КАФЕ ПАУЗА

Tag: Подочници

  • Храна и суплементи што може да ви помогнат во отстранување на темните подочници

    Храна и суплементи што може да ви помогнат во отстранување на темните подочници

    Ако се борите со темни подочници, знаете колку големо влијание можe да имаат врз вас. Очите се центарот на лицето и затоа е невозможно да се игнорираат темните кругови под очите, освен ако не носите очила за сонце. Поради нив, може да изгледате постаро и како да немате енергија. Но, биолошките причини и начинот на живот што го водите влијаат врз појавата на подочници.rnrnХрана и суплементи што може да ви помогнат во отстранување на темните подочнициrn

    Биолошки причини

    rnГенетика – ако имате членови во семејството со овој проблем, постои поголема шанса и вие да ги имате.rnrnБоја и тен на кожата – поради одредена пигментација, темните кругови под очите се појавуваат почесто кај која било раса, освен кај оние со бела кожа.rnrnВозраст – како што стареете, областа околу очите станува потенка, ја губи еластичноста и може да ја смени бојата.rn

    Начин на живот

    rnНедостаток на сон – здравите возрасни лица имаат потреба од седум до девет часа сон. Недостатокот на сон може да влијае на отокот и на состојбата на вашата кожа, што може да доведе до појава на темни кругови под очите.rnrnАнемија – освен што се чувствувате многу уморни, темните кругови под очите може да бидат првиот знак за препознавање на недостатокот на железо.rnrnПушење – никотинот му пречи на сонот и може да доведе до апнеја и до дехидратација, а дехидратацијата доведува до темни кругови под очите.rnrnНарушена функција на тироидната жлезда – слабата функција на тироидната жлезда доведува до насобирање вода во телото и лицето, па дури и до темни кругови под очите.rnrnИзложување на сонце – сонцето го стимулира производството на мелатонин, што значи дека вашите темни кругови под очите може да потемнат уште повеќе.rnrnСепак, постои решение за сите горенаведени проблеми: откажете се од пушењето, ставете крем за сончање и лекувајте ги медицинските проблеми. Исто така, многу е важно да бидете хидрирани во секое време. Но, дури и ако го смените вашиот животен стил, темните кругови под очите може да бидат упорни и да бидат видливи. Покрај кремовите или козметичките третмани кои се нанесуваат директно на проблематичната област, постојат храна и додатоци што може да ви помогнат во борбата против овој проблем.rn

    Храна што може да ви помогне

    rnДомати – иако повеќето луѓе ги знаат по тоа што се богати со антиоксиданти, доматите всушност се богати со ликопен од кој ја добиваат црвената боја. Ликопенот помага да се заштитат крвните садови и да се подобри циркулацијата, што дефинитивно ви треба во областа под очите.rnrnКраставици – иако употреба на краставици за козметички цели најчесто е прикажана како парчиња што ги ставате на очите за да го намалите отокот, тие можат да бидат корисни за темните кругови под очите и ако ги јадете. Голем дел од водата што ја содржат ќе го хидрира вашето тело, а правилната хидратација ја олеснува борбата против темните кругови под очите и го зголемува производството на колаген.rnrnСусам – антиоксидантите во сусамот може да ги намалат симптомите на замор што предизвикуваат темни кругови под очите. Сусамот содржи витамин Е, кој е одличен за здравјето на очите.rnrnШумско овошје – содржи антиоксиданти и антоцијанин, кој им дава темна боја на плодовите, ја подобрува циркулацијата и ја храни кожата со кислород.rnrnЛубеница – лубеницата во овој контекст може да се смета како комбинација на домати и краставици затоа што има сличен процент на вода како краставиците, а исто така содржи и ликопен како доматите.rn

