоа се случува, зашто и мажите и жените градат кариери наместо да чуваат деца, па нема кому да му се пренесат религиозните верувања. Постојат и луѓе кои веруваат во Господ, но не се многу религиозни. Во секој случај, од нејасни причини, атеистите се на добар пат да завладеат со светот и да ги надбројат верниците.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте го мислењето на генијалниот Ајнштајн и дознајте дали научниците се молат на Бога. -

Научник објаснува како истовремено може да верува и во Бог и во наука
Дали некогаш сте се запрашале дали научник може да верува во Бог? Додека истражувањата покажале дека научниците многу поретко се религиозни од останатите луѓе, една анкета покажала дека повеќе од половина научници веруваат во некоја виша сила. Една третина од научниците изјавиле и дека веруваат во Бог.rnrn
rnrnПрофесорот Џордан Петерсон предава психологија на Универзитетот во Торонто, а претходно работел и на Харвард. Тој е еден од научниците кои веруваат во Бог. Како научник кој е посветен на научниот метод за да пронајде објаснување за светот во кој што живееме, тој исто така е и Христијанин кој верува дека ни е потребна вистина поголема од онаа која сега ни ја нуди науката.rnПроширување на поимот „вистина“
rnВеќе 20 години Петерсон размислувал за заедничките работи на науката и религијата. Тој изјавил дека читајќи го Карл Јунг сфатил дека луѓето имаат погрешно сфаќање за религиската вистина. Ова се заклучоците до кои дошол:rn
- rn011
- Религиската вистина е различна од научната вистина.
- Религиската вистина била запишана во време кога не сме знаеле за наука.
- Приказните во евангелијата не се научни теории.
- Научната вистина ви ги покажува работите онакви какви што сте.
- Религиската вистина ви кажува како би требало да се однесувате.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
„Она што научната вистина ви го кажува е какви се работите. Религиската вистина, од друга страна, ви покажува како би требало да се однесувате. Тие не се исти.“
rn
Религијата помага во создавање мапа за однесување во светот
rnСпоред Петерсон, важно е секој човек да се однесува на начин кој е добар за него како личност, за неговото семејство, за општеството и за неговата околина. Прашањето е, како да го направиме ова?rnrnПетерсон смета дека религијата ни го дава одговорот на ова прашање. Религијата го разложува животот на најважните елементи, а со тоа ни приложува мапа на однесување. Таа ги користи работите кои се највистинити за нашите животи, ги поврзува со илјадници литературни или метафорички херои, и од секоја приказна го издвојува она што ја прави една личност херој. Крајниот резултат е живот кој ни дава поголемо значење. Според Петерсон, живеењето „религиозен живот“ го намалува егзистенцијалниот товар кај човекот. Со тоа вие сте поздрави и имате пониско ниво на стрес.rn
Мозокот е прилагоден да ни каже кога живееме значаен живот
rnПетерсон смета дека нашиот мозок еволуирал на тој начин што бара значење во она што го правиме. Нашиот нервен систем се адаптирал на овој начин на живеење, па знаците на значење ќе ни помогнат да живееме на работ помеѓу редот и хаосот. Со тоа наоѓаме значење во овој простор каде што сме делумно стабилни, делумно љубопитни и се однесуваме на начин кој го збогатува нашето знаење. Ние постојано учиме и созреваме, сте стабилизираме и обновуваме, и се обидуваме да бидеме продуктивни кон нас, нашето семејство, нашето општество и нашата иднина. Кога ќе добиете сигнал од вашиот мозок дека правите нешто значајно, вие ќе знаете дека живеете во таква состојба.rn
Користење музика за трансценденција
rnПетерсон вели дека музиката ни помага да ја постигнеме оваа состојба. Музиката ни создава хармонија. Ова го изјавил и Џејсон Силва, кој рекол дека музиката го кажува она што е неискажливо. Што има науката да каже за ова? Како што музиката има моќ да ни помогне да постигнеме нешто како трансценденција, истиот ефект го имаат и религиозните текстови. Тие се како водичи за чувствување на она што го чувствувате кога слушате музика.rn
Барање значење во нашиот живот
rnОд една страна, науката ни овозможила начин да учиме за универзумот и да создаваме нови идеи кои ни помагаат да развиваме технологии, да решаваме проблеми и да донесуваме правилни одлуки. Од друга страна, неверојатниот напредок на науката го натерала човештвото да ја занемари позитивната улога на религијата. Знаењето за светот не доаѓа само од она што сме го научиле, тоа доаѓа и од нашите искуства. Петерсон напоменува дека барањето на значење е главната движечка сила во животот на човекот.
-

Зошто атеистите се поинтелигентни од религиозните луѓе?
