КАФЕ ПАУЗА

Tag: пунџа

  • Фризура: пунџа во форма на машна

    Фризура: пунџа во форма на машна

    Освежете го вашиот изглед со необичната пунџа во форма на машна. Оваа брза и едноставна фризура одлично изгледа за секоја пригода и совршена е за летните и топли денови.rnrn

    Фризура: пунџа во форма на машна
    Соберете ја косата во високо коњско опавче
    rnrn
    Фризура: пунџа во форма на машна
    Направете пунџа со стегач и оставете ги врвовите пуштени над вашата глава
    rnrn
    Фризура: пунџа во форма на машна
    Поделете ја пунџата на два дела
    rnrn
    Фризура: пунџа во форма на машна
    Соберете ги пуштените врвови од косата на едно место и сместете ги зад пунџата
    rnrn
    Фризура: пунџа во форма на машна
    Зацврстете ги со мали шноли
    rnrn
    Фризура: пунџа во форма на машна
    Вашата нова фризура е готова
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 стилски начини да носите висока пунџа со јазол

    3 стилски начини да носите висока пунџа со јазол

    Пунџите се одлична опција за топлите летни денови, а познатата неуредна пунџа свиткана на врвот на главата е апсолутен хит. Дефинитивно е лесна за правење и изгледа опуштено, но време е да не се вадиме повеќе на мрзата и да ѝ се посветиме малку на високата пунџа за да ѝ дадеме шик и елегантен изглед. Стилистката од Њујорк Дејна Тизо ни дава 3 предлози.rnrn3 стилски начини да носите висока пунџа со јазолrn

    Елегантна извртена пунџа

    rnКлучот за елегантниот свилен изглед на оваа фризура е во средствата за нега на косата. Аплицирајте од она кое го користите, но не ставајте нешто што има премногу зацврстувачки ефект, бидејќи не сакате да постигнете крцкав и крут изглед, туку само да ги скротите влакната.rnrn3 стилски начини да носите висока пунџа со јазолrnrnИсчешлајте ја косата со рамна четка и нанесете серум за екстра сјај. Наведнете ја главата надолу и со помош на четката соберете ја косата во високо опавче, прицврстувајќи ја со дебел стегач.rnrnЗемете на еден прст восок за коса, распоредете го на прстите и потоа нанесете го на косата за да ја измазните и да ги залепите разлетаните бебешки влакна околу лицето. Земете го опавчето и извиткајте го сè до долу. На крајот заврзете го со мало, но цврсто ластиче.rnrnНаправете јазол држејќи го средниот дел од завртеното опавче со едната рака блиску до главата, а со другата фатете го опавчето за крајот и замотајте го одоколу.rnrnДржејќи го крајот од опавчето, протнете ја косата низ отворот кој го формира другиот дел и заврзете го во јазол. Не влечете ги краевите сосема до долу, нека останат скриени во самиот јазол.rnrnДоколку имате густа коса, употребете најмалку 3 шноли за прицврстување, една долу и по една на двете страни, притоа фаќајќи ги врвовите од завртениот дел заедно со основата на јазолот.rnrnАко пак имате потенка коса, можете и да ги прескокнете шнолите. Земете ги врвовите и протнете ги под основата на јазолот во дебелиот стегач. Како и да одлучите, гледајте само јазолот да не биде лабав.rnrnЕдноставно, елегантно и софистицирано, нели?rnrn3 стилски начини да носите висока пунџа со јазолrn

