Секојдневно одвојувате време за да си проверите имејл и да вежбате. Вашиот распоред е преполн со закажани состаноци. Но, дали сте знаеле дека би можеле да бидете уште попродуктивни, креативни и среќни кога би ги испланирале и неочекуваните работи? Не велиме дека треба да ја организирате секоја секунда од денот, но вметнете ги следниве неколку активности во вашиот распоред и ќе видите како животот ќе ви стане значително подобар…rnrn
rn
1. Време за зјапање во празно
rnИзвршниот директор на LinkedIn, Џеф Вајнер одвојува 2 часа дневно за размислување. Опра само седи на стол минимум 10 минути секое утро. Милијардерот Варби Паркер поминува 90 минути секој ден не правејќи ништо. Не ви треба апликација. Не мора ни да медитирате. Поентата е да не правите ништо. Останете таму каде што сте и опуштете се.rn
2. Време за грижење
rnСекој ден одвојувајте малку време за да се фокусирате на вашите грижи. Идеално е тоа да биде секогаш во исто време и на исто место. На овој начин, кога ќе дојде време за спиење, вие веќе ќе имате размислено за сите работи што ви предизвикуваат анксиозност. Најважно е да бидете продуктивни додека се грижите, без разлика дали тоа значи дека ќе ги запишувате вашите мисли и грижи, ќе направите листа на обврски или активно ќе се обидете да ги решите проблемите што ве загрижуваат.rnrn
rn
3. Време за секс
rnНауката вели дека постои директна врска помеѓу водењето љубов најмалку еднаш неделно и среќата на партнерите. Можеби идејата дека треба да го закажувате сексот не ви делува многу романтично, но не мора да бидете премногу прецизни. Не мора да одредите ден во денот кога ќе мора да имате секс, без разлика колку сте уморни и колку обврски имате. Наместо тоа, планирајте го сексот на следниов начин: „Ако се разбудам порано, пред децата, кој било ден во текот на неделата, јас ќе иницирам на секс“, или „Секогаш кога децата спијат, ќе имаме секс“ или „Викендите се време за секс“. Бидете отворени за повеќе опции и тоа несомнено ќе ја зголеми бројката на вашите неделни сексуални односи, без да ви наметне голем притисок.rn
4. Време за децата
rnПсихијатарот Алвин Роузенфелд ги советува родителите дека тие и децата треба да имаат доволно слободно време за да можат имаат заеднички креативни активности. Треба да поминуваат време без никаква цел, да им кажуваат на децата дека ги сакаат. Ако детето се чувствува сакано, пречките на патот никогаш нема да ги поразат. Секако дека можете да го ограничите времето за играње. Ако мислите дека треба да си играте со часови, тоа може да ви предизвика одбивност. Но, ако одвоите по 5 минути дневно или половина час неделно за играње со детето, оваа активност нема да ви делува како голема обврска. Ако не уживате во игрите со децата, најдобро би било да поставите временско ограничување.rnrnПрочитајте и како да направите листа со чија помош 2018-та година ќе стане најдобрата година досега.

rnrnСè повеќе расте бројот на татковци кои одлучуваат да останат дома и да ги чуваат своите деца, додека мајките набрзо по породувањето се враќаат на работа. Не е мал бројот на жени кои заработуваат повеќе од своите мажи, поради што одлучуваат да се вратат во својата канцеларија, а нивните сопрузи да останат дома за да се грижат за децата и семејството. Едно
rnrnКажете им збогум на класичните хартиени распореди и календари кои висат на ѕид. Децата денес имаат голем број активности, како на училиште, така и надвор од него. Одат на часови по странски јазици, на музичко, на разни спортови… Тоа значи дека им треба добра организација на родителите за да можат секаде навремено да ги однесат своите најмили. Затоа, сè поголем е бројот на родители кои ги користат придобивките од модерната технологија и обврските ги заведуваат во дигитални календари и распореди, за да имаат поголема прегледност и да добиваат потсетување за задачите кои треба да ги завршат со нивните деца.rn
rnrnОва укажува на еден релаксиран однос кон вашето дете. Што значи тоа? Родителите, кога ќе го добијат своето прво бебе, вообичаено се многу загрижени за секоја ситница поврзана со новороденчето, додека за второто и третото дете веќе ги имаат потребните искуства и се однесуваат многу порелаксирано. Не се потресуваат на секое негово кивнување, закашлување или помала желба за храна, затоа што знаат дека тоа е нормален процес од растот и развојот на секое дете.rn
rnrnМногу често се случува родителите да не можат да се договорат како ќе се вика нивното бебе, затоа што и двајцата имаат омилено име. Во поново време, многу родители решаваат да направат некаков хибрид од омилените имиња и на крај сите да бидат задоволни. Па така, на пример, од Калина и Јана, да се создаде името Каја.rn
rnrnДенешните деца немаат никаков проблем со користењето на модерната технологија. Но, многу често тоа знае да доведе до потешкотии, затоа што доколку родителите не им застанат на патот, тие со часови можат да седат пред шарените екрани и да ги гледаат своите омилени цртани или да ги играат омилените игри. Поради тоа, сè поголем е бројот на родители кои одлучуваат за време на викендите, да го исклучуваат пристапот до интернет на 24 или 48 часа. Така, членовите на семејството имаат повеќе време да си се посветат едни на други, а и децата се одмораат од паметните телефони и компјутерите.
rnrnВо Тексас и Алабама било спроведено истражување на 330 здрави мажи и жени на возраст помеѓу 50 и 80 години. Тие биле прашувани за нивниот секојдневен распоред и им биле зададени ментални тестови. Резултатите од овие истражувања покажале дека без разлика на тоа колку години има личноста или каков е степенот на нејзино образование, здравиот мозок е поврзан со начинот на живот, односно колку таа личност е зафатена во текот на еден ден. Тука било утврдено дека поголемата зафатеност резултира со подобра обработка на податоци, подобрена меморија, подобро расудување и поголемо знаење.rn

rn
rnrnНе дозволувајте вниманието да ви биде одвлечено, оддалечете се од телевизорот, компјутерот (ако работата ви е поврзана со компјутер, тогаш користете го единствено за таа цел) или мобилниот. На што работите во моментов? Изработете го до перфекција, потем ќе мислите на друго.rn
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rn
rn
rn
Често самите си наметнуваме обврски и правила кои нѐ гушат и ни ја цицаат енергијата. Не заборавајте дека вие управувате со сопствениот живот и со вашето време. Опуштете се со добра книга, но само ако уживате во тоа, во спротивно земете списание или едноставно не правете ништо. Не е страшно ако сте поминале некое време во безделничење – ритамот на животот си го диктирате самите. Пуштете музика, кренете ги нозете во вис, дозволете си чаша вино на пладне, искапете се во добра пенеста купка, разгалете се и опуштете се. Вие може да сте толку успешни, што би можеле со една наредба и планина да поместите, но пак ништо не сте направиле ако немате време со задоволство да уживате во вашето кафе и на раат да си читате Кафе пауза :)rnrn











rn