Можеби идејата да преспиете во пештера, не ви звучи привлечно, но откако ќе го видите овој хотел во Кападокија, Турција верувам дека многу брзо ќе го промените вашето мислење. Хотелот „Yunak Evleri“ е сместен во огромна карпа и нуди асортиман од 6 различни видови куќички сместени во пештери и 30 видови соби кои датираат од петтиот и шестиот век.rn
Секоја од собите е уредена така што не ја нарушува природата околу нејзе, а сепак има модерен шмек. Љубезноста на персоналот и комфорноста на хотелот, го прават ова место идеално за одмор и релаксација. Ќе се опиете од прекрасната традиција и историја на овој народ, а искуството и пријатните мигови засекогаш ќе ви останат врежани во вашите спомени.










rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Tag: пештера
-

Величествениот пештерски хотел во Турција
-

Мермерните азурни пештери
Гостински пост: Лео НаневскиrnrnВо средината на Патагонија се наоѓаат магичните подземни азурни пештери. Неверојатните релјефи со сина боја, прават овие пештери да изгледаат како насликани од сликар-велемајстор од земјата на џиновите.
Познато како „Генерал Карера“, прекрасното езеро кадешто се наоѓаат пештерите, е токму на границата помеѓу Аргентина и Чиле. Езерото има сончева микроклима, па и покрај тоа што се наоѓа во предел каде што е вообичаено студено, луѓето овде можат да се рекреираат со пливање или пак да ги истражуваат убавините на пештерите.
Пештерите се едни од чудата на мајката природа, со стрмни карпи од мермер чии седименти (наслаги, талог) им ја даваат таа магично-волшебна боја. Самата вода полека насипувала песок на карпите при што се формирале мали и големи простори. Пештерите можат да се истражуваат со помош на брод само во одредени периоди од годината кога нивото на водата е доволно ниско.
Познати како „Las Cavernas de Marmol“ (Мермерни пештери), меѓу мештаните се користат уште 3 специфични имиња за некои од нив: Пештерата, Катедралата и Капелата.
Мермерните пештери се состојат од издадени карпи под кои тече крвоток од чист мермер, почнувајќи од едната страна на езерото Карера, па сè до Пуерто Транкило на другата, северната страна. Делови од езерото, како Капелата и Катедралата се означени како природни светилишта и можат да се посетуваат во текот на целиот летен период.
Блоковите од карпи над пештерите се во бело-сива боја, на кои се забележуваат сини линии, кои кулминираат со дивите, прекрасно чудесни бои на самото дно. Една од причините за загриженост во регионот е планот на Чиле да изгради пет хидроелектрични брани во Патагонија. Со ова би го загрозиле животот на многу уникатни и загрозени видови во регионот, а би го нарушиле текот и на сите прекрасни езера во околината, вклучувајќи го и езерото Карера, кое во Аргентина се нарекува „Lago Buenos Aires“. Постои и јавно граѓанско движење кое се обидува да го спречи градењето, а со тоа и уништувањето на околината.
Овие уникатни пештери можеби не се толку добро познати, но се убави како и некои од светски познатите географски чуда и со сигурност си го заслужуваат местото помеѓу нив. За крај можеме само да се надеваме дека потенцијалните хидроцентрали нема премногу лошо да влијаат на овие езера и ќе бидат достапни за луѓето да продолжат да им се восхитуваат.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

