КАФЕ ПАУЗА

Tag: потење

  • Како да бидете во форма без да се испотите?

    Како да бидете во форма без да се испотите?

    Сакате да бидете во форма, но сето тоа потење и вежбање не е забавно. Сепак, постојат неколку начини што ќе ви помогнат да бидете во форма без да се потите премногу.rnrnКако да бидете во форма без да се испотите?rn

    Вежбајте три минути

    rnВежбајте три минути – скокајте на јаже, трчајте во место, трчајте околу куќата, зградата или поштенското сандаче или нагоре по скалите. Забрзајте го отчукувањето на срцето така што ќе вежбате 30 секунди, 4-6 пати по ред во 3 минути. Правете го тоа неколку пати на ден и ќе имате одлична кардио кондиција.rn

    Следете го бројот на чекори

    rnВашата цел е 10.000 чекори на ден, а се пресметува сè, дури и одењето до кујната или до тоалетот. Користете ги скалите наместо лифтот, пешачете секогаш кога е можно тоа и не заборавајте дека секој чекор се брои.rn

    Најдете пријател

    rnНе е важно дали станува збор за човек или куче. Ако имате пријател за прошетка, тоа ќе ве мотивира да излезете надвор. Фокусирајте се на пешачењето, не за разговорот.rn

    Направете распоред

    rnАко вежбањето го ставите во распоредот, нема да го заборавите. Ако не сакате да вежбате пред да одите на работа, нема да го сторите тоа, па затоа одберете време кога ќе сакате да вежбате. Ако не сте направиле 10.000 чекори, направете уште неколку круга во соседството пред да се вратите дома.rn

    Вежбање на бирото

    rnСите знаеме дека е можно да се движите и да вежбате кога работите. Станете додека разговарате на телефон и правете прошетка на секој час. Не само што ќе се чувствувате подобро ментално, туку и физички. Можете дури и да направите аеробик на столот. Ова можете да го правите и дома, а никој нема да се запраша што правите.rn

    Размислувајте поинаку

    rnНаместо да излезете на вечера или во кино со партнерот, одете во теретана, запишете се на курс по танцување и шетајте. Можете да најдете и некоја бесплатна активност. Од друга страна, вежбањето заедно може да ја зајакне вашата врска.rn

    Поставете цел

    rnБидете реални кога ги поставувате своите цели. Нема да изгубите 10 килограми за еден месец. Бидете реални и наградете се, но не со храна. Вие се познавате себеси најдобро и знаете со што можете да се наградите.rn

    Хранете се здраво

    rnИсфрлете ги белото брашно, шеќерот и преработената храна. Исто така, важно е да престанете да јадете брза храна и пијалаци што содржат шеќер. Овој вид храна нема да ви помогне да бидете витки, туку е далеку од здравиот начин на живот. Ќе се чувствувате подобро, поздраво и ќе ги намалите килограмите. Освен тоа, ќе имате и повеќе енергија.rn

    Направете нешто

    rnАко живеете седечки начин на живот, самото станување и движење ќе направи голема разлика кога станува збор за вашата кондиција. Не е важно што правите, најважно е да се движите. Малите чекори се собираат и немојте да се споредувате со другите.rnrnПогледнете кои се најчестите грешки што ги правите кога тренирате дома.

  • Како да го намалите прекумерното потење на природен начин?

    Како да го намалите прекумерното потење на природен начин?

    Дебелина. Акни. Првут. Настинка. Сите овие вообичаени проблеми имаат нешто заедничко – тие се видливи и срамни. Но, што е уште посрамно од ова? Неочекуваниот одговор е дамки од пот на облеката. Иако сите не се согласуваат дека прекумерното потење е најлошото нешто од горенаведените работи, многу луѓе кои го искусиле ова, знаат колку може да биде вознемирувачко чувството.rnrnКако да го намалете прекумерното потење на природен начин?rnrnНутриционистот Рик Хеј открива дека прекумерното потење настанато од високите температури или стрес, можете да го намалите со употреба на природни лекови.rnrnТој советува да се консумира витамин Б, бидејќи тој го намалува стресот кој предизвикува зголемено потење, но исто така препорачува и да се намали консумирањето алкохол и кофеин. Покрај овие работи, Хеј препорачува да се консумира лесна храна и овошје, како грозје и лубеница, кои организмот може побрзо да ги свари.rn

