Еднаш, многу одамна, живеел некој старец којшто постојано ширел некакви гласини. Еден ден тој раскажал дека неговиот сосед е крадец. Како резултат на тоа, младиот човек бил уапсен. Неколку дена подоцна се докажало дека е невин, па откако бил ослободен тој го тужел старецот за погрешно обвинување.rnrn
rnrnВо судот, старецот му рекол на судијата: „Тоа беа само коментари, тие не наштетија никому.“rnrnСудијата, пред да ја донесе пресудата за овој случај, му рекол на старецот: „Напиши ги на хартија сите работи коишто ги кажа за својот сосед. Исечи ги на мали парчиња и на пат кон дома, фрли ги низ прозорецот од автомобилот. Па, утре дојди да ја слушнеш пресудата.“rnrnНаредниот ден, судијата му рекол на старецот: „Пред да ја добиеш пресудата, сакам да отидеш надвор и да ги собереш сите парчиња од хартијата којашто вчера ја фрли надвор од прозорецот на автомобилот.“rnrnНа ова старецот рекол: „Не можам да го направам тоа! Ветрот ги разнесе сите и нема да знам каде да ги најдам.“rnrnСудијата продолжил: „На истиот начин, зборовите и коментарите може да ја уништат честа на една личност до толкава мера што тој или таа нема да бидат во можност да го поправат тоа. Ако не можеш да зборуваш добро за некого, подобро не зборувај ништо. Да направиме сите да бидеме господари на нашите усти, за да не бидеме робови на нашите зборови.“rnrnОзборувањата се полоши од крадците затоа што тие крадат нечие задоволство, чест, углед и кредибилитет, кои се невозможни за враќање. Па, запаметете го ова: Кога ви се лизгаат нозете, секогаш можете да ја вратите рамнотежата, но кога ви се лизга јазикот, никогаш не ќе можете да ги вратите зборовите.
Tag: озборување
-

Поучна приказна: Има нешто полошо од крадец!
-

10 типови токсични луѓе кои ја одземаат вашата енергија
Луѓето често се грижат за храната која ја јадат – дали овошјето и зеленчукот се прскани, дали месото е добро зготвено, дали водата која ја пијат е здрава, дали во воздухот има токсини итн. Притоа се трудат да внесуваат што е можно помалку отрови во своето тело, но што е со токсичните луѓе во нашето опкружување?rnrnСекој познава барем две такви личности. Можеби живеете, работите или се дружите со нив. Токсичните луѓе ја црпат вашата енергија и си играат со вашето ментално здравје. И баш исто како во допир со секој друг отров, така и контактот со овие луѓе би требало да биде сведен на минимум, за да се заштитите. Ова се 10 типови токсични луѓе кои би требало да ги избегнувате.rnrn
rn1. Токсично арогантни
rnПостои голема разлика помеѓу самодоверба и ароганција. Самодовербата инспирира, додека ароганцијата заплашува. Арогантните луѓе секогаш знаат најдобро и мислат дека се супериорни во однос на останатите. Тие никогаш нема да ја слават вашата самодоверба, бидејќи тоа ја руши нивната ароганција.rn
2. Токсични жртви
rnЕдна од најопасните личности која може да ја имате во вашето опкружување е постојаната жртва. Тие ги согледуваат своите проблеми и грешки, но секогаш другите им се криви за тоа и никогаш нема да ја преземат одговорноста за нивниот живот.rn
3. Токсични контролори
rnОние кои контролираат секогаш знаат сѐ и секогаш го знаат најдобриот начин да се направи нешто. Најчесто, под површината, се многу несигурни, но додека тие се во вашето опкружување, вашата идеја никогаш нема да биде прифатена, ниту ќе можете да направите нешто сами, без нивна „помош“.rn
4. Токсично завидливи
rnТие се љубоморни, никогаш не се среќни со она што го имаат и не се способни да бидат среќни кога нешто убаво ќе ви се случи вам. Тие не знаат да го ценат напредокот на останатите, но и ќе шират лаги за вас на другите луѓе.rn
5. Токсични лажговци
