По часови и часови возење низ пустинскиот пејзаж, високите бели ѕидини на градот Гадамес или Гадамис, опкружени со палми, може да изгледаат како халуцинација. „Пустинскиот бисер“, како што се нарекува градот во оазата на западот на Либија, се наоѓа на околу 550 километри југозападно од Триполи, на самата граница со Алжир и Тунис. Тука живеат околу седум илјади жители, главно Бербери. Во 1986 година, УНЕСКО го внесе Гадамес на листата на светско наследство во Африка како еден од најстарите градови во Сахара, а во 2016 година како одличен пример за населба со традиционална архитектура.rnrn
rnrnГадамес е вклучен во листата на загрозени места на светско наследство поради граѓанската војна во Либија, присуството на вооружени групи, како и штетата што ја претрпе градот за време на војната.rnrnИмето Гадамес е познато најмалку 2000 години, но структурата што ја има градот денес ја развиле Арапите во 7 век. Совршено дизајниран за борба против пустинските ветрови и суровата клима на северна Сахара, Гадамес е одличен пример за самоодржливост.rnrnСо температури кои достигнуваат 55 степени целзиусови во летото и кои се симнуваат под нулата во зима, условите за живеење не се идеални, но жителите сфатиле како да го направат животот поудобен. Лавиринтите од покриени премини направени од специјално дизајнирани ѕидови ја спуштаат температурата на 20 целзиусови степени. Заоблените премини помагаат и против напливот на пустински песок кога дуваат силни ветрови.rnrn
rnrnВо минатото, ѕидовите биле градени од мешавина од глина, песок и слама и заштитени со варовник. Во текот на денот, ѕидовите штитат од сончевите зраци, а ноќе ја ослободуваат топлината назад. До наредното утро тие се доволно ладни за повторно да ги заштитат жителите од горештините. Со вешто користење на достапните градежни материјали, жителите сфатиле како да се чувствуваат што е можно поудобно со што помалку ресурси, а во пустината тоа значи удобна температура без клима или греење кога температурите паѓаат.rnrnДенеска нема постојани жители во стариот дел на Гадамес, но во текот на летото ги привлекува жителите од бетонските станбени блокови на новиот дел на градот, како и другите посетители кои доаѓаат да ги видат џамиите и чајџилниците и да уживаат во пријатната температура.rnrnОткако прочитавте за овој град, можеби ќе сакате да прочитате и за пештерата Џара: Едно од најмагичните места во египетската пустина.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Tag: пустина
-

Жителите на овој либиски град на генијален начин се справуваат со суровата пустинска клима!
-

Нема да ви се верува: Се гради скијачки центар во пустина!
Во срцето на пустината во Саудиска Арабија се гради ски-центарот Тројена, кој ќе биде домаќин на Азиските зимски игри во 2029 година. Станува збор за меѓународен спортски натпревар за членовите на Азискиот олимписки совет, кој се одржува на секои четири години.rnrn
rnrnСе работи за вештачки изградена снежна оаза за скијање и други зимски спортови во текот на целата година, која ќе се простира на 60 квадратни километри среде пустина.rnrnЗа разлика од одморалиштето Ски Дубаи, кое нуди скијање среде трговски центар во пустина, Тројена ќе понуди зимски спортови и уживање на отворено. Ќе се гради на педесетина километри од заливот Акапа во област каде температурите се значително пониски отколку во останатиот дел од земјата. Проектот треба да биде готов во 2026 година, како дел од футуристичкиот самоодржлив проект на саудискиот принц Мохамед бин Салман, планиран за регионот.rn„Тројена ќе ја има вистинската инфраструктура за да создаде зимска атмосфера во срцето на пустината и да ги претвори овие Азиски зимски игри во настан без преседан“, рече Надми ал-Наср, извршен директор на проектот Неом.
rnКога ќе биде готова, Тројена ќе вклучува широк спектар на сместувачки единици – од апартмани до планински куќи, вили и луксузни хотели. Овде ќе најдете бројни ресторани, продавници и разноразни објекти, како и вештачко слатководно езеро наречено The Vault.rnrnОткако прочитавте за најновите достигнувања на Саудиска Арабија, можеби ќе сакате да прочитате и за ресорт во Саудиска Арабија кој им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небо.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
-