    „Витаминот Б ги регулира хормоните и го држи нивото на стрес под контрола. Често, кога се потиме, стануваме нервозни поради дамките од пот кои се создаваат на облеката. Тогаш уште повеќе се зголемува температурата на нашето тело, па стануваме анксиозни и сме изложени на стрес. Сето ова води до прекумерно потење“, вели Хеј.

    rnВитаминот Б има клучна улога, бидејќи ги поврзува ендокриниот и нервниот систем, кои имаат важна улога во реакциите на стрес. Кога сме под стрес, овој хормон работи интензивно. Неколку студии покажале дека витамините Б6, Б9 и Б12 помагаат во регулирање на стрес.rnrnМагнезиумот исто така е „борец“ против прекумерното потење, бидејќи доколку немаме доволно магнезиум и калциум, тогаш нервите губат контрола врз отворањето и затворањето на порите од кои произлегува потта. Магнезиумот помага да се навикне организмот на секојдневниот стрес.rn

    „Кога се потиме, губиме многу магнезиум од телото. Тоа води до зголемено потење, па затоа потребно е да се надополни. Јадете зелен зеленчук, ореви и семки за да ја обновите залихата со магнезиум, а јајцата на око и пивскиот квасец за витаминот Б. Тие се добри за вашиот нервен систем и помагаат да се регулира потењето“, додава тој.

    rnХеј жените во менопауза ги советува да го користат растението шисандра, кое го регулира ноќното потење.rn

    „Јадете овошје и зеленчук за ужина. Уживајте во лубеницата, грозјето, дињата, но и во краставицата, целерот и ротквиците“, препорачува Хеј.

    rnИсто така, не ја потценувајте моќта на жалфијата, која го решава овој проблем со години наназад. Таа е природен извор на флавоноиди и полифеноли, што ја прават големо антиоксидантно и антибактериско средство.rnrnДознајте повеќе и што всушност можат да значат вашите проблеми со потењето?

  • Зошто некои луѓе се потат повеќе, а некои помалку?

    Зошто некои луѓе се потат повеќе, а некои помалку?

    Потењето е природен процес, но знае да предизвика непријатност ако е претерано. За време на летните денови нормално е повеќе да се потиме отколку во постудените месеци. Но некои луѓе се потат повеќе, а некои помалку. Во продолжение дознајте на што се должи тоа.rnrnrnrnПросечна личност испушта помеѓу 0,8 и 1,4 литри пот во текот на едночасовен интензивен тренинг. Но, како што некои луѓе можат да трчаат побрзо, некои се потат многу повеќе од останатите.rnrnВрз количеството на потење влијаат полот, возраста, тежината и емоционалната состојба односно нивото на стрес (последното влијае и на мирисот на потта). Колку е некој постар, потежок и повеќе под стрес, толку повеќе ќе се поти. Мажите повеќе се потат од жените бидејќи нивните потни жлезди мораат посилно да работат за да ги разладуваат.rnrnАко посебно се потите на одредени делови од телото – на пример на главата, па вашата коса е мокра после умерен тренинг, причина за тоа повторно се жлездите бидејќи на некои луѓе им работат поинтензивно на одредени делови од телото.rn

    Постојат два вида потење – терморегулаторно и емоционално

    rnЕмоционалното е одговор на стресните состојби. Стресот го активира хипоталамусот кој е своевиден регулатор на температурата на телото. Кога сте под стрес хипоталамусот испраќа невротрансмитерски сигнали до жлездите што ја создаваат потта.rnrnНекои луѓе повеќе се потат поради хиперхидроза (прекумерно потење) – состојба во која потните жлезди претерано се активни. Прекумерното потење станува очигледно во адолесценцијата.rnrnСепак потењето е неопходно за нашето тело да спречи прегорување, но доколку претерано се потите треба да ја проверите здравствената состојба. Болестите како дијабетесот и проблемите со тироидната жлезда можат да предизвикуваат претерано потење. Исто така причина може да бидат и антидепресиви, лекови за мигрена и останати лекови против болка.rnrnДознајте и што можат да значат вашите проблеми со потењето.

