Ако човек се запраша за улогата на спортските натпревари во секојдневниот живот на луѓето, одговорот би бил дека тоа е само една голема забава. Но, спортскиот психолог Денис Вон и неговите коавтори во еден свој труд напишале:rnrn
„Сличноста меѓу спортскиот фанатизам и организираните религии е неверојатна. Земете го предвид речникот што и на двете места се користи: верба, преданост, обожување, ритуал, посветеност, жртва, обврзаност, дух, молитва, измачување, прослава и свеченост.“
rnrnrnrnСпоред Вон спортот денеска претставува замена за религијата. Тој забележува дека во минатото единствената вистинска масовна забава за населението биле црковните ритуали. Денес, катедралите се заменети со стадиони и други спортски терени, но луѓето и понатаму „обожуваат други луѓе, нивните постигнувања и групата на која ѝ припаѓаат“. rnrnОблечени се во тимските бои, неуморно ракоплескаат и пеат навивачки песни, скандираат, го исвиркуваат противничкиот тим, прават и ред други работи кои потсетуваат на вербата во божество таква каква што ја знаеме со илјадници години.rnrnrnrnТоа го натерало Вон да се запраша дали спортското навивање и религијата имаат слични психолошки ефекти. Истражувањата покажале дека спортските фанови генерално се религиозни луѓе, но во последните неколку декади посетеноста на верските објекти драстично се намалила, за разлика од онаа на стадионите која постојано расте. Тоа може да значи дека религиозните луѓе се преместиле покрај спортските терени, особено затоа што навивањето им служи на фановите да побегнат од просечноста на своите животи, да му дадат нова смисла на своето секојдневие, исто како што религијата им помага на верниците да ги „надминат“ границите на своето физичко постоење на земјата. Оттука, сето она бојадисување на лицето и косата со боите на тимот, облекувањето во истите бои и учењето навивачки песни се средство за создавање на заедница која придонесува за бегство од реалните тешкотии. rnrnТрансформирачката моќ на навивањето е многу слична со онаа на религијата. Впрочем, пеењето навивачка песна на стадион има сличен психолошки ефект со пеењето песни во црква.rnrnСо оглед на сето ова Денис Вон го критикува навивањето во стилот на Карл Маркс, според кого религијата е опиум за масите. Вон дополнува дека:rnrn
„Обликувани од потребите на капиталистичките системи, навивачките спортови им делуваат на личните интереси како ‘културна анестезија’, форма на ‘духовна мастурбација’ или ‘опиум’ кој го одвлекува, одвратува и оттргнува вниманието од секојдневните општествени проблеми.
Потрагата по смислата на животот и спротивставувањето на стравот од смртта можат да ги однесат луѓето во многу интересни и необични религиозни правци. Ова се само шест од нив.rnrn
Џедаизам
rnЏедаизмот е нетеистичко религиозно движење инспирирано од филмскиот хит „Војна на ѕвездите“, а посветените следбеници често носат облека како во филмот. Го признаваат влијанието на филмовите врз нивното верување и тоа дека кодот на однесување е инспириран од однесувањето на џедаите, но сепак тврдат дека нивниот духовен пат е поразличен. rnrnАко внимателно се разгледаат нивните „15 учења за џедаизмот“ или „21 максима“, тоа претставува мешавина од будизам и таоизам. Интересно е тоа што официјално оваа религија има стотици илјади следбеници во светот, но само поради тоа што за време на пописот многу луѓе на шега изјавувале дека ѝ припаѓаат на оваа религија.rn
Верата на Принцот Филип
rnПринцот Филип, инаку сопруг на британската кралица Елизабета Втора, во минатото патувал низ Пацификот. Кога стигнал на островчето Вануату бил пречекан од членовите на племето Јаонанен, кои согласно преданијата од нивните предци го очекувале „бледоликиот човек кој ќе замине, ќе се ожени со моќна жена и по некое време ќе се врати“. rnrnПринцот одговарал на описот и затоа денеска е сметан за божество во ова племе. Откако дознал за неговиот статус, на следбениците им испратил своја фотографија. Овие му возвратиле со пригоден подарок – палка за убивање свињи. Тој повторно возвратил со фотографија, овој пат позирајќи со палката.rn
Култот кон Гаџет Хакренч
rnГаџет Хакренч е јунак од анимираниот серијал на Дизни за Чип и Дејл. Таа е розов глушец којшто знае да управува и поправа авион, што според група нејзини фанови од Русија е доволно за да биде прогласена за божица. Според нив таа е „божествено битие и сестра на единствениот бог“, а ја опишуваат и како „строга, слатка, оптимист, со технички познавања кои се недостижни за обичен смртник“.rn