    Плетена кула

    rnОвој изглед е одличен бидејќи ги комбинира плетенките, кои се омилени за многумина, особено во летниот период, и високо подигнатата коса во пунџа. Згора на сè, наспроти сложениот изглед, многу е лесна да се направи.rnrn3 стилски начини да носите висока пунџа со јазолrnrnНаведнете ја главата надолу и измазнете ја косата чешлајќи ја кон круната. Нанесете серум од средината на косата кон врвовите.rnrnПотоа врзете опавче високо горе и дигнете ја главата.rnrnПоделете го опавчето на два еднакви дела.rnrnИсплетете го секој дел во обична дебела плетенка со три прамени сè до долу. Не стегајте ја премногу бидејќи така ќе делува потенко, но нека не биде ни премногу лабава, не треба да паѓаат праменчиња од неа. Ако имате пократка или потенка коса, подобро направете само една плетенка.rnrnСо едната рака држете ја основата на опавчето, а со другата порамнете ги двете плетенки држејќи ги една над друга. Замотајте ги плетенките околу опавчето обликувајќи ги со раката. Пикнете ги врвовите под плетенките, прицврстувајќи ги со една или повеќе шноли.rnrnНе стремете се да добиете совршен изглед бидејќи така ќе изгледате здрвено и пластично. Несовршениот, по малку неуреден изглед е секси.rnrn3 стилски начини да носите висока пунџа со јазолrn

    Шик пунџа со марама

    rnОвој тип фризура е погоден за девојките со непослушна коса, бидејќи косата со повеќе волумен, ќе го направи јазолот поголем, а колку поголем тоа подобро.rnrn3 стилски начини да носите висока пунџа со јазолrnrnНанесете продукт за косата кој ќе ви овозможи полесно да ја стилизирате. Потоа исчешлајте ја косата со прстите, фаќајќи ја одзади во неуредно опавче под круната. Вака нема да дозволите косата да изгледа премногу мазно, а ќе ја задржи својата природна текстура.rnrnСтавете дебел стегач, но при последното вртење не ги извлекувајте врвовите докрај. Оставете 8-10 сантиметри ако косата ви е подолга или 2-5 ако ви е пократка.rnrnЗемете ги лабавите врвови и замотајте ги околу основата на пунџата скоривајќи ги во неа.rnrnПрицврстете го јазолот со шнола фаќајќи ги основата на пунџата и врвовите кои ги протнавте. Откако ќе ја прицврстите, можете да ја прилагодите формата на пунџата така што ќе извлечете неколку влакна со четка или со чепкалка за да добие поопуштен изглед.rnrnСтавете ја марамата замотувајќи ја одзади околу главата и врзувајќи ја во јазол или во машничка напред, малку над делот каде што започнува косата.rnrnДодатоците за коса се супер опција за пунџите, но треба да се внимава во изборот. Не избирајте висечки додатоци за да не изгледате како орнамент. Земете парче дезениран материјал или тенка марама и замотајте го како венче. Исто така, внимавајте како ги комбинирате марамите на глава со облеката што ја носете. Таа не мора сосема да одговара, но не смее ни премногу да е во конфликт со вашиот аутфит.rnrn3 стилски начини да носите висока пунџа со јазол

  • Слатки и женствени фризури со машнички

    Слатки и женствени фризури со машнички

    Аксесоарите за коса лесно можат и на наједноставната фризура да ѝ дадат сосема поинаков изглед. Тоа правило најмногу важи за машните за коса, кои може да ги носите на сосема права или пак на брановидна коса, на фризура со локни или фризура со пунџа. Еве неколку интересни идеи за фризури со машнички.rnrnСлатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машнички Слатки и женствени фризури со машничкиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фризура за излегување после враќање од плажа

    Фризура за излегување после враќање од плажа

    Кога сме на одмор сакаме да го искористиме максимално времето за целосно уживање. Тоа подразбира долго седење на плажа, слатки подготовки за вечерно излегување и забавување до раните утрински часови. Со оваа фризура ќе изгледате впечатливо, а ќе ја направите за околу 5 минути.Фризура за излегување после враќање од плажаПотребни работи:rn