  • Што всушност можат да значат вашите проблеми со потењето?

    Што всушност можат да значат вашите проблеми со потењето?

    Потењето е нормална реакција на организмот на топлина – го лади телото и ги исфрла токсините. Но, претераното потење може да направи да се чувствувате неудобно, како и да биде знак за некој поголем проблем. Погледнете ги 8-те здравствени проблеми кои можат да предизвикаат претерано потење.rnrnШто всушност можат да значат вашите проблеми со потењето?rn

    1. Стрес

    rnПретераното потење може да биде предизвикано од стрес. Стресот и анксиозноста не само што имаат негативно влијание на телото, туку се манифестираат преку потењето. Овој вид потење има изразен и непријатен мирис бидејќи содржи масти и протеини измешани со бактерии од кожата.rn

    2. Проблем со тироидната жлезда

    rnХипертироидизмот е нарушување каде што тироидната жлезда станува „хиперактивна“ и почнува да произведува премногу хормони. Кога се случува ова, сите процеси во телото се забрзуваат, а можно е да се чувствувате и нервозно и анксиозно, да ослабите и да се потите повеќе од вообичаено. Во овој случај најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.rn

    3. Ниско ниво на шеќер во крвта

    rnПонекогаш прекумерното потење е предизвикано од хипогликемија, односно ниско ниво на шеќер во крвта. Во овој случај ќе се потите без разлика на температурата во просторијата или надвор. Исто така луѓето со ниско ниво на шеќер може да чувствуваат глад, анксиозност, вртоглавица и да имаат проблеми со видот.rn

    4. Хиперхидроза

    rnПрекумерното потење на само еден дел од телото, како на пример вратот, пазувите или дланките, е познато како хиперхидроза. Најчесто се потат овие делови од телото поради големиот број потни жлезди. Ова нарушување не е опасно, но може да биде непријатно. Понекогаш со хиперхидрозата се појавува и иритација и болка на кожата, како и анксиозност. Доколку забележите прекумерно потење на само еден дел од телото, најдобро посетете го вашиот лекар.rn

    5. Несакани ефекти од лекови

    rnПретераното потење може да биде предизвикано и од некои лекови, како антибиотици, лекови за крвен притисок и психијатриски лекови. Најдобро е да ги прочитате упатствата на сите лекарства што ги пиете.rn

    6. Менопауза

    rnВо овој случај можно е да почувствувате интензивна топлина во градите која се проширува до главата и е придружена со прекумерно потење. Потењето, нарушувањето на менструалниот циклус, главоболките и слично се резултат на менување на нивото на естроген во телото.rn

    7. Треска со непознато потекло

    rnВо овој случај ќе кренете температура од најмалку 38,3 степени Целзиусови, најчесто без некоја одредена причина, а треската ќе трае навистина долго – околу 3 недели. Постојат 4 вида треска со непознато потекло:rn

      rn 011

    • Класична: Се јавува кај здрави луѓе
    • rn 011

    • Нозокомијална: Се јавува како резултат на хоспитализација
    • rn 011

    • Имунолошки-дефицитарна: Се јавува кај луѓе со ослабен имунитет
    • rn 011

    • Треска од ХИВ
    • rn

    rnНајчестите симптоми се висока температура, потење, студ и главоболки. Доколку почувствувате што било од ова, упатете се кај вашиот лекар.rn

    8. Дебелина

    rnДебелината е нарушување карактеризирано со големо количество масти во телото. Генетиката, неактивноста, нездравата исхрана, одредени лекови и недостатокот од сон можат да предизвикаат дебелина, но и многу посериозни здравствени проблеми.rnrnПогледнете и кои се причините за ноќното потење што не треба да ги игнорирате.

