КАФЕ ПАУЗА

Tag: процес

  • Кои фактори го отежнуваат процесот на носење одлуки во животот?

    Кои фактори го отежнуваат процесот на носење одлуки во животот?

    Дали некогаш се чувствувате преморени и неспособни да донесете одлуки кога пред вас се наоѓаат многу опции? Ете ги најчестите фази на кои наидувате секогаш кога имате проблем да донесете одредена одлука:rnrnКои фактори го отежнуваат процесот на носење одлуки во животот?rn

      rn 011

    • Го одолговлекувате моментот за носење одлука поради претераното размислување.
    • rn 011

    • Постојано истражувате и собирате податоци, но не успевате да постигнете никаков напредок.
    • rn 011

    • Неодлучни сте и не можете да направите избор, дури и кога ви се претставени ограничен број опции.
    • rn 011

    • Одново и одново ја анализирате ситуацијата.
    • rn 011

    • Чувствувате анксиозност бидејќи постојано се грижите дали ќе донесете погрешна одлука.
    • rn

    rnОвие фактори, пак, можат да го отежнат процесот на донесување одлуки:rn

    1. Страв од носење погрешна одлука

    rnСтравот да не се донесе најдобрата или правилната одлука може да предизвика поединците да заглават во циклус на анализа на сите достапни опции и потенцијални исходи, што доведува до неодлучност.rn

    2. Желба за перфекционизам

    rnЛуѓето кои имаат перфекционистички начин на размислување може да се борат со сиот овој процес додека се стремат да донесат совршена одлука. Ова може да доведе до прекумерна анализа на ситуацијата и неможност да се направи избор.rn

    3. Недостаток на информации

    rnКога некој чувствува дека нема доволно информации за да донесе информирана одлука, може да заглави во циклус на барање повеќе информации.rn

    4. Премногу информации

    rnСпротивно на тоа, прекумерните информации исто така може да биде фактор. Во ерата на информациите, податоците се лесно достапни, што го прави лесно истражувањето. Сепак, тоа може да придонесе и за спротивен ефект.rn

    5. Анксиозност

    rnЗа поединците кои се борат со анксиозноста може да биде особено тешко да донесуваат одлуки.rnrnОткако прочитавте за факторите кои можат да го отежнат процесот на носење одлуки, можеби ќе сакате да прочитате и за 7-те секојдневни нешта кои ги излудуваат луѓето кои тешко донесуваат одлуки.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Како изгледа производството на чоколадо?

    Како изгледа производството на чоколадо?

    Дом Рамзи од Лондон произведува чоколадо и решил да сподели како изгледа целиот процес. Речиси целото чоколадо во светот е произведено во огромни фабрики од 4 или 5 големи компании. Сепак постои движење каде што страсните љубители на чоколадо го прават „од зрно до чоколадо“. Еве како изгледа тој процес.rnrnКако изгледа производството на чоколадо?rnrnОвој цвет е почетокот на секое чоколадо што сте го изеле. Расте директно на стеблото и големите гранки на какао дрвото. Фотографијата е направена во Хаваи, единственото место во САД каде што се одгледуваат какао дрва.rnrnКако изгледа производството на чоколадо?rnrnНа оваа фотографија се гледаат плодовите какао кои растат од големите гранки на дрвото.rnrnКако изгледа производството на чоколадо?rnrnПлодовите имаат неколку бои. Причината се мали генетски разлики во какаото.rnrnКако изгледа производството на чоколадо?rnrnВо секој плод има од 25 до 40 зрна какао.rnrnКако изгледа производството на чоколадо?rnrnЗрната се обвиткани со слатка бела пулпа.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Процес од 3 чекори што ќе ви помогне подобро да ја слушате вашата интуиција

    Процес од 3 чекори што ќе ви помогне подобро да ја слушате вашата интуиција

    Иако некогаш сте се чувствувале засрамени кога некој ќе ве „фати“ дека зборувате самите со себе, што најчесто се поврзува со „лудост“, сепак, разговарањето самите со себе може да биде едно од најважните нешта во животот, што ви помага да се смирите во моментите кога сте напнати или нервозни. Многу често одговорите се кријат во самите вас, а нив можете да ги извлечете само доколку имате остварено добар однос со себе. Погледнете ги овие три едноставни чекори што ќе ве водат кон подобро разбирање на самите себе.rnrnПроцес од три чекори што ќе ви помогне подобро да ја слушате вашата интуицијаrn