      rn011

    • Лак за коса
    • rn011

    • Мус или друг препарат за волумен
    • rn011

    • Спреј за сјај или кондиционер за после миење
    • rn011

    • Сув шампон
    • rn011

    • Чешел, шнолички за прицврстување и штипки
    • rn

    rn1. Најпрво на косата нанесете комбинација од продукти за волумен и за сјај, при што за летниот период препаратите задолжително треба да имаат и заштитно својство при изложеност на сонце. Не ставајте премногу од препаратите доколку косата ви е добра, а ставете повеќе ако имате густа или природно виткана коса. Откако ќе ги нанесете продуктите, исушете ја природно или туткајте ја додека ја сушите со фен, но со најслаб интензитет или пак употребете дифузер.Фризура за излегување после враќање од плажа2. Почнете со издвојување на длабок страничен дел од едната страна.Фризура за излегување после враќање од плажа3. Издвојте го остатокот од косата кој треба да почнува од круната до зад увото. Фатете го страничниот дел од косата и тргнете го настрана со штипка.Фризура за излегување после враќање од плажа4. Задниот дел подигнете го во високо опавче. Извлечете ја целата коса и зацврстете го ластичето.Фризура за излегување после враќање од плажа5. Ослободете го страничниот дел од косата и направете лабава, неуредна француска плетенка. Насочувајте ја кон задниот дел од увото и сплетете ја докрај.Фризура за излегување после враќање од плажаФризура за излегување после враќање од плажа6. Со прстите подигнете ја плетенката на врвот на главата и прицврстете ја со шнолички. Ова ќе ѝ даде поопуштен изглед и повеќе волумен.Фризура за излегување после враќање од плажа7. Прицврстете ја средината од плетенката за главата. Потоа нанесете сув шампон на остатокот од косата фатен во опавче и истапирајте го.Фризура за излегување после враќање од плажа8. Замотајте ја косата од опавчето околу основата и пикнете ги врвовите под пунџата прицврстувајќи ги со шноли.Фризура за излегување после враќање од плажаФризура за излегување после враќање од плажа9. Замотајте ја плетенката околу основата на пунџата и прицврстете ја.Фризура за излегување после враќање од плажа10. Завршете ја фризурата нанесувајќи лак за коса и поправајќи ја пунџата со прстите додека да добие совршен изглед.Фризура за излегување после враќање од плажа
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете фантастична пунџа со помош на чорап

    Направете фантастична пунџа со помош на чорап

    Благодарение на голем број познати дами, пунџата се врати во мода. За да направите ваква фризура, ќе ви биде потребно широко ластиче или трака, а најдобар начин е да земете најлонска чорапа на која ќе го исечете делот за прстите, околу која потоа ќе ја завиткате косата. Погледнете го туторијалот и пробајте да го направите ова дома.rnrnНаправете фантастична пунџа со помош на чорапrn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете си гламурозна фризура за неколку минути

    Направете си гламурозна фризура за неколку минути

    Кога планирате да одите на некое важно случување, сигурно планирате и посета на фризер, козметичар, шминкер и слично, а сето тоа чини многу пари. Но, за да имате гламурозна фризура, понекогаш ви се доволни и само десетте прсти на рацете. Блогот Ucha Hair ви препорачува елегантна пунџа со плетенка. Погледнете чекор по чекор, како можете на многу едноставен начин да си ја направите сами.rnrnНаправете си гламурозна фризура за неколку минутиrnrnЧекор 1: Соберете ја косата високо во коњско опавче и заврзете ја со ластиче, а потоа врзете уште едно ластиче на половина од опавчето.rnrnЧекор 2: Од слободниот дел на косата, под второто ластиче, сплетете обична плетенка.rnrnЧекор 3: Свиткајте ја првата половина од опавчето и прицврстете ја за главата со шнолички за прицврстување, така за да добиете форма на пунџа.rnrnЧекор 4: Средишниот прамен од плетенката, држете го со прстите, а останатите два прамена потегнете ги нагоре за да ја стуткате плетенката.rnrnЧекор 5: Таквата неуредна, опуштена плетенка замотајте ја околу пунџата, наместо аксесоар.rnrnЧекор 6: Друга варијација на оваа гламурозна фризура, е да го оставите врвчето од плетенката да паѓа слободно на челото, наместо шишки.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Идеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџ

    Идеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџ

    Марамите се одличен аксесоар за коса. Со нивна помош може да постигнете секаков изглед, од слатко до секси. Еве неколку интересни идеи за фризури со марама.rn

    Марама и пунџа за женственост

    rnВрзете ја косата во неуредна пунџа. Потоа врзете ја марамата така што врзаниот јазол ќе го поставите на врвот на главата. Зацврстете ја фризурата со неколку шноли.rnrnИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџrn

    Рок девојка

    rnИзвиткајте ја косата во брановити кадрици. Свиткајте ја марамата во триаголна форма, потоа превиткајте ја неколку пати во зависност од тоа колку сакате да биде широка. Поставете ја марамата на челото врзувајќи ја во задниот дел од главата. Зацврстете ја со шноли.rnrnИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџrn

    Ретро изглед

    rnВрзете ја косата во ниска пунџа. Превиткајте ја марамата како триаголник и поставете ја на вашата коса така што краевите на триаголникот ќе дојдат напред. Едниот крај извлечете го под другите два, а потоа другите два краеви врзете ги во јазол на врвот на главата.rnrnИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџrn

    Хипи девојка

    rnИзвиткајте ја косата во брановити кадрици или врзете ја во неуредна пунџа. Потоа врзете ја и марамата, може да ја превиткате неколку пати, всушност, колку понеуредно, толку повеќе го доловувате изгледот.rnrnИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџrn

    Слатка и романтична

    rnВрзете ја косата во коњско опавче или извиткајте ја брановито. Извиткајте ја марамата, но гледајте да биде што потенка. Потоа врзете ја со панделка на страна.rnrnИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџ

  • Интересни идеи за фризури со пунџа

    Интересни идеи за фризури со пунџа

    Одраз на женственост, опуштен стил, мода или елеганција… со фризура со пунџа може да постигнете каков било ефект. Совршени речиси за секаква должина на вашата коса и за секаква пригода, се чини дека пунџите не излегуваат од мода. Еве некои интересни идеи за фризури кои би можеле да ги примените.rn
    rnrn

    Инстантен гламур

    rnОваа фризура е лесен и едноставен начин да изгледате свечено и гламурозно, без да трошите многу пари и време по фризерски салони. Извиткајте ја косата во локни, потоа врзете ја позади едното уво и извртете ги краевите околу со цел да формирате пунџа. Зацврстете ја фризурата со лак и додадете украс за коса ако сакате повеќе женственост.rn

    Интересни идеи за фризури со пунџа

    rnrn

    Ниска пунџа без многу напор

    rnНеуредна, склона кон флерт и многу секси, така би ја опишале оваа фризура. Врзете ја косата во ниско коњско опавче, но оставете да биде несовршена. Истапирајте ја со цел да создадете неуреден изглед, и извртувајте големи прамени коса прицврстувајќи ги со шноли, но оставете ги во долниот дел, не ја кревајте пунџата високо.Интересни идеи за фризури со пунџаrnrn

    Пунџа со чорап

    rnПогледнете како актерката Рис Витерспун го изведе овој едноставен и софистициран изглед. Ваквата фризура е одличен начин за додавање волумен на тенката коса. Измијте ја и исушете ја косата, потоа врзете ја во високо коњско опавче. Откако ќе ги исечете врвовите на еден чорап, извртете го во форма на крофна. Врвот на коњското опавче вметнете го низ средината на чорапот, и вртете го надолу распоредувајќи ја косата еднакво на сите страни.Интересни идеи за фризури со пунџаrn

    Пунџа настрана

    rn

    За да креирате ваков изглед, искористете производ кој ù дава волумен на косата, врзете ја во ниско опавче на една страна и извртете ги краевите.Интересни идеи за фризури со пунџа

    rnrn

    Лесно и гламурозно

    rnНаведнете се со главата надолу и исчеткајте ја косата, па врзете ја во опавче, но не ја врзувајте многу цврсто. Извртете ја косата и прицврстете ги краевите. Оставете неколку прамени да паднат надолу.Интересни идеи за фризури со пунџаrn

