КАФЕ ПАУЗА

Tag: озборување

  • 10 работи кои вистинските пријатели не ги прават

    10 работи кои вистинските пријатели не ги прават

    Пријателството е вистинско богатство и паметниот човек секогаш вложува многу во своите пријателства. Но доколку личноста која ја сметате за пријател не се однесува така, можеби е крајно време да се прашате дали заслужува и понатаму да ја има истата титула. Ова се 10-те работи кои вистинските пријатели никогаш не ги прават.rnrn10 работи кои вистинските пријатели не ги праватrn

    1. Не зборуваат за вас позади вашиот грб

    rnАко одбрале да ги шират работите кои сте им ги кажале во доверба, воопшто не заслужуваат да ги вброите во листата на пријатели.rn

    2. Не прават да се чувствувате лошо

    rnВистинските пријатели нема да се служат со ниски удари. Нема да ве нападнат правејќи да се чувствувате безвредно и лошо. Напротив, вистинскиот пријател прави да се чувствувате удобно во негово друштво и го истакнува најдоброто од вас.rn

    3. Не покажуваат непочитување кон вашите мислења и ставови

    rnСекако дека нема да се согласувате за сè, дури е и корисно со вашиот пријател да имате по малку различни гледишта за некои работи, бидејќи тоа и вам ќе ви овозможи да ги погледнете нештата од поинаква перспектива. Но тоа што сте по малку различни, не треба да биде причина за кавги и несогласувања. Вистинскиот пријател ќе го почитува вашето мислење и тогаш кога воопшто не се согласува со вас. Едноставно нема да ве осудува бидејќи на некои нешта гледате различно од него/неа.rn

    4. Не ве прекинуваат додека зборувате

    rnОној кој е толку полн со себеси и секогаш бара начин да се истакне себеси и своите ставови, додека вас ве става во сенка и нема намера вистински да ве ислуша, не ви е вистински пријател. Всушност, тој/таа не му е вистински пријател никому. Таквите личности обично си се доволни самите себе.rn

    5. Не ве обесхрабруваат

    rnВашите соништа и планови звучат смешно и неостварливо? Сеедно, тие ќе бидат покрај вас давајќи ви поттик и тогаш кога ќе изгубите верба во себе. Да, ќе бидат тука да го кажат своето мислење и да ви понудат совет, но никогаш нема да го убијат вашиот дух.rn

    6. Не ве осудуваат поради минатото

    rnСекој си има минато, но вистинскиот пријател нема да ве осудува поради работите кои сте ги правеле порано. Ќе ве почитува како личност и како пријател и ќе ве мотивира да го истакнете најдоброто од себе без оглед на случувањата од минатото.rn

    7. Нема да ве напуштат за време на социјални збиднувања

    rnДоколку сте на забава каде не познавате никого, пријателот секогаш ќе биде покрај вас. Вистинската пријателка не ја остава својата другарка да се враќа сама дома само бидејќи запознала добар фраер. Едноставно вистинските пријатели сочувствуваат со вас и не ве напуштаат.rn

    8. Не ви завидуваат на успехот

    rnНапротив, ќе бидат горди што сте нивни пријатели. Ќе кажуваат за вас и ќе се фалат со вас. Вистинските пријатели се тука и во добро и во лошо. Покрај вас ќе бидат и кога целиот свет ви се распаѓа, но што е уште поважно тука ќе бидат и да го прослават вашиот успех. Вистинскиот пријател наздравува во име на она што сте го постигнале, а не се јадосува за она што го нема.rn

    9. Не пробуваат да ве променат

    rnЌе ве прифатат со сите ваши маани и предности. Вашите маани дури на некој начин ќе ги прифатат како свои. Секој има свои негативности, а вистинскиот пријател нема да пробува да ве „поправи“ за да му бидете „по мерка“. Сите ние сме далеку од совршени, затоа апсурдно е да бараме некој друг да биде совршен за нас.rn

    10. Не го потценуваат вашето пријателство

    rnГо вреднуваат вашето пријателство и знаат дека сте им потребни во нивниот живот. Пријателството не подразбира само пиење кафе и озборување, или гледање фудбал и коментирање за натпреварот. Пријателство значи да имаш на некој начин сродна душа која те разбира, поддржува и вреднува. Вистинските пријатели се благодарни што ве имаат за свои пријатели и не се подготвени вашето пријателство да го стават на коцка.

  • Зошто жените одат заедно во тоалет?

