КАФЕ ПАУЗА

Tag: пунџа

  • Секси комбинација од пунџа и плетенка – фризура која нема да остане незабележана

    Секси комбинација од пунџа и плетенка – фризура која нема да остане незабележана

    Без разлика дали одите на училиште, факултет, работа или пак, се спремате за вечерно излегување, плетенката е секогаш одличен избор за фризура. Но, уште подобро е ако направите комбинација од пунџа и плетенка, фризура која со сигурност ќе биде забележана од сите околу вас.rnrnСекси комбинација од пунџа и плетенка - фризура која нема да остане незабележанаrnrnОваа фризура е многу едноставна за правење. Најпрво косата поделете ја на средина и од едната страна издвојте 3 прамени од кои потоа ќе исплетете плетенка. Остатокот од косата соберете го во бушава пунџа и прицврстете го со мали црни шнолички. За оваа одлична фризура ќе ви бидат потребни само неколку минути.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Тренд фризури за есен/зима 2014-2015

    Тренд фризури за есен/зима 2014-2015

    Обновете ја вашата фризура според најновите трендови за есен/зима 2014-2015. Модните гиганти ни презентираа незаборавни фризури, а најдоброто кај нив е што можете да ги направите дома и се одлични за секојдневен изглед. Плетенки, коса на страна, опавче или права коса – на вам е само да изберете. Сè од ова ќе се носи оваа сезона есен/зима.rnrn0-trend-frizuri-za-esenzima-2014-2015-kafepauza.mkrn

    1. Коса длабоко тргната на страна

    rn2-trend-frizuri-za-esenzima-2014-2015-kafepauza.mkrn

    2. Плетенки во ретро и винтиџ стил

    rn3-trend-frizuri-za-esenzima-2014-2015-kafepauza.mk 4-trend-frizuri-za-esenzima-2014-2015-kafepauza.mkrn

    3. Ефект на мокра коса

    rn5-trend-frizuri-za-esenzima-2014-2015-kafepauza.mkrn

    4. Опавче (класично шик, ниско елегантно, разделено на страните)

    rn6-trend-frizuri-za-esenzima-2014-2015-kafepauza.mk 7-trend-frizuri-za-esenzima-2014-2015-kafepauza.mkrn

    5. Класична француска пунџа (безвремен синоним за шик и гламур)rn15-trend-frizuri-za-esenzima-2014-2015-kafepauza.mk

    rn

    6. Некласична пунџа (заплетена или неуредна)rn13-trend-frizuri-za-esenzima-2014-2015-kafepauza.mk14-trend-frizuri-za-esenzima-2014-2015-kafepauza.mk

    rn

    7. Јазли (разновидни, а едноставни алтернативи на балерина фризурата)

    rn8-trend-frizuri-za-esenzima-2014-2015-kafepauza.mk9-trend-frizuri-za-esenzima-2014-2015-kafepauza.mkrn

    8. Права коса (неуреден изглед или кежуал варијанта со навиткани врвови)

    rn10-trend-frizuri-za-esenzima-2014-2015-kafepauza.mkrn

    9. Нови и елегантни бои (црвени и кафени нијанси)

    rn11-trend-frizuri-za-esenzima-2014-2015-kafepauza.mk 12-trend-frizuri-za-esenzima-2014-2015-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 брзи фризури кои изгледаат одлично и на дожд

    3 брзи фризури кои изгледаат одлично и на дожд

    Ако не сте сигурни какво време ќе начекате во текот на денот, одете на сигурно и направете некоја од овие 3 фризури кои изгледаат одлично и на суво и на влажно време.rnrn3-brzi-frizuri-koi-izgledaat-odlichno-i-na-dozhd-kafepauza.mkrnrnПлетенки поврзани во форма на круна, спуштена пунџа надополнета со шнолички и венче во стилот на грчките божици – секоја од овие фризури е отпорна на дожд.rnrn

  • Фризура: извртени плетенки во пунџа во само 4 чекори

    Фризура: извртени плетенки во пунџа во само 4 чекори

    Оваа фризура е совршена за на свадба, но дури и за обичен ден кога едноставно сакате средена коса. Лесно ќе ја направите сами во 4 чекори. Погледнете како.rnrnФризура: извртени плетенки во пунџа во само 4 чекориrnrnИзрамнете ја косата со еден потег со пегла за коса. Нанесете средство за сјај на косата и потоа поделете ја на двете страни.rnrnФризура: извртени плетенки во пунџа во само 4 чекориrnrnКосата од десната страна поделете ја на два еднакви дела и извртете ја така што ќе личи на плетенка (како што е прикажано на сликата). Кога ќе стигнете до краевите, зацврстете ја плетенката со ластиче за коса.rnrnФризура: извртени плетенки во пунџа во само 4 чекориrnrnИстата постапка повторете ја и на другата страна.rnrnЗемете ја едната плетенка и извртете ја во елипсовидна форма, (како што е прикажано на сликата). Зацврстете ја со шнолички и истото повторете го со другата плетенка.rnrnФризура: извртени плетенки во пунџа во само 4 чекориrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Идеална фризура за посебни прилики: Плетенка околу пунџа