    Впечатлива пунџа

    rnМоже да се вклопи и во формална и во неформална пригода. Внимателно исчеткајте ја косата од сите страни и врзете ја во опавче на врвот на главата. Додека ја врзувате косата, може да додадете серум за да остане мазна. Извртете ја косата и прицврстете ја со шнола.rnИнтересни идеи за фризури со пунџаrn

    Ексцентрична фризура

    rn

    Совршено за девојките кои сакаат да се издвојат од толпата. За да го постигнете овој изглед, прицврстете ја косата во мазно коњско опавче на врвот на главата и направете малечка плетенка во која било форма.Интересни идеи за фризури со пунџа

    rnrn

    Пунџа со плетенки

    rn

    Оваа фризура е слатка и романтична. Направете една плетенка на левата страна, а друга на десната страна на главата, потоа краевите на плетенките врзете ги во јазол и прицврстете ги со шноли или проѕирно ластиче.Интересни идеи за фризури со пунџа

    rnrn

    Висока пунџа

    rnПред сè, мора да ја испеглате косата доколку ви е виткана, потоа врзете ја во коњско опавче на врвот на главата, употребувајќи серум за сјај на косата, со што ќе ја направите совршено мазна. Извртете ги краевите на пунџата, така што ќе добие изглед како на крофничка. Внимателно прицврстете ја и уживајте во прекрасниот изглед.rn

    Интересни идеи за фризури со пунџа

    rnrn

    Пунџа за кратка коса

    rn

    Истапирајте ја косата за да создадете волумен. Затегнете ја косата во ниско коњско опавче и прицврстете ги краевите.Интересни идеи за фризури со пунџа

    rnrn

    Многу волумен

    rn

    Елегантен, драматичен и секси изглед. Најпрво, врзете ја косата ниско во коњско опавче. Потоа исфенирајте ја врзаната коса за да ù дадете многу волумен. Краевите превртете ги врз дебел ластик за коса и прицврстете ги во коренот на пунџата со многу шнолички. Може да додадете некаков украс за коса, за да го „зачините“ изгледот.Интересни идеи за фризури со пунџа

    rnrn

    Неуредна пунџа

    rnНеуредна пунџа поставена на врвот на главата е навистина шик. Брановидно извиткајте ја косата, потоа извртете ја во форма на пунџа, високо  на главата. Оставете неколку прамени да висат лабаво и внимателно испрскајте ја косата со спреј.Интересни идеи за фризури со пунџа
    rnrnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Водич за фризури за долга коса

    Водич за фризури за долга коса

    Автор: Горана КоневскаrnrnИмате долга коса која ја негувате, редовно одржувате, потшишувате, но сепак сакате некаква промена. Одењето во салон бара време и средства, кои не сме сите во можност секојдневно да ги одвојуваме, а сепак сите сакаме да изгледаме убаво, привлечно и секогаш со средена фризура.rnrnВодич за фризури за долга косаrnrnЗа таа цел, погледнете ги следните туторијали, како сами дома да направите фризура и тоа за многу кратко време.rn

    Фризура бр. 1

    rnЗа права и долга коса (со или без екстензии). Може да се направи за забава, излегување, свадба и сл.rnrnВреме: 10-15 минутиrnrnПотребно е:rn

      rn011

    • четка за коса
    • rn011

    • ластиче (едно или две)
    • rn011

    • неколку тенки шноли
    • rn011

    • 2 прамени/екстензии (не е задолжително)
    • rn011

    • преса (доколку не ви е сосема права косата)
    • rn

    rnrnrnrn

    Фризура бр. 2

    rnПретежно за права коса. За на работа и за посвечени моменти.rnrnВреме: 10 минутиrnrnПотребно е:rn

      rn011

    • четка за коса
    • rn011

    • чешел
    • rn011

    • голем број ситни шнолички
    • rn011

    • ластиче
    • rn011

    • голем ластик за пунџа т.н. шињон (сунѓер во кружна форма), можете да го направите и сами
    • rn