Уште многу одамна научниците дошле до интересно откритие: Атеистите се поинтелигентни од религиозните луѓе. Не е сосема јасно зошто е тоа така, но истражувачите имаат некои идеи. Според нив, религијата е инстинкт, а луѓето кои можат да ги надминат инстинктите се поинтелигентни од оние кои слепо се водат по нив.rnrn
rn„Интелигенцијата може да се разбере како надминување на основните инстинкти и поседување интелектуална љубопитност и отвореност кон неинстинктивните можности“, објаснуваат истражувачите.
rnУште во древна Грција и Рим се сметало дека „будалите“ се религиозни, додека „мудреците“ се скептични. Античките филозофи не се единствените кои ја забележале оваа поврзаност. Научниците направиле мета-анализа на 63 истражувања и откриле дека религиозните луѓе најчесто се помалку интелигентни од оние кои не се религиозни. Оваа поврзаност била посилна кај студентите на факултет и кај општата популација, а послаба кај луѓето помлади од 19 години. Ова исто така повеќе важи за луѓето со религиозни верувања, а не за луѓето со религиозен начин на однесување.rnrnНо, зошто воопшто постои оваа поврзаност? Истражувачите најпрво мислеле дека тоа е така затоа што нерелигиозните луѓе се поразумни за разлика религиозните поединци. Меѓутоа, подоцна откриле дека интелигенцијата е поврзана со одреден тип субјективност.rnrnНа пример, едно истражување од 2012 година покажале дека студентите честопати даваат погрешни одговори несвесно. Тоа се нарекува „субјективна слепа точка“ и се случува кога луѓето не можат да ја препознаат субјективноста или недостатоците на нивното размислување. Експертите верувале дека постои врска помеѓу поголемата субјективна слепа точка и зголемените когнитивни способности.rnrnНа пример, едно од прашањата во истражувањето гласело: „Палка и топка заедно чинат 1,10 долари. Палката чини 1 долар повеќе од топката. Колку чини топката?“. Овој проблем не е интуитивен и одговорот не е 10 центи, туку прашањето бара од студентите да го преиспитаат првото решение што ќе им падне на памет. Доколку го направат тоа, би можеле да дојдат до точниот одговор кој гласи дека топката чини 5 центи, а палката 1,05 долари.rnrnАко интелигентните луѓе не можат да ја забележат својата субјективност, тоа значи дека тие не се толку разумни во одредени погледи. Па, зошто тогаш интелигенцијата се поврзува со атеизмот? Одговорот е дека религијата е инстинкт и луѓето треба да поседуваат висока интелигенција за да можат да го надминат.rn
Основен инстинкт
rnТеоријата дека религијата е инстинкт е модификувана верзија на идејата која првично била развиена од страна на Сатоши Каназава, еволуционен психолог од лондонскиот економски факултет. Неговата теорија се обидува да ги објасни разликите во однесувањето и ставовите помеѓу интелигентните и помалку интелигентните луѓе. Хипотезата се засновала на две претпоставки. Првата е дека ние сме психолошки адаптирани да ги решаваме повторливите проблемите со кои се соочувале нашите предци. Втората е дека „генералната интелигенција“ (која се мери со тестови за интелигенција) еволуирала за да ни помогне да се справиме со неповторливите проблеми за кои не сме развиле психолошка адаптација.rnrnОвие претпоставки сугерираат дека интелигентните луѓе се подобри од неинтелигентните луѓе во справување со еволуциони новитети, ситуации и појави кои не постоеле во минатото. Еволуционите новитети се спротивни на еволуираните инстинкти.rnrn
rnФилозофски поглед кон работите
rnАко религијата има инстинктивна основа, тоа значи дека интелигентните луѓе можат подобро да се прилагодат на атеизмот. Но, без да ја познаваме природата на „религиозниот инстинкт“ не можеме да кажеме дека атеизмот не е поврзан со одредени инстинкти. На пример, некои експерти сметаат дека комунизмот и секуларните движења како што се веганството, го поттикнуваат истиот инстинкт како и постоечките религии. И религиозните и нерелигиозните движења се засноваат на вербата кај луѓето.rn
Религијата и стресот
rnИстражувачите исто така ја испитале поврзаноста помеѓу инстинктот и стресот и откриле дека луѓето се однесуваат инстинктивно во стресни ситуации. Така на пример, многу луѓе се свртуваат кон религијата кога имаат блиско искуство со смртта. Експертите тврдат дека интелигенцијата им помага на луѓето да ги надминат овие инстинкти во стресните ситуации.rn
„Ако религијата е инстинкт, тогаш таа би требало да станува посилна во стресни ситуации, кога луѓето се принудени да реагираат инстинктивно. Тоа исто така значи дека интелигенцијата ни овозможува да застанеме и разумно да ја согледаме ситуацијата како и можни последици од нашите дела“, објаснил еден од истражувачите.
