КАФЕ ПАУЗА

Tag: прашина

  • Отстранете ја прашината брзо и лесно: Користете го овој трик од Тик-Ток за вашиот дом да биде чист

    Отстранете ја прашината брзо и лесно: Користете го овој трик од Тик-Ток за вашиот дом да биде чист

    Прашината е најголемиот непријател на многу жени. Иако не постои начин целосно да се отстрани засекогаш, постојат трикови со кои прашината нема за кратко време повторно да се наталожи на површините во домот. Во продолжение погледнете еден од нив.rn

    @cleanqueen_7Hack to clean your skirting boards to stop them gathering dust fast! Thank you @cleaningwithdanielled for this inspiration#cleanhack #lenor #cleantokrnrn♬ original sound – The Forgotten Songsrnrn

    rnrnrnИспрскајте малку омекнувач на ткаенината со прашина и избришете ги површините. На тој начин, ќе создадете тенок слој врз нив што ја отфрла прашината и не дозволува повторно лесно да се наталожи.rnrnВо продолжение прочитајте неколку совети како да се собира помалку прашина во домот.rn

    Чистете ги грејачите и клима-уредот

    rnВо нив може да се наталожи голема количина прашина, па кога ќе ги вклучите, целата таа нечистотија ќе се расфрла низ куќата и ќе се наталожи на мебелот. Затоа, неопходно е редовно да се отстранува прашината од нив со правосмукалка и влажна крпа.rn

    Не бришете прашина „на суво“

    rnВо овој случај, прашината само ќе лета и ќе се премести на друга површина. Ткаенината со којашто чистите нека биде влажна додека ја отстранувате прашината бидејќи така честичките ќе се задржат на неа, наместо повторно да разлетаат низ вашиот дом.rn

    Не нанесувајте спреј за полирање директно на мебелот

    rnАко го направите тоа, ризикувате да создадете слоеви на мебелот што подоцна ќе привлечат прашина. Наместо да го нанесувате директно, прскајте го спрејот за полирање прво на крпа, а потоа исчистете ги парчињата мебел.rn

    Редовно менувајте го филтерот на правосмукалката

    rnФилтрите се дизајнирани да ги фатат и да ги задржат честичките прав. Ако не ги промените, прашината нема да остане во правосмукалката по чистењето, туку ќе се расфрла низ собата и ќе се наталожи на мебелот.rnrnПрочитајте колку често треба да ги менувате и да ги чистите алатите за чистење.

  • Едноставен трик како да ја отстраните досадната прашина што останува откако ќе ја исчистите куќата со метла и ѓубралник

    Едноставен трик како да ја отстраните досадната прашина што останува откако ќе ја исчистите куќата со метла и ѓубралник

    Ако некогаш сте се обиделе да ги исчистите трошките со метла и ѓубралник, тогаш веројатно знаете дека секогаш има тенка линија прашина што не можете да ја отстраните. Но, овој трик на ТикТок им го олесни животот на многумина.rn

    @shimmyshim17#lifehack #cleaningtiktok #foryoupage #DoritosDuetRoulette 😉rnrn♬ It’s A Vibe – 2 Chainzrnrn

    rnrnrnПогледнете како да направите домашен омекнувач за алишта.

  • Идеална за чистење: Мрсната хартија може да спречи собирање прашина

    Идеална за чистење: Мрсната хартија може да спречи собирање прашина

    Сите сакаме трикови за чистење кои ги олеснуваат обврските низ домот, а овој ќе ви заштеди време кога бришете прашина, особено на тешко достапните места.rnrnИдеална за чистење: Мрсната хартија може да спречи собирање прашинаrnrnСтавете лист мрсна хартија на тешко достапните површини. Наместо да се лепат на врвовите на орманите, честичките ќе се лепат на површината на мрсната хартија. Потоа, кога ќе правите темелно чистење на куќата, сè што треба да направите е внимателно да го свиткате листот, да го фрлите и да го замените со нов.rnrnЛистовите хартија треба да се менуваат на секои три до четири месеци.rnrnЗа да го направите овој кујнски трик поеколошки, избришете го листот мрсна хартија со влажна крпа и измијте го.rn

    Функционира и надвор од кујната

    rnОвој трик функционира и во деловите од домот што ги користите помалку. Можете да ставите мрсна хартија и на фиоките и плакарите, а непосредно пред да пристигнат вашите гости, фрлете ја нечистата хартија. Ова е лесен начин да ги направите посетите на гости помалку стресни.rnrnПрочитајте како да отстраните мастило од тепихот со помош на средствата што ги имате дома.

  • Како правилно да ги бришете површините во домот?

    Како правилно да ги бришете површините во домот?

    Експертите откриваат дека цело време ги чистите површините погрешно. Бришењето нагоре-надолу или лево-десно само ја шири нечистотијата наместо да ја отстранува. Темелното чистење на вашиот дом е многу важно за време на пандемијата, но дали знаевте дека можете да ги направите површините повалкани во зависност од тоа како ги бришете?rnrnКако правилно да ги бришете површините во домот? rnrnЕкспертите за контрола на инфекции откриле дека многу луѓе ненамерно ги шират микробите бидејќи ги бришат површините без специфичен метод.rnrnСпоред поранешните лекари на Националната здравствена служба, најдобриот начин да ги избришете површините без да го ширите микробите е да ја следите формата на буквата „Ѕ“. Тие велат дека вообичаениот метод на бришење од едната, а потоа од другата страна е грешка што многу луѓе ја прават затоа што едноставно ги поместуваат нечистотијата и микробите од валканата област на чисти површини.rnrnНепромисленото чистење на површините, односно бришењето нагоре-надолу или лево-десно влијае на ширењето на микробите. Затоа, од врвот до дното во облик на „S“ е најдобриот метод за чистење, но го користат само 60 % од луѓето.rnrnИсто така, експертите предупредуваат дека кујнскиот прибор никогаш не треба да се враќа на површините пред да се исушат по чистењето. Многу производители тврдат дека средствата можат да ги убијат бактериите по 30 секунди, што значи дека треба да ги оставите средствата за чистење на површината некое време за да почнат да дејствуваат.rnrnПрочитајте како да го исчистите душекот и да ги отстраните сите видови дамки.

  • Како да се собира помалку прашина во домот?

    Како да се собира помалку прашина во домот?

    Бришењето прашина ретко на кого му претставува задоволство бидејќи вие ја бришете, а таа повторно паѓа и изгледа како залудно да ја правите таа работа. Но, ако веќе сте се потрудиле да ја исчистите куќата од прашина, тогаш треба да внимавате на некои работи за да помине повеќе време пред таа повторно да се наталожи. Еве кои трикови да ги искористите за да ви се собира помалку прашина во домот.rnrnКако да се собира помалку прашина во домот?rn

    Исчистете ги греалките и клима-уредите

    rnВо нив се крие огромна количина прашина, што значи дека кога вие ќе ја исчистите куќата, прашината повторно ќе излезе од овие уреди и ќе се наталожи на предметите низ вашиот дом. Поради тоа, пожелно е одвреме-навреме да ги чистите овие уреди со правосмукалка.rn

    Не бришете прашина на суво

    rnВо овој случај прашината само ќе се разлета и ќе се премести на друга површина. Поради тоа, секогаш бришете прашина со влажна крпа бидејќи на тој начин честичките ќе се залепат на крпата.rn

    Не прскајте спреј за полирање директно врз мебелот

    rnНа овој начин ризикувате да создадете слоеви на мебелот што подоцна само ќе привлечат повеќе прашина. Наместо да нанесувате директно врз мебелот, прво испрскајте од спрејот на крпа и така нанесете го на мебелот.rn

    Редовно менувајте го филтерот на правосмукалката

    rnФилтрите се дизајнирани да ги собираат и да ги задржуваат честичките прашина. Ако не го менувате филтерот редовно, прашината нема да се задржи во правосмукалката, туку ќе се разлета наоколу и ќе се наталожи на мебелот.rnrnПрочитајте и како да се ослободите од мирисот на тутун во вашиот дом.

  • Не можете да се ослободите од прашината во вашиот дом? Пробајте со овие едноставни трикови!

    Не можете да се ослободите од прашината во вашиот дом? Пробајте со овие едноставни трикови!

    Дали понекогаш ви изгледа како залудно да го чистите домот, бидејќи само што ќе ја избришете прашината, таа веднаш се враќа назад на мебелот. Токму затоа бришењето на прашината не е омилената активност на домаќинките. Но, ако веќе се обидувате да го исчистите домот од прашина, тогаш треба да внимавате на некои работи за да помине што е можно подолго време пред таа повторно да се насобере врз мебелот.rnrn1-super-trikovi-kako-da-vi-se-sobira-pomalku-prashina-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rn

    1. Немојте да користите метла за прашина

    rnОва помагало за чистење всушност прави поголема штета отколку корист, бидејќи прашината само ја „расфрла“ наоколу, од една површина на друга. Ако не можете без неа, почесто перете ја под млаз вода или едноставно заменете ја со нова, која подобро ќе ја „лепи“ прашината на себе.rn

    2. Исчистете ги греалките и клима уредите

    rnТука може да се крие голема количина прашина, што значи дека вие ќе го исчистите домот, ни кога ќе ги вклучите, прашината повторно ќе излета од овие уреди и ќе се наталожи врз мебелот. Затоа е добро понекогаш да ги исчистите со помош на правосмукалка.rn

    3. Немојте да ја бришете прашината „на суво“

    rnКако и кај ситуацијата со метлата, така и во овој случај прашината само ќе се разлета и ќе се премести на друга површина. Затоа крпата со која чистите нека биде влажна додека ја бришете прашината, бидејќи така честичките ќе се задржат на неа.rnrn2-super-trikovi-kako-da-vi-se-sobira-pomalku-prashina-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rn

    4. Не го нанесувајте спрејот за полирање директно врз мебелот

    rnАко го правите тоа на тој начин, тогаш само ризикувате на мебелот да се создадат слоеви кои подоцна ќе привлечат прашина. Наместо директно нанесување, спрејот за полирање најпрво ставете го на крпа, а потоа со неа разнесете го на мебелот.rn

    5. Редовно менувајте го филтерот на правосмукалката

    rnФилтрите се дизајнирани за да ги фаќаат и да ги задржуваат честичките прашина. Доколку не ги менувате, прашината после вшмукувањето нема да се задржи во правосмукалката, туку ќе лета во просторот и ќе се насобира врз мебелот.rnrn3-super-trikovi-kako-da-vi-se-sobira-pomalku-prashina-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rnrnЗа побрзо и поефикасно чистење на домот, погледнете ги овие совети за чистење заради кои никогаш повеќе нема да морате да правите „генералка“.

  • Практични и ефикасни трикови: Како брзо и темелно да го исчистите вашиот дом?

    Практични и ефикасни трикови: Како брзо и темелно да го исчистите вашиот дом?

    Чистењето на домот е нешто што го правиме секојдневно. Прашината, бактериите, влакната од нашите домашни миленичиња, непријатните мириси на тепихот или душекот за спиење… Сите овие се само дел од работите од кои треба да се ослободиме доколку сакаме да живееме и функционираме во чиста околина. Така, речете им збогум на скапите средства за чистење и прочитајте ги следниве 9 трикови кои вклучуваат само природни, едноставни, евтини и што е најважно делотворни препарати за чист и блескав дом.rnrnПрактични и ефикасни трикови: Како брзо и темелно да го исчистите својот дом?rn

    1. Цимет за пријатен мирис

    rnНанесете неколку капки цимет на тепихот и потоа изметете го со правосмукалка. Во воздухот веднаш ќе забележите пријатен мирис. Се разбира, одлучете се ова да го направите пред да ја изметите целата кука. Овој метод е неспоредливо подобар од прскањето со најразлични хемиски средства и освежувачи на воздух, бидејќи нема да вдишувате никакви штетни хемикалии.rn

    2. Пена за бричење за сјајно огледало

    rnНанесете малку пена за бричење на огледалото и пребришете го со чиста крпа. Освен што ќе ги отстраните нечистотиите ќе направите и еден дополнителен слој на стаклото кој ќе го штити огледалото од замаглување додека се туширате и од греботини.rn

    3. Маслиново масло за челик кој не рѓосува

    rnСтавете малку маслиново масло на една чиста крпа и избришете. Потоа со делот од крпата на кој нема масло, пребришете ја површината уште еднаш за да го соберете остатокот. Тврдокорните дамки и отпечатоците од прсти веднаш ќе исчезнат.rn

    4. Гумените ракавици ги собираат влакната од домашните миленици

    rnСтавете обични гумени ракавици и поминете по површина на мебелот по кој се движеле вашите миленичиња и на кои се собрале влакна. Тие ќе се залепат за гумата. Потоа, исперете ги ракавиците со вода за да ги отстраните влакната. За да избегнете затнување на одводот, измијте ги ракавиците надвор или набавете хируршки ракавици кои можете да ги фрлите веднаш по чистењето.rn

    5. Сода бикарбона за чиста рерна

    rnПомешајте сода бикарбона со вода за да добиете густа смеса. Нанесете ја на оние делови од рерната кои сакате да ги исчистите, како на пример внатрешноста на рерната или стаклената врата, но избегнувајте да ја ставате на грејачите. Оставете ја смесата да делува преку ноќта. На овој начин, тврдокорните дамки и наслаги ќе омекнат и ќе биде многу полесно да ги отстраните и тоа само со една мокра крпа. Ако останат некои делови кои не омекнале и не можете да ги отстранете, тогаш обидете се со малку оцет кој ќе реагира со содата и ќе направи пена.rn

    6. Микробрановата печка може да го дезинфицира сунѓерот за миење садови

    rnНатопете го сунѓерот во мешавина од вода и лимонов сок и ставете го во микробрановата печка на една минута. Тоа ќе ги уништи сите насобрани бактерии.rn

    7. Оцет за чиста славина без дамки и бигор

    rnСтавете памук натопен во оцет на местата каде што се собрал бигор, а доколку имате, можете да користите и брусна хартија. Оставете оцетот да делува неколку минути и потоа избришете со вода.rn

    8. Сода бикарбона за непријатната миризба од душекот

    rnНанесете сода бикарбона на целиот душек, оставете да делува околу 8 часа и потоа изметете со правосмукалка. Содата ќе ги неутрализира сите непријатни мириси, а ќе уништи и неколку бактерии.rn

    9. Пластичните играчки и украси исчистете ги во машината за миење садови

    rnОва важи, се разбира, само за оние предмети кои не работат на батерии и електрична струја. Наредете ги во машината и измијте ги исто како да миете садови, заедно со вообичаеното средство за миење. Тие ќе бидат чисти и дезинфицирани, што е особено значајно доколку имате деца.

  • Не се користи само за облека: 5 алтернативни начини на кои можете да го употребите омекнувачот

    Не се користи само за облека: 5 алтернативни начини на кои можете да го употребите омекнувачот

    Омекнувачите постојат, како што налага и нивното име, за да ѝ дадат на облеката посебна мекост. Покрај тоа, тие на облеката ѝ даваат и прекрасен мирис, а еве уште 5 алтернативни начини на кои можете да ги употребите, а за кои сигурно досега не сте знаеле.rnНе се користи само за облека: 5 начини да го употребите омекнувачотrn

    1. Го освежува просторот

    rnОмекнувачот може да биде и освежувач на просторот. Земете едно шишенце со распрскувач и наполнете го со вода и омекнувач (разредете го со водата во однос 1:3). Со таа течност напрскајте ги завесите, тепихот и другите ткаенини на кои сакате да им дадете поубав мирис. Исто така, со ваквиот раствор можете да ја освежите и внатрешноста на автомобилот.rn

    2. Го отстранува статичкиот електрицитет

    rnЗа да спречите прашината да се насобира на телевизорот или на другите пластични површини во домот, ставете на крпата за бришење неколку капки неразреден омекнувач и со неа избришете ги предметите. Со тоа ќе го спречите создавањето електрицитет кој ја привлекува прашината, а притоа ќе им дадете на предметите пријатен мирис.rn

    3. Дава сјај на мазните површини

    rnАко не можете да пронајдете средство кое дава сјај на мазните површини, омекнувачот може многу да ви помогне. Подгответе го ова средство на следниот начин: Помешајте чаша омекнувач со 4 чаши вода и ставете ја смесата во шише со распрскувач. Напрскајте ја крпата за прашина со средството и потоа со неа избришете ги стаклените површини, туш кабината или некои други мазни површини. Чистењето завршете го со сува крпа.rn

    4. Отстранување на старите тапети

    rnСо омекнувачот можете да ги отстраните и старите тапети на ѕидот. Направете мешавина од еден полн сад со омекнувач и 4 чаши вода. Потопете го сунѓерот во смесата и оставете го во неа 30 минути. Тапетите ќе ги отстраните без никакви тешкотии.rn

    5. Ги омекнува четките за бојадисување на косата

    rnЧетките за бојадисување на косата ќе ја здржат својата мекост, доколку после нивната употреба ги измиете во вода во која претходно сте ставиле неколку капки омекнувач.

  • 5 одлични трикови за справување со прашината во домот

    5 одлични трикови за справување со прашината во домот

    За чистењето да ви биде поефикасно и за домот подолго да ви останува чист по „генералката“, почнете да ги применувате следниве 5 едноставни трикови, кои многу помагаат.rnrnПет одлични трикови за справување со прашината во домот rn

    1. Направете провев

    rnСо помош на правосмукалката ќе ја соберете прашината од вашиот под и од тепихот, но кога ќе блесне сонцето јасно се гледа како честички прашина летаат на сите страни. За да го спречите повторното лепење на прашината од воздухот на мебелот и подот, отворете ги прозорците од сите страни во домот или пуштете го клима уредот во функција на вентилатор. На овој начин голем дел од честичките ќе ги изнесете надвор.rn

    2. Направете антистатички крпи за прашина

    rnВо половина чаша со топла вода исцедете 3 лимона, додајте 2 лажички маслиново масло и убаво измешајте. Од стара памучна маица или чаршав исечете неколку крпи и ставете ги во сад кој има капак. Одозгора полијте ги со мешавината, поклопете ги оставете ги да отстојат два часа. Потоа исцедете ги и исушете ги. Откако ќе се исушат комплетно, спремни се за употреба. Овие крпи ќе ја привлекуваат и собираат целата прашина од мебелот. Перете ги рачно, а после три користења, повторете ја постапката.rnrnПет одлични трикови за справување со прашината во домот rn

    3. Детално исчистете ја правосмукалката

    rnИако нејзина функција е да чисти, во нејзиниот филтер се заглавуваат честички од прашина и при струењето на воздухот низ него тие повторно се враќаат назад. Еднаш месечно, детално и темелно чистете ја правосмукалката. Редовно менувајте го филтерот и со влажна крпа пребришувајте ја внатрешноста на правосмукалката.rn

    4. Користете паметни домашни средства за чистење

    rnЧистењето прашина, не се состои во тоа да ја раширите низ просторијата, туку да ја соберете и исфрлите. Во еден сад со половина литар вода ставете неколку капки етерично масло по ваш избор или маслиново масло. Крпата натопете ја и убаво исцедете ја, а потоа со неа пребришете ги дрвените и пластичните површини. За стакло користете мешавина од оцет и вода.rn

    5. Тресете ги теписите

    rnТеписите се главни собирачи на прашина и затоа е многу важно детално да ги исчистите. Правосмукалката го собира само површинскиот слој прашина. Еднаш месечно извадете ги теписите надвор и истресете ги убаво.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лошата страна на клима уредите

    Лошата страна на клима уредите

    Спасот од летните горештини многумина го пронаоѓаат во клима уредите. Доколку климатизерот е квалитетен и редовно одржуван, тој покрај тоа што разладува, го прочистува воздухот, ја намалува неговата влажност и ги отстранува непријатните миризби. Сепак, треба да се знае дека климатизерите со себе носат и опасност, која најчесто произлегува од нерационално наместена температура и од неправилно одржување.rnrnЛошата страна на клима уредитеrnrnПо правило разликата помеѓу внатрешната и надворешната температура треба да биде 6-7 Целзиусови степени, а уредот треба да се чисти и дезинфицира барем два пати годишно. Тоа е така бидејќи, покрај во филтрите, прашина, бактерии, мувла и габички  влегуваат во целиот уред, кои потоа можат да предизвикаат повеќе болести.rnrnНајчесто тоа се различни врсти инфекции на респираторниот систем, иритација на слузокожата на очите, носот и крлото, кашлање, силни главоболки, замор и намалена концентрација.rnrnНајопасната бактерија која може да се најде во климатизерот е легионела која може да предизвика Легионерска болест. Станува збор за воспаление на белите дробови, а истата се развива од два до десет дена откако ќе се вдиши бактеријата. Болеста започнува со слабост, поспаност, главоболка и покачена телесна температура, а може да се појави и дијареа и суво кашлање. На ризик од заболување од оваа бактерија најчесто се хронично болните, луѓето со намален имунитет, пушачите и алкохоличарите. За да ја избегнете опасноста од оваа бактерија, повикајте стручни лица да ви ја исчистат климата целосно, филтрите перете ги под млаз вода на секои 15 дена.rnrnВо неодржуваните климатизери можат да се наталожат голем број бактерии, прашина, животински влакна, мувла и габички, што после извесно време може да им наштети на луѓето кои патат од алергии и астма.rnrnПосебно е важно да се внимава на температурата на клима уредот во просториите во кои најчесто седат помали деца, бидејќи ладниот воздух може да предизвика воспаление на ушите.rnrnДоколку температурата во просторијата е прениска, телото ќе доживее шок кога ќе ја напуштите просторијата. Ова е особено опасно за деца, постари лица и хронично болни лица. Температурните разлики поголеми од 8 степени, ги оптоваруваат крвните садови и срцето.rnrnНајчестите реакции на неприродната ладна температура во климатизираните простории е течење на носот, кашлање, кивање, во некои случаи дури и крвавење од носот, поради тоа што слузокожата се исушила. Исто така, доколку се мачите со болки во коските и мускулите, долгото седење во климатизирана просторија може само да ви ги зголеми теговите. Заради сувиот воздух, кожата станува дехидрирана, а тоа ја загрозува ситуацијата на оние кои патат од егзема и други кожни заболувања.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.