Зачудувачка сцена: Дали е ова осмото светско чудо?
Оголените темни дрвја опкружени со песочни дини изгледаат како мотив од слики на надреалистички мајстори, а не како фотографија од вистинско место.rnrn
rnrnСепак, станува збор за област во пустината Намиб, наречена DeadVley или мртво мочуриште. Сместено е во Сосусвлеј, во Националниот парк Намиб-Науклуфт и има дрвја постари од илјада години.rnrnОбласта порано била влажна, но климата се менувала со текот на времето. Дрвјата пресушиле, а поради сувата клима не можат да изгнијат.rnrnТие се опкружени со песочни дини, кои достигнуваат висина од 400 метри на одредени делови и се смета дека се највисоки во светот.rnrnИако температурите во намибиската пустина може да достигнат 50 Целзиусови степени, мртвото мочуриште во Сосусвлеј го посетуваат многу туристи во текот на целата година.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие 10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата. -

Психоделичен феномен: Пустина среде зеленило чиј песок е во седум бои
Маврициус има една необична коинциденција, а тоа е дека една од неговите најпознати туристички атракции е прилично слична на неговото знаме. Имено, знамето на Маврициус се состои од четири бои кои се поставени хоризонтално една над друга: црвена, сина, жолта и зелена. А, она што ќе го видите на Маврициус има врска со ова.rnrn
rnrnВо едно мало село на западот на земјата, наречено Чамарел, се наоѓа чудо од песок. Геолошкиот феномен ги надминал природните убавини на оваа земја со својата необичност: мала пустина чиј песок е во неверојатни бои.rnrnЦрвена, кафеава, виолетова, розова, зелена, сина, жолта – сите се групирани по боја, само нежно се мешаат една со друга.rnrnТуристите ги опишуваат овие песочни дини како психоделични, а убавите бои кои нежно преливаат една во друга се резултат на вулканска активност.rnrnСе верува дека овие бои се резултат на ладење на вулканска прашина и карпи на различни температури и мешање со минерали, но една мистерија останува нерешена – песокот се групира според бојата.rnrnФеноменот бил откриен неодамна, во 60-тите години на минатиот век, кога добил и неофицијално име: Песок во седум бои. Оттогаш, па сè до денес, тој остана една од најпопуларните дестинации на Маврициус, а со оглед на неговите плажи и прекрасната природа како силна конкуренција, ова кажува многу.rnrnЗа среќа на песокот, но за жал на туристите, не можете да одите по него. Тој е опкружен со заштитна ограда, но можете да му се восхитувате одблизу и да фотографирате.rnrnТоа не е сè – во областа на овој разнобоен песочник има прекрасен егзотичен парк. Во морето на зеленилото има провалија по која паѓаат импресивни водопади.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте за Островот на љубовта: Медитеранска идила во која би можеле да се за вљубите на прв поглед. -

Неверојатни фотографии од најголемиот пост-апокалиптички фестивал во светот
Околу 4.000 луѓе присуствувале на годишниот пост-апокалиптички фестивал во Калифорнија, наречен „Wasteland Weekend“. Фестивалот бил инспириран од филмскиот серијал за Лудиот Макс (Mad Max), и е една од оние пустински забави за кои мора да бидете маскирани за да присуствувате. Дури и ако сте дел од организаторите или новинарите! Идејата е да се создаде целосно искуство, каде што сите ќе се чувствуваат како да се дел од универзумот на Лудиот Макс за време на 5-те дена додека трае фестивалот. И тоа без сомнение функционира! За неверојатната атмосфера сведочат фотографиите во продолжение за кои сме сигурни дека ќе ве остават без зборови.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rn -

Земјата се трансформира во Марс во оваа неверојатна пустина
На почетокот на февруари, двајца пријатели, Патрик Биегански и Керол Ниенартовиц, пристигнале во Јордан. Нивната цел била да направат необично фото-патување, па затоа решиле да поминат 5 дена и 3 ноќи во пустината Вади Рум со сопствен шатор, вода и храна во нивните ранци. Во текот на нивното патување, тие поминале скоро 60 километри носејќи опрема од 30 килограми во еден од ранците, притоа посетувајќи ги најубавите места во Вади Рум. Погледнете само како се менуваат боите на пустината, претворајќи ја оваа локација во место што повеќе наликува на Марс одошто на Земјата.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на другата страница…rn -

