Честопати во многу хумористични серии и емисии се исмејуваат паровите во долга и сериозна врска, бидејќи се верува дека жените никогаш не се расположени за секс, а машките се секогаш подготвени за тоа. Вистината е дека сексуалната желба на двајцата партнери ќе се намали и може да биде навистина тешко да се препознае кога вашиот партнер е расположен за секс, а кога сака само да ја гледа неговата омилена серија.rnrnЕдно списание кое пишува за личноста и социјалната психологија спровело истражување во кое вклучило парови во долга врска и побарало од нив да пополнат прашалници за нивната сексуална желба на почетокот и во текот на истражувањето во период од 21 ден.rnrn
rnrnТие откриле дека мажите во долги врски ја потценувале сексуалната желба на нивните партнерки, многу повеќе отколку што жените го правеле тоа. Уште поинтересен е фактот што жените кои биле во врска со мажи кои ја потценувале нивната сексуална желба, изјавиле дека се посреќни и попосветени на врската.rnrnПа, зошто жените се посреќни ако нивните партнери претпоставуваат дека тие ретко сакаат да имаат секс со нив? Се верува дека тоа е така затоа што жените очекуваат од нивните партнери да се потрудат да ги расположат за секс и да ги однесат во кревет. Кога луѓето сметаат дека нивните партнери сакаат да имаат секс, тие мислат дека не мора да направат ништо за да го привлечат нивното внимание. Но, ако луѓето забележат дека нивниот партнер има помала желба, тогаш тие вложуваат повеќе труд за да го зголемат нивниот интерес за секс.rnrnДруга можност е тоа дека на мажите им е полесно да претпостават дека нивните партнерки не сакаат да имаат секс, за да одбегнат да бидат одбиени. А, честото одбивање може да доведе до негативни последици во врската.rnrnИсто така, според истражувањето, мажите се често изложени на сликата за жените што ја создаваат медиумите според која жените се преправаат дека се срамежливи, но потоа дозволуваат сексуалната желба да ги совлада. Според ова, кога овие слики би биле точни, тоа што жените ретко сакаат да имаат секс не само што има смисла за мажите, туку и ги намалува шансите тие да бидат одбиени.rnrnОва е добар пример зошто партнерите мораат да бидат поискрени еден со друг и отворено да си кажуваат кои се нивните потреби и желби. Мажите никогаш не треба да престанат да ги освојуваат нивните партнерки, а жените би требало почесто да иницираат секс. На тој начин врската ќе остане цврста и ќе го положи тестот на времето.
Tag: потреби
-

Девојките се посреќни во врската кога нивните партнери веруваат во една невистина
-

6 предупредувачки знаци дека дозволувате другите луѓе да ве искористуваат
Границите се оние непишани правила кои сите ги имаме и практикуваме за да се заштитиме себеси од туѓото однесување и да ги исполниме своите желби и потреби. Во оние моменти кога им дозволуваме на другите да ги преминат нашите социјални граници со тоа што нема да ги засилиме или гласно да го искажеме својот став, тогаш неретко анксиозноста и несреќата се јавуваат како резултат. Кога не сме сигурни кои се нашите граници или постојано им дозволуваме на луѓето да се извлечат со однесување кое не би требало да го дозволиме, тогаш се соочуваме со неколку емоционални несакани дејства.rnrn
rnrnЗа жал, ние не можеме секогаш да ги препознаеме овие несакани дејства сѐ до оној момент кога сме дозволиле другите да нѐ третираат лошо. Во тој контекст, прочитајте ги 6-те знаци кои укажуваат на тоа дека на вашите граници им треба поправка.rn1. Се чувствувате несигурно и искористено
rn
rnrnДа се чувствувате несигурно и искористено е директен резултат од оние ситуации кога давате повеќе помош и совети отколку што разумно треба да давате. Проблемот е поврзан со границите, бидејќи, ако намалите со помагањето или советувањето кога ќе забележите дека вашиот труд не е ниту ценет ниту возвратен, тогаш нема да се чувствувате огорчени кога не сте го добиле тоа што сте се надевале дека ќе го добиете како знак за почит.rn2. Алергични сте на зборот „Не“
rn
rnrnНезависно дали луѓето често бараат работи од вас кои немаат причина да ги бараат или имате тенденција да сакате да ги усреќите и задоволите потребите на другите, сепак станува збор за проблем кој покажува дека не знаете што точно чувствувате, што ви е потребно и што сакате пред да направите разлика помеѓу откажувањето од нешто и неговото исполнување. Ние ги учиме луѓето како да се однесуваат со нас. Ако не застанеме зад своите ставови и не речеме „не“, така засилувајќи ги границите, тогаш само дополнително го зголемуваме проблемот со тоа што ги тренираме другите да мислат дека сѐ што тие сакаат да прават, за нас е прифатливо.rn3. Постојано се најоѓате во лоши ситуации