rnСѐ додека има луѓе, ќе има и такви коишто лажат. На хроничните лажговци никогаш нема да знаете кога да им верувате, па затоа не можете да се потпрете на нив. Ќе ви кажуваат лаги за другите, но и ќе ги лажат другите за вас.rnrn
rn6. Токсични негативци
rnСигурно познавате некој кој е секогаш бесен, спремен да се откаже, сомничав. Времето кое го поминувате со негативните луѓе само ја црпи енергијата од вас.rn
7. Токсично алчни
rnДо одредена точка желбите и амбициите може да бидат добри. Но стануваат токсични, кога луѓето сакаат сѐ, и она што е нивно и она што не е. И побитно им е да имаат, отколку да работат и да постојат.rn
8. Токсични судии
rnГолема е разликата помеѓу тоа „да донесете суд за некого или нешто“ и да осудувате. Оние кои осудуваат сакаат да критикуваат, а своите судови ги донесуваат избрзано, врз основа на првиот впечаток. Тие не знаат да сослушаат.rn
9. Токсични озборувачи
rnОзборувачите сакаат да се издигнат себеси над својата несигурност, на туѓа сметка, не правејќи разлика помеѓу шпекулации и факти.rn
10. Луѓе со токсичен карактер
rnКога на некој му недостига интегритет и искреност, кога изневерува, лажe, манипулира, озборува, кога не дозволува ништо да му застане на патот, ништо нема да го спречи да ве прегази доколку вие му станете пречка.rnrnДоколку познавате вакви луѓе, не чекајте го утрото за да ги отстраните од вашиот живот, но доколку не можете да го сторите тоа целосно, обидете се барем да ги држите на дистанца.
-

Убаво лице не значи убаво срце! Поради ова не им се допаѓате на другите луѓе
Убавината поминува, а многу поважно е она што го имаме во себе. Ова изрека ја кажуваат многу луѓе, но никој од нив не ја сфаќа сериозно сè додека не сретне токму такви луѓе – убави, но празни однатре. После тоа следува разочарување, особено ако таа личност ни се допаѓала подолго време, бидејќи ништо не може да биде полошо од убав/а маж/жена со кој/а не можете да направете нормален разговор од две реченици.rnrnМожеби и вам луѓето нема да ве сакаат поради овие карактеристики.rnrn
rn1. Немате свое „ЈАС“
rnНема ништо полошо од тоа да ја запознаете личноста која ви се допаѓа, а потоа да сфатите дека таа нема свое „јас“ или пак живее за мислењето на другите луѓе. Да го додадеме фактот дека таа не знае како да го искаже своето мислење, бидејќи нејзиното мислење е мислењето на сите. На крај, може да заклучиме дека убавината и не е толку голема предност.rn
2. Постојано ги озборувате другите луѓе
rnСигурно досега сте запознале многу луѓе чија единствена работа изгледа дека им е да ги озборуваат другите, а вас тоа ве иритира. Но, уште полошо е кога тие ги омаловажуваат другите луѓе, кои според нивно мислење се помалку атрактивни од нив. Токму со оваа особина тие всушност докажуваат дека се помалку атрактивни од луѓето за кои е тој коментар упатен.rnrn
rn3. Мислите дека сте најпаметни
rnНикој, дури ни најголемите умови го немаат најголемото знаење на овој свет, а уште помалку да се фалат со него. Па, затоа на луѓето им смета кога некоја атрактивна и убава личност им „соли памет“ и ги убедува во спротивното за сè што тие кажуваат. Со оваа особина станувате непожелни во друштвото, дури и покрај целата ваша убавина.rn
4. Се однесувате кон другите како да се помалку од вас
rnТоа што сте убави и атрактивни не ви дава за право да се однесувате агресивно и непријатно кон другите личности, бидејќи токму оваа особина ве прави непожелни за останатите. Вие не сте оние кои треба да судат кој е убав а кој не, кој е на ваше ниво а кој не е. Ако продолжете така, другите луѓе ќе започнат да ви враќаат на истиот начин, а тоа може да ве заболи.
