КАФЕ ПАУЗА

Tag: појава

  • Кои намирници можат да го зголемат ризикот од појава на акни?

    Кои намирници можат да го зголемат ризикот од појава на акни?

    Истражувањата покажале дека одредена храна може да придонесе за појава на акни. Ова може да се должи на нивните ефекти врз појавата на воспаление или одредени хормони кои влијаат на развојот на акните.rnrnКои намирници можат да го зголемат ризикот од појава на акни?rnrnАкните се честа состојба на кожата која се среќава кај речиси 10% од светската популација. Многу фактори придонесуваат за развој на акни, вклучувајќи производство на себум и кератин, бактерии кои предизвикуваат акни, хормони, блокирани пори и воспаление.rnrnНеодамнешните истражувања покажале дека исхраната може да игра значајна улога во развојот на акните. Во продолжение прочитајте кои намирници можат да го зголемат ризикот од појава на акни.rn

    1. Рафинирани житарки и шеќери

    rnЛуѓето со акни имаат тенденција да консумираат повеќе рафинирани јаглехидрати од луѓето со малку или без акни. Храна богата со рафинирани јаглехидрати вклучува:rn

      rn 011

    • леб, крекери, житарки или десерти направени со бело брашно
    • rn 011

    • тестенини направени со бело брашно
    • rn 011

    • бел ориз и тестенини од ориз
    • rn 011

    • газирани сокови и други пијалаци засладени со шеќер
    • rn 011

    • засладувачи како шеќер од трска, јаворов сируп, мед или агава
    • rn

    rnЕдна студија покажала дека честото консумирање на храна богата со шеќер или масти е поврзано со 54% поголеми шанси за појава на акни, додека засладените пијалаци се поврзани со 18% поголеми шанси. Овој зголемен ризик може да се објасни со ефектите на рафинираните јаглехидрати врз шеќерот во крвта и нивоата на инсулин. Рафинираните јаглехидрати брзо се апсорбираат во крвотокот, што брзо го зголемува нивото на шеќер во крвта. Кога шеќерот во крвта се зголемува, нивото на инсулин, исто така, се зголемува за да помогне во исфрлањето на шеќерот во крвта надвор од крвотокот и во вашите клетки. Сепак, високите нивоа на инсулин може да бидат поврзани со неколку негативни исходи, вклучувајќи дијабетес, срцеви заболувања и акни.rn

    2. Брза храна

    rnАкните се силно поврзани со исхраната богата со калории, масти и рафинирани јаглехидрати. Брзата храна како што се хамбургери, виршли, помфрит, газирани пијалаци и милкшејкови, може да го зголеми ризикот од појава на акни. Една студија покажала дека исхраната со многу маснотии е поврзана со 43% зголемен ризик од развој на акни. Редовното јадење пржена храна го зголемил ризикот за 17%.rn

    3. Чоколадо

    rnНеколку неформални истражувања го поврзуваат јадењето чоколадо со зголемен ризик од појава на акни, но тоа не е доволно за да се докаже дека чоколадото предизвикува појава на акни. Едно истражување покажало дека мажите склони кон акни кои консумираат 25 грама темно чоколадо дневно имале зголемен број на акни по само 2 недели. Друга студија од 2014 година покажала дека мажите на кои им биле дадени капсули од 100% какао во прав дневно имале значително повеќе акни по 1 недела во споредба со оние на кои им било дадено плацебо. Сè уште останува нејасно зошто чоколадото може да ги зголеми акните, иако една студија покажала дека јадењето чоколадо предизвикува лупење на кожата и зголемено присуство на бактерии што може да придонесе за појава на акни.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да придонесат за појавата на акни, можеби ќе сакате да прочитате и како да го користите маслото од јојоба за третман на акни.rnrnИзвор: healthline.com

  • Имате необјасниви модринки на вашето тело? Еве кои здравствени проблеми можат да бидат причина за тоа

    Имате необјасниви модринки на вашето тело? Еве кои здравствени проблеми можат да бидат причина за тоа

