Овој паметен комичен стрип е дело на илустраторот и графички дизајнер Грант Снајдер, кој оригинално го нацртал за сајтот Red Lemon Club. Стрипот ја прикажува генијалноста на човекот, како процес, разделена на 10 поединечни сегменти.rnrn
Покрај тоа што „Starbucks“ се прославија благодарение на доброто кафе, тие отсекогаш знаеле и одлично да се промовираат. Доказ за ова е и следново видео, чиј креатор е Роџиер Виланд. Преку фантастична анимација, Виланд успева во нешто повеќе од една минута да раскаже зошто подготвеното кафе од овој ланец на продавници е едно од најдобрите. Во ова видео тој го претставува целиот процес, од одгледување на кафето, преку одбирање, па до целосната и љубезна услуга од вработениот бариста. Приказната почнува од крајот, односно од перфектното кафе кое го добива секој купувач, а потоа се навраќа наназад.rn
Каењето е составен дел од животот, а се случува без разлика дали сакаме или не. Ова интересно стрипче ќе ви долови една ваква ситуација.rnrnПогледни Мојши! Ова е каење!rnrnСе зарива во тебе кога ќе направиш погрешен избор. Понекогаш ќе те гризне кога нема да направиш нешто што длабоко во себе си посакувал да го сториш. – Срк, срк!rnrnЌе ме гризне? – Не! Каењето не гриза деца на твоја возраст.rnrnЗначи кога ќе пораснам ќе бидам гризнат? – Ооо да! Стотици пати!rnrnПлач, плач, плач. – Срк!rnrn rnrn
Секоја шолја кафе се состои од парче душа, која е изведена од моменталните чувства кои ги имате додека го правите и пиете кафето. Секоја шолја кафе е своевидно магично шоу, кое се состои од најразлични доживувања и носи бескрајна имагинација и безброј изненадувања. Со само една голтка кафе, не само што ја вкусувате сопствената приказна, туку таа може да ви го промени начинот на кој го гледате светот.Ова се зборови на креаторката на видеото „Време е за кафе“ (Coffee Time), Ching-Wen Wu. Видеото е направено со техниката stop motion (анимација на фотографии фатени едно по друго во многу мали интервали, на кои објектите се поместуваат за малку, на тој начин создавајќи впечаток дека се движат сами од себе).rn
rnЕве го магичниот момент за кој зборува авторката на видеото.rn
Марк Њусон е еден од најпризнаените и највлијателните дизајнери од неговата генерација. Неговиот опсег на работа е широк и се протега од изработка на секојдневни предмети, велосипеди и автомобили до јахти и неколку препознатливи скулптури изработени за неговите клиенти. Списанието Time Magazine го стави на листата на стоте највлијателни луѓе во светот. Моментално живее во Лондон, а неговите дела се поставени во повеќе галерии низ светот, вклучувајќи ја и најпознатата MoMa во Њујорк.Песочниот часовник е најновата креација на овој австралиски дизајнер. Погледнете го краткото видео и видете одблизу како е направен безвремениот часовник.rn
За некои изгледа многу едноставно, за други пак е тешка и безнадежна борба. Сепак, на почетокот, сите го добиваме истото, во текот на животот мора да се соочиме со истите работи, за на крајот, да сфатиме дека сме се избориле најдобро што сме можеле. Овие правила важат за сите:rnrnrnrn1. Добивате тело, кое можеби ќе го сакате, можеби ќе го мразите, но ќе остане ваше за цело време.rnrn2.Ќе учите лекции. Ќе ве запишат во неформално училиште со полно работно време, наречено „живот“.rnrn3. Не постојат грешки, само лекции. „Растењето“ е процес на обиди, пропусти и експерименти. Неуспешните експерименти се подеднакво дел од процесот, како и оние кои успеваат.rnrn4.Лекциите се повторуваат додека не се научат. Секоја лекција ќе ви биде презентирана на различни начини, сè додека не ја научите. Кога ќе ја научите, може да преминете на следната.rnrn5.Учењето лекции не завршува никогаш. Не постои период од животот кој не содржи лекции. Ако сте живи, тоа значи дека сè уште има лекции за учење.rnrn6.Нема подобро место од „овде“. Кога вашето „таму“ ќе стане „овде“, вие ќе најдете друго „таму“ кое повторно ќе изгледа подобро од „овде“.rnrn7.Другите луѓе се безмалку одраз од огледалото пред кое стоите. Не можете да сакате или да мразите нешто кај некоја личност, доколку тоа не рефлектира некоја особина која си ја сакате или мразите кај себе.rnrn8. Што правите во животот е ваша работа. Ќе ги имате на располагање сите ресурси и алатки. Што ќе направите со нив зависи од вас. Изборот е ваш.rnrn9.Вашите одговори лежат во вас. Одговорите на животните прашања се во вас. Сè што треба да направите е да погледнете, да послушате и да верувате.rnrn10.Ќе заборавите на сево ова.rnrn
Главниот изработувач на печатарски бои и претседател на The Printing Ink Company, Питер Велфеар, ни покажува како се изработува бојата што се користи во печатарската индустрија, од мешање на основните состојки, нејзината фина обработка и страста која е неизбежен дел од процесот.Видеото е приказ на сè она што ги интересира дизајнерите и печатарите во врска со процесот, предзвиците и уживањето во текот на создавањето на печатарските бои.rnrn