КАФЕ ПАУЗА

Tag: потреби

  • 3-те основни потреби на секој хороскопски знак

    3-те основни потреби на секој хороскопски знак

    Основната потреба на секој Бик е сонот, а покрај тоа потребни му се уште две работи. На Близнакот му треба слобода, на Девицата сигурност, а на Стрелецот дружење. Погледнете кои се основните 3 потреби на секој хороскопски знак.rnrn1-3-te-osnovni-potrebi-na-sekoj-horoskopski-znak-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnНезависност – Потребна ви е слободата во однесувањето. Не сакате на никого да му се објаснувате за своите постапки. Не поднесувате кога некој ве присилува на нешто или ве контролира.rnrnДвижење – Вие едноставно мора постојано да „брзате“, па вашите дела се често поважни од самите резултати. Натрупувањето на обврските не ве загрижува премногу. Напротив, вие знаете и годишниот одмор да го користите за работа.rnrnВласт – Не можете да бидете задоволни ако не им командувате на другите, а бидејќи секогаш сте полни со иницијатива, вие сте идеален лидер.rn

    Бик

    rnСон – Тоа е основната потреба на секој Бик. На спиење би требало да одите секогаш во исто време и да избегнувате непроспиени ноќи.rnrnИсхрана – Вие сте голем гурман и генерално сакате да готвите. Но, љубовта кон храната може да ве доведе до вишок килограми. Кога ќе дојде до тоа, силата на вашата волја може да ја одигра главната улога.rnrnХедонизам – Уживате во сѐ што е убаво, но исто така имате потреба тоа чувство да го споделувате со оние кои ги сакате.rn

    Близнаци

    rnСлобода – Слободата ви е неопходна заради вашата љубопитна природа, па одлично се снаоѓате и во неочекувани ситуации.rnrnИнтелигенција – Вашата изострена интелигенција, флексибилност и брзите рефлекси ве прават способни за извршување различни задачи.rnrnКомуникација – Најсреќни сте кога пред себе имате публика која ве слуша.rn

    Рак

    rnСемејство – И како дете и како родител создавате толку јаки врски со семејството што дури тешко успевате да се осамостоите. Кога ви недостига семејството вие можете да почувствувате и физичка болка.rnrnЉубезност – Бидејќи сте затворени, сите проблеми ги чувате во себе, што пак е главна причина за вашата фрустрација и проблеми со желудникот. Вашето оружје се љубезноста и претпазливоста со кои ги разоружувате дури и оние најарогантните и највообразените.rnrnХармонија – Потребата за хармонија ве прави посмирени и прилагодливи, па избегнувајте директни судири.rn

    Лав

    rnУглед – Вишокот енергија ве прави желни за моќ и слава, па макар и во ограничена средина, како што е училницата, работното место или семејството.rnrnИзобилие – Патите од величина и сјај, па не сте од оние штедливите кои своите добра ги сокриваат од погледите на околината. Сакате сѐ, но сакате и другите да видат колку имате.rnrnСледбеници – Не ви е доволно почитувањето од брачниот другар и од семејството, туку ви треба цела армија на свои обожаватели. Заради тоа одржувате добри односи со подалечните роднини и со голем број познаници.rn

    Девица

    rnСигурност – Штедливи сте и економични, па со задоволство ќе го жртвувате уживањето заради долгорочна сигурност.rnrnУмереност – Не сакате да трошите пари, ни време, ни енергија. Не ви паѓа на памет спонтано да се предадете на уживањето, бидејќи знаете дека тоа може скапо да ве чини.rnrnРед – Секогаш сакате да знаете каде што сѐ наоѓа и на кого можете да сметате. Ги почитувате прописите, не толку од морални причини, туку заради полесно снаоѓање во животот.rn

    Вага

    rnРамнотежа – Сакате сѐ да биде во рамнотежа: активностите, одморот, материјалните и духовните потреби. Фанатизам не поднесувате.rnrnУдобност – Одморот е многу важен за вашата слаба точка – крстот, а за да се одморите, потребна ви е удобност. Тешко се прилагодувате на спартански начин на живот.rnrnЗаедница – Бракот е идеален за припадниците на вашиот знак, бидејќи поседувате вродено чувство за живот во заедница. Не поднесувате осаменост и едноставно сте зависни од социјалниот живот.rn

    Скорпија

    rnСексуалност – Вашата огромна енергија е тешко да се контролира, а со вашата психа доминира силно изразена сексуалност. За да би можеле нормално да функционирате, вашиот еротски живот мора да биде исполнет.rnrnДоминација – Во друштво мора да имате доминанта улога, додека рамноправен однос тешко прифаќате.rnrnИгра – По природа сте сомничави, но исто така сакате и да ризикувате, па игрите ви помагаат да се опуштите.rn