-

13 контрадикторни работи кои секоја жена ги прави
Жените се чудни битија, само тоа може да кажеме. Некои контрадикторни работи ќе продолжиме да си ги правиме без разлика на сè, а ова се само некои од нив.rnrn
rn1. Озборување на другите, но „плукање“ по оние кои озборуваат
rnШто всушност зборува тоа за тебе?rn
2. Кукање колку си дебела, но не преземање ништо околу тоа
rnСо кукање не се слабее.rn
3. Луд шопинг, па кукање дека немаш пари
rnАко си купила 10 работи кои веќе ги имаш или воопшто не ти требаат, немој потоа да се жалиш дека немаш пари за нешто што ти треба.rn
4. Демнеење на неговите бивши за да се споредиш
rnПрашање: Дали некогаш по нешто вакво си се чувствувала подобро?rn
5. Зборување лошо за неговата нова девојка, но и се споредуваш со неа
rnПостојат очигледни причини поради кои не сте веќе заедно, па зошто и понатаму си ја тупиш главата каде и со кого е тој во моментов?rn
6. Одбивање на сите момци околу себе, па жалење дека си сингл
rnОва мириса на превисоки критериуми. Меѓу нив сигурно постои барем еден кој заслужува еден состанок со тебе.rn
7. Негирање на зависноста од Инстаграм, но поминување на денот токму таму
rnИ не ти е гајле колку лајкови имаш на сликата, само едноставно мораш цело време да проверуваш.rn
8. Негирање дека не се грижиш што прават другите, но непрестајно кликање рифреш на Фејсбук
rnМмм… да.rn
9. Болна си, но излегуваш со другарките
rnСакаш да ти биде подобро? Ако одговорот е потврден, излегувањето и алкохолот не се лек, барем не кога станува збор за настинка.rn
10. Постојано приговарање на момчето, па потоа чудење зошто си повторно сама
rnНикој тоа нема да го трпи.rn
11. Зборување како мразиш женски серии, но си ги гледала сите
rnИсто како што не можеш да ги смислиш семејството Кардашијан, но сите ги следиш на Твитер.rn
12. Од понеделник почнуваш да се храниш здраво, но…
rnЗа викенд ги посетуваш сите фаст фуд ресторани и слаткарници во градот.
-

10 работи кои хороскопските знаци најмногу ги мразат
Секој човек се вади од такт поради различни причини, а 10 од нив се заеднички за припадниците на различните хороскопски знаци.rnrn
rnОвните најмногу мразат:
rn
- rn011
- Луѓе кои се влечкаат додека одат
- Неодговарање на телефонски повици
- Мобилни телефони и воопшто апарати кои не работат
- Животни во кафез
- Луѓе кои објавуваат интимни работи на социјалните мрежи
- Луѓе кои заобиколуваат и зборуваат пола саат додека да дојдат до поентата
- Луѓе кои не знаат да танцуваат
- Луѓе кои не знаат да се облечат соодветно за приликата
- Доцнење на автобуси, возови, авиони
- Народна музика
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Биковите најмногу мразат:
rn
- rn011
- Фалбаџии
- Неорганизираност и неред
- Искинати алишта
- Лоши готвачи
- Некултурно однесување во јавност
- Зборување во јавност
- Луѓе кои не ставаат дезодоранс
- Кога се предмет на туѓи шеги
- Кога имаат чувство дека не се доволно паметни или дораснати на ситуацијата
- Лоша храна и воопшто лошиот однос цена-квалитет
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Близнаците најмногу мразат:
rn
- rn011
- Луѓе кои немаат смисла за хумор
- Кога не го добиваат вниманието што го заслужуваат
- Расипани часовници и будилници кои не ги разбудиле
- Лошо вино
- Неудобни чевли, особено кога во нив не можат да играат
- Луѓе кои бавно зборуваат
- Луѓе кои бавно одат
- Песимизам
- Луѓе кои се зависни од некого или нешто
- Неможност за користење технологија
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Раковите најмногу мразат:
rn
- rn011
- Луѓе кои рано ги будат или подрануваат во однос на договореното
- Големи жештини
- Волна и други материјали од кои ги чеша кожата
- Кога треба да спијат на кауч или во неудобен кревет
- Лошо облекување
- Туѓи критики
- Насилни филмови и општо насилство меѓу луѓето
- Неблагодарни деца
- Кога ќе ги изгубат диоптриските или очилата за сонце
- Луѓе кои незаслужено им ја крадат славата
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Лавовите најмногу мразат:
rn
- rn011
- Луѓе кои се облекуваат подобро од нив
- Луѓе кои возат подобри автомобили од нив
- Игнорирање
- Кога некој намерно поттикнува љубомора
- Студ
- Жештина
- Кога се принудени да одат во црква
- Кога на сончев ден се принудени да седат во затворено
- Кога луѓето им велат да успорат
- Ако не се во можност или им е забрането да флертуваат
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Девиците најмногу мразат:
rn
- rn011
- Неорганизирани и неуредни луѓе
- Невозвратени телефонски повици
- Доцнење
- Луѓе кои не си ги подмируваат сметките
- Луѓе кои не ги враќаат позајмените предмети
- Губење време на неважни работи
- Луѓе кои прават граматички грешки
- Претерано пцуење
- Емотивни сцени во јавност
- Стенд-ап комичари
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Вагите најмногу мразат:
rn
- rn011
- Луѓе кои им велат да ја намалат музиката
- Луѓе кои се преправаат дека се подобри одошто се
- Кучешки измет во парковите и на други јавни места
- Крадци
- Луѓе кои се сурови кон животните
- Луѓе кои не се трудат околу пријателите
- Секс за една вечер
- Лоши фризури
- Секакви видови зависности, особено од дрога
- Некултурно однесување
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Скорпиите најмногу мразат:
rn
- rn011
- Луѓе на кои ќе им го позајмат пенкалото и потоа никогаш не им го враќаат
- Љубовници кои не можат да доживеат оргазам
- Кога партнерот ги прави љубоморни
- Кога некој е подобар од нив во што било
- Луѓе кои си играат со храна
- Кога ќе станат жртва на озборување
- Кога ги обвинуваат дека се неверни
- Луѓе кои слепо следат трендови
- Луѓе кои тврдат дека се видовити или имаат натприродна моќ
- Луѓе кои се паркираат притоа зафаќајќи две места
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Стрелците најмногу мразат:
rn
- rn011
- Луѓе кои премногу се жалат
- Гужви
- Кога луѓето со кои патуваат се болни
- Критика дека лошо менаџираат со парите
- Доцнење
- Изгубен багаж
- Малтретирање животни
- Луѓе кои се плашат да ризикуваат
- Преголеми очекувања
- Тврдоглави ставови
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Јарците најмногу мразат:
rn
- rn011
- Фалбаџии без причина
- Да позајмуваат пари од нив
- Луѓе кои не си стојат на зборот
- Луѓе кои немаат цврсти ставови
- Кога ги обвинуваат за нешто што не се виновни
- Метросексуалци
- Родители кои не ги дисциплинираат своите деца
- Луѓе кои не ја затвораат пастата за заби
- Лоши фризури
- Пасивни и мрзливи луѓе
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Водолиите најмногу мразат:
rn
- rn011
- Здодевни луѓе
- Разговор за минатото
- Психијатри
- Озборување и измислување
- Непрактични луѓе, кои знаат сè само во теорија
- Недостаток на лојалност
- Немиени раце
- Игнорирање
- Примитивен начин на размислување
- Преголеми очекувања
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Рибите најмногу мразат:
rn
- rn011
- Луѓе кои привлекуваат внимание со прегласно смеење
- Луѓе кои бегаат од кавги
- Големи жештини
- Алкохоличари
- Бавни возачи
- Осудување
- Сурово однесување кон деца
- Сурово однесување кон животни
- Несовесност кон околината
- Пикање на носот во туѓите проблеми
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
-

Каде се изгуби довербата и како да ја повратиме?