Среќна наука
rnИако името сугерира нешто друго, религиозната група Среќна наука нема многу допирни точки со рационалноста. Таа е основана во Јапонија во 1986 година од извесен Риухо Окава, човек кој ги отфрла конвенционалните религии затоа што е свесен дека низ себе може да го канализира духот на Исус, Мухамед, Буда и Конфучие бидејќи тој е инкарнација на врховниот бог Ел Кантаре. rnrnОние кои сакаат да се приклучат на оваа вера треба само да „имаат желба и визија како да пронајдат и придонесат за љубов, мир и среќа на земјата“. Последното би звучело многу убаво ако не се знае дека Окава, инкарнацијата на врховниот бог, поддржува воена експанзија на јапонската армија, создавање на нуклеарно оружје и негира одредени геноциди кои се случиле во минатото.rn
Црквата на Диего Mарадона
rnИглесија Марадонијана е основана од фановите на најдобриот фудбалер на сите времиња, на неговиот 38-ми роденден во Росарио, Аргентина. Има 80.000 приврзаници во околу 60 земји во светот кои ги следат десетте заповеди, меѓу кои се обврската да се сака фудбалот повеќе од сè на светот, да се бранат боите на Аргентина, да се проповедаат зборовите на Диего Марадона, барем средното име на детето да биде Диего, и слично. Пред свештените лица од оваа црква можат да се одржат и венчавки.rn
Мами Вата
rnСпоред верувањата на некои народи во Африка, Мами Вата е воден дух кој може да добие човечки облик и да ги обземе луѓето околу себе. Обземените ќе бидат ослободени само ако се заколнат на сексуална верност на духот. Тогаш следува големо богатство, а доколку несреќниот одбие такво нешто, тогаш ќе ги загуби работата и семејството.rnrn
Што се случува кога 25-годишна девојка која ужива во кафе, алкохол и цигари, ќе реши да му се посвети на духовниот живот и да се пронајде себеси?rnrnНаслов на оригиналот:Yoga Bitch – Suzanne MorrisonrnrnКнигата е автобиографска, напишана според дневникот на самата авторка Сузан Морисон. Таа заминува на двомесечен престој во Бали, по што би имала сертификат и дозвола за да може да предава јога. Но, тоа не е нејзината примарна цел. Сузан премногу ѝ се восхитува на својата инструкторка по јога – Индра, па нејзиното заминување во Бали може да се каже дека е со цел таа да стане како неа. Индра навидум има сè што Сузан би сакала да има, духовна и телесна поврзаност со својот партнер, пронаоѓање на самата себе и вистинска верба во Бог (па кој и да е нејзиниот Бог).rnrnНо набргу по нејзиното пристигнување во Бали, Сузан станува свесна за начинот на живот на нејзините колеги и учители, слатките задоволства од кои ќе мора да се одрече, и „здравата“ навика која би требало да ја поприми – започнување на денот со голема шолја топла… урина. Нејзините колеги и учители веруваат дека сопствената урина е лек од сè што би можело да му наштети на организмот, како и дека кујнските апарати или предмети низ домот, како што се миксерот или метлата, можат да бидат опседнати од духови.rnrnТака борбата на оваа млада жена во обидот да стигне поблиску до Бога, да се продухови и да се пронајде себеси, станува навистина тешка бидејќи таа ќе мора да се избори со својот скептицизам, цинизам, желбата за вино, чоколадо и цигари и најважно од сè – со своето големо его.rnrnСузан полека станува свесна дека нејзиното патување во Бали се случило и поради една друга причина која не исплива веднаш на површина – таа потајно е преплашена од големата промена која треба да се случи во нејзиниот живот. Од Сиетл таа се сели во Њујорк заедно со својот партнер Џона. Патувањето за Бали воглавно е двомесечно одлагање на овој голем чекор и обврска.rnКнигата може да се разбере и како критика за типичното воспитување кое го налага католицизмот. Самата авторка е заглавена во еден парадокс, таа одлучила да не ѝ пристапи на религијата, но во текот на своето патување таа очајно сака да го пронајде Бог. Често се користи со изрази од типот „О, Исусе, Марија и Јосиф…“. Споменува дека некаде прочитала дека „ако не го обожуваш Бог, ќе најдеш нешто друго да обожуваш, како што се пари, моќ, или сопствениот одраз во огледало.“ А, од друга страна пак, своето неприфаќање на католицизмот го објаснува како „…имав доволно причини поради кои ми се гадеше од црквата. Нашиот парох беше вистинско копиле.“ rnrnТаа е револтирана поради тоа што во 20-ти век црквата направила таа да се чувствува како проколната, поради некој мит за Ева која го изела забранетото јаболко. „Ева изела јаболко во некоја приказна и вие сакате јас, која стојам тука во сини фармерки и маичка од групата Нирвана, да се чувствувам лошо поради тоа?“ Таа не ја прифаќа религијата од најраспространетите причини поради кои луѓето одлучуваат да го направат тоа – полова нееднаквост или свештеник на кого многу „Еви“ му ги нуделе своите „јаболка“.rnrnЗнаете дека постојат многу книги кои според корицата и насловот наликуваат на едно но се нешто сосема друго? Е во овој случај книгава е токму она што го очекувате, нема изненадувања, за неа не важи „не ја цени книгата според кориците“. Сузан е млада збунета девојка која не чувствува вистинска приврзаност кон својот партнер, се труди да ја одложи таа обврска на започнување заеднички живот, па затоа во глава ѝ се вртат мисли од типот на „пронајди го Бога“ или „пронајди се себеси“. На крајот од книгата нема да доживеете никакво откровение за религијата, ниту пак ќе ви биде обелоденете некаква догма. Испаѓа дека книгава е сепак романтична приказна, која многу доцна испливува на површина а во меѓувреме се раскажани еден куп комични настани.rnrnНе дека не е добра или дека раскажувањето нема да ве забавува, напротив, ќе прснете од смеа. Само не земајте ја да ја читате, ако во моментот чувствувате потреба од длабока книга. Секоја глава започнува со различни цитати од големи умови и тоа се единствените длабоки мисли кои ќе ги сретнете во текот на читањето. Книгава е совршена за релаксирање на плажа или под сенка во вашиот двор со чаша ладна лимонада или кафе. Воедно е супер идеја за подарок за вашата другарка или колешка, за која знаете дека не чита длабоки книги или не сте сигурни кој жанр би ѝ се допаднал. Добра смеа, е она што ви го ветувам со сигурност.rnrn
Џејмс Браун пее, „ова е машки свет, но тој не би бил ништо без жена или девојка“. Мажите ги измислиле превозните средства, електричната енергија, мажите прават сè, мажите прават пари, но без жената нивното срце би било пусто и огорчено. Колку има вистина во овој хит од 60-тите? Мажите уште од најрано време имале за задача да ловат и носат храна во домот и да го штитат семејството. rnrnДенес кога наголемо се „урла“ за женската еманципација во општеството, за рамноправноста меѓу половите, модерните жени сепак се збунети – дали сè уште живееме во машко општество? Нели мажите ги поставуваат нормите и правилата? Дали тој значително помал процент на жени инволвирани во политиката во споредба со мажите, е доволен за да речеме дека живееме во општество каде владее хармонија во половата еднаквост?И вие како читатели на Кафе пауза бевте поделени за оваа тема, така што не успеав да извлечам едно категорично ДА или НЕ на прашањето Дали живееме во општество каде мажите доминираат? 56% одговорија негативно а 44% потврдно.rnrnНе знам дали сте ја читале трагедијата „Војвотката од Малфи“, но таму јасно е потенцирано колку во 17 век бил значаен хиерархискиот редослед во универзумот. На скалата секогаш пред жените се поставени мажите, и непочитувањето на овој ред може да биде кобно.rnrnДенес кога жената може слободно да се образува и да заземе директорска фотелја, модерните жени се во недоумица – дали еманципацијата е реална или само фарса? Колку често на телевизија гледаме политичари со успешни кариери и нивни жени кои стојат како украс до нив и ретко отвораат уста? А од друга страна, колку често може да забележиме ситуација сосема спротивна од оваа? Дали машкото его дозволува жена која би била супериорна, или ако ништо друго макар еднаква? Ајде да направиме една паралела меѓу два сосем различни светови.rnrnМоментално ја читам „Јас, принцезата од куќата Ал Сауд“, каде младата принцеза која себеси се нарекува Султана (со цел да не го открие својот вистински идентитет), раскажува за огромната неправда која им е нанесена на жените во земји како Саудиска Арабија. Таа кажува дека мажите ја имаат моќта да ги контролираат жените со тоа што, како прво и основно, не им дозволуваат да се стекнат со потребното образование. А знаењето е најсилно оружје против секаква неправдина. Султана кажува дека моќта на мажите е толкава, што тие сосема погрешно го интерпретираат Куранот во нивна корист. Наспроти она што мажите во тие земји сакаат да биде вистина, пророкот Мухамед всушност проповедал правдина и заштита за жените. Понатака, Султана раскажува како мажите уште од најрана возраст се учат дека жените се безвредни и се поставени како предмети кои служат за задоволување на нивните потреби. Жената и децата му се предадени на мажот, тие се негова сопственост, мажот може што сака да прави со жената бидејќи уште од мали нозе е учен жените да ги гледа со презир.rnrn
„Приказната за жените во Саудиска Арабија лежи во темнина. Ниту раѓањето ниту смртта на една жена никаде официјално не се регистрира. Раѓањето на машките наследници се запишува во документите на семејството и на родот… Раѓањето на женското дете, нормално предизвикува срам. Многупати сум се запрашала, дали нас, ќерките на пустината, воопшто нè има кога нашето доаѓање и заминување не се забележува?“
rnrnЕдна од многубројните случки кои ја потврдуваат обезвреднетата положба на жените во таквите земји, е кога Султана раскажува за нивната куќна помошничка, која излегла на пазар со кошула долга само до колениците. Мутавиите (правни бранители на Куранот), ја удирале со стап и ѝ ги испрскале отскриените нозе со црвена боја. И во случај да дојде до недоразбирање, станува збор за новото време, ова се случува и ден денес. Неодамна на интернет најдов толку тажна приказна за девојка чиј брат пробал да ја убие со секира бидејќи одбивала да се мажи со маж кој според годините би можел да ѝ биде дедо. Просто бев ужасната.rnrnНастрана од тоа, во модерните земји жените сами си ги одбираат мажите и можат да се облекуваат како што сакаат. Би сакала да ја погледнете сликата подолу. Мислам дека и вие, исто колку и мене, оваа ситуација на некаков ироничен начин ја сметате за реална и точна.rnrn– Сè покриено освен нејзините очи. Колку сурова култура каде доминираат мажите! – Ништо не е покриено освен нејзините очи. Колку сурова култура каде доминираат мажите!rn
Мислите ли дека во земји каде жените се покриени од глава до пети не се случуваат сексуални напади? Минатата година студентка во Индија починала откако била силувана од 10 мажи. Што поточно ги испровоцирало нив? И дали мажите се животни водени од инстинкти кои не можат да се воздржат од своите нагони, па жените мора да го покриваат телото и лицето за да не ги испровоцираат?!
rnДали ние, модерните жени, со слобода за носење на свои одлуки, сме крајно лицемерни ако се бориме за женските права, а преземаме навистина малку? Велиме дека мажите не смеат да нè третираат како парче месо, а со провокативна облека сакаме да добиеме внимание. Да ви кажам нешто. Жените имаат право да се облекуваат како што сакаат. Да го покриваат своето тело или да го отскриваат – сопствен избор. Жената како убаво и нежно суштество треба да биде заштитена од мажот, но не злоупотребувана и во никој случај тоа не смее да значи дека не умее да се заштити сама. Ако жената сака да ги истакне физичките атрибути, нека биде со вкус. Секоја жена заслужува да ја истакне својата убавина. И во ред, ти биди забележана на своето работно место бидејќи си средена и убава, но не дозволувај кога ќе отвориш уста мажите кои те опкружуваат да помислат дека си само добро парче месо. Јас не сакам жените на 21-от век да бидат необразовани и третирани како сексуални објекти кога ни е дадено правото да бидеме што сакаме. Кога некој маж ќе помисли дека може да ве третира како крпа само бидејќи Господ го направил маж, затворете му ја устата бидејќи можете. Само со такво однесување ќе стоиме рамноправно со мажите во овој „машки свет“.rnrn
„Не ми пречи да живеам во машки свет, сè додека можам да бидам жена во него“. – Мерлин Монро
