КАФЕ ПАУЗА

Tag: путер

  • Печени јаболка

    Печени јаболка

    Печените јаболка се совршен десерт кога времето е ладно. Јаболката ги има во изобилство во овој период од годината, па затоа рецептов ќе ви биде добредојден во секое време. Брзи, меки и неверојатно вкусни, не смеете, а да не ги пробате овие печени јаболка полнети со ореви и суво грозје.rnrnПечени јаболкаrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • 4 јаболка
    • rn011

    • 2 лажици кафеав шеќер
    • rn011

    • 1 лажичка цимет
    • rn011

    • 2 лажици мелени ореви
    • rn011

    • 1 лажица суво грозје
    • rn011

    • малку рум
    • rn011

    • сок од еден лимон и лимонова кора
    • rn011

    • путер
    • rn011

    • јаворов сируп
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Измијте ги јаболката, излупете ги и исчистете им ја внатрешноста од семки.rnrnПечени јаболкаrnrnВо мал сад, измешајте ги шеќерот, циметот, лимоновиот сок, лимоновата кора,  мелените ореви и сувото грозје, претходно потопено во рум (исцедено од румот). Со оваа смеса наполнете ја внатрешноста на јаболката.rnrnПечени јаболкаrnrnПолијте ги јаболката со малку јаворов сируп и на секое јаболко од горе ставете една мала коцка путер. Во тавче за печење, ставете зовриена вода и внимателно ставете ги јаболката, колку да ги покрие до половина.rnrnПечени јаболкаrnrnПечете околу 30 минути сè додека јаболката не станат меки. Сервирајте со изматен шлаг.rnrnПечени јаболкаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најбрзиот чоколаден колач

    Најбрзиот чоколаден колач

    Ви се најавиле ненадејно гости? Ви се јаде нешто благо, но немате време за приготвување торти и колачи? Ова е најбрзиот и најлесниот чоколаден колач кој некогаш воопшто ќе го направите.

    rnНајбрзот чоколаден колачrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 250 бисквити (може и чајни колачиња или друг вид колачи)
    • rn011

    • 85 г несолен путер
    • rn011

    • 400 г темно чоколадо со над 60% какао маса
    • rn011

    • 180 мл хопла
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСо мало парче путер намачкајте го долниот дел од правоаголното тавче. Покријте го со хартија за печење. Скршете ги бисквитите на мали парченца. Остатокот од путерот растопете го во мало тенџере. Кога ќе се стопи, ставете ја хоплата. Кога и хоплата ќе се загрее, ставете го чоколадото скршено на коцки. Мешајте со дрвена лажица за да се стопи чоколадото. Кога ќе добиете хомогена смеса, тргнете го од оган, ставете ги скршените колачи и измешајте за да се соедини сè. Смесата претурете ја во намрсениот и обложен со хартија калап и ставете го колачот да отстои во фрижидер 3 до 4 часа.rnrnНајбрзот чоколаден колачrnrnПред да го сервирате, исечете го на подебели кришки.rnrnНајбрзот чоколаден колачНајбрзот чоколаден колачrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да извадите мастика од коса?

    Како да извадите мастика од коса?

    Вистинска мистерија е како мастиките воопшто завршуваат заплеткани во косата на децата, па и на возрасните. Кубење, врискање, задолжително потшишување, се некои од последиците од овој немил настан. Постои едноставен начин да го решите случајот.rnrnКако да извадите мастика од коса?rnrnСè што треба да направите е да земете малку омекнат путер и да го нанесете на прамените зафатени со гумата за џвакање. Таа сама ќе се излизга, без никаков напор и влечење.rnrnНе ви препорачуваме да си залепите мастика во коса за да ја испробате ефикасноста на овој трик, но ако некогаш во иднина, вам или на некој друг му се случи вакво нешто, имајте го путерот на ум.rnrnИнаку, путерот може да ви се најде и за неколку други работи во секојдневниот живот. Еве ги тие негови примени:rnrnКако да извадите мастика од коса?rnrnОтстранување лепак од прстите на рацете – ова секогаш се случува кога лепите нешто. Пред да се обидете со сапунот и водата, протријте путер низ рацете, а потоа измијте ги на планираниот начин.rnrnСечење лепливи работи – ако треба да сечете тврдо суво овошје или пак некој друг леплив продукт, најпрво поминете со ножот низ путерот. Сечењето ќе биде беспрекорно, благодарение на намалувањето на лепливоста.rnrnОтстранување смола од автомобилот – ги ловите сенките за да не се сварите следниот пат кога ќе влезете во автомобилот. Ама споредните ефекти од ваквото задоволство може да бидат во вид на смола налепена по каросеријата. Земете малку путер и ставете го на меко парче крпа. Тријте ја смолата сè додека не исчезне, заедно со путерот. Смолата ќе ја нема, а не треба да се грижите ни за гребаници.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколаден тост со путер од кикирики