Пустината ги „освојува“ Дубаи и Абу Даби на овие неверојатни фотографии
Обединетите Арапски Емирати се многу повеќе од луксузни трговски центри и облакодери. Израелскиот фотограф Иренаус Херок поминувал време во пустината со дрон и она што го фотографирал е навистина неверојатно. Херок е професионалец за пејзажи и портрети, а својата инспирација ја црпи од старите слики и филмови. Неговите дела содржат традиционални и модерни елементи балансирајќи ја техничката прецизност со неговиот уникатен стил.rnrn
rnrnБитката помеѓу природата и човештвото не е многу силна во Обединетите Арапски Емирати. Пустиот предел е преобразен и Дубаи стана вистинска метропола за многу кратко време. Сепак, понекогаш природата сака да „напаѓа“ и Херок решил да го документира ова со неговите неверојатни, надреални, апокалиптични фотографии. Уживајте во колекцијата.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

10 неверојатни факти за пустината Сахара кои сигурно не сте ги знаеле
Според една студија објавена во научниот журнал „Science Advances“, луѓето живееле во оваа пустина пред речиси 8.000 години. Денес Сахара е едно од најнепријателските места за живеење на Земјата. Изгледа многу работи се промениле за 8.000 години, а следниве неверојатни факти сигурно ќе ви одговорат дел од прашањата што можеби некогаш сте ги помислиле во врска со најпозната пустина.rnrn
rn1. Ловечките племиња напредувале во Сахара
rnПределот кој денес го нарекуваме пустината Сахара некогаш бил дом на ловечките племиња кои живееле од растенија и животни во периодот од пред 5.000 до пред 11.000 години.rn
2. Сахара денес е 10 пати посува отколку во минатото
rnСпоред Џесика Тиерни од Универзитот во Аризона, пустината Сахара добива од 2 до 10 сантиметри дожд годишно. Ова е 10 пати помалку отколку во нејзиниот „зелен период“.rn
3. Сахара некогаш била зелена
rnКористејќи морски седименти, истражувачите од Универзитетот во Аризона ја откриле шемата на врнежите во Сахара за минатите 6.000 години. Според нивните истражувања, Сахара имала свој „зелен период“ каде што врнежите на дожд биле 10 пати поголеми од оние денес.rn
4. Луѓето постепено ја напуштиле пустината пред 8.000 години
rnПотврдувајќи го тврдењето на Тиерни, археолозите откриле дека луѓето биле населени во Сахара за време на нејзиниот влажен период. Но сепак, тие почнале да ја напуштаат пред околу 8.000 години.rn
5. Сувата клима може да е причина за миграцијата
rnИако е очигледно, истражувачите сè уште не се сигурни дали сушата била причина за заминувањето на луѓето од Сахара. Сепак, фактот дека врнежите дожд се намалиле во периодот кога луѓето почнале да се иселуваат е многу убедлив.rn
6. Луѓето се вратиле после сушниот период
rnЛуѓето најверојатно се вратиле во Сахара откако започнала сушата, но културата била многу поразлична во овој период. Наместо племиња на ловци, овојпат одгледувачи на стока ја презеле пустината.rn
7. Истражувачите користеле морски седименти за истражување на Сахара
rnТиерни својот тим од Универзитетот во Аризона користеле морски седименти од 4 различни области на брегот на Западна Африка наместо седименти од езеро за нивното истражување.rn
8. Јадрата помогнале да се откријат шемите на врнежите од дожд
rnЈадрата на морските седименти дошле од растојание (од север кон југ) од 1.300 килоометри. Ова помогнало да се откријат античките податоци за врнежите дожд во „зелената Сахара“.rn
9. Истражувачите користеле антички восок од лисја за да ги утврдат климатските услови
rnКористејќи восок од лисја од морските седименти, тимот истражувачи бил во можност да ги утврди климатските услови во даден период.rn
10. Пустината Сахара е најголемиот извор на прашина на Земјата
rnДали имате валкана куќа? Не ги обвинувајте децата. Обвинете ја Сахара, бидејќи таа е најголемиот извор на прашина. Причината за ова е недостатокот на вегетација и врнежи од дожд.rnrnПогледнете ја и оваа уметност во пустината Сахара, стара 17 години, а видлива и од „Google Earth“!
-

Пред 6.000 години дождовно подрачје, а денес сува пустина: Што навистина се случило со Сахара?
Дали можете да замислите дека на местото на едно од најсушните делови на Земјата, некогаш имало прашума со бујна вегетација и обилни дождови? Научниците се обиделе да одговорат на прашањето како дошло до овие драстични промени.rnrn
rnrnПред помалку од 6.000 години, големата пустина Сахара била покриена со трева и имало големи врнежи, но временските промени го трансформирале ова вегетативно подрачје во едно од најсушните области во светот. Научниците од Универзитетот во Тексас А&M се обиделе да откријат траги што се одговорни за оваа голема климатска промена, а откривањата може да помогнат во подобро предвидување на врнежите во светот. Професорите Роберт Корти (професор на одделот за атмосферски науки) и Вилијам Буз (од универзитетот Јејл), објавиле еден труд во списанието „Nature Geoscience“, каде што тие ги истражувале климатските промени од холоценската епоха и ги споредувале со денешните движења во тропскиот појас со интензивни тропски дождови. Со помош на компјутерски модели и други податоци, научниците откриле поврзаност со врнежите илјадници години наназад.rn„Појасот на тропски дождови е поврзан со временските прогнози во светот низ тропската циркулација Хедли која постои во појасот на екваторот, но тоа не значи дека може да се предвидуваат промените на времето директно на некоја друга локација, туку дека може да ни помогне во усовршувањето на еден таков модел“, изјавил Корти.
rn
rnrnХедли е поврзана со суптропските ветрови, тропските дождови и влијае на силните бури и урагани, а таму каде што нејзиното влијание слабее, создава услови за пустина и токму тоа е случајот со Сахара. Промените во орбитата на Земјата го поместиле дождовниот појас во северна Африка.rn„Знаеме дека 6.000 години наназад на местото каде што денес е пустината Сахара, имало дождовно подрачје“, вели Корти.
rnТие откриле дека големите миграции на дожд може да се појават во еден дел на планетата без поместување на тој појас, што може да помогне и во предвидување на деталните промени на тропските појави за време на атмосферскиот феномен денес, Ел Нињо. Овие сознанија би можеле да помогнат и во подобро и попрецизно прогнозирање на времето, односно дождовните периоди на Земјата.
-

Запознајте го човекот кој ја победил пустината
Јокуба Савадого е еден иновативен африкански земјоделец кој во последниве 30 години патувал низ пустините за да ги оживее старите техники на пошумување и конзервација на почвата. Неговите единствени алати се лопатата и силната верба дека сѐ може да тргне и да се промени на подобро. Неговите неверојатни резултати зборуваат сами за себе.rnrn
rnrnВо 1980-тите, една долга и опасна суша го зафатила регионот Сахел во Африка, уништувајќи сѐ што е зелено и вегетативно, намалувајќи ја влажноста во воздухот и дождовите за 80% и претворајќи ги големите површини зелено копно во пустина. За да преживее, поголемиот дел од населението морало да си замине, но Јокуба останал.rnrn
rnrnНе знаејќи да чита, ниту да пишува и без никакви модерни помагала и техники, Јокуба продолжил да ја користи старата африканска пракса за одгледување растенија наречена „заи“. Тој најпрвин засадува семиња во мали дупки полни со компост, а потоа, за време на дождовната сезона, ги полни дупките со вода за да може да се задржат влажноста и хранливите материи во сушните периоди.rnrn
rnrnОвој експеримент на Јокуба бил успешен и квалитетот на почвата е на многу повисоко ниво од порано. Покрај просото и соргото, тој засадил и нови дрвја кои успеале да ги дополнат подземните води. Почвата и органските материи кои се наоѓаат под дрвјата помагаат земјиштето подобро да ја апсорбира водата.rnrn
rnrnПриказната на Јокуба станала позната во светот во 2010-тата година, кога тој бил дел од документарниот филм „Човекот кој ја запре пустината“. Сите собрани средства биле донирани во ресторацијата и обновување на локалните шуми и во нови тренинг програми за земјоделците кои сакаат да ја научат техниката на Јокуба. Денес, „заи“ се учи низ целиот регион и локалните земјоделци знаат како да ја задржат сигурноста на нивната храна и да се прилагодат на климатските промени.rnrn