    Суплементи што може да ви помогнат

    rnЖелезо – ако темните кругови под очите се предизвикани од анемија, време е да одите на лекар и да го надоместите недостатокот на железо.rnrnВитамин Б12 – бидејќи најмногу се наоѓа во месото и во другата храна од животинско потекло, веганите мора да обрнат внимание на нивото на витамин Б12 во организмот, но и на луѓето што јадат месо нема да им наштети дополнителниот внес на овој витамин. Во едно истражување, 12 % од луѓето кои имале темни кругови под очите, страдале и од недостаток на витамин Б12.rnrnВитамин К – овој витамин ја подобрува циркулација и во комбинација со кофеин помага во намалување на темните кругови под очите.rnrnВитамин Ц – овој витамин е одговорен за производството на колаген и за намалување на оштетувањето од сончевите зраци, што е важно ако вашите темни кругови се предизвикани од изложеност на сонце.rnrnПрочитајте како да го исчистите вашето тело со храната.

  • 9 трикови за успешна борба против подочниците

    9 трикови за успешна борба против подочниците

    Не постои ниту една жена што не ги мрази подочниците, особено ако ѝ се силно изразени. Па, ако и вам овие темни кругови околу очите ви се најголемиот кошмар, тогаш дајте им шанса на следниве совети.rnrnrn

    1. Избегнувајте сол

    rnВодата се насобира во оние делови од телото каде што има најмногу натриум, па ако јадете премногу солена храна, наутро ќе изгледате отечено, особено околу очите.rn

    2. Заблажете ги симптомите на алергијата

    rnСезоната на алергиите често предизвикува претерано солзење на очите и оток околу нив. За среќа, сите лекови против алергијата можат лесно да ви помогнат да се изборите со подочниците.rn

    3. Користете ладни облоги

    rnОтечените очи најдобро се смируваат со ладни облоги. Можете да користите кругови свежа краставица, смрзната лажица за лице или пак, ладна вреќичка чај.rn

    4. Отстранувајте ја шминката

    rnНикогаш немојте да заспивате со шминка на лицето! Покрај тоа што го уништувате својот тен, шминката може да предизвика и проблеми со очите како и отечени подочници.rn

    5. Престанете да пушите

    rnПушењето ја оштетува кожата така што ја суши и помага при предизвикувањето на брчки во областа околу очите.rn

    6. Променете ја позицијата за спиење

    rnСпиете на грб или пак, на стомак? Гравитацијата предизвикува насобирање течности под очите, па ако сакате да го намалите овој проблем, спијте на грб и подигнете ја главата со мала перница.rn

    7. Користете крема за лице

    rnНа лицето, особено на пределот околу очите, многу добро му годи некоја крема што содржи ретинол.rn

    8. Избегнувајте да пиете вино

    rnЕдна чаша вино е многу добра за вашето здравје, но ако претерате, тоа ќе ви предизвика дехидрација. Резултатот е воспалени очи и појава на подочници.rn

    9. Користете коректор

    rnАко ниту еден од овие совети не ви помага, тогаш најдобриот начин да ги скриете подочниците е ако нанесете коректор, за една нијанса посветол од бојата на вашата кожа. Исто така, нанесете го со тапкање наместо со триење, за најдобар ефект.rnrnКажете им збогум на темните кругови: Погледнете ги и овие 9 лесни трикови за отстранување на подочниците!

  • 7 начини да ги „избришете“ темните подочници за 7 дена

    7 начини да ги „избришете“ темните подочници за 7 дена

    Ако се вели дека очите се огледало на нашата душа, тогаш што порачуваат подочниците? Дека сте ненаспани, дека не се храните здраво или дека не знаете кога последен пат сте се напиле вода? Без разлика што е во прашање, денес ви откриваме неколку лесни начини како да ги „избришете“ подочниците за само една недела.rnrn1-7-nachini-kako-da-gi-izbrishete-temnite-podochnici-za-7-dena-www.kafepauza.mk_rn

    1. Заменете го кафето со зелен чај

    rnАко не сакате темни кругови под очите, најпрво би требало добро да се наспиете. Затоа, обидете се да го избегнете кафето, особено доколку го консумирате повеќе пати во текот на денот. Наместо кафе, одлучете се за зелен чај. Тој содржи кофеин, па одлично ќе ве разбуди наутро, како и антиоксиданси кои ја хранат кожата и го спречуваат нејзиното исушување и стареење.rn

