КАФЕ ПАУЗА

Tag: пријател

  • Кои знаци ќе ви укажат дека вашиот пријател е и вашата сродна душа?

    Кои знаци ќе ви укажат дека вашиот пријател е и вашата сродна душа?

    Сродната душа не е само личноста во која се заљубуваме, таа може да биде и блискиот пријател со кој делиме многу нешта. Пријателството е поразлично од љубовната врска, но тоа не значи дека има помала вредност. Всушност, понекогаш вистинското пријателство е поискрено и посигурно од романтичната врска.rnrnКои знаци ќе ви укажат дека вашиот пријател е и вашата сродна душа?rnrnОвие знаци ќе ви укажат дека вашиот пријател е вашата сродна душа.rn

    1. Без осудување

    rnВистинските пријатели никогаш нема да ве осудат за грешките што сте ги направиле или за одлуките кои сте ги донеле. Тие ќе бидат првите што ќе ви ја кажат вистината што треба да ја слушнете. Освен тоа, тие можат да ви се налутат или да бидат исфрустрирани како резултат на вашето однесување, но никогаш нема да ве осудат.rn

    2. Споделувате речиси сè

    rnРечиси и да нема тајни меѓу вас. Понекогаш, постојат нешта кои не сакате да ги споделите со партнерот, но оваа личност има пристап до вашите најдлабоки тајни и желби.rn

    3. Тие се првите кои ќе ви укажат на грешките

    rnПонекогаш, навистина е тешко да му укажеме на некој кој многу ни значи дека не е во право бидејќи се плашиме дека нашите зборови можат да бидат сфатени како навреда. Сепак, кога станува збор за вистинските пријатели, јасно ви е дека тие се грижат за вас. Затоа, кога пријателот ќе ви укаже на грешките, му верувате и знаете дека е во право.rn

    4. Меѓусебна поддршка

    rnДоколку имате пријател кој постојано ве охрабрува да ги остварите вашите цели тогаш навистина имате среќа во животот. Тој/таа ќе биде првата личност која ќе ви честита без разлика колку се мали или големи вашите достигнувања.rn

    5. Ништо не може да ве раздели

    rnНедоразбирањата и расправиите се неизбежни, но и покрај нив вие останувате заедно на крајот.rnrnОткако прочитавте кои знаци ќе ви укажат дека најдобриот пријател е и вашата сродна душа, можеби ќе сакате да прочитате и што претставува вистинската љубов според будизмот.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Загатка: Пронајдете го снешкото кој нема пријател!

    Загатка: Пронајдете го снешкото кој нема пријател!

    Унгарскиот уметник Дудолф реши да нè забавува во овие студени зимски денови, па ни донесе нова интересна загатка. Во толпата снешковци, треба да го пронајдете снешкото кој нема пријател. Дали ќе успеете?rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Gergely Dudás (@thedudolf)

    rnrn

    rnrnrnАко не успеавте, еве го решението!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”РЕШЕНИЕ:” active=”false”]rnrnЗагатка: Пронајдете го снешкото кој нема пријател!rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДали можете да ја пронајдете мачката меѓу толпата луѓе?

  • Пријатели, па романтични партнери – ваквите врски почесто опстануваат од другите

