Пределите во природата предизвикуваат различни расположенија кај нас, а тие постојано се менуваат зависно од промените на временските услови, периодот од денот или годишното време. Вооружени со палета од бои, уметниците имаат за цел да го насликаат она што го гледаат, или како верен приказ или како поетска интерпретација на расположението што глетката го предизвикала кај нив.rnrn
rnrnПред да биде пронајдена фотографијата, пејсажното сликарство било единствен начин визуелно да се забележи некој предел. Дури во времето на романтизмот, од крајот на 18-от век, на пејсажот му било дадено големо значење. Пејсажот, како таков, станал мотив сам за себе и дури тогаш целосно се искористени можностите што тој ги нуди. Погледнете како изгледаат овие пејсажи насликани и фотографирани.rn
1. Природен мост
rnПриродниот мост во Вирџинија на Дејвид Џонсон од 1960 година, прикажува едно американско чудо на природата. Мајсторската техника и големото внимание што го посветил на деталите, ја прават оваа слика извонредна.rnrn
rn
2. Санти мраз на Антарктик
rnОваа прецизно изработена слика е дело на Иван Ајвазовски од 1870 година. Инспирација за оваа слика му биле експедициите кои ги водел адмиралот Михаил Лазарев од 1788 до 1851 година на Антарктикот.rnrn
rn
3. Бел Ил
rnСлужејќи се со кратки потези карактеристични за импресионистичката техника, Клод Моне ја уловил светлината на немирното море на сликата Карпата Бел Ил (1886 г.) крај брегот на Бретања.rnrn
rn
4. Јелоустоун
rnВо 1871 година Томас Моран ù се придружил на геодетската екипа која одела во Јелоустоун на Карпестите Планини. Неговите слики помогнале во убедување на Конгресот да го прогласи Јелоустоун за прв национален парк во Америка.rnrn
rn
5. Фингалова пештера
rnСликарот Тарнер ја посетил Фингаловата пештера на островот Стафа во Шкотска во 1831 година. Врз него, најсилен впечаток оставил облакот што бил растргнат од ветрот во предвечерјето.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.