Автор: Калин Бабушкуrnrn
„Потребни се 100 добри работи за да стекнеме доверба, но само 1 лоша за да ја изгубиме“ – Зага, мојата класна од основно училиште
rnДовербата е најважен дел во меѓусебните односи на луѓето. Жално е што иако сме свесни за ова, довербата во односите меѓу луѓето е на толку климави нозе што секоја комуникација започнува со НЕдоверба. Сигурно безброј пати ви се случило да започнете разговор со некого, а соговорникот да ве гледа со недоверба. Повеќе пати ќе испратите некоја понуда за соработка и таа понуда ја гледаат со недоверба. Некогаш ќе се пофалите за некоја добро завршена работа, а луѓето веднаш ве гледаат со недоверба и ве критикуваат. Недовербата е на сите страни.rnrn
rnrnИ сето тоа само се продлабочува и се продлабочува и никој нема намера да се мрдне од таа мртва точка туку баш напротив, сите ја прифаќаат како појдовна точка во секоја комуникација. Започнуваме со НЕДОВEРБА. Започнуваме со негативно.rnrnЗатоа, еве ви неколку совети како да ја повратите довербата кај луѓето и како со доверба да гледате на работите:rnrnПравете го она што го кажувате – Не ги оставајте работите само на зборови. Може да почнете со тоа што ќе кажувате работи коишто навистина можете да ги исполните, па макар тие биле мали и ситни. Од мали работи се гради довербата!rnrnСтојте зад своите ветувања – И немојте да ветувате само поради тоа што така прават другите или за да го завршите разговорот побрзо. Луѓето се ослонуваат на тоа што сте го ветиле и очекуваат дека ќе го исполните. Ако не го исполните, признајте си дека грешката е ваша и немојте да обвинувате други.rnrnКажувајте ја вистината – И немојте да имате скриени агенди. Кажувајте им на луѓето дека ја зборувате вистинатаrnrnНемојте да користите „бели“ лаги – Нема бела или црна лага – има лага! За жал, многу од нас се вадиме на овие обоени лаги, а всушност лажеме.rnrnБидете отворени – Во комуникација, во однос, во давање, во земање… Уште во самиот старт на комуникацијата отворете ги картите и немојте да се плашите од соговорникот. Проблемот е што ние не сме подготвени да бидеме отворени и затоа сите разговори и преговори започнуваат многу затворено и траат ли траат и сè до еден момент додека некој не се „отвори“… И што?? Само поминало многу време, а на крај сите се отвораат.rnrnЧувајте ги тајните за вас – Ако некој ви довери некоја тајна, немојте да ја пренесувате. Таа личност сака да сподели нешто со вас и тоа не ви дава за право да го пренесувате понатаму! Ни на најголемиот непријател немојте да му го правите тоа, а да не зборуваме за дома, на работа, со пријателите, со партнерите.rnrnОзборување – Немојте да озборувате. Немојте да озборувате други луѓе, настани или ситуации пред непознати, па и познати луѓе. Ако тоа го правите пред мене, зашто да не помислам дека тоа го правите и за мене, пред други луѓе?rnrnЛојалност – Со ова го покажувате вашиот капацитет да ги заштитите другите (колеги, другари, партнери…) како и дека сте од иста страна како кога се со вас, но и кога не се во ваше присуство.rnrnНемојте да ги повторувате истите грешки – Aко довербата кај некого ви е нарушена поради некоја работа која сте ја направиле, немојте да ја повторувате кај никого и никаде.rnrnКако што можете да видите, има многу начини како да ја повратиме довербата или како да почнеме со доверба да ги гледаме работите, но најважно е, навистина сите да почнеме со ДОВЕРБА и позитивно да гледаме на работите.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

18 работи кои жените треба да престанат да си ги прават една на друга