    1. Одредете кои гласови не се ваши

    rnПред да можете да го слушнете сопствениот глас, треба да ги отстраните сите оние што не се ваши. Многу е важно да умеете да ги одберете вашите сопствени мисли, без притоа да имате влијание од надвор. Одберете што е она што ви е значајно во животот и следете го тоа, па колку помалку непотребни информации ќе апсорбирате, толку повеќе ќе го засилите вашиот сопствен глас.rn

    2. Забележете што е она што ве заштитува во животот

    rnКога се наоѓате во лоша ситуација, секогаш имате навика да барате совети, предлози, стратегии или начини од списанија, книги и статии за тоа како да бидете „среќни“. Но, колку повеќе барате помош, толку повеќе ќе се уверувате самите дека ви е потребна. Вистината е дека никој не може да ви помогне подобро отколку што можете вие самите. Барајте ги одговорите во себе. Другите може да ви понудат поддршка, но никој не може да ви помогне да бидете подобра верзија од себеси. Отстранете го стравот, затоа што ги имате во себе одговорите речиси на сите прашања.rn

    3. Променете го прашањето „како“ во „зошто“

    rnНаместо да барате на Интернет како да го спречите прекумерното јадење, прашајте се себеси зошто барате утеха во храната во тој момент? Со поставување на прашањето „зошто“, наместо „како“, вие не сте во потрага само по брз лек кој ќе ви даде моментален одговор, туку навлегувате подлабоко во целата ситуација. Со прашањето „зошто“, вие всушност навлегувате подетално во душата и им помагате на свеста и на вашиот ум да бидат појасни.

  • Вистината е откриена: Како се прави инстант кафе?

    Вистината е откриена: Како се прави инстант кафе?

    Во денешниот свет каде кафето е главниот помошник на многу луѓе без кој тие не би можеле нормално и продуктивно да функционираат, инстант кафето е вистински дар од небото. Брзо се приготвува, има силен вкус и ни помага да останеме будни во текот на денот. Но, колкумина од нас знаат што е всушност инстант кафето? Постои повеќе од 100 години, така што време е конечно да ја дознаеме вистината.rnrnВистината е откриена: Како се прави инстант кафето?rnrnДа почнеме од она што е очигледно: Инстант кафето е направено од вистинско кафе. Целите зрна кафе се печат, мелат и варат пред да станат „инстант“. Ова кафе е готово кога ќе се извлече целата вода од свареното кафе, со тоа што ќе останат само дехидрирани кристали на кафе. За повторно да се направи кафе, само треба да се додаде вода.rnrnПостојат два начина да се направи инстант кафе: Со спреј сушење и сушење со замрзнување. Спреј сушењето се постигнува на тој начин што течниот концентрат од кафето се претвора во многу жежок, сув воздух на температура од 250 степени Целзиусови. Водата испарува и кафето се суши во мали, тркалезни кристали.rnrnВистината е откриена: Како се прави инстант кафето?rnrnСушењето со замрзнување се одвива во неколку чекори. Прво, кафето се загрева додека не стане екстракт. Екстрактот од кафето потоа се лади на околу -7 степени Целзиусови додека не замрзне. Кафето повторно се лади во некој понизок сад на -40 степени Целзиусови додека не се формираат дебели и цврсти парчиња мраз од кафе. Мразот од кафе се крши на гранули. Потоа, тие се ставаат во вакуум за сушење, каде мразот испарува и остануваат инстант кафе гранули.rnrnВо продолжение погледнете го видеото за да видите како функционира процесот на сушење со замрзнување…rnrnrnrnДури и да не сте толку голем љубител на кафето, мора да признаете дека станува збор за врвна технологија. А доколку уживате во инстант кафето, добрата страна е што можете да го пиете на различни начини, од обично врело до ладно со мраз и вкусови по избор. Можностите се неограничени!

  • Кои се разликите и сличностите во стареењето кај мажите и жените?

    Кои се разликите и сличностите во стареењето кај мажите и жените?