    Зошто жените одат заедно во тоалет?

    Доколку сте машко, сигурно кога излегувате во град се запрашувате што е тоа во женската природа, што ги тера девојките секојпат да одат заедно во тоалет. Исто така, кога ќе ја видите гужвата пред женското веце, сигурно се чудите како на толку голем број жени им се оди во тоалет во исто време, што всушност прават внатре и зошто се задржуваат толку време.rnrnЗошто жените одат заедно во тоалет?rnrnНајпрво, треба да знаете дека припадничките на понежниот пол во тоалет не ги извршуваат само физиолошките потреби, туку имаат и друга попаметна работа. Вецето им служи за да ја поправат шминката, да ги сменат искинатите хулахопки со нови, да се јават некому на телефон или на раат да си помуабетат и озборуваат со другарките, што честопати е невозможно во клубовите и кафулињата каде што има премногу гласна музика.rnrnОдењето заедно во тоалет е всушност еден вид женска мини-журка, која започнува на следниов начин: една од девојките навистина има потреба да го посети тоалетот. Нејзината другарка решава да ѝ се придружи, чисто онака за малку да се прошета и да види кој има во локалот. Воедно, додека пропратно си ја поправа шминката ќе ѝ ја држи вратата на другарката, за никој да не ѝ упадне.rnrnЗошто жените одат заедно во тоалет?rnrnКога посетуваат некој локал, девојките најпрво треба да лоцираат кај се наоѓа вецето, што е една своевидна експедиција сама по себе. Кога ќе влезат внатре, прво ги проверуваат сите слободни кабини, за да проценат која е најчиста, дали има тоалетна хартија и каде најмалку мириса. Реално, пронаоѓањето на идеална кабина во вечерните часови е невозможна мисија, бидејќи има огромна гужва, но надежта сепак последна умира, проверката мора да се направи доколку е возможно.rnrnПосле пронаоѓањето на слободна кабина, започнува кратка препирка помеѓу другарките, околу тоа која прва да влезе внатре, односно на која ѝ е „поитно“. Бидејќи во кабината или нема тоалет или има, но е од лош квалитет, другарките тргнуваат во потрага по хартиени марамчиња во нивните чанти. После завршената работа, потребно е потегнување и поправање на изместената облека, кое честопати знае да потрае долго.rnrnЗошто жените одат заедно во тоалет?rnrnПотоа, одат до лавабото, каде што чекаат ред за миење раце. Тука веќе започнува забавата. Над лавабото, по правило има огледало, што претставува одлична прилика да се нанесе уште еден слој маскара и кармин, да се отстрани размачканата сенка, да се прсне уште малку парфем, да се поправи фризурата и слично. Секако, другарките ја користат оваа прилика за една на друга да си сугерираат дали е сè на место и си делат совети за тоа како може да изгледаат уште подобро.rnrnДодека ги прават сите овие активности, сигурно ќе падне и некој трач за друштвото со коешто вечерта за излезени, емотивен муабет за некои љубовни јадови, како и планови за тоа каде да се оди после напуштањето на тој локал. Неретко се случува токму во тоалетот да се сретнат со некои нивни познајнички или другарки со коишто не се виделе одамна, па тоа е идеална прилика да си ги разменат неопходните информации за тоа на кого што му се случува во животот, дали некоја другарка им се омажила, која чека бебе и слично.rnrnРешение за девојките на кои им е навистина итно да ги извршат своите физиолошки потреби е користењето на кабината во машкото веце. Таму е секогаш мирно и тивко и единственото нешто што треба да го направат е да соберат храброст за да пројдат покрај целиот ред со писоари, кои ретко кога не се зафатени.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Феноменот на озборувањето