7 помалку познати светски чуда
Сите ние сме запознаени со големите чуда на светот, било да се остатоци од антички времиња или модерни структури. Кога ќе се спомне поимот светско чудо прво што ни паѓа на памет се пирамидите во Гиза, Таџ Махал во Индија и големиот кањон на Колорадо. Но зборот чудо, кога се работи за светските чуда, не мора да се употреби само за најголемите светски чуда. Има места во светот што се волшебни и пленат со нивната убавина, а се помалку познати. Еве листа на 7 од нив.rn.rn
1. Манастирите Метеора во Грција
rnВосхитувачки, манастирите Метора се уште познати како „висечки карпи“ и претставуваат голем и значаен комплекс на православни манастири во Грција. Шест објекти, изградени на врвот на природните варовнички карпи, прават прекрасна глетка. Овие манастири се изградени меѓу планината Пинд во централна Грција и очигледно биле наменети да бидат дефанзивни објекти, бидејќи пристапот до нив е многу тежок. За да стигнете до нив потребни ви се скали или влечни лифтови. Секако во денешно време сето тоа се изведува многу полесно.
rn2. Оризови тераси во Филипини
rnНа површина од преку 4.000 квадратни милји и на надморска висина од 1524 метри во планините на Ифуаго, ќе најдете нешто што локалното население го нарекува осмо светско чудо: оризови полиња во форма на слоеви, кои биле изработени рачно и ненамерно. На нив се одгледува ориз најмалку 2.000 години. Античките народи што живееле на Филипините ги изработувале овие тераси постепено, во текот на бројни генерации. Водата за наводнување се пренесува преку систем за наводнување, а се добива од локалните дождовни шуми кои се наоѓаат над нив. Луѓето денес, на нив одгледуваат и бројни земјоделски култури, а се верува дека ако може сите тераси да се подредат во една линија ќе може да се заобиколи целиот свет. Навистина неверојатно.
rn3. Камената тврдина Сигирија во Шри Ланка
rnИзградена преку 1.500 години, за време на владеењето на кралот Касапа (477-495), Сигирија уште позната како „карпата на лавот“ е древна тврдина која е сместена на островот Шри Ланка. Таа е голема туристичка атракција, која е опкружена со огромни градини и ливади. Сигирија е една од седумте светски наследства на островот вреднувана по своите фрески, слични на овие во пештерите на Ајанта во Индија. Многу историски записи укажуваат на тоа дека Сигирија функционирала како карпест манастир од 5 век п.н.е.
rn4. Кулата на Херкулес во Шпанија
rnОваа кула се верува дека постоела од 2 век па наваму. Се претпоставува дека е изградена од римскиот инженер Севиус Лупус. Светилникот е висок 180 метри и гледа на север на атланскиот брег на Шпанија. Во 1788 година кралот Карлос VI направил фасада на кулата, која е задржана и до денешен ден. Кулата е најстариот функционален објект изграден од Римјаните.
rn5. Пештерите Ајанта во Махараштра, Индија
rnПредходно споменати во описот за Сиригија, овие пештери имаат големо религиозно и културно значење. Овие прекрасни пештери се засолниште на извонредни детални слики и мозаици што припаѓаат на Будистичката верска уметност. Пештерите биле окупирани во 2 век, а 300 години подоцна биле напуштени. Така напуштени без никакво присуство на човек стоеле 1.000 години, се додека во 1819 година еден британски офицер од армијата Мадрас не ги пронашол и тоа сосема ненадејно, додека ловел. Овој офицер Смит, со откривањето на овие пештери оставил огромно наследство за идните генерации.
rn6. Торун – стариот град во Полска
rnТорун е средновековен град, родното место на Никола Коперник. Археолозите го пресметале точното населување на овој град и тоа се случило во околу 11оо година п.н.е, додека од 7-13 век луѓето се населувале покрај течението на реката. Во 1231 година, тевтонските витези изградиле преубав замок, во близина на градот, а 30 години подоцна него го населиле францискијански монаси. Во 1280 година, градот се приклучува кон Хазанската трговска лига, со што станува важен средновековен трговски центар.
rn7. Баган – антички град во Бурма
rnМандалај е дел од полуостровот Бурма и во него се наоѓа волшебниот антички град Баган. Тој бил антички центар на повеќе царства. Баган претставува единственото светско чудо што не припаѓа кон листата на светски наследства, бидејќи локалитетот не бил реставриран во согласност со верните архитектонски стилови. Наместо тоа биле користени модерни материјали кои не изгледале баш убаво, во целост. Како и да е, ова е помалку познато светско чудо, но вреди да се посети.
rnrn
rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Водопадот што паѓа во пештера
Водопадот Батар се наоѓа во Либан и е откриен во 1952 година. За него може да се каже дека е повеќе од невообичаен. Ако се вели дека водопадите си имаат свои трикови, Батар има извонреден трик: водата паѓа 255 метри во огромна пештера која датира од времето на диносаурусите.rnrn
rnrnОвој водопад е лоциран на планината Траил, а амбисот во кој паѓа се нарекува „бездната на трите моста“. Своето име го добил заради тоа што за да се стигне до неа се поминува преку три природно настанати моста. Бидејќи висината на овие мостови е голема, имало предлог да се изработат заштитни огради и да се користи опрема при шетање покрај водопадот. За среќа, властите на Либан ја отфрлиле таа идеја бидејќи секоја додатна заштитна опрема би ја деградирала оваа најзабележителна геолошка формација.rnrn
rnrnДенот на откривањето на оваа пештера е ден за помнење, денот кога францускиот био-спеолог ја откри оваа извонредна дупка. Чудно е колку време било потребно да се пронајде оваа природна убавина со оглед на тоа дека е многу блиску до селото Balaa и градот Tannourine.rnrn
rnrnМожеби, бидејќи е затскриена во убавите планини и поради волшебниот поглед кој ќе ве обземе одејќи низ ливадата, никогаш не би претпоставиле што се крие на крајот на прошетката. Истата година локалната патрола го испитала дното на пештерата, но дури после 30 години е забележано ова место на мапа.rnrn
rnrnЈура-варовникот на дното на пештерата е стар повеќе од 160 милиони години. Формирањето на овие варовници е од витално значење за локалитетот. Постојаното присуство на вода низ милениумите, допринело за добивање на формата која пештерата ја има денес.rnrn
rnrnНајвисокиот мост настанал прв, а потоа со серија циркуларни и вертикални ерозии во комбинација со распаѓање на карпите настанале средниот и долниот мост. Дури и денес не се знае целосно за настанувањето на пештерската дупка, но нема ни да се дознае, сè додека тече вода во неа. Најдеструктивни се зимските мразулци, кои кога снегот се топи, предизвикуваат отцепување на крупни делови по ѕидовите на пештерата.rnrn
rnrnНа самиот локалитет има знаци кои им укажуваат на туристите да бидат внимателни и да не се приближуваат премногу по ивицата, бидејќи тлото е лизгаво и може да дојде до паѓање во бездната, повреди и смрт. Исто така, шетањето по средишниот мост е забрането бидејќи е најнесигурен и има опасност од рушење земајќи ја предвид додатната тежина од туристите. Времетраењето на овој прекрасен локалитет може само да се претпостави со оглед на секојдневните ерозии кои се случуваат. Па затоа, ако некогаш патот ве води накај Либан, посетете го овој водопад додека е сè уште таму. Нема да зажалите.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Куќи издлабени во карпи
Во најчудниот бајковиден пејсаж, камени конуси и пирамиди се издигнуваат од голите рамнини. Волшебните бои (пастелна крем боја, розова, црвена, сина) на пределот Кападокија, Турција ја прават тамошната атмосфера уште поневеројатна.