rnЛуѓето кои можат да ги надминат нивните инстинкти се подобри во решавањето проблеми. На пример, доколку некој човек би ве нападнал, вашиот инстинкт би ви кажал да се одбраните и да го удрите. Но, поинтелигентните луѓе би можеле да се воздржат од тоа и да го решат проблемот на подобар начин.rnrn
-

Инспиративни цитати од Леонард Коен за животот, поезијата и жената
Леонард Коен е канадски музичар, поет и текстописец познат по неговото поетско творештво кое говори за религијата, осаменоста, меланхолијата и сложените меѓучовечки односи. Во 2008 година тој бил примен во Рокенрол куќата на славните поради неговиот статус на „најголем и највлијателен меѓу текстописците“. Во продолжение прочитајте некои од неговите најславни цитати за животот, поезијата и жената…rnrn
rn„Жената со тешкотија внимава на своето тело, како да се работи за некој недоверлив сојузник во битката за љубов.“
rn
„Дејствувајте како личноста која би сакале да бидете и наскоро такви и ќе станете.“
rn
„Јас не се сметам за песимист. Според мене песимист е некој кој го чека дождот. Јас се чувствувам како да сум целиот мокар.“
rn
„Песимисти се луѓето кои носат чадор и кога нема трага од облаци.“
rn
„Нека судиите потајно почувствуваат недостаток од правда: Нивните одлуки ќе бидат построги. Нека генералите потајно почувствуваат недостаток од триумф: Убивањето ќе биде озлогласено. Нека свештениците потајно почувствуваат недостаток од вера: Нивното сочувство ќе биде искрено.“
rn
„Поезијата е само доказ за животот. Ако вашиот живот горел добро, поезијата е само пепелта.“
rn
„Ниту една жена не е толку убава за да не сака нејзината убавина да биде опеана во стихови.“
rn
„Поимот клиничка депресија денес премногу често се појавува во разговорите. Човек би помислил дека се случила катастрофа во областа на психологијата.“
rn
„Во сѐ постои пукнатина, на тој начин се пробива светлината.“
rn
„На секој народ земјата му е условно дадена. Без разлика дали луѓето се свесни за тоа или не, постои договор над уставот, над гарантираната сувереност и над најголемите соништа на нацијата за самоостварување.“
rn
„Кога сѐ ви тргнало наопаку, подигнете ја чашата, тропнете со стапалата и заиграјте. Тоа е сѐ што можете да направите.“
rn
„Децата ги покажуваат нивните лузни како да се медали. Љубовниците ги користат како тајни кои треба да бидат откриени. Лузната се случува кога зборот се материјализира.“
-

Според најновите студии, во овие 9 држави постои можност религијата целосно да изумре
Една неодамнешна студија користејќи податоци од 9 држави ни покажува дека таму религијата оди кон изумирање. Студијата јасно покажува постојано зголемување на оние кои велат дека не се поврзани со ниту една религија. Тимот научници со математички модел се обиделе да најдат поврзаност помеѓу бројот на религиски верници и социјалните мотиви зад нивниот избор. Резултатите покажуваат дека религијата целосно ќе исчезне во следниве држави.rnrn
rnrnСтанува збор за Австралија, Австрија, Канада, Република Чешка, Финска, Ирска, Холандија, Нов Зеланд и Швајцарија. Начинот на кој биле анализирани податоците вклучува нелинеарна динамика – математички пристап кој се користи при објаснувањето голем спектар физички феномени каде што играат голем број фактори.rnrnЕден од истражувачите, Даниел Абрамс, составил сличен модел во 2003 година со цел нумерички да го открие намалувањето на говорењето помалку познати јазици. Во срцето на овој модел се наоѓал натпреварот помеѓу оние кои говорат различни јазици и „алатката“ да се зборува одреден јазик наместо друг.rn„Идејата е прилично едноставна“, вели Ричард Винер, еден од истражувачите кои работеле на овој проект. „Социјалните групи кои имаат повеќе членови ќе бидат многу поатрактивни за придружување и тоа покажува дека тие имаат одреден социјален статус. На пример, кога станува збор за јазици, постои голема придобивка од зборувањето шпански јазик наместо некој од оние кои изумираат, на пример, кечуански јазик во Перу, и истото може да се забележи во придобивките од тоа да се биде или да не се биде член на одредена религија. Во голем број модерни секуларни демократии, постои тренд да се идентификувате себеси како личност која не е поврзана со ниту една религија. Во Холандија оваа бројка изнесува 40%, додека пак, највисоката е во Република Чешка, каде што достигнува 60%.“
rnТимот потоа го додал нивниот нелинеарен динамички метод, така што ги прилагодиле параметрите за релативните социјални и утилитарни заслуги од членството во „нерелигиозната“ категорија. На овој начин откриле дека параметрите се многу слични низ испитуваните држави, сугерирајќи дека сличното однесување ја поттикнува математиката во секоја од нив.rnrnИ во сите овие држави, постојат силни индикации дека религијата се движи кон изумирање. Но, д-р Винер изјавил дека целиот тим работел на развивање надграден модел со „мрежна структура“ која подобро ќе го претставува светот.rn
„Очигледно ние не веруваме дека оваа структура го опишува модерното општество, каде секој човек е подеднакво под влијание на другите во истото општество“, вели тој.
rnДали тоа навистина ќе се случи, останува само на времето да ни покаже…