КАФЕ ПАУЗА

Tag: релаксација

  • Брзи техники за релаксација и опуштање

    Брзи техники за релаксација и опуштање

    Сигурно постојат денови кога сте под стрес поради многуте обврски, било на работа било дома. Затоа од голема важност е да научите да се опуштите и да се ослободите од стресот и чувството на вознемиреност преку овие едноставни и ефективни техники за релаксација. Прочитајте во продолжение за кои техники станува збор.rnrnБрзи техники за релаксација и опуштањеrn

    Медитирајте

    rnИстражувањата покажале дека секојдневната медитација може значително да ги намали стресот и анксиозноста. Редовното практикување на медитација пак, може да го минимизира ризикот од кардиоваскуларни болести. Доволно е да одвоите 10 минути, да ги затворите очите и да го насочите вниманието кон вашиот здив.rn

    Дишете длабоко

    rnСпоред многумина терапевти, дишењето е најефективната техника за брзо намалување на гневот и анксиозноста. Згора на тоа, оваа техника можете да ја практикувате во кое било време. Сè што ви треба е да се одморите 5 минути и да се фокусирате на здивот. Тука спаѓа и техниката за наизменично дишење каде што првин дишете само преку левата, а потоа само преку десната ноздра. Оваа техника помага да се воспостави рамнотежа помеѓу десната и левата хемисфера на мозокот и има моментални смирувачки ефекти.rn

    Слушајте музика

    rnЕден од начините за брзо опуштање е слушањето музика. Според експертите, музиката има смирувачки ефект врз умот и телото. Едно истражување во 2015 година покажало дека слушањето музика минимум 20 минути може значително да го намали нивото на стрес. Покрај тоа, омилената музика може да го намали чувството на вознемиреност како и брзината на срцевите отчукувања.rn

    Обидете се со хидротерапија

    rnХидротерапијата е метод на лекување кој им бил познат на Римјаните и се состои во искористување на поволното дејство на водата (водена пареа, ладна или топла вода). Доволно е да го измиете лицето со ладна вода за да ја повратите енергијата или пак да ставите коцки мраз на зглобовите бидејќи главните артерии минуваат токму низ нив.rn

    Излезете на прошетка

    rnИзлезете накратко од вашата канцеларија или домот за да вдишете свеж воздух. Ќе увидите дека по 10 минути, умот ќе ви се разбистри од мислите и ќе бидете поподготвени за задачите што претстојат.rn

    Одвојте време за себе

    rnВремето кое ќе го поминете сами со себе ќе ви помогне да ги средите мислите и емоциите. На тој начин ќе се смирите и нема да донесете избрзани одлуки.rnrnОткако ги прочитавте нашите техники за брзо опуштање, можеби ќе сакате да прочитате и кои едноставни медитации ќе го смират вашиот ум за 60 секунди.rnrnИзвор: yourtango.com

  • Неколку апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате

    Неколку апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате

    Во овие бурни денови кога е речиси невозможно да се негираат стравот и вознемиреноста, треба да се најде начин да се остане смирен.rnrnРеалноста е неизвесна и прилично застрашувачка и деновиве сме сведоци на целосно разорни настани. Со цел да ги свртиме мислите и вниманието од сите новости што ги читате во моментов, избравме неколку апликации кои нудат методи за релаксација. Затоа, одвојте неколку минути и посветете се на вашиот ум и на внатрешниот мир.rn

    Inscape

    rnОваа апликација е создадена како продолжение на идејата за студио за медитација во Њујорк, кое користи различни методи за да ги доведе своите членови во состојба на релаксација. Следејќи го истиот принцип, тие дизајнираа апликација во рамките на која можете да најдете водичи преку медитација, сесии за спиење, начини за намалување на стресот, па дури и музички плејлисти за релаксација.rnrnНеколку апликации кои ќе ви помогнат да се релаксиратеrn

    Smiling Mind

    rnOваа апликација e развиена од психолози и едукатори и нуди широк спектар на програми за сите возрасти. Ако се чувствувате загрижени за коронавирусот или вашите деца се чувствуваат под стрес поради нарушувања во нивниот секојдневен нормален живот, ова е апликација што ќе има решенија за целото семејство.rnrnНеколку апликации кои ќе ви помогнат да се релаксиратеrn