Приказна за Сараевската хагада, ракописот чија моќ да обедини ја потврдува вечната вистина: Она што нè спојува е секогаш посилно од она што нè разделуваrnrnНаслов на оригиналот:People of the book – Geraldine BrooksrnrnТалентирана новинарка, но и признаена писателка, Џералдина Брукс е добитник на Пулицерова награда во 2006 година за нејзиното дело „Март“, а се потпишува и на четири други интернационални бестселери.rnrnРодена е во Сиднеј, Австралија каде што се школувала и работела како новинар за „The Sydney Morning Herald“. Во 1982 година добива стипендија за постдипломски новинарски студии на Универзитетот Колумбија, Њујорк. Подоцна се приклучила на тимот на „The Wall Street Journal“, каде што ги покривала настаните за Блискиот Исток, Африка и Балканот.rnrnВо периодот кога известувала за војната во Босна, како репортер на весникот, првпат слушнала за хебрејскиот кодекс чија приказна ќе биде нејзина инспирација за едно од нејзините најдобри и најпознати дела – „Чуварите на книгата“ којашто е преведена на преку 20 јазици.rnЏералдина Брукс, со нејзиниот сопруг, синовите и двете кучиња живее во Масачусец, но секогаш се враќа со своето семејство во родениот Сиднеј.rn
Синопсис
rnСлучувањата во оваа возбудлива авантура се сместени во 1996 година во Сараево, инспирирани од приказната зад делото со непроценлива важност, хебрејскиот кодекс познат под името Сараевска хагада. Кога Хана Хит, експерт за конзервација на средновековни ракописи, ја напушта својата лабораторија во Сиднеј и заминува во Сараево – „град чии жители пред само пет минути престанале да пукаат едни на други“ – има на ум само едно нешто: познат и единствен артефакт кој наскоро ќе се најде во нејзините раце. Работејќи во средина која дефинитивно не е вообичаено место за неа, Хана наидува на раскошен и воодушевувачки ракопис кој не само што има потенцијал засекогаш да ја одбележи нејзината кариера туку и емоционално ја врзува.rnrnНиз историските пергаменти со прекрасни илустрации, Хана открива траги кои со секој нов лист ѝ нудат нов дел од сложувалката – приказната за животите на оние низ чии раце поминала и начинот на кој вечно ги обележала. Мистеријата зад крилото од пеперутка и младата Лола од Сараево, која од девојка која сака да танцува, преку ноќ станува болничарка во партизански одред и живее во шума, бегајќи од нацистите. Пердувите и розата нè носат во Виена, дамките од вино во Венеција, морската вода во Барселона, секое поглавје е ново делче историја која прекрасно се склопува и расклопува пред очите на читателот.rnrnФеноменална новела за ужасите низ кои поминала една од најважните историски книги, за горчливата судбина на Евреите и за надежта која доаѓа со секоја подадена рака. Но, повеќе од авантура, повеќе од приказна за историјата на еден ракопис – „Чуварите на книгата“ е сведоштво за тоа како способноста да се препознае важноста на едно дело и потребата истото да се зачува може да ги поврзе луѓето на нераскинлив начин.rn
Лична критика
rnКнигава ја имам прочитано прилично одамна, но иако ми остана засекогаш врежана во срце, вториот пат кога ја читав сфатив дека токму поради тоа што, типично за мене, сум ја „голтнала“ во ден-два, при првото читање ми избегале некои фантастични моменти. Доколку ја немате прочитано топло ви препорачувам да ја земете во раце што побрзо и да ѝ го дадете должното време на нејзината феноменална содржина и комплексност, а ако веќе сте го направиле тоа можеби ќе сакате да се вратите на нејзините страници и да откриете, како и јас, некое ново, залутано делче историја.rnrnГи сакам книгите кои ме тераат да се изгубам низ зборовите и да заборавам на сè околу мене, но уште повеќе ги сакам оние заради кои поминувам часови на интернет истражувајќи што повеќе. „Чуварите на книгата“ е историски роман, авантура и љубовна приказна – сè во едно, а подобро од тоа не може да биде.rnrnМи се допадна тоа што е во обратен хронолошки правец, па Брукс многу паметно и одмерено изложува онолку колку што ни е потребно за да нè вовлече што повеќе во приказната без да нè преплави со премногу тајни, мистерии и историја. И најважно, оваа книга моќно го пренесува она во коешто длабоко сум уверена – различните култури и религии можат да се надополнат и збогатат меѓусебно на неверојатни начини.rnrnКога станува збор за книга за случувања на Балканот, а е напишана од Австралијанка која најголем дел од животот немала блага идеја за тоа што е војна и беда, логичен е првиот напад на одбивност. Но, не дозволувајте тоа да ве оттргне од феноменална приказна. Станува збор за интелигентен роман, со умерена доза на историски факти и особено добро исткаена авантура.rnrn
Во момент кога во светот живеат скоро 7 милијарди жители, се прашуваме каква би била ситуацијата кога би биле само 100. Следува статистиката.rnrnrn
rn011
Ќе имаше 50 машки и 50 женски.
