КАФЕ ПАУЗА

Tag: отпад

  • 10 едноставни работи што ги прават грижливите луѓе за да ја спасат планетата

    10 едноставни работи што ги прават грижливите луѓе за да ја спасат планетата

    Некои земји не се трудат да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид во атмосферата, шумите се намалуваат, температурата на површината на Земјата расте со голема брзина, а во светот годишно се фрла една третина од храната што се произведува. Но сепак, постојат луѓе што се трудат да го намалат отпадот што ја оштетува планетата. Погледнете што прават тие за спас на нашата планета.rn

    1. Во Чешка се воведени машини за надополнување на празните шишиња со шампон и со гел за туширање

    rn10 едноставни работи што ги прават грижливите луѓе за да ја спасат планетатаrn

    2. Продавница продава блузи направени од пластични шишиња и покажува како се направени

    rn10 едноставни работи што ги прават грижливите луѓе за да ја спасат планетатаrn

    3. Во 2016 година, Франција донесе закон со кој им забрани на супермаркетите да ја фрлаат храната. Наместо тоа, тие ја донираат непродадената храна во добротворни цели

    rn10 едноставни работи што ги прават грижливите луѓе за да ја спасат планетатаrn

    4. „Адидас“ годишно лансира 11 милиони патики направени од рециклирана пластика. За секој пар патики се потребни 11 пластични шишиња

    rn10 едноставни работи што ги прават грижливите луѓе за да ја спасат планетатаrn

    5. Годишно се фрлаат 56 милиони искористени капсули за кафе. Шведскиот бренд за велосипеди „Velosophy“ прави велосипеди од рециклираните „Неспресо“ капсули за кафе

    rn10 едноставни работи што ги прават грижливите луѓе за да ја спасат планетатаrn

    6. За некои намирници се користат лисја од банана како алтернатива на пластичното пакување

    rn10 едноставни работи што ги прават грижливите луѓе за да ја спасат планетатаrn

    7. Машина што ви овозможува да ги наполните со вода сопствените шишиња

    rn10 едноставни работи што ги прават грижливите луѓе за да ја спасат планетатаrn

    8. „Грозјето во нашиот супермаркет се продава во мали хартиени кеси наместо во пластични.“

    rn10 едноставни работи што ги прават грижливите луѓе за да ја спасат планетатаrn

    9. Во продавница во Белгија можете да пресечете онолку колку што ви е потребно сапун или шампон во цврста форма наместо да купувате во пластични шишиња

    rn10 едноставни работи што ги прават грижливите луѓе за да ја спасат планетатаrn

    10. Конфети од паднати лисја што можете да ги направите заедно со вашите деца

    rn10 едноставни работи што ги прават грижливите луѓе за да ја спасат планетатаrn

    Бонус: Нов тренд во канцелариите во Тел Авив е поставување фотографија од Грета Тунберг веднаш до пластичните садови

    rn10 едноставни работи што ги прават грижливите луѓе за да ја спасат планетатаrnrnПогледнете што треба да престанете да правите ако сакате да ја спасите планетата.

  • 8 иновативни начини на кои државите се обидуваат да го намалат отпадот

    8 иновативни начини на кои државите се обидуваат да го намалат отпадот

    Секои 2 часа, фрламе доволно ѓубре за да го наполниме најголемиот брод за транспорт на светот. И иако сè повеќе и повеќе луѓе почнуваат да размислуваат „зелено“, сè уште треба да најдеме нови решенија за проблемот со загадувањето. За среќа, нашата фантазија нема граници, а новата технологија ни овозможува да ги реализираме нашите идеи. Погледнете ги овие креативни начини на кои државите ширум светот се борат против загадувањето.rn

    1. Весник што можете да го засадите

    rn8 иновативни начини на кои државите се обидуваат да го намалат отпадотrnrnИако денес најчесто ги добиваме информациите од дигиталните медиуми, сепак секојдневно фрламе тони хартија. Со цел да го реши овој проблем, јапонскиот дизајнер Јошинака Оно измислил 100% биоразградив „зелен“ весник, во кој има семиња од растенија. Концептот го прифатил весникот Mainichi. Сè што читателите треба да направат е да го закопаат весникот и да стават малку вода. Со текот на времето, ќе се претвори во убава грмушка.rn

