КАФЕ ПАУЗА

Tag: приказни

  • Безвременски љубовни романи кои вреди да ги прочитате барем еднаш во животот

    Безвременски љубовни романи кои вреди да ги прочитате барем еднаш во животот

    На сите нам ни е добро познато чувството што ни го пружат класичните љубовни приказни, кои се проткаени со доза на мистичност и романтика. Не само што ни даваат можност за миг да „ѕирнеме“ во некои минати времиња, туку можат и да нè поучат на важни работи за животот. Во продолжение прочитајте ја нашата листа на безвременски љубовни романи.rnrnБезвременски љубовни романи кои вреди да ги прочитате барем еднаш во живототrn

    „Гордост и предрасуда“ од Џејн Остин

    rnЕден од најпознатите романи на Остин, „Гордост и предрасуда“ го следи животот на главната хероина Елизабет Бенет, а притоа нуди опширна анализа на англиското општество кон крајот на 19 век.rn

    „Сонот на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир

    rn„Сонот на летната ноќ“ е една од најпознатите романтични комедии на Шекспир, изведувана ширум светот. Во комедијата се прикажани авантурите на четири млади атински љубовници и група глумци, нивниот однос со кралот на Атина, Тезеј, Хиполита како и група самовили кои населуваат една шума. Целата приказна е проткаена со некаква магија која нема да ве остави рамнодушни сè до последната страница.rn

    „Љубовна приказна“ од Ерих Сегал

    rnСветски познатиот роман „Љубовна приказна“ е една од најпродаваните класични романтични книги на сите времиња. Романот ја следи приказната за една вистинска, непоколеблива љубов која инспирирала генерации и генерации. Романот бил и инспирација за истоимениот американски филм од 1970 година во режија на Артур Хилер.rn

    „Страници за нашата љубов“ од Николас Спаркс

    rnДоколку сакате да ја почувствувате магијата на вистинската љубов, тогаш овој роман е вистинскиот избор за вас. Тој нуди чудесен портрет на љубовта која се случува само еднаш во животот на секој од нас. Ви ветуваме дека ќе уживате во приказната на двајцата главни ликови, Ноах и Али, која ќе ве остави без зборови.rnrnОткако ја прочитавте нашата листа на безвременски  љубовни романи, можеби ќе сакате да ги прочитате и 8-те причини зошто треба да почнете да читате љубовни романи.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Три кратки приказни што ќе ви го разубават денот

    Три кратки приказни што ќе ви го разубават денот

    Најсложените и најважните работи понекогаш можат да се објаснат многу едноставно. Тие се кријат во секојдневните ситуации, ритуалите, активностите и движењата. Ова се три кратки приказни што ќе ги приближат сите до она што е вера, доверба и надеж.rnrnТри кратки приказни што ќе ви го разубават денотrn

    За верата

    rnЖителите на едно место одлучија заедно да се молат за дожд. Во закажаното време, сите дојдоа на плоштадот, но само едно момче донесе чадор. Тоа е вера.rn

    За довербата

    rnКога играте со вашето дете, фрлајќи го во воздух, тоа се смее среќно, затоа што знае дека ќе го фатите. Тоа е доверба.rn

    За надежта

    rnЛегнуваме секоја вечер, без гаранција дека ќе се разбудиме наутро, а сепак го вклучуваме будилникот. Тоа е надеж.rnrnМожеби ќе сакате да откриете и зошто Бутан е најсреќната држава во светот?

  • 5 серии со фантастични приказни чии ликови ќе ви одржат лекции за љубовта, животот и пријателството

    5 серии со фантастични приказни чии ликови ќе ви одржат лекции за љубовта, животот и пријателството

    Сите понекогаш сакаме да се изгубиме во приказните што не се наши и со ликовите што не ги познаваме и со кои можеме да се поврземе и да се поистоветуваме. Без разлика дали овие светови се блиски до вашиот или се збир на сите оние волшебни работи за кои читате во бајките, ќе се согласите дека излезот од вашата реалност понекогаш е многу потребен. Ако сакате да се изгубите во фантастичните приказни и да заборавите на сè што се случува околу вас, овие пет серии ќе ви помогнат во тоа.rn