    Inside Timer

    rnОваа апликација ви овозможува пристап до над 30 000 сесии за секој вид емоции. Исто така, тaa нуди релаксирачки песни, детски оддел и терапевтски разговори, како што се oд индискиот јоги Садгуру и психотерапевтот Ентони Де Мел. Многу познати личности, исто така, ги споделуваат своите искуства.rnrnНеколку апликации кои ќе ви помогнат да се релаксиратеrn

    My Life

    rnСекој пат кога ќе стартувате апликација, таа ве поканува да кажете како се чувствувате. Пополнувате едно истражување брзо што ве води кон избор на медитации приспособени на вашите потреби тој ден.rnrnНеколку апликации кои ќе ви помогнат да се релаксиратеrnrnПрочитајте и за овие 5 апликации кои ќе ви помогнат да спиете подобро.

  • Вежба за елиминирање на стресот и опуштање

    Вежба за елиминирање на стресот и опуштање

    „За намалување на стресот се доволни десетина минути во кои нема да правите ништо. Но, исто така може да отидете на кафе со пријателката, или на бокс за да ја исфрлите негативната енергија“, вели психологот Љубица Уводиќ Враниќ.

    rnВежба за елиминирање на стресот и опуштањеrnrnСтресот е состојба во која организмот реагира на надворешните и внатрешни надразнувања, и притоа ја пренасочува енергијата кон соочување со опасни ситуации. Иако краткотрајниот стрес е неизбежен во секојдневниот живот, долготрајниот го зголемува ризикот од депресија, агресија, дијабетес итн.rnrnСпоред психологот Уводиќ Враниќ, додека сме под стрес, сите нови потенцијално непријатни ситуации може да се претворат во дополнителна вознемиреност. Притоа, често не е потребно да се случи нешто лошо. Затоа е многу важно да мислиме на превенцијата и да најдеме начин секој ден да се опуштиме.rnrnНачинот на кој се работи на стресот зависи од типот на личноста. На некои им одговара да ја исфрлат негативната енергија на фудбал, бокс или кошарка, додека на некои повеќе им одговараат медитации, односно јога, читање книги и слично.rnrnПонекогаш сме во ситуација да имаме премногу обврски и немаме време или волја за такви активности. Сепак доволно е да се издвои време колку што можеме да уживаме во омиленото хоби или едноставно, да не правиме ништо.rnrnВо тоа време не треба да се јавувате на телефон, да слушате вести или да бидете достапни за најблиските. Тоа може да биде прошетка или слушање музика.rnrnПсихологот Уводиќ Враниќ препорачува едноставни техники кои може да ви помогнат. Една од нив е визуализацијата. Вежбата започнете ја седејќи, најдобро додека сте сами во просторијата.rn

      rn 011

    • Затворете ги очите и вдишете броејќи во себе: 1, 2, 3, 4, така што на 1, 2 задржете го здивот. Издишете броејќи 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8.
    • rn 011

    • Повторете го вдишувањето и издишувањето со броењето 16 пати. Рацете може да ги ставите на стомакот, да чувствувате како мрда. Секое издишување треба да трае двапати подолго од вдишувањето.
    • rn 011

    • Замислете ситуација за која сте загрижени и за која мора да се подготвите.
    • rn 011

    • Обидете се да останете мирни и бидете сигурни во себе.
    • rn 011

    • Визуализацијата може да ја повторите повеќе пати, а потоа сите реални случувања веќе нема да ви бидат извор на стрес.
    • rn 011

    • Вежбата може да ја правите секојпат кога пред вас стои некоја нова ситуација за која сте загрижени. Така ќе ги намалите и тремата и стравот од непознатото.
    • rn

    rn

    Ситни работи кои ќе ви ја ублажат напнатоста и ќе ви внесат радост во животот

    rn

      rn 011

    • Разговор и кафе со пријателите, по можност проследено со многу смеа.
    • rn 011

    • Повеќе сон, односно подобра организација на денот, како би заспале порано.
    • rn 011

    • Десетина минути на ден одвоени за опуштање (на пример, за молитва или медитација).
    • rn 011

    • Слушање музика или танцување.
    • rn 011

    • Гледање смешни филмови или програма за животни, готвење (она што го сакате).
    • rn 011

    • Прошетка во природа или низ градот, но без брзање.
    • rn 011

    • Читање интересни книги.
    • rn 011

    • Пишување дневник или писмо на некого, во кое објаснувате како се чувствувате (не мора да го праќате).
    • rn 011