    2. Награди за пластични шишиња

    rn8 иновативни начини на кои државите се обидуваат да го намалат отпадотrnrnДенес „обратните“ автомати не се новина во зелените држави и можете да ги најдете во супермаркети во Германија, во Икеа во Велика Британија и на многу други места. Но, некои држави не застанале овде и на навистина креативен начин ги охрабруваат граѓаните да ја заштитат планетата. Во Истанбул и Пекинг биле инсталирани посебни машини кои додаваат кредити на картичките за јавен превоз. Потребно е да ставите пластично шише или алуминиумска лименка во машината и таа веднаш ќе стави кредити на вашата картичка.rn

    3. Стари четки од маскара за бебиња животни

    rn8 иновативни начини на кои државите се обидуваат да го намалат отпадотrnrnДоколку ви се потрошила маскарата, нема потреба да го фрлате целото пакување. Наместо тоа, исчистете ја четката со топла вода и сапун и испратете ја во центарот за спасување The New Arc во Шкотска. Во овој центар, работниците користат четки од маскара за да ги чистат малите сирачиња и да ги отстранат паразитите од нив. Четки за маскара прифаќаат и други спасувачки центри како Wildlife Aid во Велика Британија и Appalachian Wildlife Refuge во САД.rn

    4. Продавници без амбалажи

    rn8 иновативни начини на кои државите се обидуваат да го намалат отпадотrnrnДвижењето „нула отпад“ станува навистина популарно, па поради ова се појавуваат продавници во кои можете да купувате само рефус. Со цел да се намали користењето на амбалажи кои се фрлаат, овие продавници нудат продукти во големи садови, а муштериите самите се си ставаат колку им е потребно. Доколку сакате да купите нешто од овие продавници, треба да понесете ваши кеси или садови. На крај ви ја мерат робата и плаќате. Покрај храна, овие продавници нудат и продукти како шампон, сапун, детергенти и слично.rn

    5. Влажни марамчиња за во тоалетна школка

    rn8 иновативни начини на кои државите се обидуваат да го намалат отпадотrnrnМнозинството влажни марамчиња што ги сретнувате во продавниците се направени од полипопилен, односно од еден вид пластика. Иако можеби вие никогаш не би ги фрлиле во тоалетната школка, повеќето луѓе го занемаруваат ова, па одвреме-навреме канализациите се затнуваат. Влажните марамчиња на британската компанија Natracare се исклучок. Компанијата тврди дека нивните марамчиња се органски и добри за околината. Засега ова е единствениот продукт во Велика Британија со сертификат што гарантира безбедно фрлање во тоалетната школка.rn

    6. Прибор од семки од авокадо

    rn8 иновативни начини на кои државите се обидуваат да го намалат отпадотrnrnКога станува збор за прибор за јадење, најдобро е да го користите истиот повеќепати. Но постојат ситуации во кои е потребен прибор за една употреба. Овде на помош доаѓаат семките од авокадо. Мексиканската компанија Biofase произведува виљушки, лажици, ножеви и сламки од биопластика направена од семки од авокадо. Оваа пластика може да се распадне за само неколку години и не ја загадува околината.rn

    7. Собирање пластични тапи за шишиња

    rn8 иновативни начини на кои државите се обидуваат да го намалат отпадотrnrnВо Шпанија луѓето ги собираат пластичните тапи во многу супермаркети, владини институции, други јавни места, па дури и во нивните домови. Сето ова започнало со приказната на 7-годишно девојче на кое му била потребна операција на срцето, која родителите не можеле да си ја дозволат. Една компанија која обработува пластика се согласила да им помогне доколку соберат 200 тони пластика. Па, луѓето станале креативни и почнале да ставаат контејнери за пластични тапи насекаде. Ова им помогнало да го соберат потребното количество пластика за само неколку недели. На луѓето им се допаднала оваа идеја, па продолжиле со неа.rn

    8. Делење чаши

    rn8 иновативни начини на кои државите се обидуваат да го намалат отпадотrnrnПовеќето луѓе уживаат во кафето, особено додека го пијат на пат кон работа. Но, дали знаевте дека чашите за една употреба зафаќаат 50% од целиот материјал собран од уличните канти? Канадската програма CUPPY има за цел да го намали ѓубрето од ваквите продукти и нуди неограничен пристап до чаши за повеќе употреби, за само 4 евра годишно. Процесот е навистина едноставен – плаќате за да станете дел од програмата, потоа правите порачка во кафетерија и ја земате чашата во вас. Сè што треба да направите откако ќе завршите со пиењето е да најдете продавница вклучена во програмата каде што ќе можете да ја вратите чашата.rnrnПрочитајте ги и најдобрите приказни за борбата против загадувањето од минатата година.

  • 12 нешта што не би требало да ги фрлате во тоалетната школка

    12 нешта што не би требало да ги фрлате во тоалетната школка

    Луѓето фрлаат сешто во канализацијата. Помеѓу најнепријатните работи што ги наоѓаат водоводџиите се пластични шишиња, па дури и облека. Се разбира, најчесто луѓето не се ослободуваат од ѓубрето на овој начин, но кој би помислил дека дури и најмалку штетните нешта, како конците за чистење заби, можат да направат проблем?rn

    1. Тоалетна хартија

    rn12 нешта што не би требало да ги фрлате во канализацијатаrnrnПостои голема дебата за тоа дали е или не е во ред да се фрла тоалетната хартија во канализацијата. Повеќето експерти сметаат дека не прави никаква штета доколку живеете во обична куќа или во зграда. Но, доколку имате септичка јама, не би требало да фрлате ништо во канализацијата.rn

    2. Конец за чистење заби

    rn12 нешта што не би требало да ги фрлате во канализацијатаrnrnКонецот за чистење заби содржи материјал со влакна кој може да се насобере во цевките и да ги затне. Исто така, фрлањето на конецот во канализацијата воопшто не е еколошки. Синтетичките влакна не се распаѓаат и ѝ штетат на околината.rn

    3. Гума за џвакање

    rn12 нешта што не би требало да ги фрлате во канализацијатаrnrnГумата за џвакање не се раствора во вода и може да се залепи на цевките и да ги затне.rn

    4. Риби

    rn12 нешта што не би требало да ги фрлате во канализацијатаrnrnИзгледа често се случува луѓето да ги фрлат нивните миленичиња риби кои умреле во тоалетната шолја. Но ова е навистина лоша идеја и нивните тела можат да ги затнат цевките. Во Канада дури властите ги замолиле граѓаните и да не фрлаат живи риби во тоалетната школка бидејќи понекогаш тие стигнувале во некое езеро и ги убивале локалните риби.rn

    5. Ханзапласт

    rn12 нешта што не би требало да ги фрлате во канализацијатаrnrnОбичниот ханзапласт е направени од разни нешта – восок, гума и други состојки. Овој коктел не се раствора во вода и може да ги затне цевките.rn

    6. Контактни леќи

    rn12 нешта што не би требало да ги фрлате во канализацијатаrnrnКонтактните леќи се направени од полимери коишто не се распаѓаат со години. Се разбира една мала леќа сигурно нема да ја затне цевката, но дефинитивно ѝ штети на околината. Експертите пресметале дека секоја година над 20 тони контактни леќи завршуваат во канализацијата и депониите и ја загадуваат водата.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Факти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпад

    Факти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпад

    Дали некогаш сте се запрашале колку ресурси троши еден човек во неговиот живот? Ги консумираме ресурсите многу побрзо отколку што планетата може да ги замени. Ако сите луѓе би живееле во развиени држави, би ни биле потребни 4 планети како Земјата за да ги задоволиме нашите барања. Овие факти ќе ви покажат колкава штета ѝ нанесуваме на Земјата.rn

    Генериран отпад

    rnФакти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпадrnrnПа, колку отпад правиме во текот на нашиот живот? Овде станува збор за храна, пластика, пелени, сапуни, облека… Бројките се застрашувачки.rn

      rn 011

    • Секој ден, секој човек „испраќа“ 75 литри отпад во канализацијата. Во текот на целиот живот тоа се 2.148.505 литри.
    • rn 011

    • Во текот на животот секој човек испраќа 64 тони отпад во депониите.
    • rn 011

    • Секоја година САД создава 246 милиони тони тврд отпад.
    • rn 011

    • Секоја секунда се фрлаат 694 пластични шишиња, односно 60 милиони дневно.
    • rn 011

    • Секој ден се фрлаат 100 милиони конзерви од челик и алуминиум. Тоа е доволно да се изгради цел град.
    • rn 011

    • Генерираме 220 милиони тони ѓубре секоја година.
    • rn 011

    • Развиените држави произведуваат над 50% од отпадот во светот.
    • rn

    rnМоментално нема статистика која го мери целиот отпад на Земјата.rn

    Колку време е потребно да се распадне целиот отпад?

    rnФакти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпадrnrnПоголемиот дел од отпадот завршува во депониите. Овие депонии се вториот најголем извор на емисија на метан. Емисијата на метан се зголемува со текот на времето и станува сè поопасна. Причината е што метанот ја заробува топлината во атмосферата на земјата.rn

    1. Пластичен отпад

    rnФакти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпадrnrnПластиката е многу користен производ, но е голем проблем за околината. Потребно е многу време за нејзино распаѓање – околу 1.000 години во депониите.rn

      rn 011

    • На пластичните кеси им се потребни 10-1.000 години.
    • rn 011

    • Пластичните шишиња се распаѓаат 500 години.
    • rn 011

    • Пластичните садови се распаѓаат за 20-30 години.
    • rn 011

    • Стиропорот се распаѓа 80-90 години.
    • rn

    rn

    2. Пелени за една употреба

    rnФакти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпадrnrnСекоја година се фрлаат 20 милијарди пелени. Нив им се потребни 250-500 години за распаѓање. Покрај тоа тие зафаќаат 2% од целиот тврд отпад на Европа. Во просек на секое бебе му се потребни 6.000 пелени пред да научи да користи тоалет. Ова се околу 2 тони пелени во депониите.rn

    3. Алуминиумски конзерви

    rnФакти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпадrnrnВо САД секој ден се преработуваат 120.000 алуминиумски конзерви. Тоа значи дека се рециклираат само 58,1% од конзервите. За 3 месеци се фрлаат доволно конзерви за да се изгради цел град. Во депониите на алуминиумот му се потребни околу 80-200 години да се распадне.rn

    4. Стакло

    rnФакти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпадrnrnРециклирањето на стакло е често и е популарно бидејќи е потребна помалку енергија за производство. Самит процес е многу едноставен – стаклото се крши и се топи. Сепак, во депониите завршува многу стакло на кое му се потребни милиони години да се распадне. Постојат неколку важни факти кои треба да ги земете предвид.rn

      rn 011

    • Рециклираното стакло може да се употребува повеќе пати и во тој процес се создава малку отпад.
    • rn 011

    • Стаклото остава голем отпечаток од јаглерод, а кога се рециклира овој број се намалува.
    • rn 011

    • Колку поефикасно рециклираме, толку повеќе ѝ помагаме на околината намалувајќи ја потребната енергија за производство.
    • rn 011

    • Најдобро е да користите стакло наместо пластика за чување храна.
    • rn

    rn

    5. Хартија

    rnФакти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпадrnrnХартија зафаќа речиси најголем простор во депониите. Потребни ѝ се 2-6 недели за распаѓање, што е многу помалку од другите материјали. Но поради количината подобро е да почнеме да ја рециклираме бидејќи ќе заштедиме многу простор. Покрај тоа ќе се намали енергијата и консумирањето на природни ресурси кои се потребни за нова хартија.rn

    6. Храна

    rnФакти што ќе ве натераат добро да размислите за вашиот отпадrnrnХраната е најтешкиот и најголемиот отпад во депониите. Времето на распад најчесто зависи од видот на храната. На пример, лушпата од лимон се распаѓа 6 месеци, додека лушпата од банана 4 недели. Кога станува збор за рециклирање храна, важно е да знаете како да ја класифицирате и во какви садови ќе ја складирате.rnrnОва се најчести продукти што се наоѓаат во депониите со нивното време на распад:rn

      rn 011

    • Калај: Не се распаѓа
    • rn 011

    • Волна: 1-5 години
    • rn 011

    • Цигари: 10-12 години
    • rn 011

    • Гумени ѓонови: 50-80 години
    • rn 011

    • Пластични чаши: 50 години
    • rn 011

    • Кожни чевли: 25-40 години
    • rn 011

    • Кутија од млеко: 5 години
    • rn 011

    • Картон: 2 месеца
    • rn 011

    • Стиропор: Не се распаѓа
    • rn 011

    • Лименки: 50 години
    • rn 011

    • Батерии: 100 години
    • rn 011

    • Хигиенски влошки: 500-800 години
    • rn

    rnПогледнете ги и овие факти за загадувањето со пластика и како можете да го спречите.

  • Како остатоците од храна да ги користите како ѓубриво?

    Како остатоците од храна да ги користите како ѓубриво?

    Претворањето на разградливите остатоци од храна во природно ѓубриво не е нова идеја. Кога сите тие остатоци ќе се спојат во една смеса, таа содржи хранливи состојки кои можат да послужат за потхранување на растенијата во градината или во саксиите. Ова е последица на процесот на разложување на органските материи, кој започнува во корпата за ѓубре.rnrnКако остатоците од храна да ги користите како ѓубриво?rnrnЗаштитата на животната средина треба на сите да ни биде приоритет, а тоа вклучува одговорно исфрлање на ѓубрето, но и негово претходно сортирање. Поради тоа, еколозите советуваат наместо да се фрлаат остатоците од храна, тие да се употребат за збогатување на почвата. На тој начин ќе се намали органскиот отпад. Кога се наоѓаат во депонија, овие отпадоци се распаѓаат, но нема почва да ги впие, па затоа шират и непријатен мирис. Но, кога тоа се случува директно во почвата, тогаш настанува аеробно распаѓање, благодарение на достапноста на кислородот. Затоа, оваа активност може да биде и доста забавна.rnrnПостојат повеќе начини како самите да направите органско ѓубриво дома, без разлика дали имате двор или живеете во стан.rn

    1. Ако живеете во стан

    rnИако ви се чини како невозможна мисија, доволно е само да обезбедите почва и биохумус кој во себе има ларви и црвчиња. Измешајте ги почвата, хумусот и органскиот отпад, ставете ја саксијата настрана и почекајте неколку дена да се случи распаѓањето. Потоа, добиената смеса можете да ја користите за вашите саксиски растенија.rnrnПостојат и минерални почви збогатени со култура од микроорганизми кои ги разложуваат хранливите материи, па доколку црвите се премногу за вас, од специјализирани продавници побарајте ваква збогатена земја и во неа додадете го органскиот отпад.rnrnКако остатоците од храна да ги користите како ѓубриво?rn

    2. За оние кои имаат двор и/или градина

    rnОва уште во старт го олеснува правењето ѓубриво во домашни услови. Постојат ладно и топло производство. Првото е полесно за оние кои се помрзливи. Едноставно, соберете ги паднатите лисја, трева и друг органски отпад во купче, во дел што е потемен и повлажен. Оставете да стои таму најмалку шест месеци, редовно мешајќи ја смесата и додавајќи нови органски компоненти.rnrnАко немате толку време, обидете се со топлото производство. Ова бара еднакви количини на состојки кои се богати со јаглерод и со азот. На пример, хартијата и лисјата содржат јаглерод, а кафето, тревата и листовите од чај, како и овошјата и зеленчуците, содржат азот. Користете повеќе ѓубре со јаглерод отколку со азот. Наполнете во гајба и додадете органска материја. Микроорганизмите од ѓубривото купено од продавница веднаш ќе почнат со процесот на разложување на додатоците. По еден месец може да се користи ова ѓубриво за потхранување на почвата во вашиот двор.rnrnИсто така, доколку познавате некоја компанија или пак индивидуално лице што се занимава со производство на ѓубриво, повикајте ги да го соберат органскиот отпад или сами однесете го, ќе ви биде наплатена само симболична цена. Со тоа што веќе на некој начин го рециклирате отпадот, вие веќе сте придонеле за зачувување на животната средина.rnrnПогледнете ја и оваа куќа со небесна градина.

  • 8 утрински навики кои се штетни за околината и како истите да ги промениме

    8 утрински навики кои се штетни за околината и како истите да ги промениме

    Земјата е една прекрасна планета која константно е загрозена токму од припадниците на највисоката линија на цивилизација – луѓето. Затоа, наместо да соучествуваме во нејзиното уништување, сите треба свесно да се вклучиме во заштитата. Во пресрет на Денот на планетата Земја, на 22 април, треба да се вложиме многу повеќе за заштита на животната средина, бидејќи тој воздух го дишеме и таа вода ја пиеме.rnrn8 утрински навики кои се штетни за околината и како да ги промениме?rnrnОва е мал потсетник за тоа како лошите и нееколошки утрински навики може да се претворат во нешто корисно. Следејќи ги овие совети, вие им помагате на ретките видови животни што подолго да опстанат, да има доволно чиста вода за пиење и да се спречи загадување на водите и почвата.rn

    1. Предолги утрински туширања

    rnСтоењето под туш можеби потсетува на свеж водопад, но на овој начин се троши многу повеќе вода отколку што би се потрошило доколку се туширате држејќи го тушот во рака, со млазот насочен директно кон телото. Исто така, внимавајте водата да биде исклучена додека се премачкувате со пена за туширање.rn

    2. Фрлање храна и хранливи остатоци во ѓубре

    rnОрганските остатоци од храната, како што се лушпите од банана или делот околу семката на јаболкото може да се користат како природно средство за ѓубрење. Освежете ги собните цвеќиња со блендирани остатоци од овошја или зеленчуци и додајте во ѓубривото кое го користите. На овој начин ја намалувате исфрлената количина на хранлив отпад за 31%.rnrn8 утрински навики кои се штетни за околината и како да ги промениме?rn

    3. Возење автомобил до работа

    rnУпотребата на лично возило за одење до работа може да биде оправдана доколку делите трошоци за гориво со пријатели или колеги. Во спротивно, кога во метежот се собрани стотици автомобили во кои е присутен само возачот, се зголемува и концентрацијата на издувни гасови во воздухот. Јавниот превоз, пешачењето или возењето велосипед се секогаш подобра опција од автомобилот.rn

    4. Користење пластика за пакување на храната

    rnКористите пластична фолија за пакување на храната? А пластични кеси? Решението е едноставно, набавете си кутија за ручек што ќе ја миете по секое користење, виткајте го сендвичот во хартија и користете платнени торби за пазарување.rn

    5. Ги оставате светлата вклучени и полначите во штекер

    rnЗалудно е трошењето на електрична енергија во денови кога е сончево и кога не сте дома. Слично е и со полначот за мобилниот телефон – секогаш вадете го од штекерот кога полнењето е завршено.rn

    6. Купување вода во пластично шише

    rnОва е лесен, едноставен и евтин начин да обезбедите вода за пиење, но со секое ваше купување на флаширана вода, вие го зголемувате ризикот за уште поголемо загадување на океаните со пластика.rnrn8 утрински навики кои се штетни за околината и како да ги промениме?rn

    7. Водата тече додека ги четкате забите

    rnНема потреба од дополнително губење вода. Овие истечени литри од чешмата за некого се скапоцени. Следниот пат кога ќе четкате заби, исклучете ја чешмата и пуштете ја кога ќе дојде плакнењето на ред.rn

    8. Користите хартиени бришачи за раце

    rnМногу попрактично од перење крпи, но и поризично за животната средина, најпрво затоа што за производство на хартија страдаат дрвјата, а потоа и што искористеното парче често станува дел од неселектирано ѓубре.rnrnДозволете ѝ на вашата свест да работи во ваша корист, но и во корист на планетата која сè уште е наш дом.rnrnПотсетете се и на овие зачудувачки факти за земјата.

  • 11 магнети за неред кои потајно го прават вашиот дом неуреден

    11 магнети за неред кои потајно го прават вашиот дом неуреден

    Дали и покрај тоа што премногу се трудите да го чувате вашиот дом чист и уреден, сепак тој многу лесно почнува да изгледа неуреден и хаотичен? Па дури и после темелното чистење, за само пет дена се добива впечаток дека нешто не е во ред. Но, има неколку совети кои можат да го сочуваат вашиот разум. Во сечиј дом има неколку места кои се како магнет за неред, па фокусирањето на тие точки ќе прави вашето место да изгледа беспрекорно подолго време.rnrnБез разлика на сè, чист дом значи среќен дом, а сите би можеле да имаме корист од повеќе среќа во нашите животи. Внимавајте на овие 11 нешта кои потајно го прават вашиот дом да изгледа неуредно.rn

    1. Случајни купишта хартија, писма и весници

    rn11 магнети за неред кои потајно вашиот дом го прават неуреденrnrnБез разлика колку пати во текот на животот сте се ослободиле од нив, купиштата од хартија, писма, весници и списанија магично се појавуваат на случајни места низ вашиот дом. Не дозволувајте ова да се случува така што ќе ја организирате вашата пошта или документи веднаш штом ги добиете и ќе ги фрлате старите весници и списанија.rn

    2. Растурен кревет

    rnЌе се изненадите колку вашата неуредна соба ќе се трансформира откако ќе го наместите креветот. Покрај сè, креветот е фокусот на вашата соба.rn

    3. Полици во кујната

    rnАко во орманите во кујната имате купишта од шолји и чинии кои не одговараат едни со други, а насекаде ви се расфрлани тенџериња и прибор, тогаш можеби е време за преуредување на вашата кујна.rn

    4. Џунгла од заплеткани кабли

    rn11 магнети за неред кои потајно вашиот дом го прават неуреденrnrnТие се кријат зад вашиот телевизор, биро и ормани. Можеби повеќе не ги забележувате, но тие придонесуваат вашиот простор да изгледа многу неуредно.rn

    5. Неорганизирани полици со книги

    rnМожеби сакате да покажете колку сте начитани со полните полици со вашите омилени книги, но го постигнувате токму спротивниот впечаток кога книгите не се наредени по никаков редослед. За да ги претворите вашите полици во прекрасно уредено катче од домот, организирајте ги кориците од книгите по боја и жанр.rn

    6. Канта резервирана за рециклирање

    rn11 магнети за неред кои потајно вашиот дом го прават неуреденrnrnБидејќи вие сте добра личност, која е длабоко загрижена за планетата, ги сортирате лименките, картонските кутии и пластиката за да бидат рециклирани. Но овие отпадоци најчесто зафаќаат голем простор, па ја преплавуваат кујната и често се наоѓаат околу кантата за ѓубре. Што значи за да на ви се случува неред, сортираните отпадоци за рециклирање изнесувајте ги почесто.rn

    7. Стари чевли и облека кои одбивате да ги фрлите

    rnЗа да имате уреден орман, исфрлете сѐ што не сте носеле повеќе од 2 години. Тоа значи и парот „старки“ кои се распаѓаат, старите омилени маички кои ги нарекувате пижами и што било во кое не можете да „влезете“ во изминативе пет години.rn

    8. Неизмиени садови

    rnБез разлика дали се наоѓаат во мијалникот или на масата, миењето на чиниите треба да биде прво нешто кое го правите после оброкот. Неизмиените чинии и чаши се првото нешто кое гостите го забележуваат, па затоа мијте ги чиниите секој ден. Според науката, кога ќе завршите со оваа обврска ќе бидете посреќен човек.rn

    9. Крпите кои ги оставате наоколу да се сушат после туширање

    rn11 магнети за неред кои потајно вашиот дом го прават неуреденrnrnНе е важно што вашата бања е во совршен баланс на бои, водените крпи кои висат од зад завесата или се фрлени насекаде, ќе го направат вашиот порцелански рај да изгледа неуредно и нечисто. Размислете каде ги обесувате крпите после туширање, а настрана обесете ги оние со кои бришете раце. Искористените крпи се едни од најнечистите нешта во вашиот дом, па затоа перете ги после третото користење за да мирисаат убаво.rn

    10. Многуте предмети кои ги нарекувате декорација

    rnАко вашите полици и масички се преполнети со свеќи, рамки за слики или спомени и сувенири од патувањата, тогаш сето тоа може да изгледа претерано. Селектирајте кои омилени орнаменти ќе ги изложите на полиците.rn

    11. Куп со алишта за перење

    rn11 магнети за неред кои потајно вашиот дом го прават неуреденrnrnПосле тешкиот ден на работа, најлесно е да се собуете по долна облека и да го стуткате и фрлите врз купот кој расте во аголот од собата тоа што сте го носеле во текот на денот. Секојдневното гледање во неуредниот куп валкани алишта може да биде стресно. Чувајте ги валканите алишта под контрола, така што ќе перете минимум еднаш во неделата.

  • Грдата страна на Малдивите

    Грдата страна на Малдивите

    Малдивите се познати по своите рајски плажи и беспрекорно чиста вода. И ние на Кафе пауза до сега многупати сме пишувале за тоа во знак на воодушевување. Но, сепак и овие прекрасни острови имаат своја грда страна. Слично како и во нашите туристички центри, така и овде има делови со многу ѓубре.rnrnАлисон Тил, 27-годишна девојка од Хаваи која се занимава со креирање кратки филмови, отпатувала на овој прекрасен архипелаг и се сретнала со Треш Ајленд, или „остров на ѓубрето“, мало вештачко островче каде што се фрлаат отпадоците кои ги создаваат посетителите од целиот архиепелаг. Шокирана од неочекуваната глетка, таа со помош на фотографите Марк Типл и Сара Ли направила серија фотографии со кои се обидуваат да свртат внимание кон отпадот што го оставаат богатите туристи и кон проблемот со неговото складирање и рециклирање.rnrnГрдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на МалдивитеrnrnАлисон инаку поддржува некои организации од Хаваите кои рециклираат отпад со цел да го искористат во модата, пред сè во креирањето бикини и јакни. Дел од сликите се за таа намена.rnrnГрдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивитеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Артист гради мали куќички од отпадоци за бездомниците

    Артист гради мали куќички од отпадоци за бездомниците

    Од отпад до дом за оние кои го немаат… Овој креативен и хуман проект наречен „Homeless Homes Project“ од артистот Грегори Клоен во кој гради минијатурни домови од отпад за бездомниците привлекува огромно внимание. За себе и својата работа тој вели:rn
    rn

    „Според мене, работата се состои во туркањето на една идеја во овој реален свет. Работењето низ процесот позади едно дело и играта која ја играм помеѓу визијата, материјалите и моите способности, е аспект кој го ценам најмногу. Јас сакам да одржувам и малку груба основа во процесот на создавањето, притоа оставајќи го тој дел од моментот отворен за гледачите. Но, сепак пред сѐ, важно ми е да е добро барем за една насмевка.“

    rnАртист гради мали куќички од отпадоци за бездомниците Артист гради мали куќички од отпадоци за бездомницитеrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 креативно рециклирани авиони

    5 креативно рециклирани авиони

    Кога еден огромен Боинг 747 Џамбо Џет ќе биде доволно стар за да не се употребува повеќе, се создава навистина голема количина отпад на која треба да ѝ се најде место. За среќа, има луѓе кои се сетиле дека целото тоа железо може да се рециклира и од него да се добие нешто ново. Ова се петте најкреативни реупотреби.rn
    rn

    Џамбо хостел

    rnОвој Боинг 747 е изграден за компанијата Сингапур Ерлајнс, потоа го користела Пан Ам, а дотрајал како сопственост на шведската Трансџет. Останал во Стокхолм, но не како старо железо, туку како хостел. На местото на 450 седишта биле поставени 76 кревети, нов мебел, безжичен интернет и ЛЦД телевизори. Најатрактивен е апартманот кој се наоѓа во пилотската кабина, каде што сé уште стојат уредите за управување со авионот. Во хостелот доаѓаат патници од целиот свет, но е отворен и за оние кои не отседнуваат во него. Тие можат да дојдат да јадат, а храната им се служи исто како во авион кој што е во употреба, само што овде таа е многу поскапа.5 креативно рециклирани авиони5 креативно рециклирани авиониrn

    Симулатор за летање во спалната соба

    rnЕден од најкреативно рециклираните авиони е овој Боинг претворен во симулатор за летање. Сопственикот Џон Дејвис од Ковентри, Англија, поминал цели осум години во неговото дизајнирање. Во спалната соба ги донел оригиналните делови од Боингот, додал неколку ЛЦД монитори и софтвер за симулирање летови, за денес да има импресивен симулатор за кој наплаќа по 65 фунти на час, односно 420 фунти за шест часа.5 креативно рециклирани авиониrn

    Еколошки дом

    rnФранси Рехвалд од Калифорнија успеала на аукција да купи делови од урнат авион од коишто изградила целосно нова еколошка куќа. Ниту еден дел од Боингот не бил оставен да ‘рѓосува. Сè било употребено во изградбата. Крилата се претвориле во необичен покрив, трупот е употребен како гостинска соба и уметничко студио, а од носот е создадено совршено катче за медитација.5 креативно рециклирани авиониrn

    Боинг 747 ресторан

    rnОвој огромен авион денес веќе е целосно напуштен. Стои во корејскиот град Намјангџу-Си да сведочи дека овде некогаш имало необичен ресторан кој се простирал во цел авион.5 креативно рециклирани авиониrn

    Експонат во музеј

    rnВашингтонскиот музеј Смитсонијан сакал да ги импресионира посетителите со нос на авион кој направил револуција во летањето, и тоа во оригинална големина. Но, токму кога сакале да почнат со изградба на реплика од Нортвест Ерлајнс го добиле цел авион, и тоа првиот кој воопшто го користела оваа компанија. Носот денеска стои во музејот, а посетителите кои ќе влезат во него можат да ја истражуваат добро зачуваната пилотска кабина. За жал, останатиот дел од авионот е оставен да ‘рѓосува на еден мал аеродром во Северна Каролина.5 креативно рециклирани авиони
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.