    Чоколаден тост со путер од кикирики

    За појадок, вечера или ужина, овој чоколаден тост ќе ви покаже дека комбинацијата од чоколаден крем и путер од кикирики е совршена, а бананата само ќе го надополни ефектот. Направете го кога сте во брзање, кога не знаете што благо да јадете или кога не можете да му најдете соодветна примена на путерот од кикирики. Верувајте, ова е тост кој нема да го направите само еднаш.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 парчиња леб
    • rn011

    • 2 големи лажици путер од кикирики
    • rn011

    • пола банана
    • rn011

    • 60 г чоколадо за готвење
    • rn011

    • 1 лажица стопен путер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДвете парчиња леб намачкајте ги со путер од кикирики.rnrnЧоколаден тост со путер од кикирикиrnrnПоловина од чоколадото за готвење грубо исечете го со нож, а другата половина ситно изрендајте ја. Исечете ја бананата ја на 4 тркалца кои ќе ги распоредите врз едното парче леб. Врз бананата, ставете го грубо исецканото чоколадо, а останатите рендани трошки распоредете ги подеднакво на двете лепчиња.rnrnЧоколаден тост со путер од кикирикиrnrnПреклопете ги парчињата леб внимателно. Горното парче намачкајте го со растопениот путер и ставете го на тостер или на тефлонско тавче (за палачинки) ако немате тостер. Почекајте чоколадото да почне да се топи. Потоа превтрете го тостот на другата страна и намачкајте го другото парче леб со путер. Кога тостот ќе добие убава златна боја, исечете го на два тријаголници.rnrnЧоколаден тост со путер од кикирики
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Карамел-пуканки

    Карамел-пуканки

    Колку е убаво кога нешто толку едноставно ќе го направите модерно и вкусно. За почеток, направете го тоа со пуканките. Обвиткани со карамел и неверојатна златеста боја, овие карамел-пуканки сигурно ќе ви бидат одлични придружнички на следниот филм или ТВ серија која ќе ја гледате.rnrnПотребно:rn

      rn011

    • 90 г путер
    • rn011

    • 180 г кафеав шеќер
    • rn011

    • 50 мл сируп од пченка
    • rn011

    • сол на врв на лажиче
    • rn011

    • сода бикарбона на врв на лажиче
    • rn011

    • 90 г испукани пуканки
    • rn

    rnКарамел пуканкиПодготовка: Рерната загрејте ја на 100 Целзиусови степени. Во мало тенџерче ставете го путерот да омекне на најниска температура. Внимавајте да не почне да врие затоа што тогаш ќе загори и поцрни. Во тенџерчето додајте ги сирупот од пченка, шеќерот и солта. Мешајте со дрвена лажица за да зоврие смесата. Кога ќе почне да врие, оставете да проврие уште 4 минути немешајќи. После 4 минути, тргнете го тенџерчето од оган и ставете ја содата. Промешајте. Испуканите пуканки ставете ги во плитко тавче за печење, претурете ја смесата врз нив, промешајте ги и ставете ги да се печат во загреаната рерна еден час со мешање на секои 15 минути.Карамел пуканкиПо еден час, извадете ги од тавчето и оставете целосно да се оладат. Потоа, кршете ги на мали парчиња.Карамел пуканки
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Чоколадни бисквити со кафе

    Чоколадни бисквити со кафе

    Автор: Теодора ТрповскаrnrnСите сакаме да грицнеме нешто пиејќи го утринско кафе, попладневниот чај или вечерното какао. Бисквит, колаче или мафин, изборот е ваш.Чоколадни бисквити со кафеОвој рецепт е за сите оние кои обожуваат чоколадо – брзи, лесни, вкусни и  крцкави чоколадни бисквити со кафе кои дефинитивно ќе ве освојат.rnrnСовет: Тестото е толку вкусно, што постои опасност да го изедете пред да ги направите бисквитите.Чоколадни бисквити со кафеПотребни состојки (за 20 бисквити):rn

      rn011

    • 1 1/2 шолја (за кафе) сенаменско бело брашно
    • rn011

    • 1/2 шолја какао
    • rn011

    • 1 печиво
    • rn011

    • 3 супени лажици путер, омекнат
    • rn011

    • 1 шолја шеќер
    • rn011

    • 2 големи јајца
    • rn011

    • 1/2 шолја corn flakes со чоколадо
    • rn011

    • 2 супени лажица горко филтер кафе
    • rn

    rnНачин на подготовка: Рерната загрејте ја на 220 степени. Во длабок сад, заедно измешајте ги брашното, какаото и печивото. Во друг сад измешајте ги путерот и шеќерот со виљушка, додека не се стопи шеќерот. Потоа, мешајќи го путерот, додавајте ги јајцата, едно по едно и мешајте сѐ додека не се соединат. Потоа, сувите состојки (брашно, какао, печиво) додавајте ги полека во садот со течните состојки. Мешајте додека целата смеса не се соедини. На крајот, додадете ги кафето и чоколадираните corn flakes. Целата смеса измешајте ја со раце, поделете ја на два дела и формирајте ролати. Ролатите ставете ги во калап со хартија за печење. Печете 30 минути. Откако ќе се испече бисквитот, почекајте десетина минути да се излади и потоа од него сечете помали бисквити, со должина по ваша желба. Калапите ставете ги уште 10 минути да се печат и потоа извадете ги.

  • Ужина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве засити

    Ужина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве засити

    Одбирањето добра ужина, некогаш навистина може да претставува голем проблем. Закуската треба истовремено да ве засити за да може вашето тело нормално да функционира, да не ви го распие главниот оброк и што е најважно, да биде вкусна.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrnrnЕве неколку примери за квалитетна ужина, која ќе ги задоволи критериумите на сите, а со сигурност ќе ви помогне да го избегнете ризикот за некое непосакувано кило плус.rn

    Јаболко и путер од кикирики

    rnКомбинацијата од овие две нешта содржи голем број белковини, влакна и маснотии, па така едно јаболко со просечна големина и неколку лажички путер од кикирики навистина би ве заситиле. Бидејќи оваа ужина бара малку повеќе џвакање, мозокот си дава автосугестија дека организмот внесува поголема количина храна.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrn

    Овошен јогурт

    rnОвошниот јогурт е секогаш победник. Тој ќе зафати повеќе простор во вашиот желудник, а и ќе му треба подолго време за да се свари. Одберете вкус според вашиот критериум  и уживајте на вашата пауза.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrn

    Лубеница

    rnТаа има малку повеќе калории од некои други овошја што можете да ги консумирате, но има предност бидејќи е полна со вода, па така вашиот стомак ќе биде полн, а вие сити.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrn

    Протеинска штангла

    rnПротеинските штангли всушност имаат сѐ што ви е потребно за да ве заситат. Богати се со белковини и масти, а во маркетите имате голем избор од нив. Сепак, пред да изедете поголема количина, бидете внимателни и прочитајте на обвивката колку калории содржат.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrn

    Пуканки

    rnДефинитивно одлична закуска, која понекогаш би била и добра замена за вашата вечера. Волуменски, пуканките зафаќаат поголем простор, а се богати и со белковини.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.