rn011
26 луѓе ќе беа на возраст до 14 години, 66 на возраст 15-64, додека од 65 нагоре ќе имаше само 8 луѓе.
rn011
Географски, најмногу луѓе би живееле во Азија (60), само 11 во Европа, 15 во Африка, 5 во Северна и 9 во Јужна Америка.
rn011
Според религијата, би имало 33 христијани, 22 муслимани, 14 хиндуси, 7 будисти, 12 би биле религиски неопределени или не би верувале во ниедна религија и 12 ќе припаѓаа на други религии.
rn011
Најмногу или 12 луѓе би зборувале кинески, по 5 би зборувале шпански и англиски, по 3 арапски, хинди, португалски и бенгалски, по 2 луѓе јапонски и руски, а 62 луѓе би зборувале сосема други јазици.
rn011
83 луѓе ќе знаат да читаат, но 17 нема да знаат.
rn011
Само 7 луѓе би имале завршено факултет.
rn011
Во урбаните средини ќе живее 51 човек, додека во руралните 49.
rn011
78 ќе користат електрична енергија, 22 нема.
rn011
87 ќе имаат безбедна вода за пиење, останатите 13 небезбедна.
rn011
75 луѓе ќе имаат мобилен телефон, 30 ќе бидат активни интернет корисници, а 22 ќе имаат свој или ќе делат заеднички компјутер.
rn011
15 ќе бидат недоволно нахранети. Помалку од 1% ќе имаат ХИВ/СИДА, и исто толку туберкулоза.
rn011
1 од 2 деца ќе живее во сиромаштија.
rn011
48 луѓе ќе живеат со помалку од 100 денари на ден.
Таоизмот е филозофски пат, но се смета и за религија која била формирана од страна на Лао Цу за време на античка Кина. Лао Цу е авторот на книгата „Tao Te Ching“ која ги објаснува сите Таоистички концепти. Тао што исто така се изговара и Дао, во превод значи „патот“ и е начин на живеење, размислување и постоење.rnrnrnrnЛао Цу исто така е познат и како Лаоци – тоа е чесна титула која на кинески значи „стар господар“. Погледнете дел од неговите размислувања кои длабоко ќе ве замислат за вашиот живот…rnrn
„Кога ќе го напуштам тоа што сум, станувам тоа што можам да бидам.“
rn
„Бидете задоволни со тоа што го имате и уживајте во нештата какви што се. Кога ќе сфатите дека ништо не недостига, целиот свет ќе ви припаѓа вам.“
rn
„Предвидете го тешкото контролирајќи го лесното.“
rn
„Оној кој ги контролира другите можеби е моќен, но оној кој се совладал себеси е многу помоќен.“
rn
„Љубовта е најсилна од сите страсти, бидејќи истовремено ги напаѓа главата, срцето и сите сетила.“
rn
„Да знаете дека да се има доволно значи да се биде богат.“
rn
„Ако не ја смените насоката, има големи шанси да завршите онаму каде што сте тргнале.“
rn
„Ако сте задоволни од тоа што сте и ако не се споредувате и натпреварувате со останатите, сите ќе ве почитуваат.“
rn
„Тишината е извор на голема сила.“
rn
„Добриот патник нема утврдени планови, ниту пак цел за пристигнување.“
rn
„Мравка во движење може да направи многу повеќе од поспан вол.“
rn
„Правете ги тешките нешта додека се лесни и правете ги големите работи додека се мали. Патувањето од илјада километри мора да започне со еден чекор.“
rn
„Оној кој знае, не зборува. Оној кој зборува, не знае.“
rn
„Ако сфатите дека сите работи се менуваат, нема да има нешто што ќе ве задржува. Ако не се плашите од смртта, нема да има нешто што нема да можете да постигнете.“
rn
„Има само три нешта на кои можам да ве научам: едноставност, трпение и сочуство. Овие три работи се вашето најголемо богатство.“