  • 8 причини зошто потењето е добро за вас

    8 причини зошто потењето е добро за вас

    Најчесто се потиме кога ни е премногу топло. Со потта се лади телото и се намалува зголемената температура. Многу луѓе се потат кога се нервозни бидејќи емоциите како стрес и возбуда влијаат на потните жлезди. Сепак, тоа понекогаш може да биде и засрамувачко. Со затоплувањето на времето, сигурно почесто се грижите за дамките од пот на вашата облека. Но, потењето е добро за вас, а во продолжение погледнете зошто.rn

    1. Потењето го одржува здравјето на црниот дроб

    rn8 причини зошто потењето е добро за васrnrnАко сте претерале со пиење викендов, одете во теретана и добро испотете се. Потењето му помага на црниот дроб да го ослободи вашето тело од токсини. Експертите препорачуваат редовни кардио вежби за одржување на здравјето на црниот дроб.rn

    2. Потењето ве одржува живи

    rn8 причини зошто потењето е добро за васrnrnКако што спомнавме, најчесто се потиме кога ни е топло. Човечкото тело е отпорно на многу нешта, но и тоа си има „точка на вриење“. Па, потењето го спречува тоа.rn

    3. Потењето штити од инфекции

    rn8 причини зошто потењето е добро за васrnrnЗнаевте ли дека 70% од бактериите кои предизвикуваат болести, како ешерихија коли, се наоѓаат во теретаната? Но, човечката пот содржи природен антибиотик кој му помага на телото да се одбрани од овие бактерии.rn

    4. Потењето ја хидратизира кожата

    rn8 причини зошто потењето е добро за васrnrnПостои недоразбирање дека потењето предизвикува акни. Се разбира, ако не го чистите лицето, големи се шансите тоа навистина да ви се случи. Но, потта ги отстранува нечистотиите од кожата и ја навлажнува. Добрите масла во вашата пот се задржуваат и по туширањето, па на некој начин се природен навлажнувач.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Девојки, дали знаевте дека ова е причината за зголеменото потење?

    Девојки, дали знаевте дека ова е причината за зголеменото потење?

    Предменструалниот синдром (ПМС) е збир на симптоми во облик на психички и физички тешкотии кои најчесто се јавуваат 7 дена пред менструацијата и исчезнуваат неколку часа пред почетокот на менструалното крвавење. Повеќе од 70% од жените патат од ПМС, а се смета дека една од главните причини е стресот.rnrnrnrnРаздразливоста, зголемениот апетит, заморот од една страна и хиперактивноста од друга и сувоста на вагиналната област пред самата менструација се некои од најчестите симптоми на ПМС. Но, пости една телесна појава која многубројни жени ја доживуваат пред менструацијата, а не знаат дека е симптом на ПМС. Станува збор за зголеменото потење.rn

    „До зголемено потење доаѓа заради опаѓање на хормоните во текот на ПМС-от. Зголеменото потење најчесто се јавува 2-3 дена пред почетокот на менструацијата. Жените кои се во 40-тите дури може да почувствуваат симптоми слични како менопаузата, како што се налетите на жештина“, објаснува гинекологот д-р Силва Бабиќ.

    rn2-golema-neprijatnost-devojki-dali-znaevte-deka-ova-e-prichinata-za-zgolemenoto-potenje-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку ве мачи зголеменото потење за време на ПМС, обидете се да избегнувате одредени производи како што се чоколадото, кафето, силните чаеви и мрсната храна, особено кога станува збор за сирење.rn

    „За ублажување на симптомите на ПМС добро е да консумирате мака во прав, бидејќи ги урамнотежува хормоните и ја поттикнува енергијата, поточно ги поттикнува циркулацијата и производството на естроген. Подобро ќе се чувствувате доколку се занимавате со некоја умерена физичка активност и ако поминувате време на чист воздух“, советува гинекологот д-р Силва Бабиќ.

    rnНо, доколку потењето е постојана појава и нема врска со ПМС, тогаш погледнете кои пораки ви ги испраќа вашето тело преку зголеменото потење.