rn
rnrnАко им дозволите на луѓето да ја преминат вашата крајна линија на трпението и толеранцијата, тогаш вашите границите се повредени. Во тие моменти можеби нема да забележите дека проблемот е токму во границите бидејќи ќе бидете преокупирани со непријатни чувства поради луѓето кои постојано го туркаат вашиот лимит.rn4. Ги обвинувате другите
rn
rnrnВината и обвинувањето на другите се два различни поими. Второто е знак дека или им дозволувате на другите да преминуваат преку вашите граници или дека тие не биле доволно цврсти уште од самиот почеток. Во оној момент кога ќе почнете да станувате поодговорни за вашата улога во секоја ситуација, ќе ви стане јасно каде не сте ги почитувале своите граници.rn5. Потешко ги изразувате своите чувства, желби и потреби
rn
rnrnЧестопати луѓето со проблеми во нивните граници не знаат што точно сакаат или што им треба во нивниот живот. Ако искусувате проблеми и потешкотии кога треба да си ги задоволите потребите, користејќи јасна комуникација, тогаш веројатно и вие припаѓате на претходната група луѓе. Можеби патите длабоко во себе, а, со тоа што не можете добро да се изразите, вие само дополнително го проширувате и комплицирате проблемот.rn6. Претпоставувате дека луѓето сами ќе го поправат своето однесување
rn
rnrnАко постојано посакувате и се надевате дека некој ќе застане на ваша страна, иако тие продолжуваат константно да ве разочаруваат, тогаш очекувате премногу од некој кој не е доволно инвестиран во вас и вашето пријателство. Тоа може да биде знак дека вашите желби не соодветствуваат со реалноста и вие не правите тешки одлуки за односот. -

10 начини на кои пасивноста ве спречува да постигнете сѐ што сакате во животот
Вашата пасивност зависи од вашиот карактер, вашите перцепции за светот и вашето место во него, и се разбира, специфичноста на дадената ситуација. Пасивноста може да биде корисна стратегија и здрав механизам за соочување со некои животни моменти, но, исто така може да стане и навика. Кога пасивноста ќе почне да доминира во вашите одговори и интеракции и кога ќе почне да го одредува вашиот општ пристап во животот, тоа може да резултира со повеќе штета отколку корист. Следната листа може да ви помогне да процените дали имате пасивни тенденции и навики и дали треба да се обидете да ги промените.rn
Како пасивните луѓе го гледаат светот?
rn
rnrn1. Својата иднина ја препуштаат на судбината. „Ако ни е пишано да бидеме заедно, ќе бидеме“. Понекогаш работите навистина можат да се средат сами од себе, но тоа многу почесто се случува ако двајцата партнери имаат активна улога во градењето поцврст однос.rnrn2. Веруваат дека работите можат едноставно да се случат. „Зошто секогаш ми се случуваат лоши работи?“ Во реалноста, добри и лоши работи му се случуваат на секој човек. Можете да чекате да ви се случи нешто добро или можете да се обидете сами да го остварите тоа.rnrn3. Го поистоветуваат неуспехот со судбината. „Мислам дека едноставно не ми е судено да го правам ова.“ Неуспехот е дел од сечиј пат, но не е последната станица. Избегнувајте го ваквиот начин на размислување и секогаш имајте ги на ум следниве 3 работи: Трпение, упорност и доследност.rnrn4. Веруваат дека среќата е важна состојка во успехот. „Среќата не била на моја страна.“ Среќата, како и да ја дефинирате, не е под ваша контрола, но подготовката, планирањето, трудот и времето се исти. Фокусирајте се на тие варијабли.rnКако пасивните луѓе комуницираат?
rn
rnrn1. Нивниот јазик е несигурен и неодлучен. „Во ред, може да биде така некако.“ Обидете се да практикувате директен и јасен говор. Обрасците на говорот се обична навика и можат да се сменат.rnrn2. Постојано бараат одобрувања. „Се надевам нема да ти смета тоа што ќе го кажам…“ Ако сите други кои се вклучени во разговорот даваат сугестии и мислења, а вие барате дозвола за нешто да кажете или предложите, можете да дадете слика на слаба и помалку вредна личност.rnrn3. Ги омаловажуваат своите ставови. „Можеби грешам, не сум експерт, но можеби…“ Започнувањето разговор со изјава дека можеби не сте во право ќе ги доведе другите учесници во разговорот до заклучок дека најверојатно и не сте во право. Вие на тој начин им отежнувате да го прифатат тоа што сакате да го кажете.rnrn4. Имаат проблем да се одлучат. „И двете опции имаат смисла…“ Можеби се обидувате да го намалите потенцијалниот конфликт со неподдржувањето на која било од опциите кои се пред вас, но поради тоа изгледате неодлучно или како да се плашите да направите избор. Ако имате мислење, изразете го.rnКако пасивните луѓе им ги препуштаат работите на другите?
rn
rnrn1. Потребите на другите ги ставаат на прво место. „Можам да јадам и десерт, но ако сакате да си одиме, ќе си одиме.“ Преку овој начин на комуницирање велите дека потребите на другите личности се поважни од вашите, што веројатно не е вид на општата динамика којашто сакате да ја воспоставате.rnrn2. Велат „да“ кога повеќе би сакале да речат „не“. „Морам рано да станам утре, но се разбира дека можам да те испратам.“ Сметате дека личноста која ви е драга ќе се навреди ако кажете „не“, но тоа навистина зависи од начинот на кој тоа го кажувате. Можете да бидете искрени, но секогаш нагласете ги своите потреби и нивната важност. -

17 знаци дека сте старци сокриени во телото на млади луѓе
Вашето друштво договара луда забава во домашна атмосфера, а вие гласно размислувате кои филмови би сакале да ги гледате легнати на каучот. Веќе сте изморени од излегувањето секој викенд, местата ви изгледаат еднолични, муабетите непотребни, а парите скапи. Повеќе не ве интересираат социјалните мрежи и смешните фотографии од мачки. Тогаш вие сте стар човек, заробен во младо тело, кој само чека да поминат годините за да го покаже своето вистинско лице.rnrn
rnrn1. Дома седите со ќебе преку вашите нозе. (Бонус е ако самите сте си го исплеле)rnrn2. Кога сите се шегувале за електричното ќебе од телевизиските реклами, вие сериозно сте размислувале како да го нарачате што побрзо.rnrn3. Вашиот омилен дел од ноќта е кога конечно се враќате дома и легнувате.rnrn4. Не ви е пријатно повеќе да го користите тинејџерскиот жаргон иако имате нешто ситно над 20 години.rnrn5. Секогаш се грижите дали сите во друштвото понеле јакна.rnrn6. И внимавате сите на масата да имаат пијалак, како и чаша вода, бидејќи кога пиете алкохол најважен е балансот.rnrn7. Заспивате додека гледате филмови.rnrn8. Заспивате додека гледате филмови во 7 часот попладне.rnrn9. Веќе сте професионален дремач.rnrn10. Не ви е чудно да им кажете на луѓето дека ќе легнете да се одморите. А не сте уморни затоа што сте трчале маратон, туку само затоа што сте биле до продавница и тоа ве истоштило.rnrn11. Поседувате едно чудо тренерки за по дома.rnrn12. Не се срамите до продавница да отидете по папучи.rnrn13. Всушност папучите и тренерките се ваш заштитен изглед.rnrn14. Заостанувате со технологијата и не можете да ги следите сите нови апликации. Што е тоа Твитер? Дали луѓето сѐ уште користат Фејсбук?rnrn15. Сами си имате одредено време за легнување. И станувате анксиозни доколку навечер сте излезени до доцна.rnrn16. Групата адолесценти ја нарекувате „младина“. И се прашувате зошто толку викаат кога поминуваат под вашиот прозорец.rnrn17. Всушност, вашата најголема желба е само да седите во удобната фотелја, со мало милениче во скутот. Што повеќе би можеле да посакате? -

10 начини да ги задоволите вашите потреби во љубовната врска
Да се чувствувате исполнето е многу полесно отколку што мислите. Многумина не знаат како да го побараат тоа што им е потребно, па затоа и ризикуваат да не бидат сфатени. Трикот се наоѓа во комуникацијата и разговорот за она што го чувствувате. Во продолжение прочитајте за 10-те методи кои ќе ви помогнат да ги задоволите сите ваши емоционални потреби.rnrn
rnrn1. Доколку вашиот партнер има некоја навика или особина која сметате дека треба да се промени, внимателно набљудувајте. Забележете како тој или таа се однесува и подгответе се да им укажете каде грешат, но на љубезен и конструктивен начин. Да ги покажете некому мааните не е емпатично, туку е навредливо и нељубезно.rnrn2. Разговарајте за вистинското однесување кое влијае во вашиот однос. Разговарајте за работите поради кои не се чувствувате добро и обидете се да пронајдете компромис.rnrn3. Забележете како се чувствувате. Дали сте лути, дали се чувствувате предадено или разочарано? Ако тоа е навистина така, тогаш треба да му кажете на вашиот партнер, бидејќи тој или таа не се видовити. Ако нешто не функционира во најдобар ред, треба да се најде соодветно решение и да се преброди проблемот. Ако искрено ја споделите вашата емоционална состојба, личноста која ве сака ќе направи сѐ за да се чувствувате подобро, исто како што и вие би го направиле истото за неа.rnrn4. Побарајте го тоа што ви треба. Дали сакате промена, разбирање или компатибилност? Доколку директно го побарате тоа што го посакувате или тоа што ви е потребно, тогаш автоматски ги подобрувате шансите тоа и да го добиете. Ако очекувате вашиот партнер да ги прочита вашите мисли, тогаш нема да се случат никакви промени.rnrn5. Побарајте само една работа. Доколку го прашате партнерот да направи само една специфична промена, тогаш ќе можете подобро, но и полесно да ги задоволите своите потреби. Најдобро е да го изнесете својот став нежно и смирено. Ако станува збор за некој посериозен проблем, обидете се да разговарате цивилизирано и да го избегнете конфликтот.rnrn6. Активно и целосно анализирајте го проблемот или откажете се. Враќањето на старите теми нема да ви помогне да пронајдете решение. Искажете ги своите потреби, разговарајте и дојдете до согласност дека сте пронашле заедничка бранова должина или дека ќе го направите тоа во блиската иднина.rnrn7. Бидете пореални во очекувањата. Тоа не значи да ги намалите своите очекувања, туку да се обидете повеќе да се фокусирате на вашите преференции и работите кои сметате дека ви се приоритетни. Кога остварувате работи кои се пореалистични и поверојатни тогаш добивате повеќе успеси, а помалку разочарувања.rnrn8. Кажете му го на партнерот она што го сакате, а не она што не го сакате. Бидете јасни, искрени и љубезни. Така ќе си ги олесните и своите, но и одговорностите и трудот на вашиот партнер.rnrn9. Вреднувајте го придонесот кој партнерот го прави за вашиот живот. Кога една личност ќе се почувствува ценето и почитувано, таа ќе направи сѐ за да го задржи вашето мислење за неа на високо ниво. Да го потсетите партнерот дека вашиот живот е подобар бидејќи го делите со него е многу инспиративно и претставува одличен начин да ја покажете љубовта која ја чувствувате.rnrn10. Еднаквоста наспроти квалитетот. Рамнотежата игра клучна улога во одржувањето на здрав и функционален однос. Иако работите можеби не се такви какви што сакате да бидат, кога знаете дека вашиот живот е балансиран, тогаш позитивната животна околина е гарантирана. -

6 клучни принципи кои ќе ви помогнат да добиете позитивен одговор за секое барање
Едноставно не можете да очекувате вашите желби да бидат прецизно прочитани од другите, ниту пак дека магично или автоматски ќе се остварат. Потребно е гласно да кажете што сакате. Сѐ што се случува во животот воглавно е одредено од комуникацијата, па ако не можете да ги искажете вашите желби и потреби, тогаш можете да се обвинувате само себеси кога нешто ќе тргне во погрешна насока.rnrn
rnrnИнтересен е фактот кој произлегува од резултатите добиени од различни истражувања, кои ни покажуваат дека луѓето од кои сте побарале помош, генерално ги задоволуваат вашите барања многу почесто отколку што очекувате. Повеќето луѓе ги сфаќаат барањата премногу сериозно, иако нема ништо срамно во фактот дека ви е потребна помош од другите. Понекогаш разликата помеѓу среќниот и несреќниот живот може да зависи од овие едноставни барања до другите луѓе. Па, чувствувајте се слободно почесто да барате помош.rnrnНо, како да побарате нешто и да бидете сигурни дека нема да бидете одбиени? Еве 6 принципи кои ќе ви помогнат секојпат да добивате позитивен одговор.rn1. Треба да знаете колку вредите
rnАко не знаете колку вредите, дозволувате луѓето да ви зададат „цена“ по сопствена проценка. Да ја знаете својата вредност е сосема различно отколку јавно да ја кажете. На пример, сте пресметале дека работата за која аплицирате вреди 300.000 денари годишно. Оттука важно е да очекувате плата која ќе изнесува приближно околу оваа сума. Затоа на почеток треба да барате повеќе од замислената вредност, за во текот на преговорите да стигнете до посакуваната. Ако ја знаете вашата вистинска вредност, голема е веројатноста дека ќе го добиете тоа што го сакате.rn
2. Треба да знаете што заслужувате
rnЛуѓето, посебно жените, ги жртвуваат своите лични интереси за доброто на другите. И ова не е воопшто добро. Несомнено, има моменти кога мора да направите компромис, но тоа не значи дека треба да заборавите на себе. Знаејќи го ова, важно е да не помешате што навистина заслужувате, а што добивате без да се потрудите.rn
3. Бидете конкретни
rnЈасно кажувајте ги вашите желби. Ако не го правите ова, вашиот пат до целта ќе биде многу подолг.rn
4. Не правете претпоставки
rnНикој не може да ги чита мислите на другиот. Без разлика колку добро познавате некого, тој или таа можеби не знаат кои се вашите вистински желби, дури и кога вие мислите дека тие се повеќе од очигледни. Јасно кажувајте што ви е потребно.rn
5. Зборувајте за вашите вредности
rnЈасно поставете ги вашите приоритети, за подоцна да не жалите дека не сте ги поставиле на време. Не правете компромиси со вашите принципи и избегнувајте да правите нешто за кое мислите дека не е во ред.rn
6. Одговорот „не“ не мора да значи и категорично одбивање
rnДа речеме дека вашето барање е одбиено. Ова не мора да значи дека треба да ги прекинете сите врски со таа личност или да се откажете од тоа што ви е понудено во моментот. Наместо тоа, добро погледнете ја ситуацијата со очите на вашиот противник.rnrnШто значи, најлошото нешто кое може да се случи е да добиете „не“ како одговор. Тоа значи дека сѐ ќе се врати на почетокот. Затоа не грижете се и обидете се повторно.
-

Мажи, погледнете ги овие 16 нешта коишто сте обврзани да ги знаете за жените
Еве еден мал поглед во женскиот мозок. За да можете да нè разберете како женски битија, мора да ги знаете елементарните нешта за нас.rnrn
rnrnМажи, ова се 16 работи што треба да ги знаете во врска со тоа што сакаат жените.rn1. Понекогаш плачеме без причина
rnТоа е дел од нашата хормонална шминка. Тоа не значи дека нешто сте згрешиле. Всушност, по напорниот ден на работа и обврските коишто нè чекаат дома, и најмалото нешто е доволно за да нè расплаче.rn
2. Ние сакаме да бидеме ислушани
rnЕдноставно е, ние сакаме да бидеме ислушани. На пример, колешката од работа понекогаш ни оди на нерви. Не знаеме што сме направиле за да ја навредиме, но се чини дека таа упорно бара можност да направи да изгледаме лошо во очите на шефот. Вие не треба да ги поправате нашите проблеми, само ислушајте нè. Потоа, слободно прегрнете нè. Тоа е сè што сакаме.rn
3. Пајаците може да нè извадат од памет
rnИако звучи како клише и смешно, тие ни предизвикуваат морници. Па, ако можете да се ослободите од нив без притоа да правите голема работа од тоа, би било прекрасно. Благодариме.rn
4. Ние не би сакале да го направиме првиот чекор
rnЗнаеме дека понекогаш е болно, но посигурно се чувствуваме кога вие ќе нè поканите да излеземе. Затоа, ве замолуваме иницијативата да ја преземате вие и да нè оставите надвор од непријатните ситуации.rnrn
rn5. Обожаваме кога ни се јавувате
rn…за да ни кажете дека сте си поминале прекрасно на нашиот состанок, да зборувате за забавата од минатиот петок, повторно да нè поканите на состанок. Престанете со игрите. Ако се сомневаме дека играте според правилото за јавување по третиот ден од состанокот, тогаш сигурно дека ќе изгубите. Овие правила не се баш најдобри.rn
6. Ако не сте заинтересирани за нас, кажете ни
rnПопрво би се справиле со тоа, отколку да го губиме нашето драгоцено време. Покрај тоа, ние имаме биолошки часовник кој ни го затапавува чувството за да можеме да процениме сами. Да, ќе боли кога ќе ни раскинете, но не би сакале да се најдеме во врска од две години, каде што вие уште од стартот сте знаеле дека тоа не води никаде.rn
7. Големи гестови навистина не се потребни
rnГолемите гестови се убави. Нема да се спротивставиме ако изненадно нè однесете на викенд, ако ни го купите скапото ланче што секогаш сме го забележувале по излозите, или ако ја украсите куќата со рози. Но, вистината е дека ништо од тоа не ни е потребно. Малите нешта се оние што ги сакаме повеќе. Прекрасно е кога во вашиот слободен ден ќе нè поканите на кафе. Верувајте, ќе бидете наградени.rnrn
rn8. Не ја дефинираме врската по големината на прстенот
rnФакт: повеќето од нас сакаат светкави дијаманти. Но, тоа не значи дека ние тоа и го очекуваме од вас. Ниту пак очекуваме прстен од врска во којашто сме само шест недели. Опуштете се. Ние ќе ве консултираме кога ќе почнеме да фантазираме за нашата заедничка иднина, или пак очигледно ќе препознаете некои знаци.rn
9. Ги сакаме бебињата, но тоа не значи дека ги брзаме нештата
rnПовеќето од нас бебињата ги сметаат за прекрасни. Ние не можеме да се справиме со тоа, тоа е наш инстинкт. Но, тоа не значи дека ние сакаме наше бебе токму сега.rn
10. Не ве споредуваме со претходните момци со коишто сме се состанале
rnИ вие не би требало да нè споредувате со вашите претходни девојки. Ние сме со вас, а не со него. Веќе сте победник.rn
11. Имаме обичај да анализираме
rnДобро, ние секогаш анализираме. На пример, после состанокот ако ни кажете дека сте си поминале прекрасно, ние ќе се прашуваме: Дали е тоа вистина? Дали тој звучеше сигурно? Дали треба да предложам нареден состанок? Можеби тој ќе го направи тоа. Можеби ќе се јави утре. Можеби пак воопшто нема да се јави. Можеби никогаш повторно нема да го видам. Што навистина значеа неговите зборови?rnrn
rn12. Ако е можно, би сакале да бидете директни со нас
rn„Си поминав прекрасно, би можеле да се состанеме повторно наредниот четврток.“ Ваквата ваша изјава би направила вистинско чудо за нас.rn
13. Го цениме кавалерството
rnОтворањето на вратите и другите мали кавалерски гестови ги сметаме за прекрасни. Сепак, не заборавајте дека сè можеме да направиме и сами.rn
14. Сакаме да се чувствуваме женствено, убаво и безбедно
rnЗнаејќи дека можете и дека би сакале, заштитете нè од сè што навистина нè полудува. Всушност, прекрасно е кога знаеме дека вие би можеле да го спасите светот, доколку би сакале.rnrn
rn15. Имаме високо мислење за вас
rnНавистина. Покажете ни дека и вие се чувствувате исто, дека за вас сме најпрекрасната жена на планетата. Би сакале да знаеме. Тоа го сметаме за доста романтично.rn
16. Но, ние сè уште можеме да правиме бројни тешки работи
rnЗапаметете го ова, во случај да ви затреба помош!
-

Како да пронајдете среќа онаму каде што ја нема?
Не можеме да очекуваме дека светот ќе се промени само за ние конечно да бидеме задоволни. Не треба да чекаме да се променат политичарите, земјата во која живееме ниту пак однесувањето на нашите најблиски за конечно да можеме да бидеме среќни. Единственото нешто што можеме да го направиме е да се смениме ние самите и токму во нас да го побараме решението, патот или силата. Доколку сакаме да бидеме среќни, единственото место на кое можеме да ја побараме среќата е во нас самите.rnrn
rnrnНо, како можеме да пронајдеме среќа во оние моменти кога не сме среќни? Како можеме да пронајдеме нешто што во овој момент го нема? На која страна треба да се насочиме и што точно значи да се пронајде внатрешната среќа?rnrnСите ние секојдневно се сретнуваме со вакви прашања за среќата. Токму тие прашања и ја поттикнуваат потрагата по самата среќа. Како да ја пронајдеме среќата таму каде што ја нема? Постои ли некој прв чекор, постои ли нешто што апсолутно секој од нас може да го направи за да го покрене овој процес и да се отвори себеси за нови перспективи и радосни искуства. rnrnДа. Постои! Потребно е да направиме само една работа, една многу едноставна работа. Потребно е да направиме нешто што секој може да го направи, нешто за што не ни се потребни никакви услови, нешто што дури и 5-годишно дете би можело да го постигне.rnrnПрвиот чекор за откривање на внатрешната среќа е дефинирање на сопствените потреби. Како што автомобилот не може да се движи доколку нема гориво, така и ние ако долго го одложуваме она што ни е потребно, полека забораваме кои сме и сè потешко пристигнуваме до нашата цел. Забораваме дека среќата и радоста се суштината на нашето постоење. За да можеме повторно да ги искусиме овие чувства, важно е да размислиме за нашите вистински потреби. И секако, откако ќе ги идентификуваме, важно е да најдеме начин на кој можеме да ги задоволиме.rnrnОдлично е да се биде тука за другите, да се прават тие среќни и да се биде секогаш на располагање на оние кои имаат потреба од поддршка, но најважно од сè е во овој процес да не се заборавиме себе и нашите потреби. И вие исто како сите други заслужувате внимание, одмор и нега. И вие заслужувате љубов и поддршка. Доколку не ги наоѓате овие нешта, единствената личност кон која треба да се обратите сте самите вие.rnrnКога последен пат сте се пофалиле себеси поради нешто што сте направиле? Кога последен пат сте се почестиле од заработените пари? Кога последен пат сте ги ставиле вашите потреби на прво место?rnrnРазмислете за ова и следен пат кога ќе се најдете во ситуација да треба да направите нешто што ги преминува границите на вашите сили и желби запрашајте се дали тоа го правите затоа што навистина сакате во тој момент да го правите. Доколку вашиот одговор е НЕ, тогаш размислите што е тоа што сакате да го правите. Откако ќе откриете за што станува збор, токму тоа треба и да го направите! Вашата насмевка веднаш ќе се врати на вашето лице.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

11 работи кои треба да престанете да ги правите за да се фокусирате на една – себеси
Автор: Калин БабушкуrnrnНови почетоци, нова година. Време е да се фокусираме на самите себеси.rnrn
rnrn1. Прекинете да трошите време на погрешни луѓе – Животот е прекраток да го поминуваме со луѓе коишто се негативни, кои ни одземаат енергија, кои само нè влечат надолу. Да знаете, не треба да ги кривите нив што ви го прават тоа, туку сами да се запрашате дали треба или не треба да го поминувате времето со нив.rnrn2. Прекинете да мислите дали сте подготвени – Маѓепсан круг во кој многу често знаеме да западнеме. Да не избегаме од комфорната зона. Една е вистината: Секогаш сте подготвени за нови работи. Или подобро кажано, никогаш нема да бидете 100% подготвени затоа што едноставно тоа е невозможно. Со текот на времето ќе дојдете на тие 100% и тогаш ќе треба да преминете на нешто ново.rnrn3. Немојте да се враќате на минатото – И да направите промена, немојте да се двоумите – дали доколку сте ја избрале другата опција можеби ќе ви било подобро. Тоа што сте го одбрале е правилната одлука и работете на тоа таа да се оствари и да ве доведе до 100%, и немојте да влегувате во пустото: „Ех, да отидев по другиот пат ќе ми беше подобро“.rnrn4. Немојте да бегате од проблемите – Соочете се со нив веднаш. Немојте да ги криете „под тепих“, затоа што кога-тогаш ќе се појават. Едно треба да знаете, за секој проблем има решение – некои од тие решенија можеби нема да ви се допаднат – но сепак е решение.rnrn5. Немојте да се залажувате – Можете да ги лажете луѓето околу вас, но никогаш самите себеси. Ако сте реални, вие најдобро знаете кои сте и што сте. Ако веќе го знаете тоа, гледајте да ги подобрите работите кај себе, а не да се залажувате.rnrn6. Прекинете да ги ставате потребите на другите пред вашите – Да, помогнете им на другите, но помогнете си и на самите себеси! Да, направете нешто за другите, но направете нешто и за себе! Да, имајте време за другите, но имајте време и за себе!rnrn7. Прекинете да пробувате да бидете некој што не сте – Еден од најголемите предизвици е да се биде тоа што си, а не некој или нешто друго. Најголем предизвик е да не ставаме маски, туку да бидеме она што сме. Немојте да правите сè за да ве сакаат другите, туку бидете тоа што сте. Вистинските луѓе ќе ве сакаат такви какви што сте навистина.rnrn8. Немојте да се плашите да правите грешки – Кој греши, тој/таа учи. Но, учете од грешките, немојте да ги оставете само така. На секој успех му претстоеле безброј грешки и тоа е така и така ќе биде. Тие грешки се инвестиција за во иднина.rnrn9. Прекинете да се натпреварувате – Не се грижете за тоа што можат да направат подобро од вас другите. Фокусирајте се на подобрување на вашите претходни успеси. Всушност, борбата е помеѓу минатото ЈАС и идното ЈАС.rnrn10. Прекинете да се жалите – Ако сакаме, може да се жалиме до утре, но тоа нема ништо да помогне или да ја смени ситуацијата. Подобро е за вас да ја фокусирате енергијата кон промена на работите отколку постојано да се жалите. Од друга страна, пак, ако постојано се жалите, луѓето ќе ве одбегнуваат и никој нема да сака да се дружи со вас.rnrn11. Прекинете да се објаснувате на другите – Тоа не им е потребно на тие коишто ве знаат, а непријателите и вака и онака нема да ве разберат!rnrnВреме е да мислите на себеси. Со тоа ќе го подобрите вашето живеење, но и на најблиските околу вас (семејството, пријателите, соработниците…)rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Работна швалеранција: Од нагонот сè започнува и со него сè завршува
Сте се запрашале некогаш колку од врските кои ги гледаме и воспоставуваме секојдневно се испреплетени со други врски кои се кријат под површината на она што јавно го кажуваме и покажуваме? Секако да, а кој не? Јас, да. Се прашувате кој со кого имал секс, дали оној би имал секс со онаа – би биле сексуално компатибилни, дали тој би бил секси и без облека, дали таа е тазе депилирана под хулахопките – како би било да ги допирам нејзините нозе… Сето ова е нормално, светот се базира на секс, луѓето живеат за да постигнат многу нешта, но на крајот на краиштата – сè што прават е во функција на задоволување на нивните потреби. Размислете, кога би можеле да изберете редовен, доживотен страсен секс како од најинтимните фантазии или мнооогу пари, што би избрале? Ако избравте пари, зошто? Аха, добро, колата, куќата, стварите… А зошто, сето тоа? Ме сфаќате сега.rnrn
rnrnИ кога сето ова ќе се стави во контекст на секојдневниот живот и одењето на работа, зарем не е чудно сексот и понатаму да останува примарна потреба која секое зрело човечко битие тежнее да ја реализира!?rnrnНе, не сум напален тинејџер, кој го гледа светот низ своите пречести ерекции, ниту девојка во оние години кога најмногу сака да го става своето тело на располагање на други како извор на обострано задоволство. Јас сум од оние кои биле ваму-таму, чуле за некој што се шврљл со друга, додека жена му дома гледа деца, а него едвај; од оние кои виделе во ресторан двајца луѓе кои во тој момент би требало да вечераат посебно, секој со своите „официјални“ партнери; па и искусиле нешто на своја кожа.rnrnКога ќе загледате вака човек отстрана, можете ли да претпоставите како функционираат неговите сексуални апетити. Како ги задоволува? Дали банкарот што работи на кредити ја мерка девојката на платен промет? Дали маж ѝ на другарката што беше да работи и студира две години во Англија, ѝ бил верен за сето време? Дали на семинарот момците што ги гледам од бината шушкаат за мојата презентација или за моето деколте?rnrnМожеби не размислувате вака за луѓето, и рака на срце – не треба. Сите толку се трудиме да си ја зачуваме интимата, да имаме приватен живот, без да ги изложуваме валканите алишта на ачик, а само треба да дојде таков момент – да се подигне нивото на хормони во две човечки тела – и веќе пред целосен странец добиваш храброст да ја кажеш најголемата тајна што ја чуваш дури и од жена ти, особено од жена ти – сакам да те легнам.rnrnСекако, ова се суптилни работи кои не можеме да ги видиме од страна, освен ако прељубопитно не навлеземе во длабока анализа на меѓучовечките односи.rnrnЖената ја има таа огромна моќ, кога е згодна, да привлече погледи, внимание и наклонетост од другите, дури и од другите жени, но за некоја што не знае како да работи со својот сексапил, секогаш останува дилемата: дали го одбра мојот проект затоа што му се допаѓам или навистина цени како работам?rnrnВо крајна линија, не е ни битно кој со кого се секса, кој кого шмека и дали секој од учесниците има друг „официјален“ партнер во својот живот. Работата е дека настануваат незгодни ситуации. Пример, кога идеш во печатница да ги одобриш боите, не очекуваш дека типот ти го земал бројот за.. па не за боите. Боите одобрени на лице место, СМС-ите почнуваат во моментот кога си заминуваш од таму. Како ли ме запишал во телефонот? Што ли би си помислила жена му ако знае? Сирото дете што ќе расте со ваков татко!rnrnИли идеш на службен пат, среќаваш еден куп луѓе и никако не можеш да знаеш кој сака да се социјализира (networking, нели?), а кој сака ептен да се зближи. И нормално, ако згрешиш во проценката, треба или да се тргнеш на страна или да почнуваш со други луѓе да се зближуваш од почеток.rnrnНекој тоа го сака. Во ред е да се трага по задоволување на потребите. Некој одлучува да се воздржи за да го направи тоа со оној што го чека дома, некој не сака да им се покори на правилата и ужива да ужива во „забранетиот“ секс. И тоа е во ред, кој како сака, така си прави.rnrnИ едните и другите го чувствуваат истото, некои само поразлично се справуваат со своите нагони за разлика од други. Не осудувам. Или живееш со страст или со совест, двете доведени до 100% на линијата за мерење не функционираат заедно.rnrnНе би рекле дека сме сексуални суштества во кои врие желбата за задоволување на таа стимулирачка потреба која нè тера да правиме „гревови“ или макар да имаме „црни мисли“? Па зошто тогаш секоја е*ана бизнис комуникација помеѓу лица од спротивен пол (најчесто) се сведува на основната перцепција на другиот, степенот на општа привлечност, сопствените размисли да се биде нешто повеќе со другата личност? Зошто директорот има миленичка од другата канцеларија, кога ние во оваа даваме трипати подобри резултати во извештаите? Зошто колегата има женска со цицки на ѕидот и често дава недолични коментари за други жени кога неговата дома ги вади цицките за да го нарани нивното штотуку родено бебе? Зошто тој инсистираше да се видиме за да ми го даде цедето кога можев да пуштам да го земат со точак? Дека многу му се прави маабет со мене? Не би рекла, инаку не би го избрал кафичот што е толку скриен, што да сакам да отидам пак, нема да можам да го најдам.rnrnЖенети, мажени, со деца, без деца, со врска на далечина или со врска која опстојува во 40 квадрати – не е битно, нагонот и совеста не бираат по брачен статус. Инаку немаше да има толку разводи, откази добиени без јасна причина и незгодни ситуации помеѓу луѓе кои наеднаш не контактираат повеќе.rnrnА да, ќе останам анонимна, не сакам да стане незгодно кога ќе се сретнам во ходник со колегата кој веројатно се пронашол во приказнава.rnrnАнонимкаrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.