    • Сликање или цртање.
    • rn 011

    • Барајте можност да запознаете нови луѓе, тоа ќе ви донесе нови искуства.
    • rn 011

    • Бидете отворени кон луѓето.
    • rn 011

    • Изразувајте ги чувствата, разговарајте за нив со партнерот или најблиските.
    • rn 011

    • Бидете околу позитивни луѓе, односно избегнувајте ги оние кои постојано се жалат за нешто или се постојано лути.
    • rn 011

    • Потрудете се да се храните здраво и стекнете здрави навики.
    • rn 011

    • Секој ден набројте 5 убави работи кои ви се случиле тој ден.
    • rn

    rnДоколку не знаете дали добро или лошо се справувате со стресот, решете го овој брз психолошки тест и дознајте.

  • 10 филмови кои ќе ве релаксираат и насмеат

    10 филмови кои ќе ве релаксираат и насмеат

    Многумина ќе се одлучат да останат во своите домови и да се релаксираат со филм во текот на викендот. Предлагаме 10 филмови кои може да ги погледнете за да се опуштите и насмеете.rnrnrn

    1. Алиби точка ком (Alibi.com)

    rnДејствието се одвива околу една агенција која создава лажни алибија. Во филмот, главниот лик се запознава со девојката од неговите соништа, но ќе се случат некои работи што ќе предизвикаат промени.rnrnhttps://youtu.be/DHtlpn60jYArn

    2. Тоа е еден вид смешна приказна (It’s Kind of a Funny Story)

    rnГлавниот лик е тинејџерот Крег. Тој сонува дека се самоубива и откако ќе се разбуди, одлучува да оди во ментална установа. Тој ќе биде сместен во одделот за возрасни и тука започнува заплетот.rnrnhttps://youtu.be/uXU3BDvq-sQrn

    3. Даи си хинг (Dai si hing)

    rnПоранешно воено лице започнува да работи во училиште во Хонгконг. Училиштето треба да се затвори, но главниот лик прави сѐ за да го спречи тоа.rnrnhttps://youtu.be/Fc9wdMuEKOcrn

    4. Како татко си (Like Father)

    rnЕдна девојка го остава својот партнер за време на нивната венчавка. Таа, сепак, одлучува да оди на медениот месец со татко си, кој ја оставил пред 20 години.rnrnhttps://youtu.be/_bfqsNh6U7crn

    5. Тимот А (The A-Team)

    rnЕдна група поранешни војници се погрешно обвинети за криминално дело. Тие одлучуваат да ги најдат вистинските злосторници за да си ја вратат репутацијата и да се вратат на слобода.rnrnhttps://youtu.be/exyzEFrmLuMrn

    6. Лошо семе (Mauvaises herbes)

    rnОваа комплицирана приказна следи еден измамник и неговата мајка. Ова необично дуо краде од пријателите, но наеднаш, животот на главниот лик се менува.rnrnhttps://youtu.be/ES0v-vwQ3rMrn

    7. Таа е смешна на тој начин (She’s Funny That Way)

    rnСѐ се менува кога една девојка ќе стане дел од животот на еден театарски режисер. Се дознаваат семејни тајни, се случуваат скандали и завршува мирниот живот на главниот лик.rnrnhttps://youtu.be/tjQqJwpYwN8rn

    8. Заминување во стил (Going in Style)

    rnСтарите пријатели Џо, Вили и Ел се плашат да бидат сиромашни во староста и се решаваат да ограбат банка за да ги земат своите заштеди.rnrnhttps://youtu.be/hcdTN5soeQwrn

    9. Исцелител (The Healer)

    rnАлекс е сигурен дека животот се врти околу жените, алкохолот и обложувањето. Еден ден, некој се нуди да ги плати сите долгови на Алекс под еден необичен услов – тој треба да живее во друг дом цела година.rnrnhttps://youtu.be/Bm10HivE9u0rn

    10. Судниот ден (Jour J)

    rnФилмот е за Матијас, кој наскоро треба да стапи во брак. Меѓутоа, неговата поранешна девојка ја организира неговата венчавка.rnrnhttps://youtu.be/Dfj_gaylo7srnrnЗа повеќе предлози, погледнете ги 9-те најпозитивни филмови за 2019-та година.