Нема човек кој никогаш не згрешил, кој не направил или не помислил нешто лошо. Да се правиме дека сме безгрешни не е во ред, некогаш и самата лоша помисла е грев, ама ние сме обични луѓе кои не секогаш можат да ги избегнат лошите мисли и одлуки. Сигурно сте чуле дека доброто со добро се враќа, а лошото со лошо, дека сè се враќа и сè се плаќа. Но, дали вреди да си ја расипете сегашноста, а воедно и иднината плашејќи се од моментот кога ќе треба да платите за направеното?Дали постои мерило за големината на некое добро или лошо дело? Дали сè без исклучок се враќа сразмерно со направеното дело? Дали постои карма?rnrnОд религиски аспект, кармата влече корени од хиндуизмот и будизмот и се објаснува како збир од причинско-последични акции кои во целост го одредуваат сегашниот и идниот момент. Некои религии стојат зад теоријата дека некој Бог или водич ја игра главната улога и одлучува како кармата ќе се движи, додека други тврдат дека самата личност ја предизвикува својата карма. Можеби сте чуле и за одредени објаснувања за поврзаноста на кармата со реинкарнацијата, односно повторното раѓање на духот кој би живеел во друго тело. Па така, според тие објаснувања, реинкарнацијата ќе се повторува сè додека духот не плати за лошото дело кое го направил. Други пак, тврдат дека кармата се пренесува од генерација на генерација.rnrnВо модерниот свет често слушаме за поимот карма, настрана од нејзината поврзаност со различни религии, кармата често знае да стане тема на муабет меѓу луѓето. На некои самиот поим им звучи страшно па го одбегнуваат, други цврсто се уверени дека постои, а трети си ја објаснуваат како движечка сила во универзумот, лоша или добра енергија која ја испраќаме и која ни се враќа. Секој си има право да верува во што сака и на свој начин да ги разбира и објаснува појавите околу себе. За некои и самата помисла дека сториле нешто лошо и исчекувањето на кармата е доволна казна. Но, не можам а да не помислам зошто би требало да си ја уништиме сегашноста плашејќи се од тоа што би можело да нè снајде? Не вреди да се саботираме самите себе прашувајќи се дали го заслужуваме она што го имаме и дали сè е праведно. На крајот на краиштата, ако толку ве плаши помислата дека лошото би ви се вратило, помислете на сè добро што сте направиле. Кога веќе верувате во лоша карма, верувајте дека постои и добра.rnrnНекои не би сакале воопшто ни да помислат на кармата, верувајќи дека таа мора да биде поврзана со нешто лошо и мрачно, но други веруваат во тие причинско-последични состојби. Без разлика колку сте навлезени во оваа тема и колку се интересирате за неа, моето лично мислење е дека не може сè да биде праведно. Животот напати не е фер и не постои тој совршен баланс каде е изедначено секое добро или лошо што сте го направиле со секое добро или лошо кое ќе ви се врати. Всушност, кои сме ние да процениме колку било добро делото кое сме го направиле? Како што вели татко ми: „Не секогаш доброто дело ќе ви се врати со добрина, но самото чувство дека некому сте помогнале е награда за вас.“rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn
Помеѓу бројните лекции за животот од големиот Алберт Ајнштајн, меѓу најинтересните е неговиот став за религијата. Одбивал да се приклучи кон некоја со која владее „некој кој одредува правила и кој ги спроведува преку систем на награди и казни“. Не бил ниту атеист, за разлика од мнозинството научници од неговото време, туку се сметал за агностик. За него, природата, универзумот и Бог се едно исто. Својот религиозен систем го нарекувал космичка религија, а најдобро и наједноставно го објаснил во обраќањето до едно девојче од шесто одделение.Во 1936 година малата Филис му пратила писмо на Ајнштајн прашувајќи го дали и за што научниците кажуваат молитви:rn
Драг д-р Ајнштајн,
rn
Во нашето неделно училиште се запрашавме: „Дали научниците му се молат на Бога?“ Сè започна со прашањето дали треба во исто време да веруваме и во науката и во религијата. Затоа сега им се обраќаме на научници и на други важни луѓе во обид да добиеме одговор на нашето прашање.
rn
Ќе ни биде чест ако ни одговорите на прашањето: Дали научниците му се молат на Бога и за што?“
rn
Ние сме шесто одделение во класот на г-ѓа Елис.
rn
Со почит,
rn
Филис
rnНеколку дена подоцна големиот научник ја удостоил Филис со одговор во неколку реченици кој сликовито ги објаснува неговите религиозни сфаќања:rn
Драга Филис,
rn
Ќе се обидам да го одговорам твоето прашање наједноставно што можам. Ова е мојот одговор:
rn
Научниците веруваат дека сè што се случува, вклучително и она поврзано со луѓето, е резултат на делувањето на природните закони. Оттука, научникот не смее да си дозволи да верува дека со молитва може да влијае на текот на настаните, односно со исполнување на желбите од натприродни сили.
rn
Сепак, мораме да признаеме дека немаме совршени познавања за овие сили, така што на крајот верувањето во постоењето на совршена, врховна духовна креација почива на одреден вид религија. Таквите верувања остануваат многу раширени меѓу луѓето и покрај денешните високи достигнувања на науката.
rn
Но исто така, секој што е сериозно инволвиран во проучувањето на науката почнува да верува дека одреден дух се пројавува преку природните закони, дух кој што е многу посупериорен од човекот. Во оваа смисла проучувањето на науката доведува до религиозни чувства од посебен вид, многу поразличен од религиозноста на некои наивни луѓе.
Стравот од петок 13-ти, наречен уште и параскеводекатриафобија или фригатрискаидекафобија, настанал длабоко во историјата. Зад најстарата теорија стои историчарот Доналд Доси. Тој верува дека сè започнало во Норвешка, повикувајќи се на древен скандинавски мит. Додека 12 богови се забавувале во Валхала, непоканет влетал богот на злото и огнот, Локи. Тој за време на веселбата организирал убиство над Балдер, богот на забавата и задоволството. Го навел Ходер, слепиот бог на темницата, да го погоди со неговата стрела, која била обложена со имела. По смртта на Балдер на земјата завладеала темнина. Оттогаш, петок 13 се смета за несреќен и кобен. Несреќниот ден е запишан и во Библијата. Христијаните веруваат дека токму на овој ден бил распнат Исус Христос, а предавникот Јуда, бил 13-от гостин на последната тајна вечера. Некои библиски учители се уверени дека Адам и Ева во петок го пробале забранетото овошје. Петок е денот и кога Каин го убил својот брат Авел. Исто така, во антички Рим постоело верување дека вештерките се собираат во групи по 12. Тринаесеттото место било резервирано за ѓаволот.rnrnСпоред верувањата, тогаш не треба да се патува, не се менува местото на живеење и работата, не се започнува дури ни диета, односно не се преземаат никакви важни чекори. Ако перете, се смета дека со тоа може да предизвикате поплава, а оној кој тогаш ќе меси и пече леб, ќе живее во сиромаштија. Завивањето на мачките на петок 13-ти е знак за кавга, а какво ќе биде времето на овој ден, особено околу пладне, таков ќе биде и остатокот од неделата.rnrnТомас Фермслер, математичар и научник, верува дека бројот 13 е несреќен, бидејќи доаѓа веднаш после бројот 12, кој често означува комплетираност, завршен циклус. Постојат 12 богови на Олимп, 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус… Многу хотели немаат соба со бројот 13, некои аеродроми немаат таква писта и излез, во Фиренца ниту една улица не го носи овој број, во Формула 1 нема болид со број 13.rnrnСепак, најголемиот дел од историчарите веруваат дека петок 13-ти дошол на лош глас по почетокот на една од најголемите човечки трагедии во историјата. На овој ден во 1307 година, францускиот крал Филип IV во договор со тогашниот папа наредил апсење на над 100 витези од редот на Темпларите, обвинувајќи ги за ерес. Цели седум години биле измачувани и убивани, а огромен број завршиле и по затворите. Тогаш бил запален и Жак де Молеј, последниот Голем мајстор на витешкиот ред. Во Англија и во САД пак, на овој ден криминалците ги воделе на бесилка.rnrnНишто од ова не важи кога се во прашање Германците. И денот и бројката за нив се среќна добивка. Според нивната култура, во петок на луѓето им оди најдобро, децата родени на овој ден ќе ги прати среќа, а жетвата ќе биде богата. Дека ја сметаат за среќна бројка покажува и германското лото. Токму 13 е најчесто извлекуваниот број.rnrnСледниот петок 13-ти е во септември, 2013 година. :-)rnrn