    Во средината на вашите 20-ти година од животот почнувате да забележувате одредени промени на телото. Не можете веќе толку добро да го издржите темпото на вечерни излегувања и пиење алкохол, не можете да седите до затворање на кафулињата или дискотеките, стомачето кое ви се појавило не се намалува со едноставна диета, туку веќе ви е потребно напорно вежбање. Но, не грижете се, тоа е сосема нормален процес и дел од животот на секој човек. Стареењето полека го зафаќа вашето тело, а тоа го забележувате преку некои знаци како што е мала брчка на челото, неколку седи влакна, испакната вена на ногата или долг мамурен ден по ноќта мината со пријателите. Иако на почетокот ќе ви биде малку тешко да го прифатите тоа, со текот на времето ќе се соочите со овој природен процес.rnrn(1) Кои се разликите и сличностите во стареењето кај мажите и жените?rnrnНо, мажите и жените не стареат на ист начин. На пример, кожата кај мажите потешко подлегнува на притисокот на годините бидејќи е подебела, додека пак жените имаат поздраво срце. Мажите кога ќе наполнат 22 или 23 години, кај нив мускулната маса почнува да се намалува за 2 до 5 проценти на секои десет години. Плодноста кај жените се намалува по нивната 30-та година. Во просек, една жена во 30-тите години, месечно има само 15 до 20 проценти можност да забремени. Кај мажите кои наполниле 30 години им се намалува можноста на телото да презема кислородот од крвта, се зголемува холестеролот, се покачува крвниот притисок, а на ѕидовите од нивните крвни садови почнуваат да се создаваат масни наслаги.rnrnЖените на почетокот од своите 40-ти години, стареењето најмногу ќе го забележат на своето лице кое почнува да ја губи еластичноста, кожата изгледа нерамно, носот се спушта надолу, а усните губат од својот волумен. Исто така, жените, вообичаено околу 50-тата година влегуваат во менопауза. Овој процес, трае околу 12 месеци или повеќе, во зависност од индивидуата, и го претставува крајот на плодноста. Повеќето мажи во истиот период почнуваат сами од себе да губат тежина, а тоа значи кај нив се намалува и мускулната маса.rnrn(3) Кои се разликите и сличностите во стареењето кај мажите и жените?rnrnСекако има и некои неверојатни сличности. По 60-тата година и двата пола забележуваат значителна загуба на видот, поради што мора да користат очни помагала. Исто така, мажите почнуваат да губат голем дел од својата коса, а тоа не е редок случај и кај жените. Но, дали сте знаеле дека, спротивно на популарното мислење, и мажите имаат свои биолошки час и тој почнува да отчукува по 40-тата година од животот? rnrnПо четвртата деценија, спермата значително губи од својот квалитет, а бројот на сперматозоиди се намалува, што секако влијае врз плодноста, а поголеми се шансите децата да имаат одредени психолошки проблеми. Но, и кај мажите и кај жените се појавува голем наплив на креативност по нивната 60-та година. Иако, ние луѓето не можеме да го сопреме процесот на стареење, сепак со некои одлуки во нашиот живот, можеме стареењето да го забавиме и да го направиме поквалитетно. Начинот на којшто живееме во текот на 20-тите и 30-тите години, во голема мера влијае на тоа какво здравје ќе имаме во позрелиот период.rnrn(2) Кои се разликите и сличностите во стареењето кај мажите и жените?rnrnНо, сепак треба да бидеме благодарни што нашиот животен век, денес, во просек е околу 79 години. Не заборавајте дека луѓето пред 19-тиот век живееле до 30 години. Денес, ние имаме речиси 80 години можност да патуваме, да се заљубуваме, да гледаме како растат нашите деца и нашите внуци, да си избереме ново хоби, целосно да го смениме животот и да правиме едноставно сè што сакаме. Затоа изберете здрав живот, здрава храна, прошетки, дружења и едноставно уживајте во вашите години, затоа што тие се само ваши! Погледнете го видеото и дознајте некои факти за стареењето на мажите и жените, кои можеби не сте ги знаеле до сега.rnrn

  • Како функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?

    Како функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?