    Стрелец

    rnДружење – Потребна ви е поддршка од пријателите иако не сакате со никого претерано да се врзувате. Обожавате да организирате патувања, излети и излегувања.rnrnПланирање – Иако не сте од оние кои претерано се грижат за иднината, сепак сакате да размислувате за неа. Пред себе мора да имате некој план, макар и нереален, кој ве влече напред.rnrnПатувања – Припаѓате на знакот на светскиот патник кој најдобро се чувствува кога е далеку од дома. Дури и ако не сте имале прилика да патувате надвор од земјата, чувствувате чудна поврзаност со далечните краеви.rn

    Јарец

    rnРазбирање – Совршено знаете да живеете со својата работа и со своите мисли. Сепак, тоа ваше повлекување обично е последица на разочараност од луѓето. Оној кој сака да ја здобие вашата доверба треба само да покаже разбирање за вас. Тоа ви е најважно.rnrnПозиција – Од мали „готвите“ план како да се оттргнете од влијанието на авторитетите и да се искачите на што повисок врв од каде слободни и независни ќе ги гледате „џуџињата“ во подножјето.rnrnПоредок – Повеќе сакате да се придржувате на веќе постоечките правила и закони одошто да импровизирате. Вашите главни адути се педантноста, сериозноста, упорноста, строгоста и непоколебливоста.rn

    Водолија

    rnНезависност – многу сте самостојни и имате изразена потреба да се движите слободно. Не поднесувате наметнати врски и посесивни личности, но умеете да покажете длабоки чувства.rnrnСлобода – Секогаш сте во потрага по нешто ново и возбудливо. Сепак, размислувате за иднината бидејќи со вас управува Сатурн, планетата на логиката.rnrnБратство – Најдобро се чувствувате кога можете да им помогнете на другите, така што некако секогаш се наоѓате во ситуација во која тоа можете на сите да им го покажете.rn

    Риби

    rnЧувства – Вашата потреба за љубов е толкава што имате желба целосно да се посветите на оној кого го сакате. Од љубов можете буквално да се разболите, но љубовта може и да ве излечи.rnrnЗаштита – Живеете во облаци и постојано барате некого кој може да ви пружи заштита.rnrnПосветеност – На работа сте добри соработници, подготвени да се жртвувате за колегите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3-те најголеми митови за романтичните врски

    3-те најголеми митови за романтичните врски

    Сказните кои ни ги читале како малечки наголемо придонеле за оформување на одредени митови поврзани со љубовта и врските. Истите тие сказни сè уште влијаат на нас. Дали и колку овие митови можат да нè спречат во формирањето на стабилна и реална љубовна врска?rnrnВистината е дека кога еднаш ќе се ослободиме од сите предрасуди и нереални очекувања од љубовните врски, ќе си дозволиме себеси да имаме реална конекција со одредена личност, врска со добри и лоши моменти, но пред сè заснована на вистина, а не на мит.rnrn3-те најголеми митови за романтичните врскиrn

    Мит #1: Верувањето дека партнерот е извор на нашата љубов

    rnВеруваме дека љубовта ја наоѓаме во другите кога всушност таа се наоѓа во секој од нас. Љубиме онолку колку што сме способни. Способноста да сакаме зависи од нас самите. Верувањето дека партнерот е извор на нашата љубов и дека постои само еден единствен човек кого би можеле вистински да го сакаме е мит. Нашата љубов не е ограничена и не е потрошен материјал. Можеме да сакаме, да престанеме да сакаме, па да се заљубиме во друга личност. Ограничувањата дека може да се сака само еднаш и само еден човек се формирани под влијание на сказните.rnrn

    Мит #2: Љубовта и страста треба да останат непроменети од почетокот на врската

    rnНа љубовта често ѝ се дава епитетот „вечна“, но тоа не значи непроменета. Сите копнееме по љубов и страст која ќе гори низ годините, но зошто би се стремеле таа љубов да остане непроменета? Всушност, ништо во животот не останува исто засекогаш. Напротив, љубовта некогаш е посилна, некогаш послаба, доживува подеми и падови, со други зборови, се развива и созрева. Љубовта се менува со текот на годините, но тоа не значи дека слабее или исчезнува.rnrn

    Мит #3: Љубовната врска е главен извор на среќа

    rnИсто како љубовта, така и среќата зависи од нас самите. Очекуваме толку многу од нашите партнери, правејќи ги задолжени за нашата благосостојба и дежурни виновници за нашата несреќа. Иако вашиот партнер треба да се грижи да бидете исполнети и среќни, вистината е дека најголемиот дел зависи од вас самите. Вашата среќа зависи од тоа колку вие сте способни да ги срушите бариерите, да се ослободите себеси и да бидете тоа што навистина сте. Колку и да е прекрасна личноста со која сте во врска и колку и да се грижи за вас, вие нема да бидете среќни доколку, како прво и основно, самите не се потрудите.rn