  • 6 пораки што вашето тело ви ги испраќа преку зголеменото потење

    6 пораки што вашето тело ви ги испраќа преку зголеменото потење

    Честопати ве облева пот, без разлика на тоа кое годишно време е и колку е температурата надвор? Можеби е време да го послушате вашето тело и да сфатите што сака да ви порача со зголеменото потење.rnrn1-6-poraki-koi-vi-gi-isprakja-vasheto-telo-so-zgolemenoto-potenje-www.kafepauza.mk_rn

    1. Под стрес сте

    rnПо мирисот на потта лесно можете да препознаете дали сте под стрес. Кога ни е топло, се активираат екрините жлезди што се лоцирани низ целото тело и произведуваат пот која најчесто се состои од вода и сол, без изразен мирис. Кога сте под стрес, потта ја произведуваат апокрините жлезди кои се наоѓаат само на одредени делови во телото, односно под пазувите. Таа пот се состои од маснотии и протеини кои се мешаат со бактериите на нашата кожа и така се создава непријатен мирис.rn

    2. Ширите позитива или страв

    rnИстражувањата покажале дека луѓето во вашата близина може да препознаат што чувствувате по мирисот на вашата пот. Во еден експеримент 36 жени морале да помирисаат 12 машки примероци на пот кои пред тоа имале за задача да изгледаат филмови кои ќе ги насмеат или ќе ги преплашат. Кога жените ја помирисале потта на преплашените мажи, мирисот им предизвикал слична реакција на страв и гадење. Кога ја помирисале потта на среќните мажи, тој мирис во нив предизвикал блага реакција и насмевки.rn

    3. Ви се заканува опасност од топлотен удар

    rnВи се случило ли некогаш во текот на топлото лето да почувствувате дека повеќе не се потите и започнува да ви се врти? Тоа што сте го доживеале се нарекува анхидроза, состојба во која не можеме нормално да се потиме поради што нашето тело не може да се „олади“. Ако во тој момент веднаш не го хидратизирате вашето тело со вода, ви се заканува опасност од топлински удар. Застанете под сенка или благо климатизирана просторија и испијте чаша вода. Никако немојте да пиете алкохолни пијалаци или напивки со кофеин, бидејќи тие предизвикуваат дехидрација.rnrn2-6-poraki-koi-vi-gi-isprakja-vasheto-telo-so-zgolemenoto-potenje-www.kafepauza.mk_rn

    4. Ви паднал шеќерот во крвта

    rnЗголеменото потење е еден од симптомите за нагло паѓање на шеќерот во крвта. Овој проблем лесно ќе го решите со консумирање чоколадо или некоја друга слатка која ќе ви се најде при рака.rn

    5. Бремени сте или влегувате во менопауза

    rnАко постои можност да сте бремени или сте пред менопауза, тогаш обрнете внимание на потењето. Сите процеси во телото кои влијаат на ендокринот систем може да предизвикаат зголемено потење. Токму тоа им се случува на поголемиот дел од жените кои влегуваат во менопауза и се борат со топлотните бранови. Слична работа се случува и на почетокот од бременоста. Тогаш хормоналните промени предизвикуваат промена во „термостатот“ во мозокот, заради кој топлината можете да ја почувствувате дури и во доста климатизирана просторија и да започнете да се потите.rn

    6. Имате хипердриоза

    rnАко не можете да ја пронајдете причината за вашето зголемено потење, посетете го вашиот доктор, бидејќи има можност да имате хипердриоза. Тоа е состојба на прекумерно и неконтролирано потење кое ги преминува нормалните потреби на терморегулација на телото. Луѓето кои имаат хипердриоза се потат во моментите кога нема потреба, на пример кога седат во потполно мирна и ладна просторија. Нивното потење е прекумерно до ниво каде што во таквата ситуација потта ќе им се цеди од дланките.

  • Зошто во зима треба почесто да се бањате во када?

    Зошто во зима треба почесто да се бањате во када?

