КАФЕ ПАУЗА

Tag: познати личности

  • Лекции кои можете да ги научите од најпознатите светски милијардери

    Лекции кои можете да ги научите од најпознатите светски милијардери

    Општо е познато дека може многу да се научи од навиките на богатите луѓе. Богатството се стекнува постепено и макотрпно. Нивните постапки и навики можат многу да нè научат, па затоа почнете да учите од нив.rn

    Живот под своите можности

    rnИако Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, одамна има многу финансиски средства, тој реши да купи куќа неодамна. Неговата нова куќа чини 7 милиони долари, што е неспоредливо со неговото богатство од 17,5 милијарди долари. Тој не се расфрла со парите и живее мирен и приземен живот, а тоа е лекција која сите треба да ја научат.rnrnЛекции кои можете да ги научите од најпознатите светски милијардериrn

    Помагајте

    rnБил Гејтс последниве години има донирано толку многу пари, што пополека почна да паѓа од листата на најбогати луѓе на Форбс. Не треба да подарувате милиони како што прави тој, затоа што ретко кој ги има, но можете да одвоите малку слободно време за волонтирање или да донирате некој денар за оние на кои навистина им е потребна помош. Запомнете, доброто со добро се враќа.rn

    Размислувајте на долги патеки

    rnВорен Бафет е познат по своите вложувања кои даваат резултати на долг рок. Крајно време е да почнете да размислувате на долги патеки. Иако, сте млади и рано ви е за пензија, сепак уште сега треба да почнете да размислувате каков живот сакате да живеете кога ќе остарете. Секогаш можете да почнете со вложување во животно осигурување или да штедите. Верувајте, еден ден и тоа како ќе ви се исплати.rn

    Работете го она што го сакате

    rnВо една своја емисија, Опра Винфри изјави:rn
    rn

    „Луѓето ја пронаоѓаат среќата во она што го работат. Доколку не го работите она што го сакате, секој ден по малку умирате.“

    rnВажно е да имате кариера во која уживате. Секојдневно многу време поминувате работејќи, а ако работата не ви се допаѓа, почнете барем да работите на правење план како да го промените тоа. Зар би го поминале цел живот во некоја компанија само затоа што неа ја бие „добар глас“, не земајќи предвид колку тоа лошо ви влијае? Преземете ги работите во свои раце. Нема да ви биде лесно и со сигурност ќе ви треба повеќе време отколку што мислите, но најважна е крајната цел – да го работите она што го сакате.rnrnЛекции кои можете да ги научите од најпознатите светски милијардериrn

    Живејте го животот со полн капацитет

    rnГолем број богати луѓе се водат по принципот „Живеј како да ти е последен ден“. Сара Блејкли, милијардерката која е сопственик на компанијата „Spanx“ ја научила оваа лекција на само шеснаесет години. Имено, нејзината најдобра другарка ја удрило автомобил и им подлегнала на повредите.rn
    rn

    „Тогаш сфатив колку животот брзо проаѓа и никогаш не можете да знаете дека деновите ви се одбројани.“

    rnНе плашете се да ризикувате! Живејте го животот до максимум, бидејќи никој не знае што носи утрешниот ден.rn

    Работете напорно на себе

    rnСите се воодушевуваа на неодоливите презентации на Стив Џобс, но неговиот талент не бил вроден. Тој ги презентираше производите на „Епл“ како да се наоѓа во својата дневна соба пред своите најблиски, а не пред милионски аудиториум. Ова успеал да го достигне со многу вежбање. Чувството на неформалност доаѓа после многу часови исцрпувачко вежбање. Работете напорно и вежбајте.rnrnЛекции кои можете да ги научите од најпознатите светски милијардериrn

    Верувајте им на инстинктите

    rnРалф Лорен се потпира на своите инстинкти на кои најмногу им верува:rn
    rn

    „Не ми е потребна фокус група за да знам што сакаат луѓето. Јас го чувствувам тоа. Самите знаете што ќе ги допре луѓето, бидејќи тоа ве допрело и вас. Генијалноста на човекот лежи во неговата интуиција, а не во факултетската диплома.“

    rnНе правете работи за да ги задоволите другите. Прво угодете си себеси, а доколку верувате во себе и во своите принципи, успехот нема да изостане.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 цитати со корисни совети од познатите мудри жени

    5 цитати со корисни совети од познатите мудри жени

    Од Дороти Паркер до Маргарет Тачер, еве што кажале едни од најпознатите жени на сите времиња. Ова се 5 кратки цитати од познатите мудри и успешни жени.rn

    „Ми се допаѓа тоа што сум мажена. Толку е прекрасно да ја најдеш таа посебна личност на која сакаш да ѝ одиш на нерви до крајот на твојот живот.“ – Рита Руднер, американска комичарка, писателка и актерка

    rnНема совршен брак ниту совршена врска. Постојат моменти кога другата личност ќе ви оди на нерви, а и вие неа, но тоа е во ред. Најбитното е што на крајот на денот може да заминете во нечии прегратки и да заборавите на сите грижи и проблеми.rnrn5 цитати со корисни совети од познатите мудри жениrnrn

    „Таа жена зборува 18 јазици, а не знае да каже ‘не’ на ниеден од нив.“ – Дороти Паркер, поетеса, писателка, критичарка, позната по своето мудро и сатирично изразување

    rnЕдна од најлошите особини која човек може да ја има е неспособноста да рече „не“. Работата е во тоа што никогаш не би успеале секому да удоволите, а од добар дел од луѓето нема да добиете повратна услуга кога ќе имате потреба. Научете да одречете, негирате или одбиете правење услуга.rnrn5 цитати со корисни совети од познатите мудри жениrnrnrn

    „Жената може да го промени мажот само додека тој е бебе.“ – Натали Вуд, американска актерка со руско потекло

    rnЛуѓето не се менуваат. Колку побрзо го сфатиме тоа, толку повеќе ќе се поштедиме од залудни обиди. На крајот на краиштата, зошто би биле во врска со некој кој сакате да го промените?rn

    „Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано обрати се на маж, ако сакаш нешто да биде направено обрати ѝ се на жена.“ – Маргарет Тачер, поранешен лидер на конзервативната партија и премиер на Британија; позната како челичната дама

    rnМаргарет Тачер е жена која засекогаш ќе остане запаметена. Својот авторитет во политиката го изгради врз моќта да биде доследна на своите ветувања и да ги исполнува своите обврски. Таа ги поттикнала жените да бидат мудри, снаодливи, грижливи и моќно да балансираат меѓу кариерата и семејството.rnrn5 цитати со корисни совети од познатите мудри жениrnrnrn

    „Не сакам да стигнам до крајот на животот и да откријам дека сум ја живеела само неговата должина. Сакам да го проживеам животот и во целата негова широчина.“ – Дајен Акерман, американска авторка и поетеса

    rnИма разлика меѓу преживување и живеење. Бидете слободни да го искусите животот на најубав начин и дајте го најдоброто од вас.

  • Слатките миниони како култни славни личности

    Слатките миниони како култни славни личности

    Без разлика дали сте ги гледале анимираните филмови „Despicable Me“ или не, со сигурност добро сте запознаени со минионите. Овие жолти суштества, дефинитивно најмногу се прославија во филмот и станаа вистински хит во светот.Слатките миниони како култни славни личностиВо оваа креативна серија, минионите се облечени како познати култни ликови од видеоигри, филмови, цртани, музичари и што ли уште не. Ќе можете да ги видите во Дарт Вејдер издание, како Супер Марио, семејството Симпсонови и многу други интересни ликови.Слатките миниони како култни славни личности Слатките миниони како култни славни личности Слатките миниони како култни славни личности Слатките миниони како култни славни личности Слатките миниони како култни славни личности Слатките миниони како култни славни личности Слатките миниони како култни славни личности Слатките миниони како култни славни личности Слатките миниони како култни славни личности Галеријата продолжува на втората страница. rn

  • Луди и нездрави диети на познатите кои не треба да ги практикувате

    Луди и нездрави диети на познатите кои не треба да ги практикувате

    Холивуд е преполн со згодни актерки, пејачи и манекенки. Сите луѓе сакаат да ја откријат тајната на нивниот добар изглед, но тоа не е баш лесна мисија. Притисокот под кој се наоѓаат славните личности, често ги тера да се одлучат за многу екстремни диети. Притисокот поради недоволно време, а поголем број килограми кои треба да се изгубат, најчесто резултира со погрешна одлука.rn
    rn

    Натали Портман: бадеми и моркови

    rnЗа да го постигне изгледот на вистинска балерина, за потребите на филмот „Црниот лебед“, таа се изгладнувала. Актерката за време на снимањето, кое отприлика траело една година, јадела само бадеми и моркови. Иако нејзината посветеност заслужува пофалби, истражувањата предупредуваат на негативните ефекти од недоволно јадење. Помеѓу останатото, изгладнувањето доведува до губење на коскената срж, паѓање на имунитетот, оштетувања на мозокот и срцето. Тоа е превисока цена, за Оскарот кој на крај го освои Портман.Луди и нездрави диети на познатите кои не треба да ги практикуватеrn

    Бијонсе: течна храна

    rnТаа беше фантастична во мјузиклот „Dreamgirls”. За да биде во одлична форма при одигрувањето на улогата, таа се ставила на ригорозна диета. Пејачката јадела само течна храна и за три недели изгубила девет килограми. Лекарите предупредуваат дека екстремно ниското внесување на калории за кое се одлучила Бијонсе е многу штетно за организмот. Таа признала дека била многу нервозна за време на детоксикацијата и дека по завршувањето на диетата многу брзо ги вратила килограмите.Луди и нездрави диети на познатите кои не треба да ги практикуватеrn

    Рене Зелвегер: јо-јо диета

    rnТаа ги воодушеви сите нејзини фанови со улогата на Бриџит Џоунс, во серијалот за оваа несекојдневна жена. Но, по двојното губење и враќање на килограмите со јо-јо диетата, таа не воодушевува со своето тело. Експертите истакнуваат дека јо-јо диетите имаат и физички и психички последици по здравјето на луѓето. Штетните ризици се зголемен ризик од инфаркт, мозочен удар, камен во бубрег, дијабетес, депресија и енормно зголемување на килограмите.Луди и нездрави диети на познатите кои не треба да ги практикуватеrn

    Деми Мур: пореметување на исхраната

    rnНавистина беше тешко да не се забележи дека Деми Мур губеше сè повеќе и повеќе килограми кога почнаа да се шират гласините за неверството на Ештон. Еден нутриционист за нејзиниот изглед искоментирал дека е резултат на неумерено вежбање и ниско внесување на калории, што довело до сериозно пореметување во исхраната.Луди и нездрави диети на познатите кои не треба да ги практикуватеrn

    Меган Фокс: изгладнување кое ѝ го одзеде здравјето

    rnТаа ја шокираше јавноста со своето драстично губење на килограмите. Сепак, подоцна актерката призна за своите пропусти и кажа дека живеела нездраво изгладнувајќи се. Мислејќи дека така ќе изгледа подобро, почнала да ѝ паѓа косата, а како резултат од изгладнувањето дошло и до појава на депресија.Луди и нездрави диети на познатите кои не треба да ги практикувате
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Талентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личности

    Талентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личности

    На светот постојат навистина талентирани луѓе, кои својата дарба знаат да ја употребат на интересен начин. Една од нив е мејкап артистката Карли Пејџ, која има само 26 години, а за тоа колку е талентирана говори фактот дека е самоука.rnrnТалентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личностиrnrnТаа може да се трансформира во секоја славна личност само со помош на шминка. Секоја недела таа станува некој познат пејач, глумец, водител, што на крајот резултира со феноменална фотосесија.rnrn

    Талентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личности
    Алберт Ајнштајн
    rnrn
    Талентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личности
    Ким Кардашијан
    rnrn
    Талентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личности
    Елен Деџенерис
    rnrn
    Талентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личности
    Мерлин Менсон
    rnrn
    Талентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личности
    Мистик
    rnrn
    Талентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личности
    Анџелина Џоли и Бред Пит
    rnrn
    Талентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личности
    Вулверин
    rnrn
    Талентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личности
    Џеј Лено
    rnrn
    Талентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личности
    Џек Спероу
    rnrn
    Талентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личности
    Волтер Вајт
    rnrn
    Талентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личности
    Памела Андерсон
    rnrn
    Талентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личности
    Мона Лиза
    rnrn
    Талентирана шминкерка се трансформира себеси во познати личности
    Лејди Гага
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одлични цитати за животот од познатите личности

    Одлични цитати за животот од познатите личности

    Доброто нешто за животот е што некој бил тука и пред вас. И додека другите можеби не ги поминале истите препреки и не ги доживеале истите радости како вас, нивните совети сепак би можеле да ви бидат значајни. Погледнете ги наредниве неколку мисли од познатите личности од кои можете да извлечете добри совети за животот…rnrnОдлични цитати за животот од познатите личностиrnrn rn

    „Никогаш не ограничувај се себеси поради ограничената имагинација на другите; никогаш не ограничувај ги другите поради твојата ограничена имагинација.“ – Мае Џејмисон, астронаут

    rnГолем број од цитатите имаат тенденција да се фокусираат на она како ние се чувствуваме за другите и како ние се проектираме во овој свет, но оваа мисла е одлична бидејќи ни кажува дека не сме само ние оние кои не треба да се ограничуваат, туку исто така не треба да ги ограничуваме и другите.rnrnСекој од вас има свој сопствен пат кој го следи во животот и гаснењето на туѓите свеќи нема да направи вашата да свети посветло. Ако некој има сон, секогаш обидувајте се да му бидете поддршка и да го сфаќате. Дајте им простор на луѓето да бидат оние кои навистина се.rn
    rn

    „Ако не можете да го исфрлите скелетот од вашиот плакар, најдобро би било доколку го научите да танцува.“ – Џорџ Бернард Шо

    rnДа бидеме реални, секој од нас има направено нешто во минатото на кое ни најмалку не е горд или кое нè покажува во многу лошо светло и токму поради тоа сакаме да го чуваме скриено. Но, понекогаш минатото знае на интересен начин да навлезе во нашата сегашност.rnrnОдлични цитати за животот од познатите личностиrnrnОва не значи дека треба да признаете буквално сè во врска со вашата историја, но сепак би требало да можете да го прифатите минатото како дел од вашето патување низ животот. Тоа е клучно за постанувањето на личноста која сте вие денес.rn
    rn

    „Доколку поминувате низ пекол, продолжете со одење.“ – Сер Винстон Черчил

    rnСедењето и жалењето за она што ви се случува нема да ви помогне да постигнете ништо. Па, ако поминувате низ тешки времиња, единственото нешто што можете да го направите е да продолжите да се движите напред, да не се откажувате и кога-тогаш ќе го видите крајот на тунелот.rn
    rn

    „Можете да направите што било, но не сè.“ – Дејвид Ален

    rnПонекогаш мислиме дека мораме да бидеме сè на сите и дека наша работа е да ги правиме сите околу нас среќни, но тоа едноставно не е можно. Истото важи и за животот, едноставно не можете да направите сè што сакате. Но, со сигурност можете да го постигнете она што сте го намислиле. Постои огромна разлика.rnrnОдлични цитати за животот од познатите личностиrnrn rn

    „Луѓето често велат дека мотивацијата не трае. Па, не трае ни бањањето – затоа се препорачува секојдневно да се практикува.“ – Зиг Зиглар

    rnИнтересна, но вистинита мисла од велемајсторот за самопомош и позитивно размислување. За да се држиме до нашите цели и да го живееме животот кој го сакаме мораме секојдневно да се мотивираме.rnrnСè е во ред кога ќе започнете со вашиот проект, вие сте природно мотивирани и возбудени за идејата да напредувате во нешто ново, но ова чувство може многу брзо да избледи. Токму затоа е многу важно да ја одржувате вашата мотивација – секојдневно.rn
    rn

    „Советот е она што го бараме кога веќе го знаеме одговорот што посакуваме да не сме го знаеле.“ – Ерика Јонг

    rnОваа изјава е целосно вистинита, нели? Понекогаш сме во потрага по одговорот што сакаме да го слушнеме, но кој не мора да значи дека е вистинит. Ова најчесто се случува кога бараме одговори онлајн. Не можеме да престанеме сè додека не го најдеме она што ние самите сме сакале да го прочитаме.rnrnОдлични цитати за животот од познатите личностиrnrnИстото се случува и кога се обраќаме на нашите пријатели за совет. Понекогаш знаеме дека тие нема да ни ја кажат „голата“ вистина од страв да не нè навредат. Токму затоа понекогаш е подобро да се побара помош од некој кој не ве познава или кој е целосно надвор од ситуацијата.rn
    rn

    „Доколку го гледате она што го имате во животот, вие секогаш ќе имате повеќе. Доколку го гледате она што го немате во животот, никогаш ништо нема да ви биде доволно.“ – Опра Винфри

    rnОва е одличен совет од кралицата на личниот напредок. Кога се фокусирате на оние нешта кои ги немате, секогаш сакате многу повеќе од она што веќе го имате. Но, ако застанете и почнете да ги цените сите оние нешта кои веќе ги имате, ќе сфатите дека имате многу повеќе од доволно.rn
    rn

    „Некои луѓе го чувствуваат дождот, додека пак другите само се намокруваат.“ – Боб Марли

    rnНекои луѓе го гледаат позитивното во сè, но некои се фокусираат само на оние негативните нешта. Сè во животот има своја цел, дури и оние наизглед негативни нешта. Дури тогаш кога ќе научите да ја гледате убавината во сè околу вас, ќе можете да го смените вашиот живот на подобро.rnrnОдлични цитати за животот од познатите личностиrnrn rn

    „Животот е многу интересен… На крајот, некои од вашите најголеми болки стануваат вашата најголема сила.“ – Дру Баримур

    rnУчиме толку многу во животот и некои од тие нешта кои ни биле најболни стануваат нашите најголеми лекции и извор на најголемата сила во нас.rn
    rn

    „Доколку постои каква било порака што можам да ја извлечам од мојата работа, тоа е дека е многу ОК да бидете различни, дека е добро да се биде различен и дека треба да се запрашуваме себеси пред да одлучиме да осудиме некој кој изгледа различно, се однесува различно, говори различно и е различна боја од нас.“ – Џони Деп

    rnСветот е место кое брзо се менува и како што се поврзуваме и физички и електронски преку интернетот, така ние неизбежно стапуваме во контакт со луѓе и култури кои се поразлични од нас. Но, многу е важно да не ги судите луѓето само поради тоа што се различни од вас. Секој од нас би требало да ги слави разликите, а не да ги исмејува.rnrnОдлични цитати за животот од познатите личностиrnrn rn

    „Почитувајте го вашиот труд, ценете се себеси. Самопочитувањето води до самодисциплина. Кога ги имате овие 2 работи под вашиот каиш, тоа е вистинска моќ.“ – Клинт Иствуд

    rnОваа мисла кажува толку многу работи со толку малку зборови. Кога се почитувате себеси вие станувате многу помоќни. И кога ќе го достигнете тоа, нема цел која нема да можете да ја постигнете.rn
    rn

    „Оној момент кога ништо не учите, јас мислам дека вие сте мртви.“ – Џек Николсон

    rnМногу е важно да продолжите со учење, без разлика на тоа колку сте стари. Тоа не само што го одржува вашиот мозок, туку и ве одржува заинтересирани за нештата. Никој од нас не може да знае сè, секогаш постои уште нешто што може да се научи и што е прекрасно да се знае.rnrnОдлични цитати за животот од познатите личностиrnrn rn

    „Многу луѓе се откажуваат непосредно пред да успеат. Никогаш не знаете кога следната пречка ќе биде и последна.“ – Чак Норис

    rnГолем дел од луѓето се откажуваат точно пред последната препрека до нивната цел. Пораката од овој цитат е да продолжите да одите, бидејќи можеби сте многу поблиску до целта отколку што мислите. И секако, совет од Чак Норис не може да биде погрешен, нели? :)rn
    rn

    „Не постои каење во животот. Само лекции.“ – Џенифер Анинстон

    rnЖивотот е една серија од лекции, некои поголеми, некои помали, но сепак лекции. Нема потреба да се каете, дури и за оние нешта кои не излегле онака како што сте планирале. Сè тоа е дел од нашето искуство.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како изгледале забите на познатите пред посета на скап стоматолог?

    Како изгледале забите на познатите пред посета на скап стоматолог?

    Кога вашата работа е да се смешкате пред камерите цел ден, бисерните заби се задолжителен „аксесоар“. Токму поради тоа голем број од познатите ѕвезди, вклучително и Шерил Кол, Том Круз и Кетрин Зета Џонс, ја имаат широко отворено устата на забар извикувајќи „ааааа“, за специјалистите да им ја дизајнираат совршената насмевка, за која секој обичен човек може само да сонува. Па не за џабе се нарекува холивудска насмевка нели?! Погледнете ги познатите кои си ги коригирале забите, преку фотографии пред и потоа.rnrn

    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    Шерил Кол
    rnrn
    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    Бен Афлек
    rnrn
    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    Кетрин Зета Џонс
    rnrn
    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    Деми Мур
    rnrn
    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    Кирстен Данст
    rnrn
    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    50 Сент
    rnrn
    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    Мајли Сајрус
    rnrn
    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    Никол Кидман
    rnrn
    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    Том Круз
    rnrn
    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    Хилари Даф
    rnrn
    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    Кети Пери
    rnrn
    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    Мајкл Даглас
    rnrn
    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    Меган Фокс
    rnrn
    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    Николас Кејџ
    rnrn
    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    Викторија Бекам
    rnrn
    Како изгледале забите на познатите пред посетата на скап стоматолог?
    Зак Ефрон
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 животни кои се однесуваат како разгалени ѕвезди

    20 животни кои се однесуваат како разгалени ѕвезди

    Понекогаш и животните се пребирливи, сè нешто им смета и се однесуваат како познатите личности. Еве ги 20-те најразгалени од нив.rn

    1. Уф, каква ми е косата. Којзнае што ставаат во базенов!

    rn20 животни кои се однесуваат како разгалени ѕвездиrn

    2. 152 зачешлувања. Колку пати треба да повторам?!

    rn20 животни кои се однесуваат како разгалени ѕвездиrn

    3. Ги мразам скаливе од мојата соба. Цела вечност ми треба за да се симнам.

    rn20 животни кои се однесуваат како разгалени ѕвездиrn

    4. Чаршавов не е ткаен како што реков. Не го сакам.

    rn20 животни кои се однесуваат како разгалени ѕвездиrn

    5. Чао душичке! Те сакам! Ќе се видиме наскоро.

    rn20 животни кои се однесуваат како разгалени ѕвездиrn

    6. Ми треба златна украсна хартија.

    rn20 животни кои се однесуваат како разгалени ѕвездиrn

    7. По ѓаволите! Дали само што ме допре со тие „обични“ раце?

    rn20 животни кои се однесуваат како разгалени ѕвездиrn

    8. Уф, ми се смачи веќе од небрендирана флаширана вода!

    rn20 животни кои се однесуваат како разгалени ѕвездиrn

    9. Не газам бос во јавни вециња.

    rn20 животни кои се однесуваат како разгалени ѕвездиrn

    10. Ми се здосади од бацување.

    rn20 животни кои се однесуваат како разгалени ѕвездиrnrn

  • Кондоми потпишани од познатите личности

    Кондоми потпишани од познатите личности

    Некои од светски познатите личности имаат излезено со свои линии кондоми, други само го ставиле своето име на веќе постоечки бренд, а нечии имиња на ѕвезди биле злоупотребени само да се дојде до поголема заработка.rn
    rn

    Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

    rnВо еуфоријата на кралската венчавка во 2011 година, кога можеше да се продаде сè и сешто со ликот на Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, компанијата „Crown Jewels“ пуштила во продажба кондоми со нивниот лик, од едноставна причина што сакала на тој начин да даде придонес во прославата на венчавката.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Кеша

    rnСвојата слава Кеша ја користи за соработка со компанијата „Лајфсталс“. Првите кондоми ги поделила бесплатно на еден од нејзините концерти.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Лудакрис

    rnКомпанијата „Магнум“ барала рапер за да ги промовира своите производи во хип-хоп светот, а изборот паднал на Лудакрис. Тој прифатил кондомите да бидат брендирани со неговото име затоа што сакал да даде некаков придонес во борбата против сидата.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Мадона

    rnВерувале или не, Мадона никому не дала дозвола нејзиното име да се користи за оваа намена. Сепак, една европска компанија решила да ги пушти во продажба без да ја праша. Кондомите се продавале одлично сè додека компанијата не добила тужба и морала да ги повлече од пазарот.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Џулијан Асанж

    rnВеројатно ниту Џулијан Асанж не бил прашан дали може да се продаваат презервативи со неговиот лик на нив, но тој нема покренато судски спор околу ова прашање. Впрочем, овој бренд се појавил во знак на исмевање на слабите и неиздржани обвиненија за силување против Асанж. Нивниот слоган е: „Протекува и повеќе од вистината“.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Џин Симонс

    rnЛикот на Џин Симонс, вокалистот на рок бендот Кис, е првиот што се појавува не само на кутијата, туку и на самиот латекс. Таму стои сликата со неговиот исплазен јазик.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Дафт Панк

    rnПознато е дека ваков бренд постои и дека се вика „Get Lucky“, според нивниот голем хит, но сè уште не се знае дали и кога кондомите ќе излезат во продажба.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Барак Обама

    rnКомпанијата „Say It With a Condom“ на последните претседателски избори во САД излезе со линија презервативи инспирирани од Претседателот Барак Обама. Слоганот беше: „Нема да се скине лесно како неговите ветувања“.Кондоми потпишани од познатите личности
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Пици со ликови на познатите личности

    Пици со ликови на познатите личности

    Артистката Пруденс Стејт има необично хоби – таа прави вкусни пици дизајнирани со портрети од познатите личности.rnrn

    Пици со ликови на познатите личности
    Кралицата Елизабета II
    rnrn rn

    „Ги креирам лицата со слободна рака, гледајќи од фотографии. Прво најчесто правам скица на хартија со молив, а потоа го цртам дизајнот на тестото со доматно пире“, вели 33-годишната Пруденс.

    rnИнтересно е дека и покрај тоа што треба да се запази одреден дизајн кој го идентификува ликот, таа внимава и на состојките кои ги употребува. Имено, не меша состојки кои не одат заедно.rnrnКој лик би сакале да го изедете?rnrn

    Пици со ликови на познатите личности
    Сајмон Кауел
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Барак Обама
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Викторија Бекам
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Кејт Винслет
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Градоначалникот на Лондон Борис Џонсон
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Велосипедистот Бредли Вигинс
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Премиерот на Обединетото Кралство Дејвид Камерон
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Мик Џегер
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Кејт Мидлтон
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Лејди Гага
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Покојната баронеса Маргарет Тачер
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Атлетичарот Мохамед Фара
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.