КАФЕ ПАУЗА

Tag: озборување

  • Зошто на луѓето им се допаѓа озборувањето?

    Зошто на луѓето им се допаѓа озборувањето?

    Озборувањето е составен дел од човековото однесување и тоа е нешто што го искусил секој еден од нас. Но, прашањето е зошто луѓето озборуваат?rnrnЗошто на луѓето им се допаѓа озборувањето? rnrnФакт е дека луѓето сакаат да озборуваат. Озборувањето е всушност споделување информации за лице кое не е присутно во дадениот момент. Тоа се поистоветува најчесто со тенденцијата на фокусирање на негативните аспекти на личноста.rnrnКај некои луѓе главната цел за озборување е одмаздата. Доколку не сакаме одредена личност вообичаено бараме други луѓе кои ги споделуваат со нас истите чувства во однос на таа личност. Во овој случај самата причина дека личноста не ни се допаѓа се чини дека е доволна за да го оправда озборувањето.rnrnДруга причина поради која луѓето сакаат да озборуваат е чувството на моќ. Со други зборови, преку озборувањето луѓето добиваат впечаток дека поседуваат тајни информации за другите.rnrnОзборувањето е процес кој се случува речиси несвесно и има за цел да ја разбие монотонијата на секојдневието. Во денешно време, социјалните медиуми се „идеална“ платформа за озборување. Сепак, токму овој тип озборување има тенденција да направи повеќе штета бидејќи може да допре до поширока публика и да остане видливо подолго време.rnrnСпоред одредени истражувања, кај луѓето кои слушнале позитивни или негативни озборувања за себе, се појавила зголемена активност во префронталниот кортекс на мозокот. Се работи за дел од мозокот одговорен за однесувањето на поединецот со другите. Резултатот бил дека луѓето сакале да се вклопат во заедницата со другите, но и да добиваат позитивни коментари за себе. Така, тие биле среќни кога слушнале позитивни зборови, но вознемирени кога слушнале негативни озборувања за себе.rnrnОткако прочитавте зошто луѓето сакаат да озборуваат, можеби ќе сакате да прочитате и за зачудувачките придобивки од озборувањето.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Не се замерувајте со нив: Хороскопски знаци што лесно можат да ви станат непријатели

    Не се замерувајте со нив: Хороскопски знаци што лесно можат да ви станат непријатели

    Границата помеѓу љубовта и омразата е тенка, но кај некои хороскопски знаци таа е уште потенка. Во зависност од тоа кога се родени, со некои луѓе ќе се скарате многу побрзо отколку со други. Прочитајте кои се петте хороскопски знаци што најлесно ќе ви станат непријатели.rnrnНе се замерувајте со нив: Хороскопски знаци што лесно можат да ви станат непријателиrn

    Овен

    rnНепредвидливиот Овен може да се изнервира во секое време и кога тоа ќе се случи, од него можете да очекувате експлозивна реакција. Ако се најдете на списокот на неговите непријатели, бидете сигурни дека сите ќе знаат за тоа. Но, не треба да се плашите од нивната одмазда затоа што тие едноставно ќе ве избришат од својот живот и ќе заборават дека постоите.rn

    Близнаци

    rnЛичноста родена во овој хороскопски знак денес може да ви биде најдобриот пријател, а утре вашиот најлош непријател. За Близнаците се карактеристични променливата природа и избрзувањето при стекнување мислење за другите. Ако ги повредите, сигурно ќе станете тема на нивните озборувања коишто се во состојба дури и да ги измислат.rn

    Лав

    rnЛавовите сакаат да бидат пријатели со сите и да бидат омилени во друштвото, но ако се најдете на нивниот список на непријатели, тие ќе сторат сè што можат за да ве прикажат во најлошото светло пред останатите. Како и да е, Лавовите не го мешаат професионалниот живот со приватниот, па поверојатно е да стекнат непријатели на работа, отколку меѓу роднините и пријателите.rn