    Феноменот на озборувањето

    Озборувања ќе чуеш секогаш и сегде. Најчесто на луѓето не им треба ни повод, а ни причина. Одам во продавница и сè што ми треба е кафе и нешто за појадок, а наместо тоа добивам тазе информации кои мозокот од сабајле не може да ги процесира. Добро, од кога се станати жениве? Од 5? Испиле три кафиња до 9 саатот и сега уста не им се затвора. Блазе си им.rnrnФеноменот на озборувањетоrnrnПроблемот со нашиот менталитет е тоа што не си го гледаме својот двор, а зборуваме за туѓиот. Да, сигурна сум дека сите кои зборуваат имаат совршени и безгрешни животи, па слободно можат да „ломотат“ за другите. А излезе некој збор, се шири како вирус, ти се чини епидемија. Озборувањето за некого е неопходно исто колку и храната.rnrnНе постои некој кој не бил озборуван, ниту пак некој кој не озборувал. Но доколку озборувањето ти е единствена тема на муабет, тоа би значело дека и не си способен за нешто друго да зборуваш. Можеби и би ги оправдала хроничните озборувачи. На пример, доколку стварно немаат сопствен живот и свои проблеми, нека се занимаваат со туѓите, на крајот на краиштата, кој им брани.rnrnЕве ви друга позитивна страна на озборувањето. Обично озборувачите се многу фини луѓе кои се грижат за тебе! На пример, мака мачам да се сетам кога се вратив претходниот викенд дома, или која од другарките ми дојде утрото на кафе. Фино лепо си ја прашувам комшивката. Таа отвора во записникот, во толку и толку. Фала многу. Нема проблем, повели и друг пат, за тоа служат комшиите. Тоа ти се вика верен апдејт-комшија.rnrnМуабети. Од што нема што друго да кажеш, од што ѝ завидуваш на личноста, од што ти е досаден животот… Постојат многу варијанти. На пример, се среќаваш со бивша соученичка од средно. Те апдејтува за секој што го видела од класот. Кој кај учи, кој со кого се фатил, кој колку се здебелил. И нормално, таа се грижи да ги дознаеш сите битни информации.rnrnТака што, не муртете се одма и не сфаќајте ги погрешно луѓето кои шират чаршиски муабети. Тие само се грижат за сите останати освен за самите себе. Колку несебично!rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Добрата страна на модерните седум смртни гревови

    Добрата страна на модерните седум смртни гревови

    Озборувањето, лажењето и суровоста може да влијаат лошо на личноста и да го уништат пријателството, но овие карактеристики во умерени количини може да бидат добредојдени. Овие таканаречени пороци всушност може да ве направат попаметни, поамбициозни и помалку нервозни.rnrnДобрата страна на модерните седум смртни гревовиrn

    Озборување

    rnОзборувањето може да биде клучот за намалување на стресот, но само ако е умерено, а не злобно. Исто така, озборувањето е одличен начин на ослободување на емоциите како што се бесот, фрустрацијата и болката. Во одредена мера, тоа може да го продлабочи односот со одредена личност, на тој начин што самото озборување доведува до споделување на мислењата, а можеби и на заеднички проблем.rn

    Љубомора

    rnНеверојатно е како љубомората може да ни разјасни многу работи. Ако на Фејсбук дознаете за успехот на вашиот (не)пријател и ако посакате да сте на негово место, тоа не значи дека љубомората влијае лошо на вашата психа. Во тој случај љубомората е позитивна затоа што ја поттикнува вашата амбиција.rnrnДобрата страна на модерните седум смртни гревовиrn

    Пцуење

    rnДури и научно е докажано дека пцуењето ги намалува стресот и нервозата, а со тоа прави и вие да се чувствувате полесно. Извикувањето вулгарни зборови може да ја намали физичката болка, додека нивото на издржливост на болка се зголемува за 50%. Од друга страна, претераното пцуење ги намалува ефектите на редуцирање на болката, па затоа обидете се непристојните зборови да ги сведете на минимум.rn

    Суета

    rnУмерената суетеност е предност и за самата личност и за другите околу неа. Суетата може да послужи како моќен мотиватор и може да биде причина за нов почеток, како на пример, започнување со фитнес вежби или воведување здрави навики во исхраната. Но, не заборавајте дека не е сè во надворешниот изглед.rnrnДобрата страна на модерните седум смртни гревовиrn

    Фалење

    rnПонекогаш пофалбите се она што најмногу ѝ е потребно на една личност за да напредува. Никој не сака да биде во друштво на фалбаџија, но токму фалењето е дел од стратегијата за нагласување на личните достигнувања. Според стручниот тим на Харвард, фалењето го зголемува нивото на допамин во организмот, што предизвикува исто задоволство како и при водењето љубов.rn

    Лажење

    rnВистината не е секогаш најдоброто решение. А и малите добронамерни лаги се нешто за што секој би ви простил. Често ги користиме добронамерните лаги за да го задржиме позитивниот однос и да избегнеме бесцелна кавга. Лажеме за другите да се чувствуваат добро и во тоа нема ништо лошо, сè додека лагата е поттикната заради заштита на другите, а не од личен интерес.rn