    Идеална фризура за посебни прилики: Плетенка околу пунџа

    Оваа фризура е идеална за на свадби, погодна е и за мали девојчиња, и иако изгледа комплицирано, всушност лесно е да се направи.rnrn1-idealna-frizura-za-posebni-priliki-pletenka-okolu-pundzha-kafepauza.mkrnrnЗа да ја направите оваа фризура, најпрво треба да направите опавче на средна висина, но притоа да оставите еден триаголен дел коса во предниот дел на главата. Потоа почнете да плетете внатрешна плетенка земајќи еден прамен од предниот дел на косата и еден подебел од опавчето кој веднаш ќе го поделите на два. Плетете така земајќи прамени од лево и од десно сѐ додека не го потрошите предниот издвоен дел од косата, притоа постојано движејќи се околу опавчето. Откако ќе ја завршите плетенката околу опавчето, продолжете да плетете обична плетенка додека не ја завршите целата коса. Замотајте ја плетенката наоколу и крајот прицврстете го со мала шноличка. Погледнете ја подолу постапката чекор по чекор.rnrn2-idealna-frizura-za-posebni-priliki-pletenka-okolu-pundzha-kafepauza.mk 3-idealna-frizura-za-posebni-priliki-pletenka-okolu-pundzha-kafepauza.mk 4-idealna-frizura-za-posebni-priliki-pletenka-okolu-pundzha-kafepauza.mk 5-idealna-frizura-za-posebni-priliki-pletenka-okolu-pundzha-kafepauza.mk 6-idealna-frizura-za-posebni-priliki-pletenka-okolu-pundzha-kafepauza.mk 7-idealna-frizura-za-posebni-priliki-pletenka-okolu-pundzha-kafepauza.mk 8-idealna-frizura-za-posebni-priliki-pletenka-okolu-pundzha-kafepauza.mk 9-idealna-frizura-za-posebni-priliki-pletenka-okolu-pundzha-kafepauza.mk 10-idealna-frizura-za-posebni-priliki-pletenka-okolu-pundzha-kafepauza.mk 11-idealna-frizura-za-posebni-priliki-pletenka-okolu-pundzha-kafepauza.mk 12-idealna-frizura-za-posebni-priliki-pletenka-okolu-pundzha-kafepauza.mk 13-idealna-frizura-za-posebni-priliki-pletenka-okolu-pundzha-kafepauza.mk 14-idealna-frizura-za-posebni-priliki-pletenka-okolu-pundzha-kafepauza.mk 15-idealna-frizura-za-posebni-priliki-pletenka-okolu-pundzha-kafepauza.mk
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 едноставни и модерни фризури кои ќе ви дадат сосема нов изглед

    7 едноставни и модерни фризури кои ќе ви дадат сосема нов изглед

    Едноставните модерни фризури можат многу да ви помогнат кога имате лош ден за вашата коса и да ви овозможат импресивен изглед без никој да забележи дека таа е „непослушна“. Без разлика дали имате работни/факултетски обврски или пак, треба да се видите со вашите најблиски, погледнете ги наредниве неколку идеи за фризури кои можат да ви помогнат за кратко време да изгледате прекрасно…rn

    1. Плетенка на страна

    rn7 едноставни и прекрасни фризури кои ќе ви дадат сосема нов изгледrnrnОваа фризура одлично стои на сите видови коса и откако ќе ја направите нема да изгледа како да сте немале време за подготвување. Со помош на чешел или четка преместете ја вашата коса на едното рамо. Потоа поделете ја на 3 еднакви делови и направете лабава плетенка, притоа оставајќи неколку сантиметри отпуштени на крајот. Прицврстете ја вашата плетенка со стегач за коса. Доколку некои прамени ви се отпуштаат, слободно зацврстете ги со мали црни шнолички.rn

    2. Високо коњско опавче

    rn7 едноставни и прекрасни фризури кои ќе ви дадат сосема нов изгледrnrnВисокото коњско опавче секогаш изгледа елегантно, без разлика дали имате права или виткана коса. Соберете ја целата коса на врвот на вашата глава и потоа заврзете ја со стегач. Одвојте мал прамен и замотајте го околу стегачот за да добиете попрефинет изглед. Или пак, додадете мала машна.rn

    3. Пунџа

    rn7 едноставни и прекрасни фризури кои ќе ви дадат сосема нов изгледrnrnТрикот за добра пунџа е да не ја собирате вашата коса престегнато. Исто така можете да експериментирате со положбата на пунџата, направете ја на врвот на вашата глава, малку пониско или пак од страна. Од сите овие комбинации пунџата на страна изгледа најелегантно и можете да ја носите и на работа и со вашиот омилен фустан за вечерно излегување.rn

    4. Превртена пунџа

    rn7 едноставни и прекрасни фризури кои ќе ви дадат сосема нов изгледrnrnЕдноставната превртена пунџа изгледа одлично и за формален и за кежуал изглед, па можете слободно да ја носите и на работа и на забавата по работа. Всушност таа би била одлична за во секоја ситуација, дури и кога би оделе само до продавница. Соберете ја вашата коса кај врвот на вашиот врат и превртете ја наопаку така што ќе ја поместите на страна за да не им дозволите на краевите да излегуваат од пунџата. Зацврстете ја со неколку мали црни шнолички. Доколку сакате да имате позабавна фризура, декорирајте ја со машна или со свилено цвеќе.rn

    5. Половина собрана

    rn7 едноставни и прекрасни фризури кои ќе ви дадат сосема нов изгледrnrnНема ништо погламурозно од собирање на половината од вашата коса и оставање на останатиот дел отпуштен. Оваа фризура е совршена за сите пригоди и е многу лесна за подготовка. Едноставно соберете го горниот дел од вашата коса, започнувајќи над вашите уши, повлечете го наназад и зацврстете го со мали црни шнолички, поголема штипка за коса или пак, со беретка. Овој изглед одлично стои на шишки.rn

    6. Француска плетенка

    rn7 едноставни и прекрасни фризури кои ќе ви дадат сосема нов изгледrnrnЗа разлика од страничната плетенка, овој изглед е подобар доколку сакате вашата коса да е поцврсто собрана. Француската плетенка е лесна за подготовка и одговара на сите видови облека. Одберете мал дел од вашата коса кој е на врвот од вашата глава и поделете го на 3 дела. Почнете да ја плетете вашата коса така што ќе додавате ново праменче на секој нов слој од плетенката. На крај зацврстете ја со машна или завршете ја во пунџа за да го освежите вашиот изглед.rn

    7. Собрана наназад

    rn7 едноставни и прекрасни фризури кои ќе ви дадат сосема нов изгледrnrnОдделете мало парче од вашата коса и повлечете го наназад. Оваа едноставна фризура ќе ѝ даде волумен на вашата коса и истовремено ќе го освежи вашиот изглед. Промените се секогаш позитивни кога станува збор за секојдневната фризура.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете си гламурозна превртена пунџа за само 5 минути

    Направете си гламурозна превртена пунџа за само 5 минути

    Кога некој би ви рекол дека за само пет минути можете сами да си направите елегантна фризура, која одговара за секаква прилика, сигурно би биле воодушевени. Но, не станува збор за шега, туку за одличен трик, благодарение на кој со само едно ластиче за коса и шноли за прицврстување, можете да заблескате со оваа гламурозна превртена пунџа.rnrnНаправете си гламурозна превртена пунџа за само 5 минути rn

    Потребно ви е:

    rn

      rn011

    • 1 ластиче за коса
    • rn011

    • Неколку црни класични шноли за прицврстување
    • rn011

    • Лак за коса
    • rn

    rn

    Постапка:

    rnДоколку косата ви е миена истиот ден и е лизгава, напрскајте ја со лак за коса, за да добие тежина. Дигнете ја косата во коњско опавче и врзете ја со ластиче во иста боја како вашата коса. Држејќи го опавчето со едната рака, разлабавете го ластичето малку, повлекувајќи го околу 2-5 см од коренот. Во просторот помеѓу ластичето и главата, раздвојте ја косата, за да формирате „џепче“. Коњското опавче префрлете го преку ластичето и вметнете го во добиениот џеб, така што да се сокрие секое влакно од косата. Добиената пунџа притиснете ја со дланката спрема темето, а со шноличките прицврстете ги останатите непослушни влакна.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тренди фризура со ситни плетенки собрани во пунџичка

    Тренди фризура со ситни плетенки собрани во пунџичка

    Во летниот период пуштената коса не само што ни пречи на вратот и на рамената, туку и полесно ја губи формата како резултат на тоа што се потиме. Ова е идеална летна фризура – ја држи косата прибрана, дава тренди и опуштен изглед, и не треба да се грижите за неа во текот на денот. Ќе остане одлична со часови откако ќе ја направите.rnТренди фризура со ситни плетенки собрани во пунџичкаЧекор 1: Земете мал прамен од едната страна на главата и сплетете го во плетенка.rnrnЧекор 2: Под плетенката, одвојте уште еден мал прамен, поделете го на два еднакви дела и завртете ги еден околу друг до долу (како да правите плетенка со 2 прамени).rnrnЧекор 3: Повторете го истото од другата страна.rnrnЧекор 4: Земете ги двете плетенки и двата завртени прамени и фатете ги со ластиче во задниот дел од главата кај круната.rnrnЧекор 5: Земете го остатокот од косата, завиткајте го нагоре и пикнете го под плетенките и вртените прамени. Прицврстете со шноли. Ако имате подолга коса, можете да го сплетете долниот дел во лабава плетенка пред да го пикнете под плетенките.Тренди фризура со ситни плетенки собрани во пунџичкаrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фризура 2 во 1: Превртена француска плетенка подигната во пунџа

    Фризура 2 во 1: Превртена француска плетенка подигната во пунџа

    Ова е едноставна фризура која е одлична за летниот период. Ќе ви ја држи косата прибрана, додека истовремено ќе делувате многу стилски, па дури и елегантно.rnrnФризура 2 во 1: Превртена француска плетенка подигната во пунџаrnrnСигурно ви е здодеано од класичното опавче и хаотичните пунџи. Ова е одличен начин да ги комбинирате двете најпопуларни летни фризури во една – француската плетенка и балеринската пунџа.rnrnЗа да ја направите фризурата може да ви треба помош од пријателка која знае да плете француски плетенки, но ако и самите сте искусни во ова, би можеле да ја направите и сами.rnrnФризура 2 во 1: Превртена француска плетенка подигната во пунџаrn

    Потребни алатки:

    rn

      rn011

    • Четка
    • rn011

    • Стегачи
    • rn011

    • Шноли за прицврстување
    • rn011

    • Сунѓер за пунџи, пена и лак за коса (опционално)
    • rn

    rnСовет: Полесно е да се работи на коса која не е тазе миена.rnrnФризура 2 во 1: Превртена француска плетенка подигната во пунџаrnrnЧекор 1: Убаво исчешлајте ја косата за да не ви останат заплеткани делови. Потоа нанесете од пената за коса.rnrnЧекор 2: Поделете ја косата така што ќе фатите од левото уво преку круната на главата до десното уво. Фатете го горниот дел со штипка, што ќе ви го олесни плетењето на долниот дел.rnrnЧекор 3: Превртете ја главата наопаку и повторно нежно исчешлајте го долниот дел од косата. Почнете да ја плетете плетенката од вратот сè до круната на главата. Врзете ја плетенката со ластиче, а останатиот дел оставете го слободен во опавче.rnrnЧекор 4: Тргнете ја штипката од горниот дел од косата. Поврзете ги горниот дел и опавчето од плетенката и прицврстете ги со стегач формирајќи високо опавче.rnrnЧекор 5: Сега треба да ја направите пунџата. За ова може да користите сунѓерче за пунџи (во форма на ѓеврече). Ставете го врз опавчето, распоредете ја косата околу него и потоа пикнете ја косата под сунѓерчето прицврстувајќи ја со шноли.rnrnМожете да ја направите и без сунѓерче. Подигнете ја малку косата и замотајте ја околу ластичето. Или пак, исплетете ја и потоа замотајте ја околу ластичето.  На крајот повторно прицврстете со шноли.rnrnЧекор 6: Нанесете лак за коса на четката и измазнете ја фризурата.rnrnУбавината на оваа фризура е во тоа што е несекојдневна, практична и елегантна. Можете да ја носите на плажа, за излегување навечер или за во канцеларија. Можете да ја носите сосема измазнета за поелегантен изглед или пак со неколку извадени тенки праменчиња за позабавен, опуштен изглед. Кој и да е вашиот избор нема да погрешите. Секогаш ќе бидете забележани.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 кул начини за врзување марама за коса

    3 кул начини за врзување марама за коса

    Не е за изненадување тоа што кога температурите растат, редовен аксесоар на модните писти се марамите за глава со принтови, кои жените ги обожаваат за да се ослободат од косата која се лепи по вратот, а сепак да изгледаат стилски. Но, и покрај тоа што марамите изгледаат многу симпатично и опуштено, сепак нивното врзување личи сложено за оние коишто не знаат дека станува збор само за неколку едноставни потези.rnrnШто да правите доколку марамата ви е коцкеста или пак долга колку чаршав? Без грижи, стилистката Миша Џи ќе ви покаже 3 кул начини да ја заврзете вашата коса со марама: врзување на спуштена коса како венче, вртена околу високо кренато странично опавче или врзана како машничка на фризура со пунџа. Погледнете и потоа пробајте и сами.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.