    Девица

    rnДевицата нема многу пријатели, а со тие што ги има очекува дека пријателството ќе трае цел живот. Личностите родени во овој хороскопски знак веруваат дека пријателството се заснова на меѓусебно почитување, па ако тоа не е возвратено, лесно можат да се замерат со некого. Кога Девиците ќе сфатат дека некој се дружи со нив само поради своја лична корист, тие веднаш и засекогаш ќе ги исклучат тие личности од своите животи.rn

    Скорпија

    rnНа Скорпиите им е тешко да стекнат пријатели и се отвораат само пред луѓе на коишто целосно им веруваат. Од луѓето што ги нарекуваат пријатели очекуваат вечно пријателство, но ако и само еднаш ги изневерите или ги повредите, ќе добиете непријател за цел живот.rnrnПрочитајте и кои се хороскопските знаци што не знаат за компромис.

  • Кој озборува повеќе, мажите или жените?

    Кој озборува повеќе, мажите или жените?

    Без разлика дали сте маж или жена, колку и да не сакате да признаете, озборувањето со пријателите е составен дел од животот. Веројатно ќе се согласите и дека понекогаш озборувањето навистина прави да уживате. Сепак, не сите озборувања се со лоша намера.rnrnКој озборува повеќе, мажите или жените?rnrnЕдно социјално истражување го проучувало феноменот на озборување и покажало дека секој ден, минуваме по еден час во оваа активност. Покрај ова откритие, истражувањето срушило и многу митови за озборувањето во кои повеќето од нас веруваат.rnrnВо научна смисла, озборувањето се дефинира како разговор за личност која не е присутна. Овој разговор може да биде позитивен, негативен или неутрален.rnrnНаучниците од американскиот Универзитет Риверсајд го проучувале истражувањето и откриле навистина интересни работи.rnrnВо истражувањето, за озборување се сметал и разговорот за јавните ликови, а токму ова го зголемува дневното количество на озборување во нашиот живот. Според ова, 14% од сите разговори во текот на денот се всушност озборувања.rnrnКога станува збор за видот на озборување, 3/4 од разговорите биле неутрални, но имало многу повеќе негативни отколку позитивни озборувања.rnrnЖените и социјалните луѓе озборувале најмногу, но само кога станувало збор за неутралните озборувања. Кога станува збор за негативните, и мажите и жените озборувале подеднакво.rnrnКога станува збор за социјалниот статус на озборувањето, тоа е исто застапено во сите социјални слоеви. Од ова можеме да заклучиме дека озборувањето навистина е сеприсутно.rnrnПогледнете и кои се придобивките од озборувањето.

  • Кои се трите најљубопитни хороскопски знаци што обожаваат да озборуваат?

    Кои се трите најљубопитни хороскопски знаци што обожаваат да озборуваат?

    Постојат луѓе кои навистина не ги интересира животот на другите, а постојат и такви кои по секоја цена сакаат да дознаат некој трач и се упорни во тоа. Тие ќе поставуваат прашања, ќе ветуваат дека нема да ја пренесат информацијата на никого, навистина ќе направат сè што е во нивна моќ за да дојдат до тоа озборување. А, еве на кои хороскопски знаци љубопитноста им е една од највпечатливите карактеристики:rnrnКои се трите најљубопитни хороскопски знаци?rn

    1. Овен

    rnЗа Овните може да се каже дека владеат со комуникацијата и сакаат да бидат центар на вниманието. Особено сакаат нивниот збор да биде главен и да водат монолози во кои ги истакнуваат своите познавања и информации. Секогаш ги имаат најновите вести и трачеви, а љубопитноста им е тивка и незабележлива. Така, тие воопшто не им додеваат на другите, а сепак успеваат вешто да ги дознаат сите нови озборувања.rn

    2. Бик

    rnБиковите имаат природна способност за да ве анализираат и многу точно да ве проценат врз основа на изгледот, изразот на лицето и движењата на телото. На тој начин, веќе имаат доста информации за вас. Тие никогаш нема да ви постават прашање, ниту пак ќе озборуваат, но затоа секогаш ќе имаат основа за да изградат мислење за вас само поради тоа што ве набљудуваат и анализираат.rnrnКои се трите најљубопитни хороскопски знаци?rn

    3. Стрелец

    rnАко сакаат нешто да дознаат, Стрелците ќе минат и низ невозможното само за да стигнат до трачот или информацијата која ги интересира. Комуникативни се и отворено ќе прашаат сè што ги интересира. Имаат многу пријатели, доста познаници и постојано ја надградуваат мрежата на блиски луѓе, од кои ќе дознаваат информации за она што ги интересира.rnrnПрочитајте ги и овие 20 цитати за озборувањето.

  • 5 хороскопски знаци кои најмногу озборуваат и воопшто не се срамат да го признаат тоа

    5 хороскопски знаци кои најмногу озборуваат и воопшто не се срамат да го признаат тоа

    И додека некои хороскопски знаци засекогаш ќе чуваат одредена тајна, постојат и оние кои се вистински брбливци, па вашите тајни сигурно ќе им „излетаат“ пред другите луѓе.rnrn1-5-horoskopski-znaci-koi-najmnogu-ozboruvaat-i-voopshto-ne-se-sramat-da-go-priznaat-toa-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnОвните признаваат дека честопати јазикот им е побрз од паметот. Тие се брзи на јазик и директни, па затоа постои голема веројатност дека тајната која ќе ја споделите со нив ќе биде откриена. Секако, тоа нема да го направат намерно, туку едноставно не знаат да се контролираат кога ситуацијата го бара тоа од нив. Овните ќе направат сѐ што е во нивна моќ за да ја заржат тајната и ќе се борат против импулсивниот нагон да ја откријат, а кога ќе го направат тоа ќе им биде искрено жал.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се неверојатни брбливци, па затоа и самите понекогаш советуваат да не им ги откривате тајните кои ви се важни. Понекогаш ги откриваат намерно, а понекогаш случајно затоа што едноставно забораваат што смеат или што не смеат да кажат.rn

    Рак

    rnРаковите се познати како лојален знак, но вашата тајна ќе ја задржат само ако ве сметаат за дел од нивниот потесен круг. Нивната лојалност е секогаш на страната на најблиските луѓе кои ги сакаат. Една од причините зошто имаат потреба да зборуваат со другите за вашите тајни е затоа што не знаат како да ви помогнат и сакаат совет од неутрална личност.rnrnrn

    Вага

    rnВагите се дружељубиви, сакаат да бидат опкружени со луѓе и да се наоѓаат во центарот на случувањата. Токму затоа се зборлести и често им се случува да откријат некоја тајна. Меѓутоа, Вагите немаат лоши намери, туку едноставно сакаат да разменуваат искуства со другите луѓе.rn

    Стрелец

    rnСтрелците може да бидат личности од доверба, но морате да им нагласите дека разговарате за нешто доверливо. Во спротивно тие нема да сфатат дека се во прашање информации кои не смеат да се шират понатаму.rnrnСите ние имаме тајни, а ова е најстрашната тајна која секој хороскопски знак ја крие од вас.

  • Моќна порака од една мајка: Зошто не треба да ги осудувате луѓето пред да разговарате со нив?

    Моќна порака од една мајка: Зошто не треба да ги осудувате луѓето пред да разговарате со нив?

    Иако не признаваат, сите мајки се озборуваат една со друга исто толку колку што и нивните деца озборуваат на училиште. Австралиската блогерка и мајка на 4 деца, Констанс Хол, решила да им стави крај на озборувањата и објавила моќна порака на Фејсбук за да ги поттикне мајките и сите останати да размислат околу тоа како се однесуваат.rnrnЗошто не треба да ги осудувате луѓето пред да разговарате со нив?rnrnСѐ започнало кога Хол забележала една модерна мајка како доаѓа да ги земе децата од училиште. Среденоста на оваа мајка ја натерала да се посомнева во својата самодоверба и набрзо почнала да ја озборува супермајката со другите мајки. Меѓутоа, соочувањето со реалноста ја инспирирало да ја сподели приказната што моментално има повеќе од 82.000 лајкови и 7.000 споделувања. Прочитајте ја нејзината објава и дознајте како оваа жена ја надминала негативноста што ја почувствувала и испратила моќна порака до сите мајки на светот…rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnИмаше една жена која секој ден доаѓаше да си ги земе децата од училиште. Возеше убав автомобил, главата ја држеше високо крената и секогаш имаше средена фризура. Зборуваше многу љубезно, носеше модерна и чиста облека и многу ретко ме забележуваше.rnrnА јас ги доев моите деца, мирисав на суво млеко, косата ми беше мрсна, лицето ми беше отечено од утринските солзи, немав чевли и зборував на лош дијалект. Ми се чинеше како да е пратена на светот за да ги зајакне моите несигурности.rnrnПа, го направив она што многу жени го прават и се обидов да започнам разговор за неа со една друга мајка, делумно затоа што бев љубопитна и делумно затоа што се надевав дека тоа ќе ми помогне да се чувствувам подобро. Но, советот на другата мајка ме натера да се соочам со реалноста.rnrn„Разговарај со жената, не за неа.“rnrnЕден ден решив да разговарам со неа. Седнав до неа и ја слушнав нејзината приказна.rnrnДознав дека е поранешна алкохоличарка и дека организира анонимни состаноци за да им помогне на другите зависни жени кои сакаат да се отрезнат. Дознав дека има проблеми со бракот, нејзините деца и здравје исто како и сите нас останати. Дознав дека таа е многу работи, но дефинитивно не е сноб.rnrnТаа е една од најинспиративните жени што ги познавам. Испадна дека и јас делувам многу самоуверено. Испадна дека додека сум седела таму и сум си го мразела животот без да соберам храброст за да им проговорам на сите тие прекрасни мајки, тие исто така немале храброст да ми прозборат. Мислеле дека сум премногу слободна и опуштена.rnrnОваа мајка сега е една од моите најдобри пријателки. Заедно се жалиме за нашите сопрузи, за децата и постојано се смееме.rnrnСега кога децата одат во ново училиште, знам дека има многу луѓе кои имаат различно мислење за мене и за жал, многу од озборувањата стигнаа и до мене. Па затоа, би сакала да им порачам на сите мајки…rnrnЗборувајте со жената, не за неа.rnrn[/message_box]rnrnЗошто не треба да ги осудувате луѓето пред да разговарате со нив?rnrnНејзината објава допрела до многу мајки и ги мотивирала да коментираат и да ја споделат нивната приказна:rn

    „Не можам да ги поднесувам ваквите работи! Јас сум многу срамежлива и кога луѓето конечно ќе поразговараат со мене, првото нешто што го велат е ’Ти си била многу фина. Воопшто не си била вообразена’… Не можам да си помогнам кога имам ладен израз на лицето и непријатно ми е да остварувам нови контакти.“

    rn

    „Ни требаат повеќе вакви работи! Нашата нова најдобра пријателка можеби ќе ја најдеме со следното ’Добро утро’.“

    rn

    „Само што се вратив дома откако бев на рехабилитација за зависност од алкохол и наркотици. Имам 3 деца во едно училиште и во минатото сум била многу осудувана, но има неколку мајки кои ме поддржуваат и не ме осудуваат. Ја држам главата високо крената, секој ден одам на анонимни состаноци и правам сѐ што можам за да го продолжам моето заздравување. Ќе ги носам децата и сопругот на камп за анонимни алкохоличари и едвај чекам да запознаам мајки кои се соочуваат со слични битки и проблеми. Драго ми е што прочитав приказна против осудувањата.“

    rn

    „Многу ми се допадна. Само што се преселивме и децата почнаа да одат во ново училиште на место каде што не познаваме никого. Имам светло виолетова коса и тетоважи насекаде, а мојот син има аутизам, така што и двајцата сме посебни. Ми беше чудно првите неколку недели, но потоа решив едноставно да започнам разговор со некого. Сѐ уште работам на тоа…“

    rn

    „Ова е многу точно. Понекогаш ги претставуваме луѓето на сосема погрешен начин. 90% од времето грешиме кога проценувам некој човек. Но, сите го правиме тоа! Би сакала да знам што мислат луѓето за мене. Но и онака не ми е гајле! На никој од нас не би требало да му биде гајле!“

    rn

    „И јас би сакала луѓето да разговараа со мене, а не за мене. Јас сум многу добра личност, но од некоја непозната причина целиот мој живот непознатите луѓе кажувале негативни работи за мене. Тоа не ми пречи толку, бидејќи не ме познаваат, но одбивам да зборувам лошо за луѓето кои не ги познавам.“

    rnШто мислите вие на оваа тема? Дали би се обиделе да го практикувате овој совет во вашиот секојдневен живот?rnrnПрочитајте го и најдобриот совет од една мајка што некогаш сте го чуле.

  • 9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

    9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

    Гласините за познатите личности се ширеле наоколу уште пред постоењето на Интернетот, но по неговата појава, вестите почнаа да се шират уште побрзо и целиот виртуелен свет постојано е преплавен со сочни озборувања. Некои од тие трачеви станале толку популарни што луѓето навистина почнале да веруваат во нив. Прочитајте ги следниве 9 смешни митови кои докажуваат дека каде што има чад, нема секогаш оган…rn

    1. Лорд има 45 години

    rn9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваатrnrnНеобичниот изглед на Лорд, пеачката од Нов Зеланд, беше предмет на многу озборувања поврзани со нејзината вистинска возраст. Некои велат дека младата ѕвезда има повеќе од 40 години, иако таа имаше само 17 кога излезе нејзиниот прв албум. Овој податок е потврден и со нејзиниот извод на раѓање според кој таа е родена на 7 ноември, 1996 година. За жал, овој доказ не е доволно убедлив за некои луѓе.rn

    2. Измамничка ја заменувала Аврил Лавињ

    rn9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваатrnrnОвој мит се роди во 2015 година, кога еден бразилски веб-сајт посветен на поп панк пеачката тврдеше дека Лавињ починала во 2003 година и била заменета од страна на нејзина двојничка по име Мелиса Вандела. За да ја потврди оваа хипотеза, авторот се повикал на исчезнувањето на бенките од лицето на Аврил Лавињ и промените во нејзиниот изглед. Сите овие аргументи биле отфрлени како неточни, но легендата за мистериозната двојничка сѐ уште постои.rn

    3. Стиви Вондер не е навистина слеп

    rn9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваатrnrnМногумина веруваат дека легендарниот пејач се преправа дека е слеп, затоа што редовно оди на кошаркарски натпревари, купува телевизори, а еднаш се обидел да го фати микрофонот додека паѓал. Оние што ја подржуваат оваа теорија единствено не можат да објаснат зошто Стиви Вондер би се преправал дека е слеп цели 67 години.rn

    4. Мерилин Монро носела облека со број 50

    rn9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваатrnrnТелото на Мерилин Монро се смета за легендарно. Тоа ја претставува идеалната женска фигура, а некои го сметаат и за тело со прекумерна тежина. Меѓутоа, мерките на Монро раскажуваат поинаква приказна. Всушност, тие се многу слични на телесниот облик со мерки 36-24-36, што се смета општо прифатливо во денешно време. Докази за тоа се нејзината облека и белешките од нејзините стилисти кои потврдуваат дека актерката носела облека со број 40. Но, тежината на Монро навистина била променлива. На пример, таа се зголемила за време на нејзината бременост која за жал завршила со абортус. И покрај тоа, таа никогаш немала вишок килограми.rn

    5. Кејти Пери е ЏонБенет Ремзи

    rn9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваатrnrnФановите на оваа поп ѕвезда имаат теорија дека Кејти Пери не е навистина Кејти Пери! А не е ни Кетрин Хадсон (Кејти одлучила да го користи моминското презиме на мајка ѝ за да не биде поврзувана со актерката Кејт Хадсон). Тие мислат дека нејзиното вистинско име е ЏонБенет Ремзи, девојчето кое победило на многу избори за убавина. За жал, Ремзи починала кога имала 6 години, а нејзината мистериозна смрт сѐ уште не е разрешена. Овој факт и сличноста помеѓу ЏонБенет и Кејти биле причината за развивање на апсурдната теорија. Но, многу е лесно да се побие оваа гласина: Кога Ремзи се родила, Кејти веќе имала 6 години.rnrnПродолжете на следната страница за останатите смешни гласини…rnrn

  • Зачудувачки придобивки од озборувањето

    Зачудувачки придобивки од озборувањето

    Ако озборувањето е едно од вашите „забранети задоволства“, можно е да имате и некои придобивки од него. Едно неодамнешно истражување покажало дека озборувањето може да биде добро за социјалната интеракција.rnrn(2)pridobivkite-na-ozboruvanjeto-kafepauza.mkrnrnОзборувањето ги зближува луѓето повеќе од нормално бидејќи тогаш тие разговараат за тема која не е лично за нив. Тоа исто така може да им помогне на луѓето да одлучат кому ќе веруваат поради информациите кои ги добиваат за другите.rnrnВо истражувањето учествувале 22 девојки кај кои било забележано зголемено излачување на окситоцин за време на озборувањето. Овој хормон е поврзан со мајчинството, социјалното однесување и задоволството. Во истражувањето биле вклучени само девојки бидејќи научниците не сакале привлечноста помеѓу машките и женските (доколку се појавела) да пречи во резултатите.rnrn(1)pridobivkite-na-ozboruvanjeto-kafepauza.mkrn

    И други истражувања го поддржуваат ова

    rnИстражување од 2014 година открило дека озборувањето може да ја подобри соработката во некоја група и да го спречи егоистичното однесување. Во групите во кои било дозволено озборувањето, себичноста била намалена, за разлика од групите кои не озборувале.rnrn(3)pridobivkite-na-ozboruvanjeto-kafepauza.mkrnrnИстражување од 2012 година покажало и дека озборувањето на работното место носи позитивни резултати. Луѓето се плашат дека ќе бидат „жртви“ на озборување, па поради ова се зближуваат со своите колеги. Заканата од озборувањето изгледа има функција на социјален притисок која ги мотивира членовите на некоја група да се однесуваат правилно и според она што другите го мислат за нив.rnrnПогледнете ги и овие цитати за озборувањето.

  • Озборувањето може да предизвика негативни последици на вашето тело

    Озборувањето може да предизвика негативни последици на вашето тело

    Многу луѓе во своето слободно време обожаваат да озборуваат, пронаоѓајќи некои интересни делови од животот на луѓето околу нив. Но, дали знаете дека тоа е штетно и за вас и за оние околу вас? Кога озборувате некого, вие сте во интеракција со вашето его. Бидете реални и признајте дека озборувате зашто што осудувате, а тогаш се чувствувате добро, макар и тоа да трае само неколку минути.rnrnНегативни и непријатни последици: Озборувањето може да предизвика психичко оштетувањеrnrnНе постои озборување за забава, туку сето тоа носи нешто негативно со себе. Вашите мисли, зборови и енергија содржат силни вибрации, па кога ќе почнете да зборувате за нечиј живот, кога ќе ги осудувате и ќе го давате вашето мислење, вие всушност испраќате еден облик на негативна енергија. Ова не само што ја намалува вашата енергија, туку со тоа предизвикувате и психичка штета на другата личност. Кога озборувате или зборувате нешто негативно за другите, вашите зборови создаваат токсична сила, а колку повеќе луѓе озборуваат и ги шират истите зборови, толку повеќе расте таа токсичност. rnrnСигурно и вие не сакате некој да ве озборува вам, па зошто би било во ред тоа да го правите за другите? Иако сите луѓе знаат дека не е добро да се зборува навредливо, сепак, озборувањето денес е толку распространето при што повеќето луѓе не се свесни дека тоа може да предизвика негативни последици и намалување на енергијата. Покрај секојдневието, и медиумите често знаат да бидат преполни со озборувања. На пример, некои списанија се трудат да профитираат од бедата и трагедијата на другите луѓе. Иако многу од тие приказни се делумно вистинити или пак се целосна лага, сепак, повеќето луѓе се вовлекуваат во сето тоа, разговараат со нивните најблиски и ги даваат своите пресуди.rnrnНо, озборувањето ги открива несигурноста и проблемите на личноста. Во ајурведската медицина озборувањето влијае на соларниот плексус, место каде што се чуваат емоциите кои се однесуваат на контролата. Во тој краток момент во кој се задржуваат тие „ексклузивни“ информации, личноста има лажно чувство на моќ кое ѝ овозможува да ја почувствува контролата. Споделувањето на тие информации ја допира енергијата и предизвикува да се шири негативноста. Вашето его се храни со таа енергија и наскоро станува тешко да контролирате што и на кој зборувате. Тогаш тие информации се шират премногу брзо и може да уништат пријателства, љубовни врски, кариера, па дури и нечие здравје. rnrnОзборувањето исто така може да ја блокира и срцевата чакра, со која се изразува љубовта и сочувството, а исто така и чакрата на грлото која е задолжена за комуникација. Пред сѐ, озборувањето ја блокира чакрата на третото око. Постојаното зборување за другите ве спречува да го пронајдете својот пат и го одвлекува вашето внимание далеку од вашите животи и сопствените проблеми. Иако нема ништо лошо во дискутирањето со проблемите или споделувањето информации со вашите пријатели, поразлично е кога зад сето тоа се крие намера која произлегува од егото.rnrnМорате да запаметите дека секој има свој пат и го прави она што мисли дека е најдобро за него. Осудувањето на другите, озборувањето и ширењето лажни информации ја намалува вашата енергија и ве спречува да напредувате во вашиот живот. Така, наредниот пат кога ќе почнете да озборувате, застанете еден момент, помислете како звучат тие непријатни зборови и потсетете се дека секој има право да го живее својот живот.rnrnТрудете се повеќе да ја употребувате оваа реченица, за да им ставите крај на сите озборувања еднаш засекогаш!

  • Единствената реченица што може да им стави крај на сите озборувања еднаш засекогаш

    Единствената реченица што може да им стави крај на сите озборувања еднаш засекогаш

    Сите сме чуле реченици од типот „Виде ли што таа носеше вчера на свадбата?“, „Слушнав дека раскинале“, „Знаеш дека тој всушност бил вработен преку врски?“. И на сите ни се случило да учествуваме во секојдневните „трач“ разговори. Луѓето обожаваат да озборуваат и да шират гласини. Неодамнешните истражувања откриле дека дури 80% од нашите разговори се состојат од дискусии за приватните животи на другите луѓе.rnrnЕдинствената реченица што може да им стави крај на сите озборувања еднаш засекогашrn

    Зошто луѓето озборуваат?

    rnСпоред психолозите, главната причина зошто го правиме тоа е нашата желба да си го олесниме процесот на градење социјални односи со луѓето. Работите што не им се допаѓаат на две или повеќе лица се помоќна алатка за зближување од нивните заеднички интереси и работи што им се допаѓаат. Освен тоа, луѓето чувствуваат едно посебно задоволство кога споделуваат доверливи информации за другите. Тие обожаваат да зборуваат за туѓите неуспеси и грешки, бидејќи на тој начин се споредуваат себеси со луѓето кои се полоши од нив.rn

    Како да го сопреме озборувањето?

    rnОзборувањето е насекаде и не можеме да ги одвикнеме луѓето од оваа навика. Но, психолозите откриле едноставна реченица што веднаш може да го сопре овој лош начин на разговор. Секогаш кога некој ќе се обиде да ве вовлече во негативна дискусија за друг човек, поставете го следново прашање: „Зошто ми го кажуваш ова?“rnrnРеченицата делува многу просто, но го постигнува саканиот ефект. Ова прашање го елиминира секој себичен мотив на озборувачот и му помага да разбере дека вие не сте заинтересирани да водите таков разговор.rnrnОзборувањето не е безопасна навика. Зборовите се многу моќни. Ширењето гласини и лаги за луѓето може да остави ужасни последици на нив. Никогаш не заборавајте дека кога озборувате, вие повредувате некого, без разлика дали тоа е директно или индиректно. Нареден пат кога некој ќе се обиде да ве наведе да озборувате, сетете се дека едноставната реченица како „Зошто ми го кажуваш ова?“ може да го спречи ширењето на лошите гласини.