    Суровост

    rnДа се биде суров понекогаш е повеќе од потребно, посебно кога се работи за вонредна ситуација. Ако сте гласни и имате многу барања, сигурно немате многу обожаватели, но кога социјалните институции одбиваат да ве заштитат или да ви помогнат, тогаш вреди да бидете по малку сурови за да го добиете тоа што ви следува.rnrnДобрата страна на модерните седум смртни гревовиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на вас

    Прекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на вас

    Тешко на оној кој нема пријатели, но сигурно му е полошо на оној кој има лоши пријателства. Вистина е дека треба внимателно да ги одбираме пријателите и штом ќе ги најдеме оние вистинските, да ги задржиме. Но не трудете се да го зачувате пријателството кое лошо влијае на вас.rnrnПрекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на васrnrnКои се пријателите со лошо влијание?rnrn1. Љубоморните – Кога би постоеле натпревари за негативни чувства, љубомората секогаш би извојувала победа. Оние кои завидуваат на вашиот успех наместо да ве поддржат, не се вистински пријатели. Вистинските пријатели се радуваат повеќе и од вас кога вие ќе постигнете некаков успех.rnrn2. Озборувачите – Доколку сте дел од друштво од неколку пријатели/ки, а некој од нив упорно зборува лошо за другите кога не се во ваше присуство, бидете сигурни дека истото го прави и за вас, зад ваш грб. Ако ви се вистински пријатели, нема да се грижите дали ќе ве озборуваат поради вашата неуредност или вашите постапки и навики. Едноставно, ќе ве прифатат такви какви што сте и секогаш ќе кажат убави работи за вас, позади вашиот грб!rnrn3. Синдромот: „Секогаш да е по мое“ – Оние кои мислат дека секогаш треба да бидат во центар на внимание и секогаш треба да е по нивно, се луѓе кои не го заслужуваат вашето пријателство. Тие се сметаат за попаметни па затоа тие одлучуваат каде ќе одите и што ќе правите.rnrn4. Себичните – Нивните потреби се на прво место. Тие ќе ви завртат грб кога ќе им побарате услуга, поради некаква нивна банална и безначајна „обврска“. Тоа се оние кои ќе го стават момчето/девојката пред своите пријатели на скалата на важност. Тие ќе го потрошат последниот кредит за да си прочитаат хороскоп наместо да ви честитаат роденден. Со задоволство ќе ве остават да ги чекате со часови, но тие никогаш не би чекале.rnrnПрекинете ги пријателствата кои лошо влијаат на васrnrn5. Навредливите – Оние кои ќе ве „цензурираат“ цело време, без да ве остават да бидете свои и слободни се напорни и тешки пријатели. Секогаш ќе треба да внимавате да не го/ја навредите, а може да се навредат и од најобични постапки. Постојано да внимавате на чувствата на овие „осетливи“ личности, чувствувајќи потреба да докажете дека заслужувате да ви бидат пријатели, е преголем притисок.rnrn6. Злопамтилата – Еден збор кажан на погрешен начин, една лоша постапка и вие сте „бележани“ за подолго време. Тоа се оние кои никогаш нема да ви го заборават и најситното „злодело“ и во секоја прилика ќе ви го „вадат низ нос“. Во оваа група на „јака меморија“ спаѓаат и оние кои постојано ќе ве потсеќаат на добрината која некогаш ви ја направиле.rnrn7. Оние со комплекси – Без разлика дали станува збор за оние со комплекси од повисока или од пониска вредност, сите се лоши пријатели. Трагачите по комплименти, без самодоверба, кои постојано се жалат, едноставно се напорни. Оние пак, кои мислат дека се повеќе од другите, најчесто си се добри само за себе, не и за вас.rnrn8. Невнимателните – Тие не внимаваат на вашите чувства. Не знаат да ве развеселат кога сте тажни и ќе ви се пофалат колку им е супер иако вашиот ден е навистина лош.rnrn9. Неискрените – Лажливците, лицемерните и дволичните не може да се наречат вистински пријатели. Дури и ако ја премолчува вистината за да не ве повреди, сепак е лажливец/ка. Ако пријателите не ви ја кажат вистината, кој ќе ви ја каже? Пријателите искрено ги кажуваат работите кои ние не ги забележуваме.rnrn10. Оние со лоши манири –  Луѓето без култура, со лоши навики, го рушат вашиот углед. Дури и да не сте тргнале по нивните стапки наскоро ќе го направите тоа. Нели е вистина дека со кој си, таков си.rnrnПријателствата треба да ви носат убави моменти и среќа. Треба да ве развеселат кога сте тажни и да ви донесат хармонија кога животот ви е неред. Штом почнале да ви носат нервози, солзи и притисок, прекинете ги навреме!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 цитати за озборувањето