    Што треба да преземете доколку имате модринки на вашето тело без некоја објаснива причина? Зошто ова се случува и дали треба да бидете загрижени? Доколку често ви се појавуваат модринки, тоа значи дека имате многу тенки капилари, но сигурно се прашувате што е причината за нивната ненадејна појава?rnrnИмате необјасниви модринки на вашето тело? Еве кои здравствени проблеми можат да бидат причина за тоаrnrnВо продолжение прочитајте што велат светските доктори на оваа тема, што сметаат дека може да се случува во вашето тело и кога е потребно да закажете прегледи.rn

    1. Дигате тегови или тешки предмети

    rnПодигањето тешки тегови или предмети е секундарна причина за појава на модринки по вашето тело. Тоа значи дека вашите крвни садови се веќе многу слаби, а физичката активност уште повеќе им наштетува. Воедно, дури и да имате многу здрави капилари, пренапорната физичка активност може да ги оштети. Така на пример, дигањето тегови со преголема тежина, за којашто вашето тело сè уште не е доволно подготвено, може да е опасно. Честа е појавата на вакви модринки и кај децата коишто носат на грб многу тешки ранци за на училиште. Во принцип, ваквите модринки не се нешто опасни по здравјето, но се индикација дека премногу се оптоварувате со тежина, којашто вашето тело не може да ја поднесе.rnrnИмате необјасниви модринки на вашето тело? Еве кои здравствени проблеми можат да бидат причина за тоаrn

    2. Пиете лекарства

    rnОдредени лекови влијаат врз крвта и истите можат да предизвикаат појава на модринки, коишто можат да варираат од одвај забележливи, до многу сериозни. Најчесто, тие се предизвикани од антидепресиви, аналгетици, антиинфламаторни лекови, антиасматични лекови, како и оние коишто содржат железо во составот. Најчестото апче коешто ја прави крвта потечна и доведува до појава на модринки на кожата, е аспиринот. Доколку имате забележано поврзаност помеѓу пиењето на одредени лекови и појавувањето модринки на вашата кожа, потребно е да се консултирате со лекар. Можеби ќе ви биде кажано дека морате да престанете да ги консумирате тие апчиња, за да избегнете внатрешно крвавење.rnrnИмате необјасниви модринки на вашето тело? Еве кои здравствени проблеми можат да бидат причина за тоаrn

    3. Имате некоја болест на крвта

    rnБолестите поврзани со крвта и крвните садови, можат да предизвикаат појава на модринки. Проширени вени, Вон-Вилебрандова болест, тромбоцитопенија и леукемија, најчесто настануваат поради проблеми предизвикани од циркулацијата на крвта. Никако немојте да ја одложувате посетата на доктор, особено доколку имате забележано и други загрижувачки симптоми, како што се: болни и отечени нозе, крвавење на непцата, мали капиларни точки на телото или крвавења од нос.rnrnИмате необјасниви модринки на вашето тело? Еве кои здравствени проблеми можат да бидат причина за тоаrn

    4. Имате недостаток од витамини

    rnПојавата на некои необјасниви модринки, може да бидат сигнал дека вашето тело има недостаток од некои хранливи состојки, на пример некои витамини. За малите деца, секогаш се грижиме да ги примаат во доволни количества, но ние возрасните, честопати забораваме на нивната важност. Така на пример, витаминот Б-12 игра значајна улога во производството на крв, витаминот К е одговорен за коагулација, а витаминот Ц има клучна улога во создавањето нови ткива. Без овие витамини, крвните садови стануваат многу кревки. Друг, исклучително важен витамин, е витаминот П. Без него, невозможно е производството на колаген, па крвните садови стануваат многу тенки, а тоа доведува до влошување на состојбата на кожата. Исто така, балансот на железо во организмот, е многу важен. Доколку имате премалку или премногу железо, тоа лошо се одразува на капиларите.rnrnrnrnКако и да е, немојте да избрзувате за да купите витамински таблети, пред да направите тестирање за да видите дали имате недостаток од некои витамини и дали треба да ја подобрите вашата исхрана. Извори на витамин П, се свежо приготвен зелен чај, јаболка, тиква и лук. Витаминот К, го има во бананите, јајцата, јаткастите плодви и масните риби. Б-12 го има во џигерот, рибата, сирењето и марулата.rn

