Понекогаш, развојот е суптилен и го забележувате само во ретроспектива. Иако често претпоставувате дека растот и развојот ќе бидат очигледни, обично некои ситници ги прават најголемите разлики. Овие неколку знаци се доказ дека навистина се развивате како личност, дури и ако не се чувствувате така.rnrn
rn
1. Се откажавте од старите соништа
rnЕдно од универзалните обележја на внатрешниот развој е зголемениот степен на самосвест, а тоа многу често доаѓа од согледувањето дека она што го барате можеби не е навистина она што го сакате.rnrnВистината е дека ги заборавате вашите соништа и планови почесто отколку што сфаќате, а ако не сте свесни за тоа, може да се чувствувате како да сте изгубени, како да сте пропуштиле некоја можност или како да не сте го искористиле вашиот потенцијал.rnrnВо реалноста, вие се откажувате од старите соништа затоа што тие биле замислени за личноста што веќе не сте.rn
2. Веќе не сте задоволни постојано да живеете на површина
rnНаместо да изгледате добро, повеќе ве интересира да се чувствувате добро. Наместо да се забавувате цел викенд, сакате да имате исполнет и релаксирачки викенд. Наместо да се трудите да добиете одобрение, повеќе ве интересира да научите да се сакате себеси.rnrnМожеби сè уште ги сакате социјалните мрежи, но сфаќате дека тие се дел од животот, а не суштинското постоење. Можеби сè уште сакате да бидете подготвени за секоја ситуација и да не правите грешки, но сфаќате дека мора да го сакате она што го гледате во огледалото, затоа што обидот постојано да се обликувате според стандардите на другите луѓе е игра што не можете да ја добиете.rnrnВашиот живот почнува да се развива подлабоко затоа што сфаќате дека никогаш не можете да се чувствувате исполнето ако постојано сте на површината.rn
3. Сакате да разберете зошто
rnВеќе не сакате само така да ги прифатите работите, туку навистина сакате да ги разберете.rnrnСакате да разберете зошто некои луѓе реагираат на одреден начин, зошто поставуваат граници или зошто даваат лажни ветувања. Сакате да разберете зошто врската заврши на тој начин и каква улога имавте вие во таа одлука. Сакате да разберете зошто реагирате или зошто размислувате на одреден начин.rnrnПоставувањето на вистинските прашања е почетокот на промените во вашиот живот.rn
4. Можеби ќе се срамите од изборот во минатото
rnНикој не треба се срами од своето минато, но многу луѓе се срамат, особено кога минуваат низ периоди на поинтензивен развој.rnrnМожеби често ќе се потсетувате што кажавте, што направивте или што носевте дури и во поновата историја. Ова е затоа што почнувате да сфаќате дека многу од тие одлуки всушност се резултат на несигурност, желба да се вклопите или несвесни верувања.rnrnИако можеби не изгледа така, ако можете да погледнете во своето минато и да сфатите дека не сте истите од порано, тоа е голем знак за вистински раст.rn
5. Изгубивте контакт со многу луѓе или раскинавте долга врска
rnЕден од најголемите знаци дека се менувате е кога вашиот социјален круг веќе не ви одговара. Не е дека тие луѓе се лоши, туку едноставно веќе немате заеднички работи.rnrnОд друга страна, можеби сте завршиле долга врска, а тоа ве потресе и ве поттикна да започнете да си посветувате повеќе внимание на себе. Во ред е да тагувате, но мора да сфатите дека луѓето доаѓаат и си одат од вашиот живот со причина.rn
6. Повеќе ве интересира квалитетот отколку квантитетот
rnПовеќе ве интересира да имате неколку навистина блиски пријатели, отколку многу познајници. Попрво би сакале да се посветите многу добро само на неколку проекти, отколку да се затрупате со работа и да се надевате дека сè ќе излезе во ред. Повеќе би сакале да патувате еднаш или двапати во годината и да доживеете незаборавни искуства, отколку постојано да бидете во движење, но не и навистина присутни.rnrnНаместо да имате многу работи, сфаќате дека сè што ви треба се неколку навистина добри работи.rn
7. Повторно ја откривате вашата душа
rnСе сеќавате на вашата љубов кон музиката, кон уметноста или кон креативноста.rnrnГи слушате вашите омилени песни, сочувствувате со другите, ги редизајнирате сите детали од вашиот живот со многу поголема посветеност.rnrnТоа значи дека се откривате себеси и ја откривате суштината на тоа кои сте. Дури и ако тој дел од вас бил затворен поради самозаштита, тој секогаш постоел чекајќи повторно да го отворите и да дозволите да бидете тоа што сте.rnrnПрочитајте кои се најчестите родителски грешки кои го забавуваат развојот на детската интелигенција.



rn
rn
rnrnОсвен како средство за нега на кожата, аспиринот ефективно и ефикасно ги решава и следните проблеми:rn

rn
rn



rn