    20 цитати за озборувањето

    Сите озборуваат, сите се озборувани и сите знаат дека озборувањето не чини. И покрај тоа, една од омилените активности на секоја кафе пауза е токму тоа. Ако сакате да избегнете ваков муабет следниот пат, дискутирајте за следните цитати кои се обидуваат да ја доловат токму вистината за „трачарењето“.rnrn20 цитати за озборувањето
    rn

    „Огнот и мечот се бавни средства за уништување во споредба со јазикот на озборувачот.“ – Ричард Стил

    rn

    „Гласината се вика гласина затоа што не е секогаш вистина.“ – Џастин Тимберлејк

    rn

    „Озборувањето е уметност со која не се кажува ништо на начин што ништо не останува некажано.“ – Волтер Винчел

    rn

    „Гласината е радиото на ѓаволот.“ – Џорџ Харисон

    rn

    „Озборувањето е опиум за потиснатите.“ – Ерика Јонг

    rn

    „Не губете време во објаснување. Луѓето го слушаат само она што сакаат да го слушнат.“ – Пауло Коелјо

    rn

    „Гласините брзо се шират, но не опстануваат долго како вистината.“ – Вил Роџерс

    rn

    „Не е важно што правиш и како го правиш тоа, соседите секако ќе озборуваат.“ – Фелдер Рашинг

    rn

    „Оној што озборува со тебе, ќе озборува и за тебе.“ – Шпанска поговорка

    rn

    „Денешната гласина е утрешен наслов во медиумите.“ – Волтер Винчел

    rn20 цитати за озборувањето
    rn

    „Гласината не мора да е лажна за да биде лоша. Има многу вистини кои не треба да бидат кажани.“ – Френк А. Кларк

    rn

    „Озборувањето меѓу мажите и меѓу жените звучи различно. Жените зборуваат поживописно, кажуваат повеќе детали и добиваат фидбек.“ – Кејт Фокс

    rn

    „Ако ја задржам тајната во мене, тогаш таа е мој затвореник. Ако допуштам таа да ми се лизне од јазикот, тогаш јас ќе бидам нејзин затвореник.“ – Артур Шопенхауер

    rn

    „Гласината е некаква вест која истрчала пред самата себе во убав црвен фустан.“ – Лиз Смит

    rn

    „Никој не кажува дека сака да озборува, но сите уживаат во тоа.“ – Џозеф Конрад

    rn

    „Озборување е кога ќе слушнеш нешто што ти се допаѓа за некој што не ти се допаѓа.“ – Ерл Вилсон

    rn

    „Кукавички е да му судиш на некого кој не е тука за да се одбрани. Само ограничените озборувачи зборуваат за луѓе наместо за нешта.“ – Лоренс Ловасик

    rn

    „Луѓето не го сакаат озборувањето само кога се однесува на нив.“ – Вил Роџерс

    rn

    „Тројца можат да чуваат тајна само ако двајца од нив се мртви.“ – Бенџамин Френклин

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ја вратите изгубената мотивација на работното место?

    Како да ја вратите изгубената мотивација на работното место?

    Без разлика колку си ја сакате вашата работа, постојат периоди кога вашата мотивација паѓа на минимум. Може да имате милион различни причини зошто се чувствувате така, но она што е важно, е дека на сите им се случува понекогаш. Следете ги истрајно следниве 11 чекори и научете како да ја регенерирате вашата мотивација, која длабоко ви недостигала.Како да ја вратите изгубената мотивација на работно место?rn

    1. Бидете искрени со себе

    rnПрвиот чекор е признавањето пред сами себе дека ви недостасува мотив да ги завршувате секојдневните работни обврски и фактот дека треба да преземете нешто во врска со тој проблем. Започнете да се ослободувате од ваквата незаинтересираност, на начин што после работното време ќе почнете да го користите секој слободен момент да ги правите оние активности кои отсекогаш сте ги сакале. Спорт? Љубов? Дружење? Шетање? Што и да ви треба – реализирајте го.rn .rn

    2. Зошто работите токму во оваа фирма?

    rnЛесно е да се препуштате на чувството дека претставувате само еден мал забец од големата машинерија. Наместо да дозволите да ве надвладее, потсетете се од колкаво значење е вашата работна позиција за компанијата во која работите. Извештаите кои секојдневно ги добивате можеби не ви изгледаат важни, но тие се дел од процесот на донесување одлуки во фирмата, кои можат да влијаат на нејзиниот раст и развој во целина. Секој ден запишувајте си на лист по една причина, зошто сте вие важна алатка за таа фирма.Како да ја вратите изгубената мотивација на работно место?rn

    3. Од која причина работите?

    rnДали работите за да го прехраните вашето семејство, за да им помогнете на вашите родители или за, чекор по чекор, да ја изградите вашата кариера? Без разлика од која причина сте биле мотивирани да ја прифатите оваа работа, запишете ја на лист или во вашиот мобилен. На тој начин, секојдневно пред вашите очи ќе имате афирмација зошто го работите она што го работите, а тоа ќе ви ја поврати вербата во себе.rn .rn

    4. Читајте мотивациски книги

    rnМожеби ви звучи смешно, но читањето квалитетни мотивациски книги, може повторно да го запали жарот за работа во вас. После работното време, тркнете до најблиската книжарница и купете 2-3 мотивациски книги за градење самодоверба, позитивно размислување и постигнување успех во кариерата. Можеби ќе научите некој нов трик, кој досега ве кочел да успеете да се претставите во вашето најдобро светло.rn .rn

    5. Избегнувајте негативни колеги

    rnЕден од најголемите „цицачи“ на вашата позитивна енергија се колегите кои гледаат „црно“ на животот и на нивната работа. Има и таков тип, кои воопшто не се намуртени, туку на суптилен начин се обидуваат да ве „згазат“ за тие да се покажат и истакнат пред претпоставениот. Ако забележите дека тоа ви се случува вам, реагирајте во најбрз можен рок. Ако имате услови, побарајте преместување во друга канцеларија или на друго биро, а доколку тоа не е возможно, избегнувајте премногу разговори со тој колега, кои ќе резултираат со губење на вашата верба во себе.rn .rn

    6. Читајте инспиративни мисли

    rnМожеби звучи малку клише, но денес на интернет можат да се прочитаат разни мотивациски пораки или мисли од големите мудреци, кои потсвесно можат да ви го направат денот попозитивен. Наместо кога ќе станете наутро на работа, веднаш да почнете да се напнувате со обврските кои ве чекаат денес или да мислите на шефот кој ќе ве критикува дека не сте сработиле нешто добро, сварете си кафенце и прочитајте неколку позитивни, инспиративни мисли. На крајот на краиштата, подобро е да бидете опкружени со позитивни, отколку со негативни мисли, нели?! Да се биде циничен е лесно, но да се има верба, е нешто на кое треба да се работи.rn .rn

    7. Избегнувајте канцелариско озборување

    rnНајмногу што можете, избегнувајте да бидете дел од разни озборувања. Ваквите муабети се најчесто испровоцирани од луѓе кои немаат попаметна работа од тоа да ве дефокусираат од она што треба да го правите – да ги вперите очите во она на кое што работите. Канцелариското озборување нема никаква функција, може да биде екстремно штетно и плус, истата личност со која сте озборувале, најверојатно утре ќе го збори истото за вас на некој друг.Како да ја вратите изгубената мотивација на работно место?rn

    8. „Избегајте“ од проблемот накратко

    rnАко се борите со некој конкретен проблем во вашиот работен проект, тогаш немојте да се трескате од ѕид секојдневно поради тоа. Потрошете час-два правејќи нешто друго, кое ќе ви ги одвлече мислите и ќе го намали притисокот кој го чувствувате и потоа навратете се назад на задачата. Ваквата кратка пауза, ќе му даде шанса на вашиот мозок да дојде до решението на проблемот кој треба да биде решен. Човековиот ум е фантастичен решавач на проблеми, се разбира, ако му дозволите да го стори тоа.rn .rn

    9. Проверете го вашето држење

    rnДали седите подгрбавени над вашето биро и се чувствувате очајно секој ден? Ова е тотално погрешниот физички сигнал кој му го испраќате на вашето тело. Ако усвоите депресивна и демотивациска поза на вашето тело, така ќе се чувствувате и на психолошки план. Пробајте да седите исправено и гордо и следете ги инстантните позитивни промени во вашето расположение.rn