    5. Имате хормонална нерамнотежа

    rnПромените во хормоните, се најчеста причина за појава на модринки, особено ако имате недостаток од естроген. Тоа се случува доколку сте во период на менопауза, примате хормонска терапија или сте бремени. Недостатокот од естроген, значително ги слабее крвните садови и ѕидовите на капиларите можат многу лесно да се оштетат.rnrnИмате необјасниви модринки на вашето тело? Еве кои здравствени проблеми можат да бидат причина за тоаrn

    6. Повозрасни сте

    rnДруга тажна, но природна причина за појавата на модринки, е возраста. Васкуларниот систем слабее со текот на годините, а ткивата ја губат својата еластичност. Модринките поврзани со возраста, најчесто се појавуваат на нозете, но не се опасни.rnrnИмате необјасниви модринки на вашето тело? Еве кои здравствени проблеми можат да бидат причина за тоаrn

    7. Дијабетес

    rnШеќерот во крвта, е првата работа којашто на сите им паѓа на памет кога некој ќе ја спомне оваа болест. Дијабетесот има негативно влијание врз циркулацијата на крвта, поради што многу лесно се појавуваат модринки по телото. Воедно, појавата од модринки може да е показател дека боледувате од оваа болест, уште додека е во многу рана фаза. Други симптоми коишто можете да ги чувствувате доколку боледувате од дијабетес, е честа појава на жед, на вашите рани им треба подолго време да заздрават, лесно се изморувате, визијата ви е заматена или имате бели дамки на кожата.rnrnИмате необјасниви модринки на вашето тело? Еве кои здравствени проблеми можат да бидат причина за тоаrn

    Бонус: Кои модринки се опасни, а кои не?

    rnНајчесто, после некаква повреда, се појавуваат црвени модринки. Тоа е всушност бојата на крвта којашто е насобрана под вашата кожа. После извесно време, организмот започнува да ја разложува згрутчената крв, па затоа модринките стануваат црни, сини или виолетови. После 5-10 дена од повредата, повреденото место треба да стане жолто или зелено. Во крајната фаза, односно 10-14 дена после повредата, модринката станува кафена и станува сè посветла и посветла.rnrnИмате необјасниви модринки на вашето тело? Еве кои здравствени проблеми можат да бидат причина за тоаrnrnВообичаените модринки, сосема избледуваат во период од околу 2 седмици после повредата, па доколку забележите некои други необични бои или доколку тие не исчезнат во овој рок, задолжително треба да посетите доктор.rnrnДали имате забележано модринки на вашето тело, коишто не можете да сфатите зошто се појавиле? Што имате преземено во врска со тоа? Пишете ни во коментарите!rnrnМоже да ве интересираат и овие 7 знаци дека вашето тело „моли“ за помош.

  • 7 причини заради кои најверојатно ви се создаваат нови мозолчиња

    7 причини заради кои најверојатно ви се создаваат нови мозолчиња

    Убедени сте дека сте „завршиле“ со мозолчињата, а тие повторно и понатаму ве изненадуваат со своите посети. И се запрашувате зошто, заради што и до кога? Па, најверојатно проблемот се крие во вас и во она што го јадете, како и колку јадете, дали можеби пушите цигари или имате некои други лоши навики. Еве неколку клучни причини заради кои и понатаму ви се појавуваат мозолчиња.n1-7-prichini-zaradi-koi-najverojatno-vi-se-sozdavaat-novi-akni-www.kafepauza.mk_n