    Пријатели, па романтични партнери – ваквите врски почесто опстануваат од другите

    Голема предност е да се впуштите во љубовна релација со пријател – веќе се познавате доволно, сте се запознале со семејството, ја познавате неговата работа и пријателите, па сето тоа ви овозможува да се запознаете на подлабоко ниво.rnrnПријатели, па романтични партнери - ваквите врски почесто опстануваат од другитеrnrnПонекогаш пријателствата се претвораат во романтични врски, а тоа може да заврши многу добро бидејќи како пријатели ќе се запознаете еден со друг на различен начин, што може да ви помогне да создадете единствена перспектива. Кога сте пријатели и ќе решите да започнете да се гледате на поинаков начин, вие имате можност да се запознаете на еден сосема поинакво ниво отколку кога би се сретнале на Интернет или на забава.rnrnТоа ќе ви даде поинаква визура за вашиот партнер затоа што веќе сте запознати со неговиот живот. Честопати знаете како изгледа неговото секојдневие, работата, семејството и интересите. Не мора премногу да се вложувате во врската со некој што го запознавате од порано, но сепак запрашајте се дали навистина е таков каков што се прикажува.rnrnПокрај тоа, избегнувате непријатности со запознавање на партнерот со вашите најблиски. Запознавањето со пријателите и семејството е често стресно. Тоа е затоа што вашиот партнер е некој што веќе го знаат скоро сите од вашето опкружување.rnrnАко еден од вас или двајцата имате деца, можеби веќе сте ги запознале. Ова може да ја направи ситуацијата многу помалку напната и стресна за сите. Запознавањето на децата е една од најголемите пречки за развојот на врската.rnrnЕдна од придобивките е што знаете како тој или таа се однесува во различни ситуации, вклучително и соочување со тешки предизвици. Кога ќе започнете да запознавате некого, можеби се прашувате што тој/таа ќе помисли за вас. Запознавање со некого може да биде забавно, но ако веќе сте пријатели, може да го забрзате процесот. Прескокнете неколку од типичните прашања и започнете да учите еден за друг на подлабоко ниво.rnrnНе мора да поминат 3, 6 или 12 месеци за да се запознаете подобро. Тоа ви овозможува повеќе време за да ја зацврстите вашата доверба, што е одлична основа за секоја здрава врска. Затоа ваквите врски почесто опстануваат.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 5-те причини зошто „тивката љубов“ е најдобра.

  • Зошто е важно да го имате тој ЕДЕН пријател во животот?

    Зошто е важно да го имате тој ЕДЕН пријател во животот?