    2. Додајте малку зеленило во вашето секојдневно мени

    rnЗелениот зеленчук како што е спанаќот и брокулата се одлични во борбата простив темните подочници, бидејќи се богати со железо што ја поттикнува циркулацијата. Каква врска има тоа? Темната боја на подочниците поттикнува од крвта која е „заглавена“ и која треба да започне да се движи, а тоа се гледа добро, бидејќи кожата околу очите е потенка и почувствителна. Колку е циркулацијата подобра, толку крвта се движи полесно и побрзо, а ваквите „сенки“ на кожата повеќе ќе ги нема.rnrn2-7-nachini-kako-da-gi-izbrishete-temnite-podochnici-za-7-dena-www.kafepauza.mk_rn

    3. Консумирајте доволно вода

    rnТемните кругови, па и отеченоста на капаците потекнува од дехидрацијата. Значи, пијте вода. Многу вода! Ако не сте сигурни колку точно вода ви е потребно, едноставно симнете некоја апликација која ќе се грижи за тоа и уживајте.rn

    4. Спијте на грб

    rnСигурно досега повеќепати сте слушнале дека би требало да спиете на грб за вашето лице да биде слободно и да го спречите создавањето на брчки. Истото важи и за подочниците – кога е лицето во оваа положба, ништо не се задржува под вашите очи и на капаците, па ќе се разбудите многу посвежи и помалку отечени и надуени.rnrn3-7-nachini-kako-da-gi-izbrishete-temnite-podochnici-za-7-dena-www.kafepauza.mk_rn

    5. Испробајте маска од магдонос

    rnМагдоносот е богат со витамините Ц и К што позитивно влијаат на осветлување на кожата. Затоа, земете малку магдонос, топла вода и тупфери, и подготвени сте да ги „уништите“ подочниците.rn

    6. Започнете да користите крема за пределот околу очите

    rnДоволно е кажано! Морате да ја штитите чувствителната кожа околу подочниците преку ден, но и навечер. Плус, дневната крема нека има заштитен фактор.rn

    7. Користете ладни облоги

    rnШто било ладно може да ја намали отеченоста на капаците, а освен мраз можете да користите и компир или краставица.rnrn4-7-nachini-kako-da-gi-izbrishete-temnite-podochnici-za-7-dena-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку мислевте дека ги испробавте сите можни начини за нивно отстранување, можеби не сте ги погледнале овие лесни и природни трикови за отстранување на подочниците.

  • 15 моќни совети кои ќе го спречат отекувањето на очите

    15 моќни совети кои ќе го спречат отекувањето на очите

    Се трудите да живеете здраво, да си обезбедувате доволно сон и да внимавате што и кога јадете, но тоа никако не ви го враќа сјајот во очите? Ве болат, изгледаат отечено, а црните кругови повторно не ве одминале? Доколку се пронаоѓате во горенаведениов опис, ве советуваме да продолжите да читате.rnrn0-15mokjni-soveti-koi-ke-go-namalat-i-sprecat-otekuvanjeto-na-ocite-kafepauza.mkrn

    1. Медицински проблем

    rnОтекувањето на очите може да биде симптом на различни алергии, па дури и на воспаление на црниот дроб. Ако вашите очи се постојано потечени, испитајте дали причината се наоѓа во тоа. Алергиите можат да бидат предизвикани од различни козметички производи, но и од преработена храна. Доколку овој симптом е пропратен со иритација на кожата, грозница и тешкотии при дишењето, веднаш посетете доктор.rn

    2. ПМС

    rnПМС, најголемиот причинител на женските маки, дури и на темните тркалца околу очите. Но не очајувајте, и самите знаете дека очите ќе ви се смират за неколку дена. А дотогаш исфрлете ја солената храна и пијте многу зелен чај.rn

    3. Наследност

    rnИсто како и целулитот, хемороидите и сличните маки, можеби едноставно станува збор за генетика. Но, сепак, на вас останува да го спречите зголемувањето на овој проблем. Генетиката не може да биде изговор за сѐ. Истражувајте туторијали за да ги прекриете црните кругови, отфрлете ја храната која што не ви одговара и научете корисни козметички трикови за маскирање на потечените очи.rnrn1-15mokjni-soveti-koi-ke-go-namalat-i-sprecat-otekuvanjeto-na-ocite-kafepauza.mkrn

    4. Проширување на крвните садови

    rnИсто така голема причина за отекување на очите може да бидат и проширените крвни садови. Ако имате таков проблем тогаш ве советуваме да спиете на што е можно повеќе перници, а наутро да нанесувате ладни облоги кои ќе ви ги смират очите. Истото може да се постигне и со ладни метални лажици.rn

    5. Затнат нос

    rnНекои луѓе никогаш не си легнуваат без капки за нос, а сега сфаќаме зошто. Веројатно самите знаете кој трик е најефективен кога станува збор за овој проблем, па само продолжете да го спроведувате. Капките за нос во ваков случај ви се најдобриот пријател. Но, вие веќе го знаевте тоа, нели?rn

    6. Здрава исхрана

    rnНема потреба претерано да нагласуваме колку е важна храната која ја јадете за вашиот изглед. Вие сте тоа што го јадете – ако јадете здрава храна, тогаш сте енергични и здрави. Ако ви значи вашата внатрешна и надворешна убавина мора да внимавате на исхраната. Мрсната, претерано зачинета и тешка храна исфрлете ја од листата на продукти. Од друга страна,зголемете го нивото на железо во организмот.rn

    7. Добар сон

    rnНа секој човек му е потребно најмалку 8 часа спиење дневно. Ако сепак ви се појавуваат темните кругови, пробајте со најдоброто оружје против подочници – ладните краставици.rnrn3-15mokjni-soveti-koi-ke-go-namalat-i-sprecat-otekuvanjeto-na-ocite-kafepauza.mkrn

    8. Хидратација

    rnПијте многу вода. Добро е да пиете барем осум чаши дневно. Тоа е најдобриот начин да ја стимулирате циркулацијата и воедно еден од најдобрите методи за спречување на потекувањето на очите.rn

    9. Пушење и алкохол

    rnИ самите знаете дека се штетни по здравјето. Ако мислите дека можете да ги примените претходниве совети, тогаш можеби треба да размислите и да престанете да пушите и да намалите со пиењето алкохол. Постојат милион причини поради кои пушењето е штетно за убавината и здравјето, а овој е само еден од нив.rn

    10. Крема за сонце

    rnЗвучи чудно, но кремите со заштитен фактор можат да бидат корисни во борбата против потекувањето на очите. Една од нивните главни улоги е да ја заштитат и зачуваат меката кожа околу очите како и спречување на нејзиното пребрзо стареење. А колку е кожата послаба, толку се поголеми шансите за појавување на подочници.rn

    11. Премногу време пред компјутер

    rnТешко е да се убеди човек да се тргне од штетниот екран кога работата му зависи токму од него. Но, оттргнете се од него во вашето слободно време. Компјутерот заменете го со книга, а и игрите со готвење се забавна алтернатива. Веднаш ќе препознаете промена, но и луѓето околу вас.rnrn2-15mokjni-soveti-koi-ke-go-namalat-i-sprecat-otekuvanjeto-na-ocite-kafepauza.mkrn

    12. Контра напад

    rnУште пред да легнете, освежете ги очите така што неколку минути ќе држите ладна газа на нив. А пред тоа, бидете сигурни дека добро сте ја отстраниле шминката.rn

    13. Масажа

    rnМасажата на лицето е многу делотворна. Следниот пат кога ќе одите на масер, замолете ги да го измасираат и вашето лице. Или пробајте самите. Благите, кружни движења околу очите и носот освен што го подобруваат вашиот изглед, носат и фантастична релаксација.rn

    14. Козметички продукти базирани на масло

    rnДали знаевте дека овие производи можат да предизвикаат разни воспалувања и потекување на очите? Ако не знаевте, тогаш почнете да ги исфрлате вашите козметички продукти кои се врз база на масло. Време е да го испразните несесерот од маслени продукти и да ги заменете со такви што се базираат на вода.rn

    15. Млеко и шеќер

    rnОсвен цигарите и алкохолот, мора да направите уште една жртва ако сакате да се ослободите од темните кругови. Најголемите непријатели на вашето тело и вашиот изглед се шеќерот и млекото. Најдобро ќе биде да го намалите нивниот внес или постепено да ги исфрлате од вашата исхрана.rnrn4-15mokjni-soveti-koi-ke-go-namalat-i-sprecat-otekuvanjeto-na-ocite-kafepauza.mk

  • Не ги фрлајте употребените ќесички од чај. Еве зошто!

    Не ги фрлајте употребените ќесички од чај. Еве зошто!

    Многу луѓе редовно уживаат во чајот, но дали сте знаеле дека откако ќе го испиете можете да имате полза и од употребените ќесички?rnrnНе ги фрлајте употребените ќесички од чај. Еве зошто!rnrn1. Употребените ќесички од чај можат да ви помогнат при иритации на кожата како модрици, херпеси, убоди од комарец и изгореници. Намокрете употребено ќесиче од чај со ладна вода и ставете го како облога на зафатеното место. Иритацијата ќе се намали, а залечувањето ќе се забрза.rnrn2. На сличен начин можете да ги отстраните темните кругови околу очите и потечените подочници.rnrn3. Тие ќе ви помогнат и да ја отстраните лошата миризба од патиките за вежбање, како и од фрижидерот.rnrn4. Со нивна помош и полесно ќе ги измиете мрсните садови.rnrn5. И ќе ги избркате бубачките од домот… Тие најмалку сакаат нане.rnrnПогледнете го видеото за деталите околу нивната употреба.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Решението за вашите подочници цело време сте го имале во вашиот несесер

    Решението за вашите подочници цело време сте го имале во вашиот несесер

    Скоро и да нема личност која може да се пофали дека никогаш немала темни подочници. За среќа, постои многу едноставен и ефикасен начин да ги сокриете, а сè што ви треба е козметиката која веќе ја имате во вашиот несесер.rnrnРешението за вашите подочници цело време сте го имале во вашиот несесерrnrnСокривањето на темните кругови само со пудра генерално завршува неславно, но затоа доколку го употребите црвениот кармин и под вашите очи, може да постигнете ефект каков што навистина ви е потребен.rnrnЗвучи чудно, па и неверојатно да нанесувате црвен кармин под очите, но науката има објаснување за ова. Имено, во палетата на бои, сината и зелената (какви што најчесто се подочниците) се наоѓаат на спротивната страна на бои од црвената и портокаловата. Кога ќе се спојат две спротивни бои доаѓа до неутрализација, па така подочниците исчезнуваат.rnrnСо четкичка или со прсти нанесете малку црвен или црвеникаво-портокалов кармин, зависно од вашиот тен, на подочниците, а потоа продолжете со стандардната рутина за шминкање нанесувајќи ја пудрата одозгора. Вака ќе го неутрализирате црвенилото од карминот, кој пак претходно ги неутрализирал модрите подочници. И тоа е сè. Толку е едноставно.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 трикови со коректорот кои секоја жена треба да ги знае

    20 трикови со коректорот кои секоја жена треба да ги знае

    Шминката знае да биде најдобриот пријател на жената кога тоа ѝ е најпотребно. Токму затоа, малите трикови кои би помогнале таа да изгледа што е можно поблиску до совршеното се секогаш добредојдени.rn

    1. Прво користете основа, па потоа коректор

    rnДоколку ставите прво коректор, кога ќе ја нанесувате основата ќе избришете поголем дел од коректорот. Но ако прво ја нанесете основата, ќе ви биде потребно помалку коректор.rnrn1-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_rn

    2. Најдобар начин да нанесете коректор е да нацртате триаголник чија основа ќе биде линијата под вашето око, а врвот ќе се стреми кон вашиот образ

    rnНа овој начин не само што ќе ги сокриете подочниците, туку и ќе создадете илузија на многу затегнато лице.rnrn2-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_rn

    3. Нанесете коректор на очните капаци за да спречите бришење на сенката и трошење на вашите трепки

    rnКоректорот може дури и самостојно да послужи како сенка.rnrn(3)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    4. Доколку сакате да ги покриете акните, прво користете зелен коректор, а потоа нанесете го коректорот кој одговара на вашата кожа

    rnЗелениот коректор нанесете го точно над акните со чиста четкичка, но не и околу. Потоа искористете го памукот од чепкалката за уши така што со него ќе го нанесете коректорот во боја на вашата кожа врз акните и околу. За крај нанесете ја и пудрата.rnrn4-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_rn

    5. Доколку имате акни на градите или на грбот, нанесете коректор кој совршено одговара на вашата кожа директно врз нив, а потоа нанесете соодветна нијанса на пудра

    rnКоректорот ќе го покрие црвенилото, а пудрата ќе спречи коректорот да се избрише.rnrn(5)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    6. Доколку во даден момент немате коректор со себе, нанесете мала количина од течната основа врз акните, почекајте да се исуши и потоа довршете со пудра

    rnТрикот е во тоа што доколку чекате доволно долго да се исуши основата, таа ќе го има истиот ефект како и коректорот. Во спротивно ќе покрие многу мала површина бидејќи ќе се размачка кога ќе почнете да нанесувате пудра.rnrn(6)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    7. Користете коректор кој е за нијанса посветол од вашата кожа за да покриете три мали области од очите: внатрешното V, средниот дел од вашиот очен капак и делот точно под вашите веѓи

    rnДоловува изглед на добро одморена личност и делува многу природно.rnrn(7)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    8. Со прстот до малиот прст нанесете портокалова или праска боја коректор на вашите подочници

    rnПрстот до малиот прст ќе го нанесе коректорот со доволен притисок за тој совршено да се вклопи во вашата кожа, а овие нијанси на коректор ќе ги покријат темните кругови под вашите очи. Над ова се нанесува пудра.rnrn(8)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    9. Запознајте се со тоа кои нијанси на коректор за што се користат

    rnРозевкаст или праска боја коректор е за подочници или модрици, зелениот е за криење на црвенило, а жолто нијансираните коректори се за да ја изедначат бојата на вашето лице.rnrn9-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_rn

    10. Покријте ги подуените очи со мала мешавина на крем за очи, коректор и течна сенка

    rnИзмешајте ги состојките на надворешниот дел од вашата дланка и потоа мешавината нанесете ја под вашите очи, над вашите веѓи и на страничниот надворешен дел од очите за да ја скриете подуеноста на очите.rnrn10-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_rn

    11. Откако ќе го нанесете коректорот, потапкајте ја областа со суво хартиено марамче за да спречите негово згуснување токму под вашите очи

    rnСо марамчето ќе успеете лесно и брзо да го избришете непотребниот слој на коректор кој само би се наталожил под вашите очи.rnrn(11)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    12. Изострете ја линијата нанесена со тушот за очи така што ќе користите тенка четка натопена во коректор

    rnОва е многу полесно отколку да го бришете тушот и одново да го нанесувате.rnrn(12)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    13. Истакнете го карминот и спречете тој да се размачка така што околу усните ќе нанесете тенка линија од коректор

    rnВашите усни после ова ќе изгледаат многу изострено, секако, во позитивна смисла.rnrn(13)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    14. Истакнете ги вашите усни со нанесување малку светол коректор и сјај за усни

    rnНанесете светла нијанса на коректор на средината на вашите усни, потоа лесно размачкајте го тоа околу и на крај нанесете скоро проѕирен сјај за усни кој совршено ќе го долови изгледот на полни усни.rnrn(14)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    15. Сменете ја формата на вашите усни така што прво ќе ги покриете со коректор и потоа ќе нанесете молив за усни малку понадвор од вашите природни уснени линии

    rnОткако ќе го нанесете коректорот користејќи чепкалка за уши, го нанесувате моливот за усни и финиширате со сјај за усни во истата нијанса како и моливот кој го користите.rnrn(15)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    16. Истакнете ги веѓите така што коректорот ќе го нанесете под и над веѓите

    rnКористите коректор кој е за една нијанса посветол од вашата кожа, а кој го изедначувате со кожата со прстот до малиот прст.rnrn(16)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    17. Исконтурирајте ги цртите на вашето лице користејќи коректор кој е за две нијанси потемен од вашата кожа и коректор кој е за две нијанси посветол

    rnЗа ова е пожелно да користите молив-коректори така што потемниот го користите за да ги означите деловите од лицето кои се природно засенети, а посветлиот за оние кои се природно осветлени. Потоа користете четка за изедначување на нијансите.rnrn17-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_rn

    18. Истакнете ја клучната коска така што ќе ги исправите рамениците и ќе ги истакнете природните контури со коректор кој е за две нијанси потемен од вашата кожа, а потоа ќе ги осветлите со коректор кој е за две нијанси посветол

    rnПотемниот коректор го користите за да ги означите деловите кои се засенети, а посветлиот за оние кои се поистакнати. Со четка или сунѓерче изедначете ги нијансите притоа елиминирајќи ја видливоста на какви било груби линии.rnrn(18)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    19. Направете хидратантен крем за лице мешајќи ги вашиот дневен лосион за лице и коректорот

    rnОваа мешавина не само што ќе ја хидрира вашата кожа, туку и ќе ги изедначи нијансите на вашето лице.rnrn19-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_rn

    20. Чувајте повеќе нијанси на коректор во вашиот несесер со шминки

    rnБидејќи за секаков тип проблеми со кожата ви е потребна различна нијанса на коректор, убаво би било кога би го имале соодветниот коректор за соодветната прилика.rn

      rn011

    • Кремастиот коректор е за сокривање на црвенило и подочници и дава мат финиш.
    • rn011

    • Коректорот во вид на цилиндар е за сокривање на тетоважи, вени, лузни и задава мат финиш. Кармин коректорот е за сокривање на црвенило.
    • rn011

    • Коректорот како молив задава полумат финиш, а е погоден за исцртување на контури.
    • rn011

    • Течниот коректор е погоден за областа под очите и за изедначување на нијансата на кожата.
    • rn011

    • Течниот коректор со сунѓерче е погоден и за осветлување, а е лесно вклоплив.
    • rn011

    • Течниот кармин коректор е погоден за круговите под очите и ја намалува подуеноста на очите.
    • rn011

    • Течниот коректор во облик на пенкало е погоден поради веќе постоечката четкичка која покрива средно големи области околу очите.
    • rn

    rn20-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_

  • Домашна паста која ги сокрива подочниците

    Домашна паста која ги сокрива подочниците

    Темните кругови под очите се една од најчестите промени на лицето со која се борат многу жени. За среќа, покрај со шминка, подочниците можете многу едноставно и ефикасно да ги елиминирате со помош на евтина паста која можете да ја подготвите сами. Еве како.rnrndomashna-pasta-koja-gi-sokriva-podochnicite-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Свежи ливчиња нане
    • rn011

    • Маслиново или бадемово масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Ливчињата нане измијте ги и ставете ги во аван со толчник, па потоа додајте пола лажичка масло.
    2. rn011

    3. Сè заедно добро изгмечете, додека не добиете густа паста. Ако се работи за поголема количина употребете рачен миксер или блендер.
    4. rn011

    5. Пастата нанесете ја на подрачјето околу очите и оставете да делува околу 30 минути, а потоа лицето измијте го со млака вода. После третманот нанесете хидратантна крема.
    6. rn

  • Вашето лице открива што сакате во сексот

    Вашето лице открива што сакате во сексот

    Вашите усни, веѓи, очи, па дури и подочниците откриваат какви сте во кревет и што сакате во сексот.rnrnАко сакате да знаете каков е некој во кревет, погледнете му го лицето. Кинезите тоа го практикуваат илјадници години и тврдат дека цртите на нашето лице зборуваат за нашата личност, но и за нашите желби во креветот. Познатиот сексолог Трејси Кокс малку подетално ги проучила древните кинески учења и еве што открила.rnrnvasheto-lice-otkriva-shto-sakate-vo-seksot-kafepauza.mkrn

    Веѓи

    rnМали и ретки: скоро непостоечки интерес за секс, но голем интерес за духовност.rnrnГусти и дебели: многу сексуална личност отворена за нови експерименти, но можеби и за неверства.rn

    Очи

    rnСветли очи: вечно во потрага по нови предизвици, лесно е да го/ја задоволите сексуално, а љубовта малку им значи па затоа не се верни.rnrnТемни очи: страсна личност која ужива во долг и значаен секс, динамит во кревет, обожава секс, но тешко се отвора.rn

    Нос

    rnНапрчен нос: личности кои сакаат романтичен секс и традиционални пози, не ги интересира експериментирање и може да бидат по малку досадни.rnrnПрав или малку грбав нос: обожаваат секс, го сакаат во многу количини и сјајни се во кревет.rn

    Подочници

    rnМали и тенки подочници: личности со огромен сексуален апетит, секогаш подготвени и отворени за сѐ.rnrnДебели и големи подочници: размислуваат многу за секс, имаат јако либидо и сакаат сѐ што е поврзано со сексот.rn

    Уста

    rnГолема уста: несебични љубовници кои сакаат да ја задоволат другата личност, многу потентни. Ако се во прашање и полни усни, сензуалноста е загарантирана.rnrnМала уста: креативни и иновативни љубовници, но брзо достигнуваат оргазам. Посветени се и верни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете си маска од алуминиумска фолија и вашето лице ќе заблеска

    Направете си маска од алуминиумска фолија и вашето лице ќе заблеска

    Сите мислиме дека нема начин да изгледаме добро, доколку утрото кога ќе се разбудиме имаме страшен мамурлак, предизвикан од забавувањето претходната вечер. Сличен изглед, предизвикува и краткиот, недоволен сон. Пиење големи количества вода, помади за хидратација на кожата и еден тон коректори за осветлување на подочниците, се дел од нештата коишто треба да се испробаат, за да не изгледате како вампир во текот на денот.rnrnНо, професионалниот шминкер Реми Гафни предлага еден нов, генијален и креативен трик кој тврди дека ги намалува подочниците, а секој може да си го направи дома. Потребни ви се само кујнска алуминиумска фолија и ножици.rnrnНаправете си маска од алуминиумска фолија и вашето лице ќе заблескаrnrn

    Начин на правење на маската:

    rnПресечете неколку парчиња од алуминиумската фолија, доволно големи за да можете со нив да го прекриете вашето лице. Со ножиците направете дупки за очите и носот, а потоа ставете ги во ладилник околу еден час. Така изладените алуминиумски маски, наредете ги врз лицето, прилагодувајќи ги на неговата форма со притискање. Ладете го лицето 10-15 минути, а потоа отстранете ја маската.rnrnГафни тврди дека оваа маска ги отстранува сите негативни ефекти од мамурлакот врз вашето лице, а воедно може да помогне и за некои бјути проблеми, кои не се поврзани со консумацијата на алкохол. Маската, објаснува тој, е одлична за намалување на отеченоста и црвенилото, смирување на воспалено лице, стеснување на порите и комплетно зацврстување на кожата.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.