    1. Вашето утринско кафе

    nНе сакаме да ја убиеме вашата желба за живот, но вашето утринско кафе навистина може да биде причина за вашата проблематична кожа. Секако, само во случај доколку тоа содржи млеко. Истражувањата докажале дека млекото е поврзано со создавањето на мозолчиња, додека на пример сирењето и јогуртот не се. Обидете се да го избегнувате млекото и ќе забележите дали тоа е причината заради која постојано имате акни.n

    2. Вашето смуди после напорниот тренинг

    nДа, смудито е здраво, но кога станува збор за кожата не смее да содржи „whey protein“, поточно протеин од млечна сурутка, бидејќи е млеко. Избирајте други, здрави состојки кои ќе ѝ одговараат на вашата кожа.n

    3. Вашата работа

    nВо прашање е стресот. Да, звучи како црн хумор, но ако сте имале стресна недела, голема е веројатноста дека ќе ви излезе мозолче. Обидете се со јога, медитација или кој било друг начин да се опуштите и да се ослободите од стресот и негативната енергија. И кажете ѝ „здраво“ на убавата и сјајна кожа.n

    4. Вашиот начин на исхрана

    nПостојат истражувања кои докажале дека за здрава, убава и негувана кожа е важно да јадете што е можно повеќе риба. Избегнувајте го млекото, но во својата исхрана вклучете го ова вкусно, а посно месо.nn2-7-prichini-zaradi-koi-najverojatno-vi-se-sozdavaat-novi-akni-www.kafepauza.mk_n

    5. Вашата страст кон слатките

    nО да, и шеќерот ви наштетува. Секако, само во случај доколку претерате и не знаете да сопрете. Неколку колачиња нема да ве убијат, но обидете се да се храните што е можно поздраво и „почисто“ за и вашата кожа да биде чиста и блескава.n

    6. Вашата тежина

    nАко имате проблеми со тежината, најверојатно имате проблем и со зголемениот индекс на телесна маса кој е во тесна врска со хормоните, кои пак се поврзани со мозолчињата. Затоа, навистина обидете се да живеете поздраво и конечно да се ослободите од тие неколку килограми вишок за да придонесете не само за здравјето на вашето тело, туку и за она на вашата кожа.n

    7. Вашата страст кон цигарите

    nПрестанете да пушите и вашата Т-зона ќе ви биде благодарна. Ова е научно докажано. Плус, сега навистина имате мотивација да се ослободите од таа грозна навика.nnПогледнете и неколку скриени причини за појава на акни и како да се ослободите од нив.

  • Застрашувачки феномен: Што треба да знаете за луѓето сенки?

    Застрашувачки феномен: Што треба да знаете за луѓето сенки?

    Луѓето сенки, исто така познати како темни фигури или црни материи, се мрачни човечки фигури кои најчесто се забележуваат навечер и кои можете да ги видите од аголот на вашето око. Понекогаш изгледаат како темни материјали. Ви звучи познато? Ако не сте сигурни дали сте виделе нешто слично, ова се нивните најчести карактеристики…rnrnЗастрашувачки феномен: Што треба да знаете за луѓето сенки?rnrn1. Многумина носат шапки.rnrn2. Честопати носат старомодни наметки.rnrn3. Свесни се за нашето постоење и реагираат на нас.rnrn4. Генерално делуваат како мажи, иако полот не е видлив.rnrn5. Можат да минуваат преку предмети и ѕидови.rnrn6. Луѓето сенки се тивки, не комуницираат и не зборуваат.rnrn7. Многу се високи, но не претерано, од 180 сантиметри до 2 метра (може да бидат и ниски).rnrn8. Немаат видливи очи, иако понекогаш луѓето изјавиле дека виделе црвени очи.rnrn9. Нивната фигура има длабочина, маса и тродимензионална форма.rnrn10. Многу се брзи и се движат со брзина на светлината.rnrnКога ќе се појават луѓето сенки, најчесто забележуваме магла во близина. Црната материја почнува да добива облик на човек или животно, но без деталите што се карактеристични за луѓето, на пример без очи. Ако фигурата се задржи подолго време, сенката може да се претвори во проѕирен призрак. Луѓето сенки се појавуваат во различни форми и облици. Ова се неколкуте најчести типови…rn

    Постојани луѓе сенки

    rnОвие луѓе сенки се присутни во домовите, најчесто во спалните соби. Тие стојат во аголот на собата или на прагот и само гледаат. Не се обидуваат да комуницираат, туку само набљудуваат. Ако ги забележите, најчесто бегаат и минуваат низ ѕид или исчезнуваат во аголот. Обично имаат човечка форма и носат наметка или шапка. Овие луѓе сенки предизвикуваат чувство на страв и ужас. Тие најчесто се приврзуваат за еден поединец и го следат секаде каде што оди.rn

    Посетители

    rnОвој тип луѓе сенки си имаат свои планови и не се заинтересирани за тоа што го правиме. Тие најчесто одат од едно на друго место и не им е гајле дали ги гледаме. Тие се најмистериозните луѓе сенки, бидејќи не сакаат ниту да комуницираат со нас ниту да нѐ набљудуваат.rn

    Луѓе сенки кои прогонуваат

    rnОвој тип луѓе сенки се врзани за место или локација. Најчесто има повеќе такви луѓе сенки во одредена област. Се верува дека овие видови се емоционално поврзани за местото каде што се наоѓаат.rnrnЛуѓето сенки се појави што многу тешко можат да се разберат. Станува збор за суштества кои постојат во нашата димензија, но не можеме да знаеме дали преминале од друга димензија или се души кои се врзани за Земјата.rnrnЗастрашувачки феномен: Што треба да знаете за луѓето сенки?rn

    Како да се ослободите од луѓето сенки?

    rn1. Воспоставете емоционална хармонија. Бидете позитивни, приземни и променете ја вашата емоционална состојба.rnrn2. Спроведете спиритуално прочистување.rnrn3. Оставете ги светлата вклучени, бидејќи тоа ја нарушува енергијата на луѓето сенки.rnrnВо продолжение прочитајте ги и искуствата на некои луѓе кои имале средба со ваквите сенки…rn

    „Моето искуство со луѓето сенки започна кога бев дете. Ги нарекував ’ѕидот’. Се плашев да спијам во мојата соба и најчесто одев да спијам во дневна. Мислев дека нема да ме видат ако го покријам секој дел од моето тело со чаршав. Обично се појавуваа едно или три такви суштества. Тие што ги гледав беа како црна материја со човечка форма, но без други човечки карактеристики. Не се обидуваа да комуницираат со мене и не исчезнуваа кога ги гледав. Верувам дека тие биле приврзани за мојата локација, бидејќи кога се преселив, не ги видов никогаш повторно.“

    rn

    „Моето последно искуство со луѓето сенки се случи пред неколку месеци. Бев надвор и одеднаш се појави магла која се задржи неколку минути и потоа исчезна. Не се исплашив, туку бев благодарна за искуството, па дури и се доближив за да го видам. Како што се доближував, можев да ја почувствувам неговата енергија и имав чувство како да поминува нечија душа низ мене. Тоа беше еден од најубавите моменти во мојот живот, бидејќи почувствував како се спојуваат две различни димензии.“

    rnДали вие некогаш сте виделе луѓе сенки? Што мислите за оваа појава?rnrnДоколку верувате во натприродни сили, прочитајте ги следниве 5 знаци дека вашиот дом е опседнат со духови.

  • Дали треба да се загрижите за црвените точки на кожата?

    Дали треба да се загрижите за црвените точки на кожата?

    Доколку случајно забележите необични црвени точки на вашата кожа, не грижете се. Појавата се вика ангиома и можете да го спречите нејзиното ширење. Во продолжение прочитајте која е причината за овие кожни неправилности…rnrnДали треба да се загрижите за црвените точки на кожата?rn

    Причините за појава на ангиома

    rnАнгиома е мал бенигнен тумор кој се состои од крвни садови. Постојат две главни причини за неговиот развој:rnrn1. Возраст. Кај многу луѓе кои имаат 30 или повеќе години се појавуваат ангиоми. Во овој случај тие личат на мали кружни цреши и се наоѓаат на телото, рацете и рамената. Овие ангиоми се последица од обичните промени на кожата и крвните садови предизвикани од стареењето.rnrn2. Здравствени проблеми или нездрав начин на живот. Ако ангиомата личи на дамка и почне васкуларно да се шири, тоа може да биде знак за проблеми со црниот дроб, васкуларни болести или хормонско нарушување.rn

    Што треба да направите?

    rnАко случајно забележите дека црвената точка ја менува големината, обликот или почнала да кравари, најдобро е веднаш да отидете на лекар. Ангиомите обично не се причина за да јурнете во болница, но за да бидете сигурни, не заборавајте да ги спомнете нареден пат кога ќе отидете на преглед.rnrnИсто така, би требало да ја спречите појавата на ангиомите во иднина. Најдобрата заштита од нив е здравиот начин на живот и правилната исхрана. Пијте свежо цедени сокови и многу вода, јадете свеж зеленчук и не заборавајте на здравствените придобивки од авокадото и маслиновото масло. Овие едноставни правила ќе ви помогнат да ја одржите вашата кожа здрава, но и да го забавите нејзиното стареење.

  • Најчестите заблуди за стриите

    Најчестите заблуди за стриите

    Појавата на стриите, кои всушност се оштетено сврзно ткиво, зависи од гените, односно колку вашата кожа е растеглива, како и колку е снабдена со колаген и витамин Е. Ова се неколку митови поврзани со оваа непосакувана појава.rnrnНајчестите заблуди за стриитеrn

    1. Само трудниците можат да имаат стрии

    rnСтриите во поголема или помала мера се јавуваат кај сите трудници, но се појавуваат и кај сите луѓе кои нагло ќе се здебелат или ослабат.rn

    2. Стриите можат да се спречат

    rnРизикот од наставување на стрии ќе се намали само доколку внимавате на исхраната и ги држите килограмите под контрола. Радикалните промени на тежината со сигурност доведуваат до појава на стрии на кожата.rn

    3. За време на бременоста, стрии се појавуваат само на стомакот

    rnЗа време на бременоста, најголемиот број на стрии се појавуваат на стомакот, бидејќи таму кожата најмногу се растегнува, но се појавуваат и на градите, задникот, бутовите и на надлактиците.rn

    4. Кога се слабее тие не се појавуваат

    rnВо некои случаи ова е точно, но кога стриите веќе се настанати, големи се шансите за нивна повторна појава, бидејќи растегнатата кожа тешко се враќа во првобитната состојба.rn

    5. Стриите можат да исчезнат со повремена употреба на крема

    rnЗа да се ослободите од стриите, морате да бидете исклучително упорни и дисциплинирани, особено доколку користите само домашни третмани. Многу е важно да нанесувате крема на спорните места, двапати дневно. Таа нема толку многу да делува на веќе создадените стрии, туку повеќе ќе делува превентивно за да не настанат нови.rn

    6. Малите деца и тинејџерите не можат да имаат стрии

    rnТокму во тие години зачестена е појавата на стрии, а најчест предизвикувач е наглото извишување. Меѓутоа во тие години стриите многу побрзо избледуваат, за разлика од подоцнежните години.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто ова дрво дише?

    Зошто ова дрво дише?

    Ова чудно дрво снимено во Британска Колумбија, Канада, сигурно за момент ќе ве остави збунети. На интересната снимка ќе видите дрво, кое длабоко зема и испушта здив, како да е некое огромно гневно чудовиште. :)rn

    rnСепак, причината за оваа неверојатна појава е силниот ветер, кој го ниша нестабилното дно. Во секој случај, глетката е навистина ретка и исклучително интересна.Зошто ова дрво дише?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Плажа која изгледа како огромно капучино

    Плажа која изгледа како огромно капучино

    Пиејќи го вашето омилено кафе, можете да ги гледате прекрасните фотографии од овој навистина необичен феномен. Сигурно се прашувате за каква плажа со изглед на капучино станува збор? Плажа каде се служат бесплатни капучино кафиња? Или пак можеби плажа декорирана во бојата на капучиното? Сепак, не станува збор за никаква човечка креација. Овојпат природата си поиграла со океанските бранови и создала неверојатна, а воедно и прекрасна „капучино“ плажа.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnСе работи за исклучително несекојдневен феномен што неодамна повторно ги изненади жителите на Кејптаун во Јужна Африка. Во предградието, брановите од океанот во еден момент изгледале како пена од кафе, а самиот океан наликувал на голема шолја капучино. Оваа ретка и необична појава е позната уште како „морска пена“ или дури „плажарска пена“.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnСпоред експертите, извонредните кафе-меурчиња настанале како резултат на распаѓањето и разградувањето на морските алги, мртвите риби и планктоните (ситни организми) кои лебдат на површината на водата. Моќните водни струи биле причина за формирањето на малите меурчиња, кои заедно го предизвикале овој навистина редок феномен.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnТие објаснуваат дека кога брзината на ветрот е поголема од шест метри во секунда, тогаш енергијата пренесена од ветерот во водата е пропорционално повисока и силата позната како „површински напон на водата“, не е доволна да ги држи заедно молекулите на површината. Тогаш, водата се „крши“ на мали капки и се формира бела пена што наликува на пена од кафе.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnТаканаречената „капучино“ бура, ја изненадила Африка и во 2008 година, за потоа после четири години да се појави повторно. Погледнете и снимка од оваа несекојдневна појава.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучино
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Феноменот сина месечина

    Феноменот сина месечина

    Автор: Бојана МандевскаrnrnПостојат многу легенди за месечината. Една од помистериозните е легендата за сината месечина. Сината месечина е спомената во многу книги и песни. Со години се поставува прашањето дали тоа е легенда или природен феномен. rnrnСина месечинаrnrnНајчесто користеното објаснување за појавата на сината месечина е појавата на втора полна месечина во еден календарски месец. За да може да се случи феноменот сина месечина, треба првата полна месечина да се појави во првите денови од месецот, за втората да може да се појави кон крајот на месецот. Најчесто периодот помеѓу појавувањето на првата и втората полна месечина во еден тековен месец е 29 дена. Или пак, тоа може да биде четвртата полна месечина која се појавува во еден квартал кој вообичаено има три полни месечини. Некои години имаат појава на една екстра полна месечина, 13 наместо 12. Токму таа тринаесеттата месечина е наречена сина месечина. Водејќи се по календарот за сина месечина, таа треба да се појави на 21 август 2013 и 21 мај 2016 година.rnrnСина месечинаrnrnНиз вековите, сината месечина станала дел од фолклорот на одредени народи. Воедно, појавувањето на сината месечина кај некои народи предизвикувала страв, додека пак други ја сметале за редок поволен период. Тие верувале дека правењето одредени обреди (за чистење на душата и подобрување на личната благосостојба со помош на месечевата светлина) ќе го намали лошото влијание на сината месечина или ќе го зголеми позитивното влијание. rnrnСина месечинаrnrnЗа сината месечина кај старите народи постоеле многу приказни кои вклучувале волци, месечево лудило, па постоела дури и приказна дека месечината е направена од сирење. Еден од попознатите обреди е бањањето предмети на месечева светлина, на сина  месечина, за да се собере позитивната енергија која таа ја испуштала. Се собирале шишиња, камења, свеќи, кристали и се ставале на прозорците од домовите, во дворовите, сегде каде што допирала месечевата светлина, да преноќат и да ја соберат месечевата енергија.rnrnСина месечинаrnrnВо денешно време терминот „сина месечина“ се употребува за да се објасни редок случај, ретка појава.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.