КАФЕ ПАУЗА

Tag: пунџа

  • Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред нас

    Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред нас

    Автор: Симона РистоскаrnrnДоколку во 2011 не успеавте да испробате некоја нова фризура, еве неколку идеи кои можат да ве инспирираат во годината што е пред нас. А ако изминатата година ја одбележавте со креативност и различност во стилот, нема причина зошто да не продолжите така и во 2012. Следните неколку идеи опфаќаат повеќе стилови, од елегантни и префинети фризури до диви и несекојдневни. Ваше е да се пронајдете во некоја од нив и да измамите погледи при следното излегување во град.rnrnКопирајте го стилот на Мерлин во неколку едноставни чекори. За да го добиете овој изглед, прво треба да нанесете пена за коса и да ја сушите косата со главата наведната надолу за да добиете на волумен. Потоа, повлечете ја косата на едната страна, издвојте повеќе покрупни прамени и свиткајте ги во топчиња прицврстени на крајот со шнола. Оставете ја косата така некои 10 минути, пуштете ги прамените и нежно со четка чешлајте ја косата нанадвор за да ги добиете глатките кадрици со гламурозен ефект.Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред насТантелата е секогаш ин и може да ви даде особено шик изглед за вечерните излегувања. Прво, нанесете средство за волумен на мокра коса, а потоа исправајте ја со помош на фен и четка. Соберете ја косата во опавче на страна и истапирајте ја така фатена за уште повеќе волумен. Прамените зацврстете ги со помош на шноли за да формирате пунџа. Тантелата, којашто треба да биде прилично долга, поставете ја над челото, околу пунџата и зацврстете ја под и околу неа со шноли. Пунџата не мора да биде совршена, тантелата ќе си го направи своето. Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред насТрикот кај оваа дива и воочлива фризура повторно лежи во спрејот за волумен. Добро исушете ја косата, нема потреба да употребувате четка. Колку понесреден изглед добиете, толку подобро. Издвојте дел од косата над челото, некои 2-3 сантиметри, зависно од изгледот што сакате да го постигнете. За подобар ефект, патецот поставете го што повеќе на едната страна. Издвоениот прамен можете да го зацврстите со шноли зад ушите или пак, за ефект како на сликата, соберете го на крај со остатокот од косата.rnrnОстанатиот дел можете да го истапирате или пак да ги свиткате прамените во екстра широки виклери кои ќе ги чувате некои десеттина минути. Откако ќе ги одвиткате прамените, истапирајте ја лесно косата и напрскајте ја со лак или пак со сув шампон, повторно за волумен. Соберете ја целата коса во ниско опавче. Спремни сте за журка. Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред насКратката фризура е нешто што дефинитивно треба да го пробате доколку сакате да експериментирате со должината на косата. Треба многу помалку труд за да го добиете посакуваниот ефект отколку што изгледа дека е потребно. Секако, прво ќе ви треба помош од фризер. Тајната е во разиграните степени низ целата коса, што ќе изгледаат како сами да сте ја крателе. Доколку имате густа коса ќе треба да ги изретчите краевите, а доколку имате тенка коса фризерот нека ги остави прамените долги барем до рамениците. Сè што треба вие да направите е да нанесете крема за обликување и лесно да ја изгужвате косата и имате „средена“ фризура секој ден.Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред насСледува една интересна фризура која ќе го зачини вашиот изглед и со која сигурно ќе бидете забележани. Сè што треба да направите се следните едноставни чекори. Прво, измазнете ја косата и фатете ја во ниско опавче. Изберете интересно шалче или марама и закачете го едниот крај на стегачот. Поделете го опавчето на два дела и користејќи го материјалот како трет, сплетете плетенка која на крајот можете да ја свиткате во пунџа. Најважно е да биде шарено! Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред нас
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да носите капа, а да не ви се растури фризурата?

    Како да носите капа, а да не ви се растури фризурата?

    Капите и шеширите повторно се во тренд, а сите оние кои го сакаат овој моден додаток добро знаат дека тие се голем непријател на косата. Никој не сака сплескана коса, шишки залепени за чело или наелектризирани влакна. Ако сакате да бидете модерни, а сепак да имате убава фризура, пробајте ги овие пет едноставни трикови.rnrnКако да носите капа, а да не ви се растури фризурата?rn

    Подгответе ја косата

    rn

    На косата нанесете козметички средства кои ќе ù дадат волумен. Нанесете пена за коса на влажна коса, а потоа со кружни движења нежно масирајте го коренот. Потоа наведнете ја главата надолу и со фен исушете ја косата. Трикот е во производите кои реагираат на влажност и топлина, па така со едно нанесување, можете повеќе пати да направите фризура. Откако ќе го извадите шеширот или капата, додека главата ви е сè уште топла, со влажни раце поминете низ косата и разбушавете ја со прстите и волуменот ќе биде идеален.rn.