    Ја поминуваме целата зима обидувајќи се да ги избегнеме настинката и грипот. Ги миеме рацете на секои 10 минути, пиеме многу вода, топло се облекуваме… Но, единствената работа која ја занемаруваме во зима, а никако не би смееле е потењето!rnrn1-zoshto-vo-zima-treba-pochesto-da-se-banjate-vo-kada-www.kafepauza.mk_rnrnДа, со потењето природно ги исфрламе токсините од телото како што се солите, амонијакот, минералите и металите, а со оглед на тоа дека во лето оваа појава е многу почеста отколку во зима, токму поради тоа сме и поздрави. Освен ако неколкупати неделно не се потите добро во теретана, големи се шансите дека во зима не се потите доволно, поради што сте подложни на настинка и грип.rnrnНе грижете се, ние имаме едноставно решение за овој голем проблем – врели купки! Така вашето тело многу повеќе ќе се поти кога надвор е ладно. Практично, идејата е со лесно потење, односно со опуштена купка да го замените потењето кое инаку природно би се случило во лето. Сауната и парната бања, исто така може да бидат добар избор, но доколку имате сува кожа ќе треба да ставите многу масло на кожата.rnrnЗатоа слободно запалете свеќи, наполнете ја кадата и уживајте во наједноставното потење досега!

  • 10 работи кои ќе ви помогнат да го спречите потењето во текот на денот

    10 работи кои ќе ви помогнат да го спречите потењето во текот на денот

    Доколку сакате да најдете начин кој ќе ви помогне да го намалите потењето во текот на денот, решението можеби лежи во вашите утрински ритуали. Вашето тело има свој природен ритам и има големо влијание на вашата внатрешна температура. Од рано наутро кога ќе се разбудите, до доцна напладне, вашата телесна температура се зголемува. Тие неколку дополнителни степени ви помагаат да останете будни, но исто така предизвикуваат зголемено лачење на потните жлезди.rnrn10 работи кои ќе ви помогнат да го спречите потењето во текот на денотrnrnВажно е да сфатите дека потењето е природна појава која му помага на телото да се олади и ослободи од штетните материи, така што не треба да го спречувате на неприродни и синтетички начини. Нивото на стрес, исхраната, материјалот на облеката и хигиенските навики имаат големо влијание на тоа колку се потите и сите овие работи можат да бидат променети за време на вашите утрински ритуали, кои ќе ви помогнат да се чувствувате свежо и суво во текот на целиот ден.rn

    1. Наместо антипреспиранти, користете пробиотици

    rnАнтипреспирантите содржат алуминиум кои ги блокираат потните жлезди. Не само што ова е многу штетно, туку и вашето тело може да стане имуно на нив и да почне да произведува сѐ повеќе и повеќе пот. Барајте дезодоранси кои содржат само природни состојки и пробиотици кои се здрави бактерии. Тие кога ќе дојдат во допир со кожата ја држат под контрола бактеријата која предизвикува пот и непријатен мирис.rn

    2. Користете природен спреј за тело со лимон

    rnМаслото од лимон е многу корисно средство против зголемено потење, бидејќи киселината ги отстранува бактериите и остава свеж мирис. Можете да го приготвите и сами, а безбедно е да го прскате насекаде на вашето тело и во вашето опкружување, бидејќи има здрав и пријатен мирис.rn

    3. Носете облека од природни материјали

    rnПриродните материјали се многу подобри кога станува збор за потењето бидејќи дозволуваат евапорација (испарување), додека, пак, синтетичките ја задржуваат влагата и непријатниот мирис. Обидете се да носите облека од памук, лен или свила, барем во деновите со особено висока температура.rn

    4. Пијте многу вода

    rnТреба да бидете добро хидрирани, за телесната температура да биде секогаш урамнотежена, што значи и дека ќе се потите помалку во текот на денот. Важно е да се ослободувате од токсичните и штетните материи од вашето тело, а благодарение на внесувањето доволно течности, вашата пот ќе почне помалку да мириса со текот на времето. Испијте пола литар вода веднаш штом се разбудите и ќе забележите значително подобрување во работата на вашиот мозок и метаболизам.rn

    5. Прескокнете го кафето и испијте билен чај

    rnКофеинот ја зголемува телесната температура и ги активира потните жлезди, така што добро е кафето да го замените со билен чај за да се чувствувате свежо и пријатно. Кој било чај од билки што содржи многу витамини е одличен избор за да го започнете денот.rnrn10 работи кои ќе ви помогнат да го спречите потењето во текот на денотrn

    6. Секогаш бидете депилирани за помалку да се потите

    rnВлакненцата на телото ја задржуваат потта. Редовното депилирање ќе ви помогне да се чувствувате посуво и посвежо. И онака време е да ја подготвите бикини зоната за летните одмори.rn