  • Науката открива: Песната која опушта повеќе и од масажа, прошетка или шолја чај!

    Науката открива: Песната која опушта повеќе и од масажа, прошетка или шолја чај!

    Во студијата која била предизвик за уметниците Јани и Енja, збир од англиски музичари во жестока уметничка конкуренција ја утврдиле најрелаксирачката песна. Песната со траење од 8 минути со наслов „Weightless“, од британската група Marconi Union предизвикува забавување на отчукувањата на срцето, го смалува крвниот притисок, го снижува нивото на хормонот на стрес – кортизол и помага при успивање. Токму затоа и не се препорачува за слушање додека се управува со возило.rnrnrnrnОваа песна не е снимена случајно туку преку соработка со терапевти кои имаат искуство со „звучна терапија“ и создале добитна формула за хармонија, ритам и мелодија што ја постигнале со гитара, клавир, електронски примероци и звуци од природата. Експериментално им била пуштена на 40 жени да ја слушаат во просторија кои биле споени со секакви сензори и им биле дадени сложувалки што требало да ги состават додека слушале различни песни.rnrnНаучниците изјавиле дека оваа песна повеќе опушта и од масажа, прошетка или шолја чај. Песната е 11% повеќе релаксирачка од останатите песни што биле во конкуренција.rnrnЛиз Купер, основачот на англиската академија за терапија со звук, работела со бендот Marconi Union при создавањето на песната. Таа ја опишала како идеална за опуштање на крајот од работниот ден. Вие имате можност да уживате во неа за време на викенд, но и во секое време кога ви е потребно опуштање. Да не должиме повеќе, уживајте во прекрасната релаксирачка мелодија!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=UfcAVejslrUrnrnСлушнете ја и оваа музика која ќе ве одведе на магични места.

  • Музика која ќе ве релаксира: Нејзината мелодија ќе ве одведе на магично место

    Музика која ќе ве релаксира: Нејзината мелодија ќе ве одведе на магично место

    Со звукот на морските бранови можете да се опуштите, да вежбате јога, да читате книга и да медитирате. Без оглед на тоа дали сте на плажа или користите снимени звуци од морето, вие ќе се релаксирате речиси подеднакво.rnrnrnrnСпоред една теорија, човечкиот вид еволуирал во околината во која имало многу савани и извори на свежа вода. Со тоа длабоко во нашите мозоци е „всадена“ љубовта кон водата, и затоа го сакаме (и имаме потреба од) нејзиниот звук.rnrnДруга теорија говори за тоа дека звукот на водата која тече нè потсетува на нашиот престој внатре во матката. Имено, звукот кој неродените бебиња го чувствуваат во мајчиниот стомак заедно со чукањето на нејзиното срце, е шум што го создава крвта додека тече низ вените.rnrnКако и да е, факт е дека звукот на дождот и другите природни води содржат алфа бранови кои прават човечкиот мозок да се чувствува опуштен, како во медитативна состојба. Токму затоа и решивме да го споделиме ова видео со вас и да ви помогнеме да се опуштите ова неделно попладне… Уживајте во следните звуци!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=dsDTJ__jioo

  • Страдате од несоница? Овие 5 ефикасни техники ќе ви помогнат да спиете како бебе

    Страдате од несоница? Овие 5 ефикасни техники ќе ви помогнат да спиете како бебе

    Според американскиот Национален институт за здравје, на луѓето ни се потребни седум-осум часа сон. Во денешниот „инстант“ стил на живот, многу луѓе не успеваат да се релаксираат во периодот пред да си легнат во кревет, што може да резултира со несоница и потешкотии околу заспивањето. За среќа, постојат голем број ефикасни техники за релаксација, кои ќе ви помогнат психички и физички да се опуштите пред да спиете. Тие функционираат на начин, што ја намалуваат физичката тензија во нашите мускули и го блокираат приливот на безброј мисли, коишто можат да го попречат нашето заспивање.rnrnСтрадате од несоница? Овие 5 ефикасни техники ќе ви помогнат да спиете како бебеrnrnИстражувањата имаат откриено дека луѓето коишто користат техники за релаксација пред спиење, заспиваат побрзо и спијат подолго. Петте техники коишто ќе ги прочитате во продолжение, ќе ви одземат само 15-20 минути дневно, а резултатите ќе бидат вчудовидувачки и ќе бидете среќни што сте посветиле некоја минута на своето здравје.rn

    1. Ментални слики (Техники на визуелизација)

    rnЕдна од најпознатите и најефикасни техники за релаксација пред да одите на спиење, е формирањето на успокојувачки слики во нашиот ум. Оваа техника вклучува визуелизирање (замислување) спокојни сцени, како на пример морски бранови или планински ливади.rnrnСтрадате од несоница? Овие 5 ефикасни техники ќе ви помогнат да спиете како бебеrn

    Како да ја примените?

    rnЗапочнете со длабоко вдишување и издишување и воедно употребете ја вашата фантазија за да го фокусирате умот кон сцени коишто ви носат спокојство. Тоа може да биде сцена од некое ваше патување на егзотична дестинација, празното пристаниште на Охридското Езеро вон сезона, планинарењето на некоја зелена, идилична планина или едноставно слика којашто сте ја виделе на Интернет или сте ја измислиле. Воедно, обидете се да вклучите повеќе сетила во вашата ментална слика. Така на пример, доколку си замислувате бранови коишто удираат во песочниот брег, замислете си го и звукот на тие бранови и топлината од сончевите зраци како ја галат вашата кожа.rn

    Кои се ефектите од овој метод?

    rnТехниката на визуелизација на ментални слики, му помагаат на вашиот ум да се релаксира и да се посвети на пријатни и спокојни сензации, коишто ви помагаат побрзо, полесно и поцврсто да заспиете. Доколку не успеете да смислите сцена, можете да најдете голем број на бесплатни записи и аудио програми на Интернет под името „Imagery“ или „Guided Imagery“.rn

    2. Фокусирање на дишењето

    rnКонцетрацијата на дишењето, додека длабоко и бавно вдишувате и издишувате, е друг едноставен и ефикасен начин да ја постигнете состојбата на мир, којашто ви е неопходна за да заспиете.rnrnСтрадате од несоница? Овие 5 ефикасни техники ќе ви помогнат да спиете како бебеrn

    Како да ја примените?

    rnЗа да започнете техника за релаксација со помош на длабоко дишење, потребно е да заземете удобна положба на телото и да започнете серија со длабоки и бавни вдишувања и издишувања, со затворени очи. Пет минути за почеток се доволни, а потоа можете да зголемувате согласност со вашите преференции.rn

    Кои се ефектите од овој метод?

    rnДлабокото дишење помага да се елиминира тензијата во мускулите, го забавува ритамот на срцето и го намалува крвниот притисок. Воедно, фокусирањето на дишењето ви помага да го исчистите вашиот ум и да се посветите на сензациите коишто ќе се случуваат во вашето тело, како што ќе станувате сè повеќе релаксирани. Згора на сето ова, техниката го имитира ритамот на дишењето којшто го имаме додека сме во длабок сон, па како резултат на тоа го подготвува нашето тело и ум да се одмори и да влезе во состојба на спиење.rn

    3. Автоген тренинг

    rnОваа техника првично била развиена од страна на германскиот психијатар Јоханес Хејнрих и клинички докажано е дека е ефективна во намалување на стресот и нарушувањата на сонот.rnrnСтрадате од несоница? Овие 5 ефикасни техники ќе ви помогнат да спиете како бебеrn

    Како да ја примените?

    rnЗапочнете така што ќе заземете некоја удобна позиција, на пример седнете на удобна фотелја и почнете да применувате неколку визуелни или вербални знаци, за да релаксирате одредени делови од вашето тело. Можете да научите повеќе за оваа вежба, преку читање информации за неа или преку учење курс за автоген тренинг. Техниката e прилично едноставна, па после неколку обиди, ќе научите како да ја спроведувате без мака.rn

    Кои се ефектите од овој метод?

    rnОваа техника е базирана на откритијата дека едноставните, а моќни авто-сугестивни пораки (или изјави) можат да влијаат низ нашите телесни перцепции и да ни помогнат да постигнеме длабок степен на релаксација. Автогениот тренинг вклучува серија од неколку стандардни вежби, чијашто цел е да му овозможат на нашето тело да се чувствува релаксирано, топло и натежнато.rn