    rn

    Направете практична фризура

    rn

    За да не се сплеска вашата коса, важно е да направите привремена фризура која ќе го задржи обликот. Исфенирајте ја косата, а потоа направете висока пунџа, ама не ја заврзувајте со ластиче, туку замотајте ја со еден прамен како полжав. Исто така, ако сакате можете да ја сплетете во плетенка (обична или внатрешна) и да ставите капче на глава.rn.

    rn

    Преместете го патецот

    rn

    Косата си има природен правец во кој расте. Овој едноставен трик навистина делува, а сè што треба да направите е да ја префрлите косата во спротивен правец од растот, пред да ја ставите капата или шеширот. Кога ќе ја извадите капата само вратете ја косата во нормална состојба. На овој начин ќе спречите косата да се сплеска и да го изгуби обликот.rn.

    rn

    Кренете ги шишките

    rn

    Безживотни шишки залепени на чело никому не му стојат добро, па затоа испробајте го овој трик. Ставете го шеширот преку шишките, а потоа полека влечете наназад сè додека шишките не останат во него. Ако имате подолги шишки прицврстете ги настрана со шнола и тоа над увото, за да може целосно да останат под капата или шеширот.rn.

    rn

    Ослободете се од електрицитетот

    rnКосата често пати лета на сите страни кога ќе ја извадите капата, бидејќи се електризира. За да го спречите тоа, прснете на косата регенератор за коса кој не се измива, а ако не носите такво нешто во вашата чанта, можете да ги пребришете дланките со влажно марамче и нежно да поминете со рацете по непослушните разлетани влакна.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Жешки модни трендови за коса ова лето

    Жешки модни трендови за коса ова лето

    Летото е во полн замав. Времето е убаво, но жештината, како и повремената влажност во воздухот, можат да предизвикаат уништување на вашата фризура која толку перфектно ја наместивте пред да излезете од дома. Репчињата и пунџите се супер избор за летно време, но можат да ви здосадат и вам и на луѓето кои често се околу вас. Земете инспирација од следниве модни трендови во секојдневното стилизирање на вашата коса.Жешки модни трендови за коса ова летоrn

    1. Плетенки

    rnПлетенките многу се носат на лето. И има зошто. Можат да се направат на коса со секоја должина, плус ги тргаат влакната од лицето.rnrnНајновиот тренд сугерира носење плетенки кои имаат изглед на рибина опашка. Овие плетенки се разликуваат од класичните по тоа што наместо на три, косата што треба да се сплете, се дели на два еднакви дела. Еве како да си направите:rn

    rnНо, не ограничувајте се само на вакви плетенки летово. Плетете тенки плетенки во венечниот предел, што е одлично решение за оние кои имаат подраснати шишки. Исто така, интересна опција е да извадите неколку тенки плетенчиња од внатрешниот дел на косата, кои ќе ѕиркаат одоздола, а супер изгледаат и кога се фатени во репче или во пунџа.Жешки модни трендови за коса ова летоrn

    2. Брановидни прамени

    rnКадриците и брановидните прамени се секогаш „ин“ во лето бидејќи се одличен начин за прилагодување на природната текстура на косата. Со оваа фризура треба да бидете внимателни да не претерате, односно не треба да ги пренагласувате прекршувањата на косата. Впрочем, сите летни фризури треба да изгледаат едноставно, направени без жешкиот воздух од феновите и без четки.rnrnЗа да направите ваква фризура, нанесете пена и спреј за заштита од сонце на тазе миена коса. Згужвајте ја косата со прстите и оставете ја сама да се исуши. Ако немате време или трпение, можете да ја исушите со фен со дифузер. Сличен ефект може да се постигне и со пегла за коса, како и со пунџички.Жешки модни трендови за коса ова летоrn

    3. Светли прамени во друга боја

    rnБоите се хит ова лето. Жешки розови усни, дречливи нокти и црвеникава коса, боите се насекаде по нас. Но, наместо да ја фарбате одново целата коса, извадете неколку светли прамени или тенки праменчиња во други бои. Ако имате природно темна коса, веројатно прво ќе треба да нанесете бланш, па потоа боја. Предлог: сина, виолетова, розова или црвена. Ефектот е одличен.rnrnЗа да не претерате, добро е да извадите само неколку прамени за бојадисување, кои ќе ги истакнуваат линиите на вашето лице. Извадете прамени од подолниот или средниот слој на косата или пак, фатете повеќе прамени, но прошарајте ги само врвовите.Жешки модни трендови за коса ова летоrn

    4. Пердуви и цветови

    rnПердувите се нов моден детаљ за во коса, додека цветовите се класичен летен додаток. Пердувите најверојатно ќе се носат и на есен, така што искористете го овој период за да се изнаносите цветни додатоци.rnrnПердувчињата можете да ги носите вдолж косата или пак да ставите венче од пердуви. Цветовите пак, најдобро изгледаат зад увото на пуштена коса или вметнати странично покрај пунџичка, при што природен цвет е секогаш подобар избор.Жешки модни трендови за коса ова летоКој моден летен тренд најмногу ви се допаѓа?rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук