КАФЕ ПАУЗА

Tag: потреби

  • Задоволете ги овие 5 брачни потреби и не плашете се од развод или неверство

    Задоволете ги овие 5 брачни потреби и не плашете се од развод или неверство

    Американскиот истражувач, психолог и автор на книгата „Неговите потреби, нејзините потреби: Градење брак без измама“, Вилард Хедли, спроведе експеримент во кој учествуваа повеќе од 800 парови.rnrnЗадоволете ги овие 5 брачни потреби и не плашете се од развод или неверствоrnrnОвој истражувач дошол до заклучок дека кога основните потреби на мажите и жените се исполнети во бракот, тој брак функционира многу подобро и партнерите се почитуваат повеќе. Тој изјави дека има 5 потреби и кај мажите и кај жените, некои се различни, а некои се слични. Еве за што станува збор:rnrnПрва потреба: Кај жената тоа е потребата за нежност, а кај мажот е потребата за интимност. Овие две потреби се тесно поврзани, но сепак се многу различни и двете треба да бидат исполнети, со цел сопружниците да бидат среќни во заедничкиот живот.rnrnВтора потреба: Кај жените, тоа е потребата за разговор, а кај мажите подготвеност да се забавуваат. На жената ѝ треба маж што ќе ѝ биде поддршка, па затоа е многу важно да има добар и отворен разговор со него. На мажот му е потребна жена која нема само да седи дома, туку ќе сака да тргне во непланирана авантура со него.rnrnТрета потреба: Оваа потреба е иста и за мажите и за жените, а тоа е искреноста. На партнерите им е потребна вистината, и во секојдневните работи и во итни случаи; и во малите нешта и во големите работи – искреноста пред сè!rnrnЧетврта потреба: Двајцата партнери треба да се чувствуваат удобно и пријатно во својот дом и во врската. Ако има некоја ситница поради која не се чувствувате така, работете на тоа, во спротивно партнерот кој не се чувствува пријатно, ќе го побара тоа на друго место.rnrnПетта потреба: Жената има потреба нејзиниот маж да биде стабилна поддршка, а на мажот му е потребно неговата сопруга да му се восхитува. Најважно е дека треба искрено да му се восхитувате; дури и ако е тоа мала работа, важно е да му дадете до знаење дека тој е вашиот херој.rnrnПрочитајте какви стилови на поврзување постојат и како влијаат на квалитетот на врската.

  • Што му треба на секој хороскопски знак за да се чувствува пријатно во врската?

    Што му треба на секој хороскопски знак за да се чувствува пријатно во врската?

    Кога барате партнер, сигурно забележувате дали поседува некои одредени карактеристики што ви се потребни за да ви биде пријатно во врската. Астрологијата открива што му треба на секој хороскопски знак за да се чувствува удобно со партнерот.rnrnШто му треба на секој хороскопски знак за да се чувствува пријатно во врската?rn

    Овен

    rnДоверба – Овните сакаат да знаат дека нема да заминете и нема да ги повредите.rn

    Бик

    rnКомуникација – Биковите сакаат да знаат дека можат да разговараат со вас за сè и сешто.rn

    Близнаци

    rnПоддршка – Близнаците сакаат да знаат дека ќе бидете тука за нив во тешки времиња и секогаш ќе се обидувате да ги расположите.rn

    Рак

    rnАвтентичност – Раковите сакаат да знаат дека нивниот партнер е искрен со нив во секое време.rn

    Лав

    rnКвалитетно време – Лавовите треба да знаат дека сте подготвени да одвоите многу време за нив и да ви бидат приоритет.rn

    Девица

    rnХемија – Девиците треба да знаат дека постои искра и дека вашите интереси се усогласуваат.rn

    Вага

    rnСтабилност – Вагите треба да знаат дека врската е мирна и силна.rn

    Скорпија

    rnПосветеност – Скорпиите треба да знаат дека вие сте исто толку сериозни во врска како што се тие, за да се чувствуваат пријатно.rn

    Стрелец

    rnВреме – На Стрелците им е потребна шанса да запознаат некого пред целосно да ѝ се посветат на таа личност.rn

    Јарец

    rnПријателство – Јарците треба да знаат дека нивната врска е подлабока, а не дека станува збор само за физичка привлечност.rn

    Водолија

    rnИстрајност – Водолиите треба да знаат во што влегуваат и не сакаат никакво изненадување.rn

    Риби

    rnХраброст – Рибите треба да знаат дека сте во нивна близина и ќе ги поддржувате за сè што ќе решат да направат.rnrnПрочитајте како се однесуваат хороскопските знаци кога флертуваат.

  • Што сакаат мажите? Ова се емотивните потреби на секој маж

    Што сакаат мажите? Ова се емотивните потреби на секој маж

    Кога се работи за емотивните потреби, мажите и жените целосно се разликуваат. Иако не треба да се генерализира, сепак постојат одредени емотивни потреби кои ги имаат сите мажи. За жал, кога сме во врска, некогаш забораваме да им ги исполниме.rnrnШто сакаат мажите? Ова се емотивните потреби на секој мажrnrnТокму поради овие занемарени ситници, со тек на време може да се појават недоразбирања во врските. Па, доколку сакате да имате среќен, насмеан и задоволен маж покрај себе, посветете повеќе внимание на овие работи.rn

    1. Дајте му простор и приватност

    rnИ на вашиот партнер му е потребно време кое ќе си го посвети на себе. Можеби сака да се опушти со омилената книга или сака да оди на вечера со пријателите каде што ќе зборуваат за „машки“ теми. Нема потреба постојано да го гушите со вашето присуство, затоа што, одвреме-навреме, држењето дистанца е здраво. Во крајна линија, кога не сте заедно, можете да размислувате за вашата врска, за тоа колку се сакате и за тоа колку сте си важни еден на друг.rn

    2. Преземете иницијатива

    rnАко сте во врска подолго време, веќе одамна сте го надминале верувањето дека тој треба постојано да го презема првиот чекор за сѐ. Секако дека тој се грижи за вас и дека со задоволство би правел сѐ, но понекогаш направете го и вие тој чекор и преземете иницијатива за некои работи во врската.rn

    3. Покажете му дека го цените неговиот труд

    rnЗа мажите постои заблуда дека тие не вложуваат доволно труд во врската, но тоа не е точно. Ако вашиот партнер ве сака, тој со уживање ќе прави сѐ за напредокот на вашата врска. Но, не би било лошо и ако добие некое признание од ваша страна. Дајте му до знаење дека го цените и дека сте му благодарни за сѐ што прави за вас двајца.rn

    4. Немојте да го менувате

    rnТој е ваш избор, баш таков каков што е. Ако сте го засакале таков, со сите свои маани и квалитети, нема потреба да го менувате сега. Со ова ќе оставите впечаток дека не сакате да бидете со него, нешто што може да му ги повреди чувствата.rnrnКои се оние работи кои се неопходни за долга и среќна љубов.

  • Зошто е толку важно да се ставате себеси на прво место?

    Зошто е толку важно да се ставате себеси на прво место?

    Идејата да се ставате себеси на прво место може најпрво да ви звучи себично. Можеби мислите дека тоа е нешто што никогаш не би требало да го правите, особено ако сакате да бидете добра личност која се грижи за нејзините најблиски. Меѓутоа, грижата за себе и самодовербата се многу важен дел од животот. Токму тие навики ни овозможуваат да бидеме добри луѓе. Ако се ставате себеси на прво место, ќе можете подобро да ги решавате проблемите и ќе бидете поприсутни во животот. Доколку постојано сте анксиозни и загрижени, доколку мислите дека веќе долго време ги запоставувате вашите потреби, најдобро е да почнете да ги менувате вашите приоритети…rnrnЗошто е толку важно да се ставате себеси на прво место?rn

    Здравјето е на прво место

    rnКолку време го одложувате лекарскиот преглед затоа што имате поважни работи во моментот? Не постои никој и ништо што може да застане пред вашето здравје. Ако се разболите, воопшто нема да можете да им помагате на луѓето. Разболувањето ќе ве направи слаби и уморни, а тоа навистина може да ве спречи да ги остварите вашите цели. Вежбањето, здравата исхрана и редовните прегледи се многу важни ако сакате да бидете силни и да имате полесен живот.rn

    Работата може да почека

    rnВашата кариера е важна и дефинитивно треба да биде еден од приоритетите во вашиот живот, но не треба да биде најважна. Ако ги пропуштате семејните ручеци и работите прекувремено само за да заработите некој денар плус, постојат големи шанси дека ќе станете несреќни и ќе се отуѓите од вашето семејство. Исто така, ова ќе му даде изговор на шефот да ве притиска многу повеќе одошто можете да издржите, така што многу е важно да ги поставите вашите граници и да знаете кога да застанете, да си земете слободен ден и да одморите. Тоа ќе може да ја подобри вашата кариера, бидејќи ќе имате време да закрепнете и да се вратите на работа со нови идеи и неизмерна енергија.rn

    Грижа за себе

    rnАко сакате да најдете љубов во животот, мора прво да научите да се сакате себеси. Одвојте половина час во денот за да уживате во топла бања или направете си маска за лице. Овие навики можеби ви делуваат безначајни, но многу се важни, бидејќи ви даваат можност да си ги наполните батериите. Одете на масажа барем еднаш месечно, угодувајте му на вашето тело! Немојте да ги потценувате вашите хобија и интереси, бидејќи токму малите работи можат да ви го подобрат расположението.rnrnЗошто е толку важно да се ставате себеси на прво место?rn

    Самодовербата е привлечна

    rnНегативните мисли и запоставувањето на сопствените потреби доведува до создавање многу лоша слика за себе. Наместо да уживате во животот, вие трошите време на сомнеж и страв и на тој начин пропуштате многу можности. Наместо да се шегувате на своја сметка и да се критикувате себеси, зошто да не почнете да се цените?! Смејте се почесто, запишувајте ги работите што ги сакате кај себе, носете облека што никогаш претходно не сте се осмелувале да ја облечете. Давајте им комплименти на другите и прифаќајте ги оние што ви се упатени вам со грациозна насмевка, а не со сомнеж.rn

    Ќе ги подобрите односите со другите луѓе

    rnСамодовербата е привлечна. Луѓето кои се постојано уморни и лошо расположени не се многу забавни за друштво. Дури и да имате најдобри намери, нема да можете да им бидете поддршка на другите ако постојано сте исцрпени и болни. Доколку се ставите себеси на прво место, ќе им покажете на останатите дека знаете како да се справувате со проблемите и животот и дека имате доволно енергија и волја за да дадете помош и совет.rnrnГрижата за себе не е знак на себичност, туку знак на комплетна личност. Многу полесно ќе ви биде да се однесувате љубезно ако сте одморени и среќни. Веселите и искрените луѓе шират позитивна енергија и сите сакаат да бидат во нивно друштво. И вие можете да станете дел од нив, само ако се ставите себеси на прво место.rnrnДоколку постојано ги занемарувате вашите потреби, прочитајте кои е се 5-те начини на грижа за себе кои секоја жена би требало да ги применува.

  • 12 работи што веднаш треба да почнете да ги правите за себе

    12 работи што веднаш треба да почнете да ги правите за себе

    Честопати ни се случува да ги ставаме туѓите потреби на прво место, а да ги занемаруваме нашите. Тоа е најлошото нешто што можете да го направите за себе. Секогаш треба да се ставате себеси пред другите. Ако не се грижите самите за себе, никој нема да го стори тоа за вас. Дајте сѐ од себе за да го развивате животот во позитивна насока. Ова се 12-те работи што треба да ги правите за себе за да бидете среќни…rnrn12 работи што веднаш треба да почнете да ги правите за себе.rn

    1. Поставете граници

    rnМора да ги знаете своите граници, но и да им ги покажете на останатите. Не ги толерирајте луѓето кои ќе ги преминат тие граници. Вие вредите и не дозволувајте никому да ве убеди во спротивното.rn

    2. Дајте си одмор кога ќе почувствувате потреба

    rnАко ви треба одмор, одморете се. Немојте да се преоптоварувате. И самите можете да почувствувате кога ќе ви дојде премногу.rn

    3. Држете се настрана од токсични луѓе

    rnНе им дозволувајте на токсичните луѓе да влезат во вашиот живот. Ако некој се обидува да ве повреди, не вреди да го задржите тој човек покрај себе. Најдобро е да се опкружите со позитивни луѓе кои ви даваат сила и поддршка.rn

    4. Сакајте се себеси

    rnСакајте се себеси целосно. Не му дозволувајте на светот да мисли дека не сте доволно добри, бидејќи тоа не е вистина. Ако некому не му се допаѓа нешто кај вас, тоа е негов проблем, а не ваш.rn

    5. Не ги потиснувајте емоциите

    rnИскажувајте ги вашите емоции. Ако ги потиснувате, тоа само ќе создаде негативност во вашата околина. Потиснувањето емоции е најлошото нешто што можете да го направите и многу ќе ви наштети во иднина.rn

    6. Бидете благодарни за она што го имате

    rnНикогаш не земајте ги работите здраво за готово. Можете да изгубите сѐ што имате додека да трепнете. Не заборавајте да им ги возвраќате услугите на луѓето на кои им требате.rnrn12 работи што веднаш треба да почнете да ги правите за себе.rn

    7. Поминувајте време надвор

    rnИзлезете надвор, почувствувајте ја земјата под вашите стапала. Станете едно со природата. Тоа ќе ве релаксира и ќе ви даде мир. Ако се чувствувате тажни и нервозни, излезете надвор и впијте ја сончевата светлина.rn

    8. Медитирајте

    rnМедитацијата е најдобриот начин да си го подобрите расположението. Ако медитирате секој ден, ќе почувствувате значителна разлика во вашиот живот. Медитацијата ќе ви помогне да ја подобрите вашата концентрација и да си ги прочистите мислите.rn

    9. Споделувајте го вашиот живот со луѓето кои ви значат

    rnСподелувајте ги вашите убави моменти со луѓето кои навистина се грижат за вас, кои отсекогаш ве поддржувале и ви помогнале да созреете. Не ги исклучувајте овие луѓе од вашиот живот.rn

    10. Секогаш бидете доследни на себе

    rnБидете свои и негувајте го вашето вистинско „јас“. Вие сте прекрасни на сите можни начини. Немојте да се газите себеси поради другите луѓе.rn

    11. Смејте се што е можно почесто

    rnСмејте се повеќе, бидејќи секогаш кога ќе се насмевнете, вашиот организам лачи ендорфин. Освен тоа, смеењето е заразно. Колку повеќе се смеете, толку повеќе ќе се смеат и луѓето околу вас. Ќе си го подобрите вашето, но и расположението на другите.rn

    12. Не им дозволувајте на негативните мисли да ве контролираат

    rnКолку повеќе контрола им давате на негативните мисли толку потажни ќе бидете. Соочете се со вашите негативни мисли, но не им дозволувајте да ве контролираат. Размислувајте колку што е можно попозитивно.rnrnДоколку сакате да бидете посреќни, прочитајте ги и овие 10 начини да го подобрите вашето ментално здравје.

  • 4-те најважни потреби на сопругот и 4-те најважни потреби на сопругата

    4-те најважни потреби на сопругот и 4-те најважни потреби на сопругата

    Нормално е вие и вашиот партнер да размислувате на различен начин. Но, ако не можете да се разберете постојано ќе создавате проблеми и конфликти. Јасно е дека секој човек си има разни потреби, а мажите и жените речиси целосно се разликуваат во ова. Погледнете ги најважните потреби на сопружниците и како да најдете заеднички јазик во бракот.rnrn4-te-najvazhni-potrebi-na-sopruogot-i-4-te-najvazhni-potrebi-na-soprugata-kafepauza.mkrn

    1. На мажот му е потребна почит, на жената ѝ е потребна љубов

    rnМажите не можат да се чувствуваат сакани ако не чувствуваат дека ги почитувате. Жената од друга страна сака да чувствува дека е љубена, а на кој начин треба да го искажете тоа, зависи од неа. За некои е доволно „Те сакам“, додека другите сакаат да слушнат зборови како „Горд сум на тебе.“rn

    2. Тој има потреба да ја искажува љубовта преку секс, таа сака да биде ценета за време на сексот

    rnВажно е жените да разберат дека интимноста е најдобриот начин за мажите да им покажат колку ги сакаат. Како и нив, така и жените уживаат во сексот кога се задоволени нивните потреби. Но, жената сака да се чувствува поврзано со партнерот пред да биде интимна со него.rn

    3. Мажот комуницира преку заеднички активности, жената комуницира со разговор

    rnПовеќето мажи се збунети од уживањето кое го добиваат жените од постојаното разговарање. Мажите сакаат да комуницираат и да се поврзат со нивните сопруги, но подобар начин за нив се заедничките активности, а не разговарањето. Жените имаат потреба да разговараат со сопрузите секој ден. Ова е нивна активност. Тие имаат потреба да разговараат за нивните чувства, без разлика дали се добри, лоши, смешни или сериозни. Ним им е потребно ова.rn

    4. На мажот му е потребно време да си ги среди мислите, жената си ги средува со зборување

    rnЖените многу често се повредени кога мажот ќе ги напушти сред разговор, а мажите пак се нервозни кога се под притисок да дадат одговор. Причината за ова е тоа што повеќето мажи и жени различно ги разгледуваат своите емоции. На мажите им е потребно повеќе време да ги преработат своите чувства. Тие не знаат што навистина мислат додека не се задлабочат во тоа. Сопругот може да ја напушти караницата само со цел да си ги среди мислите и да избегне да каже нешто што ќе ја повреди сопругата. Жените понекогаш мора да зборуваат за нивните чувства за навистина да ги разберат. Овие чувства се кријат под површината додека не ги искажат вербално. Кога сопругот ја напушта сред разговор, тој ѝ ја одзема оваа можност.rn

    И на мажите и на жените им треба разбирање

    rnОва не значи дека жените не сакат почит, или пак мажите не сакаат љубов, но овие разлики во приоритетите понекогаш може да ја отежнат комуникацијата во врската. Секој треба да биде разбран, само научете како да ги исполните очекувањата и на двајцата.rnrnПогледнете ја и оваа едноставна тајна за успешен брак.

  • Зошто вашиот партнер не може и не треба да ви биде сѐ во животот?

    Зошто вашиот партнер не може и не треба да ви биде сѐ во животот?

    Луѓето се во заблуда дека треба да најдат сродна душа која ќе може безгрешно да ги исполни сите нивни потреби. Ако и вие мислите дека партнерот треба да ви биде сѐ во животот, време е да се освестите и да ги погледнете работите на пореалистичен начин. Треба да ги намалите вашите очекувања и да сфатите дека не постои такво нешто како „сродни души“.rnrnЗошто вашиот партнер не може и не треба да ви биде сѐ во животот?rnrnВистината е дека ниту еден човек нема да може да ги исполни сите ваши потреби. Ниту вашиот партнер, ниту вашиот најдобар пријател, ниту вие самите нема да можете да го направите тоа. Вие имате толку многу физички, емоционални, спиритуални и интелектуални потреби што е невозможно да очекувате од еден човек да ви даде сѐ што ви е потребно.rnrnМожеби вашиот партнер ви овозможува емоционална поддршка, сексот е неверојатен, секогаш се смеете заедно и можете да разговарате на секоја тема. Тоа што имате заеднички интереси не значи дека тој или таа ќе можат да ви помогнат да напредувате во кариерата или да ве мотивираат да вежбате секое утро.rnrnБез оглед на тоа каква улога има партнерот во вашиот живот, ако саканата личност успева да исполни 50% од вашите потреби, треба да бидете благодарни што имате таков човек покрај себе. Но, што да направите со останатите потреби кои вашиот партнер не може да ги исполни?rnrnСледнава кратка и едноставна вежба ќе ви помогне да ги идентификувате вашите потреби и да направите план за нивно исполнување. Целиот процес може да се сведе на две прашања: „Што сакам?“ и „Како да ги исполнам моите потреби и чија помош ми треба за да ги остварам целите?“.rn

    1. Откријте ги вашите суштински потреби

    rnНајпрво мора да почнете со рефлексија. Кои се вашите суштински потреби? Земете лист хартија и целосно одговорете ги следниве 5 прашања:rn

      rn011

    • Што треба да направам за да се чувствувам најдобро што можам?
    • rn011

    • Кои биле моите 5 омилени дена од животот на кои можам да се сетам во последните 10 години? Зошто се посебни овие денови?
    • rn011

    • Што е она што сакам да го правам, а не ми било приоритет веќе подолго време?
    • rn011

    • Кои се работите што додека ги правам ме обземаат толку многу што целосно губам осет за време?
    • rn011

    • Кои 10 активности ми даваат најмногу енергија?
    • rn

    rnОткако ќе ја завршите задачата, пронајдете што има заедничко меѓу различните одговори на прашањата. Што ве прави најсреќни? Што е она што прави да се чувствувате живи?rnrnЗошто вашиот партнер не може и не треба да ви биде сѐ во животот?rn

    2. Направете план за да ги исполните вашите потреби

    rnНајпрво, сфатете дека вие самите сте одговорни за исполнувањето на вашите потреби. Партнерот не е должен да ве потсетува дека треба да одите во теретана. Вашите пријатели немаат обврска да ве потсетуваат дека треба да издвоите време за себе. Вашите колеги не се родени за да ве мотивираат да напредувате во кариерата и конечно да го завршите проектот што сте го почнале пред 100 години. Ваши потреби, ваша одговорност.rnrnПа, како да ги исполните вашите потреби? Земете лист хартија и нацртајте две долги линии, така што ќе го поделите листот на три дела кои ќе ги означите со „Јас“, „Мојот партнер“ и „Други“. Сместете ги вашите потреби во овие три различни категории.rnrnНекои од потребите можете да си ги исполните сами, како на пример да одите на прошетка во природа. За некои потреби ќе ви треба помош од другите, како на пример нова фризура, масажа или добар разговор.rnrnСледниве неколку примери можеби ќе ви помогнат да добиете подобра претстава за тоа како би требало да изгледа сето ова. Во делот „Јас“ можете да ги ставите следниве работи: Редовно вежбање во теретана, читање барем три пати неделно, пиење смуди за појадок барем 5 дена во неделата, време за опуштање и релаксација. Во делот „Мојот партнер“ можете да наведете: Емоционална поддршка, редовно милување, сексуална интимност. И ова се примерите од делот „Други“: Предизвик на работното место, редовни филозофски разговори за животот, споделување искуства, поддршка за спиритуален развој.rnrnОткако ќе ги откриете вашите потреби, ќе знаете кои луѓе треба да ги ставите на прво место за да можете да ги исполните. Ако знаете дека ви треба редовно вежбање, значајни разговори, забава со друштвото или масажи за да бидете среќни, тогаш преземете нешто. Најголемиот подарок што можете да им го дадете на вашите пријатели, семејство и партнер е вашата среќа.rnrnСтавете се себеси на прво место и исполнете ги вашите потреби со помош на луѓето околу вас. Вклучете ги сите луѓе што се дел од вашиот живот и дајте им можност да исполнат некои од вашите потреби. Не очекувајте сѐ од една единствена личност. Дознајте кои потреби можете да си ги исполните самите, што ви треба од партнерот, а што од другите луѓе околу вас. На тој начин ќе се чувствувате исполнети и ќе можете целосно да уживате во животот.rnrnВо продолжение прочитајте ги и 10-те работи кои никогаш не треба да ги жртвувате поради вашата врска.

  • 11 работи кои ги правите за да ги задоволите другите, а притоа заборавате на вашите потреби

    11 работи кои ги правите за да ги задоволите другите, а притоа заборавате на вашите потреби

    Живот е искуство. Секоја ситуација низ која ќе поминете, без разлика дали е добра или лоша, ви носи некаква лекција и незаборавно искуство. Токму поради нив подоцна се освестувате и знаете што сакате во вашиот живот, а што не. Затоа и животот е чудо. Убаво е кога мислите на другите, убаво е кога другите се чувствуваат пријатно покрај вас, но имајте на ум дека луѓето ќе ве ценат онолку колку што вие се цените себеси. Затоа застанете на момент, размислете дали ги правите овие работи и обидете се понекогаш да се ставите пред другите.rnrn1-11-raboti-koi-gi-pravite-za-da-gi-zadovolite-drugite-a-kade-ste-vie-vo-seto-toa-www.kafepauza.mk_rnrn1. Не знаете како да прекинете лоша врска. Не сакате никого да повредите или пак да ве мразат. Подобро да трпите.rnrn2. Се извинувате за сѐ. Се извинувате и за она што не е ваша вина. Мразите кога луѓето се чувствуваат лошо, па секогаш им го местите вашиот грб за да се качат на него.rnrn3. Не знаете да кажете „Не“. Дури и ако имате настинка, одите на работа. Дури и кога не сте спиеле цела ноќ, излегувате со пријателите. Правите сѐ за да ги усреќите другите.rnrn4. Немате време за себе. Токму поради претходните 3 точки, вие никогаш немате време за себе. Постојано сте во брзање, а ги цените другите луѓе дури повеќе и од себе.rnrn5. Размислувате за лошите работи од минатото. Лути сте им на луѓето кои ја искористуваат вашата добрина, а постојано размислувате за нив и како да им помогнете.rnrn6. Луѓето често ве искористуваат. Знаат дека вие ќе направите сѐ за нив.rnrn2-11-raboti-koi-gi-pravite-za-da-gi-zadovolite-drugite-a-kade-ste-vie-vo-seto-toa-www.kafepauza.mk_rnrn7. Добивате забелешки дека сте слаби. Не разбираат зошто толку се грижите. Не разбираат дека вас ве усреќува тоа кога ги усреќувате другите.rnrn8. Не знаете да бидете себични. Секогаш барате другите да се сложат со вас. Подобро другите да се чувствуваат удобно отколку вие да одите по она што го сакате.rnrn9. Подобро вие да патите отколку да повредите некого. Пред да кажете или да направите нешто се запрашувате што мислат вашите пријатели. Наместо да донесете одлуки врз основа на вашите чувства, вие мислите на сите останати.rnrn10. Останувате во разни односи кои не ве исполнуваат. И понатаму сте во контакт со вашите бивши момчиња/девојки и пријатели, бидејќи не сакате да ги разочарате. Време е да ги пуштите.rnrn11. Вие сте кралици и кралеви на претераното анализирање. Не можете да си помогнете, но секогаш сакате да знаете што мислат другите и да ги задоволите нивните желби. Секогаш размислувате како да го направите тоа, па често заборавате на себе и на вашите потреби.

  • Вистинската причина зошто мажите успеваат да ги изиграат жените со кои започнале врска

    Вистинската причина зошто мажите успеваат да ги изиграат жените со кои започнале врска

    Девојките кои биле изиграни од страна на некој маж не се глупави и неискусни. Интелигентните жени исто така постојано остануваат повредени, но не затоа што дечкото бил премногу паметен и вешт, туку затоа што неговата измислена приказна делувала вистинито.rnrnВистинската причина зошто мажите успеваат да ги изиграат жените со кои започнале врскаrnrnСтанува збор за женкари кои не се воопшто наивни. Тие набљудуваат и чекаат, дознаваат што бара жената во љубовта и ѝ го даваат тоа. Тие не исполнуваат некоја нејзина површна потреба, туку суштинска како што е онаа за внимание, безбедност, љубов, слобода, романтика, квалитетен сексуален живот и слично.rnrnОткако нејзините потреби ќе бидат исполнети, девојката почнува да ги игнорира сите знаци на предупредување што го издаваат неговото вистинско лице. Дечкото воопшто не ги исполнува основните желби и потреби на девојката, но тоа не е важно затоа што нејзината суштинска потреба е остварена – потребата од внимание и романтика.rnrnОва е многу опасно за женската самодоверба, бидејќи таа ќе почне да се прашува зошто тој ѝ го дава она основното, но не и останатото што е потребно за да функционира една љубовна врска. По некое време, таа ќе почне да мисли дека не го заслужува неговото внимание во целост. Тоа ќе ја натера да се труди сѐ повеќе и повеќе и ќе го извлекува најлошото од неа, сѐ додека тој не си замине.rnrnПотоа таа ќе почне да се прашува каде згрешила и со што го заслужила неговото лошо однесување. Нејзината самодоверба е скршена и ѝ треба нешто што ќе направи да се чувствува добро во врска со себе. А тоа обично е уште еден погрешен дечко кој ќе ја исполни нејзината суштинска потреба за на крај повторно да помине низ истиот циклус.rnrnДоколку постојано ви се случува ова, треба да сфатите дека во секоја врска мора да постои баланс. Некои од вашите потреби ќе бидат исполнети, но некои од нив вашиот партнер нема да може да ги оствари поради тоа што нема да знае како или пак едноставно нема да сака да го направи тоа.rnrnЉубовната врска не треба да се заснова на вашите исполнети и неисполнети потреби, бидејќи честопати не постои доволна урамнотеженост помеѓу вашите желби и оние на партнерот.rnrnДоколку забележите дека треба премногу да се трудите за да ја одржите врската, а не добивате никаква повратна реакција, најдобро е да прекинете со време и да ја побарате љубовта на друго место. Најдете некој кој ќе знае да ве цени и да ги почитува вашите вредности.rnrnАко во последно време дечкото со кого се гледате ви праќа измешани сигнали, прочитајте зошто неговата неодлучност е одлуката која треба да ја чуете.

  • Науката ги открива 5-те начини да бидете посреќни во животот

    Науката ги открива 5-те начини да бидете посреќни во животот

    Среќата не треба да има граници, но ретко кој вели дека е доволно среќен. Кога сме тажни, сакаме да бидеме среќни. Кога сме среќни, сакаме да бидеме посреќни. Но, како можеме да го постигнеме тоа? Во една студија, Раџ Рагунатан – автор на книгата „Ако сте толку памтени, тогаш зошто не сте среќни?“ вели дека на луѓето им се потребни неколку работи за да бидат среќни.rnrnНауката ги открива 5-те начини да бидете посреќни во живототrnrnПрвата работа е кога се задоволени нашите основни потреби: Храна, облека, дом… Тогаш можеме да се фокусираме на најдобрите начини да ја пронајдеме среќата. Но, Раџ вели дека постојат и 3 други барања: Социјално поврзување или чувство на припадност, чувство дека сте добри во она што сте избрале да го правите, како и автономија и слобода.rn

    „Иако потребата да бидеме сакани, потребата за супериорност и потребата за надворешна контрола можат краткотрајно да го зголемат нивото на среќата, сепак тие најверојатно ќе го намалат нивото на долгорочен план. Спротивно на тоа, потребата да сакаме, да ја бараме страста и потребата за внатрешна контрола имаат потенцијал да нѐ направат среќни не само краткорочно, туку и долгорочно, а и да ја зголемат среќата на другите околу нас“, вели Раџ.

    rnПа кои се 5-те елементи кои се совпаѓаат со теоријата на Раџ и можат да нѐ направат посреќни?rnrnНауката ги открива 5-те начини да бидете посреќни во живототrn

    1. Фокусирајте се на она што го сакате и не се споредувајте со другите

    rnИстражувањата покажуваат дека големите достигнувања, како на пример унапредувањето, придонесуваат за 40% од среќата, но возбудата избледува по одредено време. Ова е причината зошто треба да ја насочите енергијата кон работите во кои уживате отколку внатрешно да се споредувате со другите за кои мислите дека се подобри од вас.rn

    2. Смејте се повеќе

    rnЕдна студија покажува дека ако се смеете или исправите, тоа може да има позитивен ефект на вашето расположение, нивоата на стрес и исходот. Со самата одлука да бидете среќни наместо тажни, можете да станете посреќни.rn

    3. Ставете поголема важност на искуствата, не на парите

    rnНаучниците тврдат дека работите кои ни даваат подолготрајна среќа се искуствата како патувањата, надворешните активности, новите вештини, посетите на културни установи и сл. и можат многу повеќе да нѐ усреќат отколку парите.rn

    4. Откажете се од Фејсбук, односно намалете ја употребата

    rnИстражувањето направено од „Институтот за истражување на среќата“ открило дека оние испитаници кои се откажале или ја намалиле употребата на Фејсбук биле посреќни, поентузијастични, поодлучни, трошеле помалку време и чувствувале дека повеќе уживаат во животот.rn

    5. Запомнете ги добрите времиња

    rnДобар начин да се зајакне внатрешната сила без надворешна валидација е да се охрабруваат позитивните мисли и чувства, а тоа може да се направи кога ќе се присетите на среќните и радосни времиња. Среќата е нешто што никогаш не е во доволно големи количини и е нешто што сите ние го заслужуваме.