Влакната често растат на незгодни делови од лицето и телото. Опциите за ослободување од нив се познати: депилирање, бричење или осветлување. Сепак, ова се моментални решенија. За да го намалите нивниот раст на подолг рок, ви нудиме 4 ефективни домашни третмани, кои се евтини и лесни за изведување.rnrn
rn
Лимон и шеќер
rnИзмешајте 10 мл свежо исцеден лимонов сок и 30 грама шеќер. Потоа, додадете 150 мл обична вода во смесата. Измешајте ги убаво сите состојки и потоа нанесете од смесата на оние делови од телото каде што сакате, аплицирајќи во насока на растење на влакната. Оставете да стои 15 минути, а потоа измијте ги деловите со ладна вода. Благо протривајте го регионот додека се плакнете.rnrnМиксот од лимон и шеќер во гранули се однесува како благ ексфолијант и овозможува спречување на растот на несаканите влакна. Лимоновиот сок има својства на природен антисептик и има атстрингентно дејство. Повторувајте ја постапката еднаш неделно и ќе го забележите прогресот.rnrn
rn
Мед и лимон
rn
Уште еден лек за спречување на прекумерен раст на влакната на телото е мешавината од 40 мл мед и 10 мл лимонов сок. Нанесете од смесата во насока на растењето на влакната со помош на памучно перниче. Оставете ја пастата да делува 15-20 минути и потоа исплакнете. Повторувајте го третманот двапати неделно 3 недели и потоа скратете на еднаш неделно.
rn

rnrn
Брашно од леблебија, куркума и урда
rnПодгответе густа паста од брашно од леблебија, куркума и урда. Нанесете на саканите делови и оставете да се исуши. Кога смесата ќе се исуши, отстранете ја од кожата со нежно протривање и потоа измијте се со ладна вода.rnrn
rn
Лимонов сок и брашно од леблебија
rnНаправете микс од 30 грама брашно од леблебија, 150 мл вода и 10 мл лимонов сок. Добро измешајте. Нанесете од миксот на оние делови од телото каде што имате потреба и оставете да стои 15 минути. Потоа измијте се со нежно движење во насока на растот на влакната. Повторувајте ја постапката двапати неделно 2 месеци и ќе ја забележите разликата.rnrn
rnrnСекој од овие третмани е ефективен доколку се применува редовно. За која опција и да се одлучите, најпрво тестирајте ја смесата на раката за да се осигурате дека немате негативна реакција на состојките и потоа продолжете.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnДоколку сакате да го поттикнете растот на вашата коса, направете го тоа на природен начин. Различни билки можат да ви помогнат во тоа, но треба да знаете да ги користите. Тие го зголемуваат протокот на крв во главата и го помагаат растот на косата.rn
rn