    Како да ја вратите изгубената мотивација на работно место? 10. Пијте вода

    rnНеверојатен е фактот колку дехидратацијата може да направи да се чувствувате исцрпено, незаинтересирано, млитаво и без грам мотивација за работа. Човечкото тело се состои од 50-65% вода, што значи дека секојдневно му требаат нови количини. Пиењето по неколку чаши вода на ден, може да направи да се чувствувате поенергично отколку што верувате. Чувајте си едно шишенце на вашето биро секој ден. Водата е вашето гориво – искористете го.rn .rn

    11. Започнете го денот онака како што планирате да го завршите

    rnСтанувате наутро и си го удирате палецот од ногата во масата. Потоа ги миете забите и сфаќате дека сте се извалкале со паста на кошулата. Влегувате во вашиот автомобил и моторот не пали или ако користите јавен превоз – автобусот доцни. Си велите: „Супер, ова ќе биде еден од оние денови“. Со таквата мисла вие ќе ја определите вашата емоционална состојба за цел ден и речиси ќе уживате гледајќи како работите стануваат уште полоши во наредните часови, бидејќи тие се доказ дека сте биле во право кога сте помислиле дека „денес не ви е денот“.Како да ја вратите изгубената мотивација на работно место?Можете да ја промените лошата емоционална состојба која ја предизвикале неколкуте глупави ситуации кои ви се случиле, така што ќе погледнете во фотографијата од вашето дете или милениче. Ако немате ни едно ни друго, никогаш не е на одмет да погледнете смешно или мотивационо видео какво што е „Каде по ѓаволите е Мет?“rnrnНа крај, не заборавајте, вие сте онаа личност, која мислите дека сте, па затоа одберете ја најдобрата верзија од себе.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Неколку причини зошто жените сакаат да озборуваат

    Неколку причини зошто жените сакаат да озборуваат

    Без разлика дали станува збор за шепотење дури се пие кафе или разговор на телефон доцна во ноќта, озборувањето го подигнува духот кај жените кои во тој момент се чувствуваат дека се под стрес или доколку едноставно имаат лош ден од која било причина. Иако сите ја сметаат за многу негативна особина, сепак озборувањето се практикува од сите жени, насекаде низ светот. Ова се неколку причини зошто жените сакаат да озборуваат.rnrnНеколку причини зошто жените сакаат да озборуваатrn

    Преку озборувањето жената се чувствува како да се вклопува со другите

    rnИсто како споделувањето тајна со некого, озборувањето прави да се чувствувате сигурни во другарството и во таа личност. Тоа значи дека преку озборувањето се поврзувате со другите.rn

    Понекогаш ви помага да најдете нови пријатели

    rnПреку озборувањето и споделувањето „црни“ тајни, започнувате разговор со повеќе лица, меѓу кои и со некои кои не ви се толку блиски. Тука повторно довербата која другите ја чувствуваат поради споделената информација, создава атмосфера за ново пријателство.rn

    Озборувањето ослободува од стрес

    rnПоради некоја чудна причина, кога ќе чуете лоши вести за некој друг, по автоматизам се чувствувате подобро за себе. Едноставно, чувството дека нашиот живот е подобар од оној на другите, нè прави инстантно среќни.rn

    Озборувањето помага да се испроцесира личното искуството

    rnЖените имаат потреба да ги споделат нивните искуства со некој друг, од проста причина што така им е полесно да сфатат што точно им се случило.rn

    Преку озборувањето се добива потврда за личните чувства

    rnПреку озборувањето обично жените очекуваат потврда на она што го мислат. Кога се чувствувате вознемирени, одговорот на прашањето „Како таа можела да ми го направи тоа…?“, секогаш ќе наиде на поддршка и разбирање од другата страна.rn

    Озборувањето помага во справувањето со секојдневните работи

    rnТоа е многу примитивна техника, која помага да пребродите било што. Без разлика дали некој ве вознемирил или сте љубоморни за нешто, преку озборувањето ќе ви помине, макар и моментално.rn

    Озборувањето е одличен начин за истакнување на работа

    rnДоколку го употребите паметно, можете да го искористите озборувањето за себепромоција помеѓу колегите и да го подобрите вашиот статус во фирмата.rn

    Озборувањето помага за анализирање на проблемите со другите луѓе

    rnПовеќето жени сакаат да ги анализираат дури и најмалите проблеми во животот, па токму затоа озборувањето е одличен метод за добивање целосна слика за случувањата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги зацврстите вашите пријателства?

    Како да ги зацврстите вашите пријателства?

    Зборувајте помалку, слушајте повеќе

    rn

    Повеќето од нас уживаат додека зборуваат за себеси. Без разлика дали темата на разговорот се успесите кои сме ги постигнале или маките низ кои сме поминале, мора да внимаваме да не ја преминеме границата, бидејќи тие околу нас ќе се презаситат од нашиот егоизам.Како да ги зацврстите вашите пријателства?Некои луѓе едноставно не се свесни колку доминираат во разговорот. Ако сте расположени да чуете што другите имаат да ви кажат, ќе ја освоите почитта од вашите пријатели. Доколку забележите дека во разговорите со другите луѓе секогаш зборувате за себеси, сетете се на советот од грчкиот филозоф Епиктектус:rn
    rnrn

    „Природата ни дала еден јазик и две уши, за да можеме да слушаме двојно повеќе отколку што зборуваме.“

    rn

    Што е поважно, да бидете секогаш во право или да ја одржувате хармонијата?

    rnКако да ги зацврстите вашите пријателства?Повеќето проблеми во односите со другите луѓе, настануваат како резултат на нашата гордост. Немојте да инсистирате да го имате секогаш последниот збор, туку обидете се да се повлечете, пред  разговорот да прерасне во нешто кое на никој нема да му се допадне. Запомнете дека здравите врски не се базираат врз победувањето во безначајни аргументи.rn
    rn

    Избегнувајте да озборувате

    rnДоколку вистински го цените вашето пријателство со некоја личност, нема да уживате коментирајќи ги недостатоците или неуспесите на истата, бидејќи кога  – тогаш таа ќе разбере за тоа. Дури и никогаш да не дознае, ризикувате да си ги ослабите односите со сите ваши пријатели, кога тие ќе дознаат дека сакате да озборувате. Тоа е така, бидејќи несвесно немаме доверба во луѓе кои имаат репутација на озборувачи. Инстиктивно имаме доверба и ги почитуваме оние, кои ја немаат потребата да критикуваат други.Како да ги зацврстите вашите пријателства?rnrn

    Опростувајте

    rnПрочката не е клише, туку многу моќен и значаен фактор за градењето здрави односи. Вистинското проштавање значи дека треба да го заборавите лошото искуство кое сте го имале со личноста, а не денес да и опростите, а после неколку недели повторно да ја критикувате за истата работа. Помислете колку би биле среќни кога вам би ви биле опростени и заборавени грешките кои сте ги направиле.Како да ги зацврстите вашите пријателства?rnrn

    Имајте искрен мотив и научете да молчите

    rnАко гледате каква корист можете да извлечете од пријателствата, правите огромна грешка. Доколку пријателите ви требаат секогаш кога барате нешто од нив, тогаш бидете сигурни дека и тие ќе имаат слични или можеби и поголеми барања од вас. Еден ден, кога навистина ќе ви бидат потребни, тие ќе „исчезнат“.Како да ги зацврстите вашите пријателства?Искрените пријателства треба да се базираат на заедничка поддршка и добра волја, а не на некаква лична полза. Исто така, кога сметате дека вашиот пријател има лоша идеја, која нема да му успее, немојте веднаш да се расправате и да го напаѓате. Молчете и дозволете самиот да си донесе заклучок. Можете да му ја понудите вашата помош или поддршка, но тотално е неисправно секогаш да се чувствувате одговорни за туѓите постапки и одлуки. На крајот на краиштата, не можете вие да го живеете нивниот живот место нив.rn
    rnrn

    Единство и хумор – клуч за вистинско пријателство

    rn

    Најдобриот рецепт за градење цврст однос со вашите пријатели е создавање на чувство на единство. Кога ќе научите да функционирате како еден, во вашите односи нема да постојат негативни чувства, како што се љубомора и несигурност. Плус, ако се чувствувате вистински поврзани, нема да имате срце да направите нешто кое ќе ги повреди вашите пријатели.Како да ги зацврстите вашите пријателства?Многу е важно да научите да се забавувате и смеете. Доколку забележите дека некој ваш близок не е во добро расположение, кажете неколку шеги на ваша сметка, кои знаете дека ќе го насмеат. Хуморот е и најдобар лек за надминување на напнатите ситуации.rn
    rnrn

    „Вистински пријател е оној кој останува во вашиот живот, кога сите останати си одат“ – Волтер Винчел.


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn