КАФЕ ПАУЗА

Tag: професор

  • 10 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во професор или професорка

    10 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во професор или професорка

    Едно е сигурно: Нема да најдете попосветена и понесебична личност од онаа која работи како учител! Тоа значи дека професорите се одличен избор ако барате сериозна врска или животен партнер. Но, пред да започнете врска со човек кој предава, постојат неколку работи кои треба да ги знаете. Ова се 10-те нешта што треба да ги имате предвид пред да се вљубите во професор или професорка…rnrn10 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во професор или професоркаrn

    1. Не зборувајте за училиште за време на викендот или во текот на летото

    rnЗа време на празниците и одморите како што се продолжените викенди, зимските, пролетните и летните одмори, немојте да почнувате разговори поврзани со училиште освен ако професорите не почнат да зборуваат први на таа тема. Ним им требаат тие одмори за да се ослободат од стресот со кој секојдневно се соочуваат. Тие мораат да се справуваат со стотици различни карактери секој ден и тоа не е воопшто лесно. Покажете ја вашата почит и разбирање со тоа што ќе им дозволите да одморат.rn

    2. Вие бидете задолжени за донесувањето одлуки во петок навечер

    rnКога конечно ќе дојде крајот на неделата и професорите ќе завршат со часови, тие воопшто не се способни одлучуваат. Во текот на неделата тие се соочуваат со носење најразлични одлуки, почнувајќи од тоа како ќе го организираат часот, па сѐ до тоа како да се справат со однесувањето на некој проблематичен ученик. Токму затоа, во петок вие преземете ја одговорноста за планирање на вечерта. Нарачајте го нивното омилено јадење и одберете го филмот што знаете дека го обожаваат.rn

    3. Немојте да правите планови во недела навечер

    rnНеделата е ден за релаксација и полнење на батериите пред почетокот на новата работна недела. Не и за професорите! Тие ја користат неделата за проверување тестови и организирање часови. Да, тие го прават тоа додека сите други луѓе маратонски си ги гледаат омилените серии. Па така, ако сте направиле планови за недела попладне, подобро е да ги откажете, бидејќи тоа нема да им одговара на вашите сакани.rnrn10 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во професор или професоркаrn

    4. Немојте да ги осудувате поради тоа што постојано трошат пари на листови во боја и боички

    rnНа учениците секогаш им недостасува нешто: Си ја заборавиле тетратката дома, немаат боички, немаат листови, немаат ножици, лепило итн. Токму затоа, професорите секогаш треба да носат резерва од сите овие работи за секој случај. А овие предмети се од оние што земјата ги проголтува и магично се губат засекогаш. Немојте да ги осудувате вашите сакани ако постојано трошат пари на училиштен прибор. Наместо тоа, ако сакате да ги израдувате, купете цел пакет лепила и моливи и верувајте дека многу ќе им помогнете.rn

    5. Подгответе се да слушате лекции по математика и историја додека вечерате

    rnПростете им поради лекциите за време на вечерата. Тие едноставно не можат да се воздржат, особено ако одржале прекрасен час и имаат потреба да ви го прераскажат до најситни детали. Не мора да ги слушате. Само одвреме-навреме климајте со главата.rn

    6. Сфатете дека ќе мора да го делите партнерот или партнерката со учениците

    rnПрофесорите се по природа несебични луѓе и тие постојано даваат сѐ од себе за да им помогнат на нивните ученици и колегите. Ако се блиски со учениците, тие сигурно ќе им се јавуваат и после часовите за да им поставуваат прашања во врска со домашната или тестот што треба да го прават. Тоа можеби ќе ви оди на нерви, но немојте да ги принудувате да изберат меѓу нивната желба да помогнат и вашата љубов. Нивното срце е доволно големо за сите луѓе во нивниот живот.rn

    7. Слушајте ги кога ќе ви зборуваат за ужасните родителски средби на кои треба да присуствуваат

    rnПрофесорите се под голем притисок на училиште. Тие не само што си имаат работа со разгалени деца, туку треба да се справат и со нивните напорни родители, со нечувствителните директори и љубоморните колеги. Кога ќе ви ги кажат сите овие проблеми и ќе посакаат да се откажат, само сослушајте ги внимателно, пружете им поддршка и понудете ја вашата помош. На тој начин ќе им помогнете да се ослободат од стресот и да ја најдат потребната мотивација за да продолжат понатаму.rnrn10 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во професор или професоркаrn