  • Основни правила за љубовните врски

    Основни правила за љубовните врски

    Сите ние, повеќе или помалку имаме потреба од интимност и љубов. Сакаме во нашиот живот да имаме една посебна личност покрај која ќе бидеме онакви какви што сме, без маски, целосно искрени и отворени. Личност на која ќе можеме да се потпреме во секое време. Но, и покрај тоа што секоја љубовна врска е уникатна бидејќи сите ние имаме различни желби и потреби, сепак постојат некои правила кои се универзални и важат подеднакво за сите – без исклучоци.rnrnОсновни правила на љубовните врскиrnrnПогледнете ја нареднава кратка листа на најосновните „правила“ на љубовните врски и размислете дали сте на вистинско место во вистинско време или пак можеби треба конечно да смените нешто што веќе не функционира како што би требало:rn

      rn011

    • Љубовта трае сè додека љубовната врска е на прво место.
    • rn011

    • Можеби ќе ви биде тешко на почетокот, но со тек на време ќе го почувствувате позитивното од „збогум“.
    • rn011

    • Ако ѝ се допаѓате на некоја личност, тогаш ништо не може да ја сопре да биде со вас. Но, ако тој/таа не е заинтересиран/а за вас, тогаш никој и ништо не може да ги натера да останат покрај вас.
    • rn011

    • Малите нешта се оние кои навистина вредат.
    • rn011

    • Ако веќе сте оставиле некого, не бидете себични и пуштете го целосно.
    • rn011

    • Врската тоне кога има премногу „патници“ вмешани во неа.
    • rn011

    • Никогаш не дозволувајте да ве бакне измамник, ниту пак да ве измами бакнеж.
    • rn011

    • Никогаш не игнорирајте ги вашите пријатели само затоа што моментално сте во врска.
    • rn011

    • Не задоволувајте се со ништо помалку од тоа што го заслужувате.
    • rn011

    • Извинувањето не значи дека признавате дека не сте во право, туку дека ја цените врската повеќе од вашето его.
    • rn011

    • Некој кој вреди да се има, вреди и да се чека.
    • rn011

    • Не оставајте ја вашата доверба кај некој кој ќе ја изгуби.
    • rn011

    • Чувајте го вашето срце за личноста која постојано ќе ве остава без зборови.
    • rn011

    • Некои врски завршуваат само поради тоа што откако ќе започнат, се губат оние работи кои постоеле додека траело освојувањето.
    • rn011

    • Никогаш не дозволувајте некој да ви биде „резервен план“ или втор избор.
    • rn011

    • Не грижете се за познавањето на многу луѓе, погрижете се вие да бидете вредни за познавање.
    • rn011

    • Не правете некој да „падне“ на вас, ако не планирате потоа да го „фатите.“
    • rn011

    • Прво сакајте се себеси, а потоа другите.
    • rn011

    • Кога конечно ќе имате нешто добро покрај вас, уживајте во него. Не барајте нешто друго кое би можело да биде „подобро“.
    • rn011

    • Вторите шанси се многу ретки, затоа мудро искористете ја првата шанса.
    • rn011

    • Не изневерувајте, ако не сте среќни – едноставно одете си.
    • rn011

    • Бидете со некој кој ве сака какви што сте, а не какви што тие сакаат да бидете.
    • rn011

    • Личностите со добри намери само ветуваат, но оние со добар карактер го остваруваат ветеното.
    • rn011

    • Не трошите го своето време барајќи некој со кој би можеле да спиете, барајте некој покрај кој би можеле да се разбудите.
    • rn011

    • Не „паѓајте“ на зборови, „паѓајте“ на дела.
    • rn011

    • Врските бараат подеднаков труд од двете страни.
    • rn011

    • Понекогаш е подобро да си одите отколку постојано да бидете единствените кои сакаат да ги поправат работите.
    • rn

  • Астрологијата и вашиот одмор од соништата

    Астрологијата и вашиот одмор од соништата

    Сите сакаме и имаме потреба од годишен одмор, но немаме сите еднаква желбa и идеа како тој треба да изгледа. Погледнете каков одмор посакуваат хороскопските знаци според своите потреби и во согласност со нивниот карактер.rnrnАстрологијата и вашиот одмор од соништатаrn

    Овен

    rnОвните водат исклучително бурен живот и се преокупирани со авантура, акција, страст и со самите себе. Обожуваат да истражуваат нови места и тоа го прават со голема брзина. Тие би сакале со најбрзото превозно средство да стигнат до својата омилена дестинација, па затоа вообичаено одбираат авионски превоз. Авантуристички патувања кои вклучуваат рафтинг, скокање банџи, јавање или поточно сè она што го пумпа нивниот адреналин, се нивните омилени активности и за нив се спремни да отпатуваат каде било. Тие никогаш немаат време за ништо, но сепак патуваат многу повеќе од другите. Овните имаат неверојатна количина на енергија и поради тоа не можат да останат на едно место подолго време.rn

    Бик

    rnБиковите цврсто стојат на земја и сакаат сè што е опипливо и постојано. Поради влијанието на земјениот елемент своите искуства на патувањата најчесто ги доживуваат преку телото, а бидејќи Венера владее со овој знак, честопати своите задоволства ги изразуваат преку јадење и пиење или преку некој вид уметност. Главен приоритет на патувањата им е добар и удобен живот. Кај нив сè мора да биде испланирано однапред и тоа од времето кога се поаѓа на годишен одмор, превозното средство со кое се патува, купување карти за превоз, до резервација на хотелот. Во принцип се големи хедонисти, па затоа патуваат на проверени дестинации кои можат да им пружат максимален комфор. Биковите на летување се чувствуваат безбедно, единствено во позната животна средина.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците обожуваат да патуваат со својот партнер, пријателите или роднините со кои можат да уживаат во комуникација и размена на искуства. Поради влијанието на нивната планета Меркур, тие сакаат постојана интеракција и умствена стимулација со околината. На близнаците може да им биде досадно на едно место, па затоа не е добро да користат туристички аранжмани. Близнаците на годишниот одмор ќе бидат неразделни од своите мобилни телефони, ќе понесат некоја книга или списание, а во зависност од расположението можат да го продолжат или скратат престојот на одредена дестинација. Тие се однесуваат како да имаат внатрешен радар со кој константно ја набљудуваат својата околина и со телефонот во рака репортерски ги пренесуваат своите искуства на другите или пак следат интересни туристички објави.rn

    Рак

    rnРаковите се секогаш среќни кога се наоѓаат во близина на вода. Тие обожуваат да пливаат, да пловат со брод или да престојуваат на некој пловен објект. За нив водата е исклучителна атракција и предизвик. Тие немаат авантуристички ниту хазардерски дух, па затоа обично од година во година ги посетуваат истите дестинации и тоа скоро во истиот период. Доколку пак се одлучат за промена, многу внимателно го бираат и друштвото и новата дестинација. Вродената фантазија на овој знак буди разни стравови од имагинарни несреќи, кои можат да му се случат кога ќе го напушти родното место. Поради тоа честопати со себе ќе понесат некој омилен предмет од својот дом, за да се чувствуваат во непознатата средина како да се дома.rn

    Лав

    rnВо согласност со името и особините на животното кое го носи нивниот астролошки знак, неговото величество лавот сака одмор во кралски стил. Тие никако не сакаат да се заморуваат кога се на годишен одмор, па затоа избегнуваат планинарење. Наместо тоа, уживаат да бидат опкружени со добра послуга во отмен хотел, обавезно користејќи ги сите негови услуги како што се масажа на телото, фризер, педикир или маникир. Тие сакаат да го покажат својот престиж и длабочината на својот џеб, па затоа претставниците на овој знак најчесто ќе ги најдете во хотел со пет ѕвезди или на некое луксузно крстарење. Се разбира, одмор на егзотични дестинации претставува природен избор за нив.rn

    Девица

    rnДевиците се во суштина војнички тип, така што пред да тргнат на одмор треба да го пронајдат одамна составениот список на работите кои треба да се направат и спакуваат пред да се тргне на пат. На тој список задолжително се наоѓа и попис на сите интересни места кои треба да се видат на таа дестинација. Покрај сето тоа, додека се пакуваат во потсвеста размислуваат како во тој период да не си го губат времето и своите драгоцени пари. Покрај сите неопходни работи кои девицата ги носи на пат, таа задолжително носи и подвижна аптека (не дај боже, можеби некому ќе му треба). Претставниците на овој знак никако не сакаат да се спремаат набрзина, ниту пак сакаат некој да ги повика во последен момент.rn

    Вага

    rnЗа вагите годишниот одмор мора да биде со стил и елеганција. Тие се создадени за патувања кои зрачат со вистински гламур и луксуз, но никогаш нема да ги најдете на заморни и долги дестинации, бидејќи нивните патувања мора да бидат кратки и удобни. Вагите сакаат добро и хармонично да изгледаат, па затоа секогаш ќе пронајдат модерен багаж кој добро ќе им прилега со елегантната облека. Бидејќи се навикнати да патуваат, нивниот багаж и гардероба се секогаш спремни за некое отмено летувалиште. Како деца на Венера, нив ги привлекуваат дестинации на кои можат да го спојат убавото со корисното, а особено ги привлекуваат гламурозни фестивали, модни ревии или саеми за езотерична терапија со исцелувачки дејства.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите сакаат годишниот одмор да го поминат на оние егзотични места на кои обично другите не смеат ни да стапнат. Посета на пирамидите во Египет или кинескиот ѕид за нив се премногу вообичаени и досадни, а вообичаените туристички аранжмани не се ни од далеку нивна идеа за одмор. Тие обожуваат предизвици и опасности, па поради тоа добро се снаоѓаат во било кој вид на екстремни спортови кои го подигнуваат нивото на нивниот адреналин. Можат да престојуваат во секакви климатски услови, па колку се поекстремни нивното задоволство е поголемо. Сакаат да патуваат инкогнито, а благодарение на нивната контролирана природа, вообичаено тоа и им успева.rn

    Стрелец

    rnСтрелците се родени светски патници кои сакаат да ги запознаат сите места што се обележани во престижните туристички каталози. Ако ги повикате со вас на пат, тие ќе се израдуваат како мали деца, веднаш ќе се спакуваат и ќе бидат спремни да тргнат на пат, па макар тоа да е и на крајот на светот. Тие сè ќе сторат за да видат и запознаат нешто ново и возбудливо. Стрелците ни случајно не сакат мирен годишен одмор далеку од бучава, на лежалка и со книга во рака. Нивната основна идеа за одмор е да отидат некаде што подалеку, каде што ќе можат бескрајно да се забавуваат и веселат. Не носат многу багаж, туку некој практичен ранец, капа или шешир, патики, наочари за сонце и многу, многу пари за сите оние бутици, барови и дискотеки кои сакаат да ги посетат.rn

    Јарец

    rnИ покрај тоа што јарците сакаат удобен и луксузен годишен одмор, тие исто така ги сакаат и своите пари. Тие вообичаено преферираат безбедни и комфорни патувања кои се внимателно испланирани до најпрецизни детали. Кога го одбираат своето омилено место, тие бараат сигурност и гаранција за сместување и храна, бидејќи одморот го сметаат за заслуга, а не за потреба. Дури и на годишен одмор вниманието на јарецот ќе биде насочено кон активности и сознанија за културата и историјата на дадената дестинација. Тие не сакаат гужви, панаѓури и шопинг центри, но со задоволство ќе посетат музеи, галерии и антикварници. На претставниците на овој знак им е особено важно да биде сè според планот, да се чувствуваат удобно и сигурно и притоа да дознаат нешто ново и практично.rn

    Водолија

    rnВодолиите не се добри во планирање, така што генерално нивните годишни одмори не се однапред испланирани. Тие се секогаш задоволни со можноста и слободата на избор, без разлика дали станува збор за изборот на дестинација или за времето на поаѓање на одмор. Сакаат да патуваат онаму каде што ќе можат да запознаат нов пријател и добро ќе се забавуваат. Седење во природа, медитирање и барање внатрешен мир, е нивна идеја за вечно блаженство. Пронаоѓање идеален партнер и сопатник за ваков вид одмор може да биде голем проблем, па поради тоа најчесто патуваат сами. Водолиите го одбираат друштвото и дестинацијата во зависност од моментното расположение и внатрешните преокупации.rn

    Риби

    rnКога е годишниот одмор во прашање, за рибите важи правилото дека нема правила освен едно, а тоа е дека нивното патување мора да биде удобно и романтично. Тие и без тоа никогаш не го живеат реално својот живот, туку се некаде далеку, можеби во некоја романтична бајка. Рибите се пакуваат интуитивно и хаотично, бидејќи им е важно само да ги исполнат своите романтични и емотивни соништа. Како деца на Нептун, тие сакаат вода и море, па затоа веднаш сè би дале за некоја приморска дестинација. Бидејќи секогаш се спремни на бесконечно прилагодување и жртви, тие честопати одат на одмор со својот близок пријател, кого неодамна го напуштила саканата личност.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нашата омилена боја зборува за нашите потреби

    Нашата омилена боја зборува за нашите потреби

    Автор: Алисија КолевскаrnrnБојата која најмногу ја сакаме зборува за нашите најдлабоки, а често и несвесни потреби.rnrnНашата омилена боја зборува за нашите потребиrnrnЦрвена – Вашата потреба е да постигнете физичко исполнување и искусување на животот низ петте сетила.rnrnПортокалова – Вие имате потреба да бидете во друштво на луѓе, да се социјализирате со нив и да бидете прифатени и почитувани како дел од групата. Исто така имате потреба од постојани предизвици во вашиот живот, било тоа да се физички или социјални.rnrnЖолта – Имате потреба од логички ред во секојдневниот живот. Сакате да ја изразувате својата индивидуалност со користење на логиката, да давате нови идеи и да ги инспирирате другите.rnrnЗелена – Вие имате потреба да сакате и да бидете сакани и да се чувствувате безбедно. Ви треба одобрување и благодарност од другите за секојдневните работи што ги правите за нив.rnrnСина – Вие сте во потрага по внатрешен мир, како и по вистината. Сакате да го живеете својот живот во согласност со вашите идеали и верувања, без да ја менувате вашата нефлексибилнa гледна точка на животот со цел да ги задоволите другите.rnrnИндиго – Вашата најдлабока потреба е да се чувствувате поврзани и во хармонија со универзумот и да бидете прифатени од другите како свесно и интуитивно духовно битие.rnrnВиолетова – Имате потреба од емоционална сигурност и создавање на ред и совршенство во сите области на вашиот живот, вклучувајќи го и духовниот. Исто така имате длабока потреба да иницирате и да учествувате во хуманитарни проекти и да им помагате на другите во неволја.rnrnРозова – Вашата најдлабока потреба е да бидете прифатени и сакани безусловно.rnrnrnТиркизна – Вашата потреба е да создадете емоционална рамнотежа во вашиот живот, да можете да ги изразите своите надежи и соништа, без разлика колку се идеалистички и да успеете во животот на свој начин, според сопствените услови.rnrnМагента – Вие не сте конформист и гледате на животот од поинаква гледна точка.rnrnКафеава – Вашата најдлабока потреба е за сигурно, безбедно, едноставно и удобно постоење со поддршка на семејството и пријателите.rnrnЦрна – Вашата потреба е да имате моќ и контрола со цел да ја заштитите вашата емоционална несигурност.rnrnБела – Вашите потреба е да се создаде едноставност во вашиот живот и да се бидете независни и самобитни, така што нема да зависите од некој друг.rnrnСива – Вие сте мирни, сталожени и имате тенденција да се прилагодувате на другите само за да го зачувате мирот.rnrnrnСребрена – Вие сте инспиративни и проникливи и имате потреба од духовно исполнување во вашиот живот.rnrnЗлатна – Зрачите со харизма и индивидуалност. Оставате печат. Сакате луѓето околу вас да се чувствуваат опутено и вредно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Време резервирано за вас