    1. „Нормални луѓе“ („Normal People“)

    rnhttps://youtu.be/x1JQuWxt3cErnrnАко сакате љубовни приказни кои ја прикажуваат реалноста и сите оние комплицирани чувства што ги носи љубовната врска сама по себе, серијата „Нормални луѓе“ ќе биде една од вашите омилени. Снимена според истоимената книга, приказната ги следи Конел и Мериен, кои доаѓаат од сосема различни светови кои се совпаѓаат сосема случајно. Мериен потекнува од богато семејство, а Конел е омилено дете на училиште, чија мајка работи како чистачка во семејната куќа на Мериен. Но, и покрај сите надворешни и површни разлики, Мериен и Конел имаат нешто слично што ги привлекува една кон друга. Нивната љубовна приказна започнува во средно училиште и продолжува и на факултет и понатаму. Комплицирана, на моменти болна, сурово реална и неизмерно убава – оваа приказна ја опишува љубовта со сите нејзини лица. Обоена со прекрасна музика, спротивставени природни убавини и опипливи сексуални сцени, оваа серија нема да ве плени само со својата приказна и со ликови.rn

    2. „Неговите темни материјали“ („His dark Materials“)

    rnhttps://youtu.be/APduGe1eLVIrnrnАко сте љубител на фантазијата, оваа серија ќе ви овозможи совршено бегство од реалноста. Снимена по истоимената трилогија на Филип Пулман, серијата дава детален и интересен приказ на испреплетените светови и на малата хероина Лира која, иако расте во лага, во себе носи голема вистина што ќе промени сè што возрасните не можат. Иако во срцето на целата приказна е нејзината мисија, серијата е исткаена од еден куп приказни во кои сигурно ќе најдете сè што е скриено во нашиот свет. Меѓу другото, има алчни возрасни луѓе и нивната желба за моќ што ги прави да бидат подготвени на сè. Но, наспроти нив стојат деца со огромно срце и возрасни кои одат по нивните стапки, така што во борбата против доброто и злото, доброто сепак победува.rn

    3. „Во потрага по Алјаска“ („Looking for Alaska“)

    rnhttps://youtu.be/7tqex95uXY8rnrnОваа серија е снимена според истоимениот роман на познатиот Џон Грин. Во срцето на оваа приказна се неколку средношколци, предводени од убавата Алјаска Јанг. Нивните животи се сведени на читање книги и „борба“ со богатите ученици од интернатот, што им е единствениот дом и на повремено пиење и откривање на сè што средношколците допрва треба да откриваат. Алјаска е паметна, убава, начитана, храбра, но со себе го носи целиот товар на животот што го оставила дома и на кој не сака да му се врати. Мајлс, кој доаѓа во интернатот последен, има посебен однос со Алјаска кога за време на празниците остануваат сами во интернатот и тука започнува вистинската авантура. Оваа приказна ќе ве врати во средношколските денови, ќе ве забавува и ќе ве потсети на приказните што сте ги оставиле далеку зад вас. Сепак, оваа приказна ќе ве скрши. Подгответе марамчиња.rn

    4. „Руска кукла“ („Russian Doll“)

    rnhttps://youtu.be/YHcKoAMGGvYrnrnАко ви треба бегство од реалноста во реалност која не е далеку од нашата, но која сепак содржи парче од фантастичното и од магичното, „Руска кукла“ е идеалната серија за вас. Приказната ја следи ексцентричната и посебна Надја Вулвоков, која од епизода во епизода постојано умира и повторно се раѓа. Обидувајќи се да открие која е целта на нејзините постојани воскреснувања, Надја се среќава со Алан, кому му се случува истото. На нивниот пат кон вистината и самореализацијата, со одличен звучен запис, цинични реченици, добар хумор и малку мрачна глетка, ќе се забавувате, но и ќе се запрашате за многу работи за животот и за правилниот (или погрешен) начин на кој ги користиме нашите денови.rn

    5. „Методот на Комински“ („The Kominsky Method“)

    rnhttps://youtu.be/4B_ofjH8Bs0rnrnФакт е дека сите сакаме да гледаме серии чии протагонисти се млади перспективни луѓе полни со надеж, животни можности и амбиции кои во секој момент ќе се претворат во трофеи на нивната работа. Но, постојат и приказни од староста, што содржат мудрост која едноставно не може да се најде кај еден млад човек. Таква е приказната за Норман и Сенди, долгогодишни пријатели кои се соочуваат со староста која е исполнета со смеа, чудни приказни и повремено враќање во минатото за да извлечат лекции што ќе им служат во сегашноста. Оваа забавна и привлечна приказна ќе ви даде нов вовед во староста и ќе ви одговори на прашања што ќе ги си ги поставите понатаму во животот.rnrnПогледнете ги овие неверојатни шпански филмови и серии што вреди да ги изгледате.