    4. Погресивна мускулна релаксација

    rnПрогресивната мускулна релаксација, честопати е нарекувана и Џејкобсонов тренинг (според нејзиниот изумител, американскиот психијатар Едмунд Џејкобсон) или длабока мускулна релаксација. Оваа техника подразбира систематско згрчување и потоа релаксирање на групи на мускули низ целото тело. Лесно е да се научат техниките на прогресивната мускулна релаксација преку посетување на курс, читање за неа или слушање на аудио водич.rnrnСтрадате од несоница? Овие 5 ефикасни техники ќе ви помогнат да спиете како бебеrn

    Како да ја примените?

    rnОваа техника вклучува два процеси: прво, потребно е да згрчите одредена мускулна група на вашето тело, како на пример мускулите на вратот и рамената. Потоа, треба комплетно да ги релаксирате и да ја ослободите тензијата којашто ја аплициравте и свесно да ја забележите разликата помеѓу напнати и целосно ослободени мускули. Благодарение на оваа техника, ќе научите да правите очигледна разлика помеѓу состојба на тензија и релаксација на телото, па ќе можете да препознаете ако несвесно сте го напнале во текот на денот.rn

    Кои се ефектите од овој метод?

    rnОвие вежби можат да ви помогнат да ја намалите целокупната тензија во мускулите во телото, да се ослободите од стресот и анксиозноста, да постигнете длабока релаксација и да имате поквалитетен сон.rn

    5. Биофидбек

    rnБиофидбек е техника којашто може да ви помогне да станете посвесни за тоа како вашето тело реагира во состојби на напнатост и релаксација. Во суштина ова е умствено-телесна техника, којашто ги користи сигналите коишто ни ги дава телото, за да нè научи да ги модифицираме нашите физиолошки состојби, со цел да го подобриме нашето физичко, ментално и емоционално здравје, како и квалитетот на сонот.rnrnСтрадате од несоница? Овие 5 ефикасни техники ќе ви помогнат да спиете како бебеrn

    Како да ја примените?

    rnТрадиционално, овој метод користел електроди поставени на телото, коишто ги мерат мускулните тензии, дишењето, температурата на телото и пулсот. Пациентот седи во опуштена и пријатна атмосфера, а терапевтот седи до него давајќи му инструкции што треба да прави. Во целото времетраење на обуката, погледот на пациентот е упатен кон екран на кој е прикажана одредена анимација (визуелен приказ) која на сликовит начин на клиентот му доловува што се случува во неговиот мозок, односно во каква моментална мисловна состојба се наоѓа. Следењето на мерењата и нивните промени, ни помага да сфатиме како со нашите мисловни процеси ги грчиме и релаксираме мускулите на несвесно ниво и како можеме да го промениме тоа.rn

    Кои се ефектите од овој метод?

    rnСледењето на знаците на нашето тело во состојба на тензија и релаксација, може да ни помогне самостојно да научиме стратегии за самосвесност, кои ќе ни помогнат да ја намалиме тензијата, да ги успокоиме нашите тела и умови и да се релаксираме и смириме во секоја смисла на зборот. Биофидбекот, како терапија се користи за ублажување на симптомите на разни болести и медицински состојби, како што се хронична болка предизвикана од темпоромандибуларна дисфункција на зглобовите, стомачна болка, болка во ‘рбетниот столб, фибромијалгија, главоболки, анксиозност, висок крвен притисок и уринарна инконтиненција. Неодамна, на светскиот пазар се појавија и разни алатки достапни за секој којшто сака да ги следи и мери ваквите телесни функции, а преку нив да ја следи состојбата на емоциите, како што се стресот, нивоата на анксиозност во текот на денот.rnrnДознајте и што треба да правите кога ќе се разбудите сред ноќ и не можете повторно да заспиете?

  • 5 спокојни летни дестинации од кои ќе се вратите како комплетно нова личност

    5 спокојни летни дестинации од кои ќе се вратите како комплетно нова личност

    Понекогаш, животот станува премногу стресен, а патувањата се совршениот избор за привремено бегство од реалноста. Грижата за себеси е од неверојатно значење за секој од нас. Понекогаш, навистина ни е потребно да се оттргнеме од секојдневните обврски, целосно да се релаксираме и да ја обновиме нашата енергија. На некоја од овие неверојатно релаксирачки дестинации ширум светот, ќе можете да ги оставите вашите грижи на страна, да поминете време со луѓето што ви значат, да искусите нови работи, да започнете некое ново хоби или едноставно да одморите.rnrn5 спокојни летни дестинации од кои ќе се вратите како комплетно нова личност rnrnНема ништо погрешно во тоа, да си овозможите фантастичен одмор, после кој ќе се чувствувате подобро од кога било. Мирот и возбудата што ќе ви ги овозможат овие места, ќе придонесат да започнете да живеете во сегашноста и да уживате во секој момент од неа. Кога ќе си дадете време за одмор, конечно ќе можете да ја довршите книгата што ви се допаѓа, да појдете на спа-третман, да посетите часови по јога или едноставно, конечно убаво да се наспиете.rn

    1. Тулум, Мексико

    rnТулум има многу нешта во својата понуда. Овој модерен туристички град, стана екстремно популарна дестинација во последниве неколку години, а причината за тоа е очигледна. Тука можете да спиете во бунгалов покрај плажа и да ги поминувате деновите лежејќи на песочната плажа. Како алтернативна опција, можете да изнајмите велосипед и да се возите околу градот. Можете да ги видите античките Мајански урнатини или да посетите сеноти, што во суштина претставува дупка, исполнета со вода и окружена со карпи.rnrn5 спокојни летни дестинации од кои ќе се вратите како комплетно нова личност rnrnИсто така, можете да ja посетите и неверојатнaта колиба „Sweet lodge“ во велнес центарот Maya Tulum, каде што локалните исцелители ќе ви направат тотално „чистење“ на вашето тело и душа, преку разни локални церемонии. Овој незаборавен ритуал, вклучува разни придобивки за телото и умот, кој ќе ви овозможи внатрешен мир, хармонија, намалување на стресот и детоксикација на телото, преку серија од водечки медитации, пеење и античка музика.rn

    2. Пуерто Виехо, Костарика

    rnПуерто Виехо е лежерен град на плажа, лоциран на карипското крајбрежје во Костарика. Ова место, навистина го отсликува животниот стил „Pura Vida“ по којшто Костарика е прочуена, а во превод значи едноставен, бистар живот. Ова место е најдобриот избор за летен одмор, за сите оние коишто сакаат да ги „наполнат батериите“ и да се препуштат на врвна релаксација на телото и умот. Тука има повеќе плажи на коишто можете да се одморите и да пливате. Доколку сте авантуристички тип на личност, можете и да се запишете на часови по сурфање на даска.rnrn5 спокојни летни дестинации од кои ќе се вратите како комплетно нова личност rn

    3. Седона, Аризона

    rnГолемиот кањон, е првото нешто што на повеќето луѓе им паѓа на ум кога ќе се спомне Ариозна, но Седона, е дестинација којашто не смеете да ја пропуштите, ако сте таму. Природните пејзажи во Седона се толку извонредни, што дури изгледаат нереално. Ќе останете без зборови, кога ќе се возите покрај живописните патишта, окружени со прочуените црвени карпи. Откако ќе ја посведочите фасцинантната природна убавина околу вас, можете да се почестите и со спа-третман. Во Седона, постојат многи спиритуални велнес центри, кои ќе ви овозможат да го забавите темпото и целосно да се релаксирате.rnrn5 спокојни летни дестинации од кои ќе се вратите како комплетно нова личност rn

    4. Бали, Индонезија

    rnМоже да се каже дека Бали е една од најчесто фотографираните светски дестинации за на Инстаграм, но ова е и совршено место за тотална релаксација. Тука можете да изнајмите прекрасна куќичка, којашто е затскриена во џунглата. Таму ќе ве разбудат звуците на природата, а оттаму ќе имате поглед кон раскошните оризови полиња. Сите оние коишто посакуваат да го подмладат нивното тело, ум и душа можат да посетат некоја од фантастичните јога – центри, коишто ги нуди ова место. Бали навистина има сè што отсекогаш сте посакувале и ви е потребно.rnrnhttps://youtu.be/ibuUmMhD2Pgrn

    5. Бора Бора, Тахити

    rnБора Бора е француски полинезиски остров на Тахити и дефинитивно може да се нарече „Рајот на Земјата“. Ова е идеална дестинација, за секој оној што сака вистински да се одмори од секојдневните обврски и да ужива во животот. Тука, можете да спиете во бунгалов над вода, каде што ќе бидете окружени само со тиркизно сината вода и океанскиот животински свет. Деновите можете да ги започнувате читајќи книга покрај океанот, а да ги завршувате гледајќи во неверојатното зајдисонце. Бора Бора е дестинација од соништата, за сите оние на коишто им е потребно сериозно опуштање и уживање.rnrnhttps://youtu.be/3BPu2dH6eYgrnrnНа секој од нас, одвреме-навреме му е потребно да направи нешто добро за себе и да ја обнови својата конекција со „внатрешното јас“. Ако посетите некоја од овие 5 дестинации, бидете сигурни дека ќе се вратите дома, како комплетно нова личност.rnrnМоже да ве интересираат и овие 10 идеи за летен одмор покрај најубавите европски езера.