    8. Нема потреба да им кажувате дека изгледаат уморно. Тие се многу уморни секој ден од неделата

    rnНемојте го нагласувате тоа што вашите сакани изгледаат поспано. Ако професорите изгледаат уморно во понеделник, постои голема веројатност дека тие ја поминале неделната вечер подготвувајќи се за претстојната недела и оценувајќи тестови.rn

    9. Навикнете се на тоа дека кога ќе кажат „моите деца“ мислат на нивните ученици

    rnПознато е тоа дека професорите им се како втори мајки и татковци на учениците. Па затоа и тие почнуваат да ги чувствуваат нив како родени деца. Немојте да се изненадувате ако кажат „Знаеш што направи едно од моиве деца денес? Го скрши прозорецот!“. Тоа не значи дека тие имаат вонбрачно дете, туку дека мислат на нивен ученик.rn

    10. Помогнете им да се опуштат на крајот од денот

    rnПрофесорите работат непрестајно во текот на целиот ден. Тие носат по илјада одлуки дневно. Но, тие исто така имаат и многу одговорности и обврски. Тие понекогаш ја преземаат улогата на доктори, родители, психолози и водачи и сето тоа може да се случи во само еден ден! Тие постојано даваат. Токму затоа, треба да им помогнете да се опуштат. Подгответе им го омиленото јадење, помогнете им со некоја домашна обврска што тие не стигнале да ја завршат. Овие ситници ќе им дозволат да си ги наполнат батериите и да ја соберат потребната енергија за утрешниот напорен ден.rnrnЉубовната врска со овие луѓе може да биде навистина прекрасна ако имате доволно разбирање и почит кон нивната професија. Тие ќе го ценат вашето внимание и ќе знаат како да ви возвратат на вистински начин.rnrnДоколку вие се занимавате со оваа професија, прочитајте какви професори сакаат студентите и учениците.

  • Браво професоре! Бебе почнува да плаче за време на предавање, професорот реагира на најдобриот можен начин

    Браво професоре! Бебе почнува да плаче за време на предавање, професорот реагира на најдобриот можен начин

    Професорот Сидни Енглберг, 67-годишен предавач на Еврејскиот универзитет во Ерусалим не се збунил кога едно бебе почнало да плаче чија мајка ги посетува неговите предавања за организационо однесување. Мајката се засрамила и сакала да го напушти часот, но наместо тоа, таткото на 4 деца и дедо на 5 го земал детето и го смирил во своите раце, без притоа да го загуби текот на предавањето.rnrn1-bravo-profesore-bebe-pochnuva-da-plache-za-vreme-na-predavanje-profesorot-reagira-na-najdobriot-mozhen-nachin-kafepauza.mkrnrnСпоред неговата ќерка, Енглберг им дозволува на мајките кои слушаат предавања на постдипломски студии да си ги земат децата, па дури и да ги дојат. Ниедна мајка не треба да избира помеѓу мајчинството и образованието.rnrn2-bravo-profesore-bebe-pochnuva-da-plache-za-vreme-na-predavanje-profesorot-reagira-na-najdobriot-mozhen-nachin-kafepauza.mk3-bravo-profesore-bebe-pochnuva-da-plache-za-vreme-na-predavanje-profesorot-reagira-na-najdobriot-mozhen-nachin-kafepauza.mkrnrn 

  • Професор на необичен начин ги научил своите ученици на една важна животна лекција за привилегијата

    Професор на необичен начин ги научил своите ученици на една важна животна лекција за привилегијата

    Еден професор во средно училиште сакал да сподели важна животна лекција со неговите ученици. Но, тој сметал дека монотоното предавање нема да биде слушнато, па токму затоа испланирал интерактивна вежба. Сè што му било потребно биле парчиња хартија и канта за рециклирање на почетокот од просторијата.rnrnТој им кажал на сите ученици дека тие ја претставуваат целата популација и дека секој од нив има шанса да се збогати. Потоа им дал едноставна инструкција:rn

    „За да преминете во повисоката класа, вие мора да го фрлите парчето хартија во кантата, но притоа без да станете од вашето столче.“

    rn(1) Професор на необичен начин ги научил своите ученици на една важна животна лекција за привилегијатаrnrnРезултатите биле токму тоа што би можеле да очекувате. Повеќето од учениците во првите редови ја погодиле кантата, додека поголемиот дел од оние позади не успеале. Професорот објаснил:rn