Пештерите издлабени во Капдокиските куполи или стрмнини служеле како удобни куќи. Во нив температурата во текот на целата година останувала речиси иста, штитејќи ги жителите од летните горештини и зимското студенило.
На одредени места имало многу пештери: во Учисар, во лавиринтот од простории издлабени во големата карпа можеле да живеат дури илјада луѓе.
Населбите на многу Кападокијци биле скриени и се наоѓале во големи подземни градови. Длабоко во земјата, многубројните лавиринти со многу простории биле поврзани со тесни тунели и скали по кои од едно ниво можело да се премине на друго.
Се проценува дека во градот Деринкуј живееле 20.000 луѓе, во населба со 20 нивоа. Деринкуј, инаку, значи „длабок бунар“. Градот се состоел од простории за живеење, заеднички кујни и отвори за вентилација и вода, а во него имало и преса за вино, подруми, штали со јасли за хранење добиток, цркви, па дури и гробишта.
Просториите биле осветлени со светилки на масло. Во случај на опасност, до влезот во тунелот можело да се дотркалаат големи тркалезни камени блокови со кои градот можел целосно да се затвори.

-

Спектакуларните пештери и карпи на островот Стафа
Островот Стафа се наоѓа во Шкотска и е познат по неговите уникатни геолошки карактеристики, како што се многуте пештери и чудните форми на базалт (многу тврда вулканска карпа). Овој извонреден мал остров, се наоѓа југо-западно од островот Улва, и е еден од најмалите во надворешните Хебриди.rn
Најпозната пештера на островот е „Пештерата на Фингал“ (Fingal’s Cave), која се наоѓа во неговиот јужен дел. Големата морска пештера е висока 20 метри и долга 75, а формирана е од шестоаголни базалти.rn
На почетокот на 18-иот век, островот бил населен и имал околу 16 жители, но нивното место денеска го заземаат морски птици и туристи. Островот станал познат доцна во 18-иот век, кога бил посетен од Сер Џозеф Банкс (познат Британски ботаничар). Тој заедно со неговите придружници биле воодушевени од неверојатната природа и прекрасните базалти, но и од главната пештера на островот која Банкс ја нарекол „Пештерата на Фингал“.rn
Овој остров во историјата бил посетен и од други истакнати личности, како што се кралицата Викторија и принцот Алберт, Жил Верн, д-р Давид Ливингстон, Сер Валтер Скот и други.rn







-

Ноќен клуб инспириран од ледените пештери
Автор: Марија СмокварскаrnrnElia Felices е дизајнер на ентериер од Шпанија која може да се пофали со нејзиниот голем успех – ноќниот клуб La Cova, кој се наоѓа во Матаро, близу Барселона.
La Cova располага со 500 квадратни метри во кои се сместени гардероба, место за танцување, 2 бара, место за диџеј и секако, простор за седење со ултра модерно дизајнирани сепариња. Сите соби се спојуваат во една правоаголна просторија која овозможува убаво распределување на гостите и помали шанси за метеж.
Основната идеја на дизајнерката била создавање на диско кое потсетува на ледена пештера во центарот на градот, за на крајот и да го создаде. Целиот ентериер е во знакот на мразот: украсите, осветлувањето, облиците, боите и др. Од таванот висат две големи светилки кои потсетуваат на мразулци. Друг извор на светлина се светилките кои произлегуваат од подот во облик на камења.
Elia Felices сакала да го истакне едноставниот дизајн со многу променливо осветлување. Бојата на осветлувањето е една од главните карактеристики на La Cova. Главниот влез е осветлен како полумесечина за да привлече внимание кај минувачите. Белите ѕидови се декорирани со цртежи со сини цветови кои даваат специфичен изглед на просторијата. Подиумот е изработен од издигната плоча во која се наоѓаат LED светилки кои ја менуваат бојата.
Заклучокот кој се добива од ова место е дека овој ноќен клуб нуди многу забава, па ако некогаш сте во близина на Матаро, би било добро да го посетите. Еве уште една додатна информација: за разлика од кај нас, во La Cova има одредени простории за пушачите така што и да го посетите овој клуб зиме, нема да мрзнете пред врата пушејќи ја вашата цигара 🙂




rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn