Автор: Тања ИлиевскаrnrnИндискиот уметник Haribaabu Naatesan создаде „Буба“ во реална големина, користејќи отпаден материјал како дел од кампањата „Think Blue“ на компанијата Фолксваген, чија цел е создавање на производи кои не се штетни за околината.
Toj користи интересна метафора за да ја опише природата на неговата уметност, а тоа е концептот „мукти“ или буквално преведено од индиски, тоа значи ослободување. „Мукти“ значи ослободување од можноста за реинкарнација.rn
rn
„Кој било материјал да го користам, останува уметност засекогаш и не се рециклира повторно“ – објаснува тој.
rn
За оваа убава идеја да се реализира биле потребни тим од 23 луѓе, 16 дена работа и над 5.500 парчиња отпад, меѓу кој капачиња, матични плочи, тастатури, аудио касети, машини за пишување, конзерви и слични други материјали.




rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Ниту еден дел од автомобил или мотор кој претходно бил земен не се фрла, туку се употребува во некоја скулптура. Откако сите делови ќе се спојат заедно, скулптурата се полира и се прекрива со лак против кородирање на металот. Целиот процес за изработка на едно дело може да трае и до 400 часа. Секоја скулптура е изработена со многу внимание, а тоа може да се забележи по прецизноста и деталите.




rn
Колекцијата создадена од меѓусебно споени парчиња скршено стакло ја сочинуваат дури дванаесет елементи од секојдневното домаќинство. Комбинирајќи столици, маси, огледало, ламба, па дури и тепих и книга, уметникот успева да прикаже кристална дневна соба.
Споменатите парчиња „мебел“, кои всушност се наоѓаат насекаде околу нас, но во форма на отпад, овој пат се соодветно сместени формирајќи стаклена дневна соба.

Сите елементи имаат сјајна зелена боја и кристална површина. На прв поглед, се чини дека се меки, но со самото приближување до нив, се намалува безбедноста, а мекоста се губи.
Чекорењето кон оваа дневна соба се претвора во опасна и забранета зона. Целта на уметникот е секој од нас да ја преиспита удобноста и изолацијата во својот дом.
И покрај тоа што површината на секој од елементите изгледа недопирливо, нивната функционалност е возможна, како на пример, осветлувањето на светилката и рефлексивните својства на огледалото.
rn