    „Колку сте поблиску до кантата, толку ви се подобри шансите. Вака изгледа привилегијата.“

    rn(2) Професор на необичен начин ги научил своите ученици на една важна животна лекција за привилегијатаrnrnЕдинствените ученици кои се жалеле за нефер ситуацијата биле оние од задниот дел на просторијата. Од друга страна пак, учениците понапред во просторијата биле толку фокусирани на задачата што воопшто не обрнале внимание на нивната предност, односно привилегија.rnrnТокму така и функционира привилегијата. Таа може да ни овозможи појасен поглед во сегашноста и иднината, но исто така може и да нè одвлече од предизвиците кои ги доживуваат луѓето зад нас со истите цели. Во таа смисла, луѓето со привилегии можат да бидат пречки за социјалното движење на оние без привилегии. Професорот завршил со следнава изјава:rn

    „Вашата работа како студенти кои се здобиваат со едукација е да бидете свесни за вашата привилегија и да ја искористите оваа привилегија наречена ‘образование’ за да го направите најдоброто што можете при постигнување на огромни нешта, но притоа треба и да им помагате на оние во редовите зад вас.“

    rnПогледнете го ова одлично видео од целиот настан…rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 18 нешта кои ги криеме од нашите професори, а тие сепак ги знаат

    18 нешта кои ги криеме од нашите професори, а тие сепак ги знаат

    Честопати во текот на нашето школување ни паѓало на памет да ги излажеме професорите, мислејќи дека тие не забележуваат што се случува, но вистината е дека тие точно знаат кога лажеме. Од тоа кога навистина треба да одиме во веце, до тоа кога некој нè повредил, професорите се меѓу првите кои ги согледуваат очигледните знаци.rn

    1. Која е вашата симпатија

    rnСудбината не е онаа која ве спои со него/неа. Професорката беше.rnrn1-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mk_rn

    2. Кога ви се оди во тоалет

    rnМожеби со усните велите дека ви се оди во тоалет, но раката во џебот е јасен показател дека морате да вратите на пораката која ви стигнала пред неколку минути, а знаете дека на час ќе бидете фатени.rnrn2-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mk_rn

    3. Што всушност се случило со домашната работа

    rnБаш за домашната се погоди да немате интернет? А имавте за да се седите со часови на социјалните мрежи. Да, да, чудно и необично, навистина.rnrn3-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mkrn

    4. Кога немате научено

    rn90% од класот добиле високи оценки, а вие се вадите со тоа дека професорот ве мрази. Професорот не ви е крив што не сте седнале да научите.rnrnBillsrn

    5. Кога пишувате пораки

    rnПогледот надолу, телефонот во рацете. Плус, стравот дека ќе бидете фатени е тоа што најмногу ве издава.rnrn5-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mkrn

    6. Кога премногу се трудите за да се вклопите

    rnКога правите сѐ што ќе ви речат, без разлика колку е глупаво, ни малку не се познава колку сте очајни. Нее..rnrn6-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mkrn

    7. Кога не го користите целиот потенцијал кој го имате

    rnПаметни сте, но бегате од часови и не учите. Нема нешто што ги иритира професорите повеќе од ова.rnrn7-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mkrn

    8. Или кога едноставно „не ви оди“ предметот

    rnСите имаме еден предмет во кој сме особено добри, но тоа не значи дека не треба да се трудиме во оние кои едноставно не се за нас.rnrn8-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mkrn

    9. Кога се однесувате ужасно кон другите ученици

    rnСигурни сте дека не знаете зошто добивте дополнителна домашна или зошто баш вас ве одбраа да правите проект? Сосема сте сигурни?rnrnrn

    10. Кога другите се однесуваат ужасно кон вас

    rnНатажениот лик кажува сѐ.rnrn10-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mk_rn

    11. Кога не ја сакате професорката

    rnПревртувањето со очите се забележува, па макар и да сте во последната клупа, но тоа толку и не ги интересира професорите.rnrn11-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mkrn

    12. Кога ви се допаѓа професорката

    rnВерувајте дека се познава, иако таа е свртена со грб. Особено меркањето, тоа најмногу се забележува.rnrn12-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mkrn

    13. Кога едноставно нешто не ви е денот

    rnСмачено ви е од сѐ и сакате само да потонете во длабок сон и никогаш да не се разбудите. Токму затоа и не ве вознемируваат професорите.rnrn13-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mk_rn

    14. Кога треба да се ослободите од часови

    rnВи се слоши само што стигнавте на училиште, токму пред големото испрашување? Каква случајност.rnrn14-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mkrn

    15. Кога родителите премногу ви го прават меракот

    rnСамите родители го кажуваат тоа.rnrn15-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mkrn

    16. Кога препишувате домашни едни од други

    rn10 исти реченици? Сигурно е телепатија во прашање, па дури и исти мисли имате.rnrn16-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mkrn

    17. Кога лажете

    rnОва сигурно не им е прв пат како предаваат, а вие сигурно не сте првите ученици кои тие ги имаат. Па и самите професори го правеле истото.rnrn17-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mkrn

    18. Кога сте се помачиле да научите

    rnПа добро се гледа дека било пет на четири, ама ете петка поради трудот кој сте го вложиле.rnrn18-18-nesta-koi-gi-krieme-od-nasite-profesori-a-tie-sepak-znaat-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Последната приказна“ – Ели Г. Радеска

    Книга: „Последната приказна“ – Ели Г. Радеска

    Трогателна приказна за едно друго време, за една силна жена и уште посилна љубов

    rn

    Наша оценка: 10

    rn

    Ваша оценка [ratings]

    rnrnКнига: „Последната приказна“ - Ели Г. РадескаrnrnВо изминатите две години заедно со Ели ја имавме таа среќа, благодарение на најдобриот сајт во електронскиот простор во Македонија и соработката со добро познатите издавачки куќи, да ја споделиме љубовта кон книгите преку нашите рецензии, макар и не толку умешно, но со огромна желба да се поврземе со сите читатели кои ја делат истата страст. Иако токму книгите се секогаш најголемиот предизвик, секоја среда и секој втор викенд ново дело кое се надеваме дека ќе ги задоволи вашите интереси, верувам дека она што нè одржа свежи и желни за уште читање е токму одличната динамика и можноста да имаш со кого да се споредиш, да се надградиш и од кого да научиш нешто ново. Воведов беше потребен за да објаснам колку ми значи што сега имам можност да напишам рецензија токму за нејзиното првенче „Последната приказна“, а уште повеќе што станува збор за приказна која допира длабоко во срцето и која навистина вреди да се прочита.rnrn


    rnrn

    Доделуваме 2 книги

    rnrn


    rnrnrnСара е млада и успешна новинарка која конечно ја остварува својата огромна желба, да ја открие приказната на Бисера, нејзиниот идол, писателка и жена со неверојатно животно искуство. Во топлиот дом на Бисера, опоен со мирис на рози и исполнет со љубов и грижа, Сара слуша од оваа силна бабичка за животот во едно друго време.rnrnПриказната ја следи историјата на нејзиното семејство во мало македонско, грнчарско село која уште од почетокот е обоена со тага и губиток. Бисера била најмала во семејството со пет деца и уште како малечка поради последиците од војната ги губи родителите, па за неа се грижат постариот брат и сестрите. Немирен дух но со огромно срце, Бисера уште тогаш е различна од останатите. Поради нејзината желба за учење и читање, нејзиниот брат се решава да ја прати во големиот град да живее со нивниот братучед и да се школува. Раскажувањето за преселбата од малечко место во главниот град е збогатено со интересни приказни и секако емоциите на една млада девојка која во тоа време собира храброст да ги напушти најблиските за да се школува и да живее подобар живот.rnrnГрадот е огромен предизвик, но и шанса за возбудлив живот и остварување на соништата. Бисера учи, се менува и надградува за на крајот целосно да се претопи во средината и да го чувствува тоа место како свој дом. Тука нејзината креативност добива друга димензија и конечно може да го прави она што најмногу го сака, да пишува, па многу набрзо доживува успех откако е објавена нејзината прва книга. Но, ниту една приказна не би била комплетна без големата љубов да замеша прсти. Бисера го запознава Васил, интелигентен и топол човек кој ја гледа како да е најдрагоценото нешто на светот. Васил е професор во нејзиното училиште а Бисера, иако зрела и интелигентна, сепак е само ученичка. Иако умешно ја кријат нивната љубов долго време, набрзо се дознава и нивните среќни денови се целосно уништени. Васил оди во затвор поради афера со ученичка а Бисера мора да научи да живее без него, осудена од околината и од нејзиниот братучед кој ја напушта и ја остава да живее сама. Целосно напуштена и осамена, скршена поради тоа што нејзината голема љубов гние во затвор поради неа, Бисера се препушта на единствената светла точка која преостанува, нејзиното пишување.rnrnГодините минуваат, Бисера брзо по завршувањето на школувањето станува професорка по македонски јазик, благодарение на нејзиниот успех со книгата. Токму кога почнува да размислува дека не сака да остане сама, дека сака дете и маж кој ќе биде покрај неа иако е свесна дека никој нема да го замени Васил, животот ѝ ги скрстува патиштата со Крсте. Шармерот и ласкач кој набрзо станува нејзин сопруг, се чини е нешто повеќе од она што се прикажува. Бисера наскоро сфаќа дека постои и полош вид осаменост од онаa кога си сам со книгите, полошо е да си во брак без љубов и со ужасен човек. Низ страниците исполнети со емоции и надеж дека некогаш повторно ќе биде во рацете на Васил, писателката раскажува за една силна жена која и покрај сите предизвици, успева да се издигне.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnРоманот може да се најде во книжарниците на Три, Табернакул и Матица. Бидете фанови на „Последната приказна“ на Фејсбук.[/message_box]rnrnМислам дека не постои девојка која нема да пронајде дел од себе во приказната на Бисера, секогаш во срцето ни е таа една голема љубов која никогаш нема да ја заборавиме, неретко забранета, а во некој темен агол на мислите тој некој кој ни го скршил срцето и не повредил. Требаше уште на почеток да си кажам дека се одлучив да не се мачам со објективност зaшто искрено не можам да бидам. Книгата неодоливо ме потсети на средношколските денови кога бев опседната со делата на Мир Јам, приказните за големите љубови и хероините со широко и силно срце. Ели ме врати во некое друго време и ме потсети дека меѓу луѓето кои ги среќаваме секој ден најчесто лежат најдобрите приказни.rnrnКнигата е хронолошки прецизна, а следи и дел од настаните после земјотресот во Скопје што верувам ќе допре до многумина. Раскажувањето е топло а писателката вешто се префрла од еден лик на друг, со различен тон и дава подлабока димензија на приказната. За сите оние кои уживале во раскажувањето на нивните баби и дедовци за некои други времиња, сигурна сум дека ќе ја почувствуваат истата љубов и низ раскажувањето на Ели. Сè останато би било излишно, можам само најтопло да ја препорачам и да и посакам на Ели уште многу успешни и читани романи.rnrnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдКафеПауза. Имате време до среда, 10 декември 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrn

    rn

  • Корисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?

    Корисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?

    Постојат безброј истражувања и научни трудови за функционирањето на мозокот, но голем акцент се става на теоријата која тргнува од тврдењето дека луѓето или ја употребуваат левата, или десната хемисфера. Би се изненадиле колку тоа влијае буквално на сè – како учите нови работи, како склопувате пријателства, како го минувате вашето слободно време, која професија сте ја одбрале и сл.rnrnКорисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?rnrnВашето однесување, вашиот начин на живот и вашите интереси, лесно би можеле да се објаснат според тоа која половина на мозокот ја користите повеќе. Ајде подетално да ги анализираме оние кои ја употребуваат левата и оние кои ја употребуваат десната хемисфера, како и сите оние нешта кои влијаат на нив. Имајте на ум дека сепак ова се генерализации, кои не се секогаш 100% точни, но поголемиот дел од нив важат и сигурни сме дека ќе се пронајдете во нив.rnrnНајпрво, доколку никогаш не сте направиле тест и не знаете која половина од мозокот повеќе ја користите, кликнете тука.rn

    Карактеристики на двете групи:

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Лева страна

    rn

    rn

    Десна страна

    rn

    Ретко кога сонуваат будни или лутаат со мислите. Тие се постојано тука, критички настроени, добро организирани и ориентирани кон остварување на сопствените цели Филозофски настроени, добри во односите со другите луѓе, неретко се непредвидливи, избувливи и водени од емоциите, и по малку неорганизирани и дезориентирани
    Читаат во седната положба Читаат лежејќи
    Сакаат цврсто да ги следат своите планови и to-do листи Импулсивни и спонтани, некогаш губат осет за време
    Чувствата не влијаат на одлуките кои ги носат Се потпираат на своите чувства и емоции, како и на интуицијата
    Одлични се во математички пресметки и фасцинирани се од науката Уметнички души, сакаат емоциите да ги искажуваат преку пишаниот збор, спортисти, и слободното време го минуваат слушајќи музика
    Следат правила, прописи и насоки. Се потпираат на својата интуиција, сакаат сами да ги поставуваат правилата и да откриваат нови нешта
    Сакаат реалистички приказни Сакаат да читаат фикција и мистични приказни
    Преферираат смирена музика Можат да учат додека в позадина има музика и не им пречи ако таа е гласна
    Сакаат кучиња Сакаат мачки

    rnКорисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?rnrnПрофесорите кои се наклонети кон левата хемисфера преферираат чиста и мирна училница, сакаат да им даваат задачи на учениците и да ги поттикнат на индивидуална работа. Предаваат според лекцијата и програмата, даваат теоретски информации и отвораат дискусии.rnrn Оние кои ја користат десната хемисфера, пак, во своето предавање ставаат акцент на визуелизацијата, сакаат да користат дополнителни материјали и да ги предаваат лекциите на оригинален, свој начин. Ставаат акцент на работа во групи, и сакаат раздвижена и „жива“ училница.rnrnУчениците кои ја користат левата половина сакаат да учат сами во тивка просторија. Секогаш се потпираат на дадените инструкции, сакаат факти и точни бројки, и неретко инкорпорираат разни научни истражувања во својот труд, дури и кога тоа не е задолжително. Сакаат да ги следат правилата.rnrnЗа разлика од нив, оние кои се наклонети кон десната хемисфера, сакаат да ги создаваат правилата. На ученик кој ја користи левата хемисфера му се даваат чекорите по кои треба да се води за да стигне до целта, додека на оној кој ја користи десната, му се објаснува самата цел за тој сам да најде начин да стигне до неа.rn

    Различни стилови на учење

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Лева страна

    rn

    rn

    Десна страна

    rn

    Размислуваат линеарно – нив им се потребни деловите за да ја склопат целата сложувалка. Информациите ги процесираат чекор по чекор. Тоа им помага да имаат концизен план. Размислуваат холистички – ја гледаат целата слика а не деталите. Информацијата ја процесираат почнувајќи од решението односно одговорот, а не од начините да се стигне до целта.
    Големи реалисти, ги сакаат картите отворени на маса – работите се такви какви што ги гледаш. Не бараат решенија од страна, туку тргнуваат она кое тие мислат дека е решение. Одговорите на разни животни прашања и одлуки ги наоѓаат во себе.
    Лесно учат симболи – паметат зборови, знаци и математички симболи. Се фокусираат на конкретното – сакаат да го видат и почувствуваат она за што им се зборува.

    rnКорисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?rn

    Совети за оние кои се наклонети кон левата страна:

    rn

      rn011

    • Иако имате постојана потреба да ги држите нештата под контрола, сепак корисно е да научите да работите во група. За да ви биде полесно може да се пријавите да бидете лидер на групата, или одговорен за одредена област.
    • rn011

    • Кога веќе сакате да организирате, искористете ги вашите организациски способности. Бидете секогаш добро организирани, и барајте работа за која е потребен добар организатор. Така и вие ќе бидете исполнети и ќе чувствувате дека конците се во вашите раце.
    • rn011

    • Потрудете се да не влегувате во расправии толку често или пак да ги поправате другите кога зборуваат. Луѓето можат да добијат мислење за вас дека сте снобови или недружељубиви. Секој си има право на мислење и избор. Некогаш е подобро да ги премолчите вашите забелешки.
    • rn011

    • Кога треба да работите на некаков проект, одберете го оној кој од вас бара факти и точни бројки и информации. Вие не сакате зборување од памет или измислување нови правци, така што подобро е да волонтирате за проект или задача кој/а бара темелна работа и следење на инструкциите.
    • rn011

    • Работете сами кога имате можност бидејќи гужвата лесно ве деконцентрира и иритира.
    • rn011

    • Доколку може да одберете кај кој професор ќе слушате предавања, одбегнете ги креативците и оние кои сакаат да зборуваат слободно и општо. Тоа лесно ќе ве демотивира.
    • rn

    rn

    Совети за оние кои се наклонети кон десната страна:

    rn

      rn011

    • Запомнете дека ваш приоритет не е само да започнете одреден проект туку и да го завршите. Вие сте креативни и вашиот мозок постојано смислува нови начини и нови идеи, но кое фајде ако не одите до крај туку веднаш почнувате со новото кое ви дошло на памет?
    • rn011

    • Искористете ја вашата јака страна – креативното пишување. Одбирајте предмети на факултет, или проекти на работа кои од вас бараат креативно изразување. Тоа ќе ве направи задоволни и вас како и вашиот професор/работодавец.
    • rn011

    • Створете навика да правите планови. Можеби и мали, и не толку темелни, но корисно е да знаете кон каде се движите. Едноставна листа со задачи во текот на работната недела е добра промена.
    • rn011

    • Да, за вас постојат толку можности и толку нешта кои би требало и сакате да ги направите. Но стиснете пауза, не може да добиете сè одеднаш. Доста фантазиравте, сега фатете се за конкретен проект.
    • rn011

    • Одбегнувајте професори кои премногу се осврнуваат на теорија и кои од вас бараат прецизни факти и информации бидејќи вие сакате слободно да ги процесирате информациите. Така ќе го одбегнете чувството дека сте заглавиле во шема која воопшто не ви оди во прилог.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животот како шолја кафе

    Животот како шолја кафе

    Група поранешни студенти, веќе сите докажани во својата кариера, се договориле да одат да го посетат нивниот стар професор од факултет.rnrnОтишле таму и набрзо разговорот се претворил во поплаки за стресот кој им го предизвикува работата и општо животот.rnrnПрофесорот им понудил кафе на своите гости, па отишол до кујната и се вратил со голем бокал и различни шолји: порцелански, пластични, стаклени, некои кои изгледале обично и други кои изгледале скапо. Им кажал да се послужат самите.rnrnЖивотот како шолја кафеrnrnКога сите студенти земале шолја кафе во рака, професорот им рекол:rn
    rn

    „Ако забележавте, сите убави и скапи шолји се земени, останаа обичните и евтините. Иако е нормално да го сакате најдоброто за себе, тоа е изворот на сите ваши проблеми и стресови. Бидејќи сите вие всушност сакавте кафе, а не шолја, но свесно посегнавте по подобрите шолји и сега меѓусебно гледате во шолјите на другите.rnrnЕ сега, животот е кафе, работата, парите и позицијата во општеството се шолјите. Тие се само алатки кои треба да ги користите за да го издржувате животот, но квалитетот на животот со нив не ви се менува. Понекогаш, концентрирајќи се само на шолјата, не успеваме вистински да уживаме во кафето што се наоѓа во неа.“

    rnЗатоа пријатели, не дозволувајте да ве води шолјата. Наместо тоа, уживајте во кафето.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поучна приказна: Чаша вода

    Поучна приказна: Чаша вода

    Професорот го започнал своето предавање држејќи чаша вода. Ја подигнал за сите студенти да можат да ја видат и ги прашал:rnrn„Колку мислите дека тежи оваа чаша?“rnrn„50 грама… 100 грама… 125 грама…“ – одговарале студентите.rnrnПоучна приказна: Чаша водаrnrn„Нема да знаеме додека не ја измериме“ – продолжил професорот. „Но, моето прашање е: Што ќе се случи ако ја држам вака неколку минути?“rnrn„Ништо…“ – велеле студентите.rnrn„Добро, а што ќе се случи ако ја држам вака цел час?“ – прашал пак.rnrn„Ќе почне да ве боли раката“ – рекол еден од студентите.rnrn„Така е, а што ќе се случи ако ја држам вака цел ден?“rnrn„Ќе ви се вкочани раката. Болките може да станат многу големи и сигурно ќе треба да одите на лекар“ – додал друг студент и сите почнале гласно да се смеат.rnrn„Така е. Но, дали за сето ова време тежината на чашата се промени?“ – прашал професорот.rnrn„Не“ – одговориле студентите.rnrn„Тогаш, што ги предизвикува болките во раката?“ – прашал професорот и ги збунил студентите. „Што треба да направам за да престане да ме боли?“rnrn„Да ја спуштите чашата“ – одговорил некој.rnrn„Токму така“ – рекол професорот.rnrn„Вака е и со проблемите во животот. Држете ги неколку минути во главата и изгледаат ОК. Мислете на нив подолго време и почнуваат да ви предизвикуваат главоболки. Задржете ги во мислите уште подолго и почнуваат да ве парализираат. Нема да можете ништо да направите.rnrnВажно е да се размислува за предизвиците и за проблемите во животот, но УШТЕ ПОВАЖНО е да ги ОСТАВИТЕ на крајот од секој ден, пред да си легнете да спиете. На тој начин, нема да бидете под стрес, секој ден ќе се будите свежи и силни и ќе бидете способни да се снајдете со секој проблем што може да ви се појави на патот.rnrnПа запомнете, пред да го започнете новиот ден, не заборавајте ДА ЈА СПУШТИТЕ ЧАШАТА претходната ноќ.“rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кои професии пијат најмногу кафе?

    Кои професии пијат најмногу кафе?

    Според истражување спроведено од „Dunkin’ Donuts“ вработените во хотел, адвокатите и судиите најмногу го сакаат своето кафе црно. Вработените во човечки ресурси и медицинските сестри кои работат во домашна нега најмногу сакаат да пијат кафе со крем и шеќер. Додека пак, уредниците/писателите, вработените во државна установа и професорите уживаат кога додаваат арома во своето кафе. Од сите оние кои учествувале во ова истражување, 46% изјавиле дека се помалку продуктивни без кафе, 61% пиеле барем 2 кафиња дневно за да ја издржат својата работа и 49% признале дека имале голема потреба од пиење кафе во текот на денот.rnrnКои професии пијат најмногу кафе?rnrnИ покрај тоа што истражувањето е од минатата година, секогаш е интересно да се забележи поврзаноста на видот на кафето со одредена професија. Погледнете ги и наредниве статистики и размислете дали се совпаѓаат со вашите досегашни искуства за количината на кафе која ја конзумирате со вашите пријатели и соработници…rnrn1. Научници и лаборантиrnrn2. Маркетари и професионалци за односи со јавностrnrn3. Раководството во образовните институцииrnrn4. Уредници и писателиrnrn5. Раководството во здравствените институцииrnrn6. Докториrnrn7. Готвачиrnrn8. Професориrnrn9. Социјални работнициrnrn10. Професионалци во областа на финансиитеrnrn11. Медицински сестри за домашна негаrnrn12. Координатори за човечки ресурсиrnrn13. Медицински сестриrnrn14. Вработени во државни установиrnrn15. Искусни трговциrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кој го испратил првото смајли преку интернет?

    Кој го испратил првото смајли преку интернет?

    Професор Скот Фалман, кој е научник на универзитетот „Carnegie Mellon“, е човекот кој го измислил првото смајли, кое го испратил во една имејл порака, на 19 септември 1982 година, во 11 часот и 44 минути претпладне. Или можеби сепак не е тој? Продолжете да читате. 🙂Кој го испратил првото смајли преку интернет?Целта на неговата порака била да се избегнат недоразбирањата во однос на тонот во имејл пораките, односно да се направи разлика помеѓу оние работи кои треба да бидат смешни и оние кои треба да звучат сериозно.

    rnВо таа негова порака, тој предложил знакот 🙂 да почнат да го користат за оние работи кои означуваат шегување. Во тоа време, тој сигурно не се ни надевал дека тој негов предлог за „emoticon“ (комбинација од стандардни знакови на тастатурата кои се користат за изразување емоции) ќе стане толку популарна и дека ваквите смајлиња ќе станат неопходен дел од секојдневната современа електронска комуникација.rn
    rn

    Таа порака ми одзеде 10 минути од мојот живот и со неа очекував дека ќе развеселам неколку мои пријатели и дека тоа ќе биде сѐ.“ – вели тој

    rn

    Кој го испратил првото смајли преку интернет?Како и да е, оваа порака се проширила преку неразвиените компјутери во раните осумдесетти години и за неколку месеци употребата на смајлињата станала глобална. Денес смајлињата ги има насекаде, во многу варијанти во форма на жолти компјутерски графики, кои визуелно изразуваат емоции и навистина се смешкаат, намигнуваат или плачат.

    rnПо повод 30-от роденден на насмеаното смајли, професорот Скот, дал интервју за „Independent“, во кое тој ги критикува илустрираните наследници на неговата креација, нарекувајќи ги модерните емотикони непривлечни и прозаични.rn

    Сметам дека се грди и дека го уништуваат предизвикот некој да се обиде да осмисли попаметен начин на изразување емоции, преку користење на стандардните знакови од тастатурата. Можеби така се чувствувам бидејќи јас го измислив тој вид емотикони.“  – рекол проф. Фалман, притоа додавајќи дека потребата од таквото смајли се појавила бидејќи во пишаната комуникација ни недостасува говорот на телото и тонот на гласот, според кои можеме да распознаеме дали треба некои реченици да ги сфатиме сериозно или како шега.Кој го испратил првото смајли преку интернет?За жал, професорот не може да го пронајде оригиналниот имејл кој го испратил низ универзитетската евиденција и се соочил со тврдења, дека тој не е првиот човек кој ја измислил насмеаната фаца. Потоа, во 2002 година, инженер од Мајкрософт успеал да го пронајде оригиналниот имејл.

    rnКако и да е, некој луѓе имаат пронајдено издание од Њујорк Тајмс од 1862 година, во кое има препис од говорот на 16-от претседател на САД, Абрахам Линколн кој ги содржел знаците ;-), поради што се појавуваат теории на заговор околу тоа дали станува збор за печатна грешка во говорот или не.rnrnМожеби ќе сакате да прочитате и како настанало првото жолто насмеано лице и кој го нацртал?rn
    rn


    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.