Секоја жена понекогаш знае да искоментира нешто лошо за друга жена. Без разлика дали се работи за пријателка, колешка или случајна девојка која „премногу дотерана и згодна“ поминала пред вас, веројатно и вие не сте исклучок од оваа појава. Интересно е дека во споредба со мажите, жените многу почесто коментираат за други жени, во негативна конотација. Во ред е понекогаш да озборуваме, но постојат работи кои едноставно треба да престанеме да си ги правиме една на друга.rnrn
rnЕве што треба да престанат да прават жените:
rn1. Да зборуваат за сексуалниот живот на други жени. Тоа е лична работа и лична одлука. Многу едноставно: не е твоја вагина, не е ни твоја работа.rnrn2. Да коментираат за туѓиот изглед на телото. Нема потреба од ова. Секоја жена ваквите коментари ќе си ги земе при срце.rnrn3. Да си кажуваат коментари од типот „леле, колку си слаба“, што е подеднакво понижувачки како да ѝ кажеш на девојка дека има вишок килограми.rnrn4. Свесно да се обидуваат да преземат нечие момче или сопруг. Почитувајте ги туѓите врски како што би сакале да ја почитуваат вашата.rnrn5. Да даваат двосмислени комплименти од типот „Косата ти изгледа убаво, но мислам дека би требало малку да ја скратиш.“rnrn6. Да бидат љубоморни на туѓите женски успеси. Треба да бидете среќни на туѓите достигнувања постигнати со многу труд и напорна работа.rnrn7. Да се натпреваруваат меѓу себе. Сите играме за ист тим на овој свет и кога ќе почнеме да се противиме кон други, не постигнуваме ништо освен што создаваме непотребни подвојувања.rnrn8. Да ја обвинуваат другата жена кога нивниот партнер ги изневерил. Зошто секогаш претпоставуваме дека таа е виновна? Таа може дури и да не знаела дека тој е посветен на друга врска. Тој е оној којшто ја ветил својата љубов на некој друг и ја изневерил. Вистинската реакција би била да престанете да ја обвинувате другата жена и да се соочите со вистинскиот проблем и вистинскиот човек, директно во очи.rnrn9. Да шират гласини.rnrn10. Да избегнуваат да ги расчистат работите во лице со личноста со која се во некаков конфликт, додека истовремено со леснотија на сите други им раскажуваат што направила, што кажала и како не можат да преминат преку тоа. Сериозно дами, одете право кај изворот на проблемот и расчистете ги работите во лице.rnrn11. Да ги издаваат тајните за кои ветиле дека нема да ги кажат. Ако пријателка ви се довери за нешто и ве натера да се заколнете во тајност, таа тоа и го заслужува.rnrn12. Да си ги споредуваат телата со други. Штом се споредите со друга жена, тоа е отров за вас. Сакајте се какви што сте и не мислете дека треба да изгледате како кој било друг.rnrn13. Да го критикуваат карактерот на други жени. Ако девојката е зборлеста, не нарекувајте ја напорна, ако е тивка, не значи дека е вообразена.rnrn14. Да си глумат една пред друга. Ако имате проблем со друга жена, едноставно не дружете се со неа. Не преправајте се дека сте ѝ пријателка за да ѝ се исмевате подоцна со останатите ваши пријателки.rnrn15. Да ги презираат партнерите на нивните пријателки заради тоа што тие поминуваат повеќе време со нив отколку со вас. Доколку ова отворено ѝ го кажете на вашата пријателка, сè што ќе предизвикате е само поголема оддалеченост помеѓу вас двете.rnrn16. Да си бидат непријатели без причина. Ако некој ве праша зошто не сакате одредена личност, а вие не можете да смислите одговор, едноставно откажете се.rnrn17. Да ги користат недостатоците на други жени за да се истакнат себеси и да изгледаат подобро. Не мора да ја спуштите туѓата самодоверба за да ја подобрите својата.rnrn18. Да зборуваат лошо за други девојки на Твитер или да прават други злобни стратегии за понижување преку социјалните мрежи. Средношколските денови се зад нас. Да се однесуваме како возрасни.rn
Сакајте ги и бидете сакани од другите жени, бидејќи кога сме заедно, ние сме сила која тешко може да биде совладана.
-

Поучна приказна: Едно семејство и магаре
Живеел еднаш еден брачен пар кој имал 12-годишен син и едно магаре. Одлучиле малку да пропатуваат, да работат и да го запознаат светот, па тргнале на пат.rnrn
rnrnКога дошле во првото село, луѓето коментирале: „Погледнете го она безобразно момче. Седнало на магарето, а родителите сироти го влечат.“ Жената тогаш му рекла на сопругот: „Нема да дозволиме луѓето вака да зборуваат за нашиот син.“rnrnКога дошле во друго село, луѓето мрмореле: „Видете го ова, срам нека му е на човекон, ги оставил жената и детето да го влечат магарето додека тој седи на него.“ Тие тогаш одлучиле жена му да седне на магарето, а мажот и синот да ги држат уздите.rnrnТака пристигнале во третото село, но луѓето повторно коментирале: „Јаден човек! Цел ден работел, а жена му седнала на магарето. И јадно дете! Кој знае што го чека со таква мајка.“ Тогаш одлучиле сите тројца да се качат на магарето и да продолжат понатаму.rnrnКога дошле до следното село, ги слушнале мештаните како коментираат дека ќе му го скршат грбот на јадното магаре заради преголемата тежина. И тогаш сите тројца се симнале доле и одлучиле да одат покрај него.rnrnКога поминувале низ следното село, не можеле да веруваат во коментарите на луѓето кои со исмевање велеле: „Погледнете ги само овие три будали. Одат, а имаат магаре кое би можело да ги носи.“rnrnНаравоучение: Секогаш ќе ве критикуваат и ќе зборуваат лошо за вас што и да направите.rnrnТешко е да им угодите на сите, а тешко е и да пронајдете личност која ќе биде добра баш онаква каква што е. Оној кој сака, секогаш ќе најде нешто да искоментира… Затоа, не обрнувајте им внимание на другите, бидејќи тешко дека на сите ќе им угодите. Сѐ што правите, правете од срце. -

За оние кои ви зборуваат позади грб…
„Не грижете се за оние кои ви зборуваат позади грб. Тие се зад вас со причина.“
rn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

15 нешта за кои не се грижат среќните луѓе
Среќата не е дестинација каде треба да се стигне, среќата едноставно е пат низ животот, начин на размислување и гледање на нештата. Кога ќе ги погледнете среќните луѓе сфаќате дека тие шират топлина, љубезност и разбирање, дека се чувствуваат удобно во својата кожа и се прифатиле себеси такви какви што се. Најважно од сè тие не се преокупирани со наоѓање среќа бидејќи знаат дека таа е пред нив, спакувана во сите мали животни задоволства. Еве за што не се грижат навистина среќните луѓе и за што не треба да се грижи никој од нас.rnrn
rn1. Материјалните работи
rnСекако, материјалните работи се важни, и како што некој рекол подобро ќе плачам во Ферари отколку во Југо. Но, дали материјалните работи треба да ни бидат главниот фокус во животот? Дали се мерило за нашата среќа? Не. Одберете да си ја вршите работата со страст и љубов, да дадете најмногу од себе за да разубавите нечии животи, а кога одвреме-навреме ќе се слеат пари, бидете задоволни, но не зависете од нив. Луѓето кои се зависни од материјалните нешта ја наоѓаат својата лажна среќа во нив и никогаш не им е доста, никогаш нема да бидат исполнети ниту пак вистински среќни.rn
2. За она што ќе го добијат за возврат
rnНе е добро дело доколку очекувате награда, и никогаш нема јасно да ги видите „сметките“ колку сте дале и колку ви должат. Наместо да се преокупирате со тоа, живејте слободно, правете добри дела не очекувајќи „исплата“ за истите.rn
3. За очекувањата и нормите на општеството
rnПостојаните обиди да ги задоволите другите и да се вклопите негде може да бидат стресни и да влијаат многу лошо на вашата среќа. Наместо тоа, живејте го животот на ваш начин. Да, многу полесно е да се каже отколку да се направи, но претпоставувам за тоа е потребно вежбање. Почнете да се ослободувате себеси и да се чувствувате удобно во својата кожа. Бидете свои и со тек на време тоа ќе ви стане навика. Наместо да следите некои здодевни веќе поставени шеми, вие создавајте свои правила. Никој не гради среќно постоење со обидите да се вклопи некаде или да биде нечија копија, нели?rn
4. За предрасудите на луѓето
