Во последните неколку месеци со планетите владееше знакот Скорпија. Така, за време на овој период ги истражувавме најскриените тајни на нашата психа и универзумот. Нурнавме длабоко во себе и ги откривавме најскриените делови од нашата потсвест.rnrn
rnrnСкорпијата е знак кој е поврзан со Плутон, па затоа е владетел на подземјето, долните светови, нашата психа и најдлабоките тајни, табуа и опсесии. Последната фаза на знакот Скорпија се смета за „нуклеарна фаза на Зодијакот“, таа е најсилната и најмоќната фаза каде што се случува конечното чистење и интроспекција. Потоа доаѓа преминот кон најоптимистичкиот, највеселиот и најсреќниот знак на Зодијакот, Стрелец, кој се смета за најголем астролошки премин од темнина во светлина.rnrnСимболиката на Стрелец се состои од лак и стрела кои покажуваат кон небото. Се свртуваме кон горните светови, се раѓа светлина и нова надеж. Полни со нови знаења наоѓаме нови решенија, сфаќаме дека не е сè така црно и безнадежно, дека секогаш некаде постојат отворени врати и нови премини. Нè обзема ентузијазам, среќа, нови почетоци, нови мисли и леснотија на постоењето.rnrnСветлината не може да постои без темнината, а од друга страна, ниту темнината и мистеријата можат да постојат без светлина. Знакот Стрелец нè учи дека колку и да трае неволјата, таа ќе помине бидејќи ништо не е вечно. Работите си доаѓаат на свое место, а тагата не може да трае засекогаш. Ја гледаме поголемата слика за сè што се случува во нашите животи.rnrnЗнакот стрелец се поврзува со патувањата бидејќи со запознавање на другите народи и култури, човекот може да ги прошири своите хоризонти и да стекне многу знаење. Освен тоа, целиот наш живот е патување во кое стекнуваме искуства и ја бараме смислата на сè. Кога стекнуваме доволно искуство и стекнуваме многу знаење, имаме потреба да го споделиме ова знаење со други луѓе, па овој знак се поврзува со учењето и наставниците, знаењето и смислата на животот.rnrnЗнакот Стрелец е претставен со симболот на кентаур кој фрла стрела. Кентаурот е половина животно (коњ) и половина човек, што ја претставува животинската природа на човекот, која е составен дел на секој човек, но и стремежот на човекот да сфати дека, освен животинската природа, постојат повисоки знаења и повисоки сознанија кои можат да бидат реализирани преку повисокиот ум. Стрелецот симболизира одредена цел која поединецот сака да ја постигне и кон која е насочен.rnrnСекој човек има некои цели во животот кон кои се стреми, бидејќи кога сме без цел, влегуваме во состојба на резигнација и состојба во која не управуваме со својот живот. Затоа, не е ни чудо што повеќето курсеви за личен развој се фокусираат на учење на поединците да ги дефинираат и постигнат своите цели.rnrnПериодот на Стрелец ќе биде најповолен за луѓето родени во знакот Стрелец, а потоа следуваат и оние родени во Лав, Овен, Водолија и Вага.rnrnОткако прочитавте за владеењето на знакот Стрелец, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Месечината во Стрелец на 23 ноември.rnrnИзвор: atma.hr
Tag: период
-

Од денес почнува владеењето на знакот Стрелец: Што нè очекува во следниот период?
-

Сонцето влегува во знакот на Овен: Ова ќе биде најзначајниот период во животот за овие 3 знаци!
Планетарната виталност и животната енергија влегоа во знакот на Овен на 20 март, така што ќе следи значително подобрување на животот на Овните. Покрај тоа и 2 други хороскопски знаци ќе го почувствуваат влијанието на Сонцето.rnrn
rnrnОд периодот во кој доминираше владеењето на Рибите, преминуваме во период предводен од знакот на Овен кој ќе биде препознатлив по зголеменото ниво на енергија на сите полиња.rnrnОвните, Стрелците и Лавовите најмногу ќе го почувствуваат ова влијание.rnОвен
rnАко сте Овен, сигурно мислевте дека Сонцето во Риби придонесуваше за вашата поспаност кога ништо не ве поттикнуваше да преземете акција, но одеднаш ќе доживеете пресврт. Со доаѓањето на пролетта, сонцето влегува во вашиот знак, што укажува дека ќе станете посигурни, порешителни и енергични. ќе ве нервира инертноста и ќе успевате многу побрзо да ги завршувате обврските. Ќе станете емотивно поотворени и подготвени да започнете нешто ново. Повторно ќе почувствувате зголемена самодоверба, а тоа ќе ви реши многу деловни дилеми.rn
Лав
rnАко сте Лав и по природа вашата планета е Сонцето, тоа значи дека неговото влегување во знакот на Овен претставува осознавање на нови нешта за вас, воспоставување контакти со други земји, но и завршување на некаков судски спор. Младите Лавови ќе имаат успех следниот месец кога станува збор за образованието, а останатите ќе сфатат дека не би било лошо да го усовршат она со што се занимаваат во моментов. Ако имате некакви правни спорови со кои треба да се справите, Овенот нема да може позитивно да влијае на исходите од правните проблеми. Ова е одлично време да донесете нови деловни одлуки, бидејќи сè што ќе замислите ќе ви оди од рака.rn
Стрелец
rnАко сте Стрелец, подготвени сте за акција. Од мирна фаза влегувате во фаза на пролетно будење. Вашата енергија ќе се врати и ќе бидете доминантни во односите со луѓето за кои се грижите. Ако сте имале здравствени проблеми додека Сонцето беше во Риби, знајте дека ќе бидете во далеку подобра форма во наредниот период. Не би било лоша идеја да се активирате и да започнете да живеете поздраво.rnrnМожеби сакате да прочитате и кои 6 хороскопски знаци се најемпатични и чувствуваат сè.
-

Искористете ја наклонетоста на ѕвездите: Од 13. септември на овие хороскопски знаци сѐ ќе им оди од рака
За три знаци од Зодијакот, астролозите имаат многу добри вести. За нив доаѓа период кога ќе можат да кажат дека сѐ во животот им оди во вистинската насока.rnrn
rnrnТоа не значи дека останатите девет знаци ќе патат. Напротив, овој период е генерално поволен за сите, но за три од нив ќе биде најдобар.rnrnУниверзумот ни порачува дека е време да тргнеме напред и конечно да почнеме да ги остваруваме целите кои сме ги зацртале одамна, бидејќи периодов за тоа е повеќе од поволен. Што поскоро почнете да ги менувате навиките, толку побрзо ќе почувствувате подобрување на работите.rnrnПочнувајќи од 13-ти септември па сѐ до 23-ти, максимално искористете ја наклонетоста на ѕвездите. Ова важи за сите знаци освен за трите за кои пишуваме во продолжение, бидејќи тие ќе почувствуваат подобрување без ни малку вложен труд. Нив едноставно овие денови им се смешка среќата.rnДевица
rnСите оние кои се родени во овој знак, можат да се радуваат на овој период. Едно е сигурно – вашиот долгоочекуван сон конечно ќе се исполни, а пред вас се наоѓа пат по кој ќе чекорите со полно срце. Тој пат ќе ве однесе до многу успеси.rn
Бик
rnВо овој период во животот на Биковите ќе се случи важен настан кој ќе влијае на нивниот фамилијарен живот, работата, како и на љубовните односи. Сите осамени Бикови ќе имаат прилика да запознаат многу интересна личност. Големи и значајни работи ќе им се случат и на Биковите кои се во врска.rn
Риби
rnОвие десет дена ќе бидат одлични за личностите родени во знакот Риби. На професионален план и во полето на финансиите ве чека големо и изненадувачко подобрување. Ќе се случи толку брзо и неочекувано што ќе ве затекне и ќе ве остави по малку збунети.rnrnПроверете и за кои знаци цел септември ќе биде најдобриот месец во годината!
-

За овој хороскопски знак летото ќе биде највозбудливиот период од годината!
Припадниците на знакот Овен ќе имаат многу среќа ова лето. Додека на некои летото ќе им помине во работа и досадни обврски, Овните ги очекува еден прекрасен, авантуристички период. Личностите родени во овој знак, конечно ќе остварат некои работи за кои сонувале со години, впуштајќи се во животна авантура.rnrn
rnrnЗдравјето и кариерата ќе им бидат стабилни, па нема многу да се преокупираат со нив и фокусот ќе им биде насочен кон возбудливи авантури. Што се однесува до љубовта, Овните можат сериозно да се заљубат. Најмногу ќе бидат заинтригирани од припадниците на знакот Рак, поради нивната сталоженост и добродушност.rnrnПокрај ова, добри работи ги очекува и во полето на пријателствата, што значи Овните можат да обноват некое пријателство од минатото, но и да склопат некое ново, важно пријателство кое ќе им биде од големо значење во иднината.rnАвтор: Ана Патриклиева
-

Знаете ли кога всушност треба да ги миете забите?
Во усната празнина има стотици различни бактерии кои се размножуваат во текот на денот, и тоа на површината на забите. Ова може да има влијание на имунолошкиот состав и да предизвика воспалителни процеси, доколку не се ослободите од бактериите навреме.rnrn
rnrnНасобраните остатоци од храна, во текот на ноќта се вистинска гозба за бактериите и создаваат совршена подлога за настанување на забен плак. Некои истражувања покажале дека нередовнана хигиена на усната шуплина, покрај проблемите со кариес, може да предизвика и проблеми како болести на срцето, рак и болести на дигестивниот систем.rnШто кажуваат стоматолозите?
rnСтоматолозите советуваат дека најдобро е да ги миете забите одма после будење, односно пред појадокот. На овој начин ќе се ослободите од наслагите кои можат да предизвикаат плак и бактерии. Доколку планирате да ги миете забите после појадок, најдобро е да почекате најмалку 40 минути после оброк.rnrnНекои намирници кои ги консумирате за појадок содржат шеќер и киселина кои ја менуваат рН вредноста на устата, а со тоа ги ослабуваат забите. Киселината може подлабоко да продре во забите и да почне да ги расипува.rnrnПогледнете и кои се грешките кои ги правите при миењето на забите.
-

Кој е најдобриот дел од денот за консумирање овошје?
Кога станува збор за здрава исхрана, постојат два вида луѓе – оние кои сакаат зеленчук и оние кои сакат овошје. Се разбира, постои и сива зона во која спаѓаат луѓето кои ги сакаат и двете, но речиси сите преферираат едно. Ако сте љубители на овошјето, можеби се имате запрашано кога е најдоброто време да го консумирате. Дали постои ограничување или можете да јадете колку што сакате?rnrn
rnrnСигурно родителите и возрасните ви викале да јадете овошје и зеленчук додека сте биле мали. Според Центарот за контрола и превенција на болести или го игнорирате овој совет, или воопшто не сакате овошје. Истражувањата на центарот покажале дека само околу 12% од возрасните во САД ги консумираат препорачаните 2 порции овошје дневно. Кога станува збор за зеленчук, само 9,3% од луѓето го следат советот.rnrnКога ќе земете предвид колку е лесно да се вметне овошјето во секојдневната исхрана, навистина е чудно што луѓето не го консумираат толку често. Но можеби проблемот не е начинот на јадење, туку времето во кое треба да се консумира.rnrnОвошјето содржи многу шеќер, но природните шеќери се многу поразлични од вештачките засладувачи кои се наоѓаат во преработената храна. Имајте го ова на ум ако шеќерите се причина што не јадете доволно овошје. Според Кери Гласман, основач на компанијата Nutritious Life, речиси и да нема доказ кој покажува кој период од денот е погоден за консумирање овошје или неговите шеќери. Она што е важно е видот на овошјето и со што го комбинирате.rnrnНајчесто овошјето се јаде за појадок, како на пример во овошно смуди. Според Џеси Росен, сертифициран тренер за здравје, најдобриот дел од денот за јадење овошје е кога ви е празен стомакот. Па, овошје за појадок е одличен избор.rnrnЕдинственото нешто на коешто треба да обрнете внимание ако појадувате овошно смуди е големината на порцијата. Овој оброк може да содржи многу природни шеќери кои брзо го покачуваат нивото на шеќер во крвта. Како резултат на ова може многу брзо по оброкот да чувствувате глад. За полесно да ги контролирате порциите, најдобро е да го комбинирате овошјето со зеленчук, протеини и здрави масти за да го забавите апсорбирањето на шеќерите.rnrnКога станува збор за ноќна ужина, можете цела вечер да консумирате овошје. Сепак важно е да имате на ум што ви е потребно. Некои видови овошје ви помагаат во спиењето. Бананите и црешите имаат мелатонин, а кајсиите витамин Ц.rnrnЗа да го избегнете консумирањето нездрава храна навечер, најдобро е да го наполните фрижидерот со овошје. На овој начин ќе ја задоволите потребата за благо и ќе го намалите чувството на глад, па нема да посегнете по чоколадо.rnrnПогледнете и кое е најдоброто овошје за совршено смуди. -

8 нешта што ќе ви помогнат кога минувате низ здодевен период во вашиот живот
Дали сте западнале во рутината на возрасните? Дали постојано сте фокусирани на работата и сметките што заборавате на најважното нешто – вие? Кога минувате низ ваков период сигурно сте љубопитни како сте стигнале до таму.rnrn
rnrnСекој нареден ден изгледа како претходниот и потребна ви е промена. Ги следите деновите само според вашите обврски, но не сакате со тоа да ја обележите вашата декада. Ова не значи дека е лошо што животот ви е организиран. Само потребно ви е да направите мала промена за да бидете задоволни и среќни.rn1. Почестете се во ресторан
rnНајдете некој добар ресторан што не сте го посетиле и почестете се вкусна вечера. Кога самите одите на вечера навистина го добивате третманот што го заслужувате. Ќе бидете релаксирани и ќе можете појасно да размислувате за другите делови од животот.rn
2. Одете по нов пат до работното место секогаш кога можете
rnМожеби не можете да го смените работното место, но можете да го прилагодите патувањето дотаму. Ја поврзувате вашата работа со нештата што секојдневно ги гледате по пат. Ако живеете во град пешачете по нов пат. Ако возите до работното место, купете го утринското кафе од друга кафетерија.rn
3. Направете промена во дневната соба
rnНема потреба да се посветувате на фенг шуи или нешто слично, доволно е само да разместите некои работи. Ќе се изненадите како и најмалата промена на животниот простор ќе влијае на вашето расположение.rn
4. Направете нешто што одамна го сакате
rnАко ви е здодевно со сегашната ситуација, сигурно сте заборавиле на нештата што сакате да ги направите во текот на животот. Па, размислете што е она што го сакате и што можете да го направите уште веднаш. Вашата листа на желби е полна со нешта што ќе ве возбудат, а сега ви е потребно токму тоа.rn
5. Испланирајте одмор
rnМожеби животот ви станува здодевен бидејќи се навикнувате да правите едно исто секој ден. Поради ова можеби не се радувате на ништо во иднина. Испланирајте мал одмор што е далеку со месеци. Ова ќе додаде искра во вашиот живот.rn
6. Прочитајте некој бестселер
rnКако што растеме сфаќаме дека читањето не било казна од родителите и наставниците. Читањето го стимулира вашиот ум и ве носи на патувања без воопшто да се поместите од дома. Разгорете ја креативноста со тоа што секој ден ќе прочитате барем по неколку страници.rn
7. Оставете ги електронските направи за момент
rnКога ви е здодевно, што е првото нешто што го правите? Посегнувате по телефонот и се надевате дека ќе најдете нешто забавно. Телефоните и електрониката се можеби главните виновници за здодевноста. Оставете ги, активирајте се и не посегнувајте по нив кога не знаете што да правите.rn
8. Поканете ја на состанок личноста што ви се допаѓа
rnСекогаш е возбудливо да одете на состанок со личност што ви се допаѓа. Ова ве прави нервозни, но на добар начин, ви помага да излезете од удобната зона и го прави вашиот живот позабавен.rnrnЗдодевниот период во вашиот живот е само привремен а вие ги имате сите алатки за да ја вратите возбудата во него.rnrnПогледнете ги и овие совети за подобар живот.
-

6 работи кои сигурно сте ги земале здраво за готово кога сте биле деца
Ниту еден човек не си го цени детството додека не порасне. Сите сме ги земале здраво за готово слободата и безгрижноста што сме ги имале како деца. Сигурно одвај сте чекале да станете возрасни и самите да можете да одлучувате и да правите што сакате без да барате нечија дозвола. Но, сега кога конечно сте влегле во светот на возрасните сфаќате дека работите не се такви какви што сте ги замислувале. Детството е еден волшебен период во кој сите сакаме да се вратиме поради следниве 6 причини…rnrn
rn1. Секогаш сте имале подготвена ужина за на училиште
rnСега нема кој да ви ги подготвува ручеците за на работа или факултет. Вашите родители морале да станат од спиење барем два часа порано пред да одат на работа за да ви подготват појадок и да ви ја спакуваат ужината за на училиште. Вие сигурно не сте ни го забележувале тоа, па дури и сте се жалеле што пак ви направиле ист сендвич како од пред неколку дена. Но, сега сте свесни и благодарни за сѐ што вашите родители правеле кога сте биле деца.rn
2. Сте станувале рано наутро и не сте се чувствувале уморни
rnДецата стануваат во 7 часот секое утро и изгледаат како одлично да се наспале претходната вечер. Ние, возрасните одвај можеме да се разбудиме пред 9 часот наутро. Сигурно ви недостасува периодот кога сте можеле да се разбудите без никаков проблем и без да чувствувате потреба од огромна шолја кафе за да функционирате како нормално човечко суштество.rn
3. Искрено сте верувале дека сите ваши соништа ќе се остварат
rnПостојано сте сонувале со отворени очи и сте се прашувале каков ќе ви биде животот кога ќе пораснете. Но, иако сега сте возрасни, вие сѐ уште не знаете што ќе правите во животот. Тоа е многу страшно! Сигурно посакувате да се вратите во детството кога сѐ било поедноставно и кога не сте морале да се грижите околу тоа како ќе ги платите сметките следниот месец.rnrn
rn4. Лесно сте стекнувале нови пријатели
rnМногу полесно е да се стекнат пријатели во детството. Сите си играат заедно на игралиштето без оглед на возраста, без никакви предрасуди и стереотипи. Денес, доколку сакате да му пријдете некому на улица и да се спријателите, сигурно ќе ве смета за лудаци.rn
5. Сте читале за лично задоволство
rnКога ќе почнете со факултет, немате толку време за читање книги по личен избор бидејќи имате еден куп учебници и скрипти со по илјада страници што треба да ги прочитате за една недела. По дипломирањето, повторно не можете да одвоите време за читање бидејќи работата ви одзема една третина од целиот ден. Сигурно ви недостасува периодот кога можевте да читате книга само за да уживате во содржината.rn
6. Не сте морале да правите планови за викенд
rnДецата не мора да прават планови и да организираат настани. Некој друг одлучува наместо нив. Во детството не сте се грижеле за семејните собири и за тоа како ќе го поминете викендот. Сега мора да се договарате со пријателите неколку недели однапред за да отидете на едно обично кафе, бидејќи сите се неверојатно зафатени.rnrnНа сите ни недостасува детството и периодот кога сѐ било многу едноставно. Тешко е да се биде возрасен и убаво би било кога би можеле да побегнеме од тоа одвреме-навреме. Но, сега не ни преостанува ништо друго освен да се сеќаваме на тоа време со насмевка на лицето и да се обидеме да ги научиме нашите деца дека никогаш не треба да го земаат здраво за готово најубавиот период од животот.rnrnДоколку веќе ве обзема носталгија, погледнете ги и овие работи од детството кои никогаш нема да се заборават.
-

Што ќе се случи во вашиот живот ако на сѐ велите „да“ во период од еден месец?
Во секојдневието постојат многу причини кои ве тераат да кажете „не“. Можеби немате желба да направите нешто или пак едноставно сметате дека тоа не ви е потребно. Но, што ќе се случи доколку го промените својот став во период од еден месец, па на сѐ што е во разумни граници одговарате со „да“? Погледнете со кои промени би се соочиле во таков случај.rn
Најпрво ќе чувствувате дека сте преоптоварени со обврски
rn
rnrnОчигледно е дека доколку велите „да“ на секој што ќе побара нешто од вас, вие ќе имате премногу обврски во вашето секојдневие. Така, вашиот брат или сестра може од вас да побара да му направите кафе, пријателите може да побараат некоја услуга, а вашите родители ќе сакаат вие да ја подготвите вечерата…. Па, може да ви биде тешко да пронајдете време за себе, за релаксирање и уживање.rnИсто така можете да станете гневни
rn
rnrnАко кажувате „да“ на сѐ, тоа може да значи прифаќање на секое барање за помош од вашите колеги. Зошто да ја прифатите туѓата работа и туѓите обврски? Ова дефинитивно ќе ве разлути.rnЌе бидете надвор од вашата зона на удобност
rn
rnrnАко вашите пријатели ве поканат во ноќен клуб, а вие дадете потврден одговор, тогаш тоа ќе ве одведе некаде далеку од вашата зона на удобност, затоа што ноќниот клуб многу се разликува од вашиот кревет каде што претпочитате да останете и да читате книга.rnНо, позитивната работа е тоа што ќе можете да запознавате нови пријатели
rn
rnrnСите знаете колку е тешко да пронајдете нови пријатели додека сте заглавени во рутината. Но, следејќи ги сите оние покани за излегување, може да се родат нови почетоци на пријателства, па и нешто повеќе.rnМожеби ќе откриете нешто ново за самите себе
rn
rnrnАко вашите пријатели се добри во играње билјард, со тоа што ќе им се придружите и вие, можеби ќе откриете дека ви се допаѓа оваа активност и ќе се заинтересирате уште повеќе за истата.rnИсто така ќе можете да сфатите дека постојат и поголеми работи за да кажете „да“
rn
rnrnМожеби не сфаќате колку често кажувате„не“ на работите кои ве прават среќни (вашите деца, поширокото семејство и слично), затоа што премногу кажувате „да“ на други работи (како што е деловниот живот). Зошто да не ги замените барем на одреден период?rnПовеќе ќе го вреднувате своето време
rn
rnrnМорате да издвоите време и да кажете „да“ за вас. Дури и тоа да се однесува на вашето омилено шоу кое не сакате да го пропуштите! -

Неколку причини зошто празниците се најубавиот период од годината
Кога доаѓаат празниците, расположението кај повеќето луѓе веднаш се зголемува. Традициите, украсувањето и општата радост прават ова да биде најдобриот период од годината. Погледнете ги овие причини кои покажуваат зошто празниците носат толку многу радост и возбудувања и зошто овие денови, кои веќе ни се приближуваат, се едни од најубавите.rn
1. Подготвување подароци за најблиските
rn
rn2. Дотерување за забава
rn
rn3. Примање новогодишни и божиќни честитки
rn
rn4. Останување цел ден во пижами
rn
rn5. Носење топли шалови
rn
rn6. Пиење топло чоколадо
rn
rnrnПогледнете повеќе интересни причини на наредната страница…rn