    7. Одржувајте ја температурата во просторијата пониска, особено наутро и напладне

    rnВашата телесна температура е повисока наутро па сѐ до доцна напладне, така што добро е да бидете во просторија со пониска температура. Денес постојат повеќе различни уреди кои можат да ви помогнат во тоа, само треба да го пронајдете оној што најмногу ќе ви одговара.rn

    8. Бидете внимателни при изборот на сапун

    rnМожеби мислите дека добро се миете со помош на антибактериски сапун, но ако ги отстраните природните состојки од вашата кожа тоа ќе ве направи понечисти, бидејќи бројот на лоши бактерии ќе се зголеми исто како и лачењето на потта. Кога ќе се туширате, гледајте да употребувате сапун од природни состојки кој ќе ја одржи вашата кожа нежна и мазна.rn

    9. Ослободете се од стресот со помош на утринска медитација

    rnКога сте под стрес, жлездите почнуваат да лачат пот, и овој вид на потење може да мириса понепријатно од кое било друго потење. Утринските вежби и медитација ќе ви помогнат да го одржите нивото на стрес под контрола и да ја регулирате телесната температура. Ќе бидете пофокусирани, порелаксирани и подготвени да се соочите со дневните предизвици.rn

    10. Зачинетата и солена храна може да предизвика потење

    rnОдредени видови храна може да го зголемат потењето. Тука спаѓаат зачинетата храна, кофеинот, солта, шеќерот и преработената храна. Здравата исхрана полна со свежо овошје, зеленчук и протеини ќе ве снабди со сите потребни хранливи состојки и Б витамини кои ќе ви помогнат да ги регулирате сите телесни функции, вклучувајќи го и потењето.

  • Спасете се од преголемата жештина! Овие материјали ќе ви го овозможат тоа

    Спасете се од преголемата жештина! Овие материјали ќе ви го овозможат тоа

    На сите ви е добро познато дека полиестерот е материјал кој треба да го избегнувате во лето, бидејќи тој не ѝ овозможува на кожата да дише, а исто така ја задржува топлината. Но, дали знаете кои материјали се најудобни и најпријатни за во лето? Сега ќе ви откриеме и потрудете се тие да станат ваши најдобри пријатели за во лето.rnrn1-spasete-se-od-pregolemata-zheshtina-ovie-materijali-kje-vi-go-ovozmozhat-toa-www.kafepauza.mk_rn

    1. Лен

    rnМногу пријатен материјал кој слободно може да го наречете „вентилаторот“ помеѓу материјалите. Му овозможува на вашето тело да дише и го спречува потењето. Има само еден недостаток – лесно и брзо се гужва, но тоа и не е толку многу важно во горештините.rn

    2. Памук

    rnОдличен избор на материјал за летните месеци. Еден од најпрозрачните материјали што постојат, не ја задржува топлината, т.е. ја впива влажноста од телото и го активира нејзиното испарување.rn

    3. Кепер

    rnНајчесто се произведува од памук или од неговите смеси и се смета за одлична замена за тексасот во лето. Ако и во летниот период не сакате да се откажете од носењето долги панталони, слободно изберете некој модел кој е направен од кепер бидејќи во него ќе се чувствувате многу поудобно.rnrn2-spasete-se-od-pregolemata-zheshtina-ovie-materijali-kje-vi-go-ovozmozhat-toa-www.kafepauza.mk_rn

    4. Вискоза

    rnЕдно од најпознатите синтетички влакна кое настанува од остатокот на целулозните влакна и по својот хемиски состав е слично како памукот. Токму поради тоа вискозата е удобна за носење и го „лади“ телото.rn

    5. Свила

    rnПриродната ткаенина која дише и е позната по тоа што се прилагодува на температурите, односно во зима, таа ве топли а во лето ве лади. Иако не предизвикува потење, бидејќи е тенка и мека лесно се лепи на испотена кожа.rn

    6. Шифон

    rnСе изработува од различни смеси, а кога е направен од памук и свила претставува идеална ткаенина за изработка на облека за во лето. Најчесто се користи за изработка на фустани и блузи, бидејќи е многу растресен.