    „Една единствена мисла нѐ дели од среќата, но една единствена мисла нѐ дели и од тагата“ – Сид Бенкс

    rnДа замислиме за момент дека егото не постои, дека не постои потсвеста, емоциите, душата. Што ни преостанува кога го нема тоа? Остануваме само на чувствата и мислите кои ни се движат низ главата. Со некои мисли поттикнуваме телесни сензации кои со своето размислување сме ги научиле и сме ги прифатиле како обрасци на однесување во одредени ситуации.rnrnКако функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?rnrnТие обрасци се главно создадени за полесно да ги поднесеме несаканите искуства и да имаме моментни и брзи одговори на нив. Ни се чини дека ваквите обрасци функционираат сами, дека ние немаме влијание на тоа однесување, дека тоа е посилно од нас и е предизвикано како реакција на она што ни ги пренесува чувствата во тој момент.rnrnНие не комуницираме само со своите зборови, гестови, изгледот и облеката туку и со вибрации односно енергија за која обично не сме свесни. Нашето срце е орган кој има повеќе невронски отколку мускулни делови и е постаро од мозокот. Првите информации кои ги примаме од надворешниот свет ги примаме со срцето.rnrnВо повеќето ситуации не сме свесни за информациите кои ги прима срцето, а тие информации се сведуваат на она што е добро за нас, а што не е. Информациите за тоа што не ни одговара ги презема мозокот и така настануваат размислувањето и заплетот.rnrnМоменталните мисли се поттикнувач, со нив ги задржуваме обрасците на однесувањето, но само со мислите можеме моментално да ги запреме тие обрасци. Датотеките на нашето искуство не се мали и оние кои моментално ги избираме стануваат примарни.rnrnКако функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?rnrnКога ќе се сетиме на некој пријатен настан – состојба, и автоматски се поттикнуваат телесни сензации додека не помислиме на нешто друго. Истото се случува кога ќе се присетиме и на некое лошо искуство. Во реалниот живот се случуваат разни ситуации и само нашето промислување за нив ги привикува обрасците.rnrnШто ќе избереме во сегашниот момент е само наша одлука и нема врска со она што се случува надвор, бидејќи сме во можност сами да избираме. Кога ќе се поттикнат обрасците, телесните сензации спречуваат да ги разбереме енергетските информации кои и понатаму ги примаме. Тоа значи дека не сме свесни за моментот во кој се наоѓаме, туку комуницираме несвесно во афект. Нашето однесување зависи од тоа што и на кој начин размислуваме, дали нешто ќе прифатиме, негираме или е неважно.rnrnКога ќе ја освестиме можноста за одлучување и прифаќањето, животот станува лична креација и тогаш сме свесни дека во која било ситуација имаме избор. Мислите кои ни доаѓаат ја имаат само онаа тежина која сами им ја даваме, ниту помалку ниту повеќе.rn

    „Постигнувањето ментална стабилност и мир на умот е една мисла подалеку од сите на земјата, само ако тие можат да ја пронајдат таа мисла.“ – Сид Бенкс

  • Учете побрзо со помош на овие 5 моќни техники

    Учете побрзо со помош на овие 5 моќни техники

    Без разлика колку време имате во текот на денот за да научите нови вештини, секогаш можете да го забрзате тој процес. Било тоа да е учење нов јазик или пак учење како да се започне со еден бизнис, побргу ќе научите доколку умеете да ги контролирате работите и да ги преземете во свои раце. Денес ви прикажуваме 5 моќни чекори коишто ќе ви помогнат да го забрзате процесот на вашето учење.rnrnrn

    1. Ставете акцент на методите, пред бројот на посветени часови

    rnКога станува збор за учење нешто ново, методот на учење е поважен од посветените часови. Секако, ова не значи дека бројот на посветените часови не е важен, но пред сè треба да изберете метод којшто ќе ви даде најдобри резултати. За сè што ќе сакате да научите постојат повеќе методи, затоа, потрудете се да сфатите кој е најефикасниот за вас и посветете се на него.rn

    2. Користете го правилото 80/20

    rnОвој концепт е развиен од италијанскиот економист Вилфредо Парето, којшто објаснува дека 80% од посакуваните резултати доаѓаат со само 20% вложување.rnИако тоа варира од ситуација до ситуација, вие ќе откриете дека:rn

      rn011

    • 20% од луѓето во вашиот живот ќе придонесат за 80% од вашата среќа
    • rn011

    • 20% од вашите потрошувачи ќе учествуваат во 80% од вашата продажба
    • rn011

    • 20% од вашите методи на учење ќе придонесат за 80% од вашите резултати
    • rn

    rnКога треба да учите нешто ново, имате чувство дека не знаете многу работи, па лесно е да скокате од една работа на друга. Но, ова ќе биде само залудно потрошено време. Фокусирајте се на она што ќе ви донесе најмногу корист. На пример, доколку сакате да учите шпански јазик само затоа што ова лето сакате да отпатувате во Шпанија, наместо да се фокусирате на читањето и пишувањето, најпрво научете да зборувате, затоа што тоа најмногу ќе ви биде треба!rnrnrn

    3. Учете преку практикување на работите

    rnКако што покажуваат истражувањата, луѓето најмногу го задржуваат наученото преку:rn

      rn011

    • 5% од учење од предавање/лекции
    • rn011

    • 10% од учење преку читање
    • rn011

    • 20% од учење на аудио-визуелни начини
    • rn011

    • 30% од учење преку демонстрирање
    • rn011

    • 50% кога се ангажирани во одредена дискусија
    • rn011

    • 70% кога го применуваат тоа што го научиле
    • rn011

    • 90% кога во истиот момент го изведуваат тоа што го учат
    • rn

    rnПотсетете се како сте научиле да возите велосипед. Наместо да гледате туторијали или да читате како се прави тоа, вие се впуштивте во неговото искусување.rn

    4. Пронајдете тренер

    rnЛуѓето коишто ги карактеризираат високи успеси имаат едно нешто заедничко: тие имаат свој тренер. Тренерот ви овозможува да видите и работи коишто претходно не сте можеле да ги согледате. Тој ве води низ тешките времиња со коишто често ќе се среќавате кога ќе учите нешто ново.rn

    5. Процесот над перформансите

    rnЗаедничката грешка којашто ја прават сите кога се обидуваат да научат нешто ново, е тоа што се фокусираат на резултатите, наместо на процесот. Треба да запаметите дека тешко е да се видат одредени резултати додека не се посвети повеќе работа на тоа. Малите чекори можеби не звучат примамливо, но токму тие водат кон патот до успехот.

  • 7 вистини за посвојувањето кои треба да ги знаат сите оние кои сакаат да посвојат дете

    7 вистини за посвојувањето кои треба да ги знаат сите оние кои сакаат да посвојат дете

    Иако посвојувањето е добро прифатено во нашата држава, сепак постојат многу теми на кои не се разговара доволно. Па, доколку размислувате да посвоите дете или веќе сте го сториле тоа, тогаш погледнете ги следниве неколку вистини кои можат реално да ви покажат што треба да очекувате од целиот процес.rnrn7 вистини за посвојувањето кои мора да ги знаат сите оние кои сакаат да посвојат детеrn

    1. Кога ќе почнете да размислувате за посвојување, најважно е да тргнете од себе, своите очекувања, стравови и двоумења

    rnОбидете се да си одговорите на прашањето зошто сакате да посвоите дете. Преку разговори, вие треба одново да се запознаете себеси и својот партнер бидејќи носите една од најважните одлуки во вашиот живот. Исто така многу е важно да се опколите со луѓе кои можат да ве послушаат, разберат или имале слично искуство како вашето.rn

    2. Важно е да бидете храбри, истрајни, добро подготвени и информирани

    rnПосвојувањето е регулирано со Законот за семејството каде што интересот на детето е секогаш ставен на прво место. Во постапката за посвојување се проценуваат особините и компетенцијата на посвоителите во однос на добросостојбата на детето. Таа започнува со поднесување барање за посвојување до Комисијата за засновање на посвојување при Министерството за труд и социјална политика, но пред да го преземете овој чекор, најпрво размислете какви се вашите одлики како родител, како сакате да го поминувате вашето слободно време и како би можеле да бидете најдобри родители.rn

    3. Првата помисла на поголемиот дел од паровите кои размислуваат за посвојување е желбата да бидат родители на мало дете (по можност новороденче), кое е здраво, весело, мило и кое личи на нив

    rnНо, вие мора да знаете дека оние деца кои се дадени за посвојување доаѓаат од семејства кои поради различни причини не можеле одговорно да се грижат за нив. Тоа значи дека и секое од овие деца зад себе веќе имало историја која помалку или повеќе оставила траг врз нив. Исто така постојат голем број деца кои немале можност да бидат посвоени како новороденчиња, деца кои можеби имаат поголеми или помали развојни потешкотии, деца од различна етничка припадност и со браќа или сестри. Бидете подготвени и отворени за сите можности, но задржете ги оние граници кои вие сметате дека се важни. Којзнае, може ќе откриете дека вашите граници се многу пошироки отколку што претходно сте можеле да замислите.rn

    4. Кога ќе станете родители, покрај сите прекрасни ситуации и чувства кои тој однос ги носи, доаѓаат и одредени потешкотии, предизвици и одговорности

    rnНа овој начин почнува процесот на вистинското запознавање, градење доверба, поставување и препознавање граници (ваши и на вашето дете), градење идентитет како семејство со сопствени обичаи и ритуали… Пристапете на овие нешта со многу трпение и дајте си доволно време за да можете вистински да станете семејство.rn

    5. Да се биде мајка или татко, меѓу другото значи и дека треба да изградите силна емоционална поврзаност со вашето дете

    rnПриврзаноста е силна емоционална врска која детето ја создава со личноста која се грижи за него. Таа претставува чувство на сигурност и доверба, која е темел за создавање здрав однос. Децата кои се оставени на посвојување често не градат сигурна приврзаност или ги изгубиле оние со кои биле врзани, но тоа не значи дека вие не можете одново да ги научите да веруваат со помош на љубовта и поддршката.rn

    6. Не ја кријте вистината дека вашето дете е родено во друго семејство и одреден дел од својот живот го поминало во дом за деца

    rnНе го кријте овој дел од неговиот живот, дури и ако посвојувањето се случило во рана доба. Вие имате одговорност да му ја пренесете оваа приказна, на начин прилагоден за возраста на детето и постепено да ја вклучувате во сложувалката која го претставува неговиот идентитет. Исто така не заборавајте да му кажете дека и покрај тоа што доаѓа од други родители, тоа засекогаш ќе биде ваше. Уверете го дека тоа е вашиот свет, исто како да сте му биолошки родители.rn

    7. Не можете да ги избегнете проблемите, тешките моменти, грешките, сомнежите во себе…

    rnКако и секој друг родител, така и вие без сомнение ќе налетате на тешки денови кога нештата нема да бидат онака како што сте ги замислувале. Ако тоа се случи, вклучете се во здружение кое овозможува поддршка по посвојувањето и едукација за родителите. Од друга страна, можете да откриете кој друг во ваша близина посвоил дете и да поминете малку време со нив со цел да дознаете како тие се снаоѓаат во оваа улога. И најважно од сè, редовно разговарајте со најблиските за да можете секојдневно да се подобрувате како родители.

  • Што се случува со нашето тело кога се расправаме со саканата личност?

    Што се случува со нашето тело кога се расправаме со саканата личност?

    Расправиите и несогласувањата се дел од секоја романтична врска. Секој кој барем еднаш остро се искарал со саканата личност знае дека тоа може да предизвика чувство на исцрпеност и умор, но од каде доаѓаат тие интензивни чувства и кои се физичките последици кога се расправате?rnrnСпоред науката, паровите кои се подолго време во врска и имаат однос исполнет со стрес и чести расправии се во опасност да развијат здравствени проблеми како висок крвен притисок и зголемување на нивото на кортизол што може да доведе до поголем ризик од развој на дијабетес, срцев и мозочен удар.rnrn0-shto-se-sluchuva-so-nasheto-telo-koga-se-raspravame-so-sakanata-lichnost-kafepauza.mkrnrnДобрата вест е што со малку свесност и сочувство поголемиот број парови можат да ги одбијат овие штетни предизвикувачи на стрес уживајќи во сите позитивни здравствени предности кои среќната врска може да ги донесе.rnrn1. Се зголемува стресот – За време на караница, се активира амигдалата која ослободува кортизол – хормонот кој предизвикува стрес.rnrn2. Вашето срце работи забрзано – Стресот кој се создава предизвикува забрзана работа на срцето.rnrn3. Се крева крвниот притисок – Поради забрзаното дишење и поактивната работа на срцето, вашиот крвен притисок се зголемува.rnrn4. Вашето дишење се забрзува и вашите гради се затегнуваат – Кога се лутите, вашиот крвен притисок се зголемува и вашите гради се шират во потрага по екстра кислород.rnrn5. Вашиот имунолошки систем не е во нормална состојба– Премногу стрес во подолг период може да предизвика намалена функција на клетките кои се борат против разни болести.rnrn6. Се предизвикува тензија и стегање на забите – Кога се лутите на саканата личност може да предизвикате тензија во мускулите во главата, вратот, рамениците и вилицата.rnrn7. Се оштетуваат гласните жици – Ако се дерете за време на долга караница, може да ги оштетите гласните жици.rnrn8. Чувствувате возбуда – Кога паровите се расправаат, тие добиваат доза епинефрин и норепинефрин – истите хормони кои се ослободуваат кога се возите на луда железница.

  • Како да се засакате себеси?

    Како да се засакате себеси?

    Многумина луѓе толку се мразат себеси, што самопочитувањето им се чини како далечен сон. Илузија, која постои само да ги измачува и гони во текот на животот. Сепак, надежта постои и нештата може да се променат. Со овие едноставни препораки, секој ден сѐ повеќе и повеќе ќе се засакувате себеси. Затоа, запомнете дека:rnrnКако да се засакате себеси?rn

    Во моментов сте токму онаму каде што треба да бидете

    rnОва значи дека не треба негативно да гледате на сите минати „грешки“ и „неуспеси“. Всушност, тие биле неопходни за да го постанете она што сте сега и да можете да напредувате во иднина. Престанете да се каете за сите работи што сте или не сте ги направиле вчера, пред една година или дури и деценија. Прифатете ги случките во вашиот живот, учете од нив и заборавете ги. Сигурно ве чекаат подобри нешта во иднина. Не ризикувајте да ве одминат најубавите моменти и шанси, кои веќе никогаш нема да се повторат.rn

    На другите не им должите објаснување за она што сте

    rnДали некогаш сте зборувале со некого и сте имале потреба да си ги оправдувате мислите чувствата и постапките? Никому не му должите објаснување за вашите размислувања, верувања и она што самите сте. Одговорни сте единствено пред самите себе. Едноставно одговорете им дека така сте се чувствувале во моментот и крај на дискусијата.rn

    Треба да ги цените сопствените квалитети

    rnСите имаме слабости кои со задоволство би ги промениле. Но, проблемот настанува кога повеќе се сосредоточувате на нив, отколку на јаките страни. Никогаш нема да се засакате себеси доколку постојано си пронаоѓате нови маани. Затоа, престанете да се саботирате и промовирајте си ги прекрасните особини и таленти што ги поседувате. Направете листа од сите работи, што ви се допаѓаат кај вас. Барем за момент заборавете на скромноста. Бидете искрени спрема себе. Кога и да не се чувствувате добро, само погледнете ја листата и ќе сфатите колку навистина вредите.rn

    Не треба да ги преувеличувате квалитетите на другите

    rnМногу често ги преценуваме добрите особини кај другите луѓе. Ги идеализираме и ги замислуваме многу подобри од она што навистина се. Се споредуваме со нив, што пак прави да се чувствуваме искомплексирано. Но, тие не постојат за да се споредуваме со нив. Само затоа што не ги гледате нивните маани, не значи дека не постојат. Признајте си дека тие се добри во некои нешта, а вие во други. Можеби и тие се угледуваат на вас за одредени работи, а вие тоа не го ни забележувате.rn

    Треба да си ги разберете емоциите

    rnСлучувањата сами по себе немаат значење. Ние самите им го даваме, а притоа голема улога имаат искуствата од минатото. Еден ист настан, може да биде доживеан со две различни емоции, во завидност од претходните искуства. Па така, кога се чувствувате лошо за нешто што сте го направиле или не, потрудете се да ја разберете емоцијата зад тоа. Причинско-последичен однос. Тоа е сѐ.rn

    Со работа и труд се доаѓа до совршенство

    rnНе може преку ноќ да се засакате себеси и веќе никогаш да не размислувате за тоа. За ваква промена потребно е многу внимание и посветеност. Секојдневно треба да градите добра врска со себе, исто како што тоа се трудите да го направите со другите луѓе. Вие самите сте приоритет. Дадете си до знаење дека може да поминете низ сѐ и одберете да бидете победник, наместо жртва. Она во што верувате, тоа и ќе станете. Затоа, отворете го умот за убави и позитивни нешта и сакајте се себеси.