  • 10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности

    10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности

    Кога ќе видите тетоважа, никогаш не знаете што значи тоа за одредена личност, а познатите личности не се исклучок од тоа. Една мала ѕвезда може да претставува баба, додека навидум обичен натпис ги потсетува да го почитуваат она што го имаат. Цели приказни за борби, загуби, семејство и напорна работа може да се видат во едноставни, но експресивни тетоважи. Во продолжение ќе ги откриете најмоќните причини што ги натерале познатите личности да направат одредени тетоважи.rn

    Криси Тајген

    rn10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности rnrnПознатата манекенка и нејзиниот сопруг го загубија синот во септември 2020 година. Тој требаше да се вика Џек. По некое време, Криси го истетовира неговото име на нејзиниот зглоб.rn

    Дуа Липа

    rn10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности rnrnТетоважата на која пишува „Sunny Hill“ беше првата и многу посебна тетоважа што ја направи Дуа Липа. Тоа е името на соседството во Косово каде што пораснале нејзините родители. Тоа е местото каде што таа се чувствува како дома.rn

    Сем Смит

    rn10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности rnrnСем ги истетовира симболите за женски и машки пол. Тие долго време се бореа со родовиот идентитет, а во 2019 година, излезе како небинарен.rn

    Ед Ширан

    rn10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности rnrnОвој пејач многу ја почитува својата мајка. Тој има тетоважа на мајка и дете заснована врз слика на Анри Матис. Како што вели Ед, овој цртеж бил првото нешто што ѝ го купил на својата мајка со својата прва плата.rn

    Жизел Бундхен

    rn10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности rnrnОвој супермодел има ѕвезда во чест на својата покојна баба. Идејата се појавила откако Жизел се преселила во Њујорк, каде што не можела да види ѕвезди. Таа самата ја нацртала ѕвездата на зглобот, а подоцна ја претворила во трајна тетоважа.rn

    Лејди Гага

    rn10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности rnrnНацртот на оваа тетоважа е дизајниран од Тони Бенет. Лејди Гага го добила во знак на сеќавање на соработката за нивниот албум и на пријателството. Таа го истетовирала и неговиот потпис под трубата.rn

    Кеша

    rn10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности rnrnКеша ја направила оваа тетоважа откако го објавила својот нов албум „Rainbow“. Пред тоа, таа поминала низ тешки периоди, била на рехабилитација и имала долга парница со нејзиниот продуцент д-р Лук. Таа вели дека ова е позитивна порака за себе.rn

    Мајли Сајрус

    rn10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности rnrn„Just Breathe“ е направено во чест на покојните дедовци на пејачката кои имале рак на белите дробови и на нејзиниот близок пријател со цистична фиброза. Сите тие не можеле да дишат. Оваа тетоважа ја потсетува Мајли да не зема ништо здраво за готово.rn

    Луси Хејл

    rn10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности rnrnАктерката направила иста тетоважа со својата сестра. На неа пишува „I love you“ и ја симболизира нивната поврзаност. Тоа е напишано во чест на нивните баби со кои биле многу блиски и многу ги сакале.rn

    Парис Џексон

    rn10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности rnrnЌерката на кралот на попот има 3 тетоважи посветени на својот татко. „BAD“ ги пресоздава насловот и стилот на неговиот албум. Таа исто така ги има истетовирано неговото лице и зборовите „Apple Head“, прекарот што го користела за својот татко.rnrnПогледнете ги најдобрите тетоважи инспирирани од коронавирусот.

  • 5 филмови снимени според вистински настани што ќе ве заинтригираат

    5 филмови снимени според вистински настани што ќе ве заинтригираат

    Добрите приказни доаѓаат во различни форми, но има нешто посебно во филмовите што се снимени според вистински настани. Инспирирани од вистински ситуации и луѓе, филмовите снимени според вистински настани обично оставаат без текст, инспирираат и шокираат. Овие 5 филмови се доказ дека животот навистина пишува приказни.rn

    „Под лупа“ („Spotlight“)

    rnhttps://youtu.be/EwdCIpbTN5grnrn„Под лупа“ е филм што го остави целиот свет во шок. Приказната се врти околу новинарите од „Бостон глоуб“, кои ги разоткриле католичките свештеници кои сексуално злоставувале деца во Бостон. Во 2003 година, „Бостон глоуб“ доби Пулицерова награда за својата работа. Марк Руфало, Мајкл Китон и Рејчел Мекадамс ќе ве одведат на возбудливо и интригантно патување што долго ќе го паметите.rn

    „Зодијак“ („Zodiac“)

    rnhttps://youtu.be/yNncHPl1UXgrnrnАко обожавате добри мистерии, „Зодијак“ е вистинскиот филм за вас. Станува збор за една од оние екранизирани приказни на кои секогаш сакате да им се вратите. Заплетот е сместен во шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век и ја следи приказната за еден детектив-аматер, кој станува опседнат со сериски убиец. Два и пол часа генијални и напнати приказни за еден од најшокантните сериски убијци во светот.rn

    „Социјална мрежа“ („The Social Network“)

    rnhttps://youtu.be/lB95KLmpLR4rnrnСигурно го користите Фејсбук секој ден, но ако случајно сè уште не знаете која сторија стои зад неговото создавање, време е да се запознаете со работата на генијалниот Марк Цукерберг. Ова е приказна за идејата и за процесот на создавање социјална мрежа која го смени светот засекогаш. Џеси Ајзенберг совршено го глуми Цукерберг и ќе ве запознае со тој малку чуден генијалец кој имал идеја вредна милијарди.rn

    „Во дивината“ („Into the Wild“)

    rnhttps://youtu.be/XZG1FzyB8DIrnrn„Во дивината“ е една од оние приказни што ќе ве смени засекогаш. Кристофер Меккендлес е навидум обичен студент, кој го изненадува своето семејство откако донира повеќе од 20.000 американски долари од сопствените заштеди во добротворни цели по завршувањето на колеџот и се впушта во авантура за цел живот. Кристофер одбива да живее нормален живот и оди да живее во дивината на Алјаска. Оваа инспиративна и потресна приказна ќе ве шокира и ќе предизвика многу прашања.rn

    „Изгубени девојки“ („Lost Girls“)

    rnhttps://youtu.be/UJzGE00wncUrnrnСтанува збор за потресна приказна за Мари Гилберт и за нејзината исчезната ќерка Шанан, која работела како проститутка. Откако полицијата не успеала да го реши случајот, Мари започнува сопствена истрага на Лонг Ајленд, каде што нејзината ќерка била видена последен пат. Нејзината потрага ќе доведе до шокантни откритија, а приказната зад сето тоа ќе ве остави во шок.rnrnПогледнете ги овие 4 документарни филмови што ќе го променат вашиот поглед кон животот.

  • Жените кои кажале „Не“ откриваат: „Еве зошто ја одбив понудата за брак!“

    Жените кои кажале „Не“ откриваат: „Еве зошто ја одбив понудата за брак!“

    По правило, човек веќе треба да биде прилично сигурен во саканата личност кога ќе ја побара нејзината рака. Тој избира романтичен датум, купува скап прстен што веројатно ќе ѝ се допадне на партнерката, размислува што ќе каже во моментот на запросувањето, а по целата таа напорна работа, очекува награда со две букви: „Да!“ и во никој случај никој не помислува дека неговата понуда ќе биде одбиена.rnrnЖените кои рекле „Не“ откриваат: „Еве зошто ја одбив понудата за брак!“rnrnИ покрај ова, некои луѓе добиваат негативен одговор при запросување. Жените што ги одбиле понудите за брак, на Reddit ги отвориле своите срца, па прочитајте ги нивните приказни.rn

    1. Запросувањето како ултиматум

    rn

    „Тој ми рече дека ќе ја изрази неговата љубов кон мене само кога ќе се омажам со него. Тоа за мене беше знак дека тој се исплаши“.

    rn

    2. Запросување заради поколение

    rn

    „Имав 16 години и не бев бремена. Тој ме запроси дополнувајќи дека може да го довршам училиштето откако ќе добиеме дете“.

    rn

    3. Лошо чувство

    rn

    „Имав чувство дека тој има проблеми со агресијата, а покрај тоа, не се согласував и со неговата мајка. Некако тој беше премногу близок со неа. Тој стана насилен алкохоличар неколку години откако се разделивме. Дури ми украде и пари за да ѝ даде на мајка му да плати сметки… Дознав за тоа само неколку месеци подоцна. Како и да е – се ослободив од темпираната бомба!“

    rn

    4. Прерано

    rn

    „Штотуку завршив училиште и бев во врска со војник што го запознав додека одев на училиште. Бевме само 3 месеци во врската кога тој ме запроси. Тој беше убав и можев да си замислам иднина со него, но периодот од само 3 месеци беше прекраток за нас, иако долго време бевме пријатели. Му реков дека сè уште не сум подготвена, а тој потоа никогаш повторно не ми проговори“.

    rn

    5. Погрешен момент

    rn

    „Бевме пред раскинување кога тој одеднаш ме запроси. Имавме проблеми во врската веќе неколку години. Неговиот глупав пријател го убедил да ме запроси, затоа што тоа требаше да ги реши проблемите како со магично стапче. По одбивањето, се скаравме и јас се оддалечив од него.rnrnМеѓутоа, кога нешто ќе изгубите тогаш почнувате да го цените и во нашиот случај тоа беше така. Ги расчистивме проблемите, повторно се преселив кај него и се венчавме по 2 години. Во брак сме 24 години, имаме 2 ќерки и 1 син“.

    rn

    6. Различни сфаќања за животот

    rn

    „Кога ме запроси, ми се појави пред очи иднината со него и не ми се допадна. Тој беше добар човек и јас го сакав, но сакавме различни нешта од животот. Веќе неколку години бевме заедно, но неговото запросување многу ме изненади. Мислев дека тоа беше негов обид да ја спаси нашата врска“.

    rnМожеби сакате да ги прочитате и 5-те митови за класичната венчавка во кои не треба да верувате.

  • Нивните одлуки им се незамисливи на многумина, но тие избрале: Живеат без секс и имаат силни причини за тоа!

    Нивните одлуки им се незамисливи на многумина, но тие избрале: Живеат без секс и имаат силни причини за тоа!

    Сексот е една од најважните активности во нашиот живот и затоа можеби им е тешко на некои личности да си замислат и да сфатат дека има луѓе кои избираат да живеат без секс, односно да апстинираат.rnrnНивните одлуки им се незамисливи на многумина, но тие избрале: Живеат без секс и имаат силни причини за тоа!rnrnТри жени – Стефани, Лакита и Сара ги раскажале за познат американски магазин нивните приказни зошто се откажале од сексуалните активности. Иако многумина веројатно мислат дека причината за тоа е намаленото либидо или некое нарушување, девојките откриваат дека животот без секс ги исполнува и ги прави среќни.rnrnСтефани сфатила дека повеќето мажи, без оглед на возраста, се незрели и се фокусирани само на сексуалното освојување. Таа вели дека нема ниско либидо, но не е роб на нејзините сексуални нагони. Последен пат имала интимни односи во 2014 година.rnrnТаа додава дека духовниот живот ѝ е поважен од физичкиот, а важно ѝ и градењето врска со партнер кој знае да ги контролира своите нагони. Таа вели дека тоа е единствениот начин да открие дали сака да има сериозна врска со некоја личност.rnrnКога ѝ кажала на колешката дека сè уште немале секс со нејзиното момче, таа ѝ рекла дека треба да имаат секс барем еднаш пред свадбата. Таа смета дека е предрасуда тоа што многумина мислат дека жените во врската можат да понудат само добар секс. Бидејќи постојат многу жени што нудат секс, мажите не бараат жени со други доблести. Ако повеќето жени се откажат од сексот во врската и се фокусираат на тоа да бидат подобри личности, ќе има помалку сексуални проблеми – додава таа.rnrnЛакита последен пат била сексуално активна во 2009 година, а се одлучила за апстиненција, пред сè, од религиозни причини.rnrnТаа вели дека кога едно утро кога се враќала дома од забава, плачела цел пат, па одлучила да апстинира 1 година, но тоа траело подолго. Мажите сè уште ја барале за да излезат со неа, но таа смета дека тие го гледаат тоа како предизвик.rnrnСпортистката Сара вели дека има одредена животна рутина во која се буди рано, вежба, јаде здрава храна, се одмора и во кревет оди до 21 часот и така секој ден. Дополнува дека би сакала да излезе и да има секс ако ја најде вистинската личност. Таа тврди дека со претходните врски станала подобра личност затоа што помалку се фокусирала на себе, а повеќе на другата личност.rnrnВели дека нејзината идеална врска би била со некој кој не е толку конкурентски настроен како неа и со некој што не е спортист. Сара сака некој кој ќе ѝ покаже други хобија и светови.rnrnМожеби сакате да прочитате и за ситуациите во кои сексот треба да се препише како лек.

  • 12 приказни од жени со извонредна смисла за хумор

    12 приказни од жени со извонредна смисла за хумор

    Дали некогаш сте забележале дека жените одлично раскажуваат приказни? Жените ги раскажуваат приказните така што тие звучат фасцинантно, интересно и многу смешно. Овие приказни се толку привлечни што ќе ве натераат да сакате да им ги пренесете на сите луѓе што ги познавате.rnrn12 приказни од жени со извонредна смисла за хуморrn

    „Кога бев дете, бев катастрофа од човек. Немаше ден без да се случи некаква несреќа. Но, она на што навистина добро се сеќавам е нешто што го направив кога јас и мајка ми отидовме во трговски центар. Прво, истрчав во стаклена врата и се слушна ужасна врева (за среќа, вратата не се скрши), а потоа кога влеговме во првата продавница, ѝ реков на мајка ми многу гласно: `Погледни ја оваа застрашувачка кукла!’ Но, таа кукла беше продавачката што стоеше замрзнато и изгледаше како да е пластична…“

    rn

    „Кога маж ми кажа дека бара `вистинска жена’, ме фати паника затоа што јас не бев тоа што тој го бараше и не смееше да дознае за тоа.“

    rn

    „Правев операција на забот и додека чекав такси за да си одам дома една мачка ме исплаши, а јас исплукав крв низ уста.“

    rn

    „Пред еден месец, отидов кај моите родители во друг град и кога се вратив дома, насекаде наоѓав влакна од руса коса. Не му реков ништо на мојот сопруг, ги собрав сите свои работи додека тој сè уште беше на работа и се вратив кај моите родители. По 4 часа, сфатив дека ја бојадисав косата кафеава додека бев кај моите родители, а всушност сум русокоса. Повторно се вратив и му реков дека мајка ми ме замоли да останам подолго.“

    rn

    „Бев во метрото и имав чанта со приврзок што изгледаше како вреќа со жолти топки внатре. Нешто се случи и топките паднаа и се истркалаа. Ме мрзеше да станам, па решив да ги соберам подоцна. Една минута подоцна, тие се стркалаа накај мене и јас ги собрав. Продолжив да седам таму. Една стара дама што виде што се случи веројатно мислеше дека сум вештерка.“

    rn

    „Кога бев дете, моите родители ме предупредуваа дека мажите сакаат само една работа и затоа мора да внимавам. Јас имам 28 година и открив дека мажите сакаат само да спијат, да гледаат видеа и да јадат, a јас сакам само една работа.“

    rn

    „Настинав, ми течеше носот и имав болки во грлото. Тотално го изгубив гласот. Мојот сопруг се шегуваше со мене и ми велеше: `Не му викај на твојот сопруг.’ Моите синови беа исти и велеа дека во последно време многу е тивко. Многу е жално кога сакате да кажете нешто паметно, но сè што можете да сторите е да шиштите како кобра. Па, кога ќе оздравам, ќе го вклучам караокето и ќе пеам песни од Аеросмит.“

    rn

    „Кога бев дете, носев огромни очила, а на училиште, другите деца ми се смееја. Едно од децата што ме исмеваше беше многу дебело, но јас бев премногу учтива за да му го кажам тоа. За среќа, кога ме расплачи, учителката му ја кажа суровата вистина.“

    rn

    „На мојот роденден, отидовме во кафуле со 2 пријатели. Јас сум фотограф и видов многу привлечна девојка која испадна дека е келнерка: кратка коса, згодна, тетоважи, пирсинг. Таа беше навистина слатка. Кога заминувавме, решив да ја поканам на фотосесија. `Еј, јас сум фотограф и навистина ми се допаѓа вашиот изглед. Сакам да видам дали сакате да направите фотосесија.’ Девојчето ме погледна шокирано и рече: `Всушност, јас сум маж. Се викам Тед.’“

    rn

    „Кога бев мала, бев многу отворено дете и, како и сите деца, постојано ги учев фразите од возрасните. Еднаш, се вратив дома од училиште и ја замолив мајка ми да ми тури чај и таа, на шега, ми рече: `Сиромашните немаат слуги.’ Следниот ден, мојата учителка ме замоли да ја избришам таблата и секако дека знаете што ѝ реков. Но, таа не мислеше дека тоа е смешно и таа вечер, јас и мајка ми бевме во канцеларијата на директорот и сите тројца се смеевме. Мајка ми не ме казни.“

    rn

    „Се возев во автобус со отворена врата и потоа возачот ја затвори.“rn Патникот: „Остави ја вратата отворена, те молам. Овде е многу жешко.“rn Возачот: „Што ако некој падне?“rn Патникот: „Ќе платам за неговото лекување. Отворете ја вратата.“

    rn

    „Денес видов една девојка во автобусот што гледаше во својот телефон и плачеше. Бидејќи неодамна раскинав со мојот дечко и бев тажна, решив да ја поддржам и ѝ реков: `Не плачи. Тој не вреден за тоа.’ Таа ме погледна намуртено и ми рече: `Што зборуваш? Го добив мојот нов распоред, имам 7 предавања секој ден.’ И продолжи да плаче уште повеќе. Тоа беше моментот кога сфатив дека моите проблеми всушност не беа проблеми и се чувствував многу подобро.“

    rnПрочитајте ги овие 20 смешни изјави што децата ги кажале гласно.

  • Дознајте што сè може да побараат гостите во луксузните хотели: Следуваат неверојатни приказни!

    Дознајте што сè може да побараат гостите во луксузните хотели: Следуваат неверојатни приказни!

    Најексклузивните хотели во светот нудат и најдобра услуга. Тие може да ви резервираат маса во најбараните ресторани во градот, да ви подготват идеален план за обиколка низ градот, па дури и да запомнат какво кафе пиете.rnrnКако што може да претпоставите, вработените во ваквите хотели со текот на годините добиваат и голем број необични барања од нивните ВИП гости, а подолу се само некои од најинтересните.rnrnШто сè може да побараат гостите во луксузните хотели? Дознајте од овие неверојатни приказниrn

    Виетнамско запросување

    rnЕден од гостите планирал да ѝ предложи брак на својата девојка на необичен начин. Тој побарал од еден вработен во хотелот, во кој бил сместен, да отиде во Централ Парк со голем знак на кој пишувало: „Дали сакаш да се омажиш за мене?“ Гостинот резервирал прекрасен апартман со поглед на Централ Парк и договорил да се инсталира телескоп во просторијата. Хотелот организирал сè беспрекорно, па дури имало и девојче кое расфрлало ливчиња од рози низ целата патека, а телескопот покажувал точно на местото во паркот каде што хотелскиот работник застанал со пораката. Кога девојката погледнала низ телескопот и го видела знакот, се свртела, а нејзиното момче се појавило зад неа. Се разбира, дека прифатила да се омажи за него.rn

    Џејмс Бонд смокинг

    rnЕден од гостите во еден хотел се женел и побарал од вработените да му донесат смокинг. Сепак, тој не сакал каков било смокинг, туку оној истиот што го носел Даниел Крег во неговиот последен филм за Џејмс Бонд (смокингот во кој има и внатрешен џеб за пиштол). Бидејќи една италијанската модна куќа го креирала смокингот исклучиво за тој филм, требало да се направат бројни разговори со главниот италијански менаџер од модната куќа за да се стигне до него. За работите да бидат полоши, било месец август и целиот тим кој работел во компанијата бил на одмор. Сепак, барањето било навистина исполнето од модната куќа, која успеала да го собере целиот тим, да направи идентичен смокинг и да го достави до хотелот точно на време за свадбата.rnrnШто сè може да побараат гостите во луксузните хотели? Дознајте од овие неверојатни приказниrn

    Лов на паричник

    rnВо една прилика, некоја гостинка влетала панично во хотелот, платила за соба на рецепцијата и му се обратила директно на еден од вработените со надеж дека ќе може да ѝ помогне. Проблем? Таа го заборавила својот паричник во женски тоалет покрај автопатот кој водел до Њу Џерси, но воопшто не била сигурна во кој. За еден час, сите тоалети долж автопатот биле контактирани од хотелот и паричникот бил пронајден, но обезбедувањето се погрижило и за неговото преземање. Вработените од хотелот дури ѝ обезбедиле и превоз на гостинката до точната локација каде пресреќната дама си го земала паричникот, целосно недопрен.rn

    Снешко Белчо – изненадување

    rnЕдни гости од Калифорнија допатувале во Њујорк со своите деца кои никогаш не виделе снег. За време на нивниот престој, почнало да врне. Меѓутоа, бидејќи во тоа време биле на шопинг, побарале од вработен во хотелот, во кој биле сместени, да собере снег на терасата од хотелската соба за децата да си поиграат со него. Кога семејството се вратило во нивната соба, било пречекано од вистински, голем Снешко Белчо со капа за бејзбол.rnrnШто сè може да побараат гостите во луксузните хотели? Дознајте од овие неверојатни приказниrn

    Купување кошула во зори

    rnЕден ВИП гостин требало да пристигне во Њујорк со лет во зори, но имал многу малку време пред да замине директно од аеродромот на многу важен деловен состанок каде требало да го склучи најважниот договор во кариерата. Меѓутоа, како што авионот слетал, гостинот си истурил кафе и целосно ја уништил својата кошула. Немајќи време да застане никаде, неговиот помошник се јавил во хотелот, каде што требало да се сместат, за помош. Од хотелот, контактирале со директорот на блиската продавница, кој бил толку љубезен, па ја отворил продавницата еден час порано за хотелскиот персонал да може да купи нова кошула за гостинот. Вработен од хотелот потоа ја однел кошулата до местото на состанокот и чекал да пристигне гостинот за да му ја достави кошулата пред тој да започне.rnrnМожеби сакате са прочитате и за осумте најлуди нешта кои авионските патници ги направиле за да ја измамат контролата.

  • Инспиративните приказни зад најпознатите уметнички слики во светот

    Инспиративните приказни зад најпознатите уметнички слики во светот

    Зад секое ремек-дело од уметноста, речиси секогаш стои инспиративна приказна за тоа како тоа настанало. Еве ги приказните за 10 од нив.rn

    1. „Ѕвездена ноќ“ од Винсент Ван Гог

    rnrnrnПо нервниот слом, што резултирал во самоосакатување на левото уво, Ван Гог доброволно се пријавил во санаториумот „Сен Пол д’ Маусол“ во 1889 година. Во овој период, тој ги насликал некои од најпознатите дела во неговата кариера, вклучувајќи ги „Ирис“ и „Синиот автопортрет“. Сликата „Ѕвездена ноќ“ го прикажува погледот од источниот прозорец на неговата соба во санаториумот, непосредно пред изгрејсонце, каде е додадено идилично село.rn

    2. „Врисокот“ од Едвард Мунк

    rnrnrnМунк бил на прошетка на зајдисонце, кога сончевата светлина на заминување ги покрила облаците како со црвена крв. Тој тогаш го почувствувал „бесконечниот крик како поминува низ природата“. Се сугерира дека вулканска ерупција може да му се припише на неприродно портокаловото небо. Друго објаснување е дека ова може да било резултат на емоционалната состојба на Мунк, бидејќи неговата сестра била сместена во санаториум. Мунк создал четири верзии од оваа слика во боја и пастели, како и на литографски камен од која „преживуваат“ само неколку отпечатоци. Двете насликани верзии се украдени и потоа пронајдени. Една од пастелните верзии ја постигнала четвртата највисока номинална цена платена за слика на јавна лицитација.rn

    3. „Јадачите на компири“ од Винсент Ван Гог

    rnrnrnВан Гог сакал да ги прикаже селаните какви што се и намерно избрал модели кои се груби во естетиката. Тој сакал да покаже сосема различен начин на живот од тој на повисоките класи. Подоцна ѝ напишал на сестра му дека смета дека „Јадачите на компири“ ќе биде неговото најуспешно дело.rn

    4. „Пријател во потреба“ од Касиус Марселус Кулиџ

    rnrnrn„Пријател во потреба“ е најпопуларната слика од серијата „Кучиња што играат покер“ од Касиус Марселус Кулиџ. Серијата првично била нарачана од Браун и Бигелоу за рекламирање цигари. Сите осумнаесет слики се со антропоморфни кучиња, од кои во единаесет се прикажани игри со карти. Сликите на Кулиџ не биле сметани за оригинална уметност, но тие оттогаш станале популарни. Првата слика од серијалот „Покер-игра“, неодамна била продадена во Сотби за 658.000 американски долари.rn

    5. „Сатурн го проголтува својот син“ од Франциско Гоја

    rnrnrn„Сатурн го проголтува својот син“ го прикажува грчкиот мит за Титанот Кронус (романтизиран во Сатурн), кој, плашејќи се дека ќе биде победен од некое од неговите деца, ги јадел откако биле родени. Делото е едно од 14-те црни слики што Гоја ги насликал директно на ѕидовите од неговата куќа.rnrnПродолжете да читате на следната страница…rnrn