  • Неверојатни 10-часовни видеа од BBC Earth што ќе ве релаксираат

    Неверојатни 10-часовни видеа од BBC Earth што ќе ве релаксираат

    Изминатиов месец, креаторите на „Планетата Земја“ (Planet Earth) и „Сина планета“ (Blue Planet) почнале да ставаат неверојатни видеа на Јутјуб. Видеата траат по 10 часа и на нив се прикажани прекрасни снимки од океанот.rnrnНеверојатни 10-часовни видеа од BBC Earth што ќе ве релаксираатrnrnАко сте под стрес, или само сакате малку да се опуштите, препуштете им се на овие неверојатни ремек-дела.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=CbdJYCYAgtkrnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=nMAzchVWTisrnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=vpdcMZnYCkornrnПогледнете ги и овие едноставни совети за релаксација и уживање.

  • 5 веб-сајтови од кои можете да симнете бесплатни боенки за возрасни

    5 веб-сајтови од кои можете да симнете бесплатни боенки за возрасни

    Дали ви се случило да се чувствувате тажно после долго време поминато на социјалните мрежи? Не сте сами. Истражувања покажале дека колку повеќе користиме екрани, толку понесреќни стануваме. Едно неодамнешно истражување објавено од Американското здружение на психолози покажало дека психичкото „здравје“ на адолесцентите значително се намалило од 2012 година – период кога почна масовна употреба на смартфоните. Па, како да се справите со ова? Одличен начин да се одморите од вашиот смартфон е да ги земете боичките и да почнете да боите.rnrn5 веб-сајтови од кои можете да симнете бесплатни боенки за возрасниrnrnВерувале или не, боењето може да биде навистина терапевтско. Покрај тоа, ова релаксирачко хоби е многу едноставно. Благодарение на Интернетот, нема потреба да излегувате и да купувате боенки, бидејќи има илјадници кои можете да ги симнете бесплатно. Сè што ви е потребно е принтер. Без разлика за што сте расположени, сигурно ќе најдете слика за вас. Дали тоа се цветови, некој пејзаж или инспиративни зборови – тие веќе ве чекаат. Покрај тоа, ќе можете секој цртеж да го испечатите повеќе пати и да го обоите различно. Па, погледнете некои од најдобрите места на кои ќе најдете бесплатни боенки за возрасни.rn

    1. Art is Fun

    rnТанија Мекардл го води овој веб-сајт кој е полн со цртежи за боење. Некои се навистина смешни, други се навистина инспиративни. Но сите имаат неверојатни дезени кои ќе го направат боењето навистина забавно.rn

    2. Just Color

    rnНа овој веб-сајт ќе најдете над 1.300 страници со разни теми – од мандали, до природа и патување. Покрај тоа, има и посебен дел за уметници каде што ќе ги најдете некои од најголемите уметнички ремек-дела.rn

    3. FaveCrafts

    rnОвде ќе најдете над 50 индивидуални цртежи за печатење, како и 6 бесплатни боенки кои имаат сезонски теми (како Ноќта на вештерките) и кои се во PDF формат.rn

    4. Faber-Castell

    rnНе треба да ве изненади дека компаниите кои приведуваат боички имаат нивни цртежи за боење. Компанијата Faber-Castell го направила токму ова. Овде ќе најдете прекрасни дезени, како и специјални тематски цртежи. rn

    5. Coloring Bliss

    rnИ на овој веб-сајт има околу 50 бесплатни цртежи за боење. Покрај тоа можете бесплатно да се зачлените и да имате пристап до програма со рецензии, туторијали, како и можност да се поврзете со заедница која сака да бои. Можете да платите и 4 евра месечно за премиум членарина што ќе ви овозможи пристап до над 300 рачно нацртани цртежи.rnrnПрочитајте и зошто боенките се единственото нешто кое ви треба за да се ослободите од стресот.