    rnrnrnrn

    Фризура бр. 3

    rnБрза и лесна растурена пунџа. Летна фризура, која одговара за права и за виткана коса. Претежно за неформални излегувања.rnrnВреме: 5-10 минутиrnrnПотребно е:rn

      rn011

    • чешел
    • rn011

    • двоен ластик за коса
    • rn011

    • тенки шноли
    • rn

    rnrnrnrn

    Фризура бр. 4

    rnКоњско опавче познато и како фризура на Ким Кардашјан.rnrnВреме: 5-10 минутиrnrnПотребно е:rn

      rn011

    • чешел
    • rn011

    • ластиче
    • rn011

    • ситни ластичиња
    • rn011

    • тенки шноли
    • rn011

    • штипка за коса
    • rn011

    • спреј за коса
    • rn

    rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 брзи и лесни фризури за секој ден

    7 брзи и лесни фризури за секој ден

    Барем еднаш на сите ни се случило да не го слушнеме алармот и да се разбудиме со само неколку минути пред нас за подготвување. Фризурата најчесто одзема најголем дел од целата подготовка и ние во тие моменти едноставно не можеме да издвоиме толку време. Еве неколку фризури кои ќе ви помогнат да изгледате совршено за многу кратко време…rn
    rn

    1. Направете вашата коса да изгледа свежо

    rnПобедете ја мрсната коса со неколку лесни трикови: земете пудра во прав за бебиња доколку имате светла коса или камена пудра ако сте бринети и нанесете ја на врвовите со голема четка за шминкање. На овој начин вашата коса ќе добие свеж изглед. Потоа исправете ги само врвовите со пегла за коса, разбушавете ја со раце и подготвени сте за новиот ден.7 брзи и лесни фризури за секој денrn

    2. Ставете лента за коса

    rnЗа поелегантен изглед, исчешлајте ја косата наназад и ставете широка лента со панделка за да го покрие делот кој не сакате да се забележува. Исто така можете да ја соберете косата во пунџа за да добиете посериозен изглед.7 брзи и лесни фризури за секој денrn

    3. Направете растурена пунџа

    rnОва е најбрзата фризура за која ви се потребни само неколку секунди. Соберете ја целата коса и заврзете ја со стегач 2-3 пати. Доколку сакате да изгледате поуникатно, обликувајте ја пунџата со неколку шноли во боја на вашата коса, извадете неколку врвови надвор од неа за да изгледа порастурено и на крај завршете со лак за коса.7 брзи и лесни фризури за секој денrn

    4. Фризура со кинески стапчиња

    rnИ покрај тоа што на прв поглед изгледа тешко за правење – всушност таа е неверојатно лесна и брза. Доколку не знаете како се прави погледнете краток туторијал за оваа фризура. Не ви се потребни ни кинески стапчиња ако немате, можете да искористите обично стапче за коса или молив.7 брзи и лесни фризури за секој денrn

    5. Соберете ја косата со стегач во опавче

    rnПрво намокрете ја малку косата со вода за да добие брановиден облик. Потоа оставајќи еден прамен слободен, соберете ја во опавче. Откако ќе завршите завиткајте го праменот околу стегачот и прицврстете го со мала шнола.7 брзи и лесни фризури за секој денrn

    6. Соберете ги шишките

    rnОваа популарна фризура е одличен начин да ги скриете шишките кои ви се предолги. Со помош на две шноли или мал стегач соберете ги шишките нагоре и подотпуштете ги малку за да добиете волумен. За потренди изглед можете да ја соберете косата во растурена пунџа, а ако сакате да изгледате поелегантно, опавчето е совршен додаток на собраните шишки во овој стил.7 брзи и лесни фризури за секој денrn

    7. Плетенки

    rnСо малку вежбање, за многу брзо време можете да научите да правите совршени плетенки на кој било дел од косата. Француската плетенка на страна, која има улога како лента за коса е одлична идеја доколку имате многу малку време за подготвување. 7 брзи и лесни фризури за секој ден
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.