    Како човечки суштества, неизбежно е да ја прифатиме вистината дека луѓето ќе влегуваат и излегуваат надвор од нашите животи. Созревајќи како индивидуи се поврзуваме и дружиме со луѓе кои постојано се менуваат. Со кого ќе останеме во блиски односи зависи од заедничките интереси, времето што го поминуваме заедно, како и карактеристиките кои ги сметаме за вредни кај другите.rnrnЗошто е важно да го имате тој ЕДЕН пријател во животот?rnrnВо текот на овој процес, понекогаш мора да се случат и загуби. Можеби сте изгубиле пријател, па спомените со него сега ви се само топли сеќавања од едно далечно поглавје од вашето детство. Колку и да сакате да се вратите на тоа чувство кога со часови сте зборувале на различни теми, тоа едноставно не може да се случи. Дури и да имате можност одново да се најдете заедно, шансите дека ќе можете да продолжите таму каде што сте застанале се многу мали. Несреќната реалност е таква и никој не е виновен за тоа. Едноставно, тоа е животот.rnrnСо доаѓањето и заминувањето на толку многу луѓе, почнуваме да ги доживуваме пријателите како нешто недоволно значајно во животот. Со тек на време стануваме ладни во врска со фактот дека еден ден можеби нема воопшто да зборуваме со нив. Всушност, често и го игнорираме овој факт. Одбираме да живееме со верувањето дека ако цврство одржуваме некое пријателство, тоа ќе продолжи да опстојува без разлика на сѐ. Но и покрај тоа, на 10-годишнината од вашето матурирање, се среќавате со вашиот најдобар пријател или пријателка од тинејџерските години и си кажувате што ви се случувало во животите во изминатите години. Тоа е реалноста. Скоро е безначајно да се одржуваат дури и вредните пријателства.rnrnНо, во целиот овој процес, важно е да изградите долгорочна и цврста врска со барем ЕДЕН пријател во вашиот живот. Скоро секој ја има таа една личност со која редовно разговара барем неколку пати во месецот. Пријател со кој можете да седнете и да се присетувате на добрите времиња кои сте ги поминувале заедно. Ова ќе биде личноста која ќе присуствува на најзначајните денови во вашиот живот – на вашата свадба, раѓањето на вашите деца, нивните родендени… Ова пријателство е толку природно што не ви претставува тешкотија да го одржувате, а е една од најважните врски кои сте ги изградиле и ќе ги изградите во животот.rnrnОваа личност ќе ви помогне да останете приземјени. Таа ќе ве потсетува дека во свет полн со ладни и пресметливи луѓе, сѐ уште има добрина. Ќе ве потсети дека искрената меѓучовечка конекција е нешто што треба да се прославува, и дека дури и покрај тоа што сите животни пријателства не траат, сепак сите имале некоја значајна улога во она што сте постанале денес. Кога ќе созреете, оваа личност ќе ве потсети колку многу сте постигнале. Во зависност од ситуацијата, ќе може да ве врати во минатото за да ви покаже колкав пат сте поминале и зошто треба да бидете горди на себе.rnrnСекој човек на планетава само се труди да го сфати светот. Кога ќе минувате низ тешки моменти на тага и солзи, тој ЕДЕН пријател може да биде најзначајната личност во вашиот живот којашто ќе ви помогне да ја пребродите, заборавите и надминете секоја тешкотија. Поради оваа личност се чувствувате како да не сте сами во маките. Заедничкото минување низ ваквите ситуации е охрабрувачки мотиватор кој не само што ќе ве поттикне да си помогнете себеси, туку и нив. Разговарајќи за нештата од вашето заедничко минато, двајцата пријатели можат меѓусебно да си честитаат за успесите кои другиот ги постигнал.rnrnНа крајот од сѐ, најважната работа која треба да ја разберете е дека пријателот кој одбрал да остане покрај вас е оној кој мора да се потрудите и да остане таму. Оваа личност гледала како сте се менувале. Ве видела во најдоброто, но и во најлошото издание. И покрај сѐ, останала покрај вас, па на крајот на краиштата, зарем не е тоа она што го сакате? Пријател, некој што ќе биде со вас во добро и во лошо.rnrnВи треба потсетување за тоа што треба да барате кај пријателите? Погледнете ги 5-те квалитети кои можеме да ги најдеме само во најдобрите пријатели.

  • 7 причини зошто секој треба да има Бик во својот живот

    7 причини зошто секој треба да има Бик во својот живот

    Сега е период на владеење на силниот и смирен Бик. Родени помеѓу 20-ти април и 20-ти мај, луѓето со овој хороскопски знак се секогаш подготвени да им помогнат на саканите. Доколку вашиот најдобар пријател или некој од вашето семејство е Бик, имате многу среќа. Следниве 6 причини ќе ви докажат зошто.rnrn7 причини зошто секој треба да има Бик во својот животrn

    1. Никој нема да ви даде подобар совет од Бикот

    rnБиковите се толку независни, што ако некој не ги прифати нивните совети или не го направи она што го сакаат, едноставно ќе си заминат. Ова е навистина здрав начин да се соочите со реалноста, бидејќи кога некој не прифаќа нешто, нема потреба да губите време на тоа.rn

    2. Биковите се посветени пријатели

    rnОние кои ќе влезат во кругот на пријатели на Бикот, ќе уживаат во неговата посветеност. Овој пријател ќе ве поддржува во сè и ќе ве заштити од сите кои ви кажуваат поинаку. Понекогаш можеби ќе биде премногу заштитнички настроен, но тоа е само бидејќи ве сака.rn

    3. Биковите се вистински карпи

    rnОвие луѓе се зрели, стабилни и секогаш директни. Кај нив нема залудно драматизирање. Тие сакаат да го одржуваат редот и кај нив не постои нагло променување на расположението.rn

    4. Секогаш се овде кога ви требаат

    rnБез разлика дали ќе треба да ве спаси од незгодна ситуација или да ве однесе дома откако сте претерале со пиење, Бикот секогаш ќе биде овде за вас. Секогаш кога ќе ви затреба поддршка, Бикот прв ќе дотрча за да ви ја даде.rn

    5. Биковите секогаш знаат да се забавуваат, без разлика што прават

    rnБикот е земјен знак, па по природа е опуштен. Радоста пак ја наоѓа во едноставните нешта – добра храна, добра музика и добри луѓе. Сè додека им се задоволени овие потреби, Биковите секогаш ќе си поминат убаво.rn

    6. Биковите имаат одличен вкус за сè

    rnДоколку имате пријател Бик, секогаш ќе имате одличен водич кој ќе ги знае најдобрите ресторани и дискотеки. Штом станува збор за допир, вкус или звук, Биковите ги знаат совршените места.rn

    7. Вашата тајна ќе ја чуваат до гроб

    rnШтом му кажете некоја тајна на Бикот, можете да бидете сигурни дека никој друг нема да ја дознае. Биковите навистина знаат да ги чуваат тајните, па дури и ако некој се обидува да ги извлече од нив.rnrnПогледнете ги и нештата што треба да ги знаете за вашиот пријател Бик.

  • Како да му помогнете на пријателот кој страда од депресија?

    Како да му помогнете на пријателот кој страда од депресија?

    Ширум светот, милиони страдаат од депресија. Но, само 35% од заболените бараат професионална помош. Овој факт е вистина и покрај тоа што третманот може да води до целосно закрепнување и значително подобрување на квалитетот на животот.rnrnКако да му помогнете на пријателот кој страда од депресија?rnrnМногу луѓе се збунети и анксиозни за тоа како да се справат со саканата личност која изгледа како да страда од депресија. Дали можете да познаете дека некој има депресија? И како треба да ѝ пријдете на таа личност? Што ако ви се налути кога ќе прашате? Иако е речиси невозможно да ја предвидите реакцијата, експертите советуваат дека секогаш е најдобро барем да се обидете.rn

    „Луѓето кои извршуваат самоубиство се двоумат до самиот крај. Тие сакаат да ѝ стават крај на болката и ако има друго решение освен самоубиството, би го прифатиле. Секогаш има надеж“, изјавил Мет Онорато, лиценциран социјален работник.rnrn„Ќе направите мал гест, ќе му кажете на некого дека сте овде за него и тоа може да спречи обид за самоубиство. Малите нешта навистина имаат големо влијание.“

    rn

    Како да знаете дали некој страда од депресија?

    rnРечиси секој се чувствува лошо и тажно во текот на животот. Разликата е тоа што кај депресијата лошите чувства не поминуваат и не се подобрува расположението по поминување време со пријатели или правење нешто што ви причинува задоволство.rn

    „Луѓето со сериозна депресија ја чувствуваат тагата подолго (повеќе од две недели), а ова на некој начин им го попречува функционирањето во животот“, изјавила доктор Кетрин Бурнет.

    rnНекои од познатите симптоми на депресија вклучуваат тага, губење интерес за хобија, слабеење или дебелеење, проблеми со спиењето или претерано спиење, како и проблеми со концентрација, замор и суицидни мисли или коментари. Генералната раздразливост е помалку познат и често пропуштен симптом.rnrnВажно е да ги забележите и вербалните изјави за чувство на безвредност и празнина, како и физичките проблеми. Болката, заморот и главоболките можат да бидат предизвикани од депресијата. Ако забележите дека личноста не ги прави нештата што ги правела со задоволство и не може да се придвижи напред, можеби ситуацијата е сериозна.rn

    Како да пристапите?