rnЛуѓето имаат многу предрасуди, најчесто со цел да се чувствуваат подобро самите за себе бидејќи им недостига самодоверба. Среќните луѓе не се грижат за предрасудите на општеството бидејќи знаат дека тие се поставени од личности кои се борат со своите комплекси. Во живеењето на својот сон нема да ги попречи нивниот пол, возраст, висина, потекло, боја на кожа и сл.rn
5. За нечија дозвола
rnНели е заморно да се живее со постојана потреба да се задоволат сечии барања? Што правиме доколку за сè чекаме зелено светло од некој друг? Можеби токму на тој начин го одлагаме нашиот исполнет живот. Никогаш нема сите да се согласуваат 100% со вас и секогаш ќе има некој кој ќе ве гледа со сомнеж. Вие сепак продолжете и сторете го она што сте го наумиле. Не дозволувајте ничие мислење да ве обесхрабри.rn
6. За потребата постојано да се во право
rnНема некој кој знае сè и кој има одговори на секое прашање. Бидете отворени за нови лекции и не поставувајте се како супериорни личности кои знаат сè што треба да знаат за животот. Не секогаш ќе бидете во право и тоа е во ред. Слушнете што другите имаат да ви кажат. Некогаш најголемите лекции доаѓаат кога најмалку ги очекувате.rn
7. Не се зависни од погодно опкружување
rnЗошто да се преокупирате со вашето опкружување и да дозволите тоа да ви биде пречка во животот? Променете го она што не ви одговара, прифатете го она што не може да го промените, дајте сè од себе. Никогаш околностите нема да бидат совршени, сепак одберете да дејствувате.rn
8. За споредување со другите
rnПостојаното споредување со другите е нездрава навика која ве спречува да живеете слободно. Никогаш нема да знаете како им е на другите и никогаш нема да ја согледате објективната слика. Наместо тоа, одберете да се споредувате самите со себе. Гледајте секој ден да станувате подобра верзија од себеси.rnrn
rn9. Не се мешаат во туѓите животи
rnМешањето и зборувањето за туѓите животи е само показател дека твојот живот не е доволно возбудлив и исполнет. Среќните луѓе одбираат да си ги средат сопствените дворови наместо да зборуваат за туѓите.rn
10. Не се грижат за озборување
rnОзборувањето е плитка карактеристика на луѓето кои немаат попаметна работа, и среќните луѓе се свесни за тоа. Озборувањата се шират како вирус и со секое прекажување добиваат нова форма. Одберете да не го пополнувате слободното време со ваква активност и да ја запознаете личноста сами наместо да ја оцените според тоа што другите зборуваат.rn
11. Не трошат време на отровни врски
rnБез разлика дали станува збор за љубовна или пријателска врска, секој од нас искусил токсична врска која ви ја зема позитивната енергија и не ви дозволува да живеете слободно. Да, можеби на почетокот ќе ви биде тешко отсечно да пресечете и ставите крај, но за брзо ќе си бидете благодарни самите себе. Опкружете се со позитивни личности кои ве надградуваат и ве мотивираат да го истакнете најдоброто од себе, само така може да бидете среќни.rn
12. Не чуваат омраза и лоши мисли
rnОдберете да им простите на луѓето од вашето минато, не заради нив туку заради самите себе. Чувањето омраза во себе и памтењето на лошите работи само се пласти слој по слој уништувајќи ве и оневозможувајќи ви да живеете слободно.rn
13. Не обрнуваат внимание на лагите
rnСекој лаже понекогаш, само што некој лаже навистина често. Среќните луѓе не се грижат за оние кои шират лаги и невистини за нив или за нивните пријатели и блиски. Таквите личности едноставно ги игнорираат.rn
14. Не трошат време на самосожалување
rnПонекогаш животот не е фер, и не само кон поединци туку кон сите. Наместо да заглавите во шема на самосожалување, вперете го прстот најпрво кон себеси. Што вие може да направите за да ја подобрите ситуацијата? Ако животот ви зададе удар а вие одберете да останете на земја сожалувајќи се, никогаш нема да се исправите на нозе и да се обидете повторно.rn
15. Не размислуваат за одмазда
rnКроењето планови за одмазда ви троши скапоцено време и ја цица позитивната енергија. Секој може да му згреши некому, некогаш и несвесно. Ослободете се од тој товар и дозволете вашиот слободен, среќен и успешен живот да зборува наместо вас.