Пештерите Waitomo Glowworm се светска позната атракција која се наоѓа на Нов Зеланд. Станува збор за спектакуларен природен феномен кој се состои од подземни пештери полни со илјадници сини светла – Arachnocampa Luminosa, еден вид на биолуминисцентни црви.rnrn
rnrnСветлечките црви привлекуваат милиони туристи секоја година, што ги прави пештерите Waitomo Glowworm една од најпосетуваните туристички дестинации во Нов Зеланд. Пештерите нудат уникатно искуство кое не треба да се пропушти доколку планирате да го посетите островот.rnrnПештерите Waitomo Glowworm се природно чудо создадено од силите на водата и времето. Биле формирани во текот на милиони години додека подземна река го издлабила својот пат низ варовничките карпи. Денес, посетителите можат да ги истражуваат пештерите и да им се восхитуваат на уникатните форми, вклучувајќи сталактити, сталагмити и подземни водопади.rnrnПостојат многу причини зошто да ги посетите пештерите Waitomo Glowworm. Се работи за сосема уникатно искуство кое нема да го најдете на друго место во светот. Но, освен тоа, посетата на пештерите е можност да се поврзете со природата и да се восхитувате на чудата на природниот свет. Без разлика дали сте искусен авантурист или само барате ново искуство, овие пештери сигурно ќе ве импресионираат.rnrnОткако прочитавте за овие спектакуларни пештери, можеби ќе сакате да прочитате и за преубавиот модерен хотел сместен во стара италијанска пештера.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Tag: пештера
-

Спектакуларен природен феномен: Светлечки пештери на Нов Зеланд
-

Пештерата Џара: Едно од најмагичните места во египетската пустина!
Тивка, мистична, украсена со сталактити и сталагмити, египетската пештера Џара (на некои места е позната под името Гара) е едно од скриените богатства во земјата на фараоните.rnrn
rnrnПештерата која е широка околу 30 метри и висока околу 8 метри, е лесно достапна за посетителите (само внимавајте да не ја удрите главата кога влегувате). Од таванот на пештерата висат прекрасни примероци на сталактити и сталагмити, но она што посебно го привлекува вниманието се цртежите кои датираат од неолитот. Токму тие цртежи служат како потсетник на една друга епоха кога Сахара била зелен дом, населена со диви животни и ловци. Еден од најчестите мотиви се токму газелите, па затоа главната просторија го носи името „Ходникот на газелите“.rnrn
rnrnПештерата била откриена во 1873 година од страна на германскиот истражувач Герхард Ролфс кој поминал три месеци во пустина, а своите впечатоци од патувањето ги опишал во неговата книга „Три месеци во либиската пустина“. Еве што запишал за пештерата: „Одеднаш камената пештера се појави пред нас. Нејзината убавина и грандиозност ги надминаа сите наши очекувања. Сталактити со големина од еден метар висеа од таваните формирајќи елегантна завеса, создадени од водата која некогаш течела низ ова место, а која веќе ја нема.“rnrn
rnrnПо овој настан, пештерата паднала во заборав сè до 1989 година кога повторно ја „открил“ истражувачот Карло Бергман. На ова место ги истражувал карванските рути во друштво на својата камила.rnrnЏара е дел од западната пустина, египетскиот дел на Сахара кој е именуван по неговата позиција во однос на реката Нил, а кој се протега сè до границата со Либија. Тука е и последната станица на т.н. карванска рута Дарб Асиут која ги поврзувала градовите Фарафра и Асиут.rnrn
rnrnСе работи за една од ретките пештери во Египет, затоа ако патот ве однесе натаму не пропуштајте да ја посетите. Доколку сакате уште повеќе да уживате во пустинскиот пејзаж, посетете ја црно-белата пустина позната по необични карпести формации и мали црни ридови, како и оазата Сива, древен град познат како „земјата на палмите“. Верувале или не, ова пустинско чудо било напуштено поради обилните дождови.rnrnОткако прочитавте за пештерата Џара, можеби ќе сакате да прочитате и за преубавиот модерен хотел сместен во стара италијанска пештера.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Најубавата џунгла од камени кули
При споменувањето на американските национални паркови, ние главно замислуваме величествени кањони, необични карпести формации и огромни шуми кои кријат дрвја стари илјадници години. Националниот парк Брајс Кањон не е исклучок. Сместен е во сојузната држава Јута, на надморска височина од скоро 3.000 метри и привлекува повеќе од милион посетители годишно.rnrn
rnrnИ покрај тоа што се нарекува кањон, тоа не е она на што прво помислувате кога ќе го слушнете зборот кањон. Овие се повеќе камени „амфитеатри“ врежани во карпите, длабоки 150 метри. Често се нарекува џунгла на камени кули. Карпите се претежно црвеникави и кафеави, а изгледаат особено убаво во раните зори или пред зајдисонце.rnrnАко патувавме милиони години во минатото, ќе најдевме огромно езеро на ова место, во скоро целата држава Јута. Сè што гледаме денес беше под вода, а кањонот се формираше постепено, со дејство на вода, кал, песок. Се верува дека луѓето живееле тука пред 10 000 години, а до неодамна во оваа област живеело индиско племе. Индијците имаа посебни верувања во врска со камените формации: тие верувале дека станува збор за луѓе кои биле претворени во камен од измамникот Којот.rnrn
rnrnОвој кањон е едно од ретките места во светот каде сè уште ќе најдете пума. Веројатно нема да ја најдете лично, па не мора да се грижите за безбедноста – но убаво е да се знае дека нашла засолниште во скриените делови на кањонот. Гостите наидуваат на елени, лисици, диви мачки, но и ретки борови, кои се едни од најстарите видови дрвја во светот. И тие сигурно ќе уживаат знаејќи дека овде генерално нема екстремни температури – најубавиот период за пристигнување е од пролет до есен, а летните температури се пријатни 25 степени. Можете, исто така, да изберете дали сакате да пешачите или да возите низ кањонот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и кои се 5-те најдобри места за возење велосипед во Европа. -

Кревет во скриена пештера каде едно ноќевање чини 180 евра
Пред 600 години, оваа скриена пештера во близина на Седона, во американската држава Аризона беше дом на Индијанци, а денес е достапна за истражување за сите заинтересирани кои се подготвени да платат за ова незаборавно искуство.rnrn
rnrnПештерата се наоѓа на приватен имот среде пустината и близу до засолниште за волци. Точната локација ќе им биде дадена само на оние кои ќе го резервираат своето место преку онлајн-платформата Airbnb по цена од околу 180 евра за една ноќ. Покрај пештерата, имате пристап и до просторија со бања. Направени се минимални модификации за живеење за да се зачува автентичноста на местото. Постои спална соба со кревети за вкупно четири лица. Забрането е носење чевли во внатрешноста на пештерата, како и слушање гласна музика.rnrnТука се живее во хармонија со природата и се јаде исклучиво вегетаријанска храна. Поради предизвикувачкиот терен, односно ненадејните подеми и падови во близина на пештерата, забрането е пиење алкохолни пијалоци. Од безбедносни причини е забрането да се пали оган на имотот, но и да се носат мали деца. Ова место е особено препорачливо да го посетите во текот на летото кога температурите во пештерата можат да бидат постудени отколку во останатата топла Аризона.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за ова шармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магариња. -

Пештера во Кападокија која е вистински хит: Зошто секој е подготвен да плати цело богатство за да спие тука?
Хотелот Koza Cave е еколошки хотел со 10 спални соби во срцето на Кападокија во Турција. Десетте луксузно опремени соби со двокреветни кревети, тушевите и сауните нудат вистинска пауза од бучавата. Секоја соба има бесплатен интернет, чај или кафе. Некои соби исто така нудат камини, како и приватни тераси.rnrnИсклучително фотогеничен, привлечен и тивок, хотел-пештерата нуди сè што му треба на модерен човек.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие фотографии од магичната Кападокија во Турција што ќе ве остават без здив. -

Кој е најубавиот остров во светот?
Познатото списание „Condé Nast Traveler“, го избрало најдобриот остров во светот. Тоа е островот Саиргао кој се наоѓа на Филипините. На овој остров можете да пронајдете раскошни шуми, величествени пештери и идеални места за нуркање.rnrn
rnrnИ покрај убавините на овој остров, сепак тој не е преплавен со туристи, бидејќи е многу тешко да се стигне до него. На далечниот остров кој има 10.000 жители, може да се стигне само со брод или со мал авион. Но, откако ќе ги погледнете фотографиите од него, ќе сфатите зошто тој се смета за најубавиот остров во светот!rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnАко овој остров ви изгледа премногу далеку, не грижете се. Можеби некој од овие прекрасни острови во Европа би биле многу подобар избор за вашето овогодишно летување…rnМиконос, Грција
rn
rnКрит, Грција
rn
rnПарос, Грција
rn
rnИшија, Италија
rn
rnИбица, Шпанија
rn
rnrnПогледнете ги и овие 20 помалку познати острови кои секој треба да ги посети во текот на животот. -

Некој продава неверојатен дом скриен во пештера
Барате ново место за живеење, но старите четири ѕида и покрив ви се здодевни? Најлуксузната пештера во светот сега е на продажба и може да биде ваша.rnrn
rnrnЛоцирана на тивко место во Арканзас, Америка, пештерата оригинално била изградена како бункер, но била реновирана и преправена во луксузен хотел.rnrn
rnrnМоже да смести до 8 луѓе во подземен лавиринт од сталагмити и сталактити. Има свој водопад, па дури и хелидром за оние кои се брзаат. Цената за една вечер е околу 1.000 евра.rnrn
rnrnСопственикот решил да го продаде ова ремек-дело и оној што ќе го купи може да прави со него што сака. Суперхероите и негативците од Џејмс Бонд сигурно ќе бидат заинтересирани. Но ако сакате малку оддалеченост, природа и цела мрежа пештери за истражување, можете да почнете со наддавање од 2,5 милиони евра.rnrn
rn„Сместен во вистинска пештера, овој дом ја има секоја модерна удобност, а истовремено ја зачувува и пештерата околу него“, изјавил сопственикот.
rn
rnrnДали би сакале да живеете во ваква пештера?rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Постои голема пештера во Кина, со училиште и терен за кошарка, каде што живеат 100 луѓе
Селото Жонгдонг во провинцијата Гуејџоу, Кина, се верува дека е единствената населена природна пештера во државата. На 1.800 метри надморска височина, до пештерата може да се пристапи само со едночасовно искачување, па токму поради таа причина и оваа заедница се бори за да преживее. За работите да бидат уште полоши, владата тврди дека „Кина не е општество од пештерски луѓе“, па го затворила селското училиште во рамките на пештерата уште во 2011 година. Сега децата мора да одат и до 2 часа за да пристигнат до едно од другите околни училишта.rnrn
rnrnСо цел да се подобри живеалиштето на селаните, старешините се обидуваат да се изборат за изградба на патишта кои ќе ја поврзат пештерата со инфраструктурата која веќе постои. И покрај тоа што Жонгдонг има пристап до телевизиски програми, како и до одредени весници, сепак селото останува исклучено од надворешниот свет.rnСе верува дека тоа е последната заедница која живее во пештера во Кина
rn
rnНа 1.800 метри надморска височина, се пристигнува до пештерата преку едночасовно искачување
rn
rnТие дури имале и училиште сè додека не се затворило од страна на владата
rn
rnСекоја недела, тие одат до најблискиот маркет, кој е на 15 километри оддалеченост, пешки
rn
rnВо пештерата има и терен за кошарка
rn

-

Вечерајте со неверојатен поглед во ресторанот изграден во внатрешноста на оваа пештера!
Што е поромантично од вечера со свеќи покрај морето? Вечера со свеќи во пештерски ресторан изграден во карпите на италијанското крајморје. Хотел ресторанот Grotta Palazzese е сместен во внатрешноста на пештерите крај градот Полигнано а Маре во јужна Италија. Но, тука не само што вечерате во пештера, туку можете и да се восхитувате на прекрасните погледи на јадранското море и вертикалните карпи типични за ова подрачје.rnrn
rnrnЛокацијата е населена уште од периодот на неолитот и некогаш била грчка колонија. Се претпоставува дека ресторанот функционирал и се користел уште од 1700-тите години кога локалното благородно население се собирало за формални пригоди. Погледнете колку неверојатно изгледа ова место.rnrn -

11 неверојатни локации кои нема да верувате дека се реални
Автор: Ана ПетровиќrnrnОд бизарни Африкански острови до потонати бродови на Антарктикот, овие 11 локации се толку магични што ќе се посомневате дека се наоѓаат токму на оваа планета.rn
1. Сокотра, Јемен
rnОстровот Сокотра е место со вонземна убавина, изолиран остров на коj опстојуваат голем број ендемични растенија.rnrnОд дрвја кои растат наопаку па сè до огромни сталактити, Сокотра изгледа како дел од уметноста на Салвадор Дали.rnrn
rn2. Забавен парк Wonderland, Кина
rnВо 1998, Кинеската влада ја прекина изградбата на најголемиот забавен парк во Пекинг, кој беше напуштен повеќе од 15 години пред да биде срушен.rnrnОгромниот замок и полу-завршените реквизити за најмладите, денес изгледаат како сцена од хорор филм од 1980 година. Овој забавен парк често бил користен од страна на локалните фармери кои го употребувале земјиштето за одгледување на житни култури и чување на земјоделската опрема.rnrn
rn3. Мар Сем Фим, Антарктик
rnБразилската јахта Мар Сем Фим (Вечно Море) потона на 7 април 2012 година, за време на патрола на Антарктикот. Екипажот беше спасен за време на потонувањето, а јахтата остана повеќе од година дена 9 метри под морето, сè до почетокот на 2013 година кога беше извадена од тим на нуркачи.rnrn
rn4. Припјат, Украина
rnПред повеќе од 27 години, нуклеарниот реактор во Чернобил експлодира, испуштајќи огромна маса од радиоактивни честички во атмосферата низ цела Источна Европа. Населен од 50.000 луѓе, градот Припјат живее сè до моментот на оваа нуклеарна катастрофа, кога жителите ја напуштаат оваа област.rnrnДенес, Припјат го отсликуваат морничавите слики од Ленин оставени на училишните клупи и напуштеното Ферис тркало, оставајќи впечаток на град на духови.rnrn
rn5. Тианзи, Кина
rnНа прв поглед, планината Тианзи изгледа како сцена од филмот Аватар. Исполнета со варовни столбови кои достигнуваат неверојатна височина, дури и до ниските облаци, оваа планина го нуди најневеројатниот пејзаж на Земјата.rnrn
rnrn