    Време резервирано за вас

    За момент исклучете се од светот околу вас, стопирајте го времето, земете здив и резервирајте си момент посветен исклучиво на себеси. Доволно трчавте за да ги исполните вашите обврски за денес, да ги задоволите очекувањата на сите, да им направите услуга на блиските и да ги средите сите работи кои тргнале наопаку. Ова е време резервирано само за вас, за работите кои ви годат и ве опуштаат, време посветено за нештата во кои вие уживате. Еве неколку начини како да си отстапите повеќе време за себе.Време резервирано за васrn

    Не бидете робови на перфекцијата

    rnПостојаните грижи да ги доведеме работите до перфекција, можат да бидат навистина напорни и да ни донесат повеќе стрес и притисок отколку задоволство. Не мора креветот секој ден да ви е совршено наместен, ниту рамките на сликите совршено подредени, зашто еден ден ќе сфатите дека опседнатоста сѐ да доведете до совршенство, ви ги одзела скапоцените мигови за одмор и релаксација. Оставете некои работи да поминат несовршени и уживајте во дополнителните мигови посветени на самите вас.rn

    Мигови за лично задоволство

    rnОставете го вашиот мобилен да мирува, опуштете се со добар третман за лице или поминете повеќе време со најблиските и не дозволувајте да ве гризе совест. Тоа не е изгубено време, напротив, тоа се мигови за лично задоволство.Време резервирано за васrn

    Направете си распоред и почитувајте го

    rnНаправете си мини распоред за работните денови, што и кога правите. Не мора да сте точни до минута, но ако имате определен распоред, функционирањето на вашето тело и ум, ќе го прилагодите на една секојдневна рутина. Тоа е добро бидејќи ќе имате одреден ритам на движење, ќе знаете за што колку време ви треба, па полесно ќе ги избалансирате обврските и паузите во денот.rn

    Километарски разговори по телефон

    rnОва е еден од оние моменти кога ви се јавува здодевната тетка, а вас ви се крева косата од глава. Не трпете непотребно долги телефонски разговори, културно дајте ѝ до знаење дека имате други обврски на кои морате да се посветите.Време резервирано за васrn

    Листа со работи кои ви одземаат најмногу време

    rnНаправете листа со работите кои ви одземаат најмногу време, зошто денешниот ден не може да го вратите назад. Најдете начин како да ги скратите или сосема да ги отфрлите работите кои непотребно ви одземаат време.rn

    Избегнете долги редици и чекање

    rnНе мора да одите во маркет тогаш кога сите пазарат или во банка кога на пензионерите им стигнуваат пензиите, бидејќи така само ќе изгубите драгоцено време и нерви. Бидете ефикасни и планирајте ги работите и ќе бидете изненадени колку лесно можете да ги насочите работите во ваша корист и притоа да заштедите време.rn

    Престанете да го правите она што не морате и не сакате

    rnПоделете ги обврските на делови, не мора сѐ да завршите во еден ден. Така и работата ќе си ја направите поефикасна. Избегнете ги обврските кои не ви се задолжителни, а тогаш кога ви е потребно време за себе, не морате да трчате да му направите услуга некому. Понекогаш не е грев да одбиете нова обврска и едноставно да речете „не“.rn

    Прилагодување на обврските

    rnНе мора цел ден да парадирате низ градот. Сами одредете си ја дневната динамика, складирајќи ги обврските и потребите во определен дел од денот, задолжен за едното или за другото.Време резервирано за васЧесто самите си наметнуваме обврски и правила кои нѐ гушат и ни ја цицаат енергијата. Не заборавајте дека вие управувате со сопствениот живот и со вашето време. Опуштете се со добра книга, но само ако уживате во тоа, во спротивно земете списание или едноставно не правете ништо. Не е страшно ако сте поминале некое време во безделничење – ритамот на животот си го диктирате самите. Пуштете музика, кренете ги нозете во вис, дозволете си чаша вино на пладне, искапете се во добра пенеста купка, разгалете се и опуштете се. Вие може да сте толку успешни, што би можеле со една наредба и планина да поместите, но пак ништо не сте направиле ако немате време со задоволство да уживате во вашето кафе и на раат да си читате Кафе пауза :)rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Месечината низ хороскопските знаци