    rnНа многу луѓе им е страв да им пријдат на саканите и да разговараат за депресија и самоубиство. Можеби бидејќи не сакаат да ја навредат личноста, страв им е дека ќе ја направат ситуацијата премногу „реална“ или мислат дека ќе има караница. Секогаш кога станува збор за чувствителна тема, постои опасноста од одбрана или гнев. Секој реагира различно и на многу луѓе ќе им биде полесно откако ќе разговараат за нивните проблеми, особено ако им пристапите нежно и без судење. Ако личноста сепак не е среќна со вашиот пристап, внимателно одбирајте ги вашите зборови. Кажете нешто како: „Разбирам дека минуваш низ многу, но кога ми викаш и ме игнорираш се чувствувам тажно.“rnrnНема никаква гаранција дека еден разговор ќе резултира со акција. Понекогаш ако пријателот ве игнорира, доволно е само да му потврдите дека се грижите и дека сте овде за него доколку сака да разговара. Можеби нема веднаш да добиете одговор, но вашата грижа го отворила патот за идни разговори. Кога ќе иницирате разговор, внимателно покажете ја вашата загриженост. Дозволете му на пријателот да зборува повеќе. Обидете се да слушате пред да почнете да давате предлози за решенија. Кога слушате, му покажувате на пријателот дека навистина се грижите за него. Штом ќе заврши, поставете му прашања како овие:rn

      rn 011

    • Колку ти се влошува ситуацијата?
    • rn 011

    • Дали се влошува повеќе отколку што ми кажуваш?
    • rn 011

    • Дали си свесен/на дека чувствуваш многу вина или срам?
    • rn

    rnОвие прашања ќе ѝ помогнат на личноста да се отвори за нејзината депресија.rn

    Работи што не треба да ги кажувате

    rnЕкспертите се согласуваат дека најлошите нешта што можете да ѝ ги кажете на личноста е да преболи, да гледа на светлата страна на животот или да кажете како сте ја излечиле вашата тага со прошетки. Депресијата е болест што е систематична и многу лична и може да влијае на целото тело. Потребен е третман направен посебно за таа личност. Исто така немојте да му кажувате на пријателот дека не е толку лошо. Од ваша перспектива можеби навистина не изгледа толку лошо, но важно е да разберете дека тој води внатрешна битка и се чувствува ужасно.rn

    Што да направите откако ќе прифати помош?

    rnШтом ќе се најдете на иста страница, постојат неколку опции за третман во зависност од сериозноста на ситуацијата. Ако не е потребна итна професионална помош, разговарајте за третманите кои се најудобни за пријателот. Ова може да започне со посета на семејниот лекар, особено ако личноста не сака да оди кај терапевт. Обично повеќето прифаќаат прво да посетат општ лекар.rnrnИ општите лекари можат да ја дијагностицираат депресијата и да препишат лекови, а можат да се обратат и кај професионалци за ментални нарушувања. Друга предност на посетата на општ лекар е тоа што може да се отстрани можноста депресијата да е предизвикана од друга болест. Понекогаш ниското ниво на железо, анемијата и проблемите со тироидната жлезда можат да предизвикаат блага депресија.rnrnПотребно е да станеме поотворени за разговор на тема депресија и самоубиство. Луѓето треба да знаат дека се разбрани и дека има помош. Потребно е да бидат свесни дека не се сами и дека никој нема да им суди.rnrnДознајте и кои работи ги прават луѓето кои ја маскираат нивната депресија.

  • Престанете да барате партнер! Барајте најдобар пријател

    Престанете да барате партнер! Барајте најдобар пријател

    Многумина мислат дека вистинската личност се појавува како љубовта на прв поглед. Мислат дека ќе отидат на прв љубовен состанок и веднаш ќе знаат дека ја нашле својата сродна душа. Честопати мислиме дека треба да се појават огномети или некаква искра што ќе го разбуди нашето шесто сетило и ќе ни даде до знаење дека сме го нашле мажот или жената од нашите соништа.rnrnПрестанете да барате партнер! Барајте најдобар пријателrnrnНо, она што луѓето го забораваат е дека силната, вистинска и долготрајна врска не се случува преку ноќ. Потребно е време. А многу луѓе не сакаат да го дадат своето време толку безгрижно. Како што старееме, нашите приоритети се менуваат. Стануваме презафатени со работа. Одиме на љубовни состаноци само тогаш кога можеме и ги претвораме во рутини каде што репликите се однапред смислени во нашите глави:rnrn„Каде живееш?“rnrn„Што работиш?“rnrn„Што правиш во слободно време?“rnrnЦелиов процес го вежбаме одново и одново поради тоа што постојано одиме на средби со различни луѓе. Ако не ја почувствуваме искрата веднаш, продолжуваме понатаму. Ако не ни дадат одговори што ќе ни се допаднат, веднаш ги „отпишуваме“ потенцијалните партнери. И така преминуваме на следниот кандидат.rnrnПричината зошто толку луѓе мразат да одат на љубовни состаноци е тоа што ги гледаат како интервјуа за работа. Ако не го најдат совршениот партнер, веднаш се откажуваат и продолжуваат со потрагата.rnrnНо, вистината е дека треба да престанеме да бараме момче или девојка и да почнеме да бараме пријател. На врските им треба време за да се развијат. Не се доволни само една, две или три средби за да дознаете дали сте го нашле вистинскиот или вистинската и да преминете во следниот круг.rnrnПотребно е да се запознаете со луѓето пред да ги одведете во спалната соба. Треба да разберете кои се навистина наместо што работат. Треба да ги цените заедничките моменти, да се смеете и водите длабоки разговори за време на кои навистина ќе се слушате меѓусебно.rnrnСе верува дека ако пријателството траело подолго од 7 години, тогаш ќе трае цела вечност. Доколку имате вакви пријателства, доколку имате пријатели со кои можете да се гледате еднаш месечно или годишно без притоа да се смени односот меѓу вас, тогаш дефинитивно можете да најдете животен партнер.rnrnАко моментално сте во активна потрага по врска, веднаш престанете со тоа. Најдете прво пријател, па видете каде ќе ве одведе тоа. На некој начин, навистина ги сакаме нашите пријатели. Иако не станува збор за романтична љубов, сепак вистина е дека би направиле многу работи за нив, а токму така би требало да функционира и љубовната врска.rnrnКога ќе почнете да ги гледате работите на овој начин, порано или подоцна ќе се појави вистинскиот човек за вас. Ќе бидете изненадени, бидејќи воопшто нема да очекувате такво нешто. Не сте го барале тоа, туку едноставно се случило. Не заборавајте дека во сржта на секоја врска или брак, партнерите не се само љубовници туку тие се првенствено пријатели.rnrnВо продолжение прочитајте и колку врски, скршени срца и неверства има до пронаоѓање на вистинскиот партнер.

  • Откријте каков пријател ви е потребен според вашиот хороскопски знак

    Откријте каков пријател ви е потребен според вашиот хороскопски знак

    Сите луѓе се различни, па секому му е потребен различен пријател. Некои сакаат пријатели со кои ќе се забавуваат, други сакаат пријатели со кои ќе можат да ги споделат и најдлабоките тајни. Епа ајде, откријте каков пријател ви е потребен според вашиот хороскопски знак…rnrnКаков пријател ви е потребен според хороскопскиот знак?rn

    Овен: Мирна и стабилна личност

    rnВам ви е потребен некој кој ќе биде овде кога ќе ви треба. Личност со која ќе можете секогаш да разговарате. Овде спаѓаат земјените знаци.rn

    Бик: Разговорлива личност

    rnВие сте одличен слушател, па потребен ви е пријател кој постојано ќе зборува. Овде спаѓаат воздушните и водните знаци.rn

    Близнаци: Добар слушател

    rnПотребна ви е личност која ќе биде заинтересирана и која ќе обрнува внимание на она што го зборувате. Овде спаѓаат земјените знаци.rn

    Рак: Сочувствителен пријател

    rnНајдобар пријател за вас е личноста која ќе може да ве прегрне кога ќе ви биде најтешко. Овде спаѓаат водните знаци.rn

    Лав: Некој што ќе ви дава комплименти

    rnВие знаете дека ги заслужувате комплиментите, па потребен ви е пријател кој ќе ви го овозможи тоа. Овде спаѓаат водните и воздушните знаци.rn

    Девица: Лојален пријател

    rnПотребен ви е пријател кој нема да ве остави, бидејќи тие луѓе се највредни. Овде спаѓаат земјените знаци.rn

    Вага: Некој што е подготвен за промена

    rnЗа вас пријател е некој што е целосно отворен за промена и што храбро се соочува со светот. Тој ќе ви помогне да излезете од вашата удобна зона. Овде спаѓаат огнените знаци.rn

    Скорпија: Личност со добра смисла за хумор

    rnМожеби малкумина знаат дека сакате да се смеете, но вам ви е потребен пријател со одлична смисла за хумор. Овде спаѓаат сите знаци што можат да ве насмеат.rn

    Стрелец: Енергична личност

    rnПотребен ви е пријател со големо количество енергија за да може да ве следи вас и да биде во тек со вашиот возбудлив живот. Овде спаѓаат огнените знаци.rn

    Јарец: Искрен пријател

    rnВам ви е потребен искрен пријател кој секогаш ќе ви кажува како се чувствува. Овде спаѓаат земјени и огнени знаци.rn

    Водолија: Емотивна личност

    rnСовршениот пријател за вас е личност што е отворена за своите чувства и емоции бидејќи вие тајно обожавате да ги сакате луѓето. Овде спаѓаат водните знаци, особено Ракот.rn

    Риби: Личност што живее во моментот

    rnПотребен ви е пријател што ужива во сегашниот момент и без проблем би гледал филм или би јадел без да си кажете ниту еден збор. Овде спаѓаат земјените знаци.rnrnДознајте и кој хороскопски знак е вашиот најдобар пријател.

  • 5 причини зошто Бикот е најдобриот пријател што можете да го имате

    5 причини зошто Бикот е најдобриот пријател што можете да го имате

    Сите хороскопски знаци имаат свои предности и недостатоци, позитивни и негативни особини. Но, овој знак поседува еден навистина значаен квалитет и тоа го издвојува од останатите знаци во зодијакот. Прочитајте зошто Биковите се најдобрите пријатели што можете да ги имате…rnrn5 причини зошто Бикот е најдобриот пријател што можете да го иматеrn

    1. Тие се лојални

    rnБиковите се верни и ги ценат односите кои се засноваат на меѓусебна почит и љубов. Лојалноста ги надвладува тврдоглавоста и сезнаечката природа на Биковите.rn

    2. Тие знаат кои се најважните работи

    rnБиковите секогаш сакаат да учат и ја користат секоја прилика за да го надградуваат нивното мислење и знаење. Не се срамежливи и секогаш го кажуваат она што го мислат и знаат. Па така, тие знаат дека односите се многу значајни за животот на еден човек и тоа јасно го покажуваат. Тие многу се трудат да бидат добри пријатели.rn

    3. Имаат одлична смисла за хумор

    rnВашиот пријател Бик ќе се смее со вас, ќе ви се смее вам и ќе се смее самиот на себе. Биковите сакаат да се забавуваат, бидејќи знаат дека животот е премногу краток за им помине без смеа. Кој не сака да се смее?!rn

    4. Ве прифаќаат такви какви што сте

    rnБиковите најмалку осудуваат од сите останати знаци, но тоа не значи дека нема да ви кажат ако некое парче облека не ви стои добро. Нивните критики не се злонамерни. Тие само сакаат да ви помогнат. Биковите секогаш ќе ве поддржат и сослушаат.rn

    5. Тие се тврдоглави, но на добар начин

    rnТврдоглавоста е типична особина за Биковите. Иако тврдоглавоста може да биде лоша во некои случаи, таа може и многу да послужи во одредени ситуации. Се сеќавате на она патување во Лондон што го планиравте? Нешто се случило и сите летови се откажани. Но, доволно е да му се јавите на вашиот пријател Бик и тој веднаш ќе ве однесе до таму дури и по цена да биде ваш личен возач.rnrnНе сте уверени дека Биковите се најдобри пријатели? Следниве 10 причини зошто секогаш можете да се потпрете на Бик во хороскоп сигурно ќе ве убедат.

  • 9 работи за кои треба да му се заблагодарите на најдобриот пријател од детството

    9 работи за кои треба да му се заблагодарите на најдобриот пријател од детството

    Без разлика дали сте се сретнале на улица или на училиште, најдобриот пријател од детството никогаш не се заборава. Вие сте споделиле дел од вашиот живот и сте научиле многу еден од друг. Постојат безброј работи за кои треба да му се заблагодарите на пријателот од детството, но можете да почнете со овие 9.rnrn9-raboti-za-koi-treba-da-mu-se-zablagodarite-na-najdobriot-prijatel-od-detstvoto-kafepauza.mkrn

    1. За тоа што ви бил најдобар пријател

    rnСигурно вашиот пријател не ни знае колку исплашено и осамено сте се чувствувале на првиот училиштен ден. Сигурно ви значело кога сте почнале да разговарате. Сепак, тоа бил почетокот на вашето долго пријателство. Кажете му колку сте благодарни што тој ден сте се запознале.rn

    2. Затоа што ве поддржувал во сите луди идеи

    rnДецата често знаат да се најдат во неволја. Но добро е што секогаш кога сте имале „одлична“ идеја која завршила катастрофално, со вас бил вашиот пријател. Не секоја одлука била добра, но барем сте имале со кого да ги сносите последиците.rn

    3. За бескрајното смеење и забава

    rnКога сте биле со најдобриот пријател сигурно ниту еден момент не ви бил здодевен. Веројатно имате и многу ваши шеги и сигурно сте се смееле со часови. Никој не може да ви го подобри расположението како вашиот пријател.rn

    4. За постојаното извинување и простување

    rnАко има некој кој знае дека не сте совршени, тоа е вашиот пријател. Но тој сепак ве сака и покрај сите недостатоци. Кога ќе се сетите, сигурно има многу моменти кога пријателот веднаш ви простил или се извинил.rn

    5. За бранењето од другите

    rnНикој не ве разбирал како вашиот пријател, исто како и вие него. Но понекогаш луѓето можат да бидат злобни. За среќа, вашиот пријател секогаш бил овде за да ве одбрани, а сигурно истото сте го правеле и вие. Добро е да имате личност на која можете да се потпрете, па не заборавајте да му се заблагодарите на најдобриот пријател за тоа.rn

    6. За станување дел од семејството

    rnАко вие не сте биле кај него, сигурно тој бил кај вас на гости. Неговото семејство на некој начин било ваше, како што и вашето семејство било негово. Сте доаѓале кај него без воопшто да тропнете на вратата и секогаш сте се чувствувал како дома.rn

    7. Затоа што ви дозволувал да правите грешки, но бил и искрен

    rnНавистина можете да се потпрете на искреноста на најдобриот пријател. Но сепак, дури и кога сте правеле грешки, пријателот не ве напуштал иако знаел дека работите ќе завршат лошо.rn

    8. Затоа што ви ги чувал најдлабоките и најмрачните тајни

    rnВашиот пријател видел сè – вашата добра, лоша и многу лоша страна. Но за среќа можете да му верувате. Растењето со него било прекрасно бидејќи секогаш сте имале личност за разговор. Бидете благодарни за тоа.rn

    9. За безусловната љубов

    rnПричината што навистина го сакате пријателот од детството е тоа што тој ве научил што значи вистинско пријателство. А тоа на некој начин е безусловна љубов. Дури и да не се дружите како порано, сигурно си посакувате само најдобро еден за друг.rnrnПрочитајте ги и овие цитати кои ја доловуваат суштината на вистинското пријателство.