    Месечината низ хороскопските знаци

    Автор: Тања ИлиевскаrnrnЗнакот во кој се наоѓа месечината при нашето раѓање открива многу за нашите навики, реакции и инстинкти. Тој покажува како ги искажуваме и како се справуваме со нашите емоции и ги открива нашите најдлабоки потреби. Овој знак можеме да го прочитаме од нашата натална карта или за таа цел да се послужиме со онлајн калкулатор. Она што следува не е детално толкување, туку општи карактеристики на месечината во хороскопските знаци.rnrnМесечината низ хороскопските знациrn

    Месечина во овен

    rnМесечината во овен во наталната карта укажува на брзоплето и избрзано донесување одлуки и на инстинктивни реакции. Покрај тоа оваа личност може често да го менува расположението и да биде нетрпелива. Кога месечината е во хармонична позиција, тогаш личноста јасно ги изразува своите желби и потреби, независна е и многу активна, па поради овие способности успева да оствари забележливи резултати во работата и отворен и искрен однос во љубовта. Лошите положби на месечината во овој знак, укажуваат на неосновано упатување негативна критика, слабост и егоистично однесување.rn

    Месечина во бик

    rnМесечината во бик во наталната карта укажува на личност која во емотивна врска се впушта со одредена доза на внимание, па и сомнителност. Оваа личност може бавно да реагира и потешко да остварува подлабок т.е. отворен однос во љубовта, ама кога еднаш се заинтересира за некого станува многу пријатна и достојна за доверба. Во суштина ова е личност која бара стабилност и тежнее кон сигурност во љубовниот однос, но не ги изразува најдобро своите чувства. Во тешките аспекти на месечината, личноста може да биде многу тврдоглава, тешко се прилагодува и не e подготвена на компромис.rn

    Месечина во близнаци

    rnМесечината во близнаци во наталната карта укажува на способност за изразување чувствата на мудар и интелигентен начин. Оваа личност може да биде многу енергична и принципиелна и во емотивната врска се поставува рационално, смирено и умее добро да се прилагодува и да воспоставува контрола над ситуацијата. Кога месечината во оваа положба е лошо поставена, личноста може да биде со непостојана природа и да има променливи чувства со што остава лош впечаток кај другите. При добрите положби на месечината, личноста може да биде многу аналитична, комуникативна и мудра.rn

    Месечина во рак

    rnМесечината во рак во наталната карта често укажува на многу емотивна личност, која многу лесно може да заплаче штом ќе ја совладаат силни емоции. Настаните од минатото можат многу силно да влијаат врз неа во сегашноста и врз нејзините одлуки поврзани со идните настани. За неа е карактеристично силното влијание на мајката во детството, посебно во поглед на сфаќањето на моралните вредности. Поради застапеноста на поголема количина на емоции кои личноста ги внесува во сè што работи, постои опасност таа да не може доволно рационално да ги согледа нештата, особено кога месечината е лошо поставена.rn

    Месечина во лав

    rnМесечината во лав во наталната карта укажува на сензитивна, пријатна и пожртвувана личност, која е полна со живот. Со други зборови ова е личност со јаки и интензивни чувства, која зрачи со позитивна енергија и поседува необична харизма. Поради тоа, прилично е сакана во друштвото, а во љубовта може да биде вистински магнет. Присуството на хармонични аспекти на месечината често укажува на прилично среќна личност, која може да биде многу ефикасна, самоуверена и истрајна. Лошите позиции на месечината можат да укажат на претерана своеглавост, конфузија на чувствата, претерана гордост и чувство на поголема вредност и надмоќност.rn

    Месечина во девица

    rnМесечината во девица во наталната карта често укажува на личност која побргу би ги потиснала своите чувства, отколку да ги искаже. Оваа личност е срамежлива и ненаметлива и често поради тоа може да го одвлече вниманието од себе. Многу внимателно и вредно работи за да постигне добри резултати, а кога постигнува успех не сака претерано да се фали со тоа и громогласно да го искажува своето воодушевување. Таа работи со стил и скромност. Во случај на лоши позиции, личноста може да биде склона кон песимистично размислување и да има проблеми со самодовербата.rn

    Месечина во вага

    rnМесечината во вага во наталната карта често укажува на изразена потреба за љубов која на оваа личност ù е од суштинско значење во животот. Овие личности не се воздржуваат на отворен начин да ги изразат своите чувства. Емоционалните реакции се често добро усогласени со разумот, така што личноста во сите прилики најчесто остава впечаток на некој кој е урамнотежен и емоционално интелигентен. Кај поволните положби на месечината во вага, личноста достигнува несебична смиреност и спокојство, така што полесно успева да дојде до благосостојба и до некои наизглед недостижни цели, токму поради својата разбраност и мудрост. Кај лошите положби на месечината, изразена е опасноста од склоност кон меланхолично однесување, особено доколку постојат проблеми на полето на љубовта.rn

    Месечина во скорпија

    rnМесечината во скорпија во наталната карта укажува на тешко искажување на емоциите. Оваа личност е истовремено и многу страсна и многу ранлива, така што повеќе гледа да ги искажува емоциите на скриен и индиректен начин за да се заштити од евентуално емотивно разочарување. Тврдоглава е, поради што може многупати да работи на своја штета. Кога месечината во оваа положба е лошо аспектирана, оваа личност може потсвесно во љубовните врски да тежнее кон доминација што никако нема да ù се допадне на другата страна. Меѓутоа при присуството на хармонични аспекти, личноста кон работите приоѓа со голема количина на љубов и страст, а во љубовта повеќе е свртена кон остварување на долготрајна врска, отколку кон кратки авантури.rn

    Месечина во стрелец

    rnМесечината во стрелец во наталната карта често укажува на отворен, филозофски и многу позитивно настроен тип личност, независна и оригинална во размислувањето, која исто така го цени и мислењето на другите луѓе. Во љубовта ги изразува своите најдлабоки чувства на по малку резервиран начин. Кога месечината во оваа положба е добро насочена, тоа укажува на личност со изразена самодоверба и способност на сите неволји и проблеми во животот да приоѓа на еден многу рационален и храбар начин. Исто така во овој случај е присутен и огромен оптимизам со чија помош личноста успева да реши и наизглед нерешливи проблеми.rn

    Месечина во јарец

    rnМесечината во јарец во наталната карта укажува на личност која е резервирана и која не сака претерано со зборови да ги искажува своите чувства. Вредна и дисциплинирана, оваа личност има многу озбилен и зрел пристап кон животот, поради што често може да делува позрело во однос на своите врсници. Свесна е за своите квалитети и ограничувања. При присуство на лошите аспекти на месечината во јарец може да се јави песимистички поглед на животот, додека во случај на хармонични аспекти постојат нагласени можности личноста да биде голем авторитет или на добро платена функција на работа.rn

    Месечина во водолија

    rnМесечината во водолија во наталната карта неретко укажува на личност која ја привлекува сè што е невообичаено и несекојдневно. Таа себеси се доживува како доброчинител и како некој кој има потреба да застане на страната на послабите. Дури и како возрасна личност, настроена е кон бунт и сака да направи сè што е во нејзина моќ да ги смени работите т.е. во некоја смисла да ги подобри. Кога месечината е добро поставена, укажува на голема принципиелност и традиционално всадени вредности. Лошо поставената месечина укажува на тоа дека личноста на другите може да им делува ладно и недостапно, најчесто поради тешкото изразување на внатрешните чувства. Причината за ваквото однесување може да се најде во тоа што при присуството на лошите положби може да биде обесхрабрена и без доволно самодоверба.rn

    Месечина во риби

    rnМесечината во риба во наталната карта укажува на многу сензитивна личност, која често се раководи според своите чувства. Поради силното влијание на емоциите, оваа личност може да биде недоволно објективна. Врз нејзиното расположение влијае околината, така што врз неa можат да се пренесат негативните и позитивните чувства од другите луѓе.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Три прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од Бугати

    Три прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од Бугати

    Луѓето кои можат да се пофалат дека во својата гаража поседуваат „Bugatti Veyron Grand Sport“ се навистина големи среќници. Тоа е така од проста причина што компанијата дозволува купувачите максимално да си го персонализираат возилото, па така секое од нив е уникатно на свој начин. За да ја промовира оваа поволност на големото авто шоу во Дубаи, компанијата „Бугати“ претстави 3 прекрасни можни концепти од овој модел. Сите три верзии се направени со цел на клиентите да им се прикажат можностите на компанијата и да им се излезе во пресрет на нивните побарувања и желби.Три прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиТри прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиТри прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиПрвата верзија е можеби најинтересната, благодарение на жолтата шасија со црни елементи изработени од карбонски влакна. Истите бои се искористени и во внатрешноста, бидејќи тие биле омилените на основачот Еторе Бугати. Ентериерот е изработен од кожа и од карбонски влакна. Цената на автомобилот изнесува 1,53 милиони евра (2,15 милиони американски долари).Три прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиТри прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиТри прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиВтората верзија е направена од сини карбонски влакна и алуминиум. Ентериерот е изработен од кожа во портокалова и индиго боја, како и со елементи изработени од темно сини карбонски влакна. Цената на овој модел изнесува 1,74 милиони евра (2,37 милиони американски долари).Три прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиТри прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиТри прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиТретата верзија е изработена од зелени карбонски влакна и полиран алуминиум. Истите бои се употребени за изработка на ентериерот. Цената на овој модел изнесува 1,74 милиони евра.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.